build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Железници (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5455565758 65>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2398
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1101 Posted: 17-Feb-2015 at 15:25
Може ли некој да ја објасни следнава мапа?



Зошто главните станици се вака проектирани?

Главната станица за Куманово треба да е во Перо Чичо, а не кај Ново Куманово. Станицата кај Ново Куманово е оддалечена 2 километра од Центар, а од Перо Чичо е оддалечена 1 километар од центар. Плус во околината на станицата Перо Чичо има голема концентрација на население, додека во околината на Ново Куманово има многу малку куќи. Со самото тоа што е на периферија, станицата Ново Куманово, ем е далеку, ем не е безбедна и евентуалните патници би биле изложени на напад од кучиња зашто тој дел таму е безмалку село, бидејќи околните жители чуваат домашни животни.

Ставена станица кај Шупљи Камен, село кое нема ни 80 житела и кое постојано се намалува, наместо кај Доброшане, село со 1655 жители во 2002 година и со константен пораст на население. Плус станицата во Доброшане е поблиска до регионалниот пат Куманово-Св. Николе што значи дека би ја користеле и жителите од селата што се наоѓаат покрај овој пат, зашто низ Доброшане поминуваат комбиња за нивните села. И наместо да ја направат станицата оддалечена 1 километар од регионалниот пат, тие ја проектирале на 3 километра од регионалниот пат.

Ставена станица кај Бељаковце, маалско село со одвај 64 житела во 2002 година, наместо кај Клечовце кое е село од збиен тип и во 2002 имало 573 житела.

Што ли мислеле проектантите кога ги проектирале станиците? Или нивната цел била што помалку патници да ги користат услугите на возовите што ќе сообраќаат на Коридор 8.

Edited by phenomenon - 17-Feb-2015 at 15:29
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1102 Posted: 17-Feb-2015 at 17:14
Немам некој посебен коментар, само ќе дополнам дека на делот од Битола кон Прилеп поголем дел од постојките/станиците се на километар или два,три од селата, а не до нив.

Прилепски дел:
Бакарно Гумно (најблиските села Загорани/Веселчани по 3 км)
Битолски дел:
Пример, постојката Даме Груев е на 3 километри од с. Вашарејца, на 3,2 од Српци и 3,5 од Беранци како најблиски околни населби.
Стојалиште Новоселани на километар од селото.Лознани на 2,5 км.

Станица Никола Карев на 4+ км. од Могила и 3 км. од Кукуречани.
Па така пред неколку години веројатно најнаселеното село по трасата е без желензичка станица, поради незастанување на возот тука поради немањето веројатно интерес од жителите и ваквиот начин на планирање како во случајот на Куманово.

Единствени две села со пругата до нив или блиску се Галичани и Тројкрсти во прилепскиот дел.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1103 Posted: 23-Feb-2015 at 11:10
Мене живо ме интересира што се случи со укинатите возови поради снеговите на почеток на јануари. Два месеци поминаа, цвеќиња се разбудија, снегот во Русија се топи, а назад овие возови ги нема.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1078
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1104 Posted: 23-Feb-2015 at 22:03
Мислам дека е јавна тајна дека возовите не се укинаа поради снег и студ, туку поради многу едноставна и проста причина, немање асални локомотиви
Back to Top
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #1105 Posted: 24-Feb-2015 at 00:14
кои се тие возови ?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1106 Posted: 24-Feb-2015 at 10:07
Originally posted by Daniel1122

кои се тие возови ?


Кон Битола експресниот што сообраќаше и кон Кичево утринскиот воз.
Back to Top
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #1107 Posted: 24-Feb-2015 at 12:50
Битола тој 17 10 што е ?
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #1108 Posted: 25-Feb-2015 at 11:24
Originally posted by Daniel1122

Битола тој 17 10 што е ?


Не...тој во 16:55
Back to Top
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #1109 Posted: 25-Feb-2015 at 19:44
не знам кога точно е никогаш не сум одел со него битно минатиот петок пуштија шпанец за битола 14 30 и едвај се дишеше внатре
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1110 Posted: 24-Jun-2015 at 12:36
Почнува проектот за обнова на 10 железнички станици на Коридор 10



Со градежни активности за обнова на железничката станица во Прилеп следната недела ќе почне реализација на проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој вчера го потпиша одобрението за градење за станицата во Прилеп, очекува активностите во Прилеп да почнат следната недела. Покрј во овој град комплетно нов изглед треба да добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино - Вардар.

