build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Состојби во градежништвото и архитектурата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-Feb-2010 at 05:12

Градежниците ќе јуришаат на Блискиот Исток

Државата да подготви план за повторно освојување на Кувајт, Либија, Катар, и Иран бидејќи таму македонските градежни компании своевремено беа препознатлив бренд

Домашните градежни компании да добиваат предност пред странските при градењето објекти и инфраструктура финансирани од државниот буџет, поедноставни процедури за добивање имотни листови и едношалтерски систем за издавање градежни дозволи. Ова се само дел од барањата на градежниците за надминување на кризата, кои вчера му ги презентираа на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Министерот вети дека ќе се обиде да ги вметне во четвртиот пакет антикризни мерки што Владата го подготвува.

Градежниците се пожалија дека странските компании се' почесто ги добиваат државните тендери, но и оти постојано едни исти домашни фирми се избираат на јавните огласи.

Антони Пешев од Сојузот на стопански комори (ССК) истакна дека државата треба да биде пофлексибилна кон домашните градежни фирми кога станува збор за проекти за јавно-приватно партнерство. Паралелно со тоа, да ја подобри ситуацијата на пазарот преку стимулирање на продажбата на нови станови.

- Така ќе се стимулира и станбената изградба. Но, треба да се избориме и со банките за олеснување на кредитирањето, за да не биде оставено становите да се купуваат кеш. Неопходно е да се поедностават процедурите за завршување на градбата и впишување на имотите. Со тоа ќе се прекине сегашната непријатна ситуација во која купувачите на станови немаат доверба при купувањето, а градежниците при продажбата - рече Пешев.

Според него, иако минатата година била кризна и за градежништвото, последните анализи покажуваат дека инвестициите во овој сектор пораснале за околу 146 милиони евра во споредба со 2008 година.

Од Градежната комора при ССК уште еднаш побараа скратување на административните процедури во градежништвото, допрецизирање на законите што ја регулираат оваа област, како и државна поддршка за промоција на македонските компании на пазарите на Блискиот Исток, но и на веќе освоените пазари во Европа.

- Неопходно е Министерството да подготви план за освојување нови пазари, како што се Кувајт, Либија, Катар, Иран, бидејќи таму македонските компании своевремено беа препознатлив бренд. Сепак, фокусот треба да ни остане и на југоисточна и на источна Европа - рече Сеад Кочан, претседател на Градежната комора.

Министерот Јанакиески најави дека новиот пакет антикризни мерки ќе содржи и скратување на процедурите за градежна документација, како и дополнување на законската регулатива. Тој истакна дека домашните компании ќе бидат вклучени во изградбата и во реконструкцијата на регионалните и на локалните патни правци, но ги посочи и пазарите во Украина, Русија и во Бугарија, каде што сега се распишани јавни огласи за големи градежни проекти.

- Активно лобирам за ангажман и за промовирање на македонски градежни фирми, со цел да се овозможат нови пазари за работа во странство - рече Јанакиески.

Даница Тунтевска


Станбениот квадрат поевтини

Просечната цена на квадратен метар за стан, со исклучок на Скопје, лани била 840 евра, што е за 7 отсто пониска од таа во 2008 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во Скопје становите се продавале по просечна цена од 920 евра на квадрат, што е за 1 отсто пониска од претходната година. Во другите градови, пак, квадратот чинел 675 евра или за 14,2 отсто помалку во споредба со 2008 година. Просечната цена на станбениот квадрат во Скопје во втората половина на минатата година била за 4,3 отсто помала од таа во првите шест месеци, додека во другите градови намалувањето е 7 отсто.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=01446EB8096F6C498E8773EC7134B85F&arc=1

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Mar-2010 at 19:39

весела математика и ажурна администрација или позитивен притисок од инвеститорите! како и да е на арно е!

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=58172

Олеснителни околности при добивање на градежните дозволи најави Министерот за транспорт како дел од антикризните мерки. 

„Планираме проект со Светска Банка, ќе се укинат некои процедури и еден дел од процесот -тоа е употребната дозвола“
-изјави Миле Јанакиески, Министер за Транспорт

Најавите следеа по отворањето на седмиот по ред саем за градежништво на кој покрај домашни учествуваа и странски компании. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=530&PID=60240#60240



Edited by Max - 29-Jun-2011 at 14:10
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 05-Mar-2010 at 05:11
Градежништвото ќе ја ѕида економијата

Македонските градежници треба да ги искористат своите предности за да се наметнат на странските пазари, пред се', подготвеноста мачно да работат за релативно ниски плати и тие пари да ги донесат дома, изјави професорот на Градежниот факултет во Скопје, Тихомир Николовски, на вчерашното отворање на седмиот меѓународен Саем на градежништвото.

