build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Улогата на архитектурата во општеството
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Улогата на архитектурата во општеството

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 12-Mar-2009 at 13:28
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=78&PID=33393#33393

Ја ценам стручнаоста на сите споменати во текстот и во најголем дел се слагам со нивните ставови, но само со една работа неможам да се сложам, а тоа е констатацијата на Грчев дека требало да се иде на нов обејкт, чисто колку да има пазар за рахитектите. Архитектурата треба да му служи на општеството, а не општеството да им служи на архитектите. Тука малку ме испровоцира ваквиот став, другото све си е на место!

Edited by lslcrew - 12-Mar-2009 at 14:29
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-Mar-2009 at 13:36
Originally posted by lslcrew

Ја ценам стручнаоста на сите споменати во текстот и во најголем дел се слагам со нивните ставови, но само со една работа неможам да се сложам, а тоа е констатацијата на Грчев дека требало да се иде на нов обејкт, чисто колку да има пазар за рахитектите. Архитектурата треба да му служи на општеството, а не општеството да им служи на архитектите. Тука малку ме испровоцира ваквиот став, другото све си е на место!


@lsl има и во тоа логика.

Поентата е дека нивната (неговата) генерација имала прилика да работи на вистински проекти и стекнала искуство кое треба да се префрли понатака. Но ако работата на сегашните архитекти се сведе на средување на ентериери на станови и барови или пак на штанцање транзициони згради според шаблон наместо она што веќе се акумилирало кај нас како искуство и знање да се надгради истото ќе се разводни. Така е со било која професија не само со архитектурата.



Edited by lslcrew - 12-Mar-2009 at 20:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Mar-2009 at 14:21
Па не гледам причина да треба некој архитект да му се даде реален ангажман за да треба да мрдне со рапитографот! Каде пишува дека секој проект треба да доживее и реализација. Па еве гледајте што прават светските архитекти, неможеш да ги приберешеш дома цел ден некои макети и проекти цртаат иако само 1% од тоа се реализира во стварност. Кај нас се чека покана, а не конкурс, и како референца во CV се земаат само објекти кои се изведени и ништо повеќе. Чест на исклучоци но малку нека стават прст на аркада целава анархитектонска фела! Ако сакаат да се докажуваат треба да понудат до сега барем десетина концепти на развој на градот, па да се создаваат табори кои ќе застапуваат тези, а не да легачат и да чекаат покана некој да им понуди објект и притоа на конкусрсот да гледаат како навредлив за нивните уметничк-невронски вијуги или па да чекаат на некое интервју и притоа новинарот да треба да им чупа со клешти одговори од уста. Транзиционите згради се само последица на ваквата зачмаеност. Да имало некоја школа предходно (арх факултет е условно речено техничката школа, но зборам за школа од типот на групирање и творење поради слични архитектонски ставови) немало да има вакви згради. Школата архитектонска мора постојано да оддржава кондиција со макети и модели, со "проекти во празно" зашто инаку ако губи континуитет и се дешава елементарна непогода како транзиционата анархитектура.

Уште еднаш не сакам да наредам никого од архитектите, напртов да ги пофалам исклучоците, како еве на пример архитектоне што имаше доблест да седне и со неархитеки, а да разговара со нас за овие теми. Ретко кој од архитективе го може ова.


Edited by lslcrew - 12-Mar-2009 at 14:27
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Mar-2009 at 18:22
Originally posted by lslcrew

