build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Улогата на архитектурата во општеството
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Улогата на архитектурата во општеството

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Улогата на архитектурата во општеството
    Posted: 10-Feb-2009 at 08:00
Дискусијата која почна во нишката за објектот на Магос на Плоштад Македонија ја префрлив тука како неприкладна за таму, но и како добра провокација за разврзување на поширока дискусија на оваа многу важна, а потценета тема - улогата на архитектурата во општеството.


Edited by Cloverstack - 20-Feb-2009 at 03:35
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Feb-2009 at 16:28
Originally posted by Vbruten

abe nema vrska,,,jas se obidov namerno da vnesam maku zheshtina vo razgovorov bidejkji gledam deka se vodi so pomosh na letechki net informacii,,shto serioznosta na problemot ne go dozvoluva...inaku jas sum mnogu fin dobar kardiovaskularen...a drugo...mislam deka samiot problem e politichki...mislam jas go rabotam i  zhiveam toa...znam deka e dosadno i   napadno da se mesha politikata vo seshto,ama jebiga vo takov opshtestven sistem preminavme...i nemozhe da ne se mesha koga korenot vo problemot e tamo...znachi arhitekturata e samo alatka na urbanizmot kako nauka...i zgradite sami po sebe se irelevantni osobeno diskusijata za niv,,,,i mislam deka razgovorov treba da se vodi kon toa kako toj objekt ponatamu kje zhivee i dali kje zhiveevna taa pozicija a ne dali e dobar objektot ,,sekako e totalen kich so elektro motornata kupola koja kje se vrti vo krug i kje ne vodi vo bezmislena beskonechnost...inaku jas lichno go poznavam investitorot i proektantov i znam kakvi ropaci se..i znam deka takvite retardi za zhal ni uchestvuvaat vo sozdavanje na gradov i normalno e da bidam isfrustriran ,,neli


верувај исфрустрирани сме сите и веројатно да можеме би зеле секој по хилта у рака и добро би го изорале градот. Но не оди тоа така лесно. Политикантството во архитектурата (и не само во таа сфера) нема да се победи преку ноќ, за жал нивото и системот на вредности се на многу ниско ниво и ќе треба да поминат години ако не и децении додека ситуацијаата не се смени во правец во кој посакуваме. За тоа ќе треба многу трпение, многу работа и многу едукација. Во меѓувреме ќе ни се случуваат уште многу Магоси а да не спомнувам Мајки Терези и Цркви на плоштад и ќе мора да имаме стомак да ги прифатиме. Ако изгубиме живци одма нишо не праиме.

Голема замерка до архитектонската фела е што не е повеќе проактивна во спречување на сето ова. Проблемот не се решава преку елитни трибини каде стручњаците дискутираат сами помеѓу себе туку повеќе комуникација со јавноста со цел да се едуцира истата.

Само така може да збориме за искоренување на коментарите од типот 'Добро е нека се гради' и да ја минимизираме поделбата на чичовци и мали деца. И само така може да збориме за спротиставување на пошироко ниво на узурпацијата на нашиот животен простор од страна на новопечените инстант богаташи без два грама мозок.


