build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Железници (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 64>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 09-Mar-2010 at 16:32
Мах зборам да неможе фирма која и е доделено да врши регистрација или технички преглед, да неможе да биде во исто време и превозник. Тука да нема никакви можност за маневрирање. Јас да го споменам, пошто може и такво нешто а ни напакуваат, а и Валдимир го имаше пишано во конткст дека МЖ-Т има технички услови да врши вакви прегледи па затоа тоа го пишав.

А ова споредбава за мтв, затоа и ја пишав пошто мтв беше заглавена и премногу блиска со срд. Една фирма е премногу блиска до регулаторното тело, и затоа сакав како пример да го наведам, не дека така го перцепирам, напротив.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 09-Mar-2010 at 16:35
А треба МЖ-Т и МЖ-И логично да се преименуваат во МДЖ-Т и МДЖ-И. (Македонски Државни Железници), затоа што сега всушност Македонски Железници ќе се однесува на целиот железнички пазар, а не само на една компанија.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 09-Mar-2010 at 16:46

па муабетот е истиот со амсм и нивните станици за технички преглед, еве сега е во најава дека може ќе пуштат либерализација во овој дел, но по дефаулт мораш да обезбедиш услови за такво нешто за тука да добиеш дозвола, што не ми се верува некој тука во нова колска да вложува, туку или ќе сервисираат во колкса кај нас или ќе бркаат по комшилук, во зависност од цената, договорите итн.

инаку те уверувам колска посекако исто како и амсмс уште долго ќе имаат грб кај државата! сепак се работи за претпријатија каде и таа има некако удел, па и логично е да ги помага вака или онака, јасно не до толку очигледно на штета на конкуренцијата, но сепак ако се под државна капа посекако ќе имаат некакви бенефиции!?! зависи и каков е уделот и колкав е, исто битно е како се е поставено и законски и пазарно, ова допрва ќе се модификува во зависност од тоа кој модел како ќе се покаже на пазарот и како ќе успееме да го интегрираме, не е само на хартија да сме јаки треба да имаме капацитет и да ги спроведеме законите! што во случај да не можеме да го истуркаме лично немам ништо против повторно во некоја мера да се ограничи либерализацијата, впрочем тоа е случај со многу иницијатива во стопанството... напред, назад, горе, доле, важно некаде некако се движиме! 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 09-Mar-2010 at 16:57
АМСМ е сервис за помош на пат и за мониторинг состојба на патишта. АМСМ нема никаква регулација освен да проценува ризик и да дава забрани и ограничувања што впрочем и се советодавни, а ги спорведува полицијата. Не ми изгледа тој домен дека е нереформиран. Чим веќе владата се нафати да распишува тендери за приватни патишта.

Еве добар пример да дадеме со автошколите каде што само пикирани автошколи имаат дозвола за основање комисија за полагање. Наместо да бидат одвоени комисиите како посебни фирми без право на обука, и автошколите без право да издаваат потврди за положен возачки испит, кај нас директно се повредува либерализацијата и пазарот кадешто некои автошколи се ставаат во нерамноправна позиција.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 09-Mar-2010 at 17:51

не не, амсм го спомнувам во контекст на станиците за технички преглед на возила кои се под нивна капа т.е. како јавно претпријатие, сега е во процедура да се либерализира пазарот и во тој домен па можат да отворат и приватњаци технички сервиси, ова го најави Ставревски во бурекџилницата како опција која се разгледува, па од тој аспект ја споредувам со колска каде владата исто е сопственик, незнам или има управувачки пакет во ад-то незнам како е распределена сопственоста... 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 09-Mar-2010 at 18:00
Техничките прегледи се под здружение на возачи. Има АМСМ нешто удел со свои станици, ама не ми е познато до крај не сум разгледал како сето тоа функционира детално и нема да навлагам во дебата потемелна. Малку ќе го затераме во други домени со муабетов. Во секој случај за било кој домен да се работи, поддржувам либерализација и разситнување, па влез на приватен капитал наместо старите безмалку цели "министерства" едни и единствени во својот домен, кадешто капиталот останува мртов и нема реален проток на економија, него повеќе е импровизација, каде што капиталот е во државни раце, а не тече меѓу народот и стопанството. Ако капиталот е флуидот, крвта на општеството, тогаш не ни треба таков слабокрвен анемичен систем.

