build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Железници (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5758596061>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1161 Posted: 01-Jan-2016 at 20:03
Битно на медиумите си тече информацијата дека ова било револуционерна година за македонските железници, иако од овој текст и од многумина кои барем еднаш се качиле со воз претходната година ќе си знаеме дека ова беше најбедната година во историјата на Македонски железници како претпријатие и најбедната година на железничкиот сообраќај воопшто.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 453
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1162 Posted: 01-Jan-2016 at 20:06
Originally posted by mon

Originally posted by FiLo

Затоа на автобуската станица вриеше од луѓе, додека во железничкава немаше ни духови, само 3-ца вработени...

Не ми е јасно тогаш која беше потребата од набавка на овие кинески гарнитури, кого ќе превезуваат?



Доколку со новите возови се однесуваат цивилизирано, продаваат толку карти колку што има седишта, пуштаат контролирано греење/ладење и се горе-долу точни, јас ќе им се вратам како муштерија. Останува да видиме.
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #1163 Posted: 01-Jan-2016 at 23:05
Originally posted by mon

Originally posted by FiLo

Затоа на автобуската станица вриеше од луѓе, додека во железничкава немаше ни духови, само 3-ца вработени...

Не ми е јасно тогаш која беше потребата од набавка на овие кинески гарнитури, кого ќе превезуваат?


Колку ми е познато, единствениот „Кинез„ кој е пристигнат, уопште не ја врши својата задача. 

Ако е поинаку, поправете ме...

Нарачаните „Кинези„ навистина не знам кому ќе му служат, но што е тоа битно, битно е дека „...остваруваме...„, дека „...градиме...„ па биле тоа бескорисни „Кинези„, циркузантски панорамски тркала, куп бронзени квази-скулптури...





Edited by MIKI1 - 01-Jan-2016 at 23:09
Back to Top
viktordimovski333@gm View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2016
Location: Veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote viktordimovski333@gm Quote  Post ReplyReply #1164 Posted: 07-Jan-2016 at 21:56
Originally posted by FiLo

Крајно разочаран од македонски железници. Требаше на гости за Битола да одам, сега к*рац заради неспособни што работат таму и врска немаат за 10 воза во денот кој воз им сообраќа, а кој не.
Во понеделникот се јавив на информации да прашам дали на 1 јануари возовите ќе сообраќаат нормално според распоредот.
Ај што првин чекав 1 минута додека некој крене слушалка, да го оставиме настрана тоа, добив информација дека возовите си сообраќаат нормално без разлика дали е празник, нова година или слично.
На тоа уште еднаш препрашав дали Пелагонија експрес сообраќа од 17:10 часот, на тоа исто така добив позитивен одговор.
Исто и на распоредот на сајтот на железница стои дека воз во 17:10 часот има за Битола.
Денес одам на железничка, таа на билетарата ми вика пелагонија експрес е укинат пред 1 година. Одам на информации, таа таму ми вика укинат е пред 5 месеци. А на телевизорите стои информација дека во 17:10 ќе поаѓа воз за Битола.
И на информации таа уште ми се сили, ме прави будала, не сум знаел ја што сум прашал, врска сум немал.

И онака се најбедно претпријатие во државава, во новава 2016 година им посакувам да се распаднат и засекогаш да престанат да постојат како претпријатие.
Не си единствен, пријателе. Јас пак пред некоја година ,за Скопје ќе патував со возот од Кочани во 7:50, но не тргнал. Во 7:30 помина Пелагонија Експрес. Беше повеќе од осум часот кога во Велес ја добија информацијата дека возот не тргнал, и дека патниците можеле да се качат во Пелагонија, но мнооогу доцна дознаа од станицата, а имаше премногу патници. Сите тргнаа кон автобуската станица.

Друг случај пак, да патувам за Скопје во недела со возот од Кочани. Прашав за велес кога има воз, но имало од Скопје дури во 15:20 (Кочанскиот). Си дојдов во Велес. Точно по возниот ред во 15:15 помина возот од Битола. Сега, што толку ме нервира, во неделите, еднаш сообраќа Бт-Ск, а еднаш Ск-Бт. И не знам кога кој воз кога ке сообраќа. Толку сум револтиран од МЖ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1165 Posted: 10-Jan-2016 at 16:13
Капитални проекти во железницата

Годинава со повеќе пари ќе се поддржи и железничкиот транспорт. Македонија ги добива новите патнички гарнитури, товарните вагони се влезени во промет, со што значително се подигна квалитетот на овој начин на транспорт. Предвидени се и пари за реконструкција на железничките станици.

-За модернизирање на постојната железничката инфраструктура ќе продолжи реконструкцијата на железничката пруга на Коридор 10, финансирана со заем од ЕБОР, при што во рамките на овој проект се врши ремонт на последната делница. Предвидени се средства и се реализацијата на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга (Коридор 8), на делница Куманово – Бељаковце- Крива Паланка, финансирана од ЕБОР, пишува во описот на буџетот.