Па не гледам причина да треба некој архитект да му се даде реален ангажман за да треба да мрдне со рапитографот! Каде пишува дека секој проект треба да доживее и реализација. Па еве гледајте што прават светските архитекти, неможеш да ги приберешеш дома цел ден некои макети и проекти цртаат иако само 1% од тоа се реализира во стварност. Кај нас се чека покана, а не конкурс, и како референца во CV се земаат само објекти кои се изведени и ништо повеќе. Чест на исклучоци но малку нека стават прст на аркада целава анархитектонска фела! Ако сакаат да се докажуваат треба да понудат до сега барем десетина концепти на развој на градот, па да се создаваат табори кои ќе застапуваат тези, а не да легачат и да чекаат покана некој да им понуди објект и притоа на конкусрсот да гледаат како навредлив за нивните уметничк-невронски вијуги или па да чекаат на некое интервју и притоа новинарот да треба да им чупа со клешти одговори од уста. Транзиционите згради се само последица на ваквата зачмаеност. Да имало некоја школа предходно (арх факултет е условно речено техничката школа, но зборам за школа од типот на групирање и творење поради слични архитектонски ставови) немало да има вакви згради. Школата архитектонска мора постојано да оддржава кондиција со макети и модели, со "проекти во празно" зашто инаку ако губи континуитет и се дешава елементарна непогода како транзиционата анархитектура.

Уште еднаш не сакам да наредам никого од архитектите, напртов да ги пофалам исклучоците, како еве на пример архитектоне што имаше доблест да седне и со неархитеки, а да разговара со нас за овие теми. Ретко кој од архитективе го може ова.


Без непотребни ласкања Иначе браво за текстов(ќе беше сосема добар и без последната реченица) Немаш појма колку ги имаш погодено работите! Кај нас само Ѓ.Константиновски може да се пофали со таква активност, сега мислам дека треба да има изложба на концептуални решенија за градски мегаструктури, имам гледано и друга изложба од него, за помали станбени објекти....Се` е тоа на хартија фино спакувано, и никогаш изведено. Чипан пишува книги, што е исто така многу значајно.... И толку! Не ми текнува некој друг што со архитектура се занимава вон работното време. Поправете ме ако грешам...
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Mar-2009 at 18:30
ArchiTechTone, ептен не грешиш, исто како и lslcrew.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 12-Mar-2009 at 18:44
другите одат по семинари Smile да нема излузии и да сакаат тука кај нас не ни можат да се реализираат во архитекти со статус на визионери! можеби фали да се ангажираат повеќе и надвор, но а излезе и мислата надвор и телото  набрзо заминува  со неа,  и не се враќа во догледно време...

Edited by lslcrew - 12-Mar-2009 at 20:42
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 07-Apr-2009 at 14:00
Оддамна се имам мислено околу една појава меќу архитектите кај нас, оддмана се мислев ама незнаев како да го "спакувам" муабетот. Значи еве што ме копка уствари цело време.

Многу пати сум приметил дека архитектите инсистираат на авторски права за одреден објект. Сега неколкусостојби и правила не ми се јасни во целиот овој проектанстко-градежен домен. Еве да речеме јас како инвеститор се решам да градам зграда нормално ќе ми треба и проект. Идам кај архитект и "добар ден-добар ден", "вака и вака". Значи архитектот ми изготвува проект за кој јас плаќам договорена сума пари. После тоа нормално пристапувам кон изведба на објектот кој се гради по урнек проектот. Е сега што доколку јас како сопственик на објектот решам да правам измени на објектот?! Јас предходно го имам одкупено проектот по кој сум градел и сите аправа што селдат со него. Ме занима како е уредено тоа законски. Дали јас со одкупување на проектот ги наследувам и комплетно сите авторски права или доивам едноставно дозвола за уникална и единствена изведба на проектот не и авторски права врз проектот.

Целово време не треба да заборавиме и дека објектот е исклучиво сопственост на сопственикот, но не и на архитектот. Единствена shared-сопственост е во проектот (кој е нели авторски или не одкупен).

Ова прашање малку ме заинтригира пошто многу пати го имам слушано, е еве сега денеска го актуелизиравме со City-Galery, а актуелно е и со собрание, мање-више и со гтц.

