build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археолошки Музеј / Архив / Уставен Суд

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435 74>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 03-Dec-2011 at 20:10
колку и да се невнимателни работниците никогаш не смееме да ги кривиме, несреќи ќе има колку и да се внимателни работниците,... условите во кои работат тие работници се еднакви на оние кои во светот се истребија после првата половина на 20-ти век...
заштитата не е нешто што се воведува по желба, туку треба да постои задолжително загарантирана со некаков закон, во спротивно загрозени се и работниците и случајните минувачи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 03-Dec-2011 at 21:45
gjole sega stvarno go pretera 
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 04-Dec-2011 at 00:57
и јас сум бил загрозен работејќи ја својата работа ама пак на крај по своја вина.вршам увиди на пожари,тоа ми е работа, и ставам глава каде други несакаат ни да се опулат.ми паѓале греди покрај глава,ѓерамиди прошишувале покрај мене,а кога други колеги оделе на увид-едноставно велат нема сигурност да влезам внатре и не влагаат.никој не ме присилувал од шефовите,затоа викам самите си ја кроиме судбината.тоа што е судбина ОК,ама тоа што самите си го загорчуваме,самите сме криви.есенва ставав изолација на мојата куќа и самиот работев на скеле,ама вака да се потпрам мене ми беше страв.не ја предизвикувај судбината.

ПС.дека во СК2014 работниците се под притисок за што побрзо да се заврши проектот не е спорно,овде зборувам за сопствени грешки
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 05-Dec-2011 at 00:29
Originally posted by gjoko

и јас сум бил загрозен работејќи ја својата работа ама пак на крај по своја вина.вршам увиди на пожари,тоа ми е работа, и ставам глава каде други несакаат ни да се опулат.ми паѓале греди покрај глава,ѓерамиди прошишувале покрај мене,а кога други колеги оделе на увид-едноставно велат нема сигурност да влезам внатре и не влагаат.никој не ме присилувал од шефовите,затоа викам самите си ја кроиме судбината.тоа што е судбина ОК,ама тоа што самите си го загорчуваме,самите сме криви.есенва ставав изолација на мојата куќа и самиот работев на скеле,ама вака да се потпрам мене ми беше страв.не ја предизвикувај судбината.

ПС.дека во СК2014 работниците се под притисок за што побрзо да се заврши проектот не е спорно,овде зборувам за сопствени грешки
работење во објект во изградба е едно, а работење во објект оштетен од несреќа е нeшто сосема друго...
значи внимателноста на работниците можеби е еден факtор, но сигурно е дека без разлика кој е кривецот за несреќата, работникот мора да е максимално заштитен и кога ќе се случи несреќа, да има минимална повреда, а тоа кај нас не е случај...
значи, тука не збориме дали работниците предизвикуваат несреќи или не, туку дали се заштитени од нив, бидејќи како и да е, нормално е да се случи несреќа при било која изградба, едноставно Sh*t happens


Edited by zabegan - 05-Dec-2011 at 00:29
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 05-Dec-2011 at 01:00
не би сакал ни да окривувам,ни да бранам некого,само тоа го приметив на сликите и го искоментирав.не е све така црно-бело во животот,ни газдите(директорите) се за све криви,ни работниците за све во право.зедов еден пример,ништо повеќе
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 05-Dec-2011 at 01:25
Originally posted by gjoko

не би сакал ни да окривувам,ни да бранам некого,само тоа го приметив на сликите и го искоментирав.не е све така црно-бело во животот,ни газдите(директорите) се за све криви,ни работниците за све во право.зедов еден пример,ништо повеќе
ама тоа ми е баш поентата тука
не е работата да бараме кривец за несреќи тука, туку да се истакне фактот дека работниците немаат ни најминимална заштита, што треба да е недозволиво и често определено со закон
дури и градежните фирми никогаш да не биле виновни за било која несреќа, виновни се што вака несериозно се однесуваат кон сериозни работи
затоа нема поента во тоа да дискутираме дали работниците биле внимателни или не, бидејќи несреќи се случуваат како и да е, проблемот е што ништо не е превземено за да се намли штетата и жртвите од такви несреќи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 05-Dec-2011 at 11:02
Izgleda im falat licnosto pa pocnaa da gi povtorouvaat

Персеј, Јустинијан, Самуил на мостот „Око“

Вкупно 28 бронзени скулптури ќе бидат поставени на мостот „Око“, преку кој од плоштадот Македонија ќе се стигнува до влезот на новиот Археолошки музеј во Скопје

Вкупно 28 бронзени скулптури ќе бидат поставени на мостот „Око“, преку кој од плоштадот Македонија ќе се стигнува до влезот на новиот Археолошки музеј во Скопје. Тоа ќе бидат маркантни личности од македонската историја и археологија: Персеј, Јустинијан, Самуил, средновековните зографи Михајло и Евтихиј и други, информира Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

- Ќе бидат наредени од страните како колонади, а на крајот на мостот ќе биде симболот на македонската археологија - бронзената скулптура на пајонската свештеничка пронајдена на некрополата во Исар-Марвинци - вели Kузман.

