build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од соседството

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 41424344>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15129
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #841 Posted: 08-Jan-2021 at 17:05
Браво, одлично изгледаат!
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #842 Posted: 08-Jan-2021 at 17:41
Браво, баш ми е мило што имаме вакви убави примери во соседството!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #843 Posted: 08-Jan-2021 at 18:01
Подујане изгледа супер.
Како стојат патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Бугарија, функционира нормално?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #844 Posted: 08-Jan-2021 at 20:01
Originally posted by Staro Skopje

Подујане изгледа супер.
Како стојат патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Бугарија, функционира нормално?

Отговорът не е еднозначен. Наверно знаете ж.п транспорта в Бг. се осъществява от две фирми - БДЖ и НКЖИ.
БДЖ е фирмата която се занимава с подвижния състав (локомотиви ,вагони ,персонал) и предлага услугата транспорт,и от своя страна има две потделения БДЖ-Пътнически превози и БДЖ - карго.И в двете положението е трагично ,ако последната година нещата тръгнаха значително по-добре. Успяха да изплатят големи задължение към банките , поричаха нови локомотиви и ел.гарнитури , 20 стари локомотива се ремонтират в Чехия, започна ремонт и на 80 пънически вагони в заводите в Дряново и Септември. Нещата са много зле и това е капка в морето. Всички очакват 2025 година когато пада монопола на БДЖ и ще могат частни фирми да предлагат пътнически превози. Както стана преди 10 години в товарните карго превози.
Тук ситуацията е ок- освен БДЖ-карго оперират DB Shenker Bulgaria, Bulmarket rail cargo , PIMK rail,Port rail .

НКЖИ стопанисва инфраструктурата и недвижимите активи - построики -гари , ж.п.трасета (релси),стълбовете не ел.система и депата.
Ремонтите на гарите и релсовите трасета са техно дело и може да се каже че нещата са добре ,макар да стават бавно.
В случая с гара Подуяне първо беше ремонтирана сградата а в момента върви ремонта на пероните и релсите като част от проекта София-Пловдив.


Така че бавно хората работят. Ето преди дни започна основен ремонт на една от големите и важни гари в Бг - Стара Загора.
Проект








Сега








Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #845 Posted: 19-Jan-2021 at 11:28
Во Грција пристигна првиот брз воз „Бела стрела“ што ќе сообраќа меѓу Солун и Атина (фото)

Првиот од петте брзи возови „Бела стрела“ (Freccia Bianca) пристигна во Солун од Италија, јавува грчкиот весник „Катимерини“. Станува збор за генерација на брзи возови на Италијанските државни железници произведена од француската компанија „Алстом“, кои развиваат брзина до 200 километри на час и кои ќе служат за побрз превоз на патници меѓу Солун и Атина.

Во наредниот период, брзите возови „Бела стрела“ ќе се тестираат на брзата пруга Солун-Атина, која беше пуштена во функција во февруари 2019 година. „Бела стрела“ ќе има капацитет да прими над 475 патници, има девет патнички вагони, од кои еден вагон ресторан. Со него меѓу двата грчки града ќе може да се патува за 3 часа и 15 минути наспроти постојните 4 часа што се неопходни за да се помине растојанието со постојните возови.

Во наредните два месеца, вработените од грчкиот железнички оператор „ОСЕ“ ќе се обучуваат за управување со брзиот воз, а официјалното пуштање во употреба на „Бела стрела“ е предвидено за 25 март 2021 година. До претстојнава есен, сите брзи возови ќе бидат пристигнати во Грција. Висината на инвестицијата во петте брзи возови изнесува 52 милиони евра.

Со фондовите од ЕУ, Грција во изминативе години успеа во целост да ја изгради брзата пруга меѓу Солун и Атина со проектирана брзина од 250 километри на час, но и да ја реконструира и надогради пругата од Солун до македонско-грчката граница со максимална брзина на движење на возовите од 120 до 160 километри на час. Во меѓувреме, грчката државна железница „ОСЕ“ пред неколку години беше приватизирана и купена од Италијанските државни железници.

