build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 06-Oct-2011 at 14:44

Словенечки Железници ќе возат по македонските пруги?

Ќе дозволи ли државата покрај Железница транспорт, по македонските пруги да возат и словенeчките железници. Словенците веќе еднаш беа одбиени, но сега се сериозен конкурент на домашниот железнички транспорт.

Од претставништвото во Македонија очекуваат дека во скоро ќе ја добијат потребната лиценца за превоз во Македонија.

- Словенските железници работат на зголемување на обемот што значи дека планираме да го зголемиме превозот на Коридор 10. Имавме некои пречки во Македонија но очекуваме скоро да ги добиеме дозволите за работа, изјава Марио Масиќ од Словенечки железници.

Намерата е да се зголеми обемот на транспорт на Коридор 10, проблем со кој се соочуваат сите железници од поранешните ЈУ републики. Конкуренцијата од Коридорот 4 кој ги поврзува западните земји со Турција преку Бугарија и Грција е се поголема бидејќи таму нема пречки во царинските формалности како што се јавуваат на Коридорот 10.

Дополнително и долго време парализираниот грчки сообраќај го прави се помалку конкурентен Коридорот 10 за европските логистички компании.

- Ако имате предвид дека Коридор 4 минува низ земји од ЕУ сигурно е дека не постојат царински преки. Токму формирањето на железничката алијанса Карго 10 е во насока на упростување на царинските бариери низ поранешните ЈУ републики изјави Кире Диманоски од МЖ Транспорт.

Царинските формалности моментално упростени се само со Србија.

Кире Коцевски

06.10.2011, 14:54

http://daily.mk/cluster3/8e70c44633cc563f19a0d9d9df27e32d/933442
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 06-Oct-2011 at 16:21
Зошто не влезе заедничката компанијата Карго 10 во Македонија? Словенечки железници треба да влезе и да добие дозвола за работа во земјава, но од Министерство за транспорт и врски треба да размислат во каква состојба е МЖ - Транспорт во моментов и дали државната компанија може да пружа квалитетни и поевтини услуги.


Од друга страна, Словенечки железници е притисната на словенечкиот пазар од други приватни железнички компании и нормално е да бара понеразвиен пазар каде што би можела да остварува профит.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 07-Oct-2011 at 11:15

Словенечки железници не се откажуваат

Соња Јованова

Ако влезе во товарниот сообраќај, Словенечки железници планира да оперира со 30% од транспортот, а остатокот да го врши партнерски со МЖ-Транспорт. Македонија, формално, го либерализираше железничкиот сообраќај, но реално, не дозвололува влез на приватен оператор затоа што “друг ќе го соберел шлагот“


Словенечката национална железница не се откажува од идејата за влез во товарниот сообраќај во земјава, иако поради неисполнување на критериумите еднаш беше одбиена. Како учесник на Меѓународниот саем за транспорт и логистика, Марјан Масич, директор на подружницата АБЦ на Словенечки железници, најави зголемување на товарниот железнички транспорт по Коридорот 10. Според пресметките, доколку влезат како приватен оператор во товарниот сообраќај, Словенечки железници би оперирале со 30% од транспортот, а остатокот ќе го вршат партнерски со МЖ-Транспорт.

“Во моментов превезуваме 18 милиони тони годишно, од кои 15 милиони тони се превезуваат преку Коридорот 4. Целта ни е по влезот на македонскиот пазар дел од тој товар, односно три милиони тони годишно да се превезува преку Коридорот 10, а ќе го постигнеме тоа затоа што нашите клиенти бараат европски партнер“, додава Масич.

Во Македонски железници-Транспорт пак, сметаат дека конкуренцијата од приватни оператори во товарниот сообраќај е добредојдена, но не очекуваат ни подобрување на услугите, ни зголемување на обемот на транспорт по Коридорот 10. Велат дека целта на странските оператори е да го соберат целиот профит од транзитните возови.

“И Словенија и Бугарија го либерализираа пазарот по влезот во ЕУ. Тие не ги фрлија државните компании во оган, туку ги подигнаа на повисоко ниво“, вели Кире Диманоски од Секторот за товарен транспорт при МЖ-Транспорт.

