build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Состојби во градежништвото и архитектурата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 10-Feb-2011 at 13:40
Нема криза за македонските градежници, ќе се “ѕидаат“ милионски профити

Заминувањето на економската криза, најавите на владата за големи инфраструктурни и енергетски проекти и раздвижувањето во приватниот сектор им дава надеж на градежниците дека годинава нема да кренат глава од работа.

Компаниите очекуваат милионски приходи како од проектите кои ќе се работат дома, така и на странски терен. Претседателот на Асоцијацијата на градежници при Сојузот на стопанаски комори Сеат Кочан вели дека македонското градежништво успеа да се одржи на стабилни нозе и во време на економската криза, а заздравување на стопанството сега ќе значи само повеќе работа и повеќе профит.

“Со оглед дека и во периодот на криза и во светот и во Македонија ние успеавме да се одржиме на едно стабилно ниво, сега на излезот од кризата имаме надеж и очекување за значително поголема активност. Со самиот факт дека владата во буџетот предвиде 300 милиони евра за инфраструктурни и енергетски прокети што претставува сериозен ангажман“, вели Кочан.
 

Проектот за изградба на делницата Смоквица – Демир Капија вреден околу 270 милиони евра за македонските градежниците годинава ќе претставува голем залак.

“Еден од проектите што е од големо значење на градежништвото е делницата кај Смоквица за која се предвидени 270 милиони евра, секако тука нашите компании не можат да ја преземат директно работата, но можат да се вклучат како подизведувачи“, вели претседателот на Асоцијацијата на градежниците.
 
Делницата од автопатот кон Гевгелија дел ќе се финансира со пари од Европската Инвестициска Банка која на почетокот на месецот одобри 130 милиони евра за овој проект.

Добри новости за градежниците се и најавите за реформи измени во законите во областа на градежништвото со кои ќе се олесни постапката за добивање градежна дозвола, а ќе ја отвори и вратата за повеќе странски инвестиции.
Интересни податоци во однос на градежништвото во изминативе два месеца објавува и Државниот завод за статистика, според чии бројки во наредниот период ќе се градат помалку објекти, но со поголема вкупна вредност.
Според издадените дозволи за градба само во декември лани, во наредниот период ќе се градат објекти во вредност од 3,5 милијарди денари.
 
Денеска Статистика објави дека лани македонските градежни компании заработилке 2,2 милијарди денари во странство. Македонската градежна оператива најмногу градела во Украина, а како нови пазари се јавуваа Германија , Романија, Словачка, Полска, Словенија, Холандија, Италија и Австрија.

Градежништвото, како што често истакнуваат економските експерти, е од витално значење за целокупната економија бидејќи активноста во овој сектор може да биде директен индикатор за состојбите во целото стопанство.
Доколку градежништвото е во добра кондиција тогаш се повлекува работа за уште најмалку 40 стопански гранки кои ги снабдуваат градежниците со материјали и алати.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=82588&kategorija=2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 12-Feb-2011 at 20:56

Градежната експанзија ги затекна компаниите

Компаниите затекнати од градежната експанзија. Немаат доволно работници навреме да ги завршат договорените зделки.

Капиталните инфраструктурни проекти и годинава сериозно ќе ги вработат градежниците, при што првите луѓе на најголемите оперативи кај нас велат дека токму нивниот сектор и оваа година ќе го предводи стопанството. Бројот на потпишани довори во странство, но и на домашниот пазар постојано се зголемувал.

Премиерот Груевски вели дека Владата останува фокусирана на економијата. Преку посетата на тимовите ќе ги анализира проблемите на компаниите со цел да се изнајдат решенија истите да бележат уште подобри резултати.

- Градежништвото доби импулс бидејќи Владата инвестираше многу во градба. Живееме во години во кои што се гради. Само годинава во Буџетот во делот на инвестиции се предвидени околу 300 милиони евра кои ќе поминат во градежниот сектор и ќе создадат добри дела кои ќе им служат на граѓаните и ќе им го подобрат квалитетот на живот - рече Груевски.

Лани компании склучиле договори со странство во вредност од околу 60 милиони евра, што претставува зголемување за 22 проценти споредено со 2009 година. Но според истата пресметка на статистика реализацијата кај истите бележи пад од 15 отсто или вкупно наплатени биле само 37 милиони евра.

http://daily.mk/cluster3/f5018dd2b8178f77a9c8e6fce34fa821/594028
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 13-Feb-2011 at 21:04
“Еден од проектите што е од големо значење на градежништвото е делницата кај Смоквица за која се предвидени 270 милиони евра, секако тука нашите компании не можат да ја преземат директно работата, но можат да се вклучат како подизведувачи“, вели претседателот на Асоцијацијата на градежниците.
Жално. Наши градежни компании имаат изградено мега-проекти и тоа не само дома, туку и на блискиот исток и во СССР. Денес не можат да се изборат да изградат ниту 28 километри домашен автопат и се среќни што ќе можеле да се вклучат како подизведувачи (со други зборови да ја завршат тешката работа, додека некој друг ги собира дебелите профити).