За разлика од нашиот јужен сосед, во Македонија максималната брзина на движење на возовите изнесува 100 километри на час, под услов да нема ограничувања на брзината на движење поради застарената инфраструктура. Од неодамна набавените шест кинески возови, во земјава во моментов се исправни и сообраќаат само два, додека од четирите нови кинески локомотиви што пристигнаа лани денеска сообраќаат три.







https://meta.mk/vo-grczija-pristigna-prviot-brz-voz-bela-strela-shto-kje-soobrakja-megju-solun-i-atina-foto/
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #846 Posted: 17-Apr-2021 at 19:23
Новата ЖП Гара Сливница на линията София-Белград.


















Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #847 Posted: 17-Apr-2021 at 19:36
Дали е ова целосно нова ЖП Гара и ЖП делница или претходно постоела (суштествувала) тука ЖП Гара и ЖП линија на истото место?! Знам дека Белград-Софија од секогаш имало, ама дали е ова некоја изменета нова траса?
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #848 Posted: 17-Apr-2021 at 20:51
Цялото трасе от София до Драгоман и Калотина се реконстроира,като на няколко места ще има прокарано ново трасе. Новата гара в Сливница ще е на ново място и в тази част трасето също ще е ново.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #849 Posted: 17-Apr-2021 at 20:56
Јас се надевам еден ден ќе има и нова траса према Македонија, можеби кога ќе се заврши коридорот од македонска страна прво. Мислам дека ЖП линијата према Ќустендил и Ѓуешево има далеку многу повеќе места каде ќе треба сериозно пеглање (гладене) и исправање на непотребни кривини кои не ги исполнуваат условите за радиуси на модерни ЖП линии. Ако видиш и Атина-Солун и Белград-НовиСад имаат такви делови каде делници целосно се напуштаат и се градат целосно нови траси на одредени делови, а со тоа и многу ЖП Гари остануваат да висат во просторот неискористени и да треба да се градат нови.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #850 Posted: 20-Apr-2021 at 17:37
Originally posted by user8642

Јас се надевам еден ден ќе има и нова траса према Македонија, можеби кога ќе се заврши коридорот од македонска страна прво. Мислам дека ЖП линијата према Ќустендил и Ѓуешево има далеку многу повеќе места каде ќе треба сериозно пеглање (гладене) и исправање на непотребни кривини кои не ги исполнуваат условите за радиуси на модерни ЖП линии. Ако видиш и Атина-Солун и Белград-НовиСад имаат такви делови каде делници целосно се напуштаат и се градат целосно нови траси на одредени делови, а со тоа и многу ЖП Гари остануваат да висат во просторот неискористени и да треба да се градат нови.


Има раздвижване по твоя въпрос. Ето какво излезе днес при обществените поръчки.
https://app.eop.bg/today/86792
Оценка на съответствието със съществените изисквания към строежите на техническите проекти за железопътната линия Радомир – Гюешево – граница с Република Северна Македония


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #851 Posted: 20-Apr-2021 at 19:12
Ова мислам дека не е баш најдобрата најоптимална варијанта. Иако можеби проектираната брзина (скорост) е до 160 кмх, за разлика од предходната постоечка ЖП линија, сепак должината не се скратува ништо посебно. И втора негативна страна е што се избегнува Ќустендил како единствен поголем град на трасата помеѓу Крива Паланка и Софија (или Перник). Сепак не е целта ЖП линијата да биде телепортација меѓу Скопје и Софија, туку треба да го обслужува населението и стопанството и измеѓу крајните точки.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 456
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #852 Posted: 20-Apr-2021 at 20:23
Mislam deka nema nikakva ekonomska opravdanost da se vlozi vo poskapo reseni koe bi pomminuvalo niz Kjustendil. Demografskata idnina na pomalite gradovi (so isklucok na Perknik) po celata trasa izmegu Palanka i Sofija e izrazito ne povolna. Se plasam deka do kompletiranje na proektov (nekoi 10 godini od sega), ke gasat trafostanici vo tie naseleni mesta. So zasilenata migracija i kaj nas pust ke bide se do Kumanovo. Po mene na Balkanot perspektiva imaat samo gradovi (so okolii) pogolemi od 100.000 ziteli so isklucok na turisticki mesta (kako Ohrid na primer ili Bansko). Taka so za mnogu skoro nema da e teleportaci nego i edinsvteni pogolemi naseleni mesta dolz koridorot 8.
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #853 Posted: 20-Apr-2021 at 21:00
Според мапата пругата ќе поминува на некои 4-5км од Ќустендил шо и не е многу страшно
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #854 Posted: 26-Apr-2021 at 17:11
Финансиска поддршка од ЕУ за изградбата на пругата од Белград до Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево и официјално ја најави изградбата на пругата со висока брзина која треба да го поврзе Белград со Македонија, но и со Турција.

