build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 66676869>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1341 Posted: 05-Oct-2021 at 13:36
Не вложуваат србите,туку европјаните.Го држи асот во ракавот Вучич не е глуп прво да вика оп па да скока како нас,и цица ли цица дур не дојде време за признавање на косово и метохија.Буквлно исто владее како Груевски,го копира до безкрај и до сега тоа му дава резултати. Лошо за нас е што ги собираат сите инвеститори,овде на буржуите малку им беа 15.-16.000 плата(што е стварно малку да се разбереме) ама сега пак нема никакви инвестиции...а ако за нешто бил во право поранешниот премиер тоа е фактот дека само преку голема запосленост/конкуренција се доаѓа до повисоки плати односно повисок стандард,нема магичен начин преку ноќ. Ова го кажувам заради тоа што ако нешто и е потребно на Македонија тоа се брзи пруги,место да купуваа споменици и врби можеа да се фрлат на градење пруги,на долга патека сите ќе ги благословуваа сега....вака,како што е во моментов црно ни се пишува.

Од политичарите не очекувам апсолутно ништо,само полошо и полошо станува,нула капитални проекти,сум го забележал оној Николовски од опозицијата дека неколку пати ја спомнува состојбата во железницата,ветува дека од Скопје до Солун ќе се стига за 2 и пол саати,дека тие ќе градат брзи железници итн итн...само не знам како и КОГА ? На власт не верувам дека смеат/можат да дојдат,на локалниве понудата е никаква,а моменталните не ни спомнуваат пруги и брзи возови.

После пописов,верувам дека неколку села ќе се избришат и ќе се намалат станиците за застанување,барем некое "добро"
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1342 Posted: 05-Oct-2021 at 20:19
Возовите не застануваат во тие села за кои викаш дека со новиот попис ќе биле избришани, туку затоа што има луѓе што одат таму, без разлика од која причина, а тие луѓе одат таму и сега и после и не се жители во тие села.

Во Македонија најпрвин треба да се мрдне од мртва точка во поглед на возниот парк, бидејќи МЖ моментално не го одржува ниту постојниот возен ред поради недостиг на локомотиви, па камоли за нешто повеќе.

Со инвестиции од типот повеќе гарнитури и локомотови, обнова на Колска во Велес, нов возен ред и осмислување на подобра поврзаност на станиците во градовите до нивните центри, далеку повеќе луѓе ќе ги користат услугите на железниците, макар и да не одат 200 на саат.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1343 Posted: 06-Oct-2021 at 13:18
Епа ако европјаните вложуваат зошто не дојдат и кај нас малце да помогнат, па да се среди колку толку железницата??? Или ние тука само слугуваме на Европа и Америка и како глупави правиме што ќе ни наредат... ако е за тоа, ондак чао пријатно не ни треба Европа си има алтернативи како појас и пат (кина), и многу други опции... па башка и Кинезите се заинтересирани да инвестираат овде (пристаништето во Солун е нивно).

Инаку да, требаат и нови возови. За жал неквалитетноста, малиот број на искусни кадри (квалитетен кадар ни бега во странство), и немаме кој да ни ги оддржува возовите како што треба. Знам дека Вучич не се замара, ама барем Србите колку толку во споредба со нас ги бива. Повеќето нивни возови им се изреновирани, изгледаат функционално, вршат работа. Секако они имаат и највеќе наследено од Југославија и тоа не треба да се заборави. Поентата ми е дека само ние од сите други екс - ју држави најлошо си го оддржуваме возниот парк, и после ќе немаме соодветни возови, епа ќе немаме.

Џабе и TGV да земете, кога нашиве пруги не ги бива ништо не правиме.

Затоа најпрвин:

- Средување на сите проблеми во МЖ
- Темелна реконструција / реновирање на веќепостоечките пруги (+ електрификација каде би требало, како на пр. од Велес до Прилеп - Битола, па може и до Грчка граница)
- Купување на нови гарнитури. Овде најдобро би било да се земе нешто поквалитетно, како Siemens на пр. бидејки тие се имаат покажано добро на пазарот. Србите имаат земено од Stadler и им вршат добра работа. Јас кинеско не би земал пак, гледајки за колку брво новиве возови пројавиа проблем ( и еве ги сеуште неможат нашиве трупци да се договорат кога да дојдат од чина да ги средат...)
- Реновирање на веќепостоечките патнички гарнитури. Следејки го примерот на доста земји (особено од Источна Европа, па и овде Балканот), ќе треба да си ги средиме веќепостоечките патнички гарнитури, да се доведат на по - модерен и функионалелен стандард.
- Купување на неколку нови патнички гарнитури. Ова ќе помогне исто така, може да се искомбинираат нови патнички гарнитури со реновирани стари. Еве гледам неодамна маџарите си земале неколку нови патнички гарнитури, а старите си ги имаат реновирано онака темелно и им има испаднато добро.
- Отстранување на линии кои што не носат профит, воведба на нови линии, градска железница (ова ќе е мала инвестиција која што ќе и донесе на МЖ големи пари, тоа и Clover го заклучи. Буквално треба само 2 -3 км линија до Аеродромот и неколку станици да изградат, и толку.)

Па после, кога ќе почне железницата пак да се користи, довербата кај граѓаните во врска со железницата да расте, и да се прави профит, е дури тогаш можеме да размислуваме за нови линии (брза пруга, итн...) по модерни стандарди.

Инаку, можам јас да направам една мапа, со моја визија за некаква си брза железница на коридор 10. Ќе видам како ќе испадне, имам нешто замислено. Ако ја направам, ќе ви пратам слики и линк да погледнете.

Со малку здрав разум, тактики, паметно размислување можеме да си ја спасиме железницата, само некој (т.е. некои) очигледно нејќат државата да ни тргне напред, и обожаваат да шират лаги и празни ветувања. Ситуацијата оди само на полошо, народ бега, утре којзнае дали ќе има и доволен број на машиновозачи...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1344 Posted: 28-Oct-2021 at 17:04
Либерализацијата на железничкиот превоз се одложува до крајот на 2022 година

Усвојувањето на пакетот на Законите за железници што го регулира прашањето на либерализација е одложено до декември 2022 година, информираат за Мета.мк од Владата на РСМ. Исто така, за евентуалното реструктуирање на Железници на РСМ – Транспорт, како најголем државен загубар, ќе се чека на завршување на анализата за преструктуирање, која во моментов се изготвува.

„Во овој момент консултантска куќа работи на изработка на бизнис сегментација на претпријатието и сè додека не се изготват моделите на преструктуирање на тоа претпријатие не може да се зборува за отворање на пазарот. Очекуваме следната година оваа анализа да биде изготвена“, велат од извршната власт.

Ваквиот одговор од Владата следува откако Европската Комисија и во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година побара имплементација на реформи во железничкиот сектор, кои би значеле губење на монополот на Железници на РСМ – Транспорт во однос на организирањето на железничкиот сообраќај.

Европската Комисија бара да се отвори пазарот преку влез на нови транспортни компании што ќе може да сообраќаат по нашите пруги. Либерализацијата во делот на железничкиот превоз е барање на ЕУ старо речиси една деценија наназад и досега било наведено и во претходните извештаи на Европската Комисија.

Бизнис сегментацијата на Железници на РСМ – Транспорт би подразбирала поделба на претпријатието на посебни фирми за товарен и патнички железнички сообраќај, по примерот на реформите кои веќе ги имаат направено и земјите од регионов – Хрватска, Србија, Црна Гора, Романија и други. Наспроти ова, Грција целосно го приватизираше државното железничко претпријатие уште пред неколку години.

Владата и премиерот Зоран Заев пред една година најавија можност за воспоставување на јавно-приватно партнерство или приватизација на Железници на РСМ – Транспорт, но ваквиот потег ќе се пролонгира со најновата владина одлука да се почека студијата за бизнис сегментација на државното железничко претпријатие.

Инаку, главниот проблем со којшто се соочува Железници на РСМ – Транспорт, а со тоа и функционирањето на железничкиот превоз во земјава, е натрупаниот долг на претпријатието, а којшто вклучува долгови со камати во висина од неколку милиони евра кон Хрватските и Бугарските железници создадени во текот на 90-тите години на минатиот век. Поради сериозната висина на вредноста на каматите кон овие долгови кон Хрватските железници, самото претпријатие уште на почетокот од годинава предупреди дека постои опасност од присилна наплата на долговите.

https://meta.mk/liberalizacijata-na-zheleznichkiot-prevoz-se-odlozhuva-do-krajot-na-2022-godina/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 879
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1345 Posted: 29-Nov-2021 at 23:56
Железницата трупа милионски загуби

Лани претпријатието отишло во загуба околу 7,5 милиони евра. Според бизнис планот за 2021 година, АД Железници -транспорт планира речиси иста толкава загуба и за оваа година, анализираат „Пари“.