Јасно ми е дека вината за сегашната состојба воглавно треба да се лоцира надвор од самите градежни компании, едноставно околностите во голема мерка го диктираа таквото атрофирање. Но каде е визијата? Мене никако не може да ми се разјасни зошто неколкуте наши етаблирани и поголеми градежни компании не се во состојба ниту да се договорат да формираат конзорциуми за поголеми проекти, домашни и во странство. Што е проблемот? Вечно ли ќе бидат подизведувачи за се и сешто? Вечно ли ќе се сопнуваат уште на банкарските гаранции?


Edited by Cloverstack - 13-Feb-2011 at 21:06
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 01-Mar-2011 at 14:55
Градежниот сектор полека зема замав
Александар Поповски -  01 март 2011   14:39 GMT

Градежниот сектор во Македонија, кој и во услови на криза оствари раст, зема замав, побарувачката расте, но континуираниот проблем со наплатата останува ненадминат.

Ова е констатацијата на дел од претставниците на градежниот сектор, кои учествуваат на Саемот за градежништво, градежни материјали и градежна механизација, што денеска беше отворен по осми пат на Скопски саем.

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, на отворањето на саемската манифестација изјави дека градежниот сектор, што со себе поврзува уште најмалку 20 други гранки за владата претставува една од најзначајните карики во економијата.

Истакнувајќи ја континуираната поддршка што владата му ја дава на градежниот сектор, Пешевски го наброја намалувањето на ДДВ за станови од 18 на 5 отсто, големиот број градежни зафати финансирани од Владата и олеснувањето во голем број административни постапки.

„Ќе продолжиме со чекори и во подобрување на даночната и административната сфера, но и ќе продолжиме со финансирање на сите оние проекти кои значат поттик за овој сектор“, рече Пешевски.

Тој информираше дека градежниот сектор во 2009 година имал раст од 4,4 отсто, а во 2010 најверојатно ќе има раст над 10 отсто

Претставникот на компанијата „Адинг“ Даниел Церков оцени дека градежниот сектор излегува од криза, изразувајќи надеж дека ќе има поголемо придвижување годинава.

„Побарувачка има, но најголем проблем со кој се соочуваме е наплатата. Начинот како да ги наплатиме нашите производи и услуги. Не зборувам само за Македонија, туку за целиот регион и пазарите каде што сме присутни, рече Церков./крај/ап

http://makfax.com.mk/#247200%2Fgradezhniot_sektor_poleka_zema_zamav
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 02-Mar-2011 at 14:05
ОТВОРЕН САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО
Цените на становитеќе одат само нагоре Минатата година ќе ја завршиме со пораст на градежништвото од 12 проценти, рече вчера вицепремиерот Владимир Пешевски прогласувајќи го Саемот за градежништво за отворен. Пешески најави дека од Владата и натаму ќе продолжат да преземаат мерки што ќе резултираат со раст на градежништвото. Но, мерки што ќе ги поевтинат становите нема да има. Владата смета дека мерките што ги презема се доволни за да има пад на цените, но од компаниите велат дека цените нема да паѓаат. - ДДВ го намаливме од 18 на 5 проценти, голем број градежни зафати беа иницирани и финансирани од Владата како и голем број олеснувања во делот на административните постапки - истакна Пешески. Од компаниите велат дека цената ќе зависи од побарувачката и од цената на градежното земјиште. - Самиот пазар ќе ја наметне цената понатаму. Ние во моментов градиме станбен комплекс од шест згради со 1.000 стана. Има многу заинтересирани, а цената е 1.250 евра за еден квадратен метар. Ние сега дојдовме на пазарот и стартуваме со цена која сметаме дека е блиску до куповната моќ - нагласи Сашо Стојчески, менаџер на проектот „Гранд престиж“, кој ќе се гради во комплексот „Алумина“. Игор Чучков од „Леорон груп“, пак, вели дека цените на недвижностите со влезот во ЕУ ќе одат нагоре. - Цените се на прифатливо ниво и со влезот во ЕУ тие ќе одат во нагорна линија. Поради тоа, инвеститорите што ќе дојдат овде ќе имаат добар поврат на својата инвестиција - истакна Чучков. Од „Адора инженеринг“ велат дека цената на градежното земјиште влегува со 15 проценти во вкупната цена на станот. - Со незначително намалување на цената на недвижности, што е резултата на помал ДДВ, значајно се зголеми прометот на недвижности и квалитетот на градбата - вели Ванчо Чифлиганец, директор на фирмата. На Саемот за градежништво годинава има 300 изложувачи, што е за 60 проценти повеќе од лани. Годинава, заедно со Саемот за градежништво, првпат беше отворен и Саем за недвижнини и Саем за извоз на производи од Турција. Саемските манифестации ќе траат до сабота.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2255&ArticleID=157219
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 08-Mar-2011 at 00:40
Вкупно 172 одобренија за градба биле издадени во Македонија во јануари, што е за 11,7 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
 