Формална, но не и фактичка либерализација

Македонија минатата година го донесе Законот за либерализација на железничкиот сообраќај, но досега три компании беа одбиени да добијат лиценца. Освен Словенечки железници, кои беа одбиени бидејќи Министерството за транспорт не им издаде сертификат за сигурност, досега за превоз на стоки во товарниот железнички сообраќај аплицираа и две домашни приватни компании. Делта реил карго и Елинг беа одбиени уште во фазата на барање дозвола за работа од Агенцијата за регулирање на пазарот за железнички услуги. Сопственикот на Елинг тогаш обвини дека барањето му е намерно одбиено за да не се дозволи конкуренција на МЖ-Транспорт. Исто како Словенечки железници, компанијата Елинг има поднесено жалба до Управен суд.

Упатените коментираат за “Капитал“ дека интересот за влез на приватни компании за превоз на товар и стоки е огромен, бидејќи ќе резултира со намалување на цените на транспортот во просек 10%-15% и зголемување на квалитетот на услугите. Со тоа македонските компании би добиле поевтин превоз, а нивните производи би станале поконкурентни на странските пазари.

Според Законот за железнички систем, донесен минатата година, секоја приватна, домашна и странска компанија може да побара дозвола за вршење јавен железнички превоз. Освен големиот број услови кои треба да ги исполни, мора да поседува и сертификат за сигурност за вршење јавен железнички превоз. Откако ќе добие можност да оперира по пругите, во првите три години ќе превезува само стока, а потоа може да поднесе и барање за закуп на пруги за превоз на патници.

Коридорот 4, кој ги поврзува западните земји со Турција преку Бугарија и Грција, е сериозна конкуренција на Коридорот 10, кој поради постојаните блокади од грчка страна го отежнува товарниот сообраќај за европските компании.

Токму затоа и земјите од регионот, Србија, Хрватска и Словенија, ја создадоа железничката алијанса Карго 10, чија цел е да ги поедностави царинските бариери низ поранешните југословенски држави. Засега, поедноставувањето на бирократските процедури е во процедура, а подобрување има само во делот на границата со Србија.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/74516/slovenechki_zheleznici_ne_se_otkazhuvaat.aspx?iId=2386
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 12-Oct-2011 at 15:46

Железницата ниту се продава ниту се дава под концесија

Во моментот кога товарниот сообраќај ќе се најде на продажба, тој треба да се олабави од сите баласти, а еден од нив е патничкиот сообраќај, тврдат експертите





Кинески компании изразија отворена подготвеност, покрај солунското пристаниште, да ги купат и грчката, српската и македонската железница

И покрај отворениот интерес од Кинезите

По најавениот странски интерес за земање под концесија на товарниот железнички сообраќај, кај нас сите варијанти се во игра: и издавање под концесија и целосна продажба, но и задржување на статус кво ситуацијата. Понудата, сé уште неофицијална, дојде во Солун за време на посетата на македонска бизнис-делегација, кога кинески компании изразија отворена подготвеност, покрај солунското пристаниште, да ги купат и грчката, српската и македонската железница и на тој начин да воспостават логистичка база и транспортен коридор на нивната стока во Европа. За експертите овие најави не се воопшто за потценување бидејќи железничкиот сообраќај е најевтин за масовен превоз на стока. Ако на ова се додаде и интересот на Кинезите за проектот „Вардарска долина“, кој директно е поврзан со пругата и Коридорот 10, тогаш сосема јасно е зошто тие се интересираат за македонската железница.

- Со европската директива од 1991 година одвоени се инфраструктурата и транспортот што се случи и кај нас со поделбата на „Македонски железници“. Во ЕУ инфраструктурата останува под капа на државата, а се продава дејноста - транспортот. Тоа е возможно и кај нас. Ако се даде под концесија, може и изградба на пруга под концесија - вели професор Зоран Кракутовски од Градежниот факултет.