МЖ-Транспорт има огромни обврски кон странски железници и кон добавувачите. Заклучно со ноември 2020-та,доспеаните неплатени обврски изнесувале 58 милиони евра, дел од нив се од минатиот век.

Во загуба е и Железници -Инфраструктура. Акумулираната загуба на јавното претпријатие, заклучно со 31.12.2020 година е 54 милиони евра! Притоа, неизмирените обврски на крајот од минатата година биле речиси 38 милиони евра.

офф нет и Пари.мк

Edited by hcitrS - 29-Nov-2021 at 23:58
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1346 Posted: 30-Nov-2021 at 18:02
За седум дена Железницата претрпе штета од 20 милиони денари

Штрајкот на машинскиот персонал во железницата, кој си ја бара својата октомвриска плата, секој ден на македонското стопанство му носи милионски штета. „Според груби пресметки, штетата од стоењето на товарните возови за седум дена изнесува околу 20 милиони денари за Железницата, а штетата пак, која ја трпи стопнството, е голема“, изјави за МКД.мк Милчо Смилевски, директор за товарен сообраќај во МЖ транспорт

Смилевски вели дека станува збор за симулација на штетата за МЖ транспорт за седум дена и додава дека една пресметка е кога станува збор за приватни вагони кои стојат, а друга за вагони на железницата.

Тој вели дека не би можел да зборува за штетите кои ги има стопанството поради штрајкот, но нагласува дека сигурно се големи бидејќи застанува или е забавено производството во компаниите кои не ги добиле планираните стоки и суровини неопходни за производствениот процес или за транспорт на готови производи кон пазарот. Илустрира дека Макстил, Макпетрол, Либерти стил и други големи компании зависат од транспорт со железнички вагони

Тој додава дека проблемот со загубите би се надминал ако годишно се превезуваат 4 милиони тони, колку што изнесувал транспортот во 2006 година кога тој бил директор на МЖ транспорт.

„Со толкав обем на работа не би зависеле од никого, би се покриле расходите и би имале приход. Секако дека работиме на тоа да го зголемиме обемот на превоз, преговараме со дел од коминтентите, како со Колска и Макстил, со цел со поголем број на композиции и вагони да се транспортираат суровини, зашто дел од транспортот се одвива и со камиони, што е поскапа варијанта за стопанството“, вели Смилевски за МКД.мк.

Инаку, штрајкувачите го бараат вториот дел од платата за октомври, а штрајкуваа и претходниот месец, кога исто така им доцнеа платите. Железницата е сопственост на Владата и веројатно се прават калкулации дали е можно проблемот со работниците да се реши, имајќи предвид дека парите за плата се сигурно помали отколку штетите кои на дневно ниво се со милионски износи.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/smilevski-za-sedum-dena-zheleznicata-pretrpe-shteta-od-20-milioni-denario
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1347 Posted: 01-Dec-2021 at 14:03
Загубарот „Железница“ ќе купува лимузина што сама се паркира, планира да потроши до 68.000 евра

Железница ќе се подновува со ново возило, но не со воз, туку со патнички автомобил. Во огласот на Бирото за јавни набавки стои дека претпријатието ќе купи лимузина. Планира за возила да потроши до 68 илјади евра, па дури е наведен и видот на дизел-мотор, односно ТДИ, но тој е препознатлив само за одреден бренд на возила. Во техничката спецификација за набавката нема цена, но стои дека автомобилот треба да биде до 2 илјади кубни сантиметри со минимални 147 коњски сили. Треба да поседува осум степен автоматски менувач, да препознава замор кај возачот, да предупреди кога ќе се напушти коловозната лента, стартување без клуч, но и да може сам да паркира. Но, тоа не е сè:

Техничка спецификација:

Паркинг сензори
Задна паркинг камера
Навигација
Година на производство 2021

Понудите треба да бидат доставени најдоцна до 15 месецов. Не се планира електронско наддавање кое би значело зголемена конкуренција или пониска цена. Инаку, загубите во железничкиот транспорт во земјава достигнаа 8,3 милиони евра. Во превозот на патници, загубите на железница само за лани се над 700 илјади евра додека во транспортот на стоки над 2,3 милиони евра. Железници пред три години доби позајмици од државните МЕПСО и ЕЛЕМ за исплата на плати. МЖ – Транспорт е едно од претпријатијата за кое премеирот Зоран Заев најави дека би можело да се приватизира.

