build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Железници (општо)
    Posted: 28-Dec-2007 at 22:37
Инаку транспортот на стоки расте со голема стапка веќе подолго време и носи убав приход Cheers

http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23157&kategorija=%C5%EA%EE%ED%EE%EC%E8%BC%E0

ЖЕЛЕНИЗЦАТА ТРАНСФОРМИРАНА И БЕЗ НОВИ ДОЛГОВИ



ЈП Македонски железници ја заврши 2007 со позитивни резултати. Најголемиот македонски загубар оваа година не направи нови долгови. Во 2008 влегува со долг од 13 милиони евра откако претходно 70% од долговите презеде Владата.
Годинава ЈП МЖ се подeли на две фирми. Tрансформацијата конечно тргна откако со години се одолговлекуваше. Со овој проект денеска се пофали и Mинистерството за транспорт. Инфраструктурата остана државна, транспортот е АД, но од нова година создадени се сите законски услови овој сектор целосно да се либерализира.
Железницата останува еден од приоритетите и до година. За 2008 предвидени се речиси три милиони евра за инвестиции во железничката инфраструктура. Покрај железничкиот ќе се модернизира и патниот сообраќај односно дел од патиштата ќе одат под концесија. До март треба да биде готова студијата на консултантот Луи Берже.
Во 2007 Министерството почна, до крајот на првата половина од 2008 и ќе ги заврши реформите во воздушниот сектор. До март ќе заврши и трансформацијата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а изработен е и план за модернизација на аеродромите.

НАТАША ХАЏИСПИРКОСКА СТЕФАНОВА



Edited by Cloverstack - 20-Feb-2009 at 00:31
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Apr-2008 at 21:58
Денес 09.04.2008
135 ГОДИНИ НА МАКЕДОНСИ ЖЕЛЕЗНИЦИ

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Apr-2008 at 23:14
Opaa, imalo torta.....sho ne vikas be   Wink 
Aj sreken rodenden...... ja odam mi se jade... Drool
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Apr-2008 at 01:04
Можеле бар тортава да ја сконтаат како локомотива!!!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Jun-2008 at 16:03
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Jun-2008 at 16:26
.
...пардон сме имале и мозок, најверојатно ни фали поддршка за истиот...

...
19.12.2006
Македонски систем за сопирачки ќе се вградува во европските возови. За изумот на година 2006-та на Христијан и Иван Мицковски веќе се заинтересирале германски производители.
Станува збор за автоматски менувач на притисок на воздух во сопирачките кај шинските возила.
...





Edited by beTon - 30-Jun-2008 at 15:54
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Jun-2008 at 21:40
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Jun-2008 at 12:06
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Sep-2008 at 07:25

ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ


Бројот на патници зголемен за 21,5 насто


Бројот на патници во железничкиот превоз во второто тримесечје од годинава е зголемен за 21,5 насто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Во април, мај и јуни бројот на превезените патници во патниот патнички превоз изнесувал 2.421.000, а во градско-приградскиот 16.543.000, за овој период со авион патувале 169.178 патници.
Во истиот период споредбено со второто тримесечје од 2007 година, количеството на превезената стока во воздухопловниот превоз е зголемено за 14,4 отсто, во железничкиот превоз за 4,1, додека во товарниот патен превоз за седум проценти.

 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Dec-2008 at 08:28
 

Фабриката „Колска“ не се продава

ВЕЛЕС - По двата неуспешни тендера за продажба на велешката фабрика за шински возила „Колска“, Владата не планира повторно да ја продава.

„Таква одлука не сме донеле, ако биде донесена, ќе ве информираме“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, при посетата на единствената фабрика за сервисирање на возовите на „Македонски железници“ во државава.

Тој ја посети фабриката за да види какви се условите за работа и дали има капацитет да реновира триесет патнички вагони. Министерот смета дека ќе се обезбеди доволно работа за „Колска“ чии вработени се жалат на ниски плати и лоши услови за работа.