Веќе е направена 3Д-анимација на ентериерот и на поставката. Новиот музеј ќе располага со околу 6.000 квадратни метри, ќе има приземје и три ката. Одназад, во посебни делови ќе бидат сместени Уставниот суд и Архивот на Македонија.

- Туристите од плоштадот ќе влегуваат во музејот и ќе ја гледаат само таа институција - вели Kузман.

Реконструкција на кочија

Музејот ќе биде многу богат, објаснува тој, а поставката ќе тече слично како во Музејот на македонската борба.

- Сепак, ќе биде различно оти во археологијата има посилна хронологија. Има праисторија, антика, среден век, посебни оддели за нумизматика и епиграфика, амбиенти фигури. Ќе има многу предмети, иако с` уште не сме ја направиле финалната селекција. Се надевам дека ќе има реконструкција на кочија, на праисториска неолитска куќа, гробови, ексклузивни предмети - вели Kузман.

Тој напишал писма до сите заводи и музеи во земјава. Според членот 61 од Законот за заштитата на културното наследство, секоја од институциите треба да определи кои предмети ќе ги отстапи за да станат дел од поставката на новиот Археолошкиот музеј, за да не мора таа селекција да ја прави Управата.

- Повеќето од локал-патриотски причини си молчат. Но има и институции што одбраа предмети и доставија предлози што да се пренесе во Скопје - вели Kузман.

Веќе е формиран одбор за предметите што ќе бидат конзервирани по периоди. Во Музејот на Македонија на големо се работи.

- Се надевам дека с` ќе биде во ред и дека ќе имаме богат Археолошки музеј. Од последните археолошки ископувања што беа дел од капиталните проекти имаме многу богат материјал - објаснува Kузман.

Музеите нема да се празнат

Во новиот музеј ќе бидат изложени предмети-дупликати (оригинали што се пронајдени во повеќе примероци) за да остане нешто и во локалните музеи.

- Не може да ги испразниме сосема. На пример, во Стоби има многу мали теракоти, некои од нив ќе останат таму, но некои ќе ги пренесеме во Музејот - објаснува Kузман.

Поставките ќе бидат дополнети со амбиентални слики што ги изработуваат ликовни уметници од земјава, Бугарија и од Украина. Големите слики, како во Музејот на македонската борба, ќе бидат поставени на ѕидовите на сите катови за да го доловат амбиентот од археолошкото време изложено во витрините.

Археолошкиот музеј во Македонија е една од најстарите институции во земјава, формиран во 1924 година во Скопје. На почетокот збирките биле во Kуршумли ан и во зграда на тврдината Kале, која се урнала во катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во 1976 година бил изграден музејскиот комплекс во скопската Стара чаршија, а по една година бил формиран одделот за археологија.

Дионис со музите на тимпанонот

Дионис со неколку музи ќе биде претставен горе, на тимпанонот на музејот (големиот триаголник на покривот, од фронталната страна).

- Тоа е една сцена од барелјефна мермерна плоча од Охрид. Музите се универзални, ги има и во Македонија и во Грција, секаде во Европа и во Јужна Америка. Секаде се исти, инспиратори и заштитнички на уметностите - вели Kузман.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7412CA651F7E0246953EF78FD84AE04B
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 05-Dec-2011 at 16:23

Kolku sto znam, antickiot teatar vo Ohrid e otkrien zaradi edna takva ploca so Dionis vo Ohrid. Imeno, amfiteatarot bil zakopan od strana na hristijanite kako najomrzeno mesto zaradi site javni pogubuvanja na hristijanite koi se odvile bas tamu od strana na Rimjanite. Prvite indikacii deka ima grcki amfiteatar tamu  (pred da bide otkopan) bile nekolku ploci koi bile najdeni okolu teatarot so Dionis i muzite. Posle toa pocnalo da se raskopuva, i e otkrien amfiteatarot. Moze da e ova edna od tie ili bas taa ploca so Dionis i muzite (ne kje da se mnogu vo Ohrid).

