build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Екологија на материјали и околина
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Екологија на материјали и околина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Екологија на материјали и околина
    Posted: 06-Nov-2008 at 23:21
Радонот е еден од радиоактивните материјали кои се присутни во градежните материјали. Кај нас во земјава е нашироко пристуен, аникој не е свесен затоа. Причинител е на повеќе болести.

Радонот ќе се испитува и во земјава


Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) од идната недела почнува со акција, со која ќе се мери концентрацијата на радонот во становите што се лоцирани на приземјето од зградите. Со акцијата ќе бидат опфатени 400 домови во земјава, а дистрибуцијата на детекторите е бесплатна. Радонот е природен радиоактивен гас што го има во почвата, а со неговото испарување тој има влијание на здравјето на луѓето кои живеат во приземните станови.

Според Азис Положани, директор на РЗЗЗ, првите детектори ќе бидат поставени на три месеци, а потоа стручно ќе се читаат за да се утврдат реалните состојби на теренот, бидејќи гасот ако е во количина што се повеќе од 400 бекерели на метар кубен лошо влијаат врз здравјето на луѓето.
- Целта на акцијата е да се утврди количеството на радон по региони, за да се направи посебна карта каде прецизно ќе се знае неговото влијание врз животната средина - потенцира Положани.
Тој појаснува дека за таа цел ќе се оформи посебно одделение што ќе ги следи состојбите преку целата година.

Земјите од ЕУ веќе шест години вршат мерења на радонот, а со овој проект се вклучува и нашата земја. Ќе се изготви и европска карта на влијанието на радонот. Досега проблемот се решаваше преку поставување на специјални цевки за вентилација околу проблематичните станови и јавни институции..Во Германија овие градежни решенија се спас за реоните каде природниот гас негативно влијае на животната средина.

http://vecer.com.mk/?ItemID=19B37659360A7A4693EC95D1B22B4CB1

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Nov-2008 at 03:30

Алфа - 06.11.2008



Edited by beTon - 10-Nov-2008 at 23:26
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Feb-2009 at 22:00
ЕВН и Министерството за животна средина со заеднички еколошки проект

Во соработка со Министерството за животна средина, ЕВН Македонија ги отстранува опасните материи од старите трансформатори кои се инсталирани во дистрибутивната мрежа пред 20 години. Опасните материи или т.н полихлорирани бифенали биле содржани во маслото кое пред 80-те години се користело за поголема издржливост на трансформаторите. Овие материи не се опасни се додека се затворени во трансформаторите, но при нивен допир со природата поради експлозија или истекување на течноста, опасните материи можат да ја загрозат средината и човекото здравје. Министертвото за животна средина во својата лабораторија, денеска јавно демострираше тестирање на примерок од масло одземено од стар демонтиран трансформатор на ЕВН, кое покажа дека нема присуство на ПХБ материја. Од сите расходувани трансформатори кои веќе не се во употреба само 4% покажале мало присуство на ПХБ. Остануваат да се проверат уште околу 5.000 трансформатори кои доколку покажат присуство ќе бидат отстранети.

“ЕВН посветува особено внимание на заштитата на животната средина и здравјето на луѓето. Овој проект е од голема важност за нас и одличната соработка со Министерството за животна средина и натаму ќе продолжи согласно законските прописи и обврски“, изјави Георг Валднер, Претседател на УО на ЕВН Македонија.

“Со програмата за ефикасна и еколошка дистрибуција на енергијата, освен ова, заедно со ЕВН заменивме и уништивме нисконапонски кондензатори од енергетската мрежа при што беа уништени 30 тони на ПХБ отпад, изјави Неџет Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање.

Македонија има меѓународна обврска до 2025 година целосно да се ослободи од присуството на опасни материи кои се содржани во масла користени од страна на индустријата. Проектот главно е финансиран од Глобалниот еколошки фонд, а ЕВН во овој проект учествува со 22 % од вкупната финансиска поддршка.

НетПрес - 23.03.2009

на вести имаше констатација од вклучените во проектот дека штетните материи во маслото влијаат негативно на човечкото здравје а особено на детската  популација,  предизвикувајќи преран пубертет кај девојчињата...  

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Feb-2009 at 22:12

еве една постара вест каде есм негира постоење на штетно масло!