„Фабриката мора интензивно да работи. Повеќе да се мисли на работа отколку на штрајкови“, им порача Јанакиески на работниците. Тој не се сретна со синдикалците кои бараат да им бидат исплатени трите заостанати плати и придонеси. Јанакиески рече дека добил уверување од директорката дека до Божик ќе им бидат дадени две плати, а во текот на следната година и последната.

„За нас најголемото ветување е дека ќе имаме работа. Немавме работа во патничкиот дел лани, а половина од луѓето се вработени таму. По ова ќе има можност да бараме нови 15 луѓе“, нагласи Фани Стојановска, управителка на „Колска“.

Јанакиески најави дека државата ќе вложи два милиона евра за подобрување на условите во железничкиот сообраќај и ќе набави 50 нови вагони и локомотиви за да се забрза превозот на патници и стоки.
(С.Ќ.Н.)

 


Edited by Cloverstack - 20-Feb-2009 at 01:18
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Dec-2008 at 01:20
 

Кризата го преполови транспортот

Превозот со железницата последново тримесечје е намален за 30 отсто, а голем број камионџии седат дома наместо да возат по европските патишта


Превозниците се најмногу оштетени од намалениот обем на работа на металуршките компании

Глобалната криза им ја преполови работата на Македонски железници и на патните превозници. Се проценува дека транспортот со железницата само последново тримесечје е намалено за 30 отсто. Во „Макамтранс“, здружение на камионски превозници, велат дека во други години во ноември и во декември најчесто недостигале слободни камиони за да се извршат сите нарачки. Сега голем дел од камионџиите седат дома наместо да возат по европските патишта. Околу седумстотини камионџии стравуваат дека ќе останат без возилата или становите што ги заложиле како хипотека за кредит за новите камиони што ги купиле годинава.

Превозниците се најмногу оштетени од намалениот обем на работа на металуршките компании „Фени“, „Силмак“, „Макстил“ и „Арцелор Митал“. Железницата и камионџиите се главните испорачатели на нивните производи и репроматеријали на пазарите на Европската Унија, а е замрен и внатрешниот сообраќај.

- Во ноември лани превезовме 58 милиони нето-тон на километар, а годинава само 45 милиони. Состојбата во декември е уште полоша. Во декември 2007 година остваривме транспорт на 54 милиони нето-тон на километар. Месецов постигнавме само 19 милиони и не верувам дека до крајот на месецов ќе ја подобриме состојбата - вели Благоја Крстевски, директор на Македонски железници - Транспорт.Покрај глобалната криза, железницата има штети и од штрајкот на вработените во Солунското пристаниште, кое трае речиси една година. Крстевски тврди дека поради сите проблеми, им се натрупале многу неплатени обврски.

- Поради рецесијата обемот на работа ни се намали за 50 отсто. Како се намалуваа извозот и увозот на Македонија, така опаѓаа нарачките за транспорт на стоки. Најмногу изгубивме со намалениот обем на работа на „Силмак“, „Фени“ и „Макстил“ - вели Билјана Муратовска, претседател на „Макамтранс“.

Според неа, од крајот од минатата година досега превозниците, со лизинг и кредити, купиле 700 нови возила. Камионџиите засега редовно ги исплатувале своите обврски кон кредитните институции бидејќи поради задоцнетото плаќање на извршените услуги се' уште имаат приходи. Но, проблеми ќе се јават од јануари и од февруари в година, кога ќе секнат изворите на исплата, па тие нема да можат да ги плаќаат месечните рати. Затоа уште отсега стравуваат дека банките ќе почнат да им ги одземаат возилата издадени на лизинг, а тие што како хипотеки ги оставиле своите станови може да останат без нив. Транспортните камиони со приколка чинат од 120 илјади евра до 200 илјади евра. Месечната рата за нив се движи од 1.600 до 2.500 евра.Според Државниот завод за статистика, индустриското производство, во кое металургискиот сектор има високо учество, се намали за 9,9 отсто споредено со истиот месец лани. Во октомври дефицитот во трговската сметка се искачи на 2,4 милијарди долари.