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 05-Dec-2011 at 16:46
Originally posted by CenterCityKid

Kolku sto znam, antickiot teatar vo Ohrid e otkrien zaradi edna takva ploca so Dionis vo Ohrid. Imeno, amfiteatarot bil zakopan od strana na hristijanite kako najomrzeno mesto zaradi site javni pogubuvanja na hristijanite koi se odvile bas tamu od strana na Rimjanite. Prvite indikacii deka ima grcki amfiteatar tamu  (pred da bide otkopan) bile nekolku ploci koi bile najdeni okolu teatarot so Dionis i muzite. Posle toa pocnalo da se raskopuva, i e otkrien amfiteatarot. Moze da e ova edna od tie ili bas taa ploca so Dionis i muzite (ne kje da se mnogu vo Ohrid).



Грчки?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 05-Dec-2011 at 18:29
Па според Грчката логика, за се што се случувало на овие простори во Антиката тие ги имат есклузивните права. Па така дури и Амфитеатри, и археолошки артефакти кои се наоѓат на нашата почва се „Грчки„ иако за воља на вистината на овие простори барем во тоа време никогаш не стапнала грчка нога. Па одтука ми е чудно што и некој наши самопрогласени експерти архитектурата на Археолошкиот музеј ја нарекуват Грчка иако слични стубови се наоѓат и во Стоби, Хераклеја, Стибера и други, незимајќи ги тука во предвид егејско македонските градови. Затоа и многу ми се радувам на овој музеј кој освен тоа што изгледа прекрасно , малко и ќе не подучи дека не се што изгледа малку постаро е грчко , туку на овие простори имало и други народи кои освен што биле овчари го измислоле и цементот а очигледно и имале своји архитектонски вредности а богами и свои богови и полубогови...
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 05-Dec-2011 at 20:56

Ohridskiot teatar e po struktura praven spored grckiot model (na Balkanot seuste ne se gradelo po rimskiot model koga e izgraden ohridskiot teatar). Kaj grckiot model teatarot e postaven na brdo (ili se zakopuva, ili se pravi brdo) za gledalisteto, i nema sopstveni temeli, sto e slucajot so ohridskiot. Rimskite (kako tie vo Skupi, Stobi i Heraklea), se od podocnezna faza, so sopstveni temeli, i se rimski modeli.

Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 06-Dec-2011 at 20:44
Se vrativ skoro od Barcelona i ovoj objekt me podseti na noviot Arheloski Muzej vo Skopje, ili barem kako sto zamisluvam deka novata fasada ke bide izvedena so staklata.





Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 06-Dec-2011 at 21:01
слична е бојата на мермерот,столбовите,стаклата, ама различно е времето на градба.ми се чини дека овде стаклата се дополнително ставени барем во вакво издание,а ако е нова градба,тогаш и ние имаме некоја сатисфакција за стилот(кој мене ми се допаѓа)
Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #654 Posted: 06-Dec-2011 at 21:31
Originally posted by gjoko

слична е бојата на мермерот,столбовите,стаклата, ама различно е времето на градба.ми се чини дека овде стаклата се дополнително ставени барем во вакво издание,а ако е нова градба,тогаш и ние имаме некоја сатисфакција за стилот(кој мене ми се допаѓа)


Ova na slikite e "Barcelona Fira Montjuic Hall of Conferences" toes sala za konferencii, i se naogja na plostadot "Plaza de Espana".
PLostadot e izgraden vo 1929, ama eden del od zgradite se napraveni vo osumdesetite i devedesetite godini.

Eve uste edna slika:


Edited by Petar - 06-Dec-2011 at 21:33
Back to Top
Bearstone View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bearstone Quote  Post ReplyReply #655 Posted: 08-Dec-2011 at 13:39
Со задоцнување, фала Clover за сликите позади Археолошкиот музеј. Оригинал Wall Street, што да речам. Одлично доловено, од досега невиден аспект. Се зачудив оти .. не можам да речам дека го сакам, но не го ни мразам. Има некој европски, збиен шарм, дури делува суреално, како од филмска сцена .. потсеќа на улички низ финансискиот центар на Лондон. Сериозно, ова може да прерасне во филмска локација за спотови, серии или филмови, а самата уличка т.е. пролазот да прерасне во нешто добро .. се надевам.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #656 Posted: 11-Dec-2011 at 23:14

СЕ СЕЛЕКТИРААТ ПРЕДМЕТИ ЗА НОВИОТ АРХЕОЛОШКИ ХРАМ ВО СКОПЈЕ


Копија од саркофаг со претстава на Александар Македонски во новиот Музеј!?


Меѓу предметите ќе се најдат и реконструкции на значајни артефакти, меѓу кои ритуалната кочија од Делчево, оригинални сегменти од недвижните вредности, мозаични подови, реконструирана праисториска куќа, реконструирани олтарни или други архитектонски објекти, гробни конструкции, мумија...