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,1 милијарди денари, (34,2 милиони евра) што е двојно повеќе во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 130 се наменети за објекти од високоградба, 16 за објекти од нискоградба и 26 за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 265 станови, со вкупна корисна површина од 27 753 м2.

http://daily.mk/cluster3/eafc226bcbccf23328ecc15ad6d9024d/628054
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 10-Mar-2011 at 20:29
На Скопје му треба главен градски аритект


Демократската обнова на Македонија - ДОМ предлага измени на Законот за Град Скопје и на Законот за локална самоуправа и да се внесат термините градски архитект и општински архитекти. Тие предлагаат да се формира и колегиум на архитекти, кои ќе ги избере самиот градски архитект. Според нив колегиумот ќе биде составен од стручни и професионални луѓе кои во дебати со граѓаните и со стручната јавност ќе можат да донесат подобри урбанистички решенија.
- Како ДОМ веруваме дека на Скопје му треба градски архитект, а општински архитекти им се потребни на сите општини за да може просторот да се реши урбанистички. Односно, на начин со кој од една страна ќе се сочува традицијата, а од друга страна ќе се внесат сите современи и модерни елементи на градежништвото и урбанизмот кои постојат во светот, изјави денеска пратеничката и претседателка на оваа партија, Лилјана Поповска, и додаде дека ДОМ ќе предложи свој кандидат за градски архитект.

Таа смета дека е потребно да се живее во простори кои се по мерка на човекот и додаде оти за тоа треба да одлучат стручни луѓе.
Таа информира дека честопати ДУП-овите не кореспондираат со ГУП-от.
- Сега сме пред носење на новиот ГУП и тој не би смеело да биде донесен без широки стручни расправи кои треба да ги води еден градски архитект, рече Поповска и додаде дека градски архитекти има во Рига, Москва, Копенхаген, Стокхолм...
ДОМ в петок ќе организира трибина за Предлог-измените на Законот за Град Скопје и на Законот за локална самоуправа. http://vecer.com.mk/?ItemID=7C7364BF048C0E4F8B4151397B3C7B38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 10-Mar-2011 at 20:32
Настрана тоа што од партија доаѓа предлогот. Зашто воопшто се укинаа овие архитекти и урбанизам како ресор во владата? Може и да не е до толку битно кога веќе има сектори за урбанизам ова би било само свртување на целиот дел кон една личност наместо кон цела служба во општините. Коко стои прашање надвор?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 10-Mar-2011 at 20:38
Јас би рекол дека е подобро да биде Совет на Архитекти, отприлика составен од 10-20 луѓе. За да не бидат обрските, и правото за одлуки на 1 човек. Подемократски е да бидат инволвирани повеќе архитекти, урбанисти, градежници, екологисти, аналитичари и други засегнати професии. Дури може да се има и претставници од граѓаните или пак од општините, ако ништо друго како советодавни. Но во секој случај да не стане премногу комплицирано.

Оваа тематика заслужува големо внимание, зашто не е едноставна работа, и може да засега во целата организација на локалните самоуправи. Поготово за оние кои го сочинуваат Скопје, бидејќи во случајов за Скопје се работи. Но не треба другите градови да бидат исклучени. Секој град треба да има нешто слично.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 10-Mar-2011 at 21:23
Од искуство со другите совети, комисии и сл тела во оваа ни наша држава, потребата од главен градски архитект во старт е промашена. Прво затоа што и да е личност со "педигре" од својата област, ретко кој ќе го почитува неговото мислење, а и да е спротивно, тој ќе биде одбран партиски и нормално ќе се согласува со одлуките на луѓето кои го поставиле. Совет пак е убава замисла, но во пракса лошо делува. Плус потребни се многу пари ако се работи за тело со 10-20 луѓе, па потреба од кворум, потреба од бадинтер, од апсолутно мнозинство и да не навлагам во другите процедури. Поддржувам ваква идеја, но ситуацијата кажува нешто друго. Повеќе сум да се оформи совет од професори од градежен факултет, некое неформално тело од 15 луѓе и да дава свои мислења до јавноста, до градот, но и да организираат јавни трибини, еден вид на невладино тело. Само тоа е спас во овој урбанистички хаос.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 19-Mar-2011 at 20:42


КУЛТУРА И ТРЕНДОВИ | 19.03.2011
Љубов и забелешки за скопските градби



Дискусија: „Skopje Love Story“

„Skopje Love Story“ беше именувана литературната ноќ во Лајпциг посветена на архитектурата и литературата на македонската престолнина. Освен авторите на книгата „Skopje: The World Bastard“ на неа говореа и писатели.

