build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археолошки Музеј / Архив / Уставен Суд

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 73>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Археолошки Музеј / Архив / Уставен Суд
    Posted: 22-Jan-2009 at 01:15

НАЈАВА ЗА УШТЕ ЕДНА КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА во скопје

Археолошки музеј во центарот на Скопје

Ќе бидат изложени предметите од Исар-Марвинци, охридската колекција на златни предмети, богатствата на Стоби, Стибера, Хераклеја


Зградата на Музејот во Скопје ќе биде слична на Британскиот музеј во Лондон

Државен археолошки музеј ќе биде изграден во Скопје покрај брегот на Вардар, пред Македонската опера и балет и зградата на Комерцијална банка. Во монументалниот објект нема да биде претставено само археолошкото богатство на Македонија. Таму ќе се удомат и Уставниот суд и Архивот на Македонија.

Зградата ќе биде монументална како Британскиот музеј во Лондон. Покривот во форма на тап триаголник ќе го држат десетина високи столба. До главниот влез ќе се стига преку неколку скали. Иако се' уште не е конечно дефинирано, платото пред музејот со пешачки мост ќе биде споено со другиот брег на Вардар. Така од Градскиот трговски центар граѓаните ќе може за миг да стигнат пред музејот. Од двете страни на мостот ќе стојат конфронтирани големи животински фигури.

- Секоја држава треба да има музеј во центарот на градот. Идејата беше да направиме музеј што ќе ја презентира Македонија на најдобар начин. Таков објект не треба да биде далеку, каде не може да стигне автобус со ученици. Долго и жестоко се расправавме на таа тема - дали ни треба музеј, каде да биде изграден. Се согласивме дека е добра идеја. По сите дискусии се договоривме во центарот на Скопје да се изгради Музеј каде пред се ќе бид презентирано археолошкото богатство на оваа земја - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

ЕКСКЛУЗИВНИ ПРЕДМЕТИ

Иако во објектот ќе бидат сместени три институции, зградата однадвор ќе изгледа само како Музеј. Задниот дел ќе биде на повеќе катови. Таму ќе бидат канцелариите на другите установи.

- Музејот ќе изгледа многу атрактивно. Ќе располагаме со околу 7.000 квадратни метри изложбен простор. Тоа е огромна површина. Таму ќе бидат презентирани најубавите работи од Македонија - вели Кузман.Во новиот објект ќе биде префрлен археолошкиот музеј, кој денес е дел од Музејот на Македонија. Во институција здружено работат археолошкиот, етнолошкиот и историскиот музеј.

Кузман вели дека ќе почекаат да завршат годинашните археолошки истражувања, бидејќи се најавени целосни ископувања на локалитетите Стоби, Хераклеја Линкестис, Скопско кале и Исар-Марвинци. Ќе продолжи работата и на 15 други наоѓалишта.

- Прво ќе видиме со што се располагаме од овие истражувања. Со директорите на музеите што ќе работат на капиталните проекти потпишавме договори. Во нив има една клаузула. Ако и' требаат на Македонија ексклузивни наоди, тие ќе бидат изложени во државниот археолошки музеј, кој ќе биде во центарот на Скопје. Таму ќе бидат претставени најубавите предмети - објаснува Кузман.

Најубавата музејска поставка во земјава засега е презентацијата на нумизматичката збирка на Народна банка на Македонија. Монетите се изложени во големи застаклени витрини, чија основа е изработена од темноцрвено масивно дрво. Слично конципирани и организирани поставки има во светските музеи од рангот на „Метрополитен“ во Њујорк или „Лувр“ во Париз.

КОПИИ ОД МАСКИТЕ ОД ТРЕБЕНИШТА

Според Кузман, за квалитетот на музејската поставка во новиот музеј воопшто не треба да се дискутиура бидејќи има поддршка од Владата и не очекува никаква финансиска пречка.