Новиот Археолошки музеј на Македонија се очекува ентериерно да биде завршен до март 2012 година, а археолозите паралелно ги подготвуваат материјалите кои ќе бидат сместени во витрините на Музејот. Според првиот човек на Управата за заштита на културното наследство на РМ, Паско Кузман, до крајот на летото идната година би требало таа интегрирана работа да доведе до промоција на музејската зграда.

Од Паско Кузман добивме одговор и на прашањето дали ќе се изработува копија од мермерниот саркофаг со претстава на Александар Македонски што се наоѓа во Музејот во Истанбул.
Се уште немаме потврден одговор од турската страна. Ние би сакале тој монумент да си го најде своето место во лапидариумот од нашиот Археолошки музеј. Тоа би било израз на добра соработка со пријателите од пријателска Турција", вели Паско Кузман.

Тој, исто така, ја разрешува и дилемата за тоа дали во витрините ќе се најдат копии или оригинали на артефактите кои ќе бидат сместени на 6000 метри квадратни површина (приземје и три ката) и ќе ги презентираат сите археолошки периоди на македонските простори.
Во витрините, главно, ќе бидат изложени оригинални тродимензионални археолошки артефакти, освен во некои случаи во кои ќе мораме, заради хронолошки континуитет и заради просторна покриеност и застапеност на македонските археолошки терени, да изложиме археолошки предмети кои се значајни, а кои не се во Македонија. На тој план имаме соработка со музејските институции од соседството, првенствено од Белград и Софија. Што се однесува до другите музеи од Македонија, досега сите, со изненадувачка поддршка, излегуваат во пресрет со свои селекции на предмети од сите краеви на нашата држава. Се трудиме во новиот музеј да бидат изложени репрезентативни археолошки вредности, а истовремено да не ги осиромашиме музејските витрини на другите музеи во Македонија", потенцира Паско Кузман.

Витрините би требало да бидат сместени во зградата до крајот на април следната година. Во нив ќе се најдат предмети од археолошките наоѓалишта иако не е исклучено доколку се од особена важност за историјата на Македонија, да се откупат и предмети од приватни колекции.
Македонските музејски институции и археолошки терени се богати. Имаме доволно материјали да се наполнат уште десетина вакви музејски згради. Не е исклучено, ако се понуди нешто исклучително од приватните колекционери, да се откупи. Засега, сметаме само на богатството кое првенствено се чува во Музејот на Македонија, како и на оние артефакти откриени во текот на капиталните зафати во областа на археологијата последните неколку години", додава директорот на Управата.

Меѓу предметите ќе се најдат и реконструкции на значајни артефакти, па така според Кузман во новиот Музеј ќе се најде и реконструкција на ритуалната кочија од Делчево која сега се наоѓа во Заводот и Музеј Штип. Во план е да се изложат разни оригинални сегменти од недвижните вредности на археолошките терени, мозаични подови, реконструирана праисториска куќа, реконструирани олтарни или други архитектонски објекти, гробни конструкции, мумија и др. Замислена идеална реконструкција на Пајонската свештеничка, која претставува своевиден симбол на македонската археологија, е готова и таа ќе биде поставена на мостот Око преку кој ќе се влегува во Музејот.

Музи ќе ја красат фасадата на Музејот
На тимпанонот од зградата ќе бидат релјефно презентирани неколку Музи кои важат за вонвременски и вонтериторијални инспиративни антропозони. Преку уметничките слики паралелно на посетителите ќе им бидат презентирани амбиентални сцени и моменти од сите археолошки периоди, а ќе бидат насликани многу од изложените археолошки предмети во нивна функционална улога. Четиринаесет восочни фигури, исто така, ќе бидат дел од новиот музеј. Тие, според Кузман, ќе ги отсликуваат археолошките и историските периоди преку значајни претставници. Преку нив посетителите, исто така, ќе можат да ги реминисценцираат археолошките времиња на македонските простори.

Даниела ТРАЈКОВСКА
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F22210FB780FE546819631F5F3547A53
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #657 Posted: 22-Dec-2011 at 16:15
postaveno e osvetlenie na kupolite i na skulpturnite reljefi na 'trijagolnikot'.deluva dobro vaka celosno izgraden objektot,a uste podobro ke bide(taka jas mislam) koga ke se trgnat skelinjata

Back to Top
Pallatino View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pallatino Quote  Post ReplyReply #658 Posted: 22-Dec-2011 at 16:38
uste sto e ostanato od obrektot za do izgradba osven enterierot ?
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1866
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #659 Posted: 22-Dec-2011 at 16:43
mnogu poubavo izgleda belo otkolku vo site boi se nadevam ke go ostavat vaka
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #660 Posted: 24-Dec-2011 at 19:45
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435 74>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.