Зголемувањето на учеството на македонските градежни компании на странските пазари е главната грижа на вработените во овој сектор. Но, истакнуваат дека многу е значајно државата да им обезбеди учество во проектите што се финансирани од државниот буџет.

На саемската манифестација, која ќе се одржува до сабота на „Скопски саем“, на 8.000 квадратни метри се промовира понудата на повеќе од 300 домашни и странски градежни компании, изведувачи, производители и трговци на градежни материјали од 12 држави.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески оцени дека градежништвото, кое лани бележеше зголемување на инвестициите, и годинава ќе биде еден од главните двигатели на домашниот бруто-производ.

- Со работата што се отвора за македонската градежна оператива во изградбата и модернизацијата на аеродромите, патиштата, социјалните станови, очекувам раст на градежништвото и оваа година. Исто така, ќе направиме напори македонските градежни компании да бидат се' поприсутни на странските пазари - рече Јанакиески.

И дел од домашните градежни компании имаат оптимистички очекувања, а поинтензивна работа очекуваат по јуни годинава.

- Кризата на Балканот се почувствува малку подоцна, но извозот го обработивме добро во минатата година. Не само ние туку и другите фирми во регионот. Македонија има капацитет да прими многу повеќе градежни работи, но може и многу повеќе да понуди, за што се доказ големите градежни компании - изјави Александар Белов од компанијата „Адинг“.

Професор Николовски смета дека домашните компании се подготвени за настап на странските пазари бидејќи ги познаваат меѓународните правно-технички услови и имаат компетитивни предности што мора да ги искористат. Според него, државата не треба да му обезбедува работа на градежништвото, туку услови за да се развива и домашен тренинг во континуирани проекти.

- Тоа значи во домашни услови да се истренира за суровите и бескомпромисни услови на пазарите. Домашен тренинг значи барем 30 отсто од работата на домашните компании да биде покриена со домашните јавни работи. Но, најважно е тоа да биде во континуитет - рече Николовски.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=84F8BC65D456B247996150418A6AF6EE&arc=1

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Mar-2010 at 19:48
Работници сеуште молчат за повредите при работа
ПЕТОК, 05 МАРТ 2010 17:42



357 несреќи при работа во 2008 и 7 помалку во 2009 та година е статистиката на здружението за заштита при работа добиена од пополнетите формулари во претпријатијата низ градот. На барањата на здружението одговориле 80% од претпријата кои бројат над 25 вработени:

,,Секој повреден работник, повеќето се информирани дека имаат право да се пополни пријава за несреќата при работа и да се добие боледување и сплата до 21 ден од фирмата, а потоа од фондот за здравствено осигурување. Но, не можеме да потврдиме дека нема претпријатија кои во кои тоа не се пријавува со тоа што ќе им речат на вработените ние ќе ви го подмириме, но и тие се свесни дека постојат високи казни во законот за безбедност и здравје, вели Тодор Велјановски,претседател на здружението



Непријавувањето на повредата може да има подоцнежни последици за вработениот кој се повредил, но законски високи казни се предвидени и за претпријатието кое ќе биде откриено дека не ја пријавило повредата. Во рамките на своите финансиски можности здружението кое работи волонтерски ја следи состојбата, но сеуште е потребно државата да вложи напори за да ги заштити работниците:



,,Нема луѓе кои можат да се нафатат да ја работат таа работа. Потребни се здруженија, невладини организации што ќе се зафатат за оваа проблематика. Најголем проблем со законот за безбедност при работа е тоа што не можеме да ги убедиме луѓето да постават стручни лица што ќе ја работат оваа работа, вели Велјановски

Во Битола ги нема потребните стручни кадри. И оние кои го завршиле некогашниот факултет за заштита при работа останале невработени. Здружението покрај евидентирањето на бројот на несреќи, истите ги дели и според видот на повреди, според тежината и причините за нивно настанување:



,,Во тек сме на изготвување на книга за евиденција во претпријатијата и кога ќе го добијат овој образец да можат лесно и брзо да ни го достават, затоа што секое претпријатие поднесува пријави за несреќа при работа до инспекциите на трудот, до ФЗО, до статистика, вели Велјановски.

