build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4647484950 68>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #941 Posted: 03-Feb-2014 at 20:02
Мој роднина секојдневно патува за Скопје и назад, и како што кажува после Јегуновце нема плаќање на карта.Истото важи и за назад.

Е сега дали е ова мотивација за тие граѓани да почнат да плаќаат карти или е `награда`.

Прашање за милион долари
Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 163
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #942 Posted: 03-Feb-2014 at 22:34
Еве нешто што мислам дека би било интересно за сите кои сакаат да се потсетат на некои други времиња на нашите железници. Првата епизода од серијата "Булки крај шините" Почетокот би бил интересен да се види:
http://mtvretro.blogspot.com/2013/06/bulki1.html
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #943 Posted: 11-Feb-2014 at 18:49
Преземено е од хрватскиот форум на ЅЅС, така што не знам колку е веродостојно, но сепак мислам дека е доволно интересно за споделување:

Првите 25 пруги (на подрачјето на поранешна Југославија)

JŽ - Јужна железница
StEG - Staats Eisenbahn Gesellschaft
MDŽ - Унгарска државна железница
ADŽ - Австриска државна железница
CO - Турција

1     Šentilj - Celje     Slo     JŽ     1846
2     Celje - Ljubljana     Slo     JŽ     1849
3     Drž.granica - Jam - Jasenovo - Vračev gaj - DG     Srb     StEG     1856
4     Ljubljana - Sežana – Trst (DG)     Slo     JŽ     1857
5     DG – Banatsko Aranđelovo - Kikinda - Žombolj (DG)     Srb     StEG     1857
6     DG - Vatin - Vršac - Jasenovo     Srb     StEG     1858
7     Pragersko - Kotoriba - DG     Slo/Hr     JŽ     1860
8     Spojni kolosijek kod Pragerskog     Slo     JŽ     1860
9     Zidani most - Sisak     Slo/Hr     JŽ     1862
10     Maribor - Prevalje - DG     Slo     JŽ     1863
11     Spojni kolosijek kod Maribora     Slo     JŽ     1863
12     Zagreb - Karlovac     Hr     MDŽ     1865
13     Horgoš - Subotica - Sombor     Srb     MDŽ     1869
14     Đekenješ - Koprivnica - Zagreb     Hr     MDŽ     1870
15     Ljubljana - Jesenice - Rateče - DG     Slo     ADŽ     1870
16     Sombor - Dalj - Osijek     Srb/Hr     MDŽ     1870
17     Osijek - Beli Manastir - DG     Hr     MDŽ     1870
18     Bosanski Novi - Banja Luka     BiH     TDŽ     1872
19     Đevđelija - Skopje     Mak     CO     1873
20     Pivka - Rijeka     Slo/Hr     JŽ     1873
21     Karlovac - Rijeka     Hr     MDŽ     1873
22     Skoplje - Kosovska Mitrovica     Mak/Srb     CO     1874
23     Divača - Pula     Slo/Hr     ADŽ     1876
24     Kanfanar - Rovinj     Hr     ADŽ     1876
25     Split - Siverić     Hr     ADŽ     1877
__________________
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #944 Posted: 21-Mar-2014 at 19:36
Железничките проекти за 2014 година чекаат на реализација

#Македонски железници – Инфраструктура со обемна програма за работа на проектите за натамошен развој на паневропските Коридори 8 и 10. Реконструкција на делницата Куманово – Бељаковци, довршување на ремонтот на пругата Ногаевци – Неготино, старт на долгонајавуваната санација на железничката станица во Скопје и на уште 10 други долж Коридорот 10 и рехабилитација на пругата Битола – Кременица се конкретните градежни зафати што треба да почнат да се спроведуваат или пак да се завршат до крајот на годинава. Реконструкцијата на пругата до Бељаковце во должина од 30,8 километри е најголемиот проект, кој веќе стартуваше со изведба и треба да се комплетира најдоцна до септември 2016 година. За овој зафат е ангажирана германската компанија „Вибе“.