повеќе на линкот: http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/134/132695570#
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #1111 Posted: 24-Jun-2015 at 13:32
А коридор 8 нали в средата на годината искахте да стартирате фаза 2 Беляковци-Крива Паланка ????
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1112 Posted: 08-Jul-2015 at 14:28
http://www.24vesti.com.mk/makedonija-od-kina-kupi-shest-novi-moderni-voza-%E2%80%93-dali-prugite-se-podgotveni
 

Македонија од Кина купи шест нови модерни воза – дали пругите се подготвени?

 
07.07.2015 | 17:05
 

 
Владата купи шест патнички возови од Кина со три вагони и капацитет за околу 300 патници.  Вредноста на возовите е близу 25 милиони евра, а државата парите ги обезбеди од кредитот на ЕБРД.
 
Министерот за транспорт изјави дека за еден месец по македонските пруги ќе се вози првиот ултра модерен воз од Кина.
 
Максималната брзина која ќе може да ја развијат новите возови ќе биде 160 киломери на час. Возовите се целосно климатизирани и ги исполнуваат и најстрогите европски сообраќајни стандарди, вели претседателот на кинеската компанија.
 
„Македонија е многу важен пазар за нашата компанија поради геостратешката положба на Балканот. Се надеваме дека во иднина ќе имаме и други проекти во вашата земја и во регионот и затоа вложивме многу труд во изработката на овој воз“, вели Џо Чинх - претседател и генерален директор на ЦРРЦ-ЗЕЛЦ.
 
Домашната експертска јавност, сепак забележува дека иако дел од железничката инфраструктура  е  реновирана, поголемиот дел на шините и пругите низ земјава се во лоша состојба. Професорот Вулнет Палоши, тврди дека на пругите кои се на располагање во моментов најголема брзина е до 80 километри на час.
 
Новите возови ќе сообраќаат на линиите Гевгелија – Скопје и Скопје – Битола, а според најавите ќе бидат  воведени и нови деловни возови на релациите Тетово – Скопје, Куманово – Скопје и Велес – Скопје.
 

 
Иле Петревски

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1113 Posted: 10-Jul-2015 at 15:43
Еве некои статистики..

Со новите возови до Гевгелија за 2 часа



Новиот ултрамодерен воз, кој идниот месец ќе пристигне од Kина во Македонија, ќе овозможи сигурно и удобено возење, но иако може да развие брзина до 160 километри на час, сепак нема многу да го скрати времетраењето на патувањето затоа што нашите железнички пруги се уште дозволуваат максимална брзина од 100 километри на час. А поради дотраеноста на шините и оваа брзина се достигнува само на кратки прави делници. Според податоците од „Македонски железници - Инфраструктура“, просечната брзина со која се движат возовите по пругите изнесува 70 километри на час, а во кривините од 35 до 40 километри на час. На некои делови од пругите, на пример, од Велес до Битола возовите може да се движат само до 50 километри на час.

Се очекува оваа состојба да се надмине со проектот за реконструкција и ремонт на пругата по стратешките коридори 8 и 10 и со обновата и модернизацијата на десетина железнички станици во целата држава.

- И сегашните локомотиви може да развијат брзини до 120 и 160 километри на час, но поради состојбата на пругата не смееме да ги возиме брзо. Брзината е ограничена на 100 километри на час. Покрај тоа, самиот терен некаде не дозволува поголема брзина, поради острите кривини и нагорнини на некои места каде што поминува пругата. Kога ќе заврши ремонтот на пругите ќе се види вистинската сила на новите возови. Според достапните податоци, станува збор за моќни машини, со кои нема да се грижиме дали ќе прегреат кога го искачуваме Богомилскиот премин, како што се случува со сегашните стари локомотиви. Новите возови се добри за сите, и за патниците и за нас, машиновозачите, кои ќе имаме добри услови за работа во климатизирани и компјутеризирани кабини - вели Латко Јовановски, машиновозач.

Обоен, однадвор и однатре, во боите на Македонија, со климатизирани вагони, удобни седишта и информативни лед- табли, новиот воз ги исполнува највисоките европски стандарди за безбедност. Според официјалните податоци од „МЖ - Инфраструктура“, македонските пруги се конструирани главно за брзина од 80 до 120 километри на час. Моментната максимално дозволена брзина на отворените пруги е 100 километри на час за патниот сообраќај и 80 километри на час за товарниот сообраќај, посочуваат од „МЖ - Инфраструктура“.

