build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Книжара

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 18-Nov-2014 at 17:40

Ќе се отвора центар за книга во атрактивен простор


Основање центар за книга како специјализирано тело во рамките на Министерството за култура, кој ќе ги промовира писателите, преведувачите, лекторите и книгите, неодамна најави министерката Елизабета Канческа- Милевска, како дел од Националната стратегија за култура 2013-2017 година



НОВО ТЕЛО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА


Центарот за книга треба да почне со работа во јануари 2015 година, а со цел да се подобри состојбата во издавачката дејност и за поголем пласман на македонските автори во странство.
Од ресорното министерство потврдуваат дека до крајот на јануари 2015 година ќе биде формиран сектор за издавачка дејност, кој ќе биде просторно издвоен, сместен во атрактивен простор, со можност да се изложуваат дела од капиталните проекти од издавачката дејност, како и со можност за одржување манифестации и слично.

Центарот за книга ќе има за цел промоција на писателите, преведувачите, лекторите и на книгите и ќе даде соодветна финансиска поткрепа на трите сегменти на издаваштвото: творечкиот/авторскиот труд, дистрибуцијата и пласманот на книгата.

- Тука влегуваат и социокултурната функција на издаваштвото, зголемување на достапноста на малцинските книжевни творби преку поддршка и промоција на двојазични електронски изданија на македонски, албански, влашки, турски, српски и ромски, потоа поддршка на маркетингот во издаваштвото и субвенција на техничката реализација на книжевните продукти (на графичкиот и на веб-дизајнот на изданијата), подготовка за печатење и примена на креативните индустрии и на дизајнот за подобар пласман на книгата, како и финансиска поддршка на странски издавачи за преводи на дела од македонската литература со високи вредности - најавуваат од Министерството за култура.
Преку центарот за книга ќе бидат субвенционирани и лексикографските изданија,
потоа изданија на уметничката и на книжевната периодика, класични и дигитални списанија на повеќејазичните веб-проекти и книжевни колекции со меѓународна рецепција.

- Предвидена е поголема презентација на македонската книжевност и издавачка продукција на реномираните меѓународни саеми организирани во европските центри, како Франкфурт, Москва, Лајпциг, Париз, Варшава, Гетеборг, Болоња, Софија, Тирана и Белград, практикување општа панорамска презентација на актуелната издавачка продукција, но и селективна промоција фокусирана на неколку автори за чии дела постои интерес и кај странските издавачки куќи или кај земјата-домаќин на саемските и на други видови манифестации - велат од ресорното министерство.

Центарот за книга ќе објавува електронски и дивиди-изданија на печатените книги, кои, како што велат од Министерството за култура, ќе можат полесно да се вградат во меѓународните мрежи и да се дистрибуираат.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1114141541591&id=16&prilog=0&setIzdanie=23323


Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 19-Nov-2014 at 10:32

malku smeshno shto ova vaka go teraat od ministerstvoto, namesto Blesok da go dokapitaliziraat shto se vika, i taka donekade go finansiraat, no shto im e na um toa i tera po drum, normalno so reformski nastroeni ambici!

ajde ako nishto drugo Blesok kje si ostane alternativen fanzin za proza i poezija i ponataka, edno od retkite mesta kade i ponataka kje vireat poemi pr. ko ovaa na Mihail Rendzov

www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=eng&id=2

Edited by +Protagorist - 19-Nov-2014 at 13:03
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 23-Nov-2014 at 20:39

до година може и 100ка ако се сетат и на градинките

Тарапуза Мора малку да ги оддалечиме децата од Интернетот
...
Годинава 60 проценти повеќе пари за детска литература
...
http://vecer.mk/kultura/tarapuza-mora-malku-da-gi-oddalechime-decata-od-internetot


фали може и билд да се промовира на ова поле, бар со една сликовница за градежни алати и локални проекти, едиција ко Ск'14 има да се продава ко алва, уште да има стрипувана атмосфера и ето ремек дело, но за ова fich-от ќе треба да консултира тајфата на Мичо
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Apr-2015 at 08:51

да имаа ваков преведувачки порив пред 10 а не па 20 години сега ќе имаше можеби и покреативни решенија по тендерите за патинирање на метрополата, иако теоријата и праксата се далеку од креативно сплотени

Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
http://www.1000knigi.mon.gov.mk/cat.php?id=8&p=3

можеби би требало да направат и гласачки пол на сајтот или простор за предлози, но најнапред треба да извадат и е-изданија од книгиве на самиот сајт а како истиот и би го направиле попосетен, посекако корисна појава за секој научник кој ето нема воља, навика или време да се растрчува по библиотеки за хардкопи в рака

дури и читална имаат во гтц, уште кафемат да и стават






Edited by +Protagorist - 04-May-2015 at 19:26
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 11-Nov-2017 at 17:33

ова е грешка некоја или само две архи книги се трошат во земјава ... да не знае некој за е-превод за поефтино ...

http://www.kniga.mk/tri/arhitektura.html
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.