https://alsat.mk/mk/zagubarot-zheleznitsa-ke-kupuva-limuzina-shto-sama-se-parkira-planira-da-potroshi-do-68-000-evra/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1348 Posted: 01-Dec-2021 at 14:27
Па што се уште 68.000 евра на веќепостоечките 8,3 милиони евра...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1349 Posted: 24-Dec-2021 at 16:08
УТРОВО ВО 7 ЧАСОТ ТРГНАЛЕ ЗА БИТОЛА И СЀ УШТЕ ПАТУВААТ Возот од Скопје доцни веќе цели 5 часа!

Патничкиот воз со број 641 кој се сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, сè уште не е пристигнат, објави Тера.

Патници од возот изјавиле дека најпрво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.

Од железничката станица во Битола истакнале дека возот сè уште не е пристигнат и дека немаат информации кога ќе пристигне.

Во меѓувреме, во 14:30 часот, возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.

https://plusinfo.mk/utrovo-vo-7-chasot-trgnale-za-bitola-i-s-ushte-patuvaat-vozot-od-skop-e-docni-ve-e-celi-5-chasa/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1350 Posted: 26-Jan-2022 at 15:32
ЖЕЛЕЗНИЦАТА ВО ПРЕКИН, ФАЛИ ПЛАТА Се преговара за вториот дел од парите за декември

Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“. Како што изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата.

Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.

– Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата – нагласи Чакаровски.

Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговори дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“.

Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец. Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.

https://plusinfo.mk/zheleznicata-vo-prekin-fali-plata-se-pregovara-za-vtoriot-del-od-parite-za-dekemvri/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1351 Posted: 08-Mar-2022 at 14:05


https://www.facebook.com/photo/?fbid=458179565701176&set=a.217916909727444
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1352 Posted: 08-Mar-2022 at 19:44
Koi se tie 18 (da ne recam 36) megunarosni linii koi soobrakaat preku Srbija?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1353 Posted: 08-Mar-2022 at 20:02
Не пишува линии, туку возови. Неколку возови дневно кон Црна Гора, по нешто кон БиХ, има доста за Унгарија, и оние кон Македонија, Бугарија и Романија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 879
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1354 Posted: 09-Mar-2022 at 02:58
Во екс-ју терминот "меѓународно" е доста амбивалентен. Пред 4-5 години, во Љубљана на автобуска билетите за Македонија се продаваа на шалтерот "Домашни линии", нз дали е тоа се уште така

Edited by hcitrS - 09-Mar-2022 at 03:00
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1355 Posted: 11-Mar-2022 at 11:22
Железничкиот сообраќај во прекин

Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт" требал да го добие заклучно со вчера.

Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.

Чакаровски објаснува дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

https://kanal5.com.mk/-zheleznichkiot-soobrakjaj-vo-prekin/a520478
Carpe diem
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #1356 Posted: 06-Apr-2022 at 19:38
некој да знае, да ме упати кај некој студент од градежен, на една особа и треба помош за елаборат по Железници,стационажи,нулта линија нивелети, основни работи....нормално ќе си плати...благодарам
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #1357 Posted: 17-Jun-2022 at 20:05
Наскоро воз од Скопје и Битола до Солун, Лептокарија и Платамона?

https://libertas.mk/naskoro-voz-od-skop-e-i-bitola-do-solun-leptokari-a-platamona/
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1358 Posted: 19-Jun-2022 at 22:22
Нешто Штадлери од Београд Центар станицата...патот до Нови Сад и назад не е со максималната брзина од 200 км/ч, туку со некој 150-60 , а сепак добро за 35 мин.


Инаку, стандардни проблеми... на апликација на Србијавоз не е можен пристап од странство поради внесување задолжително телефонски број (само +381), на станица во НС од 3 шалтери на 2 табла *не ради*, на последниот ликот не бил шалтераш, случајно затекнат, али сепак за дел од редот даде карти...
Во Белград можат слободно да го вратат старото име на станицата, Београд Центар е некако нелогично со оглед каква е дистанцата и поврзаноста кон центарот.
Ама генерално далеку подобро од овде, внатре во возовите ситуацијата, тивко и чисто, со велосипеди, инвалидски колички, колички за деца, превоз на 30-40 мин. и интересна опција имаат и пиво да нарачаш


