build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Железници (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 65>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 09-Apr-2010 at 23:59
Честито и од мене, па 150-годишнината здравје да ја прославиме со железница во многу подобра состојба  Cheers

Ама нема многу време, 13 години во инфраструктурата не се којзнае што, треба уште веднаш оваа држава сериозно и одговорно да се зафати со задачата!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 10-Apr-2010 at 08:20
Штета што на ни еден барем симболичен начин не е обележани овие 137 години на постоење на МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ.

Еве еден пример како некој други тоа го прават


Фото: Torsten Köhler
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 10-Apr-2010 at 20:40
И јас испраќам задоцнета честитка до железничарите.

Штета што никој не се сети на овој голем ден, пред се за нашата земја.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 13-Apr-2010 at 09:44

Се полнат и возовите


Се' пополни со патници се и возовите што сообраќаат на железничката линија Велес - Штип - Кочани, единствената во источниот регион. По тригодишна пауза, патничките возови на оваа пруга беа повторно активирани во 2007 години. И покрај тоа што македонските возови возат бавно и што кон Штип и Кочани од Скопје и обратно дневно сообраќаат само два пара воза, бројот на патниците е во пораст.

Раководителот на кочанската Железничка станица, Иван Лефков, вели дека месечно во Кочани се купуваат 3.000 билети, кои се со двојно пониски цени од автобуските.

- Во секој воз од Штип се качуваат, во просек, по околу 40 патници. Цената на билетот од Штип до Скопје е 132 денара, а на повратниот само 211. Возењето од Штип до Кочани чини 54 денари, двапати помалку отколку со автобус. Освен тоа, за студенти, ученици и за пензионери имаме 30 отсто попуст. Да не е станицата на периферијата на Штип, сигурно ќе имаме многу повеќе патници - вели Мите Николов, раководител на штипската Железничка станица.

Izvor: Dnevnik, http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=57858ABBAC2C324793CD58DDF84FF48F

Текст на Дневник за малиот број на автобуски и железнички врски за студентите на универзитетот во Штип. Да се надеваме дека некој ќе реагира.


Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 18-Apr-2010 at 22:52

Јас, како човек кој не знае многу многу околу возовите(а сепак ми е еден вид хоби), ја имам прочитано секоја тема, го имам прочитано секој пост, но никако не разбрав и не сватив што е тоа Маневарка? Ако можи некој да ми објасни, ќе му бидам благодарен

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 18-Apr-2010 at 23:25
Маневарките се помали локомотиви (кои воедно трошат помалку), и се користат за аранжирање на композиции. Значи наместо голема локомотива наменета за транспорт на тешки композиции која троши премногу нафта да ги носи вагоните од ранжирната станица до железничката станица, или од еден колосек на друг, тоа го прави помала локомотива која троши помалку. И после се прикачува локомотивата која ќе ја влечи композицијата.

Edited by гитардемон - 18-Apr-2010 at 23:26
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 18-Apr-2010 at 23:46
Значи, маневарката не влечи вагони од еден град до друг, така? Или се користи на мали релации...?
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 18-Apr-2010 at 23:54
маневарка = за маневрирање, на пример од депо ќе донесе вагони на железничка, кои со локомотива ќе патуваат до Скопје, а маневарката си останува назад во депо за слични маневарски работи. Ваљда добро објаснив. NutsBig%20smile
 
EDIT: До Скопје, оти приметив дека си од Битола Smile


Edited by SkyBoy - 19-Apr-2010 at 00:14
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 19-Apr-2010 at 00:04

Добро објасни. Значи Маневарката ги мести или носи вагони до местото од каде што Локомотивата ќе треба да тргни односно замини на релацијата која е планирана.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 19-Apr-2010 at 00:42
Уште поважно, маневарките ги разместуваат вагоните во депоата и во ранжирните станици и составуваат и расклопуваат композиции.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 19-Apr-2010 at 12:48
Основна намена на маневарката е склопување на една композиција од вагони (патнички или товарни)кои се со одредена логика на распоред (тежина-бруто, одредиште на вагоните, ...).

Но постои и можност на некоја маневарка и се упрегне на мала патничка композиција, како на пример возот за Приштина кој иде на кратка релација и со само два вагона).

Друга работа е тоа дака обично маневарката неможе (со исклучоци) да испорачува струја и греење на за една патничка комозиција.

Еве можеш да погледаш како една маневарка „пакуе“ повеќе композиции во ранжирната станица во Трубарево.

