build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Состојби во градежништвото и архитектурата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 11-May-2010 at 23:42

ПРВ КВАРТАЛ


Издадени 213 градежни одобренија за употреба


Во првиот квартал од годинава се издадени 213 одобренија за употреба на градежни објекти, што претставува зголемување за 12,1 процент во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија, 189 од вкупниот број издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, три за нискоградба и 21 за објекти за реконструкција.

Кај 182 објекта како инвеститори се јавуваат физички лица, кај 31 инвеститори се деловни субјекти. Со издадените одобренија се овозможува употреба на 415 станови со вкупна површина од 32.952 метри квадратни.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F22DB86DC189C8459C17F6F1460076C2
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-May-2010 at 19:25
Кризата заминува од македонското градежништво
 
 
Ова е оценката на странските инвеститори кои велат дека има голем интерес за градење во земјава.
 

Побарувачка за недвижности има, она што го запира градежниот сектор е колебливоста на банките финансиски да ги поддржат проектите. Но, и оваа состојба полека почнува да се менува.

- Мислам дека кризата во недвижностите веќе замина. Не само што гради државата, туку и многу приватници веќе стартуваа со градба. Ако погледнете во Скопје денес има повеќе кранови отколку пред три години кога не ни зборувавме за криза. Луѓето се спремни да инвестираат во купување недвижности - вели Петер Рот од Соравиа Реал Естате.

Австриската компанија Соравиа е на финиш од правата фаза од изградбата на елитната населба на Водно, инвестиција вредна 30 милиони евра. Криза или не, македонскиот џет сет ги закупил речиси сите апартмани во комплексот. Инвеститор најавува изградба на уште една поголема зграда со луксузни содржини.

- Купувачи на овие апартмани се главно македонски бизнисмени, луѓе кои работат во странство, фудбалери кои играат надвор од државата. Очекуваме сличен интерес и за новата зграда, во која освен станови ќе има и хотел, спа центар, базени, ресторан - вели Рот.

Последната оценка на менаџерите во градежништвото во испитувањето на Заводот за статистика е дека и економската и финансиската состојба во првиот квартал се подобри од претходниот период.

Очекувањата за бројот на вработени во претстојниот период се многу оптимистички. Се прогонозира градежните цени да останат непроменети, а да се зголемат порачките за градба.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 04-Jun-2010 at 14:50

Опаднат интересот за градење во април

04 јуни 2010, 15:13
Извор: Макфакс
Скопје

Вкупно 233 одобренија за градба биле издадени во Македонија во април, што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,1 милијарди денари(34,1 милиони евра), што е за 9,3 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 (79.0%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (9.9%) за објекти од нискоградба и 26 (11.1%) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 662 стана со вкупна корисна површина од 47 905 м2. /крај/со/ап/

http://www.makfax.com.mk/_tools/article/109187/view
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Jun-2010 at 18:13
Државните градежни тендери се нетранспарентни





 
 

 
%20  

Тендерите што се распишуваат од државните институции и од локалната самоуправа се нетранспарентни, со недефинирани критериуми и услови и се на штета на изведувачите на градежните работи. Во јавните повици се барат неразумни критериуми, кои се приспособуваат на фирмата што треба да ја добие работата. Инвеститорите бараат предолги рокови за плаќање од 360 дена по извршената работа или ограничување на староста на опремата на пет или седум години, што е сигнал дека тендерот е „наместен“ за однапред одбрана фирма, предупредуваат од Здружението на градежни претпријатија во Стопанската комора на Македонија.

Претставниците на градежните фирми побараа измени во тендерската постапка со која на Бирото за јавни набавки ќе му се овозможи и контрола на спроведувањето на градежните работи, кои се претходно предвидени со јавниот оглас. Без јасни и унифицирани критериуми, работата ја добиваат фирми што ја симнуваат цената, а без да се води контрола дали се извршени сите позиции наведени во огласот, велат градежниците.

- Бараме да се почитува транспарентноста и конкурентноста, а не бараме бенефиции. Се говори за електронско јавно наддавање, а од 500 тендери само пет-десет проекти се доделуваат на овој начин. Во некои тендери недостига само слика од одредена фирма. Има случаи кога како главен критериум за добивање на работата се наведува да се има вработено правник или економист со познавање на албански јазик - вели Никола Велковски, потпретседател на Здружението на градежници.

Градежниците имаат забелешки и на неисполнување на финансиските обврски на општините и државните институции, кои ги пролонгираат роковите за исплата на извртената работа.