Edited by pbanks - 12-Feb-2009 at 16:34
Back to Top
Vbruten View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vbruten Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Feb-2009 at 16:43
se slozhuvam do nekade so tebe...ali so stomakot za prifakjanje" NE ! ...znachise slozhuvam deka nie arhitektite i studentite sme za nikade sho nishio ne prevzemame i samo sereme li sereme...toa da...toa ni e apsolvirano i megju nassamite...deka sme tapa bez inicijativa..i zatoa sum i ushtar vo vakvi diskusii bidejkji jas vistinski se osekjam povreden od site oivie arhi gradbi koi ovie dve tri godini bezusul se forsiraat i frchat tenderi i konkursi nepromisleni se radi toa za ne-educiranata masa vo ovaa problematika (shto ne e nishto strashno) da reche : "ovie pred niv kradea...ovie bar gradat"...kosa mi se kreva od toa...pa bolje i ovie da kradea nego vakvi kiksov...za malkuna las vegas kje zalihime....eklektika od stilovi..i poradi toa mislam deka ovie diskusii se maltene bezkorisni...i zatoa zboruvam za sabotazhi i shtrajkovi..iako i samiot sum ubeden deka se rechisi nevozmozhni...zatoa shto arhitekturata e dolgorochna...tie objekti kje zhiveat i kje nadzhiveat mnogu generacii....nesakam da sum pesimist i da recham nema spas..zato vikam daj da gi rushime,,,,,bar majka tereza
Back to Top
Vbruten View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vbruten Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Feb-2009 at 16:57
i ushte neshto....znachi ima dve arhi strui vo skopje momentalno...normalno dobri i loshi....na ednata strana se gospodinot Zhan i Vangel so nivnite krstovi crkvi terezi i profesori doktori Minas Bakalchev i Mitko Hadzi Pulja chii proekti se izvonredni...kako objektot pred esm ili italijanskiot kulturen centar..prvite se slatkorechivi demagozi koi lesno se izrazuvaat i i ushte polesno perat narod i vladi kako nivnite zamisli za odredeni objekti se avtentichni za ovie prostori ...Vtorite dvajca se moi profesori i mozham da kazham deka se genijalni arhitekti...arhitekti koi bi se nosele so site deneshni evropski sovremenici.....ama ne se vo politikaa...tuka e problemot...znachi tie shto gi vikash forumi zatvoreni ,se slagam, ne se produktivni ,,,ama tie nemaat svoj PR tie teshko se spushtaat na vokabular na obichen gragjanin...tie se filozofi...vprochem i definicija za arhitektura e 30% umetnost 70 % filozofija....znachi problemot e toj....treba kritichna masa...treba spisanija...problemot e sho nashive novinari ne se educirani na ovaa tema...kako nekoj ne se najde novinar da postdiplomira na arhitektura...vo evropa vrie takvi...znachi kritichna masa neame...nema koj da im postavi prashanja na arhitektite,,,neznam dali sum jasen...malku kako da zabegav

Edited by Vbruten - 12-Feb-2009 at 17:34
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Feb-2009 at 20:42


А зошто треба некој да ги праша архитектите? Еве јас сум информатичар и иако сме релативно напредни на ова поле сепак како и во сите други полиња каскаме позади светот. Зошто јас или моите колеги не чекаме некој да да не праша нешто туку одиме околу и ги шириме идеите кои што сметаме дека се напредни во нашиот домен? Ако самите не си го креираме пазарот и критичната маса сигурно тој нема да падне од Марс нели? Како што реков можеби назадуваме позади голем дел од остатокот на развиениот свет но таквата иницијатива вродува со плод. По квалитет апсолутно растеме од година во година а богами и по квантитет (~20% годишно со години наназад бројка незамислива за ниедна стопанска гранка во Македонија).

Еве го форумов, ти стои на располагање да промовираш модерни идеи и без некој да те праша. Статистиката на сајтов вели дека тие идеи ќе ги прочита број на луѓе кој воопшто не е за потценување. Немора да биде овој форум, може да биде форумот за архитектура на 365ка каде мудро молчат поголемиот дел од твоите колеги или пак сајтот на ААМ кој постои колку да се каже. Тоа е убавината на модерните технологии што секој може да каже што мисли и без да го прашаат. А што е најбитно и да биде чуен.

Со должно извинување но архитектите мора да се симнат од својот престол и да комуницираат и со обичните смртници за да им објаснат аргументирано и од прва рака зошто "не е добро да се гради колку да се гради". А не да ги потценат заради нивното незнаење или неинформираност. Само така ќе се искорени овој проблем и тоа за жал не на краток рок како што веќе реков.