За да не се случуваат несреќи со смртни исходи како онаа од пред два дена, потребни се стручни луѓе кои ќе ги едуцираат вработените како да ги проценат ризиците, како да се заштитат, а потоа да добијат потврда дека обуката успешно ја завршиле. Со тоа ќе се спасат животи, а ќе се заштитат и претпријатијата од големи трошоци.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18667&Itemid=106

Edited by гитардемон - 05-Mar-2010 at 19:50
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Mar-2010 at 00:40

Пад во градежништвото

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2010 се издадени 154 одобренија за градба, што е за 34,7 отсто помалку во споредба со истиот месец лани.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1,026 милијарда денари, што е за 46,5 отсто помалку во споредба со истиот месец од претходната година. Од вкупно 154 објекти, на 122 (79,2 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 32 објекти (20,8 отсто) инвеститори се деловни субјекти.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 123 (79,9 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 10 (6,5 отсто) за објекти од нискоградба и 21 (13,6 отсто) за објекти за реконструкција.                                                                                                                              http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=35457DA0B3A38B4A9FACBBBD8B7CB303  

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 06-Mar-2010 at 12:17
со СК-2014 оваа месечна статистика ќе биде како од шала надмината земено годишно, затоа два текста погоре стои и поентата дека градежништвото ќе билда БДПто, единствено е дискутабилно дали тоа бидање ќе биде пеглање или набивање БДП!?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-Mar-2010 at 14:05
Е и Кинезите ја прават таа финта веќе години години уназад. Затоа имаат трговски центри поголеми од Скопје со едвај 2 продавници внатре, и автопати без возила на нив. Ама тоа е за мала шминка на БДП-то, а кај нас Скопје 2014 ќе биде цело БДП бидејќи толку и се случува во државава нешто!

Edited by гитардемон - 06-Mar-2010 at 14:06
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 06-Mar-2010 at 15:13
Originally posted by Max

со СК-2014 оваа месечна статистика ќе биде како од шала надмината земено годишно, затоа два текста погоре стои и поентата дека градежништвото ќе билда БДПто, единствено е дискутабилно дали тоа бидање ќе биде пеглање или набивање БДП!?

Градежништвото навистина ќе го билдаше БДП-то и тоа долгорочно доколку приоритет им беше даден на навистина продуктивни проекти. Вака повеќе БДП-то ќе го билда градежништвото отколку обратно. Со триумфални капии, куполи, „барокна“ завеса за МНТ и слични срања, бруто домашниот производ сигурно нема да порасне, напротив такви проекти се камен околу вратот на нашата економија која ионака слабо плива. Барем финансискиот аспект не остава простор за преголема субјективност. Добар процент од Скопје 2014 е тотално непотребен трошок и перверзија е доколку се претставува како позитивен економски фактор.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 06-Mar-2010 at 16:12

и навистина е фактор, жкаков тоа времето ќе покаже, сепак не е само СК-14 посреди, тука е сеуште и стадионот и патиштата и најверојатно и хидросистемите итн. како и да е сите држави го крчкаат истиот рецепт, ништо ново, само што ние дури сега го фаќаме таквиот ритам како правило!

~

туку се разочарав од саем на градежништво, лани незнам, но преклани беше каде каде подобар! сега беа најавени 300 фирми, но освен 50тина ништо друго не видов, кога домашниве во голема мера изостануваат што е пак со странски! се на се колку традицијата да се одржи, ниту чув за некоја трибина или презентација, ниту пак видов некоја програма, ниту имаше нешто особено новитети, а од оние кои изложуваа подготвени само за поздрав на своите партнери и ништо повеќе! имаше еден новитет додуша кој се издвои од останатите, а се друго чуено видено и потпросечно промовирано! ме изненади хот хот што не изложуваат, исто големиве домашни градежни компании изостанаа како и досега, но ајде годинава нека се вадат на кризата иако тоа не треба да биде изговор!  

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 06-Mar-2010 at 16:34
Originally posted by Max

како и да е сите држави го крчкаат истиот рецепт, ништо ново, само што ние дури сега го фаќаме таквиот ритам како правило!
Не Макс, далеку од тоа дека сите го крчкале истиот рецепт. Оние кои се паметни инвестираат одговорно, а ваквите како нас скапуваат во сиромаштија.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 06-Mar-2010 at 17:07
Во време на криза, инвестирањето во градежништво е рецепт стар уште од Гоелмата Депресија во 1920-тите години. Класичен рецепт употербуван на сите страни да се изврши „електрошок“ врз заспана економија. Добро е што тоа се користи и кај нас, и не мислам дека станува збор за недоговорна инвестиција - па дали некој знае што спонзорирал првиот ваков план за време на депресијата? Меѓу другото и цели одреди на чистачи, чија задача била да чистат, тоа што и онака било чисто, ама ете, да не седат дома да имаат некоја работа. Тоа е неодговорно, можеби, но неопходно да се зачува социјалниот мир и да се мрдне економијата и потрошувачката.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 06-Mar-2010 at 17:32


Добро Крале, кога ќе ти кризира домашниот буџет, а во исто време ти пукнала цевка во купатило и ти прокиснува покривот, ти оди купи рококо масичка и една кинеска вазна за да ја ставиш врз нејзе.