Edited by lslcrew - 09-Mar-2010 at 18:01
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 09-Mar-2010 at 18:09

тешко е да предвидиш дали целосната либерализација е поволна, да за голем пазар, но за мал може да претставува проблем! зависи колку институциите ќе бидат кадарни да го спроведуваат законот! во секој случај експедитивноста и воопшто услугата се крева на повисоко ниво кај приватниците, но тоа е обично случај надвор и по големите земји кај нас е исклучок кој доколку се јави веднаш просечните гледаат да го дисквалификуваат како би си го осигурале сопствениот опстанок! добро во случајов со овој вид на транспорт тоа мислам нема да биде случај, но ете кога бидна во авијацијата зошто не и во железницата!? мое мислиење е дека треба д се проба да се остави простор да видиме како ќе функционира а сетне да или да се штима муабетот или да се врати по старо а државата целосно да наметне иницијатива од секој аспект! бидејќи реално ова е скапа транспортна опција особено ако сакаш брзи и модерни пруги и возови, па затоа во свет и претежно е во државни раце а воедно и се субвенционира на големо!

искрено не го посакував овој модел, но реално до гуша сме заглавени на сите нивоа, па така мора да се либерализира пазарот доколку не сакаме да ја заглавиме во заеми и долгови, како што е случај со оние држави кои се решаваат за мопол врз пазарот! од друга страна за да дојде пак приватник и тука да се распостели особено во патничкиот транспорт мислам треба да има основа но и сигурен (читај голем) пазар, што кај нас не е загарантирано никако!

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 09-Mar-2010 at 18:12
претерав, не секој инвестира заради економски порив, но која и да му е намерата сепак без пресоблечена инфраструктура во најмала рака тешко и дека ќе се нафати за екстра транспортна инвестиција! замисли по постојниве пруги да тераат IC-а па тоа ќе се распаднат на првата кривина! 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 10-Mar-2010 at 23:24

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ГО ИЗГУБИЈА МОНОПОЛОТ


"Делта реил карго" ќе вози во железничкиот транспорт

Еден од тројцата косопственици на компанијата, Иван Илиевски, вели дека се уште не се оперативни, бидејќи имаат доставено барање до Министерството за транспорт и врски за добивање дозвола за работа и дозвола за безбедност


"Делта реил карго" е новата транспортна железничка компанија што ќе оперира по македонските пруги. Со 100 проценти домашен капитал новите сопственици најавуваат конкуренција во железничкиот транспорт. Еден од тројцата косопственици на компанијата, Иван Илиевски, вели дека се уште не се оперативни, бидејќи имаат доставено барање до Министерството за транспорт и врски за добивање дозвола за работа и дозвола за безбедност.
- Ние сме подготвени уште од први април да почнеме со работа ако од Министерството ни ги издадат потребните дозволи. Засега почнуваме само во транспортниот сообраќај, но не запираме. Тука ја гледаме конкуренцијата, се надеваме дека ќе понудиме пониски цени и ќе им конкуриреме не само на Железница туку и на камионскиот сообраќај - вели Илиевски, кој не сака во оваа фаза да ги открива имињата на другите свои партнери со кои планира да го води овој бизнис.

Илиевски смета дека подобро е да не открива многу повеќе од деловните тајни, бидејќи се плаши дека некој би можел, како што вели, да му ја украде идејата и да го сопне во лет".
- Од Македонски железници се обидуваат да дознаат нешто повеќе за нашите планови и да ги искористат своите пријатели за да се одолговлекува нашиот влез во железничкиот сообраќај - нагласува Илиевски, кој додава дека се уште не успеале со Македонски железници да најдат решение како ќе ја користат електричната енергија по пругите.

Тој најавува дека на почетокот ќе работат само за потребите за клиентите, па потоа да закупат и траси со редовни линии. Инвестицијата е околу 500.000 евра.
- За таа цел ќе изнајмиме нови и модерни возови и локомотиви од производителот Сименс" од Германија. Со нив ќе го зголемиме возниот парк што ќе сообраќа по нашите пруги, но затоа пак, за нашите клиенти ќе понудиме нешто пониски цени за транспорт. Годинава не планираме да влеземе и во патничкиот сообраќај, бидејќи за такво нешто има многу правни заврзлами, а и тој превоз кај нас е нерентабилен поради ниските цени на билетите - истакнува Илиевски.

Во меѓувреме се формира и Агенција за регулирање на железничкиот сообраќај. Таа во иднина ќе ги контролира сите транспортни компании кои со приватни возови ќе возат по македонските пруги.

(С.Бл.)