На овој проект кусо алудираше утринава претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во твит.

Попладнево претседателот Вучиќ понуди повеќе детали за железничката линија.
Многу сум благодарен на претседателката Фон дер Лајен, се плашев до сега да зборувам за ова, но сега имаме поддршка : ќе градиме пруга со висока брзина што ќе ги поврзе Белград со Ниш, и потоа Лесковац, Табановце до Северна Македонија, ова ќе ги смени целосно работите, ќе создаде можности за луѓето и подобар превоз – изјави Вучиќ, објаснувајќи дека проектот ќе ја подобри поврзаноста на регионот од Виена па се до Истанбул, Атина и Софија.

Српскиот претседател рече дека „не може да ја сокрие“ својата радост што го соопштува овој нов проект кој, според него ќе ги зголеми странските директни инвестиции во регионот за наредните десет години.

За изградбата на оваа пруга Вучиќ рече дека ќе може да смета на грантови од ЕУ во износ што ќе може да достигне 35 отсто најмалку, бидејќи проектот ќе се вклопи во Зелената агенда на ЕУ за западен Балкан.

https://plusinfo.mk/finansiska-poddrshka-od-eu-za-izgradbata-na-prugata-od-belgrad-do-makedoni-a/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #855 Posted: 28-Apr-2021 at 17:29
Во Србија завршен тунел и вијадукт по кои возовите ќе развиваат брзина од 200 километри на час







Завршена е и изградбата на вијадукт и тунел на брзата пруга Стара Пазова-Нови Сад.

Модернизацијата и изградбата на двоколска отворена пруга Стара Пазова – Нови Сад (40,4 километри), вклучително и изградбата на тунелот и вијадуктот „Чортановци“, се дел од проектот за изградба на брзата пруга помеѓу Белград и Будимпешта. Изведувач е руската компанија „РЖД Интернешнл“, а проектот е финансиран од руски кредит за модернизација на српските железници. Тунелот и вијадуктот „Чортановци“, кои се наоѓаат на линијата Стара Пазова – Нови Сад, се едно од најголемите инфраструктурни и инвестициони градилишта во овој дел на Европа. Изградени се две тунелски цевки, секоја со еден колосек долга 1,1 километри. Вијадуктот е долг 2,9 километри, носен од 59 столба, од кои највисокиот е 28 метри.
Руската компанија РЖД Интернешнл ги заврши градежните работи, порано повеќе од шест месеци од предвидениот рок.

Работите на изградбата на тунелот со две паралелни цевки со вкупна должина 2,2 километри, се извршуваа непрекинато од септември 2017 година и се завршени седум месеци пред договорените рокови. Непосредната изградба на тунелот траеше три години. Пробивањето се одвиваше истовремено на четири точки на двете цевки на северните и јужните портали. Во моментов во тунелот се поставува горниот строј на колосекот.
Работите на изградбата на вијадуктот започнаа на 1 ноември 2017 година и завршија шест месеци пред планираните рокови. Неговата должина е три километри. Вијадуктот е проектиран на излезот од тунелот Чортановци пред Сремски Карловци и се протега во поплавениот дел на Дунав. Дел од објектот се наоѓа на стрмен терен и затоа, со цел да се обезбеди сигурност за време на изградбабата и употребата, изградени се 20 заштитни конструкции од одрони.
РЖД Интернешнл“ продолжува со работите на изградба и реконструкција на железничката линија на делницата Стара Пазова – Нови Сад, дел од пругата Белград – Будимпешта од Паневропскиот сообраќаен коридор Х. По завршувањето на сите работи во согласност со проектот, патнички возови ќе може да развива брзина до 200, а товарни до 130 километри на час.