- Во ова време државата неверојатно многу финансира во културата. Кој како сака нека го толкува. На другите земји им е многу полесно, бидејќи за се добиваат пари од Европската Унија. Ние се обидуваме се сами на да правиме. Тоа е за почит. Да не беа пирамидите во Египет, немаше да знаеме ни за Кеопс, ни за 20.000 роба што работеле и гинеле ни за Египет како цивилизација. Зарем ние не сме достојни да направиме една таква убава зграда каде што ќе го изложиме нашето богатство? - прашува Кузман. Во новиот музеј ќе бидат изложени предметите кои лани беа ископани на некрополата на Исар-Марвинци. Ќе биде изложена и охридската колекција на златни предмети заедно со златната маска, кои пред неколку години беа пронајдени на „Горна порта“. Ќе биде претставен вреден материјал од Стоби, Стибера, од Хераклеја Линкестис.

- Од многу ексклузивни предмети ќе направиме музејски копии кои ќе бидат изложени во другите музеи. Тоа не е страшно и се практикува во светот. Музејските копии се многу верни на оригиналот и се многу скапи за изработка. Веројатно ќе направиме копии на четирите маски од Требеништа, кои денес се наоѓаат во Белград и во Софија - објаснува Кузман.

ИНФО-Археолошки музеј од 1924 година

Првиот Археолошки музеј во Македонија е формиран во 1924 година во Скопје.Збирките биле сместени во Куршумли ан и во една зграда на тврдината Кале, која била урната во катастрофалниот земјотрес во 1963 година.Во 1976 година бил изграден музејскиот комплекс во Старата скопска чаршија. Една година подоцна бил формиран одделот за археологија.

Весна Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=ACE1DEEB119D0C478A4C47E4D43F8DB1

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Jan-2009 at 05:03
Државен археолошки музеј ќе биде изграден во Скопје покрај брегот на Вардар, пред Македонската опера и балет и зградата на Комерцијална банка.

За Мал Ринг има постапка пред уставен суд, а оваа маркичка е една од спорните новозацртани, која не само што е продукт на оспорениот ДУП, туку се коси и со ГУП-от (непочитување на минималната предвидена оддалеченост од коритото на Вардар).

Дали новинарката е изгубена во темата која ја обработила, или се обидува да преудицира судска одлука не ми е јасно, ама било како изгледа многу лошо.

BTW и описот на локацијата е промашен.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Jan-2009 at 15:51
абе се утепаа од музеи и споменици градење, ако толку им е до културата слободно нека ја изградат филхармонијата 
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Jan-2009 at 06:16
sto mislite za arhitekturata na 'arheoloskiot muzej' ?

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Jan-2009 at 09:24
Originally posted by GreatMakedon

sto mislite za arhitekturata na 'arheoloskiot muzej' ?


Првото што го помислувам е дека маркичката не е во ред и нема што да се оди понатака да се расправа за архитектурата. Ако сепак треба да ја искоментирам архитектурата, не сум сигурен што да коментирам затоа што рендери немаме, а од магловитите најави сум само збунет - се спомна некаков античко-македонски архитектонски стил, стил за кој јас прв пат слушам (не велам дека не постоел пред 2500 години, само велам дека денеска таков стил на никого не му е познат, освен можеби на Вангел & Цо)

Како и да е, кога ќе ги сублимирам сите муабети околу тоа како ќе изгледал објектов, сепак можам да претпоставам какво фијаско ќе биде. Накратко, мислам дека на таков објект не му е ни местото ни времето!

Нема потреба ниту пак може со сила да направиме „стар западноевропски град“, без разлика колкава е нечија детска желба тоа да се случи и без разлика колку несоодветни трансплантации ќе извршат, веројатно инспирирани од нивните службени патувања. Така можеме само да достигнеме зашеметувачко ниво на кичот во Мал Ринг... веќе опасно чекориме кон таков исход!
Претпоставувам дека денеска единствено во Македонија се размислува за изградба на класични и неокласични објекти. Тоа не е резултат само на нечиј невкус, туку и на раширените комплекси, а можеби и најлошо, на недостатокот на елементарен ред во системот кој дозволува најголемите дилетанти да диктираат како ќе се обликува центарот на главниот град, па дури и правните норми тотално се игнорираат.