Приказната за Скопје започна со видео-записот и визуализацијата на проектот „Скопје 2014“, кому е посветена и книгата на Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек. Делото кое е на англиски јазик, а ќе биде објавено и на македонски и на албански јазик, веројатно ќе предизвика внимание кај стручната публика, зашто на стотината страници се сублимирани архитектонското, историското и политичкото живеење на градот.

„За мене интересно е што целиот процес е воден аматерски. Дали кога зборуваме за скулптурите, или архивите, или црквите? Но, од друга страна во тој аматеризам има голем потенцијал. Фали многу малку со тој аматеризам да се направи многу повеќе. Тоа што денес се случува не можам да кажам, а ни книгата еднонасочно не кажува, туку вели дека од лошото може да се направи подобро“, изјави младиот архитект од Скопје Мијалковиќ, кој речиси деценија живее во Виена и кој заедно со Катарина Урбанек последнава година и половина работеше на книгата.


Катарина Урбанек и Милан Мијалковиќ

Пулсот на градот

Пред публиката во Лајпциг Мијалковиќ кусо потсети на историјата на градот, на земјотресот, на амбициозниот проект на Кензо Танге, чија цел беше да направи од Скопје отворен град на солидарноста, во кој сообраќајните решенија биле по урнекот на оние во Јапонија: центарот исклучиво за пешаци, посебни делови од улиците, за јавниот превоз. Од убавата идеја, меѓутоа не се реализира ништо. „Со сообраќајот се случува истото што и со другите административни згради. Се гради се’ на ура, нема концепт, нема процес, нема анализи како нешто треба да изгледа. И тоа е тоа што се случува во градот“, смета Мијалковиќ.


Проектот „Скопје 2014“

Катарина Урбанек пак дополнува: „Во принцип свесната одлука на политиката, како ќе го гради градот по децении кога ништо не се случуваше, е секако потенцијал, кој можеше и подобро и поинаку да се искористи. Работите отидоа некако во погрешна насока, зашто одлуката за градба беше еднострана, а можеше да има други теми, кои со истата енергија би биле долгорочно покорисни за градот. Тука мислам на станбената изградба или јавни објекти, кои би биле општествено поисплатливи.“

Скопје има многу идентитети

Во заедничката книга за Скопје посебен акцент е ставен на новите градби. Колку тие можат да бидат вистински национален белег на градот и државата? „Скопје има многу идентитети, но дали ќе биде слика во класичен или поп-арт стил останува да видиме. Мислам дека е добро што нешто се случува и дека таа енергија во градот не само кај политичката елита, туку и кај граѓаните треба да се искористи на подобар начин.“


Влада Урошевиќ

Во дискусијата збор имаше и Влада Урошевиќ како еден од ретките автори кои се занимава со архитектурата како тема. Тој забележа, дека е многу тешко за еден писател да напише роман за Скопје. Имено, авторот треба да ги именува улиците по кои се движат јунаците, а тие, улиците по 10 години ќе го сменат името, такашто по 20 никој нема да знае каде се наоѓала една улица. И затоа секој писател или граѓанин мора да вложува напори за да направи од Скопје место каде спомените може да имаат свој простор.

Пред публиката беа читани и делови од романите на Роберт Алаѓозовски и Владимир Јанковски.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска


http://www.dw-world.de/dw/article/0,,14924388,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 22-Mar-2011 at 12:25
„Гранит“ склучи два договора вредни над милијарда денари
Петре Димитров -  22 март 2011   12:07 GMT

Една од најголемите градежни компании во земјава „Гранит“ информира дека склучила два договори вредни над милијарда денари.

Првиот се однесува на изградба на катната гаража на ул „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје и вредноста на договорот изнесува 656,1 милиони денари. Гаражата, „Гранит“ треба да ја изгради во следниве 24 месеци, а инвеститор е Град Скопје.

Вториот договор се однесува на градежните и градежно-занаетчиски работи за изградба на административниот објект на Агенција за електронски комуникации, во вредност од 518, 1 милиони денари. Објектот треба да биде изграден во следниве 15 месеци, а инвеститор е Агенција за електронски комуникации. /крај/пд

http://makfax.com.mk/#30%2F249786%2Fgranit__skluchi_dva_dogovora_vredni_nad_milijarda_denari
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 05-Apr-2011 at 11:39

Скопје е град на маркички, згради и на брзи закони


Плановите и регулативата за градба се менуваат премногу често, па затоа на една иста улица можеме да сретнеме сосема различни објекти според изгледот, катноста или намената, коментираат експертите

 
 