ИНФО-Патишта без камиони

Транспортот на стока во Македонски железници во последните два месеца е намален за 30 отсто. Во декември 2007 година железница остварила 54 милиони тон по километар, а месецов само 19 милиони. Работата на патните транспортни компании е преполовена поради помалиот обем на нарачки на металниот сектор.Околу седумстотини камионџии стравуваат дека ќе останат без возила и станови што ги заложиле како хипотека на кредит за новите камиони што ги купиле годинава

 
 


Edited by Cloverstack - 19-Feb-2009 at 23:55
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 17-Dec-2008 at 11:36
Текстот во Дневник загрижува, намалувањето на товарниот сообраќај ќе создаде нови загуби на железницата. Мислам дека претпријатието годинава ќе навлече некој милион евра загуби, а?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Dec-2008 at 14:46
Би сакал да ви го представам кај нас малку познатиот гигант  МЗТ Хепос,
водечки производител на сопирачки системи за шински возила, дел од италианската корпорацијата Poli SpA кој е од скоро дел од мегународната америчка корпорација Wabtec corp.



Иначе само за потсетување, најпрестижниот воз на светот Orient Express, ги има сопитачките со македонски бренд.

Повеќе на нивните линкови:
http://www.hepos.com.mk/
http://www.polibrakes.com/english/company.htm
http://www.wabtec.com/home.asp

Така да не сме ние некои „македончиња“



Edited by Vladimir P - 26-Dec-2008 at 14:47
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Dec-2008 at 00:11

Возовите им запираат на автомобилите

Наместо автомобилите, возовите стојат пред железничките премини. Оваа слика, која се' почесто се гледа, ги изненадува учесниците во сообраќајот, раскажуваат возачите што биле сведоци на премините на железничката пруга кон Кочани.

- На магистралниот пат кон Штип, во близината на Лозово, има неколку необезбедени железнички премини. На истите во неколку наврати видовме: кога возот ќе наиде, застанува и ги почекува возилата да поминат, па го продолжува патувањето - тврдат возачи.

Истиот случај бил и на излезот од Велес, кај Железен мост. Од ЈП Македонски железници - Транспорт го потврдуваат тоа и велат дека го прават во интерес на безбедноста.

- Кога возачите не сакаат да застанат кога ќе наидат на знак што најавува дека има железнички премин и не го почитуваат, тогаш мораме ние. Според нашиот правилник, стар 50-ина години, ги потсетивме моторовозачите да запрат на необезбеден премин. За да не дојде до трагедија, подобро е возот да застане, кога колите не го прават тоа, иако ние имаме првенство на минување - велат од МЖ Транспорт. Тие побарале од моторовозачите да ги пуштаат сите возила да го минат преминот, по што тие го продолжуваат патувањето.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=29803279E24D8D4CB6216BB164DF71A8
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-Jan-2009 at 14:54
Новата веб страна на МЖ-Инфраструктура



http://mz.com.mk/Default.aspx

Изработено од Теранет Солуции http://www.teranetsolutions.com/

Ја немам коментар, а виe !

Edited by Vladimir P - 14-Jan-2009 at 23:24
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Jan-2009 at 15:01

Applauseконечно промена, добро и чисто изработена!

само мислам дека можело или да ја флешираат малку со по некоја рамка или 3д лого или пак целата во flash да ја стокмат наместо во php, сепак во однос на она што го имавме до сега неспоредливо е подобра, мислам дека досега највеќе која сум ја бендисал од комшилукот е хрватската.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Jan-2009 at 15:06
Originally posted by beTon

Applauseконечно промена, добро и чисто изработена!

само мислам дека можело или да ја флешираат малку со по некоја рамка или 3д лого или пак целата во flash да ја стокмат наместо во php, сепак во однос на она што го имавме до сега неспоредливо е подобра, мислам дека досега највеќе која сум ја бендисал од комшилукот е хрватската.



офтопик: цела флеш страна е најлошиот избор на технологија за една корпоративна страница од ваков тип. Такво нешто се прави упорно само во Македонија

онтопик: воопшто не сум одушевен за сега. Страницата е празна има многу малку содржини. Да се направи рамката на веб сајтот е многу лесно, тешкиот дел е да се наполни со квалитетни, корисни и навремени содржини. Промоција на нов сајт од овој тип сум видел едно 23423423 пати на сите институтуции по ред од кога почна интернетот во Македонија. Ретко која тие веб сајтови ги утилизираше како што треба, се беше секогаш про форма.