Слушај го чичо


Edited by pbanks - 12-Feb-2009 at 21:06
Back to Top
Vbruten View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vbruten Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Feb-2009 at 00:12
abe vidi...mora da gi prasha nekoj...ne zetoa shto se pravat vazhni ili sho vikash ti da se simnat od prestolot tuku radi sho imaat dolzhnost da go napravat toa...arhitekturava e nauka i umetnost vo praksa. najlaichki kazhano..znachi tolku e shiroko nejzinoto opshtestveno dejstvie shto e direktno povrzana so sekoj chovek,,,ne samo so odredena klasa ili odredena grupa..znachi eden golemec rekol.."scenario na zhivotot",eve ushe eden primer. vo split edna grupa arh sho gostuvashe vo skopje, od hrvatska,, www.3LHD.com ,,kazhuvaa deka vo split eden star del ne se sekjavam ...znachi,, kej pokraj voda kaldarmisano i ostanati trajni elementi na kejot ne gi restavrirale poshto odluchile deka ne e tolku estetski vredno, tuku go reanimirale kejot ,,,znachi od star go osovremenile...i normalno narod se sobral i protestiral...i toa problemi za mnogu dobar proekt...a kamo li za vakvi loshi kaj nas...i ti vikam narodot e privrzan za toa materijalnoto i direktno mu vlijae na raspolozhenie
i sekoj kazhuva stav za toa i site znaat...i jas sea kje mu kazhuvam na hirurgot kako da me operira....znachi opshtestvena nauka direktno povrzana so psihologijata na lugje i socioloshkoto povrzuvanje nivno........a ti od doma informatiche proektche softverche ,,,op marketing ,,ajde ....


Edited by Vbruten - 13-Feb-2009 at 00:15
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Feb-2009 at 00:54
Originally posted by Vbruten

.a ti od doma informatiche proektche softverche ,,,op marketing ,,ajde ....


да се е така едноставно и тоа со -че на крај... Roll%20eyes

од една страна зборуваш за архитектурата како "сценариото на животот" поврзано со секој човек (што автоматски сугерира дека и те како архитектите треба да ги објаснуваат своите визии на "секој човек") за да на крај поентираш со хирургот на кој никој не треба да му се меша зошто си ја знае работата нели? Но ни со хирургот не е така едноставно. Ако легнам на маса за некој со скалпел да ми чепка по утробата ќе сакам дебела аргументација зошто е тоа потребно. Денеска имаше една бизарна вест на Нетпрес за две девојки што сакале задник како Џенифер Лопез па некој "хирург" ги накљукал со индустриски силикон и сега се борат за живот со мала веројатност да преживеат. Верувам дека ќе биде должност на вистинските хирурзи да им ги предочатат на живите тинејџерки опасностите кои доаѓаат кога си имаат работа со "хирурзи". Слично очекувам архитектите како тебе на плебсот да му ги објаснат разликите со "архитектите" со надеж дека ќе ја спречиме еутаназијата на нашиов град од страна на типови како Вангел.

Мислам многу поконструктивен пристап отколку да дискутираме колку проценти се архитектите филозофи, уметници, научници, џедаи, богови....
Back to Top
Vbruten View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vbruten Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Feb-2009 at 14:41
ne !..ti mozhesh da go prashash hirurgot zoshto takov hirurshki zafat a ne da mu sugerirash kako da go sprovede ,,bidejkji ,neznaesh 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Feb-2009 at 14:43
LOL а што ако хирургот е слеп или парализиран! кај нас тоа е и проблемот, а дури и во најдобар случај или е коруптивен или нема алат за работа, налет паметот му е само како да го помине денот...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Feb-2009 at 14:45
Originally posted by Vbruten

ne !..ti mozhesh da go prashash hirurgot zoshto takov hirurshki zafat a ne da mu sugerirash kako da go sprovede ,,bidejkji ,neznaesh 