- Со 80 до 100 километри на час може да се движат само возовите кои сообраќаат по Kоридорот 10, односно од границата со Србија кај Табановце до излезот кон Грција и на дел од пругите што се дел од недовршениот Kоридор 8 - кон Kрива Паланка и кон Гостивар. На остатокот од пругите, возовите ја приспособуваат брзината според конфигурацијата на теренот.
На делот од Kоридорот 8 односно Скопје - Гостивар пропишаната брзина е 100 километри на час, додека од Гостивар до Kичево е 80 километри на час. Од Велес до Битола возовите може да се движат само до 50 километри на час- вели Невзат Мамути, портпарол во „МЖ - Инфраструктура“.

Ремонт на пругите

„Македонски железници - Инфраструктура“ со кредит во вредност од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој почна инвестицискиот циклус за обнова на делови од пругата на железничките коридори север- југ и исток - запад и десет железнички станици. Нов лик ќе добијат станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Kапија, Градско и во Неготино. На овие станици ќе се обновува фасадата на старите запуштени згради, кои ќе добијат нови чекалници, тоалети, перони и табли за возен ред.

Во тек е и ремонтот на трасата од Kуманово до Бељаковци, а почна и постапката за изградба на делниците Бељаковце-Kрива Паланка и Kичево- албанска граница, со кои ќе се заокружи железничкиот Kоридор 8. Со ремонотот ќе се опфатат и делниците Табановце-Kарпош-Kуманово, Ногаевци - Неготино и Миравци-Смоквица, кои се дел од Kоридорот 10. Со ремонтот се предвидува замена на 30 сантиметри од лошиот земјан материјал и вградување нов квалитетен камен- толчаник. Исто така, ќе се изврши комплетна земена на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски, а ќе бидат поставени и нови шини. По реконструкцијата на овие делници пругата по целиот Kоридор 10 ќе може да се користи со проектираната брзина од 120 километри на час.

Последниот ремонт на овие делници, преку кој се транспортира товар од 230 милиони бруто-тони годишно, е извршен пред повеќе од 40 години. Оваа пруга има големо значење за економскиот живот бидејќи најголемиот дел дури 90 отсто од транспортот на стоките се одвива преку овој коридор.

Во Македонија има 1.000 километри пруги, од кои 699 километри се отворени пруги, 226 км странични колосеци и 102 км индустриски колосеци.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=323E6DFDD24BFC489EDD6B37DC2FAC78
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1114 Posted: 10-Jul-2015 at 17:32
Сигурно не е цела линија од Велес до Битола ограничен до 50 км/ч.
Битола Прилеп (58km пруга) е 36-40 минути со Пелагонија, би дало скоро просечни 100 км/ч.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1115 Posted: 10-Jul-2015 at 17:47
Што запнале со тој смешен збор "ултрамодерни", да му се невиди! Па, не сме ретардирани, имаме пристап до интернет, можеме да провериме! Мизерија!
За сè има вторпат
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #1116 Posted: 10-Jul-2015 at 20:05

Го пратам форумов (железници) од време на време, и се повеќе запазувам дека дневно се појавуват „ЕКСПЕРТИ“ - „АНАЛИТИЧАРИ“ кое очито во Македонија стана престижна титула со која секој во се се разбира.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1117 Posted: 10-Jul-2015 at 20:11
Originally posted by Vladimir P


Го пратам форумов (железници) од време на време, и се повеќе запазувам дека дневно се појавуват „ЕКСПЕРТИ“ - „АНАЛИТИЧАРИ“ кое очито во Македонија стана престижна титула со која секој во се се разбира.


Поздрав и помини кај нас на западот
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2387
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1118 Posted: 15-Jul-2015 at 10:50
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1119 Posted: 14-Sep-2015 at 10:05
Еден тип од Женева, на форумот ЅЅС, ми постави неколку прашања, па ако има поупатени во овие работи, одговорете ги тука, па јас ќе му ги преведам. Веќе му одговорив на првото прашање, но потврдете ми дали уште локомотивата стои во дворот на средното училиште во Лисиче...

Originally posted by tkautzor;127071104

Thank you so much for your help.

Maybe you could answer some more of my questions:

- Do you know if 83-064 is still on display outside the railway training school near Lisice Depot?
http://www.internationalsteam.co.uk/trains/macedonia01.htm (bottom)

- Is it possible to obtain a permit to visit Lisice Depot to see the steam locos there (33-090 restored for film and dumped 62-112) and from whom?

- Do you know if 01-046 is still dumped at Veles Depot?

- Does the Skopje oil refinery still operate and does it still use fireless loco LBV-005?

Best regards, Thomas.


За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1120 Posted: 14-Sep-2015 at 12:35
Ova samo Vladimir go znae najtočno, ama da mu se piši nekako po mail ilj mob
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5455565758 65>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.805 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.