%20  

Властите немаат идеја како да го развиваат Скопје организирано и плански, а дури и да имаат, тешко ќе се најдат инвеститори за да ги исполнат тие планови, така што ќе градат цели населби, блокови, големи комплекси, кои би биле самодоволни и инфраструктурно решени. Наместо тоа, нови населби никнуваат стихијно на сите страни, често надвор од урбанистичките планови на општините и на градот.
Немање долгорочна визија за градот, брзото менување на законската регулатива, немањето главен градски архитект, бизнис-интересите на моќниците, трката по профит, зголемувањето на бројот на жители се само дел од работите што од Скопје прават безличен град, без свој белег во урбанистичка и архитектонска смисла, сметаат познавачите

ЕДЕН ЗАКОН НА ТЕМЕЛОТ, ДРУГ НА ПОКРИВОТ

Пребрзото менување на законската регулатива во градежништвото придонело инвеститорите да не можат да ги следат промените, или пак да ги користат, со тоа што граделе сé и сешто каде што треба и каде што не треба. Токму поради тоа имаме тесни улици, никаде нема доволно паркинг-места ниту за жителите, некои населби личат на хаотичен мозаик од стари куќи и разнобојни згради, некаде слабее притисокот на водата и слично.

- Ние не успеавме да ги следиме промените на општествениот систем. Тоа многу се почувствува во градежништвото, каде што пак профитот беше мамка за многу бизнисмени да ја искористат оваа можност и да профитираат лесно. Хиперпродукцијата на закони последниве години и нивното многу често менување уште повеќе ја влошија состојбата. Поради тоа имавме случаи кога почетокот на градбата е според еден закон, според еден правилник, а нејзиното завршување е според некоја втора, трета или четврта измена. За тоа на една иста улица имаме различни згради по катност, изглед и функција. На сето ова и професионалните струки во градежништвото како архитектите, геодетите, планерите се тргнаа на маргините на системот за носење одлуки битни за градот - вели професор Горан Марковски од Градежниот факултет во Скопје.

ИНСТАНТ-ПРОФИТ САМО ВО ЦЕНТАР

Во последно време на неколку локации во градот се појавија нови типизирани населби, кои, освен што беа комплетно внатрешно урбанизирани, истовремено беа и отсечени од градот. Но нивната изградба тешко одеше. Пропаѓаа огласите за продажба на државно земјиште за изградба на 14 згради кај Ново Лисиче, па Владата мораше да го раздвои овој плац на 14 посебни парцели за да ги продаде. За проектот Хиподром 2, населба за околу 5.000 жители, сé уште нема инвеститор.

Лошата градска инфраструктура придонесе инвеститорите своите пари да ги насочат кон централното градско подрачје, каде што брзата изградба на висококатница им носеше големи инстант-профити.
- Кај нас речиси нема населби што се градат на големи претходно урбанизирани површини. Таков пример е само оној во Злокуќани, каде што приватен инвеститор изгради цела населба и ги продаваше објектите. Прашање е како се стигнува до таа населба? Какви улици водат до неа? Лошата градска инфраструктура ги одвраќа инвеститорите од вложување во вакви населби надвор од градот - ни изјави Никола Велковски, поранешен главен градски архитект.

Според него, во градската зона градежното земјиште речиси го нема, а онаму каде што го има тоа е толку иситнето што не дозволува некој поголем инвестициски зафат, кој би значел градење типизирана населба.

- Што ако изградите убава населба во Хиподром, кога до неа тешко ќе се стигнува по лош пат. Истото важи за сите периферни делови на Скопје. Ако се сака да се поттикне ваквата градба, на населби подалеку од центарот, тогаш градот и државата треба да вложат многу во правење нови квалитетни патишта, училишта, градинки, здравствени установи, како и солидни инсталации на електрична енергија, градско греење и водоводна мрежа, па потоа да се гради - појаснува архитектот Велковски.
Градежниците пак коментираат дека треба да им се овозможи на бизнисмените безбедна клима за инвестиции каде што системот ќе им даде услови за инвестирање со можност за профит. Честото менување на законот оди контрапродуктивно и во овој сегмент.

НЕЗАВИСЕН И НЕПОЛИТИЧКИ ГРАДСКИ АРХИТЕКТ

За да се води планска изградба на градот во минатото со скопската урбанизација и изградба раководеше главниот градски архитект. Тимот сочинет од врвни експерти, градежни архитекти, постојано и континуирано работеше на осмислување на порастот на градот и неговото функционирање во секоја смисла на зборот.

- Главниот градски архитект што постоеше порано е функција што треба повторно да се врати во градот. Овој тим го гледа градот 15 години однапред. Како и каде ќе се развива? Кои се потребите а кои се можностите и поставува приоритети пред градоначалникот во смисла на донесување урбанистички планови, изградба на капитални објекти, улици, инфраструктура... Тој не треба да зависи од политиката и треба да биде визионер на градот - вели Велковски.