За театарот не бев воопшто воодушевен, но имав одредени дилеми и одредено разбирање. За музејот „Македонска Борба“ веќе немав ни трунка дилеми или разбирање. А овој најнов изум доколку се изгради очекувам да биде круна на невкусот и лошото осмислување на Мал Ринг од левата страна на Вардар (за беља ни тоа не е крајот, туку главното „шоу“ е сепак предвидено на десната страна)


Извини ГМ, веројатно бараше нешто пократко, но целава работа е заплеткана и исповрзана, па затоа морав да дадам ваков одговор.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jan-2009 at 12:42
Немам проблем со идејата за Археолошки музеј, со оглед на тоа што во последно време во Македонија се ископаа мал милион многу важни пронајдоци. За во иднина се очекува многу повеќе, ако земеме во предвид дека армија од 2500 археолози студенти Пасковци детално ќе ги истражуваат малку истражените Хераклеја, Стоби, Исар Марвинци и се очекуваат уште многу важни пронајдоци.

Моментално археолошките пронајдоци се прилично расфрлени во музеи како Музејот на Скопје, Музеј на Македонија а вака ќе се направи одделен музеј каде што ќе може да се покрене свеста за археолошкото наследство на Македонија, ќе се покрене интересот на јавноста за посетување на музеи и ќе доведе до развој на археологијата во Македонија воопшто.  Тоа околку идејата за археолошки музеј.

Околу локацијата - НЕ! Нема простор за такво нешто и не знам зошто им е толкав фетиш да го трупаат Мал Ринг со секакви објекти со секакви стилови - на тоа место најмалку му треба неокласичен, „античко македонски“(ваков стил јас никогаш немам сретнато, а верувам дека се мисли на оној старогрчки-староримски).  Дури и да ме убедат дека не постои подобра локација од оваа, јас воопшто не се сомневам во способноста на надлежните тотално да ја усерат локацијата со некаков невкус како ЛАВОВИ на мост(во античко македонски стил) итн итн...

ЗАКЛУЧОК: Музеј - ДА, Локацијата - НЕ!
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Jan-2009 at 12:50
Је немам што да додадам на вашиве излагања. На иста линија сум. Локацијава ми е тотално безвезна за изградба на било што. Друга работа што не ми се свиќа е начинот на кој неколку институции без никакви допирни точки се сместуваат во еден објект. Стварно се недозволиви упадите во урбанизмот. За неколку години градов ќе се осакати за десет пати повеќе години унапред. Толку ливади има на само еден километар од центарот, и сега со сила ќе го згнетеме пред комерцијална.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Jan-2009 at 13:05
Originally posted by lslcrew

Је немам што да додадам на вашиве излагања. На иста линија сум. Локацијава ми е тотално безвезна за изградба на било што. Друга работа што не ми се свиќа е начинот на кој неколку институции без никакви допирни точки се сместуваат во еден објект. Стварно се недозволиви упадите во урбанизмот. За неколку години градов ќе се осакати за десет пати повеќе години унапред. Толку ливади има на само еден километар од центарот, и сега со сила ќе го згнетеме пред комерцијална.


Па ситуацијата не е баш така. ПОвеќето од тие ливади се веќе планирани за некои објекти, на многу од нив веќе се гради а останатите се премали за волкав објект. Кој има некоја добра идеја кај би можел да се стави објектов нека повели...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Jan-2009 at 13:07
Па не викам да се постави истито објект. Ќе се постави друг со истата намена! Еве прва локација мене што ми текнува е позади рамстор тоа куќичките што се! Или еве маџир маало што секој ден го збориме!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Jan-2009 at 13:11
Маџир Маало!? Па еве, да заборавиме дека тоа место е недопирливо за багерот - освен кога станува збор за градење црква - како би се уклопил Археолошкиот музеј веднаш до транспортен центар и НБРМ - двете градени во истиот бруталистички стил, со натур-бетон и археолошкиот музеј (неокласичен стил)?

ЕДИТ: Не се изразив доволно. Маџир Маало ќе си остане во среден век уште долго. А ако тука поминува крушевска република, јас не гледам па како понатаму ќе се вклопи Археолошки музеј со 2 апла бруталистички објекти, Крушевска република и веројатно неколкуте куќички што ќе ги остават недорушени.