Доколку е потребно дополнителни облигациони односи (права/обврскки/привилегии) меѓу архитектот и инвеститорот тогаш јас тоа дополнително би го уредил со посебни клаузули во договорите, за да биде начисто работата уствари под каква лиценца е одкупен проектот. Оние на wikipedia лиценците можат да бидат супер урнек за ваквите законски одредби и клаузули во договорите. Но доколку јас лично би го уредувал законски ова, би го уредил така да инвеститорот комплетно ги наследува и авторските права, јер нели он дал пари и е муштерија. Архитекти немојте да ми замеравате, можеби некогаш ова може да сезаегне и некое ваше единсвтвено животно дело, но сметам дека архитектурата треба да му служи на општеството, а не општеството да и служи на архитектите. (Но оффенс)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 07-Apr-2009 at 14:28
И уште нешто. Искрено ме занима што мислат архитектите во однос на тоа до која мера одкупеното авторско дело е свое дело?! Барем досега имам стекнато впечаток дека можеби во некој дел архитектите, не сакам да генерализирам, во некој се осеќа субјективност.

Еве веќе имаме некое критично архи-лоби на форумов па ве молам да ми кажете ваше мислење.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 07-Apr-2009 at 15:09
@lsl

Во принцип можеш и на една уметничка слика да и доцрташ некои работи откако ќе ја купиш и легално ќе биде во твоја сопственост. И никој не ти може ништо. Но не е во тоа поентата нели?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 07-Apr-2009 at 15:23
Па види џуро кај сликата не знам што воопшто би имало потреба од промени. Архитектурата е применета уметност која треба да му служи на порторот, башка архитектура е скапа играчка и не гради згради од што му дошло на некој инспирација него од потреба. Поради разни причини може да се јави потреба од промени, додека кај сликата не знам зашто би ја доцртувал кога е полесно да си купиш нова (или да ти купат за свадба ), што кај архитектурата не е така лесно да си напраиш нова поради изгледот. Башка слика е мобилна работа а зграда не. Слика ќе ја преместиш кај што одговара, а зграда не. Споредбава не ти е баш. Ако идеме така тогаш треба казна за авторски права да платат сите оние што извршиле интервенции на нивните автомобили пошто нели и тоа индустриски дизајн. Со вакви ситници е сосема друга ситуација него што е архитектурата и јас затоа викам дека ги оправдувам сите интервенции од страна на сопствениците на објектите. Секако се слагам дека би било пожелно доколку оригиналниот архитект дава совет, но не и согласност. Пак ќе кажам, не треба на некој начин оптеството да го ставиме у залог на архитектурата, туку обратно!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 07-Apr-2009 at 15:48

ова се пегла преку договор помеѓу нарачателот и испорачателот Smile не е проблем доколку некој ова го дефинирал со клаузула во договорот, проблем е доколку нема никаква согласност од авторот за ваквите корекции, на крајот цел дил доколку се сведе на купи продај од гранапче не гледам штое спорно доколку некој си поигра со проектот, но тоа значи за секоја измена и дополна на оригиналот или користиње само на одредено решение од истиот, повторно треба нов проект т.е. печат од истиот или некој трет архитект...

значи кај нас нема законска регулатива која ги уредува попрецизно овие односи, страните се упатуваат на облигационо право на крај, а правен лек може да се бара само на суд, но не и во општина или министерството каде евентуално некоја неусогласена заврзлама би се запрела на време!

ова што го велам е по инерција, зошто се немам сретнато со сличен момент досега, но немам ни чуено за некој подзаконски акт, регулатива, правилник, како сакате кажете, архитектурата иако уметност, бидејќи применета подлежи како таква и на корекции или прилагодувања, но дали и во колкава  мера е ова законски дефинирано навистина незнам, но според она што го имаме на терен очигледно е дека како еснаф архитектите не се разликуваат многу од занаетчиите во чаршија!  