Тој појаснува дека сега оваа функција ја имаат служби во градот и општините што многу често се во врска со политичките партии или избраните градоначалници, со што ги губат својата професионалност и моќ на одлучување за доброто на градот.

 

 Вода и струја има доволно, а ѓубре премногу
 За десетина години Скопје ќе се задуши од сопственото ѓубре што го произведува. Бројот на населението расте, со што не само што се создава се повеќе отпад туку тој сé потешко се отстранува. Голем проблем е и загадувањето на подземните води, кои, пак, влијаат на квалитетот на водата за пиење.
- Градот не треба да стравува за тоа дали ќе има доволно вода за пиење или доволно електрична енергија. Тоа не е проблем. Проблем е отпадот што го создаваме, а имаме слаб комунален систем. Голем проблем ќе се појави во иднина поради тоа што отпадните води не ги прочистуваме и така ги испуштаме во реките и почвата. Тоа ги загадува подземните води, кои, пак, може да ги загадат бунарите од кои се вади дел од водата за пиење - вели архитектот Никола Велковски.
Податоците до кои дојдовме велат дека скопската котлина располага со многу извори што гарантираат долгорочно стабилно снабдување на градот со квалитетна вода за пиење. Основни снабдувачи на градот со вода се двете каптажи на изворот Рашче. Каптажата Рашче 1 има штедрост помеѓу 3.700 и 7.000 литри во секунда, а Рашче 2 околу 1.500 литри. Од оваа расположлива вода преку цевководите кон градот може да се пренесат околу 5.000 литри во секунда. Кога хидролошката состојба во Рашче е неповолна или во периоди на енормна потрошувачка во градот, на располагање се и седумте бунари на Лепенец, како и на Водно, со вкупен капацитет околу 1.400 литри во секунда.


http://www.time.mk/read/efd2b902f9/4541354921/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 06-Apr-2011 at 10:01
Број на издадени одобренија за градење, февруари 2011 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2011 се издадени 173 одобренија за градба што е за 18.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 424 180 илјади денари што е за 27.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 132 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 14 (8.1%) за објекти од нискоградба и 27 (15.6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 173 објекти, на 140 (80.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти (19.1%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови со вкупна корисна површина од 30 036 м2.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 11-Apr-2011 at 13:12

Градежен бум со сомнителен квалитет

Ниските критериуми за стекнување овластувања и честите измени на регулативата од областа на градежништвото може да влијаат врз квалитетот на новите објекти, предупредуваат експертите

Градежниот бум што последниве години ги зафати Скопје и другите поголеми градови низ земјава ги принуди инвеститорите да се тркаат со конкуренцијата. Во ситуација кога повеќекатници се завршуваат за нецела година, трката со роковите ја отвори дилемата колку брзината на градење се одразува врз квалитетот на градбите.

Продажбата на државно земјиште по едно евро за квадрат и олеснетите процедури за градење се само дел од владините мерки што го поттикнаа градежништвото, особено изградбата на станбени згради. Изминатите години низ метрополата со молскавична брзина никнуваат цели станбени населби со над 1.500 жители. Токму брзината на градење ги загрижува нивните идни жители. Во таква ситуација се најде и млад брачен пар, кој пред пет месеци уплатил стан во новоградба во една скопска населба. Инвеститорот на објектот, кој тогаш бил во почетна фаза, им ветил дека ќе може да се вселат за една година.

- Не ни се веруваше дека за 12 месеци може да се изгради осумкатница со педесетина стана. Но, сега гледаме дека зградата расте со неверојатна брзина, дури може да е готова и пред крајниот рок. Со сопругата стравуваме за квалитетот на објектот. Се прашуваме како порано се чекаше по две-три години за да се изгради една зграда, а сега истиот објект е готов за помалку од 12 месеци - вели скопјанецот Г.В.

Лиценцираните фирми гарантираат квалитет

Градежниците се едногласни дека новите градби се комплетно безбедни. Според нив, брзото градење се должи на модерната технологија што се користи при изградбата, како и на новите материјали, кои овозможуваат за пократко време да се изгради поквалитетен објект.

- Сега се користи сува градба, кнауф-системи, а монтажната градба зема с` поголем замав. Во бетонот се додаваат адитиви што овозможуваат побрзо да се стврдне. Сите овие нови материјали овозможуваат брза градба. Секој проект има свој динамичен план, кој мора да се следи. Освен тоа, има ревиденти на градбата и на проектот, така што ништо не се препушта на случајност. Ако се протне неквалитетен материјал, тука е надзорот на објектот кој ќе го забележи тоа. Треба веќе да се заборави дека во земјава градбите се неквалитетни и несигурни, граѓаните не треба да се грижат за тоа - велат градежници.

Тие додаваат дека може да се гарантира само за безбедноста и квалитетот на објектите што ги градат лиценцирани компании, а не и за различните доградби и надградби што граѓаните самоиницијативно ги прават.