- Во тендерите нема аванси, а начинот на плаќање е 90 или 160 дена по завршената работа. Произлегува дека градежните фирми го финансираат целиот проект, без да имаат гаранција дека ќе им биде платено навреме - вели Сашко Стрезовски, од „Пелагонија инженеринг“.

Претставниците на градежните фирми на вчерашниот состанок посочија и на низа други проблеми, како што се исклучувањето на фирмите во последните минути на наддавање на електронските тендери, давањето на работата на „фиктивни“ странски фирми, како и меѓусебно уништување со симнување на цените за извршување на работите, кои достигнуваат до 60 отсто од понудената цена од инвеститорот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61810916525&id=10&prilog=0&setIzdanie=22011


Ребалансот ќе ја зафати инфраструктурата

Градежните компании стравуваат дека со ребалансот на буџетот ќе се крати во делот на инфраструктурните капитални проекти на кои тие го потпираат своето работење. Тие и натаму имаат проблеми со наплата на побарувањата и тоа, пред се', поради непочитување на договорените обврски.

Ова беше истакнато на вчерашната седница на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора. Притоа, градежниците уште еднаш ги потенцираа своите забелешки и проблеми со кои се соочуваат при работењето, меѓу кои се малиот број тендери за јавни набавки, кои се спроведуваат по електронски пат, недоволната транспарентност и нелојалната конкуренција при учество на тендерите.

Претседателот на Здружението, Никола Велковски, потенцираше дека градежните компании најмногу забелешки имаат токму на транспарентноста и евалуацијата при распишувањето на тендерите, како и на недоволното електронско јавно наддавање, што требаше да биде една од главните новини што ги најави Владата. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED5A3D3064B39D4EAC72A655C80A077D


Edited by Cloverstack - 18-Jun-2010 at 18:14
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 25-Jun-2010 at 05:04

Државниот долг ќе го урне градежништвото

Груевски демантира дека државата должи 600 млн., но не знае точно колкав е долгот

Билјана Ангеловска


Ќе попуштат ли темелите под тежината на долгот што го има државата кон градежните фирми и ќе дојде ли до уривање на градежништвото во Македонија и покрај зголемената градежна активност во последниов период? Ова прашање се' почесто внесува страв меѓу градежниците, кои иако имаат моментален ангажман, свесни се дека иднината ни оддалеку не им е гарантирана. Дотолку повеќе што работењето без пари, сепак, не може да трае до бесконечност, особено ако долгот за извршената работа почне да се мери со стотици милиони евра.

Колку точно изнесува долгот на државата кон градежните фирми, речиси е невозможно да се прецизира, но директно инволвираните калкулираат со фрапантна бројка од 600 милиони евра. Во нивната груба математика се земени предвид побарувањата за одамна завршените работи, поточно за објекти чии фасади веќе се извалкани од употреба, но и за активностите кои се во тек. Во пресметките се вклучени сите гранки тесно врзани со изградбата, а пресметани се и каматите поради одложеното плаќање за набавка на материјалите, како и каматите на кредитите земени од банките за да се преживее.

Релативизирањето на проблемот што се обиде да го направи премиерот Груевски со изјавата дека долгот на државата кон градежниците не е ни приближно толку голем колку што се говори, никој не го сфати сериозно. Особено што тој не знаеше или не сакаше точно да каже за колкава бројка се работи, а од друга страна тврдеше дека државата си ја исполнува обврската за плаќање на извршената работа со мало задоцнување од само десетина дена!

„Нашите членки реагираат на долговите од државните институции, како што се министерства, јавни претпријатија, агенции, но и општини. Тоа се долгови за три, пет, па дури и седум месеци. Не сакам да шпекулирам за висината на сумата што им се должи. Но, мора да се направи разлика за каква бројка станува збор. Кога се зборува за долг од два или три милиони евра, тоа е многу пари за која било фирма. Но, ако се работи за интелектуална услуга, како што е проектирање, надзор, ревизија на проект, или можеби некој друг вид консултантска услуга, тогаш долгот може да е еден милион денари. Тука веќе зборуваме за чиста пара која претставува огромна сума за некоја фирма, која поради таков долг едноставно може да не ја преживее годината“, вели Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво и производство на градежни материјали при Стопанската комора на Македонија.

Според него, во Македонија има само три до пет проценти големи градежни компании, додека останатите се мали фирми за кои и милион денари се многу пари. Велковски појаснува дека е вистинска катастрофа ако на фирма која има годишна реализација од 500.000 евра не и' се платат 100.000.