epa so zboruvam jas... da mi objasni hirurgot niso povekje od toa... da me educira. kaj rekov jas da mu kazuvam na hirurgot ili na bilo koj drug? se vrtime vo krug?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Feb-2009 at 14:55
Имам впечаток дека архитектите и докторите кај нас мислат дека се наоѓаат на некој пиедестал, на некој престол, мислат дека се кремот на општеството. Тоа можеби е вистина во остатокот од (нормалниот) свет, но кај нас дефинитивно не важи. Затоа наместо да се удирате во гради дека сте најблагородни на светот, видете што ви прават колегите и размислете малку. Тој можеби студира информатика, ти архитектура, јас студирам менаџмент-значи утре другиден ти ќе работиш проект а јас ќе го менаџирам и ќе солам памет што и како треба, ќе ти бидам претпоставен, шеф или директор (ако одиме по твојата видоизменета теорија на кастите). Многу офтопик избегавме ама треба еднаш засекогаш да се симнат на земја сите што си мислат дека се супериорни и дека по дифолт се нешто повеќе од другите во општеството, бидејќи се знае кој е супериорен во нашата држава, тој што има чичко во владата или тој што има милиони на сметка на кајманските острови. Затоа, ве молам не водете ваква дискусија нема врска со магос, а и не е многу поврзана со архитектурата, туку повеќе за нечие его.


Edited by гитардемон - 13-Feb-2009 at 14:58
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Feb-2009 at 15:13


Точно треба да се прекрати дискусијава и онака мислам дека е исцрпена. Но да се разбереме. Секако не ми е целта да се конфронтирам ниту да го дискредитирам вбрутен ниту пак архитектонската фела. Забелешката ми е најдобронамерна бидејќи иако со вбрутен имаме долга дискусија и не се разбираме баш, суштински сме против истите работи (колку што можев да насетам од неколкуте негови поста). Се што сакам да кажам е дека јас како информатичар или ти како менаџер не може да влијаеме на овие урбанистички перверзии на начин на кој што можат луѓето на кои тоа им е струка. Во тоа ми се состои и апелот до тие луѓе од дефанзива да отидат во офанзива. Од пасивни во активни. Уште подобро проактивни.
Back to Top
Vbruten View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vbruten Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Feb-2009 at 15:16


Se pochna vaka,,,Pbanks:А зошто треба некој да ги праша архитектите? Еве јас сум информатичар и иако сме релативно напредни на ова поле сепак како и во сите други полиња каскаме позади светот. Зошто јас или моите колеги не чекаме некој да да не праша нешто туку........
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Feb-2009 at 15:52

мислам не треба дискусијава да се прекрати само треба да се префрли во нова нишка, односно има и потреба и логика ваквата дискусија да постои на форумов каде ќе се анализира и посочува работата на архитектонскиот еснаф во земјава.

лично јас мислам дека не се архитектите толку кренати колку што немаат простор за изразување, односно ограничени се и од закржлавениот систем и никаквата сила на правото дносно мораат да се прилагодуваат на ситуација која е спој на импровизирано спроведување на законите и регулативите. урбанизмот кај нас уште во претходното уредување доживеја деградација, која во транзицијата достигна кулминација, па сега архитектите и урбанистите дури и да се со оригинални и позитивни намери, како и да се надоврзат на денешнава ситуација лошо ќе изгледаат, уште повеќе што се ограничени од средства и подршка, а и постои доста вакум заради политичкото препукување.

како и секоја применета уметност и архитектурата подлежи на критика, но во случајов освен естетски, и функционално и технички, па ако човек почне да мери со сетилата некој резултат сигурно и ќе најде некоја фалинка ако ништо друго ќе изнајде сопствена проекција како нешто би изгледало подобро вака или онака, тоа е мозок научени сме претежно да анализираме од позиција на его наместо да набњудуваме од позиција на патници, па затоа и мислиме дека резултатот е лош или недоквакан. архитектурата како што кажа Вбрутен меѓудругото е и филозофија со што ќе се согласам но истата таа филозофија секој различно ја доживува, некој повеќе естетски, некој повеќе материјално, некој духовно односно живо, па од таму навистина е релативно да зборуваме дали нешто или некој е со кренат нос, туку да најдеме оправдување за или против некоја арх.појава. од моја перспектива решенијата кои досега се вадеа на маса се издржани повеќе материјално, донекаде естетски и воопшто духовно односно живо како еден планетарен површински организам кој треба да овозможи преживување на разни генерации жители во истиот тој нем но жив организам...