 

Паралелно со германците, во моментов на обнова на македонската железничка инфраструктура работи и бугарската компанија „ЦК-13 Холдинг ЈСЦ“, која рехабилитацијата на пругата од Ногаевци до Неготино во должина од 31 километри треба да ја заврши до крајот на годинава. Во програмата на МЖ – Инфраструктура е наведено дека ремонтот на пругата од Битола до границата со Грција ќе почне во октомври, за што во текот на овој месец треба да се распише тендер за избор на изведувач. Првиот воз кон Грција е планирано да тргне во март 2016 година.

 

Истовремено, компанијата ќе работи и на санација на железничките станици во земјава. Скопската железничка станица ќе се реконструира во периодот од април 2014 до март 2015 година – проект вреден 2,9 милиони евра. Обновата на станиците во Велес, Прилеп, Битола, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Табановци, Чашка, Богомила и Градско треба да започне во октомври 2014 година и целиот проект да се заврши во рок од седум месеци. Тендерот за избор на градежна компанија за овој зафат ќе биде објавен во текот на овој месец.

 

Покрај конкретните изведбени активности, државната железница годинава ќе ја изготвува документацијата за неколку други крупни проекти. Австриската фирма „Обермаер“ ќе продолжи со изработката на основниот проект за пругата Бељаковци – Крива Паланка, кој треба да биде готов до август 2015 година. Најдоцна до јули треба да се избере консултант што ќе го подготви основниот проект за пругата од Кичево до албанскиот град Лин, документ што треба да се комплетира до крајот на 2016 година. Во текот на мај годинава ќе биде објавен и огласот за избор на консултанска куќа што ќе го изработи основниот проект за пругата од Крива Паланка до бугарската граница.

 

Македонски железници – Инфраструктура има планови за изготвување на реконструкција и рехабилитација на железничките делници од Ѓорче Петров до Кичево и од Велес до Битола, за кои во текот на оваа година ќе се публикуваат одделни тендери преку кои ќе се повикаат на учество компаниите заинтересирани за подготвување на физибилити студија, идеен проект, основен проект, тендерско досие и студија за влијание на животната средина. Паралелно со работењето на овие проекти, до јули 2014 година треба да биде готова идентична документација и за пругата Куманово – Дељадровци. По ова, државата ќе треба да побара финансиски средства од европските фондови за рехабилитација на оваа делница, во пакет со трасата од Драчево до Велес.


http://www.build.mk/?p=33739


Ме интересира зашто документација за Дељадровце -  Куманово , што е поентата со оваа документација? Па делницата Миладиновци-Табановце беше завршена со реновирање лани а оваа делница (Дељадровце - Куманово) е еден дел од Миладиновци - Табановце.

И нели за Скопје-Велес се разговараше за нова пруга наместо постоечката траса, зашто да се реконструира наместо да се почне уште одма со новата траса?

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #945 Posted: 24-Mar-2014 at 08:41
Интересен текст...

ПРУГАТА СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ГЕВГЕЛИЈА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ НА ЛИНИЈАТА СКОПЈЕ – СВЕТИ НИКОЛЕ – ДОЈРАН

Д-р Иван Минев, Скопје

И покрај просторната ограниченост на овој вид излагања, овој пат, основните мисли околу освојувањето на Вардар ќе ги изнесам во пократки можни црти. За сите проекти од голем степен на државно и национално значење неопходно е да се зборува јавно и да се применуваат и прифаќаат поткрепените размислувања и анализи. Фокусирање кон една земја при вековниот гигантски наш зафат, без проучување на глобалниот пазар и без референдум, кој проект да се земе, е својство на диктатура, а не на демократија. Акцентот е по Вардар да добиеме бришан простор и максимално изведливи големи акумулации на бистра вода, еколошка езерска зона и рајска градина. Парола, во здравата вода е силата на Македонија!