Edited by Тркало - 19-Jun-2022 at 22:23
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1359 Posted: 29-Jun-2022 at 12:41
ВОЗОВИТЕ ДОЦНАТ СО ЧАСОВИ, ОД МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ВЕЛАТ ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ МОРА ДА ВОЗАТ ПОСПОРО

Поголемиот дел од патничките возови на Македонски железници последните десетина дена возат со големо задоцнување. Патниците реагираат дека доцнењето е со часови, а не со минути како досега. Минатиот вторник, патничкиот воз од Скопје до Велес задоцнил за 2,5 часа односно наместо во 17.40 во Велес пристигнал во 20.15 часот. Саботниот вечерен воз од Битола во Велес пристигнал околу 23.30, иако по возен ред треба да е на станицата во 21 часот. Во неделата попладне патничкиот воз од Гевгелија кој во Велес пристигнува во 18,40 допатувал во 20 часот.

„Патувањето со воз стана како авантура, не знаеш кога ќе тргнеш, ниту кога ќе стигнеш. Не е ни малку пријатно на пусти станици да се чека со саати на жешкото сонце“, велат патниците.

Тие сведочат дека има случаи кога возовите се расипуваат, како што било со патничкиот воз од Скопје минатиот вторник, кој се расипал на железничка станица Зелениково и се чекало да дојде друг да го замени.

Велешанка која од Австралија дошла дома по 15 години, во сабота сакала со воз да патува до Скопје.

„По редот на возење воз има на пладне кога стигнав на железничка. Но воз немаше, а ми рекоа дека нема ни да дојде па се вратив назад“, вели велешанката и додева дека во минатото вакво нешто не ѝ се случило.

И додека патниците посочуваат примери дека дел од возовите се расипуваат, од МЖ Транспорт велат дека причина за доцнењето се високите температури.

„Доцнењата се директно и индиректно поврзани со ограничувањата на брзината на возовите на пругите на македонските железници од страна на ЈП Инфраструктура, поради високите летни температури. Тоа значи дека од 12 до 19 часот сите возови сообраќаат со максимална брзина од 50 километри на час, а од 19 часот до следниот ден до 12 часот со 70 километри на час. Продолжените возни времиња го зголемуваат времето на патување, ги крати технолошки предвидените времиња во обртни станици и го нарушува возниот ред на возовите, што само по себе доведува помали или поголеми задоцнувања на овие возови“, соопштија од АД МЖ Транспорт.

Од година во година се намалува бројот на патници кои ги користат услугите на Македонски железници поради помалиот број на железнички линии, но и доцнењето и лошите услови за патување. На прашањето кога ќе продолжат со сообраќај патничките возови до Кочани и Кичево, кои една година не сообраќаат, од МЖ Транспорт не одговорија.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vozovite-dotsnat-so-chasovi-od-makedonski-zheleznitsi-velat-poradi-toploto-vreme-mora-da-vozat-posporo/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1360 Posted: 14-Jul-2022 at 17:18
Половина железнички линии запрени, расипани локомотиви, нема возачи

Во целава земја само три железнички линии се активни за превоз на патници. Линиите кон Табановце, Кичево и Кочани воопшто не функционираат. Линиите за Кичево и Кочани се неактивни поради недостиг на возови, а линијата кон Табановце поради недостиг на машиновозачи, велат властите. Линиите од Скопје кон Битола, Велес и Гевгелија се активни, но возовите се ретки.

Ако ви избегал возот треба да чекате најмалку 2-6 часа за да пристигне другиот. Ова е една од причините зошто граѓаните го избегнуваат железничкиот превоз, поради долгите чекања. Нивниот повик е да има почести линии од овој вид на превоз.

Во време на поскапување на горивата, граѓаните почнаа да им се враќаат на возовите. Но, оние кои патуваат подалеку велат дека за мала работа во Скопје, цел ден им поминува во чекање по станици.

Од јавното претпријатие „Македонски железници – Транспорт“ велат дека имаат проблеми со резервни делови за возовите. Според нив, периодот за доставување од произведувачот е доста долг, бидејќи употребувале стари возови за кои често пати нема делови. Од претпријатието вината ја префрлаат врз компаниите кои го добиле тендерот за снабдување со резервни делови, а проблем има и со недостиг на пари.

https://alsat.mk/mk/polovina-zheleznichki-linii-zapreni-rasipani-lokomotivi-nema-vozachi/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 66676869>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.399 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.