https://www.porta3.mk/vo-srbija-zavrshen-tunel-i-vijadukt-po-koi-vozovite-kje-razvivaat-brzina-od-200-kilometri-na-chas/


Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #856 Posted: 28-Apr-2021 at 18:39
В новината чета дека скоростта е ДО 200 км. а не ОД.
Ако е од 200 км нагоре ,то треба да пуснат high-speed trains како TGV , ICE или Еуростар.
Сърбите купиха три мотриси на Stadler ,които са до 200 км.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #857 Posted: 02-Aug-2021 at 14:12
Од Виена до Табановце со воз со 200 километри на час, понатаму до грчка граница „турни ме да кинисам“

За пет години, во 2026 година, низ Србија до македонската граница ќе се патува по брза пруга со два колосека, со 160 до 200 километри на час. Северниот сосед заедно со Европската Унија веќе го објави претходно најавуваниот тендер за изградба на тунел број 4, на делницата Сталаќ-Ѓунис, на пругата Белград-Ниш, во општина Чичевац, што преставува прв чекор кон изградбата на брзата пруга Белград-Северна Македонија.

Во меѓувреме, нашата држава е преокупирана со изградба на пругата кон Бугарија, па по европскиот железнички Коридор-10 до нашата граница ќе се стигнува експресно, а понатаму до границата со Грција како и досега, полека, со застои по стари пруги и со брзина далеку под 100 километри на час.

Српските медиуми објавија дека објавениот тендер вклучува изградба на едноканален тунел со два колосека долг 3.275 метри, со три тунели за евакуација и два пристапни пата, како и претходна изработка на проектна документација. Во него не влегува надградба на колосекот, електрификација, сигнализација и телекомуникации.

Работите ќе ги финансира Европската инвестициска банка со 40 милиони евра, а времетраењето на договорот е ограничено на 4,5 години, со краен рок за пријавување до 28 септември.

Договорот со ЕУ за поддршка на изградбата на железницата до македонската граница чиј дел е пругата Белград-Ниш е постигнат во април кога српскиот претседател Александар Вучиќ беше во посета на Брисел. Тогаш тој информира дека е прифатена варијантата со цена на изградба на пруга од 1,766 милијарди евра до Ниш. Вучиќ исто така изјави дека изградбата може да почне напролет следната година и наведе дека работите ќе бидат завршени во 2026 година, но без долгопланираната нова делница до Велика Плана.

Според изјавите на српската премиерка Ана Брнабиќ, околу 56 отсто од пругата Белград-Ниш ќе биде со брзина од 200 километри на час, а според претходните најави, некои делници од оваа пруга поради економичноста ќе бидат предвидени за брзина од 160 километри на час.

Овој инфраструктурен проект во Србија се смета за најголем во периодот што следува. Се проценува дека по новата пруга од Виена до Белград би се патувало пет часа, а потоа до Скопје уште три ипол часа. Судејќи според состојбата на македонските пруги и отсуството на намера кај македонските власти да го развиваат железничкиот Коридор 10, стоката и луѓето стигнати експресно до нашата граница понатаму ќе патуваат според принципот „турни ме да кинисам“. Во моментов нема планирани посериозни зафати на таа пруга. Останува со еден колосек, а фокусот на актуелната како и на сите власти во последните три децении е на изградба на пругата кон Бугарија. Таа се гради во три етапи, а во моментов работите се во застој. Минатиот месец директорот на МЖ Инфраструктура Тачко Локвенец на средба со бугарскиот колега Красимир Папукчиски во Скопје најави дека работите конечно тргнуваат со поддршка од Европската Унија.

-Тендерот е распишан, со изборот на изведувач започнува тридецениската желба да се реализира. Очекувам за 3-4 месеци овде, веќе да се гради, рече тогаш Локвенец.

Со реализација на овој план би се комплетирал Паневропскиот транспортен Коридор-8, што го поврзува Јадранското со Црното Море преку Албанија, Македонија и Бугарија.

Експертот по железнички транспорт и поранешен директор на МЖ Транспорт, Никола Костов, неодамна за весникот ВЕЧЕР посочи дека експресната пруга низ Србија ќе не затекне со инфраструктура во која не е вложено половина век. Тој смета дека на сите пруги им е потребен генерален ремонт, а во моментов пругата кон Бугарија, според него, е непотребна, зашто најважниот коридор е всушност десетката.