Економијата треба да се стимулира со навистина продуктивни инвестиции, а листата на такви инвестиции кои ни се ужасно потребни е многу долга. Ама ете ние најдовме да ја „раздвижуваме“ економијата со барок...


Edited by Cloverstack - 06-Mar-2010 at 17:37
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 06-Mar-2010 at 17:59

не е неодговорно, токму на место си е! грешката е што единствено во недостаток на пополно чекмеџе, тунелот под плоштад е оставен за подобри времиња можеби скоро со нова проекција итн. впрочем циклично мора да се почне од центар и естетски и нфраструктурно па потоа се гради се одоколу! ако веќе се размислува за освежување прво на ликот на градот тоа дефиниитвно тера по тој редослед! некој ќе рече популистички пристап бидејќи главен акцент е ставен на шминката а не на инфраструктурата, но за се има простор и време, а особено што централната власт овие проекти кои ги финансира се повеќе од општ карактер како инвестиции за цела држава, додека инфраструктурното вложување како ск-лрт, тунел под плоштад, примарна скопска сообраќајна мрежа се нешта кои тераат како локален пакет, заради чие финансирање доколку тоа не оди преку градот туку на централно ниво дефинитивно ќе повлече нервоза и револт кај останатите општини во државава!

се надевам дека за инфраструктурните проекти во скопје самиот град ќе смогне сили да најде чаре за да ги реализира, дали со приватно пратнерство, заеми од страна или пак лизинг опција не е ни толку битно, важно тоа декларативно како некаква гаранција може да го подржи централната власт, но истата мислам дека нема да се одважи и да го покрие од државниот буџет или на негов грб да ја тера со заеми...

во секој случај и со воие проекти сега што се тераат годинава мислам бар во кондиција ќе се одржат компаниите ако ништо друго, но посекако ќе имаат и голем макроекономски но и микроекономски ефект! интерсено но пополека цел свет ја тера кон социјализам, па и ова е една форма на интервенционизам, а особено бидејќи на тендерите се форсираат домашни компании, што не беше случај и порано! има уште една позитивна појава а тоа е медиумската раздвиженост која не дозволува да се угушиме во апатија и иако во лер сепак владее позитивна атмосфера дека работите се движат, што земено берзански е многу битен момент, иако доста медиуми намерно или не свесно билдааат песимистички проекции кои сепак не се ништо повеќе од сензационалистички фатаморгани, бар да беа и блиску до реалноста ајде но ова веќе ја отераа во аут, како што тенденциозниот текст погоре каде преку ригидна месечна анализа се упатува на колективен пад во градежништвото! воопшто битно е да се биде реален и да се анализира вкупно а не парцијално, немора оптимизам но не и наметнат песимизам, смешно сите во криза се окуражуваат ние гледаме како да се потцениме што е можно повеќе, комплекс кој за жал го наметнува фабричката грешка во медиумскиот простор, каде одвреме навреме во некој ќош ќе проструи и некој оптимист за среќа!

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 07-Mar-2010 at 11:40
Originally posted by Cloverstack



Добро Крале, кога ќе ти кризира домашниот буџет, а во исто време ти пукнала цевка во купатило и ти прокиснува покривот, ти оди купи рококо масичка и една кинеска вазна за да ја ставиш врз нејзе.Економијата треба да се стимулира со навистина продуктивни инвестиции, а листата на такви инвестиции кои ни се ужасно потребни е многу долга. Ама ете ние најдовме да ја „раздвижуваме“ економијата со барок...


Илустрацијава ти е... ептен не си ја разбрал поентата.

Во време на криза, граѓанството троши многу помалце, односно потрошувачката се намалува (луѓето штедат и тоа што го имаат) и така дополнително ја нарушуваат и онака ранливата економија која сега има и намален обрт. Инвестицијата во градежништвото е поттик во потрошувачката, односно да се стимулира обрт, кога тој е намален од страна на граѓанството. Се купуваат материјали, услуги, работна сила, практично се пумпа данокот назад во економијата, наместо да оди за резерви, за администрација, здравство итн., каде буџетот се излева или во место или во извоз.