Нашите сознанија од „Македонски железници“ потврдуваат дека во игра се сите варијанти. Едната опција е сите помали железници да се вратат на стариот систем, што значи холдинг-компанија со сестри-фирми со посебни сметки. Втората варијанта е раситнувањето на железницата да оди до крај. Сам по себе товарниот сообраќај може да опстане, но патничкиот е во загуба.

За Кракутовски, проблемот со патничкиот транспорт е проблем на регулативата бидејќи железницата има законска обврска да пружи минимален социјален сервис за граѓаните.

- Патничкиот железнички транспорт можеби во моментов е неисплатлив, но не значи дека и понатаму ќе остане таков - објаснува тој.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека „Македонски железници АД Транспорт“ претставува посебен правен субјект, кој е под директна надлежност на Владата и за секаков вид промени на структурата на претпријатието одлуките ги донесува Владата.

- Досега во Министерството за транспорт и врски не се вршени преговори и контакти со инвеститори и не се разгледувани такви можности за продажба или концесија - велат од Министерството.

Сепак, треба да се прави разлика со состојбите кај нас и со потезите што ги влече Грција, бидејќи таму сé што носи профит е на продажба. Кога Македонија би го направила истото, тоа би значело дека сите патнички возови треба да престанат да возат, тврдат познавачите.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101211835102&id=10&prilog=0&setIzdanie=22403
Back to Top
Goce View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Goce Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 15-Oct-2011 at 06:27
Дали некој знае на која фрекфенција работат радиостаниците на македонски железници ?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 15-Oct-2011 at 11:01
Originally posted by Goce

Дали некој знае на која фрекфенција работат радиостаниците на македонски железници ?

МЖ Транспорт користи рачни радио станици само за маневра, иначе сообраќајот се одвива со помош на сигнализација.
Тоа го имаш од актуелните веси со крадење на бакарни и оптички кабли по трасата на МЖ Инфаструктура со кој се прекинува сигнализацијата и комуникацијата помегу учесниците.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Goce View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Goce Quote  Post ReplyReply #747 Posted: 15-Oct-2011 at 18:30
А зошто ги користат радиостаниците кои се наоѓаат на станиците во Прилеп имам видено,Битола и низ сите други станици ?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #748 Posted: 16-Oct-2011 at 01:48
Само ако има некое ранжирање во станиците тогаш добиваат ради станици.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #749 Posted: 18-Oct-2011 at 14:02
Ова е извадок од еден друг форум за патувањето на некој дечко од Прилеп за Скопје ,во неделата навечер.По некоја случајност МЖ пуштиле ДМВ712 во најголемата гужва.За ова со светлава немање навечер и мене два пати ми се случило меѓу Прилеп и Битола и не беше баш добро искуство ,тешко на тие шо оделе Битола - Скопје.

>>>>> 'Најпресно нешто баш во неделата вечерта си идам, така изнервиран од дома и си викам ај од Битола че дојди че се најди некое место за седење. Одам на станица гужва упм. Стасува возо и од далеку нешто чудно ми изгледа, кога тоа шпанскиот да ти го пратиле па уште со сите 2 вагони. А внатре сите испоседнати. 10-15 минути влегуваја лујџе, си бараја сите место каде да застанат. Јас стандард си седнувам на торбица. Кога веќе тргна возот немаше место ни за уште едно лице. И така сите изнервирани, згужвани си се возиме, светла не работат, абе хорор. Кога стигнавме во Гостиражни народ што да ти расправам. Се качуваат упорно и викаат место, место. Викаат од кај вратата одете понатаму, јас викам нема место. Кога почнаја да караат, да викаат, мислам дека падна и некој бокс, ама ништо не се гледа од пуста темница. Потоа од кај Богомила мислам дека беше имаше едно чиче со точакот шо сакаше да влези. И така во Велес малце како да се подиспразни, во Скопје стандард 10 и пол си беше. Кога излегов ме болеја сите мускули како да сум копал сам 10 декари нива.
Ама тоа е, карта ми е 232 денари повратна, упола од автобус. Да би имал пари не би одел, ама пуста сиромаштија шо да се прај'.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #750 Posted: 18-Oct-2011 at 16:34
Од кој форум е ова?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #751 Posted: 18-Oct-2011 at 18:49
Originally posted by zookisk

Од кој форум е ова?