 


Edited by SkyBoy - 10-Mar-2010 at 23:35
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 11-Mar-2010 at 00:13
ни до година нема да влезат во патничкиот сообраќај, кој си става трн во здрава нога!?! а ова со понудава им е фора нема што "ќе понудиме нешто пониски цени за транспорт", ми мириса на запршка од макстил!? или евентуално на израелците од кочани!?!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 11-Mar-2010 at 10:55
Мене уште од самиот почеток не ми се допаѓа овој модел.

Прво, компанијата која ќе врши товарен сообраќај прв пат ја слушам во однос на превоз на било каква стока по било која форма на сообраќај.

Второ, не ми е јасно во што ќе ги вложат тие 500.000 долари? Тоа е премала сума на пари. Мене ми е пологично прв да беше Шенкер или Фершпед заинтересиран, тие и досега беа поврзани со превоз на товар во земјава.

Трето, воопшто не ми се допаѓа моделот на изнајмување на возен парк, поради тоа што Македонски железници и онака не можат да го покријат сопствениот патнички и товарен сообраќај. Вака направено, ќе излезе како со државните болници, не можам сега да те прегледам дојди покасно кај мене во приватна клиника.

Едноставно, ќе трпи сообраќајот на државната компанија на сметка на приватници што е лудост!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 11-Mar-2010 at 11:21
поентата е стимулирање конкуренција, но и јас сметам дека е тоа на погрешен начин! ефтионите патнички карти кај нас се за и на сметка на товарниот сообраќај! дефинитивно требаше да ги обврзат компаниите да нудат паралелно и товарен и патнички транспорт! во најмала рака да имаат некакво учество во патничкиот транспорт! ајде може како приватници плаќајќи некоја лиценца утре истата таа лиценца да се слева за субвенционирање на патничкиот жел транспорт, еве да претпоставиме ќе има пет компании кои ќе тераат товарен транспорт, и под претпоставка дека годишно за лиценца истите би плаќале по 100ил.евра кои би оделе за субвенции на пат.тр. тоа би било идеално! а патем и државата ќе си тргне од грб постојана потреба некого да го одржува во живот... битно ја либерализиравме а како се' ќе тера тоа допва ќе видиме!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 11-Mar-2010 at 11:26
Па многу по повеќе би бил задоволен ако се појават дваесетина вакви компании како делта реил одколку една како мж-т. Не е веќе единствен параметар да се пренесе стоката од точка а до точка б. Сега веќе и други параметри ќе влезат во игра брзина, безбедност, цена и слично. Ако може мж-т тука да парира рамноправно, ќе се држи долго. Може и да се насочи и во рентање возен парк на други компании. Но притоа државата треба да си пази какво раководство ќе позтавува на мж-т за да нема конфлик на интереси и да нема луѓе блиски до приватни компании од исти сектор. Со здравство не би споредувал затоа што се работи за сосема друг домен, таму и конфликтот на интереси колку и да го има е во ссоема различна форма него што е тука. За различна услуга станува збор.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 11-Mar-2010 at 14:16

2010-03-11
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 11-Mar-2010 at 15:25

добро а приватизирање на мж-транспорт ќе видиме ли скоро!?! тоа и сега е АД но дали државата би допуштила некој трет да го превземе управувачкиот пакет!?! лично таму би вложил без пардон! 

ќе биде смеење ако навистина влета јака конкуренција и почне да рине професионален кадар од мж-транспорт! но воедно тоа и ќе биде мотив за поголеми плати и во мж! исто ми се наметнува и дополнителна дилема дали МЖ ќе има ексклузивно право врз етикетата национален железнички транспорт т.е. дали предзнакот МЖ ќе имаат право да го заштитат или пак оној кој ќе влета со поквалитетна понуда на пазарот ќе може да ја превземе палката, слично како во авиосообраќајот и знаменосецот...

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 11-Mar-2010 at 18:40
Мислам дека од 2005 или 2006 год. донесен е закон за железници во него треба да е уредено кој е оснивач на МЖ,кој управува со нив. Законот има и подетален карактер како МЖ може да се уреди како акционерско друштво каде државата би била доминантен сопственик 51% а останатите 49% можа да се дадат на продажба ако тоа не е направено. Незнаем дали има заинтересирани за овие 49%. Инаку железницата носи профит од големеи размери но само ако биде поврзана во трансверзала север-југ и исток запад со соседните земји. Тоа е наефтин превоз на стоки од сите други превози. Заклучокот се наметнува сам дека железницата е во ПРОЦЕС НА ПРИВАТИЗАЦИЈА но по се изгледа дека политичките прилики ов регионов ги кочат овие приватизации кај нас и во соседните земји. Така на Мах му препорачувам ако веќе мисли да биде некој акционер нека почне да купува акции на берза од МЖсега кога се ефтини а по мене ќе му се исплатат после одкако целиот регион ќе биде една економска целина како што сега е ЕУ. И ништо чудно се си тече по природен пат и ако по некој како целата наша приватизација сонуваат на ефтини ншта да дојдат до поголем капитал.