Класичен економски пристап, по класичен здравје, дури е глупо што мора да го објаснуваме.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 07-Mar-2010 at 15:57
Крале, и ти си ја разбрал теоријата, ама очигледно од инает како да не сакаш да ја кажеш цела. Да, се трошат државни пари, не само за да се враќа данокот и да не се намалува со намалувањето на приходите на граѓаните, се прави и за да не се зголеми невработеноста. Ама не е тоа поентата. Знаеш и сам дека праксата говори дека таквите инвестиции секогаш, без исклучок, се во инфраструктурни проекти кои се многу потребни, бидејќи парите што се трошат во време на криза се поскапи од тие за време на плоден период. А зошто со овие пари ние да градиме споменици кои чинат 20 милиони евра и не се лијат во Македонија, и не ја придвижуваат македонската економија, наместо да почнеме некој проект од важност кој ќе има влијание врз БДП? Класичен економски пристап е да градиме патишта кога е криза, а глупо е што ти викаш дека класичен пристап биле споменици во време на криза. Тоа сакаше да ти каже Cloverstack, ама од перчење муабетот личи на глупости. Најглупаво е што знаеш и сам, ама упорно тврдиш обратно.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-Mar-2010 at 04:13
Анти-кризни мерки за градежништвото и пазарот на недвижности

Четвртиот анти-кризен пакет на Владата, кој беше промовиран вчера, се состои од 24 мерки, од кои дел се насочени кон урбанизмот, градежништвото и пазарот на недвижности. Пакетот меѓудругото содржи:


-Намалување на надоместокот за приватизација на граджното земјиште  кај  правните лица за 30%.


-Измени во Законот за денационализација, односно скратување на постапката која како и со останатите Управни постапки ќе добива извршност со Решението на Второстепената комисија за денационализација.


-Измени и надополнување на Законот за домување со кои ќе се овозможи откуп на станови во државна сопственост од страна на носители на станарско право, а кои имаат долг по основ на неплатени закупнини. Долгот ќе се вгради во вкупната цена на станот кој ќе се уплатува во период утврден во договорот.


-Измени во Законот за градење со цел скратување на постапката (да не се издава одобрение за употреба на објект односно извештајот на комисијата за технички преглед да биде конечен).


-Измена и дополнување на Законот за  просторно и урбанистичко планирање во правец на продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење од една на две години.


-Усогласување на Законот за градежно земјиште и Законот за градење во поглед на роковите за градење (продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење за објекти од 1 и 2 категорија – 10 години, од 3 категорија – 6 години и од 4 и 5 категорија – 4 години).


-Измена и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање Сл.В. бр.91/2009 во членот 17а (да се додаде  дека законот важи и за иницијативи поднесени и за градби со комерцијална намена).


-Изработка на прирачник во кој ќе бидат детално опишани чекорите од процедурата за усвојување на ДУП и процедурата за издавање на дозволи за градба заедно со потребната документација, како и воспоставување на комуникацијата меѓу институциите кои треба да издадат соодветно одобрение/мислење.


-Скратување на постапката за изработка на ГУП, при што ќе се исклучи употребата на ажурирани геодетски подлоги при изработката на ГУП-овите.


-Изградба на повеќе придружни натпатници на Коридор 8 и Коридор 10 и вцртување на маркици за изградба на комерцијални објекти, со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развојот националната економија.

http://www.build.com.mk/?p=2171
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 09-Mar-2010 at 00:21
Originally posted by гитардемон

Цела мака е што нема ништо антикризно во овие мерки. Овие мерки можеле да се донесат било кога во минатото или во иднината, и немаат никаква врска со директното соочување со кризата. Тоа што треба за кризата е да се обезбеди ликвидност со некои привремени мерки, не со законодавни. Од ова ништо нема да им помогне на фирмите. За да има ова успех, треба ликвидност прво да се има.

Не е точно, еве ги сите антикризни мерки, првата половина се однесува директно на ликвидноста што индиректно, што директно, особено втората.

Четврт пакет антикризни мерки на Владата на Република Македонија

 

МЕРКА 1:


Измена во условите за користење на кредитната линија од ЕИБ и МБПР

Лимитирање на каматната стапка за првата година 6%, лимитирање на максималната камата од втората година до 7,5%.

 

Промена износ на поединечниот кредит наменет за крајните корисници (микро до 40.000 Евра, мали до 400.000 Евра, средни до 3.500.000 Евра).

 

Проширување на опфатот со тоа што и трговските компании ќе имаат можност да конкуирираат за кредитот.

 

 

МЕРКА 2:


Измена и дополнување на Законот за ДДВ: 

Можност од доставување на периодичен финансиски извештај од банкарските сметки во електронска форма до Управата за јавни приходи;

Раздвојување на денот на плаќањето на обврските по бруто - плати и придонеси, со обврските за даноци и ДДВ од 15-ти на 25-ти во тековниот месец;

Подигнување на прагот за регистрација на даночните обврзници за ДДВ од 1,3 мил на 2,0 мил денари.