Факт е дека државата го раздвижи градежниот сектор. Ги мобилизираше градежниците во една голема активност, која ја започна со изградбата на спортски сали и на бројни објекти од државен интерес, како што се згради на министерства, музеи, културни институции, судови. Но, факт е и дека заборави на својата обврска, да плаќа за извршената работа.

Иако никој од градежниците не сака јавно да зборува за проблемите што ги имаат со ненаплатените побарувања, неофицијално велат дека ако државата продолжи со оваа практика, многу фирми ќе стават клуч на врата. Градежните работници се едногласни дека во најголем дел имаат побарувања стари од почетокот на годинава, а многумина дури и од лани.

„Навистина би сакал да знам на кого му се плаќа со само 10 дена задоцнување. Најискрено би го поздравил тој случај“, вели Велковски и појаснува дека такво нешто практично е и невозможно, поради тоа што за толку време не може да се исконтролира градежната документација во финансиските служби.

„Доставуваме финансиски документи по ситуации и не ни бараме исплатата да биде за 10 дена. Би биле пресреќни кога би ни се плаќало за еден, евентуално два месеца. Не бегаме од обврските, плаќаме даноци, па очекуваме и државата да не' сервисира, односно, инвеститорот да ги испочитува договорните обврски“, вели Велковски.

Вистина е дека сите имаат проблеми, но исплашени да не ја изгубат и онаа работа што ја имаат, молчат, па не инсистираат на исполнување на обврските. Сепак, мора да се признае дека дел од вината понесуваат и фирмите, кои токму поради немањето доволно работа и големата нелојална конкуренција, во договорите сами предлагаат плаќање во рок од 90, па дури и 120 дена. На тој начин тие сами си влегуваат во незавидна состојба.

Веројатно и така одложеното плаќање би можело да се преживее доколку воопшто биде реализирано. Зашто, работењето без пари на подолг период ги исцрпува фирмите.

Тие стануваат немоќни да исплатат плати, а од друга страна, обврзани се навреме да ги плаќаат давачките кон државата, бидејќи за нивното доцнење не се толерирани ниту два дена. Поради тоа се принудени да се задолжуваат со кредити од банките и уште повеќе да се заглавуваат. На тој начин, со себе повлекуваат и други фирми кои се тесно поврзани во работењето, бидејќи долгот кон директните изведувачи, индиректно значи и долг кон подизведувачите и доставувачите со градежни материјали. Така, во затворениот круг никој не е поштеден.

„Проблемот е во тоа што за градежните фирми данокот се плаќа на фактурирана, а не на наплатена реализација. Баравме да се врати наплатата по реализација, но државата остана глува“, вели Велковски.

За надминување на проблемот градежниците предлагаат да се направи мултилатерална компензација меѓу државата и фирмите. Има и друга варијанта, а тоа е државата да плаќа преку обврзници, кои би се ефектуирале во банките. Со тоа веројатно би се согласиле фирмите кои имаат големи побарувања, бидејќи така би реализирале барем дел од нив.

„Потребно е фирмите да ги пријават своите побарувања за да може Комората, како партнер на Владата да посредува и да помогне. Сепак, за да се реши проблемот во отсуство на странски инвестиции, државата мора да ги зголеми капиталните инвестиции во инфраструктурата и на тој начин да го искомпензира својот долг. Оти, ако има работа за првата алка, ќе има и за целиот синџир, ако нема, ќе нема за никого“, појаснува Никола Велковски. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1E357684E1822A429EAEB935EC34159F
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Jul-2010 at 16:57
  06.07.2010


    Бројот на издадени одобренија за градење во мај 2010 година зголемен за 0.9%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2010 се издадени 222 одобренија за градба што е за 0.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 345 747 илјади денари што е за 24.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 171 (77.0%) се наменети за објекти од високоградба, 22 (9.9%) за објекти од нискоградба и 29 (13.1%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 222 објекти, на 178 (80.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (19.8%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 318 станови со вкупна корисна површина од 32 073 м2.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 05-Aug-2010 at 15:06
Бројот на издадени одобренија за градење во јуни 2010 година е зголемен за 0.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2010 се издадени 253 одобренија за градба, што е за 0.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 498 783 илјади денари, што е за 5.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 182 (71.9%) се наменети за објекти од високоградба, 28 (11.1%) за објекти од нискоградба и 43 (17.0%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 253 објекти, за 183 (72.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а за 70 објекти (27.7%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период предвидена е изградба на 379 станови, со вкупна корисна површина од 36 520 м2.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 18-Aug-2010 at 14:34

Состојбите во градежништвото поповолни во вториот квартал

Економската состојба во градежништвото во вториот квартал подобра од првиот, оцениле раководителите на градежните фирми.