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 28-Apr-2010 at 10:02
Извештајот за железничката несреќа бил вратен на доработка
Автор: Сузана Лазаревска
27 април 2010, 11:46


Македонија
Извештајот за железничката несреќа бил доставен до Министерството за транспорт и врски, потврди министерот Миле Јанкиески, но во него стоело дека не може да се утврди вината и од министерството го вратиле на доработка.

Извештајот треба да биде готов до почетокот на наредната недела кога Јанакиески очекува тој да се повторно достави до министерството по направената дополнителната анализа.

„Вклучени се дополнителни експерти“, денеска потврди Јанакиески.
Во средината на март патничкиот воз 6904 удри во одрон од земја и камења на пругата Гостивар-Кичево. Од силината на ударот, локомотивата излета од шините, а осуммина патници поминаа со полесни повреди.

Извор: Макфакс http://www.makfax.com.mk/_home/home#105846
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 03-May-2010 at 00:53

Возот повторно извиси патници

Повеќе стотици патници од Велес, а многу повеќе од Чашка и од регионот на Азот, останаа на железничките станици во саботата на Први мај, бидејќи возовите на „Македонски железници“, како и за Велигден, беа претесни да ги примат сите што купиле карта. Возот кој рано утрото сообраќа од Скопје за Битола уште на скопските попатни станици бил преполн, а кога стигнал во Велес патниците не дозволувале да се отворат вратите од патничките вагони бидејќи немало место ниту во купињата ниту во ходниците.

- Немаше место каде да се качиме. Им продадоа карти, а не можеа патниците да се качат. Ова е нова срамота за МЖ. Секој празник исто се случува. Така беше и за Нова година, Божик, пред еден месец и за Велигден. Па може ли шест вагона да бидат доволни за толку многу народ. Води ли сметка раководството на МЖ за тоа кога, на кој ден, колку вагони пушта во промет, колку интерес има - реагираат патниците од велешката железничка станица.

Дел од нив празничниот викенд планирале да го минат во родните села од Богомила и околината, друг дел во планинарските домови во Папрадиште и Чеплес. Поради немањето место во возовите на МЖ, патниците беа принудени да земат такси и да потрошат повеќе пари за да стигнат до посакуваната цел, бидејќи регионот на Азот не е поврзан со автобуски превоз. Патниците вчера стравуваа да не се повтори истата слика и на враќање.

На Велигден, поради малиот број вагони, патниците наместо попладнето, останаа да го чекаат вечерниот воз од Битола за Скопје. (П.П.)
 
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 03-May-2010 at 10:56
Потврдено и потцртано!!! Можам да потврдам, ама за Кичево. Си останаа патници во петокот по станиците. Во петокот накај Кичево имаше околу 400 патници во 3 вагони, а во вчера вечер околу 250 патници во 2 вагони. Менгеле систем, правец ТреблинкаBig%20smile
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 03-May-2010 at 12:00
Следниот пат во 1 вагон 500 пакети овај луѓе
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 06-May-2010 at 19:11
Санкции и откази за комисијата од железница
05.05.2010   


Миле Јанакиески

Санкции и откази за комисијата од железница што ги утврдува причините за несреќите. Откако напишаа дека нема виновник за излетувањето на вагоните полни со луѓе, министерот Јанакиески им го врати назад извештајот и побара нов со кој ќе ја лоцираат вината.

Ако за два дена не биде утврдено кој е виновен, комисијата ќе биде разрешена и формирана нова.

„Доколку не го добијам до петок, ќе формирам посебна комисија од министерството за транспорт и врски, а ќе побарам санкција за оние што не направија релевантен извештај, бидејќи во извештајот што го добив, стоеше дека не можат да утврдат вина, затоа го вратив назад на доработка“, вели Миле Јанакиески.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122842
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 12-May-2010 at 21:22
Директорски смени во МЖ
Наташа Стојановска 12.05.2010

Директорски смени во Железница. Благоја Крстевски си заминува во неговата фотелја најверојатно ќе седне пратеникот од Прилеп, Оливер Берковски. Крстевски си поднесе оставка од позицијата директор на МЖ Транспорт.

Официјално за А1 не ги образложи причините, неофицијално оставката е под притисок на власта оти во неколку наврати не била задоволна од неговото работење. Иако Владата демантира сепак уште минатата година владини извори за А1 потврдија дека работата на менаџерскиот тим ќе биде под нивна лупа.

Во меѓувреме во Железницата се случија серија скандали. Три железнички несреќи едноподруго. Раководството бегаше од одговорност, а комисијата прво напиша дека никој не бил виновен за излетувањето на вагоните полни со луѓе.