 

 

МЕРКА 3:


Измени и надополнување на Законот за домување со кој што ќе се овозможи откуп на станови во државна сопственост од страна на носители на станарско право, а кои имаат долг по основ на неплатени закупнини. Долгот ќе се вгради во вкупната цена на станот кој ќе се уплатува во период утврден во договорот.

 

МЕРКА 4:


Олеснување на критериумите за добивање на финансиска поддршка согласно Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2010 година за користење на финансиски средства.


МЕРКА 5: 


Измена и дополнување на „Законот за просторно и урбанистичко планирање“ Сл.В. бр.91/2009, односно во членот 17-а да се додаде дека законот важи и за иницијативи поднесени и за градби со комерцијална намена. 

 

МЕРКА 6: 


Усогласување на Законот за градежно земјиште и Законот за градење во поглед на роковите за градење во смисла продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење за објекти од 1 и 2 категорија – 10 години, од 3 категорија - 6 години и од 4 и 5 категорија – 4 години).

 

МЕРКА 7: 


Измена и дополнување на „Законот за просторно и урбанистичко планирање“ во правец на Продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење од една на две години.

 

МЕРКА 8 : 


Намалување на надоместокот за приватизација на градежното земјиште кај правните лица за 30%.

 

МЕРКА 9:


Воведување на Кредитна линија за поддршка на микро, мали и средни трговски друштва со гарантна шема од страна на МБПР, со вкупно средства од 15 милиони евра.

 

МЕРКА 10: 


Усогласување на постапките за добивање на грантови согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и ИПАРД Програмата со постапките за добивање на кредити кај деловните банки со цел да се обезбеди единствен пристап во подготвување на деловни планови и документација која на барателот ќе му послужи и за двете намени.

 

МЕРКА 11: 


Спречување на увоз на производи кои не се произведени по одредени стандарди (HACCAP, CE) со цел заштита на домашните производители и потрошувачи

 

МЕРКА 12: 


Намалување на надоместокот за користење на услугата скратен финансиски исказ од годишната сметка од Регистарот на годишни сметки во годишен паушал од 8.000 денари со неограничен на пристап до 500 информации на месечно ниво за компанијата корисник на услугата.


МЕРКА 13: 


Донесување на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции на РМ и промоција на извозот

 

МЕРКА 14:


Изградба на повеќе придружни натпатници на Коридор 8 и Коридор 10 и уцртување на маркици за изградба на комерцијални објекти со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развојот националната економија

 

МЕРКА 15: 


Изработка на прирачник во кој ќе бидат детално опишани чекорите од процедурата за усвојување на ДУП и процедурата за издавање на дозволи за градба заедно со потребната документација како и воспоставување на комуникацијата меѓу институциите кои треба да издадат соодветно одобрение/мислење. 

 

МЕРКА 16:


Измени во Законот за градење во смисла на скратување на постапката – да не се издава одобрение за употреба на објект односно извештајот на комисијата за технички преглед да биде конечен.

 

МЕРКА 17: 


Измени на Законот за превоз во патниот сообраќај со кои ќе се намали обемот на административната постапка со што Министерството за транспорт и врски ќе ги користи податоците од ЕХIM системот.

 

МЕРКА 18: 


Скратување на постапката за изработка на ГУП при што ќе се исклучи употребата на ажурирани геодетски подлоги при изработката на ГУП.

 

МЕРКА 19:


Воведување на административен пристап на проверка на податоци потребни за поднесување на барање за користење на финансиска помош по програмите за поддршка заради намалување на трошоците за аплицирање.

 

МЕРКА 20:


Воспоставување на фонд на земјоделско земјиште за плодоуживање наменет за доделување на невработени лица кои живеат во рурални средини. Мерката ќе се реализира согласно Законот за земјоделско земјиште и Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање.

 

МЕРКА 21:


Дел од земјоделската механизација што ја набавува Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со средствата од револвинг фондот доделен од Јапонската Влада за набавка на земјоделска механизација, да биде доделена на невработени лица кои ќе добијат земјиште за плодоуживање од претходната мерка. 

 

МЕРКА 22:


Измени на Закон за Стопански комори со што ќе се овозможи еднаков третман на сите стопански комори регистрирани во РМ во однос на царинската постапка

 

МЕРКА 23:


Измени во Законот за денационализација, односно скратување на постапката која како и со останатите Управни постапки ќе добива извршност со Решението на Второстепената комисија за денационализација

www.vlada.mk

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Apr-2010 at 23:59
Груевски најави можност ДДВ од 5 отсто за градежништвото да остане и по 2011

Кавадарци, 16 април 2010 (МИА) - Стратегијата на Владата за инвестирање во домашната инфраструктура помогна да се избегне крахот во градежништвото како последица од глобалната економска криза и воедно да се подобри економијата во земјата, оцени премиерот Никола Груевски денеска во Кавадарци.