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 07-Apr-2009 at 15:57
Видете уште нешто. Нашето досегашно искуство ни дава право на сомнеш кон новите сопствениците на одредени објекти, но ова мислам дека е само некоја привремена состојба последица на транзицијата. Очекувам совесна грижа и за објектите одс тсрана на сопствениците и тоа грижа многу поголе одколку што мислиме дека единствено државта може да ја пружи. Мислам дека ова е некое привремено бунило кое не тресе, така да ова воопшто не е сигнал дека мора да се вратиме назад и под државна капа да ги стаиме овие прашања. Јас очекувам мног поголема грижа одколку што може да ја замислиме. сега на некој начин дискутираме од позиција на сатанизирани инвеститори, нормално пошто искуствата ни говорат така, но мислам дека ова ќе се среди.
Back to Top
maja79 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maja79 Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 07-Apr-2009 at 21:57
Malku ke zastranam , no ne mozev da izdrzam: vo vremeto koga jas studiram, nam ni bese kazuvano vo poveke navrati deka TOA sto go crtame na fakultet, znaci tie proekti,nezavisno, NE SMEEME da gi koristime nadvor od fakultetot ili ponatamu kako referenci zatoa sto tie se sopstvenost na fakultetot, neli bile pod korekcii, pod nadzor na visokokvalifikuvani eksperti- doktori ,magistri profesori vo tekot na nivnata izrabotka. OK.ne znam kolku bese toa sfateno i prifateno i dali voopsto nekoj dojde do stepen nekoj takov "iskoregiran" proekt ili vo toa vreme-program da bide "iskoristen" na drugastrana, no samata "preporaka" bese dovolna. Megjutoa, edno nesto ne sfativ ni den denes,(kolku i da zvuci naivno), kako toa se rabotea temi koisto nekako sosem slucajno se poklopuvaa so odredeni aktuelni konkurski vo drzavava?Neli e toa zloupotreba i neli se crpat taka idei , pa najposle , vo najmala raka moze da bidat i edna dobra analiza za start vo proektantskiot proces. (Ova trebase da bide retoricko prasanjeSmile)
Znaci, koga sme kaj avtorskite prava, za eden student ili apsolvent, seedno, mozebi i ne bi mozelo da se kreva prasina,iako i ova e diskutabilno,no kako i da e, negovite kvaliteti ili proektantski moznosti sekako ne se daleku zad kriteriumite na nekoi arhitekti. Ne ednas se slucilo na konkurs podobro resenie da ima kandidat arhitekt apsolvent od negoviot profesor, iako OVA NE E PRAVILO. Vo sekoj slucaj, nezavidna e sostojbata i ne veruvam deka podlezi na nekoja regulativa ili podzakonski akt, iako ne e za zaobikoluvanje, a sekako i situacijata za realiziranite dela na arhitektite koi vo tekot na vremeto se menuvani od strana na sopstvenicite ne e nisto podoba. No sepak ostanuva nadez deka rabotite ke se smenat ponataka, no treba da se istrae.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 07-Apr-2009 at 22:30
Маја според мене тука не гледам воопшто каде студентот е злоупотребен, веч факултетот. Доколку вас ви било изрично кажано дека све што ќе нацртате е сосптвеност на факултетот тогаш уствари доваќа дека некој од вакултетот внатрешно лица го има украдено факултетот со тоа што злоупотребил идеја која е сопственост на факултетот, нормално идејата што дошла од судентот како сопственост на факултетот. Ако погледнеме од морален аспект студент факт е дека е оштетен, но од законски факултеот е оштетен и следствено на тоа факултетот треба прекршочно да гони свое интерно лице, односно асистент, професро, тој што злоупотребил . Е сега колку факултетот е способен финансиски и институционално сам да покренува тужби тоа е друго прашање. Исто така треба уствари колегиумот, кој на некој начин е управен одбор на факултетот, треба да покрене иницијатива против свој член и колега што кај нас е ван памет да се очекува.