Кајгана.Еве ја темата
Случки при патување со воз
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #752 Posted: 21-Oct-2011 at 22:28

Железници се караат, патниците стојат на пероните

И во Транспорт и во Инфраструктура признаваат дека се виновни за постојаното доцнење на возовите

Сања Наумовска



Железничките компании Инфраструктура и Транспорт се скараа кој е виновен за доцнењето на македонските возови. Дали се причина искршените локомотиви и вагони што се расипуваат на секој чекор или, пак, прастарата инфраструктура и сигнализацијата покрај пругите? И додека компаниите наизменично се обвинуваат и се правдаат, македонските патници си дремат по пероните. Окапаа чекајќи ги возовите, но и долгонајавуваните инвестиции во железничкиот транспорт. Во Македонските железници ништо не е сменето од минатиот век, па не е ни чудо што доцнат возовите. Чудо е што се' уште возат, бидејќи такви модели, како нашите, веќе ретко каде постојат.

Виновни за постојаното непочитување на возниот ред се и Инфраструктура и Транспорт, потврдуваат надлежните и во двете компании. Ако денеска се расипала локомотивата, па возот стоел и чекал да дојде замена, утре ќе се расипе сигнализацијата покрај пругата, па возот ќе чека железничари рачно да ја завршат работата. Од транспорт реагирале бидејќи патниците ги обвинувале само расипаните возови, а вината всушност треба да ја делат со колегите од Инфраструктура. Вторите, пак, се бранат дека навистина се виновни и едните и другите, ама пак, Транспорт со месеци не им ги исплатува надоместот за користењето на пругите. Им должеле 148 милиони денари, доволно за исплата на три месечни плати на сите вработени во Инфраструктура.

„Доцнењето на возовите се случува поради застарената инфраструктура, но и поради старите транспортни средства. Тоа е реалноста. И двете компании треба да се трудат да ги одржуваат во рамките на можностите, без потреба од обвинување на другиот“, велат во Инфраструктура. Оттаму информираат дека и покрај либерализацијата на пазарот, на нашите пруги засега сообраќаат само македонски возови и практично тие живеат само од надоместот што им го плаќа Транспорт и од приходот од користењето на оптичкиот кабел покрај пругите кој им го исплатуваат некои телекомуникациски компании.

„Товарните возови плаќаат од 2,5 до пет евра за еден километар надомест за користење на пругата, а патничките возови од 1,25 до 2,5 евра за еден километар. Сепак, парите не се исплатуваат редовно, заради што е акумулиран поголем долг“, информираат од Инфраструктура, од каде што, сепак, признаваат дека и да ги имаат тие пари тоа ни од далеку не е доволно за инвестирање во застарената пруга. Иако понекогаш доцнењето не може да се избегне, сепак, патниците се максимално безбедни во возовите, надгладуваат во Инфраструктура.

Дека одговорноста ја сносат двете компании, потврдува и директорот на Транспорт, Оливер Деркоски. Тој вели дека патниците се навикнати за доцнењето да ги обвинуваат возовите, но тоа понекогаш зависи и од пругата и функционирањето на придружните објекти.

„Целта не ни е да се обвинуваме, туку да ја поделиме одговорноста, бидејќи причините за доцнењето на возовите се објективни. Нема потреба во јавноста да се изнесуваат детали за деловните односи меѓу двете компании. Состојбата во домашните железници е таква каква што е и секој се труди да управува најдобро што може со тоа што го поседува“, вели Деркоски. Дека ситуацијата е очајна, докажува и тендерот за парно затоплување во возовите кое неодамна го распишале од Транспорт. Не се јавила ниедна компанија бидејќи веќе никој во Европа, па ни во светот, не работи со ваква технологија, ниту пак има резервни делови за нашите возови. „Затоа и понатаму ќе го поправаме и ќе го крпиме да потрае што подолго она што го имаме“, вели Деркоски. Тој признава дека должат за надоместот за користење на пругите, но вели дека плаќаат речиси секој месец, но не целата сума.