- Кога започна кризата во Македонија Владата одреди стратегија за ублажување на таа криза бидејќи увидовме дека нашите градежни компании ги губат пазарите надвор и работите внатре во државата затоа што сите почнаа да ги одложуваат инвестициите. Во тој момент излеговме со стратешка одлука за изградба на што повеќе инфраструктурни проекти. Како резултат на тоа минатата година во градежништвото имавме одлични резултати, а воедно градежништвото оствари раст од 20 проценти и тоа ја повлече економијата затоа што тоа секогаш дава работа на уште 21 сектор, рече Груевски.

Тој додаде дека тоа минатата година и помогна на државата да ја заврши со мал пад на економијата од само 0,7 проценти што, вели, е трет најмал пад во Европа.

- Градежништвото во кое ние инвестиравме беше онаа гранка која придонесе да имаме подобар економски резултат, да задржиме повеќе градежни работници на работа и да изградиме објекти кои ќе останат како трајно добро за граѓаните и за подобрување на квалитетот на нивниот живот, посочи Груевски најавувајќи дека постои расположение ДДВ од пет проценти за изградба на станови да се задржи и по  2011 година, но тоа ќе се знае по согледување на ситуацијата во следниот период.

Намалувањето на каматите на одредени банки тој го оцени како добро придвижување во банкарскиот сектор со оглед и на регистрираниот прилив на свеж капитал во банките, а посебно охрабрувачки е големиот интерес на компаниите за кредити по најавата на Владата дека се подготвува загарантирање на каматната стапка од 6 проценти на кредитната линија од Европската инвестициона банка.

- Голем број од компаниите веќе почнаа да бараат средства од банките затоа што сега имаат гаранција дека каматата во иднина нема да поскапува, рече Груевски.

Отворањето на фабриката на „Џонсон Мети“, светски лидер во производство на катализатори тој ја смета за добра можност за младите дипломирани инжинери да ја запознаат врвната технологија која се применува во тој капацитет со оглед дека покрај постојните 70 постои можност во иднина на вработување на нови инжинери од технолошките и од електротехничките науки.  

- Владините политики се насочуваат токму кон тоа да охрабриме што поголем број млади луѓе да се запишат на технолошките и природните науки, рече Груевски запрашан дали постои координираност на владината образовна политика со потребата за кадри за вакви модерни капацитети.ва/са/16:05


http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73148659&lId=1&pmId=504
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 21-Apr-2010 at 22:33

Тајмаут за хотелот кај „Рамстор“

Нов криминален проект, тежок 500 милиони евра. Вака вчера опозицијата ги оквалификува измените во Законот за градежното земјиште што експресно поминаа во Собранието. Со измените се пролонгираат роковите од три на шест години, во кои инвеститорите треба да ги изградат објектите што ги откупиле од државата или што ги зеле под долготраен закуп. Власта ги оправда измените како нова антикризна мерка, бидејќи голем број инвеститори се обратиле до ресорот транспорт со барање за пролонгирање на роковите поради кризата.

Опозицијата ги побара имињата на инвеститорите и проектите, како што се пофали власта тешки 500 милиони евра, а заменик-министерот за транспорт, Горан Михајловски, посочи дека на матичната собраниската Комисија за транспорт и врски бил доставен список со парцели издадени под закуп.

- Отуѓени се или дадени под долготраен закуп голем број градежни парцели на кои е предвидена изградба на објекти од трета и од четврта категорија, како што се катни гаражи, трговски центри, хотели, станбено-деловни објекти итн., за кои предвидените инвестициски вложувања надминуваат над 500 милиони евра. Немаме право да објавуваме имиња на граѓани, според Законот за заштитата на лични податоци - рече Михајловски.

Опозицијата го оцени овој закон како коруптивен и најави дека не поддржува криминален проект на ВМРО-ДПМНЕ.

- Информираа дека инвестициите тежат 500 милиони евра.Тие инвеститори имаат име и презиме. Но, потегот на Министерството за транспорт да не ги стави на увид на јавноста е сигурна матна зделка - рече Весна Бендевска од СДСМ.

Пратениците од СДСМ се изјаснија дека нема да гласаат за Законот. Тие побараа информации за тоа колку квадратни метри државно земјиште е дадено под закуп, колку корисници имаат поднесено барање за откуп на земјиште, колку чини квадратен метар, имињата на инвеститорите, колку спогодби се склучени во четири очи, дали ќе се пролонгира градбата на објектите на кои Владата е инвеститор...