Доколку јас би го корегирал ова законски едноставно би ја укинал клаузулата со која проектите по автоматизам се сопственост на факултетот, а со тоа проектите и идеите би биле сопственост на студентите лично, па кој сака нека си го заштити индивидуално доколку осеќа потреба или опасност неговата идеја да се злоупотреби во некој актуелен конкурс. А што се однесува до стручната корекција од страна на професорите тоа не смее во никој случај да се третира како привелегија или како поклон, јер за тоа професорите земаат плата, а студентот платил студии и не гледам причина зошто студентот не би смеел да го препродаде трудот на својот професор кој веќе еднаш е купен со самото уплаќање на студиите.
Back to Top
maja79 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maja79 Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 07-Apr-2009 at 22:42
Za ova stanuva zbor- se rapisuva konkurs, studentite pravat proekti zatoa sto ISTOVREMENO i temata na nivnite programi e "slucajno " ista. Nikoj nikogo ne zloupotrebuva vo bukvalna smisla na zborot, no razrabotkata i ideite, pa i vo slucaj koga ne bi se zemalo edno resenie tuku bi se iskoristile samo nekoi segmenti , spored mene  e neeticka, i mi preci toa nekako. Samo, ova e najmal problem vo sporedba so nekoi drugi, iako ne e za zanemaruvanje. Nikoj ne moze da im zabrani na profesorite da dadat tema za izborna za Filharmonija kaj MNT i istovreme da ima takov konkurs, samo ke se krenat ramenici i sega sto?ete se sluci, ema tuka nisto sporno. samo nekako nemav prilika dosega da pocnam da zboruvam za ova, sega nekako mi se "razvrza" jazikov , samo da ne stane prazna i suvoparna debataDunno
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 07-Apr-2009 at 23:06


Ова не е случај само на архитектура, ова се случува на повеќето факултети а особено на техничките каде студентска работа се користи и во академски и во комерцијални проекти на кои се потпишуваат професори и си ја надградуваат академската кариера или пак заработуваат пари....

незнам какви се светските искуства со вакви работи. Google е започнат како факултетски проект но сепак не е сопственост на Стенфорд на пример Roll%20eyes
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 08-Apr-2009 at 00:14
Originally posted by lslcrew

Оддамна се имам мислено околу една појава меќу архитектите кај нас, оддмана се мислев ама незнаев како да го "спакувам" муабетот. Значи еве што ме копка уствари цело време.

Многу пати сум приметил дека архитектите инсистираат на авторски права за одреден објект. Сега неколкусостојби и правила не ми се јасни во целиот овој проектанстко-градежен домен. Еве да речеме јас како инвеститор се решам да градам зграда нормално ќе ми треба и проект. Идам кај архитект и "добар ден-добар ден", "вака и вака". Значи архитектот ми изготвува проект за кој јас плаќам договорена сума пари. После тоа нормално пристапувам кон изведба на објектот кој се гради по урнек проектот. Е сега што доколку јас како сопственик на објектот решам да правам измени на објектот?! Јас предходно го имам одкупено проектот по кој сум градел и сите аправа што селдат со него. Ме занима како е уредено тоа законски. Дали јас со одкупување на проектот ги наследувам и комплетно сите авторски права или доивам едноставно дозвола за уникална и единствена изведба на проектот не и авторски права врз проектот.

Целово време не треба да заборавиме и дека објектот е исклучиво сопственост на сопственикот, но не и на архитектот. Единствена shared-сопственост е во проектот (кој е нели авторски или не одкупен).

Ова прашање малку ме заинтригира пошто многу пати го имам слушано, е еве сега денеска го актуелизиравме со City-Galery, а актуелно е и со собрание, мање-више и со гтц.