Во однос на вториот квартал од 2009 година состојбата останува понеповолна.

Во наредниот период градежниците очекуваат продажните цени да се намалат, а да се зголемат вкупните порачки. Оптимисти се околу бројот на вработени.

Најголемо негативно влијание на градежната активност и понатаму имаат недостигот на побарувачка, зголемените трошоци за материјали, високите банкарски камати и недостигот на опрема, објави Државниот завод за статистика.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/sostojbite-vo-gradeznishtvoto-popovolni-vo-vtoriot-kvartal
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 20-Aug-2010 at 17:02

„Гранит“ и „Бетон“ со намалени добивки

Градежната компанија „Гранит“ во првите шест месеци остварила приходи од продажба од 22,4 милиони евра, што е за 5 отсто помалку, споредено со истиот период од минатата година кога приходите изнесувале 23,5 милиони евра. Намалувањето на приходите според неревидираниот извештај на компанијата се должат на намалената продажба на домашниот пазар за 4 отсто и 11 отсто на странските пазари. Добивката во првите шест месеци од годинава изнесува 138 милиони денари, или 2,2 милиона евра и е за 22 отсто помала споредено со истиот период лани. И градежната компанија „Бетон“ бележи намалување и на приходите и на добивката. Таа во првите шест месеци од годинава остварила приходи од продажба од 12,5 милиони евра, што е за 28 отсто помалку отколку истиот период во минатата година кога приходите изнесувале 17,5 милиони евра. Оперативната добивка на компанијата според неревидираниот финансиски извештај, е, исто така, намалена за 14 отсто споредено со истиот период лани и изнесува 290 илјади евра. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4C64D98CBF79D74CA828FC9F8A42CE1E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 02-Sep-2010 at 01:33

Архитектите бараат спас за Охрид

Висококатниците што никнуваат на секој чекор го оневозможуваат видикот кон езерото

Мики Трајковски


ОХРИД - Архитектите бараат спас за Охрид од урбанистичкиот хаос за кој никој не води сметка, а го доведува во прашање и задржувањето на статусот - град на УНЕСКО. Надзорот во урбанизмот треба да го имаат само меродавни државни институции, како, на пример, Заводот за заштита на културното наследство, а не фирми кои не се разбираат во таа сфера, потенцираат архитектите. Се практикува поголем дел од урбанистичките планови за Охрид да ги изготвуваат фирми од Гостивар или од Скопје, кои според архитектите воопшто не ја познаваат душата на градот, но и урбанистичките проблеми со кои секојдневно се соочуваат охриѓани.

За архитектот Ристо Андоновски, Охрид како единствен град во Македонија под заштита на УНЕСКО, треба да има посебен урбанистички третман како од локалната, така и од централната власт. Тој тврди дека поради недостиг од организација и меѓусебно почитување на архитектите засега не постои таков интерес.

„Имаме дипломи и многу повеќе ја знаеме проблематиката од оние во Кавадарци, Скопје или Гостивар. Не може Охрид да биде заробеник на Законот за просторно и урбанистичко уредување, исто како што се Демир Хисар, Гевгелија. Се залагам да се донесе посебен закон за Охрид“, коментира Андоновски.

Од Општина Охрид велат дека урбанистички планови може да изработуваат само лиценцирани фирми, а во градот имало само една таква фирма. Што се однесува до архитекти со лиценци за изработка на урбанистички планови, во Охрид има само неколкумина.

„Фирма која ги работи плановите мора да се придржува кон Законот за просторно и урбанистичко планирање, но и да ги почитува правилниците и стандардите во оваа област. Во спротивно, урбанистичкиот план нема да биде усвоен“, нагласува Бранко Арнаудов, началник на Секторот за урбанизам во Општина Охрид.

И дел од охридските советници се на мислење дека треба да се формира јавно претпријатие за урбанистичко планирање. Но, тоа не е можно со новиот закон.

„Се согласувам дека е најдобро архитекти од Охрид да изработуваат урбанистички планови за градот. Со ова средствата што се одлеваат од буџетот на Општината ќе останат тука. Како живее и како дише Охрид знаат овдешните архитекти. Само на една седница на Советот има дваесетина барање од граѓани за донесување урбанистички планови“, вели Јоне Станковски, советник на ВМРО-НП.