Новото е ИСТОЧНИОТ КОРИДОР: пруга и модерен автопат Скопје ­ Св. Николе – Штип ­ Радовиш­ Струмица ­ тунел низ Беласица ­Николиќ (Дојран) ­ Цариградска железница (Солун, Истанбул). Таа цел може безболно да се постигне ако се респектираат некои факти. Првиот чекор е на Грците да им се укаже дека за нас освојувањето на Вардар е животно важно, отколку натурената тривијална расправија околу името на нацијата и државата, нешто што е неменливо. Но, ако Грција затега со согласноста, без пречки можевме да го освојуваме Вардар од Велес до Вруток, а подоцна од Велес до Гевгелија. На пурификацијата на Вардарскиот слив северно од Велес требаше одамна да се работи, во тие рамки и „Скопје 2014“ со повеќе пречистителни станици („мали фабрики“), наместо спомениците. Освен еден висок споменик крај мостот до небо на врвот Карпош, сите други споменици се брзоплета работа. Најголем споменик ќе беше барем една ХЕ на Вардар, особено ХЕ „Велес“. Редоследот на работите треба да почне со изградба на кусата нова пруга Миладиновци - Свети Николе - село Милино (спој со штипска пруга), која може да се изгради за помалку од една година. Со таа есенцијална пресечка толку важна за државата, ќе ја направиме непотребна сегашната пруга Скопје ­ Велес и ќе создадеме идеални услови да се работи на големата хидроелектрана „Велес“, при што пругата ќе ни служи за дотур до браната. Пред да се полни езерото, пругата се демонтира.

Но, сообраќајот Скопје ­ Св. Николе ­ Велес не се прекинува ниту еден ден и без временски притисок се гради браната. Значи, само со една куса делница Миладиновци - Св. Николе - Милино сме постигнале релација: 1. Скопје ­ Св. Николе ­ Велес ­ Битола (Солун); 2. Скопје ­ Св. Николе ­ Велес – Гевгелија; 3. Скопје ­ Св. Николе ­ Штип. Свети Николе е нов јазол. Но, и јазолот Велес останува. Според целта на проектот да се освои Вардар и можностите кои ги дава новата спојка малото оддалечување од Велес е наполно исплатливо. Важноста на Миладиновци ­ Св. Николе ­ Милино не е согледана од институциите, или ако е видена, малодушно е проценета. Ако беше согледана немаше да се гради вртоглаво на други релации и да се оставаше Вардар да тече попусто.

Но како дел од ИСТОЧНИОТ КОРИДОР за кој пледирам со години, сега се гради автопат Миладиновци ­ Св. Николе ­ Штип, согласно со кампањското работење, наместо тука пруга алтернатива на Скопје ­ Велес. За среќа, грешката е во приоритетот, инаку автопатот е дел од ИСТОЧНИОТ КОРИДОР. При готова брана и ХЕ „Велес“, понатамошната работа бара сукцесивно градење според планерите на 11 (?) брани од Гевгелија до Велес, почнувајќи од Гевгелија и користејќи ја делницата на пругата угоре од секоја брана до Велес за дотур и при готова брана, демонтажа и пренос на материјалот на линија Штип ­ Радовиш ­ Струмица ­ тунел Беласица ­ Николиќ (Дојран). Пругата Велес ­ Гевгелија за време на градба на браните јужно од Велес ќе се замени со автобуси и тешки возила и со пругата Скопје ­ Св. Николе ­ Велес ­ Прилеп ­ Битола (Солун). За тунелот од 7 до 8 км меѓу Банско и Николиќ, ќе треба да се разговара со фирмата „Herrenknecht“ од Германија, една од врвните фабрики во светот за производство на гигантски тунелски дупчалки. Доколку е тоа многу скапо, препорачувам копање на тунелот со македонски градежни сили, и тоа да се почне под итно, чекор по чекор. Не паушално ами научно да се пресмета чинењето двоен колосек во висините по Вардар, Скопје ­ Велес, како и преселба на оваа пруга на исток со додаден нов колосек. Ваквото истражување Владата треба искрено да го предочи пред македонската јавност и да се решава со референдум. Железнички станици добиваат Св. Николе, Радовиш, Струмица, Николиќ (Дојран). Алтернативни станици за подалечна иднина: Валандово, Богданци, Гевгелија и градовите покрај бугарската граница и струмичко Ново Село (врска BG, GR, TR). Неготино, Градско, Демир Капија ќе се лоцирани на дофат на акумулациски езера и непосредно ќе го уживаат благодатот од рајската градина.