Доколку е потребно дополнителни облигациони односи (права/обврскки/привилегии) меѓу архитектот и инвеститорот тогаш јас тоа дополнително би го уредил со посебни клаузули во договорите, за да биде начисто работата уствари под каква лиценца е одкупен проектот. Оние на wikipedia лиценците можат да бидат супер урнек за ваквите законски одредби и клаузули во договорите. Но доколку јас лично би го уредувал законски ова, би го уредил така да инвеститорот комплетно ги наследува и авторските права, јер нели он дал пари и е муштерија. Архитекти немојте да ми замеравате, можеби некогаш ова може да сезаегне и некое ваше единсвтвено животно дело, но сметам дека архитектурата треба да му служи на општеството, а не општеството да и служи на архитектите. (Но оффенс)


Архи Лоби Добро звучи ова

Точно е дека го поседуваш објектот во кој инвестираш, ја поседуваш и парцелата на која градиш, но за да направиш измени во проектот кој е заверен во општина, мораш да добиеш дозвола од општина за да направиш промена. Тоа не е заради внимание кон чувствата на архитектот туку мора да се провери дали тие измени се дозволени со урбанистичкиот план.. Ако се легални(доградување на кат, правење поткровје, тераси...) тие измени повторно мора да ги направи архитект(не мора истиот што го правел оргиналниот проект, ниту во оргиналниот манир) и така изменет, проектот мора уште еднаш “помине“ низ општина. Во таа смисла, ти си газда на објектот и можеш  да правиш што сакаш со него, се додека тоа е соодветно артикулирано во рамките на урбанистичкиот план.

Вака разгледано, авторските права на архитект не се третирани воопшто. Што можеби и не е толку лошо бидејќи лично не сум многу за авторските права. Доколку доследно да се спроведуваше законот за авторски права на музичките или филмските автори, ние сеуште ќе бевме заглавени на гоце арнаудов и екс-ју филмовите Со архитектурата е поразлично, но и таму генерално не сум за ригидни авторски права.

Сметам дека е пожелно консултирањето на оргиналниот автор за доградба/реконструкција на негов објект, бидејќи тој има најдобар увид во концептите, програмата и фунциите на објектот кој се реконструира. Тоа не мора да значи дека истиот автор МОРА да го прави новиот проект, тој може да учествува како ревидент или во комисија при избор на ново решение. Веројатно моите впечатоци за авторските права се сумираат во желбата, идеите и концептите на архитектите(па и на инвеститорите), да останат заведени во урбанистичките заводи, за да може да служат како начелни одредници при евентуална реконструкција на објектите(по смртта на инвеститорот/архитектот). Јасно е дека целиот градежен фонд во градот не може да се третира еднакво, и станбени згради не можат да бидат еднакви со објекти како МНТ или Гтц или ССМ или ЕСМ.

Она што мислам дека е особен значајно, е соодветно вреднување на објектите. Кај нас културно наследство е од 63та па наназад. Се “културно“ после 63та не се смета за култура достојна за заштита па може да ти се деси објект како типо да го напраат калабалак. Во секој случај, таа желба за “авторски“ права на архитектите може да се намали доколку, градот си има јасна политика, и не дозволува random прекројувања на објекти. Што повторно ме враќа на препознавањето на вредните објекти. Тука би се надоврзал и на Пбанкс... Тоа со сликата му држи вода, бидејќи доколку си ја доцрташ сликата од Пикасо, тешко дека ќе имаш пари да ја замениш, а не знам кој би ти купил пикасо за свадба. А зошто би го доцртувал пикасо? МОжда не ти се свиѓа сината боја пошо не ти одговара со црвениот мебел... Може да се најдат прични за менување на сликата, но како што кажа и пбанкс, не е во тоа финтата... што повторно ме враќа на дефинирање на вредноста на делото. А и во архитектурата се прецртуваат објекти, многу лесно се прават и стари театри и офицерски домови, и самиот гледаш што се дешава низ центар.