Професорот на Градежниот факултет, Горан Марковски, вели дека брзината на градење не влијае врз безбедноста на објектите, туку понекогаш може да се одрази врз квалитетот на занаетчиските работи во становите. Според Марковски, на евентуалниот неквалитет на зградите влијаат ниските критериуми за стекнување овластувања, како и честите измени на регулативата од областа на градежништвото.

- Особено ниски се критериумите за овластување за градежници и ревизори. За да бидете ревидент на обична станбена зграда ви треба само двегодишно работно искуство, што е премалку. Хиперпродукцијата на измени во регулативата исто така влијае врз безбедноста на градбите. Само последниве години имаше пет-шест измени во Законот за градењето. Дополнителен проблем е што регулативата се менува без да се земе предвид мислењето на стручните лица од оваа област - смета Марковски.

Прво цена, па квалитет

Од Заводот за испитување материјали и развој на нови технологии „Скопје“ при Скопскиот универзитет објаснуваат дека во земјава се гради и со квалитетни и со неквалитетни материјали. Според експерти од Заводот, ситуацијата излегла од контрола во првите десет години од распаѓањето на Југославија, кога воопшто не се испитувал квалитетот на градежните материјали што се користеле во земјава. Но, последниве години ситуацијата се сменила на подобро.

- Во принцип, за позначајните објекти се прават сите потребни испитувања и се почитуваат сите процедури при градењето. Но, кај станбените згради ситуацијата е поинаква и најмногу зависи од волјата на инвеститорот. Некои инвеститори сакаат да работат чесно и според прописите, па ги прават сите неопходни проверки на материјалите. Други сакаат да заштедат преку вградување неквалитетни или недоволно испитани материјали. Затоа е неопходна поголема контрола од инспекциските служби, но и поголемо ангажирање од надзорните органи. Кај нас при градењето прво се гледа цената, па с` друго. Квалитетот на изграденото се става во втор план - велат од Заводот.

Урбанистите, пак, се убедени дека фелата ги почитува стандардите. Тие велат дека никој не е луд да гради неквалитетно и да го изгуби добриот углед во овој профитабилен бизнис. Сепак, нивниот став не се совпаѓа со анализата на пазарот на недвижности на независната консултантска компанија „Фортон“. Експертите на компанијата оценија дека иако во земјава многу се гради, квалитетот на градбите не е задоволителен.

- Генерално, квалитетот на градбата е сиромашен, со минимални вложувања во акустиката и термалната изолација. Во Македонија има големи температурни разлики, што придонесува за зголемување на трошоците за енергија - пишува во извештајот.

Лоша статика ќе убиеше четворица

Неквалитетната градба и материјалите може да бидат многу опасни. Во тоа се уверија и четворица градежни работници кои пред неколку години беа тешко повредени додека поставуваа бетонска плоча на деловниот центар „Меги“ во скопската населба Аеродром. Железната конструкција која требаше да ја држи плочата попушти и се урна врз нив додека работеа на објектот. Градежните инспектори од Општината Аеродром констатираа дека изведувачот ги поседувал сите потребни дозволи за градба. Но, најверојатно, надзорот не бил како што треба и била направена лоша статичка пресметка.

Барајте ознака СЕ

Според регулативата, квалитетни и безбедни материјали се тие што овозможуваат изградените објекти да се механички отпорни и стабилни, овозможуваат заштита од пожар, хигиенска, здравствена и еколошка заштита, безбедност при употреба, заштита од бучава, како и штедење енергија и задржување на топлината. Градежните материјали што ги исполнуваат сите стандарди треба да имаат ознака СЕ на амбалажата, која истовремено е и доказ дека производот е тестиран во соодветна институција.

http://daily.mk/cluster3/80d8cdd9fa5ecbfc8448c779c18756ac/679906
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 12-Apr-2011 at 17:06

Станбениот квадрат поскапува од 15% до 20%?

Инфлаторниот притисок ќе ја вивне цената на становите. Градежните компании калкулираат нови цени на станбениот квадрат. Речиси сите компании во градежната индустрија со заеднички став- становите ќе поскапат многу скоро, до 15%.

Корекцијата ја темелат на новото зголемување на вредноста на бензините дома, и растот на цената на нафтата на светските берзи, но и поради високата вредност на металите што ја прават нестабилна цената на градежните материјали.

Дел од компаниите веќе извршија корекција на чинењето на суровините, односно градежните материјали, сепак како што велат тие, незначително. Но, оптимизмот кај нив полека згаснува, не само поради поскапата нафта која им ги зголемува трошоците за транспорт туку и поради зголемената вредност и на другите енергенси. Тоа ќе предизвика колапс на градежната индустрија, велат од синдикатот на градежниците.

- Ако не се направат некакви отстапки, на пример како моделот во земјоделието, субвенции со мазутот, може во многу краток период да ја изгубиме индустријата за градежни материјали, вели Павел Трендафилов од ССМ.