Извор: Утрински весник

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #753 Posted: 27-Oct-2011 at 14:11

Macedonian railway to be sold or given into concession?


27.10.2011 15:03:00 | Author/Source PressCut

Chinese companies are prepared to buy Greek, Serbian and Macedonian railway along with the Thessaloniki port. The offer is still unofficial. It was made during the visit of the Macedonian business delegation in Thessaloniki.

After announced foreign interest in cargo railway concession, all options in Macedonia are open: concession, full sale and maintenance of the situation as it is. In this way, they would form a logistics base and transport corridor for their goods in Europe.

Taking Chinese interest in Vardarska dolina project into consideration, it is clear why they are so interested in the Macedonian railway, since the project is directly linked with Corridor 10. Experts find these announcements serious since railway traffic is the cheapest in terms of goods transport.

http://limun.hr/en/main.aspx?id=755274
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #754 Posted: 31-Oct-2011 at 12:35

Зошто Јанакиески не дозволува конкуренција во железницата

Соња Јованова
Зошто%20Јанакиески%20не%20дозволува%20конкуренција%20во%20железницата%20

Уште една странска компанија пројави интерес за влез во товарниот железнички сообраќај во Македонија, дознава “Капитал“. Фирмата Локо транс од Чешка, која веќе отвори претставништво во Скопје, ја почнала процедурата за добивање дозвола за влез на пазарот. Лиценцата за работа ја доставиле до Агенцијата за регулурање на железничкиот сообраќај, каде што им ја признале. Следниот чекор е Управата за сигурност при Министерството за транспорт, од каде што компанијата мора да добие сертификат за сигурност за вршење јавен железнички превоз. Во меѓувреме компанијата веќе објави оглас за вработување на машиновозачи за дизел и електролокомотиви.

Дали и овој обид за влез на приватен капитал во товарниот железнички транспорт во земјава ќе биде неуспешен? Досега пропаднаа три понуди со што овој сегмент остана монополизиран од МЖ-Транспорт, државно претпријатие кое не инвестира во инфраструктура и во опрема и не им нуди на најголемите македонски производни компании (извозници) можност за поефикасен и поевтин транспорт. Со тоа ја убива нивната конкурентност на меѓународниот пазар.

Либерализацијата
во регионот е реалност

 БУГАРИЈА - 10 приватни оператори
 РОМАНИЈА - 27 приватни оператори
 СЛОВЕНИЈА - 3 приватни оператори
 ГЕРМАНИЈА - 380 приватни оператори

Најголемите извозници во Македонија годишно губат стотици илјади евра поради бавниот и неефикасен транспорт со возови, поради што плаќаат скап транспорт со камиони. Решение на овој проблем е влез на приватни оператори во товарниот железнички транспорт, за што веќе пристигнале четири понуди во Министерството за транспорт. Но, заглавиле во фиока. Зошто министерот Миле Јанакиески не дозволува либерализација и конкуренција во железницата, како што налага и законот и здравата пазарна логика?

Директорот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, Никола Димитровски, за “Капитал“ вели дека Леко транспорт го поминала првиот филтер за добивање дозвола. Останува уште Министерството за транспорт.

“Ни ги доставија лиценците издадени од надлежна институција во Чешка. Бидејќи доаѓаат од држава-членка на Европската унија ние ги признаваме тие лиценци. Немаме никакви забелешки, постапката е дефинирана. Но, мора да исполнуваат и други услови, меѓу кои и сертификат за сигурност“, објаснува Димитров.

Локо транс е четвртата компанија која бара влез во железничкиот сообраќај во земјава. Иако Законот за железнички систем е донесен пред една година, Македонски железници сè уште ја имаат монополската позиција во овој бизнис. Две домашни компании аплицираа за дозвола да оперираат по македонските пруги. Беа одбиени уште во фазата на барање дозвола за работа од Агенцијата. Словенечки железници, третата пријавена компанија, не обезбеди сертификат од Министерството за транспорт затоа што Управата за сигурност констатирала “неправилности и недостатоци“ во нивното барање.