Тука би дополнил дека никој не треба да му служи на никого, туку треба да се има взаемно разбирање. Економската логика која ја туркаат инвеститорите, најчесто води кон произволни решенија, па ССМ ќе го накитат со климатизери, зградите во карпош ќе ги наштанцаат со тераси кому иде, ќе никнуват мансардички, и поткровја на 6 спрата Архитектите како суетни битија, знаат да забегаат во прескапи решенија и концпети и затоа мора да има баланс.

Вредни или невредни, при менувањето на објектите треба да се внимава на големата слика. И големата слика на самиот објект и сликата во која тој објект се вклопува... За крајниот резултат да биде квалитетна градска слика...

Ту се уморив од пишување....

Иначе во светот авторските права на архитектонските проекти се јасно третирани, во америка копирајтерството во архитектура е воведено уше во 1990.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 08-Apr-2009 at 00:24
Архитектоне прилично објективен став од тебе како дел од фелата, пардон лобито

Единствено мислам дека еконоската логика не е до толку погубна по естетиката како што тоа е случај кај нас. Затоа и предходно споменав, сега сме у некое меѓу-бунило но во наредните години очекувам и естетиката на објектот да биде дел од рекламната понуда на компанијата па очекувам и дост аповеќе внимавање и во овој домен. Не секогаш и не секаде во светот економската логика не е до толку "сатана" па да ја сметаме погубна по естетиката. Моменатално такви искуства имаме, и допрва ќе осетиме колку може еконосмката логика да биде благосдет за естетиката, а не како досега. Впшрочем и оправдани се ставови како твоите кои субтилно осеќаат страв од економскат алогика, нормално ова е оправдано од досегашните искуства и тука нема ништо спорно. Но јас како што кажав погоре, очекувам ова у брзо време да се среди.

Инаку би било ОК доколку и кај нас се спорведе некој закон за авторски архитектонски права, нормално би сакал да видам посебен закон пошто оваа архитектонската дејност е на некој начин граница меќу техниката-науката, а и скапа изграчка е така да мислам дека како специфична заслужува да добие регулатива.


Edited by lslcrew - 08-Apr-2009 at 00:24
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 19-Sep-2009 at 15:33
Одличен осврт  Applause

Елитен град





 

Архитектурата на елитата е само уште една од „облеките“ што одат во прилог на градската униформност и истост

 
 
%20  

Архитектурата која е во служба на двата најекстремни социјални слоја е одличен показател за нужната поврзаност на општествените трансформации и обрасците на просторно и естетско однесување во градот. Во намера да го портретираме карактерот на градежните активности што се во режија на општествената елита, за архитектурата ќе зборуваме како за медиум преку кој одредена социјална група го „инфицира“ градот со вредностите на кои им се поклонува.

Во транзициската номенклатура на општествените „победници“ и „губитници“, постсоцијалистичката елита е оној социјален слој кој најбрзо се приспособи на политичките и социоекономските трансформации иницирани со распадот на блоковскиот свет и подоцна на Југославија. „Новите богати“ испливаа на површина благодарение на нивната способност, брзо и ефикасно да се адаптираат на променливите економски услови кои произлегоа од преминот на планираната во пазарна економија. Во ваквиот транзициски контекст, социокултурната парадигма на новата елита е нужно поврзана со нивните лични копнежи по индивидуална важност, социјален статус, и доминантно, по потребата од јавно соопштување на сопствените материјални достигнувања. Очекувано, врвен императив им е поседувањето на универзалните статусни симболи, каде акцентот е ставен врз луксузните автомобили и живеењето во раскошни индивидуални куќи.