На Охрид му се случува таканаречена болна архитектура, сметаат архитектите. Според нив, локалните власти итно треба да сфатат дека е потребна реорганизација на урбанистичките планови и во начинот на кој се планира урбанизацијата.

А во последниве неколку години Охрид добива сериозни опомени, дека може да го загуби статусот град на УНЕСКО, поради нарушување на автентичноста на старото градско јадро и крајезерскиот појас.

„Како и сите градови под заштита на УНЕСКО и во Охрид се појавуваат одредени проблеми кои се драматизираат во јавноста. Никогаш Охрид не бил на листата за исклучување. Имало само претставки од разни институции и поединци“, вели Јордан Плевнеш, амбасадор на Македонија во УНЕСКО.

Иако процедурата за бришење на едно место од листата на УНЕСКО е долга и сложена, никој, па ниту најголемите оптимисти не исклучуваат тоа да му се случи на Охрид.

„Најголемиот број забелешки во билатералните контакти со луѓе кои се преставници во таа организација се однесуваат на урбанизацијата. Ако продолжиме со тој тренд, ќе го нарушиме не само јадрото во Охрид, туку и крајбрежјето“, предочува Дејан Пановски, член на македонската делегација во УНЕСКО.

Факт е дека треба да се стави крај на урбаниот масакр. Охрид се' повеќе го губи шмекот на град во кој до неодамна езерото можеше да се гледа и од најниската точка. Сега тоа повеќе не е така. Висококатниците кои никнуваат на секој чекор го оневозможуваат видикот кон езерото, па дури и кон Галичица. Постарите охриѓани раскажуваат дека повеќе не е ист и ветерот што дува во Охрид, ниту, пак, воздухот во кој се чувствува мирис на бетон и малтер. Охрид, за жал, се' уште останува заробеник на урбанистичката мафија, која владее со Охрид, и на урбаните профитери кои во секое слободно парче земја гледаат можност за одлична заработка.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B916336C9F79E44DA444467EE8A2CF15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 02-Sep-2010 at 01:38
Еднаш требало меѓународни конкурси за маргинални проектчиња, друг пат требало локал-патриотски конкурси да не смее никој друг освен Охриѓани. Пак Скопјаните криви за се, па сега не смееле ни да проектираат згради во Охрид.LOL

Од друга страна некако многу фаталистички се однесуватаат. Најбитно од се има што ги имало таму некаде на некој список во Обиденети Нации како да тоа е некој орден, а не им е битна суштината на проблемот односно диви градби, урбанизација без врска, па уште бил градот заробеник на законот. Па тој закон го носи и оној малку ред што го има.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 02-Sep-2010 at 11:27
Originally posted by lslcrew

Еднаш требало меѓународни конкурси за маргинални проектчиња, друг пат требало локал-патриотски конкурси да не смее никој друг освен Охриѓани. Пак Скопјаните криви за се, па сега не смееле ни да проектираат згради во Охрид.LOL

Од друга страна некако многу фаталистички се однесуватаат. Најбитно од се има што ги имало таму некаде на некој список во Обиденети Нации како да тоа е некој орден, а не им е битна суштината на проблемот односно диви градби, урбанизација без врска, па уште бил градот заробеник на законот. Па тој закон го носи и оној малку ред што го има.
Потпис, особени за болдираниот дел
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 06-Sep-2010 at 13:56
Бројот на издадени одобренија за градење во јули 2010 година е намален за 11.2%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2010 се издадени 230 одобренија за градба, што е за 11.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1567528 илјади денари, што е за 10.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (77.8%) се наменети за објекти од високоградба, 17 (7.4%) за објекти од нискоградба и 34 (14.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 230 објекти, на 186 (80.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (19.1%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период предвидена е изградба на 410 станови, со вкупна корисна површина од 37 900 м2.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 06-Oct-2010 at 14:02
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 07-Oct-2010 at 19:51

Зголемен бројот на одобренија за градење

Во август годинава се издадени 267 одобренија за градба, што е за 18,7 проценти повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,2 милијарди денари, односно за 43,5 проценти повеќе споредено со август минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија, 205 се наменети за објекти од високоградба, 30 за нискоградба и 32 за реконструкција. Кај 200 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 67 деловни субјекти.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7709957F7F9F55499FF1E3313AC56566
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 05-Nov-2010 at 23:07
Зголемен бројот на издадени одобренија за градба
Маја Трајковска -  05 ноември 2010   15:23 GMT Извор: ДЗС
Бројот на издадени одобренија изнесува 268 за септември оваа година, што е за 13,6 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, покажуваа...
http://www.makfax.com.mk/#232680/zgolemen_brojot_na_izdadeni_odobrenija_za_gradba
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Nov-2010 at 02:32