Дали одбивањето на понудите е намерен бојкот од државата за да се одржи монополот на Македонски железници, јавно претпријатие со голем број вработени, но неефикасно, со застарена опрема и инфраструктура? Ваквата политика е ризична затоа што железницата треба да претставува најевтин и најбрз начин за превоз на стоки.

Во МЖ-Транспорт сметаат дека приватната конкуренција е добредојдена, но не очекувале таа да ги подобри услугите и да го зголеми обемот на транспорт по Коридорот 10. Велат целта на странските оператори била да го соберат целиот профит од транзитните возови.

“И Словенија и Бугарија го либерализираа пазарот по влезот во ЕУ. Тие не ги фрлија државните компании во оган, туку ги подигнаа на повисоко ниво“, вели Кире Диманоски од Секторот за товарен транспорт при МЖ-Транспорт.

Многу ветени, но нереализирани инвестиции

Македонските компании со години бараат модернизирање и подобрување на железницата. Тоа ќе ги намали транспортните трошоци и оптоварувањето на автопатиштата. Владата во 2008 година вети набавка на 100 нови товарни вагони, но за четири години донесе само 36. Вети и дека возовите ќе возат со 100 километри на час, но тие сè уште возат со 40 километри на час.

“Не е спорно дека модернизацијата на Коридорот 10 е клучна. Но, многу е важно да имаме и алтернатива. Изградбата на Коридорот 8 не смее да се заборави, иако има и такви кои ќе речат дека не е исплатлива. Ние си знаевме колку е погубно за бизнисот кога се затворени македонско-грчката граница и Солунското пристаниште“, истакнува Александар Панов, генерален директор на Макстил.

Во комбинатот Фени од Кавадарци потенцираат дека поради лошата железничка инфраструктура се принудени да го користат патниот сообраќај, што е лошо за околината, бидејќи камионите значително ги оштетуваат патиштата.

Експертите сметаат дека либерализацијата на товарниот железнички сообраќај ќе ги намали цените на транспортот за 10-15% и ќе го зголеми квалитетот на услугите, со што домашните компании ќе бидат поконкурентни на странските пазари.

Дополнителен бенефит ќе добие и македонскиот дел од Коридорот 10, кој ќе стане поатрактивен за странските компании своите производи да ги транспортираат преку македонските пруги, наместо преку Бугарија или преку море со брод.

Локо транс планира да вложи пет милиони евра

Доколку добие дозвола за работа, фирмата Локо транс од Чешка планира да вложи пет милиони евра, од кои дел се за железнички возила, а дел за инфраструктура за одржување на возилата. Дејноста на Локо транс е одржување и трговија со железнички возила, транспорт на стоки и шпедитерски услуги.

Компанијата врши транспорт самостојно или во соработка со други приватни или државни оператори на повеќе релации. Засега врши транспорт на ќумур од Полска преку Чешка, Словачка, Унгарија до Романија и на разни видови стока преку Унгарија, Романија и Бугарија до Солунското пристаниште. Располага со повеќе од 40 локомотиви и 324 вагони.

Словенечки железници сакаат 30% од железничкиот транспорт

Иако еднаш беше одбиен, менаџментот на Словенечки железници не се откажува од идејата за влез во товарниот сообраќај во Македонија. Направил дури и пресметки дека по влезот ќе се зголеми товарниот железнички транспорт по Коридорот 10. Доколку влезат како приватен оператор, Словенечки железници би оперирале со 30% од железничкиот транспорт во Македонија.


http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75432/zoshto_janakieski_ne_dozvoluva_konkurencija_vo_zheleznicata.aspx?iId=2428
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #755 Posted: 31-Oct-2011 at 23:41


Еве ја чешката фирма:

http://www.lokotrans.cz/


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #756 Posted: 18-Nov-2011 at 13:05
Еве како железница реконструирала вагони во Колска:

Македонски железници оштетени за над 40.000 евра

Поради злоупотреба на службената положба, 59-годишниот Ф.С. и 52-годишниот С.Б. заработија кривични пријави, поради злоупотреба на законот за јавни набавки.
Имено, според информациите од полицијата, лицата од кој едниот бил поранешно одговорно лице во фабриката за шински возила Велес и поранешен шеф на комерција во фабрика за шински возила Велес, во период од 2008 до 2010 година спротивно на Законот вршеле јавни набавки на репроматеријали потребни за извршување ремонти на патничките и товарни вагони и коли на ЈП “Македонски Железници“.

