build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археолошки Музеј / Архив / Уставен Суд

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 727374
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1461 Posted: 07-Feb-2018 at 13:41
Originally posted by mirakuliks

Декс не е само проблемот со изолацијата и прокиснувањето од дожд туку како што е наведено и од претходно тој што планирал и проектирал направил секаков вид на водоводни и одводни инсталации отворено да поминуваат низ складишните простории на архивот. Ова не е нешто што може да се смени бидејќи згрешено од корен. само еден дефект на тие инсталации и ќе бидат уништени тие документи кои се од огромно државно значење. Само за разјаснување за сочувување на документи треба воглавно да се во простории со строго контролирана температура и влажност на воздухот со цел за да се сочуваат подолго.

 
Знам дека е потребна контролирана температура и влажност на воздухот за да се сочуваат документите подолго, и повеќе од очигледно е дека објектите од проектот Скопје 2014 имаат маани кои бараат не темелно изменување на тие водоводни и одводни инсталации, туку несомнено бараат комплетно нови водоводни и одводни инсталации.
 
Поентата ми беше дека преселбата на државниот архив треба да биде привремена, а не трајна, додека да се направат тие комплетно нови водоводни и одводни инсталации за да не се повторат ваквите патешествија низ кои поминуваат овие објекти.
 
Originally posted by Staro Skopje

Тоа што твоите соседи се однесуваат несовесно, не значи дека сите треба да се однесуваат несовесно.

Објектите од Скопје 2014 се со огромни грешки и најголем дел се со лоша функционалност и сомнителен квалитет. Порпаролот на Владата вели дека 90% од Скопје 2014 прокиснува. Предавничката власт на Груевски фрлила стотици милиони евра на полураспаднати објекти.

 
Што велат портпаролите и било кои други државни/јавни функциониери воопшто не го земам во предвид, бидејќи самата позиција државен/јавен функционер во превод значи лажливец и лицемер платен со народни пари.
 
Но се согласувам дека ако не сите, тогаш речиси сите објекти од проектот Скопје 2014 се со безброј маани и со сомнителен квалитет.
 
Но сепак мислам дека изводливо е отстранување на таквите маани и на сомнителниот квалитет со темелни интервенции, па макар и по цена на менување или оштетување на фасадите кои и онака не се ништо оригинално, ниту квалитетно.
 
Така на пример, ако водата од покривот ја носат внатрешни олуци, на мене лично воопшто не би ми пречело да се постават надворешни олуци кои би ја нагрдиле фасадата, но барем би го направиле објектот побезбеден од надворешни влијанија.
 
Но тоа е само мое лично мислење, јас ниту сум експерт, ниту сум учествувал во изградбата на овие објекти за да ги знам нивните маани, единствено ги препознав истите проблеми кои ги имам и јас по дома, во проблемите на објектите од проектот Скопје 2014.
 
И да, се согласувам, тоа што моите соседи кои живеат над мене чекаат и нивните покриви да им паднат над глава за да се опаметат, не е никакво оправдание за други објекти да го следат ваквиот пример.
 
А чисто за потсетување, мојата зграда е стара повеќе од 40 години, додека објектите од проектот Скопје 2014 се стари помалку од 10 години, споредбата е речиси неиздржана, но сепак ја направив бидејќи и јас го имам истиот проблем.


Edited by Dexter26 - 07-Feb-2018 at 13:45
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1462 Posted: 04-Apr-2018 at 13:16
Владата ќе гради нова зграда на Државниот архив, нема информација колку ќе чини

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот Архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на ова прашање со изградба на нов објект за Државниот архив, соопштија од владината прес служба.

Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов.

Нема информации за тоа колку ќе чини изградбата на новиот објект, но и санирањето на стариот.

https://fokus.mk/vladata-ke-gradi-nova-zgrada-na-drzhavniot-arhiv-nema-informatsija-kolku-ke-chini/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1463 Posted: 04-Apr-2018 at 13:18
Бидејќи Кривичниот суд се пресели во нова зграда, зарем не би било попаметно Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое сега е сместено во старата зграда на Архивот, да се смести во старата зграда на Кривичен, а Архивот да се врати во таа зграда?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 779
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1464 Posted: 05-Apr-2018 at 04:01
Проблемот е во тоа што старата зграда на архивот е веќе преуредена и сега несоодветна за да се врати архивот таму.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 727374

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.