Најсреќното решение според мене е следното: Да се гради на плоштад - помеѓу идниот офицерски дом и Македонска банка. Сите се среќни
-нема повеќе ливада на плоштад
-ќе се оформи плоштадот
-ќе биде уште во построг центар
-на таа локација одамна зборевме дека одговара некој музеј

Бидејќи сеуште нема решение за изглед на музејот претопставувам дека може да се направи нешто да се уклопи со околината. Итн, да не тупиме, мислам дека ја доловив поентата



Edited by La Linea - 24-Jan-2009 at 13:16
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Jan-2009 at 13:28
а просторот меѓу Ибни Пајко и Меморијалниот центар? Пред црквата? тој за што е планиран?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Jan-2009 at 13:34
Originally posted by zabegan

а просторот меѓу Ибни Пајко и Меморијалниот центар? Пред црквата? тој за што е планиран?


И тоа е фина локација, но мислам дека е планирана за нешто. Па и да не е, сепак е мала за објект каде што треба да се сместат 3 големи институции. Само музејот бараа големи изложбени простори + канцеларии итн тин... Ако веќе прават грандиозен проект, не бива да го збутаат на некоја мала локација што ќе го гуши просторот околу неа. Јас сум за изградба на локацијата што претходно ја спомнав на плоштад.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Jan-2009 at 16:02
па нели порано требаше архивот таму да биде? (на плоштад мислам)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Jan-2009 at 16:05
Originally posted by zabegan

па нели порано требаше архивот таму да биде? (на плоштад мислам)


За таква работа немам чуено Dunno

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Jan-2009 at 17:18
Originally posted by La Linea

И тоа е фина локација, но мислам дека е планирана за нешто. Па и да не е, сепак е мала за објект каде што треба да се сместат 3 големи институции. Само музејот бараа големи изложбени простори + канцеларии итн тин... Ако веќе прават грандиозен проект, не бива да го збутаат на некоја мала локација што ќе го гуши просторот околу неа. Јас сум за изградба на локацијата што претходно ја спомнав на плоштад.


Не ми е познато дека ја планираат за нешто но не би ме ни зачудило да се крие уште накакво друго „изненадување“.
Во секој случај локацијата не е мала (всушност има две маркици од која едната сигурно е поголема од ова чудово што сакаат да го збутаат пред комерцијална), а и не гледам зошто би морало ко слепи да се држат до планот три сосема различни институции да се сместат во иста зграда.

Инаку и локацијата на плоштад што ја спомна ти е сосема прикладна.
Back to Top
ivopfc View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ivopfc Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Jan-2009 at 19:18
Idealna lokacija za objektov e prostorot na kejot kaj holidej in koj e planiran za stokatnicite koi i taka i taka nikogas nema da se izgradat.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Jan-2009 at 01:03
Originally posted by ivopfc

Idealna lokacija za objektov e prostorot na kejot kaj holidej in koj e planiran za stokatnicite koi i taka i taka nikogas nema da se izgradat.
во однос на просторот да, но во однос на вклопеноста не
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Mar-2009 at 10:26
Crazy

Ќе се удри камен темелник на новата зграда на Уставен суд

Никола Груевски, денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на зградата на државните институции - Уставен суд, Државен архиа, и Археолошки музеј на Република Македонија.

Како што информираа од владината прес служба настанот ќе се одржи во 13,30 часот во близина на Камениот мост, од страната на хотелот “Stone Bridge“.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=52456&kategorija=1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Mar-2009 at 12:24
Добро, господата очигледно немаат никакви кочници во нивното одење против било каква урбана и архитектонска логика, а после аминот за мал ринг што дојде токму од уставниот суд, овој камен темелник веројатно никого не го изненадува.

Сега ќе е интересно да се видат некакви рендери, па да видиме со каква гадост ќе го збогатат центарот и да научиме конечно каков е тој „античко-македонски архитектонски стил“ што го најавија...

Нам понатака ни останува да чекаме и да видиме какви нови нелогични и невклопливи маркици политиката ќе збута низ Скопје, а ништо чудно во овој стил да затераат и со други градови.


Edited by Cloverstack - 23-Mar-2009 at 12:25
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Mar-2009 at 13:09
Originally posted by Cloverstack

Добро, господата очигледно немаат никакви кочници во нивното одење против било каква урбана и архитектонска логика, а после аминот за мал ринг што дојде токму од уставниот суд, овој камен темелник веројатно никого не го изненадува.


Точно потегов никого не изненадува но брзината со која сето ова отпочнува по верификацијата на унаказениот Мал Ринг е импресивна.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 73>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.