Наспроти практиката на поранешната социјалистичка елита чии „недвижнини“ претежно беа дисциплинирани и во мерката и во појавноста, денес сведочиме за сосема поинакви принципи. Императиви во обликувањето се: максималното искористување на парцелите за градба, напрегнатите волуметрии, како и фасадните обвивки кои редовно се „избраздуваат“ во намерата да искажат некаква читлива стилска одредница. Естетските референци претежно следат две насоки; првата е материјализација на воодушевувањата по минатите архитектонски стилови, додека втората е повеќе „интернационална“ каде фасадната обвивка е разбрана како подлога (односно каталог) за промоција на скапи градежни материјали. Во обата случаи, архитектурата е медиум за „идеолошки“ отпор кон анонимноста на омразените „социјалистички“ волумени и форми. Во намерите да се контекстуализира револтот кон „сивата комунистичка безличност“, елитата често преферира изолирани мотиви од различни градителски традиции, потег кој би требало да е гарант во постигнувањето на одреден архитектонски идентитет. Ваквата изразна коегзистенција упатува на процесот на хибридизација на амбициите на сопствениците (или на нивните архитекти), кои во материјално-надисториското колекционерство се обидуваат да пронајдат некакви нови стилски состави кои би им удоволиле на стремежите за персонализирана „архитектонска“ уникатност. Како иронија, селективната (зло)употреба на препознатливите стилски слики и знакови најмалку придонесува кон некаква обликовна автентичност, а уште помалку кон „реновирање“ на архитектонската плуралност на градот. Напротив, архитектурата на елитата е само уште една од „облеките“ кои одат во прилог на градската униформност и истост.

При изборот на естетските одредници кои се навраќаат кон историјата, постојат повеќе причини зошто обидите за „копирање“ се насочени претежно кон ликот на Европскиот Град. Имено, опседнатоста по „рустиката и кованото железо“ во голема мерка се должи на еден нормативен културен концепт кој преку колонијалните политики на западноевропските држави минатите два века интензивно се расејуваше насекаде низ светот. Нашето некритичко голтање на оваа културна јадица, во контекст на деградирачкиот однос кон локалните градителски искуства, ултимативно произведува ништо друго но карикатурални, себереферентни архитектонски интерпретации.

За среќа, на нашите практичари (и гласни идеолози) на архитектурата, денес „пред носот“ им е покана за ново професионално штимање. Имено, под налетот на незапирливиот хомогенизирачки карактер на процесот на глобализација, реномираните авторитети на архитектурата трагаат токму по концептите кои би биле современо ехо на локалните урбани и архитектонски специфики. Во тој контекст, не треба да нé чуди ако архитектонските туристи сé уште прашуваат како најбрзо се стигнува до куќата на браќата Робевци во Охрид, наместо до некој од скапите примероци на ново(старо)градската архитектура. Наместо безличен состав од „европеизирани“ стилски ејакулации, токму „Робевци“ е автентичен пример на здрави пејзажни, програмски, типолошки, структурални и материјалноестетски логики, и секако, производ на една силна верба во локалната градителска традиција и вештините на нејзините Мајстори. Следени од ова искуство од пред еден век, не ни останува ништо друго освен да го исчекуваме задоцнетото културно созревање на високиот општествен клир. По конечното заситување со архитектонските референци промовирани во латиноамериканските телевизиски сапуници, токму новата елита треба да биде колевка на самосвесни градителски мецени на вистинските, уметнички можности на архитектонскиот занает.

Авторот е архитект

 
   
Автор: Јован Ивановски


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91892035113&id=13&prilog=0&setIzdanie=21792
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 19-Sep-2009 at 16:57
да изворната архитектура како универзален екпонат на плоштад ќе беше далеку пореален но и прилично поинвентивен пристап наместо како што вели архитектов безличен состав од европеизирани стилски ејакулации... доколку се свртеше морфологијата на централното урбано ткиво на Скопје т.е. Македонија кон нешто за нас автентично, сигурно ќе добиевме и поголема самопочит но и ќе избегневме евентуален утрешен презир или потсмев од секој гостин на плоштадот... ова требаше да се стори бар во источниот дел од плоштадот па и околу карпошово востание http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=164&PID=20124#20124 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.107 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.