кратко и јасно кажано денешните архитекти и урбанисти имаат препреки како вируси и болести за кои никој ниту ги спремил а уште помалку да ги дресирал, па затоа и самите нив ги сметам за слепи, или во најдобар случај без доволно алат и простор нешто да сменат во позитивен правец, уште повеќе што мафијата односно организираниот криманал највеќе е вплетен и свртен кон недвижностите како појава, впрочем така е и во цел свет, но кај нас тоа се чувствува посилно бидејќи постои малку простор за маневрирање на овие структури, а неретко заради оваа појава архитектите како еснаф се и најранливи или пак најлесно влегуваат во шема станувајќи несвесно дел од октоподот... 



Edited by beTon - 13-Feb-2009 at 15:54
Back to Top
Vbruten View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vbruten Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Feb-2009 at 15:59
beton ? DOBAR ! Cheers"smrt na investitorot sloboda na arhitektot !"
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Feb-2009 at 16:11

Originally posted by Vbruten

beton ? DOBAR ! Cheers"smrt na investitorot sloboda na arhitektot !"

па затоа најдобро е сам свој ага сам свој паша, сам проектирај, сам изведувај а сетне продавај!

бар денес со ова лизингот за недвижности ова е возможно само треба човек да го фати ритамот, бар со трошоците околу изведбата односно највеќе што треба е да остави поприлично луфта во пресметките како би ги покривал сигурните аути на изведувачите: каснела бетоњерката, а си терала сатницата на мајсторите или булдужерот снемал нафта па не си ја завршил работата а и нему му течела сатницата, сетне ХТЗ превидите кои подоцна скапо се плаќаат и најважно фрката околу брзањето, како беше она поговорката подобро и навреме да не стигнеш него воопшто да не стигнеш...



Edited by beTon - 13-Feb-2009 at 16:14
Back to Top
Vbruten View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vbruten Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Feb-2009 at 16:24
znachi...prvo sho treba da se vovede na arhitektonski fakultet e "hipokratova zakletva"!
i da se uchi studentot na toa ,deka ako ne odbie vekje osmislen investitorski proekt ne e arhitekt !..jas so moevo skromno iskustvo od dve godini rabota sum odbil dva..i vistinski sum gord na tie dva potega iako vo periodot nemav leb da jadam...znachi moralni graditeli se 2% vo nashava ni drzhava.....drugata rabota shto treba da se uchi e "mokj na ubeduvanje"...znachi da go ubedish prokletiot investitor deka greshi i deka VAKA e podobro,shto e izuzetno teshko bidejkji toj so samite negovi baranja ti nastapuva so konkretni idei shto se analizirani vo negovata glava i gi zadovoluvaat samo negovite potrebi ,a okolinata e sekako zanemarena..Zatoa i momentalno najdobrite svetski arhitekti se povekje menadzeri nego graditeli...neodamna na arhfakultetot beshe gostin hrvatskiot top 10 arhitekt Hrvoje Njiric (momentalno mu e sajtot under constraktion) i zboruvashe za negoviot stil na menadziranje na proekti..choveche tipov bukvalno gi lazhel i flertal investirorive...primerot so nekoja nastreshnica prema koja investitorot imal neverovatna odbivnost. so pomosh na presmetki mu dokazhal deka so pomosh nejzina kje zarabotuva za 10% povekje mesechno...i taka red drugi primeri...sakam da kazham i da go potvrdam tvojot muabet deka vo soodnos na opshtestvenite priliki vo koi zhiveeme treba da go dovedeme i obrazovniot proces..znachi studentite da se uchat na realni situacii i da posetuvaat rabotilnici vo malku poshiroki edukativni oblasti
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Feb-2009 at 13:31

види интересно размислување, но што ако некој ти даде спецификации што точно сака, пример одиш кај резбар и му велиш ова дрво сакам да биде стокмено според мои скици, дали би го одбил во тој случај мајсторот муштеријата? јасно дека не!