-За нас е најважен Коридорот-10. Таму поминува најважниот светски пат – патот на свилата низ кој патува стоката на релација Кина – Европа и обратно. Целата македонска економија е насочена на овој коридор, како во железничкиот така и во патниот транспорт. Потребен ни е двоен колосек на релацијата од Табановце до Гевгелија на Kоридорот-10 за да можеме да го фатиме приклучокот со Европа, зашто годинава Србија пушта двоен колосек на пругата од Суботица до Белград, во 2026 година ја продолжува до Ниш, а потоа и понатаму. Ако ние не го направиме тоа, паралелно со нив ќе останеме слепо црево, тврди Костов.

Во спротивно, вели тој, целиот товарен железнички сообраќај од Европа ќе се насочи кон Бугарија и ќе нè заобиколи.

https://www.vecer.press/од-виена-до-табановце-со-воз-со-200-киломе/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #858 Posted: 25-Aug-2021 at 10:47
Од Белград до Нови Сад по брза железница со 200 километри на час





На вчерашната свеченост по повод спојувањето на железничкиот колосек на делницата Стара Пазова – Нови Сад на вијадуктот во Чортановци, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека граѓаните за шест месеци ќе можат да се возат со новата брза пруга од Белград до Нови Сад.

Железницата ќе биде целосно завршена до крајот на годината, а потоа ќе започне тестирањето на возовите со најголема брзина, прво во Батајница, потоа ќе започне комерцијалната употреба на пругата“, рече Вучиќ, потсетувајќи дека возовите ќе сообраќаат со брзина од 200 километри на час.

Инвестицијата е вредна 850 милиони евра. Само делот Стара Пазова – Нови Сад чини 580 милиони долари, Белград – Нови Сад 850 милиони долари, а делницата Нови Сад – Суботица ќе чини 1,2 милијарди долари.

Како што е најевено од Белград до Нови Сад по брзата железница ќе се стигнува за 25 минути со возови кои ќе возат речиси 200 километри на час.

Оваа железница е дел од пругата Белград – Будимпешта, а пругата низ Србија е во должина од околу 184 километри.

Проектот за брза железница од Белград до Будимпешта беше договорен како заеднички проект меѓу Србија, Кина и Унгарија во рамките на глобалната иницијатива на Кина „Појас и пат“. Кога ќе биде завршен проектот, меѓу Белград и Будимпешта со воз ќе се патува за два часа и 45 минути.

Градилиштата се поделени според делници, градат руската компанија „РЖД Интернешнел“ и кинеските „Чајна рејвеј интернешенел“ и „Чајна комјуникејшнс констракшн компани“. Покрај руски и кинески компании, ангажирани се и околу 170 домашни фирми како подизведувачи.

Олег Белозјоров, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „РЖД Интернешнел“,изјави дека поради техничката сложеност, ваков проект не постои во балканскиот регион.

Руската компанија соопшти дека во април годинава, половина година пред договорените рокови, компанијата ја заврши изградбата на двата најголеми објекти во Србија, вијадуктот долг три километри и тунелот Чортановци, додека изградбата и модернизацијата на железничката пруга Стара Пазова-Нови Сад, долга 40,4 километри, каде компанијата работи од 2017 година е во завршна фаза.

Соработка со РЖД продолжува, започнати се и преговорите за изградба на единствен диспечерски центар. Единствениот диспечерски центар ќе има посебни регионални диспечерски центри во Нови Сад, Белград, Ниш и Пожега и тоа ќе го врзе целиот систем и ќе гарантира 100 отстотна безбедност за сите возови. Диспечерскиот центарот ќе овозможи во секој момент да се види позицијата на секоја локомотива и патниците.

https://www.porta3.mk/od-belgrad-do-novi-sad-po-brzata-zheleznica-so-200-kilometri-na-chas/

Edited by stef4o - 25-Aug-2021 at 10:48
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #859 Posted: 27-Aug-2021 at 13:46

Prvi korak ka gradnji brze pruge od Beograda do Makedonske granice

Raspisan tender za projektovanje i izgradnju tunela 4 na deonici Stalać-Đunis vredan 40 mil EUR