Истите биле спроведувани без претходно спроведена тендерска процедура за доделување договор за јавна набавка.

На овој начин двете лица и нанеле штета на Фабриката за шински возила Велес во износ од 2.537.392 денари.

http://kurir.mk/makedonija/crna-hronika/50268-Makedonski-zeleznici-osteteni-za-nad-40000-evra
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #757 Posted: 22-Nov-2011 at 11:55

Во Москва на 5. Меѓународен форум „Транспорт на Русија“, ќе учествува и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

IMG_4256-2400
Во рамките на форумот Јанакиески ќе има билатерална средба со неговиот руски колега Игор Е. Левитин на која ќе биде потпишана Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Руската Федерација за соработка во областа на железничкиот сообраќај.

Станува збор за спогодба која е од исклучителна важност за развивање на соработка меѓу двете земји во меѓународниот железнички сообраќај. Со потпишувањето на Спогодбата се промовира конкурентен меѓународен железнички сообраќај со минимално интервенирање од страна на државата, со што ќе им се овозможи на патниците поголем избор на услуги, ќе се поттикнат железничките превозници на двете земји да формираат иновативни и конкурентни цени на услугите, а во исто време ќе се обезбеди повисок степен на сигурност и безбедност на железничкиот сообраќај.

Во рамките на работната посета на Москва, министерот Јанакиески ќе има средби и со релевантни претставници на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка во однос на реализацијата на проектите за гасификација.

Извор: Курир

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #758 Posted: 22-Nov-2011 at 20:37
Во неделата се возев со воз од Скопје до Битола.На МЖ му треба уште многу работа за да стане сериозна и респектабилна компанија. Крајно време е да се воведи систем на чекирање и нумерирање на местата и да се знае точно кој на кое седиште е за него, недозволиво е а скоро секогаш ми се случува да купам карта и пак едно пола сат а некогаш и 1 сат да стојам на нозе дури патувам, а претходно лугето да се тепаат кој да фати побрзо место.Значи интерес има голем за патување со воз ама крајно време е сето тоа да се регулира добро да се организира, зошто моментално е распашана банда, да се тепаш за место ејј за нешто што ти следува што е нормално, џабе се и реновирањето на вагоните па дури и нови гарнитури да се купат ако нема ред. Инаку патувањето до Битола 4 сати. Мислам дека е премногу и е премногу напорно ама пак од друга страна е дупло поефтино одколку со автобус.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #759 Posted: 22-Nov-2011 at 21:50
Previous
 
За гужвите и тепањата за место има решение, се вика експресен воз, а тоа е воз кој не застанува никаде по пат, така ќе се воведе ред и дисциплина во железничкиот сообраќај.
 
Но немањето современа железница го прави експресниот воз мисловна именка и детинеста илузија, барем засега.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #760 Posted: 22-Nov-2011 at 22:23
Originally posted by Dexter26

Previous  За гужвите и тепањата за место има решение, се вика експресен воз, а тоа е воз кој не застанува никаде по пат, така ќе се воведе ред и дисциплина во железничкиот сообраќај.  Но немањето современа железница го прави експресниот воз мисловна именка и детинеста илузија, барем засега.



За да имаме нормална врска со Битола, според мене треба да има два патнички и два експресни возови. Значи, еден утрински и попладневен експресен воз од Скопје и од Битола, тие треба да имаат првенство во определувањето на возниот ред во однос на атрактивен термин. Непростливо е од Скопје да нема експресен воз до Битола.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.