Планираните инвестиции во железницата треба значително да го подобрат протокот на патници и на стоки, да ги намалат трошоците за одржување на железничката пруга, да обезбедат посигурен и поефикасен сообраќај.
http://denesen.mk/web/?p=391763
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1166 Posted: 01-Mar-2016 at 13:16
Eve mnogu odgovori vo vrska so zeleznicata. Intervju so директорот на Македонски Железници Транспорт Никола Костов.

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1167 Posted: 05-Mar-2016 at 17:47
Железницата и авиосообраќајот главни добитници кај транспортот во 2015 година

Бидејќи на сите статии досега на Билд.мк им било пристапувано критички и разработувани малку поаналитички од просто искажување на бројки, малку ме зачуди насловов.

Да, можеби железницата доживеала раст во бројот на патници, но каде и какви се прашањето? Дали растот доаѓа од илјадниците мигранти, или пак од државно потпомогнатите викенди за млади и пензионери?

Воедно, токму денеска ВМРО и нивниот министер се провозеа уште еднаш до Велес со новиот воз, демек за уште можност младите да возат. Верувам дека 90% од реалните млади не ни слушнале за ова, но еве уште еден викенд, браво, добра одлука, ја поздравувам, но еве ви и уште една случка, од баш истиот ден. Токму денес, железницата саат и пол бараше воз кој би го испратила за Битола, оставајќи стотина луѓе на утринскиот студ, токму на Задушница, кога се знае дека многумина одат во своите села за празникот и кога се знае дека ќе има гужва и кога се знае дека побогу треба да има воз, како и секое сабајле, но ете, само доказ за состојбите во железницата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1168 Posted: 27-Mar-2016 at 10:27
Од фејсбук групата Клуб на љубители на железниците во Македонија

Реконстркција на железничкото депо „Лисиче“

Со проектот е предвидено да се инсталира нов систем за изолација на покривната конструкција, надворешни врати, нови надворешни светларници, ќе изведе нова надворешна и внатрешна фасада, под, преградни ѕидови, лед – осветлување, систем за надворешно осветлување, противпожарен систем, громобран...

https://www.facebook.com/%D0%9A%D0%BB%D1%83%D0%B1-%D0%BD%D0%B0-%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-Macedonian-Railways-Fan-Club-767277056651521/?fref=photo
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1169 Posted: 06-Apr-2016 at 17:39
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=94442 Зарем е можно да постојат вакви животни ? што му фали сеа на некој возот па да го оштетува ? по која основа го прави тоа , на кој сака да му докаже нешто не ми е јасно ? значи уште еднаш се докажува дека за македончето не е ништо да направиш , за него само мотиката дај му а стапот удри по грб и една корка леб цел ден нека глода и ништо да не види повеќе од тоа , срамота и ужасно е тоа што се прави , немам зборови веќе што да кажам , беда од народ сме биле и бедни ке останеме !
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1170 Posted: 12-Jun-2016 at 15:32
Добар начин на „рециклирање“ на дрвените прагови од пругите Во скопското село Кучково.

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1171 Posted: 21-Jun-2016 at 16:14
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 453
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1172 Posted: 21-Jun-2016 at 18:06
Btw, завршено ли е освежувањето на железничката станица во Скопје? Толку демек?
Back to Top
marfimk View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 75
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #1173 Posted: 26-Jun-2016 at 11:12
 Еден интересен клип за американската железница Union Pacific. Има и објаснување за различните видови на вагони што се користат:

https://www.youtube.com/watch?v=tblC-NXzECM

(не знам дали е баш за оваа рубрика)
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #1174 Posted: 01-Aug-2016 at 00:47
Еве нешто за велосипедите во македонските возови.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=D0294403FDF6B041A44E56638EA7F0AC
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #1175 Posted: 02-Aug-2016 at 08:46
Ја укинаа можноста да се внесе велосипед, зашто немало технички можности, а сега одеднаш може да се внесе ама ако дадеш 177 денари. Не ми е јасно каква логика е ова да даваш 177 денари за точак, па подобро такси ќе си земеш од железничка отколку со точак да одиш. Како човек да плаќаш внатре што се вози. Знам дека во други земји се доплаќа за ваквата можност, ама барем се добива вистински простор за возилото.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1176 Posted: 02-Aug-2016 at 09:31
Раководните лица на Македонски железници се ГЕНИЈАЛЦИ! Замислете сега, најголем дел од услугата за користење на велосипед во возовите би ја користеле лица од околните градови, на пример Велес. Овие лица работат во Скопје и патуваат секој ден до главниот град. Повратна карта Скопје-Велес 180 денари со воз. Повратна карта за велосипед 354 денари по ден.

Како викаше оној нивниот, НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1177 Posted: 17-Aug-2016 at 16:57
Балканот - како и секогаш - црна дупка

За сè има вторпат
Back to Top
katani View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Jan-2013
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote katani Quote  Post ReplyReply #1178 Posted: 18-Aug-2016 at 06:54
И до нас ще стигне все някога!

Edited by katani - 18-Aug-2016 at 06:54
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #1179 Posted: 18-Aug-2016 at 19:42
Може да стигне -ама на върба както казватLOLLOLLOL
Back to Top
katani View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Jan-2013
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote katani Quote  Post ReplyReply #1180 Posted: 19-Aug-2016 at 12:44
Я, бъди по-позитивен...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5758596061>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.