Гигантското дело ќе ја преобрази Македонија и „жртвата“ дека овие три населби ќе останат без пруга е наполно прифатлива. Е, па не бидува сите убавини да бидат собрани на едно место! На времето авторот на трудов беше зафатен поборник за спас на Дојранското Езеро. Прифаќањето на овој идеен проект дава идеална шанса во зимните месеци да се каптира еколошки чистата вода од северната страна на Беласица и цевоводот со пад да почне близу бугарската граница и да минува низ тунелот на дојранска страна. Со оглед на фактот дека во Вардарска Долина собираме максимално големи акумулации на речиси питка вода и градиме пруга со два колосека, паѓа во вода секоја авантуристичка идеја за некаков пловен канал Белград ­ Скопје - Солун и кон тоа уште побесмислената идеја за нуклеарка.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=1AFDF02C31BAAE42BABFDF02A641D9AB
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #946 Posted: 24-Mar-2014 at 10:56
Д-р Минев долго време ја зборува оваа идеја ,и идејата пругата да се пресели на нова линија и да се создаде уште еден јазол е лично негова и за тоа има издавано книги и многу предавања има на таа тема. Истата идеја за Вардарска долина и железницата ги дискутира и објаснува во шоуто на Миленко Неделковски од 30.09.2011 година. Ако има некој што го интересира може да го сослуша таму.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #947 Posted: 24-Mar-2014 at 17:22
За мене оваа идеја е лудост. Велес, Кавадарци и Гевгелија се важни стопански центри, крај оваа пруга е Демиркаписка клисура како потенцијално туристичко место и локалитетот Стоби, Вардарски рид како археолошки наоѓалишта за посета итн. итн. Навистина не знам што би добиле ако пругата се премести кон Свети Николе и Дојран. За кого? Каква индустрија, туристички локалитети има на оваа линија. Возовите што ќе доаѓаат од север кон Скопје ќе ги праќаме да речиси да кружат кон југ? Да направиме подолга километража железничка инфраструктура?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #948 Posted: 24-Mar-2014 at 19:17
Во текстот д-р Минев спомнува изградба на пречистителни станици на Вардар, како и на ХЕЦ Велес, па веројатно затоа предлага и преместување на пругата. Меѓутоа, лесно е да се напише на хартија, а потешко е да се спроведе на дело. Само кога ќе се земе предвид колку пруга се изгради за изминативе 10 години јасно ќе ни стане со какви „визионери“ на одговорни позиции во железницата и власта си имаме работа.
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1175
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #949 Posted: 24-Mar-2014 at 20:52
Ова би му дошло нешто како моменталната пруга Прилеп - Велес преку Богомила, а колку пократко би било директно или ако веќе е подолга опција преку далеку понаселениот и индустриски посилен Тиквешки регион.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #950 Posted: 26-Mar-2014 at 10:14
Originally posted by Џоле

Во текстот д-р Минев спомнува изградба на пречистителни станици на Вардар, како и на ХЕЦ Велес, па веројатно затоа предлага и преместување на пругата. Меѓутоа, лесно е да се напише на хартија, а потешко е да се спроведе на дело. Само кога ќе се земе предвид колку пруга се изгради за изминативе 10 години јасно ќе ни стане со какви „визионери“ на одговорни позиции во железницата и власта си имаме работа.


Повторно јас. Сулудо е да се поместува цела пруга, а треба и дел од автопатот за да се изгради ЕДНА хидроелектрана. Нема никаква логика, ползата од овој проект би била минимална за целата држава, а она што ќе се уништи од економија и транспорт е преголем. Втората работа се пречистителните станици. Но ние не говориме за неколку, според она што јас го знам, една треба да се гради во Гевгелија за што работите се почнати и една е планирана во Скопје. Не говорам за проекти што некој досега ги подготвил, говорам за идеи што барем некој политичар ги споменал за изведба. И пак ќе дојдеме до тоа, помеѓу Скопје и Гевгелија би се изградила само уште една пречистителна станица.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #951 Posted: 26-Mar-2014 at 22:25
Преместувањето на целата пруга е неизводливо барем засега а и непотребно ,но поместувањето на пругата Скопје-Велес е неопходно за изградба на ХЕЦ Велес и за ова се зборува веќе долго време, исплатливоста на поместувањето на пругата не е брзо но е исплатливо на долг рок, а придобивките ни се најпрво економски а потоа еколошки.
Изградба на прочистителни станици на Вардар или оние каскади што ги зборувавме пред една година во темата за река Вардар се неопходни и треба да се изградат што поскоро ,тоа дека кај нас желбата за остварување на вакви проекти е ниска е лошо но мсилам дека тоа треба и ќе се смени скоро.
Инаку Бојан мислам дека автопатот нема потреба да се поместува, за проектот Вардарска Долина пречка беше само делницата која сега се гради ако не се лажам.