Според последните податоци од Статистика цените на производителите на елементи и материјали за вградување во градежништвото овој март во однос на минатиот, биле повисоки за 8,5 отсто.

За еден месец, од февруари до март годинава регистриран е скок од четири отсто, а споредено со јануари за цели 15 отсто.

Иако можеби минимално, сепак поскапувањето на градежните материјали, како што велат производителите, ќе предизвика скок и на цената на изградениот станбен квадрат во државата.

Тоа веќе го регистрираше Државниот завод за статистика, пресметан е пораст на просечната цена на станбениот квадрат за 5,7 отсто во второто, во однос на првото полугодие на минатата година. Споредено со 2006 година, лани просечната цена е зголемена за 13,8 отсто. Во Скопје овој скок е поголем и изнесува 15 отсто.

Маја Дамјановска
12.04.2011, 17:02

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=73783
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 05-May-2011 at 15:26
Број на издадени одобренија за градење, март 2011 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2011 се издадени 195 одобренија за градба што е за 33.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 049 950 илјади денари што е за 35.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 147 (75.4%) се наменети за објекти од високоградба, 10 (5.1%) за објекти од нискоградба и 38 (19.5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 195 објекти, на 154 (79.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 41 објекти (21.0%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 382 стана, со вкупна корисна површина од 38 201 м2.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 06-Jun-2011 at 21:21
И во април помалку издадени градежни дозволи

Како и во март, така и во април годинава градежните активности во земјава се намалуваат, а како главен индикатор за тоа се бројот на издадени одобренија за градба. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2011 година се издадени 220 одобренија за градба, што претставува намалување од 5,6% во однос на истиот месец лани. Во согласност со одобренијата за градба, статистичарите пресметале дека предвидената вредност на објектите е за дури 33,3% помала во споредба со април 2010 година.

Огромен е падот кај издадените одобренија за градба во однос на предвидените станови, дури за 44,6% е помала бројката на предвидени станови во април 2011 година, односно предвидена е изградба на 367 станови со површина од 30.671 метри квадратни. Според соопштението од статистика, за 13% е намален бројот на издадени дозволи за градба во секторот нискоградба и за 11,3% е помала сумата на одобренија за градење во секторот високоградба.

Единствено зголемување од 34,6% е забележано кај издадените дозволи за реконструкција на објектите. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (75%) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9,1%) за објекти од нискоградба и 35 (15,9%) за објекти за реконструкција. Статистичкиот биланс укажува дека на 169 (76,8%) објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, додека кај 55 (23,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=8018
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 16-Jun-2011 at 22:33
ЈПССДП го промена форматот, а со тоа и името. Сега е акционерско друштво, и се вика:

„Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката“ - да кажеме АДИССДП. Адресата на сајтот им е уште иста, ама на банерот друго пишува:

http://jpssdp.gov.mk/
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 27-Jun-2011 at 19:26
Скопје и понатаму убедливо предничи во бројот на изградени станови






Во текот на 2010 година се градеа 1.497 објекти од страна на деловни субјекти и 4.526 објекти од страна на индивидуални сопственици, објави денес Државниот завод за статистика. Статистичарите пресметале дека во 2010 година се граделе 871 станови, а повеќе од половина од нив се во скопскиот регион, дури 445 станови. За градежните компании најинтересна локација за градба на станови била општина Аеродром, каде се изградиле 205 станови во текот на 2010 година. Во Охрид изненадувачки е мал интересот за изградба на станови од деловните субјекти, бројките покажуваат дека се завршени 39 станови во рамките на изминатата година.

Во 2010 година од деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност се извршени градежни работи во вредност од 12.750.651 илјади денари. Статистичките податоци покажуваат дека вкупната површина на изградените станови изнесува 55.944 метри квадратни, а просечната корисна површина на становите изнесува 64,2 метри квадратни.

Наспроти станбените единици градени од деловните субјекти, најголем интерес за изградба на станови од индивидуални сопственици во текот на 2010 година имало во Тетово и во Гостивар, каде што се завршени 382, односно 250 станови. Во однос на состојбата по региони, скопскиот регион и понатаму предничи со 1.617 завршени станови градени во индивидуална режија. Високо место кај завршените станови од оваа статистичка графа држат и Струга и Охрид, каде се финиширани 261, односно 228 станови.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година од страна на индивидуалните сопственици извршени се градежни работи во вредност 12.275.165 илјади денари, а вкупната површина на завршените станови изнесува 386.698 метри квадратни. Просечната површина на завршените станови од страна на индивидуалните сопственици изнесува 90,3 метри квадратни.

Бројките покажуваат дека скопскиот регион и во текот на 2010 година значително предничи во изградбата на станбени површини, како од страна на деловните субјекти, така и од индивидуалните сопственици.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=8358
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.