Според пратеникот Никола Ќуркчиев, дефиницијата за градежно земјиште во измените е недоречена, додека Марјанчо Николов и Томе Чинговски тврдат дека одредбите за менување на роковите за градба на објекти на земјиштето дадено под долготраен закуп од три на шест години ќе влијаат негативно на инвеститорите.

- Дали овој Закон се однесува и за ветениот, а се' уште неизграден хотел зад „Рамстор“ или ќе се врши пренамена на тоа земјиште - праша Марјанчо Николов.

Според пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија, со овие одредби, напротив, ќе им се помогне на инвеститорите, имајќи ја предвид финансиската криза.

Цветанка Иванова, координатор на пратеничката група на СДСМ, побара одлагање на донесувањето на измените за да се добијат сите информации што се потребни и да се види кој каде ќе инвестира.

- Поголем дел од градежното земјиште се подели за време на владеењето на СДСМ - реплицираше пратеничката Авировиќ.

Заменик-министерот за транспорт и врски, Горан Михајловски, објасни дека донесувањето на законот произлегува од потребата од усогласување на Законот за градежното земјиште и Законот за градењето во однос на рокот за изградба на објекти кога земјиштето е дадено под долготраен закуп.

Владата објаснува дека со решението се создаваат законски услови за да се спроведе нова антикризна мерка, со која се помагаат инвеститорите во реализација на нивните активности.

Александра Филиповска

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 10-May-2010 at 10:31

Статистиката им влева оптимизам на градежниците

gradeznik
Годинава може да очекуваме поголема градежна активност и поголемо ангажирање на градежните фирми, бидејќи договорените градежни работи бележат тренд на зголемување од околу 47 насто, покажуваат статистичките податоци. Во странство веќе се најавени или договорени ангажирања на градежни претпријатија на нови проекти, од кои најголем број се во нискоградбата.
Од Стопанската комора на Македонија сметаат дека годинава градежништвото подобро ќе се позиционира од лани, не само во земјава, туку и во ангажманите во странство.

И градежните компании, исто така, очекуваат подобра година и поголема ангажираност на градежните капацитети. Така, само во првите три месеци од годинава, вредноста на договорените градежни работи бележат зголемување од околу 27 насто.

“Градежништвото, како една од приоритетните гранки во земјава, е во постојана стагнација, но сепак, и покрај светската криза, успеа да го задржи континуитетот во изградбата. Минатата година, и покрај светската криза, речиси ниту еден градежен работник не останал без своето работно место“, вели Јадранка Ризанкова, директор на Стопанската комора на Македонија.

Минатата година е реализирана градба од 8,5 милијарди денари или околу 138,2 милиони евра, а во активностите биле вклучени околу 850 градежни објекти. Градежните работи и покрај кризата лани се зголемени за 13 насто во споредба со претходната година, а најголемо учество имаат работите во делот на санација и реконструкција во инфраструктурата со 47 отсто, потоа во нискоградбата со38 отсто и високоградба со 15 отсто.

Според анализите на градежниците, изградбата на станови од 2000 година па наваму го има постојаниот тренд на опаѓање и не може да се спореди со активностите од 90-тите години на минатиот век, кога имаше градежен бум и годишно во земјава се изведуваа и по 10.000 станови. Така, според анализите и планските документи, во станбената област се градат по околу 5.000 до 5.500 станови годишно, што е далеку под реалните потреби на граѓаните кои се двојно поголеми.

Од Здружението за градежништво, градежна и неметална индустрија при Стопанската комора на Македонија укажуваат дека вредноста на изведуваните работи во станбените објекти учествува од 17 до 21 отсто од сите изведувачки работи што се прават во високоградбата. Анализите што ги подготвило Здружението на градежништво, покажуваат дека лани градежниците во земјава и покрај кризата, не поминале толку лошо.
Според податоците од Министерството за транспорт и врски, до февруари годинава се издадени вкупно 1.557 лиценци на правни лица, а од Комората се издадени 4.123 овластувања на инженери. Покрај овие овластувања кои се задолжителни, според законските прописи, фирмите мора да поседуваат и соодветни лиценци.

Градежниот сектор е еден од позначајните во земјава. Во него се вработени околу 40.000 лица и во однос на бројот на вкупно вработени во земјава, достигнува до седум проценти. Најголем број од градежни фирми се со помалку од девет вработени, а само 10 отсто се со над 10 работници. Според структурата на образованието, од вкупно вработени лица во градежништвото на инженерскиот кадар отпаѓаат околу 10 отсто, а останатите се квалификувани и неквалификувани работници.

http://www.biznis24.com.mk/node/7732


Edited by Cloverstack - 10-May-2010 at 11:29
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.426 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.