Патем офф: прочистителна или пречистителна станица? Ова би било прашање за лингивстите бидејќи во Македонскиот јазик ги има прочисти и пречисти постојат и означуваат сосема иста работа.


Edited by daci92 - 26-Mar-2014 at 22:26
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #952 Posted: 26-Mar-2014 at 23:14
И јас како што знам автопатот нема никаква пречка за изградба на ХЕЦ „Велес“, додека железничката до Зелениково нема проблем, од Зелениково до Велес е критичниот дел, кога навлегува во клисурата и тука треба да почне да се издига. Доколку се направи, ние само би добиле од Вардарска долина, а во ништо не би изгубиле.

П.С. Па не означуваат баш исто, сега не знам стручно да ги објаснам, ама дефинитивно треба пречистителна.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #953 Posted: 08-May-2014 at 12:11
Ова нека биде увертира во однос на тоа кој ќе ги добие грчките пристаништа, податок што ќе биде познат претстојново лето. Железницата може да заживее по промената на сопствеништвото на пристаништата во Грција.

Prvi kontejnerski voz iz grčke luke Pirej zа Češku prošаo dаnаs srpskim prugаmа u rekordnom roku

„Železnice Srbije“ prevezle su dаnаs prvi kontejnerski voz, koji je sаobrаćаo iz grčke Luke Pirej zа Češku, kroz nаšu zemlju u rekordnom roku, zа svegа 14 i po sаti.

Nа tаj nаčin srpske železnice skrаtile su vreme putovаnjа ove teretne železničke kompozicije između Preševа i Subotice zа punih pet i po sаti nego što je to bilo predviđeno redom vožnje i čitаvih osаm sаti u odnosu nа prosečno putovаnje teretnih vozovа nа ovoj relаciji.

Reč je o probnom teretnom vozu iz Pirejа, koji preko Mаkedonije, Srbije i Mаđаrske sаobrаćа zа Češku, а u čijoj orgаnizаciji sаobrаćаjа učestvuju i „Železnice Srbije“.

Sаobrаćаj ovog vozа dogovorio je generаlni direktor srpskih železnicа Drаgoljub Simonović sа generаlnim direktorom Grčkih železnicа, а kontejnerskа kompozicijа prevozi robu zа potrebe kineske kompаnije KOSKO (Kineskа okeаnskа trаnsportnа kompаnijа), kojа je u grčku luku uložilа oko 750 milionа dolаrа, kаko bi onа postаlа glаvnа lukа južne Evrope.

Prvi kontejnerski voz sа 38 kontejnerskih vаgonа stigаo je u železničku stаnicu Preševo dаnаs u 2.45 sаti, а u Suboticu je stigаo u 17.20 sаti, uz minimаlno zаdržаvаnje zbog grаničnih i cаrinskih formаlnosti od svegа 1 sаt.

Nа tаj nаčin srpske železnice dokаzаle su dа izuzetno efikаsno i kvаlitetno mogu dа orgаnizuju sаobrаćаj kontejnerskih vozovа kroz Srbiju u mnogo krаćem roku nego što su do sаdа ovаkve kompozicije putovаle kroz nаšu zemlju i uz minimаlno zаdržаvаnje nа grаnici.

U nаrednih mesec dаnа kontejnerski voz između Luke Pirej i Češke sаobrаćаće jednom nedeljno, pа su sledeći polаsci već plаnirаni zа 1. i 11. mаj.