Ако ја пополнат тоа ќе биде веќе друга приказна.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Jan-2009 at 15:18

јасно доколку сакаме профи тогаш php e правиот избор во однос на тешката флеш архитектура, сакам да кажам дека и во флеш ќе изгледаше подобро него вака, со оглед дека за да се наштима добро графиката во php треба и време и волја, плус кај нас кристал репорт муабетот е нешто вишак, па од таму влечам заклучок дека можеби и флеш ќе беше подобро графичко решение него волку едноставен интерфејс. а за пополнување верувам ќе ја пополнат оној момент кога за тоа и ќе платат човек кој освен за техничките муабети ќе се грижи и за квалитетот и квантитетот на информациите, можеби треба една хронолошка секција,исто едукативна каде ќе се пропагира користење железнички сообраќај итн... 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Jan-2009 at 15:31
Originally posted by beTon

јасно доколку сакаме профи тогаш php e правиот избор во однос на тешката флеш архитектура, сакам да кажам дека и во флеш ќе изгледаше подобро него вака, со оглед дека за да се наштима добро графиката во php треба и време и волја, плус кај нас кристал репорт муабетот е нешто вишак, па од таму влечам заклучок дека можеби и флеш ќе беше подобро графичко решение него волку едноставен интерфејс.

Не ти ја разбирам поентата со Кристал Репортс?

Флешот е лошо решение од огромен број аспект како за 'front end' така и за 'back office' корисниците. Освен што изгледа кул неговите предности тука завршуваат. Затоа и треба да се користи евентуално апликативно да размрда некои делови од страницата, да се направи некој динамички банер или пак за некоја интерактивна мапа, некој kids section итн.

Но сето друго може и те како да се уреди и графички и функционално во било кој и од постарите скриптирачки јазици како ASP или PHP или во понови технологии како .NET (кој е btw технологијата применета на страницава не е PHP).


а за пополнување верувам ќе ја пополнат оној момент кога за тоа и ќе платат човек кој освен за техничките муабети ќе се грижи и за квалитетот и квантитетот на информациите, можеби треба една хронолошка секција,исто едукативна каде ќе се пропагира користење железнички сообраќај итн... 



На тоа требале да мислат кога го правеле порталот. Во тоа и ми беше поентата најлесно е да се искодира костурот на сајтот но што сега со него. Ако немаат план и стратегија како тој да се полни, одржува и како да биде атрактивен и корисен за посетителите збориме за уште една тура држвани илјадници евра фрлени во ветер.

Инаку дефинитивно се слагам со тебе за предлог секциите кои ги наброја.


Edited by pbanks - 14-Jan-2009 at 15:31
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-Jan-2009 at 16:23

претпоставував дека е php, инаку страници немам досега работено, а од она што го знам по пријатели односно од се она што низ муабет сум го научил е дека php е (беше) најкорисен јазик. а она со кристал репорт аналогијата повеќе се однесува на неспособноста на ажурирање на страницата со инфо, истиот колку што знам поточно се користи и како search engine по сајтовите.

инаку јас не велам дека треба флеш да биде туку дека и флеш ќе беше подобро да го склепале него волку графички едноставно што го пуштиле препоставувајќи дека е php конструкција, дури кога поубаво ќе ги споредам со стариот сајт мислам дека разликата е само во боите и различната поставеност на менијата, добро има и главен банер.

значи гледано графички сајтов е далеку од добар, сенки нема на ни една линија било тоа во менијата или во текст панелите, а можело и на позадината да се поработи бар малку.  а од она што технички би го издвоил како поголем минус е неможноста да се резервираат онлајн карти или пак да се направи споредбен ценовник во однос на сите релации, но најверојатно овој сајте сеуште во доработка, затоа е и оставена анкета на истиот, па да се надеваме дека исто како што беше и со сајтот за град скопје дека за едно две три години ќе го стокмат попристојно, иако морам да кажам за разлика од она што го мавме до сега ова е позитивен скок.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.301 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.