По притисокот од министерот Јанакиески - вината да се лоцира, до него стигнаа контрадикторни извештаи. Раководствата на двете претпријатија инфраструктура и транспорт меѓусебно се обвинуваа за тоа чија е вината за несреќи, по што следува оставка на Крстевски.

Во меѓувреме пратеникот Берковски не сакаше да ја коментира својата нова позиција се додека одлуката не се официјализира.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123064
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 14-May-2010 at 11:33

Криза е, а железницата во добивка!


„Македонска железница“ во делот на транспортот на стоки и патници лани остварила добивка од 52, 270 милиони денари!

Информацијата за остварените финансиски резултати деновиве била разгледана на управниот одбор на МЖ-транспорт АД Скопје. За тоа како е остварена добивката, во годината на економска криза и намалени производствени активности во земјава во компанијата не даваат детални информации. Во железничкиот транспорт во Македонија се чувствува намалениот обем на размена со европските земји, кој главно се одвива преку вардарскиот коридор односно со солунското пристаниште. На оваа состојба дополнително се одрази и кризата во Грција, со која македонските компании остваруваа значаен железнички промет, велат неофицијални извори во МЖ-транспорт. Но, и покрај видливиот застој, поголеми финансиски проблеми не се чувствуваат во одржувањето на тековниот транспорт, а особено во делот на редовната исплата на плати.

- Последната исплатена плата е за јануари годинава. Се надеваме и февруарската плата ќе биде исплатена по 15 март, кога е терминот за исплата на месечните примања. Се чувствува недостиг од работа и до кога ќе биде така не може да прогнозираме. Доколку продолжи долгорочно ваквата состојба, може да се почувствува и на финансиски план - ни изјавија од синдикалната организација во „Македонски железници“.

Минатата година поради две неисплатени плати синдикалните организации од транспорт и инфраструктура одржаа протести во кругот на претпријатијата. Незадоволството на железничарите беше „покриено“ со исплата на дополнителна финансиска помош од македонската влада. По реорганизација на „Македонски железници“ се изврши поделба на имотот и вработените во две друштва „Транспорт“ и „Инфраструктура“. Во двете фирми сега работат по 1.500 работници.

Економската криза негативно се одрази на работата во националните железници во повеќето земји од регионот. Во „Романски железници“ од почетокот на годината беа отпуштени неколку илјади работници, а со големи проблеми се соочува и железничката компанија во Србија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=310101022445&id=10&setIzdanie=21930

Ова информација многу ме збуни, од каде железница со добивка во 2009 година?!?

Веројатно се работи за некакви субвенции од државата, кои претпријатието не знаело како да ги искористиMad!!!


Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 28-May-2010 at 00:07

МЖ бара доброволци за во пензија



Железница бара доброволци за пензионирање. Ќе го скусува бројот на вработени за да ги намали и трошоците. Идејата е да си заминат само оние што сакаат доброволно предвреме да се пензионираат.

„Има некои размислувања во тоа сондирање дали би имало некоја бројка која евентуално би сакала да оди предвремено, тоа е во тек ќе видиме што ќе покаже практично таа анкета“, изјави Оливер Дерковски, директор на МЖ транспорт.

Последните отпуштања беа пред шест години. Повеќе од 850 луѓе беа прогласени за технолошки вишок. Но трансформацијата на МЖ се сведе само на откази и формирање на две железнички претпријатија.

Проблемите се продлабочија. Инвестициите речиси ги нема. Стари и по пет децении локомотивите се уште ги влечат вагоните по македонските пруги што се во уште полоша кондиција.

Пари за нов возен парк нема - неизвесно е и дали ќе може да набават се половни.

„Ја разгледуваме и таа можност и контактираме веќе со компании од Шпанија со кој што имаме соработка и очекуваме некоја понуда каква ќе биде ќе видиме. Цените на новите патнички вагони се исклучително високи од милион и двесте до милион и петсто илјади евра и верувајте дека МЖ во моментов не се во можност да извршат набавки на нови патнички вагони“, додаде Оливер Дерковски, директор на МЖ транспорт.

Но, сликата како однатре изгледаат возовите, надополнета со серијата несреќи во последно време се алармантен показател дека итно се потребни сериозни инвестиции и во инфраструктура и во транспортот.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123613



Edited by La Linea - 28-May-2010 at 03:24
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 28-May-2010 at 20:44
Новиот директор на МЖ Оливер Деркоски е од Прилеп. Се надевам дека ќе ја подобри состојбатаSmile Барем за Прилеп нека напрај нешто добро.
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 65>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.