Kineskа kompаnijа trаnsportom robe železnicom preko Pirejske luke do severne Evrope štedi nekoliko dаnа plovidbe brodom i ogromnа finаnsijskа sredstvа, pа plаnirа izgrаdnju još jednog pristаništа, čime bi kаpаcitet luke bio povećаn sа sаdаšnjih 4 nа 7 milionа kontejnerа godišnje. Ukoliko u ovom probnom periodu vreme trаnsportа, kvаlitet usluge i konkurentnost prevozа budu nа visokom nivou, kineskа kompаnijа plаnirа dа u nаrednom periodu nа ovoj relаciji dnevno železnicom prevozi pet do šest kontejnerskih vozovа, odnosno oko 700 hiljаdа tonа robe godišnje.

Nа tаj nаčin železnički sаobrаćаj nа ovoj relаciji preuzeće trаnsportni primаt, а „Železnice Srbije“ ostvаriće izuzetno znаčаjne prihode.

http://www.zeleznicesrbije.com/system/sr-latin/home/newsplus/viewsingle/_params/newsplus_news_id/53263.html
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #954 Posted: 08-May-2014 at 13:36
Originally posted by BOJAN



Reč je o probnom teretnom vozu iz Pirejа, koji preko Mаkedonije, Srbije i Mаđаrske sаobrаćа zа Češku, а u čijoj orgаnizаciji sаobrаćаjа učestvuju i „Železnice Srbije“.

Sаobrаćаj ovog vozа dogovorio je generаlni direktor srpskih železnicа Drаgoljub Simonović sа generаlnim direktorom Grčkih železnicа, а kontejnerskа kompozicijа prevozi robu zа potrebe kineske kompаnije KOSKO (Kineskа okeаnskа trаnsportnа kompаnijа), kojа je u grčku luku uložilа oko 750 milionа dolаrа, kаko bi onа postаlа glаvnа lukа južne Evrope.



a ova e verojatno video od "nastanot"  :

"First COSCO train arriving in Tabanovci station Republic of Macedonia operated by Macedonian Railways Transport JSC"




Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #955 Posted: 22-May-2014 at 18:41
Железничка "инфраструктура"во Гостивар...

23ka.wordpress.com
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #956 Posted: 24-Jun-2014 at 11:03

Македонски железници ќе купува патнички возови од Кина
Во Министерството за транспорт и врски денеска е потпишан договорот за набавка на дизел-моторни гарнитури (ДМГ) и електро-моторни гарнитури (ЕМГ) за превоз на патници во рамките на Проектот за обнова на возниот парк на „МЖ Транспорт" АД – Скопје.


Според договорот, предвидена е набавка на шест најсовремени гарнитури за патнички возови од кои четири дизел и две на електричен погон.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/makedonski-zheleznici-kje-kupuva-patnichki-vozovi-od-kina
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #957 Posted: 24-Jun-2014 at 11:45
Orka sport vagoni
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #958 Posted: 24-Jun-2014 at 11:46
Наздравје Made in China возови и побрзо да ни се расипат како ЈСП автобусите
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #959 Posted: 24-Jun-2014 at 12:20
ехх будала работа.... Но донекаде разбирам ,нели условот за избор беше цената...
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #960 Posted: 24-Jun-2014 at 12:53
Originally posted by avijacijamk

Наздравје Made in China возови и побрзо да ни се расипат како ЈСП автобусите  

 
Лично сум разочаран од фактот дека е избрана кинеска фирма, бидејќи свесни сме дека транспортот ќе биде долг и скап, а несомнено и квалитетот ќе биде ставен под знак прашалник.
 
Но кога сме кај автобусите на ЈСП Скопје, можеш ли да наброиш примери кога и каде се расипале двокатните градски автобуси од кинески Јутонг ?
 
Под расипување не се подразбира и вандализмот во автобусите, тоа е производ на културата и моралот на некои од патниците, а не на квалитетот на автобусите.
 
Јас како што помнам, единечните нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ се покажаа и докажаа како крш, додека двокатните градски автобуси од кинески Јутонг барем засега доста добро се држат низ скопските улици.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4647484950 68>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.