Edited by Dragan - 11-Mar-2010 at 18:42
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 11-Mar-2010 at 18:50
Со оглед на тоа што државата купуваше товарни вагони за МЖ-Т непосредно паралелно во процесот на носење на либерализичкато законодавство, отворено кажува дека нема намера да го продаде на компании од надвор. Занчи инјекција каква таква беше вбрзигана. На фершпед му се усукаа едно време, а ја еве дури од денешна дистанца можам да се посомневам дека дел од тоа беа и утоварно-истоварните станици за товарен сообраќај, едната колку што знам е приватизирана под фершпед е. Така да не верувам дека во скоро време ќе се продаде, па и да се продаде очекувам да биде тоа домашен капитал, или некој евентуално воневропски што во случај кога се работи за транспортни компании има големо значење.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 11-Mar-2010 at 19:01
Исл. И ја така мислам но сепак од се она што во нашата приватизација се случуваше произлезе едно правило: Ако нешто дава веднаш профит веднаш летаат разни купувачи на акции. Ако нешто спие тогаш спиат и акционерите. Е сега покласичната економија железницата е ТЕЖОК КАПИТАЛ, тежкиот капитал ако проработи дава тежок профит но ако условно пропадне у кал дава тешка загуба. Значи државата треба МЖ да ја извлече на позитивна нула и акотоа го сторила(незнам) тогаш ако е само будала да не задржи за себе 51% а 49% може да ги продате (слично како телеком) но изгледа дека МЖ е дојдена на позитивна нула и опасните акционери купувачи овде мирисаат прифит но по се изгледа постои уште една причка а тоа е немој погрешно да ме сватите се вкупната политика во регионот која на некој начин е кочница да се пушти овој профит. По мене владите во соседните земји и нашата се меркаат и се уште се преиспитуваат колку аир ќе имат од сето ова кога заедно ќе настапат.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 12-Mar-2010 at 11:30
Тешко дека може некој друг да ја постане државен железнички превозник, поради тоа што со мислам дека со законот за железници е основано претпријатието во 90-тите години, а нов закон е донесен во 2005 година. Да не се лажете, во многу земји железниците потпаѓаат под системот на т.н. "режиски" претпријатија, каде што главната контрола врз претпријатието ја има министерот за сообраќај, односно транспорт и врски по наше, носењето на униформи е задолжително за сите вработени и многу сличности. Скратено, железничкиот систем се изедначува со полицискиот систем на една земја, државен орган, пример за тоа беше, а можеби и сеуште се Германските железници. 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 12-Mar-2010 at 15:12

значи либерализација подразбира дека наскоро ќе има и приватизација односно државата сака да се реши од постојната компанија таква каква што е! евентуално може потоа да субвенционира вака или онака! исто како и со телеком и со есм каде сега државата е партнер во ад-то но нема одлучувачки пакет на акции! значи ја продава компанијата на некој надворешен играч кој би превзел 51% од акциите а со тоа и управувањето, заради што потоа и никој неможе да бара одговорност од државата за работењето на компанијата!

јасно укажа порано министерот јанакиевски дека сега се во процедура чистење на долговите на мж, потоа обновување на возниот парк во одредена мера, а со тоа и поправање на сликата за мж, со што и би се привлекол инвеститор за да ја превземе... 

инаку гледано што е а што не е приоритет за државата од јавно притпријатие и врз кое мора да има контрола тоа е мислам релативно, ете словенците пример електростопанството и телефонијата не ги продадоа и сеуште се државни, додека кај нас тоа не е случај! реално ние имаме проблем со инфраструктура пред се, а доколку се расплинуваме и понатака во сервисирање на нерентабилни државни претпријатија и бркање кредити и нивна модернизација дефинитивно ќе потфрлиме и непотребно ќе ја дозаглавиме! самата либерализација на пазарот може потенцијално да внесе конкуренција и без никакво субвенционирање, доволно е да дозволат пример српски или бугарските жтп-а да транзитираат непречено и без особен надоместок и да добиеме некој квалитетн и евтин модел кој и без субвенционирање ќе донесе квалитетен и ефтин железнички транспорт! 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.