Подетално

Имаме градежна експанзија
Поголема градежна експанзија, вака портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган Симоновски, ги оцени статистичките податоци за 268 издадени одобренија за градење во септември годинава, кои се за 13,6 проценти повеќе во однос на истиот месец лани


Овој ресор, рече Симоновски, продолжува со активности за подобрување на бизнис-климата во градежништвото. Особено важно, истакнува тој, е што според издадените одобренија за градење во септември предвидената вредност на објектите изнесува 3.059.294.000 денари, или за 92,4 проценти повеќе во споредба со септември минатата година.

%20Од вкупниот број издадени одобренија, 221 или 82,5 проценти се наменети за објекти од високоградба, 13 или 4,8 проценти за нискоградба и 34, односно 12,7 отсто, за објекти за реконструкција.

Кај 215 од предвидените објекти инвеститори се физички лица, а кај 53 деловни субјекти.

Според Симоновски, Министерството за транспорт постојано презема активности за олеснување на процедурата за добивање одобренија за градење. Дел од нив е склучениот договор со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ при Светска банка. Експертите на ИФЦ веќе ги посетиле надлежните институции за издавање одобренија за градење и ја следат постапката во тој сегмент за да направат длабинска анализа во која ќе бидат дадени конкретни насоки како да се олесни и подобри процедурата за добивање одобренија за градење.

- Забелешки за подобрување на постапката за одобренијата за градење Министерството добива и од компаниите и од граѓаните, во согласност со јавниот повик што го објави за таа намена - вели Симоновски.

Олеснување за инвеститорите, потсети портпаролот на Министерството за транспорт, беше и укинувањето на дозволите за употреба на објектите, кои претставуваа голем товар и беа задолжителни. Тоа административно олеснување го забрзува процесот на реализирање на градбата, оцени Симоновски.

Дел од тековните повици на Министерството за транспорт за продажба на државно градежно земјиште е тој за отуѓување 28 градежни парцели во општина Ѓорче Петров, наменети за изградба на објекти со намена за лесна и незагадувачка индустрија, за сервиси и стоваришта. Почетната цена е 61 денар за квадратен метар. На неодамнешното јавно наддавање во Речани 2 во Велес дел парцели што се нудеа по цена од евро за квадратен метар, достигнаа цена од 20 евра за квадратен метар.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101021531&id=10&prilog=0&setIzdanie=22127
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 05-Jan-2011 at 14:05
Број на издадени одобренија за градење во ноември 2010 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2010 се издадени 241 одобрение за градба што е за 22.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 440 852 илјади денари што е за 89.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 176 (73.0%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (10.0%) за објекти од нискоградба и 41 (17.0%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 241 објект, на 178 (73.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 63 објекти (26.1%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 822 стана со вкупна корисна површина од 58 329 м2.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 06-Jan-2011 at 18:21

Најмногу се гради во Скопје и Тетово

Скопје, Тетово и Струга најатрактивни градови за градежниците. Државниот завод за статистика објавува податоци дека граджената оператива во најголем дел е насочена кон полошкиот, југозападниот и скопскиот регион.

Од остатаните градови во Македонија најмногу дозволи биле доделени во Кочани, Велес, Куманово.. 

Ќе се гради и идната година вели Премиерот Груевски.

Оваа гранка е двигател во целата економијата, па трендот на раст во овој сектор се очекува даде работа на уште 26 стопански гранки.

Тоа се потврдува и со годинешиот буџет. Од вкупно 2,6 милијарди евра, 374 милиони ќе одат за капитални инвестиции.

Ќе се градат регионални и локални патишта, социјални и комерцијални згради, стопански објекти и скопје 2014-та..

Марина Доковска

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/najmnogu-se-gradi-vo-skopje-i-tetovo
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 07-Feb-2011 at 17:35
Во декември издадени помалку одобренија за градба Скопје - Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2010 се издадени 288 одобренија за градба што е за 5 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.532.322.000 денари што е за 21,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 232 (80,5 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 29  или 10,1 отсто се за објекти од нискоградба и 27  или 9,4 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 288 објекти, на 210 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 858 станови со вкупна корисна површина од 68 339 метри квадаратни. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2842&Itemid=125
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.137 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.