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #860 Posted: 12-Sep-2021 at 14:33
Експресните возови меѓу главните градови во регионот и ЕУ се враќаат до крајот на 2025 година

Ова, како и договори за One Stop Go меѓу сите регионални партнери и соседните земји на ЕУ, за сите железнички гранични премини до четвртиот квартал на 2023 година е дел од Декларацијата што во рамки на железничкиот самит утре во Белград од македонска страна ќе ја потпише министерот Бочварски. ЕБОР, како еден од организаторите на самитот најави амбициозни планови во регионот за подобрување на квалитетот и брзината на услугите низ железничката мрежа преку проширување на Трансевропската транспортна мрежа во согласност со стандардите на ЕУ

До крајот на 2025 година повторно да се воспостават директни експресни железнички врски помеѓу главните градови на Западен Балкан и Европска Унија е дел од содржината на декларацијата „Посветеност кон железниците“ што ќе се потпише на Железничкиот самит за Западен Балкан, утре, во Белград. Со ова би се возобновиле железничките врски со меѓународни експресни возови, кои веќе неколку години наназад постепено се укинуваа во регионот.

Декларацијата, која со овластување од Владата од македонска страна ќе ја потпише министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се повикува на подобра поврзаност на деловните субјекти и луѓето, дигитализација на железничките системи за меѓусебно поврзување и овозможување размена на податоци за прекуграничен превоз на патници и товарен транспорт.

Освен ова, предвидено е во рамки на самитот сите регионални партнери и соседните земји на ЕУ да склучат договори за воспоставување One Stop Go на сите железнички гранични премини до четвртиот квартал на 2023 година. Со тоа треба да се олеснат процедурите за граничен премин на патници и товар.

Во пресрет на утрешниот Железнички самит на Западен Балкан 2021 година, Европската банка за обнова и развој која е еден од неговите организатори заедно со Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница и Европската инвестициска банка, најави амбициозни планови во регионот за подобрување на квалитетот и брзината на услугите низ железничката мрежа преку проширување на Трансевропската транспортна мрежа во согласност со стандардите на Европската Унија.

Дополнително, ќе се зајакнува капацитетот за подготовка и имплементација на проекти и ќе се работи на подобрување на управувањето, како и безбедноста и одржувањето.

-Железниците на Западен Балкан се на добар пат да се приспособат на железничката мрежа на ЕУ и паневропските коридори, а приоритет за регионот останува отворањето на пазарот, управувањето и интероперабилноста, изјави потпретседателот а ЕБОР Јурген Ригтеринк.

Во интервју за „Еурактив“ и агенцијата Бета тој рече дека ЕБОР ќе продолжи да работи со државните железници, приватните инвеститори и клиентите и владите во регионот за да се остварат тие приоритети.

За плановите на ЕБОР за железницата во Србија и регионот, посочи дека еден од најважните проекти што ќе го поддржат е реконструкцијата на делницата Белград-Ниш.

-Во тесна соработка со ЕИБ и ЕУ, преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, работиме на обнова и надградба на оваа клучна железничка делница на Пан-европскиот коридор 10 со цел зголемување на брзината на возовите до 200 километри на час, со подобрување на квалитетот на патничките и товарните железнички услуги, рече Ригтеринк и додаде дека Коридорот 10 ќе ги поврзе западна Австрија и северна Грција, значително зајакнувајќи ја европската интеграција по целата рута.
На самитот ќе учествуваат министри за сообраќај од регионот и од земјите членки на ЕУ што се граничат со Западен Балкан, претставници на Европската комисија и професионалци од железничкиот сектор. Целта на собирот е унапредување на регионалната и европската сообраќајна политика, како и придонес за побезбеден, подобро поврзан и одржлив железнички транспорт.

Одржувањето на Самитот се совпаѓа со пристигнувањето на возот Connecting Europe Express во регионот, со чие петнеделно патување по континентот се одбележува Европската година на железниците. Министерството за транспорт и врски информира дека овој воз на железничката станица во Скопје ќе пристигнеутре во 22 часот. Со него се претставува железницата како еден од најодржливите, најбезбедните и иновативните начини на транспорт.

https://www.vecer.press/експресни-возови-меѓу-главните-град/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 41424344>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.289 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.