мислам дека главниот проблем е што од старт не постои законска  основа која ќе ги уреди овие рабори, односно треба уште при склучување на договорот помеѓу инвеститорот и архитектот  да има клаузула каде ќе се прецизира дали и во која мера може да се оди со промени во проектот гледано во однос на изведбата и материјалите, јасно и надзорот мора да е избран со компромис доколку проектантот не го врши истиот итн. значи педантно се да се покрие со договорот за на крајот да нема ниту навредена ниту осиромашена страна.

кога може вакви правни односи да постојат во музичкиот бизнис зошто не би постоеле и во архитектурата!? во законот за градење или пак во МТВ мора да се  стокмат и подзаконски акти кои подлабоко ќе ги уредуваат  односите помеѓу проектантите и изведувачите, како и коминтентите, за да се си тече максимално професионално. сега во законот проектантите се покриени само со три позитивни члена, а за подзаконски акти немам чуено:

2. Проектант
Член 15

(1) Проектант е физичко лице регистрирано за вршење работи на проектирање на градби од членот 50 на овој закон кое има овластување А и/или овластување Б од членот 32 на овој закон.
(2) Проектантот е одговорен за проектите кои ги изработува, а особено дека проектната документација ги исполнува основните барања за градбата и дека е проектирана во согласност со издаденото решение за локациски услови и стандардите и нормативите за проектирање.
(3) Проектантот од ставовите (1) и (2) на овој член може да врши работи на проектирање во биро (сопствено или заедничко) или проектантско друштво, регистрирано во трговскиот регистар со регистрирана претежна дејност проектирање.

Член 16

(1) Ако во проектирањето учествуваат повеќе проектанти, за целосната усогласеност на проектите е одговорен главниот проектант.
(2) Главниот проектант во текот на проектирањето одговара, ја обезбедува и координира примената на прописите за проектирање.
(3) Главниот проектант истовремено може да биде и проектант на одреден вид на проект во рамките на проектната документација.

Член 17

(1) Заради контрола на реализацијата на проектот во текот на изградбата проектантот за сметка на градителот врши проектантски надзор.
(2) Надзорниот инженер не може да менува делови на проектот ако за тоа нема согласност од проектантот.
(3) Ако проектантот во исто време е и надзорен инженер може да врши и проектантски надзор, ако има овластување.

зошто го велам ова бидејќи едно е фирма која ги покрива сите работи од проектирање до изведба а друго е архитект индивидуалец, што значи она што го велиш Вбрутен за хипократовата заклетва ќе биде прилично лабаво доколку и со закон не е некако спрегнато, реално постои и онаа егзистенцијалната пречка.



Edited by beTon - 23-Feb-2009 at 13:34
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Feb-2009 at 13:45
Па и да ја имаме Хипократовата заклетва, пак ќе имаме некој "што ќе вади бубрези на црно". Хипократовата заклетва вбрутен ја спомна во контекст на целиот шит што се проектира, без разлика дали дошол од умот на архитектот или на нарачателот. Ова прашање законски не е возможно да се уреди. Незнам ако би го формулирале освен ако не ни проработи чувството за естетика и барем малку совест пред да гради нешто никакво. Тука грешката ја гледам и  малку кај Архитектонскиот факултет кој не успева низ годиниве да вади уметници него техничари и експерти за техничко рачно цртање, а уметноста и стиловите ги учат како нешто минато. Јас барем од страна вакви заклучоци имам изведено, па ако грешам ќе ве молам да ме поправите.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Feb-2009 at 13:56
добро стои тоа, но јас зборувам во контекст на можноста некој докрај да го види сопствениот проект истеран како што и го замислил, а не неговата работа да заврши само со удирање печат на проектот. 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.