НЕМА КОНТРОЛА НА ОТПАДОТ ОД ТРАНСФОРМАТОРИТЕ
Канцерогено масло за греење

Македонија нема евиденција каде се има масла и материјали што содржат ПСБ хемикалии кои важат за високотоксични, а некои од нив се и канцерогени. Надлежните државни органи не можат да го контролираат и нивното нелегално користење. Експертите велат дека луѓето од незнаење старите трансформаторски масла ги користат за греење, а не е исклучена можноста сиромашните семејства да ги користат и при приготвување на храна.
Станува збор за масла, кои порано се користеле при производство на трансформатори и кондензатори, а во себе содржат полихлорирани бифенили, односно ПСБ хемикалии. ПСБ хемикалиите се високотоксични и лесно ја контаминираат животната средина. Се врзуваат за мрсните ткива на живите организми, а се пренесуваат преку почвата, воздухот и водата. Човекот може да ги внесе и преку млечните, месните производи и преку рибата.
ПСБ масла може да содржат диоксини и фурани. Тоа се отрови кои се ослободуваат при согорување на ПСБ маслата и се канцерогени, а предизвикуваат проблеми во репродуктивните органи кај човекот. Диоксионот е истиот отров со кој го труеја украинскиот премиер Александар Јушченко.
Трансформатори и кондензатори што содржат ПСБ се уште ги има кај нас, но во Министерството за животна средина не се знаат точно каде и колку. Канцеларијата за ПОПС при Министерството допрва ќе прави листа на фирми и објекти во чии инсталации би можело да има ПОПС или ПСБ хемикалии.
Раководителот на канцеларијата за ПОПС Марин Кочов вели дека секој индустриски објект што имаат трансформатор претставува потенцијална опасност, бидејќи можно е во маслото да има ПСБ. Тој потврдува дека некои сервиси и работилници користат масла кои може да се загадени со ПСБ.
"Од вкупниот број на околу 10 илјади трансформатори во земјава досега направена е контрола кај 1000. Контролата покажа дека кај 23 се најдени ПСБ хемикалии. Значи никој не може со сигурност да тврди дека во неговата фирма нема трансформатори со опасни масла, доколку тоа не го докаже со лабораториска контрола", вели Кочов.
Тој најави дека денеска до Глобалниот еколошки фонд - ГЕФ ќе достават предлог-проект како да се третираат маслата на еколошки прифатлив начин. Кочов очекува дека од проектот ќе произлезе и упатство како фирмите да се справуваат опасното масло.
"Контролата оди многу тешко и бавно, бидејќи требаат време и пари за да се утврдат состојбите. Се што досега сме направиле е со меѓународни донации и помош, и аплицираме со нови проекти до странските фондови. Компаниите имаат обврска до 2025 година да ги отстранат уредите што содржат ПСБ, но овде проблемот е што нема соодветна законска регулатива за да можеме со казнени одредби да ги задолжиме да го направат тоа", вели Кочов.
Поголем реализиран проект е отстранувањето на кондензаторските батерии во нисконапонската мрежа на ЕСМ со швајцарска помош. Кочов вели дека на ЕСМ му останува обврска само да ја продолжи контролата.
Но од "ЕСМ Дистрибуција" реагираат дека од околу 7.000 трансформатори што се во дистрибутивната мрежа, од кои дел се сопственост и на други фирми и приватни субјекти, нема опасни ПСБ масла. "Сите 100-тина трансформатори, кои сметавме дека се високоризични, ги контролиравме и се потврди дека не се опасни", велат во ЕСМ.
Согласно Стокхолмската конвенција, фирмите и лицата во Македонија најдоцна до 2025 година треба да го отстранат уредите кои содржат ПСБ хемикалии, а до 2028 година и физички да се елиминираат. Од 209 ПСБ хемикалии, околу 50 се уште се во комерцијална употреба, а освен во трансформаторите и кондензаторите, ги има во боите, лаковите, градежните материјали и во материјалите за изолација.

Вест - 24.11.2006

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Feb-2009 at 22:11

For the first time in 2006 China’s carbon dioxide (CO2) emissions surpassed the US emissions—by 8%–making China No. 1 in world CO2 emissions. The study also showed that, “In the 1990-2006 period global fossil-fuel related CO2 emissions increased over 35%.”
I’m sure it comes as no surprise that the emerging mega-nations of China and India present enormous challenges to efforts to slow down and reverse the amount of CO2 being emitted into the atmosphere, a major contributor to global warming. One of the major contributors to China’s CO2 emissions is its building of a new coal-fired power plant each week. EACH WEEK! And each plant emits more CO2 than that saved by all the hybrid vehicles on America’s roads.

...

About 2.5 billion tons of cement are manufactured every year—nearly 50% of it in China, where they are building roads and buildings in a mad frenzy as they charge forward into the world economy. But the manufacturing process of cement produces one pound of CO2 for every pound of cement made. And China has made it perfectly clear that they are not going to slow down their progress for the environment.

...

[1]

www.guardian.co.uk/environment/2007/oct/12/climatechange

www.pbl.nl/en/dossiers/index.html

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Feb-2009 at 23:12

глобалнато затоплување е реална појава која се заканува да го наруши постојниот еко систем на планетава, тоа би значело нова еволуција, како биолошки така и материјално и културно. единствено засега е нејасно кој ќе профитира од ваков развој на настаните!?

еве мала преписка од страната на погорниот текст

Bob, Do you agree that 95% of global warming is caused by moisture? George Miller

_________________

George - I think that the earth is warmed by a collection of greenhouse gasses that keep the sun’s heat from radiating away, thereby keeping the earth habitable. Without these greenhouse gasses earth would be way too cold to permit life. These greenhouse gasses consist of carbon dioxide, methane, ozone, and moisture–what scientists call “water vapor.” A certain amount of global warming is natural and part of the earth’s natural cycle of warm periods followed by ice ages. These cycles are predictable, but what we are seeing now is a rise in the earth’s temperature at a faster rate than can be attributable to natural effects, and therefore is attributed to human causes. As to the 95% figure, I don’t know how much of the excess warming is attributable to specifically moisture. The interesting part of the moisture question is, as the earth heats up, more water evaporates from the oceans into the atmosphere, forming more water vapor, which when cooled forms clouds and eventually rain, which in turn cools the earth. So will this warming eventually cure itself by forming massive cloud covers and cooling the earth down again? I haven’t the foggiest. and neither do the scientists. But the IPCC says that it is a 95% chance that our current global warming rate is caused by the burning of fossil fuels, and if we don;t slow it down or reverse it, the long term effects could be disastrous to much of the earth’s population.
This added on 9/15: See what Wickipedia says about global warming and especially moisture–water vapor–as a greenhouse gas, which they put at 3% to 70%.

незнам дали може да се каже дека ова исфорсираниот ефект на стаклена градина е кулминација на индустриската револуција, но доколку во догледно време не се запре растот на емисиите на co2, повеќе од сигурно е дека  цел планетарен еко систем ќе доживее деволуција!

природните појави не секогаш можат да се предвидат прецизно и навремено, затоа и сите или паничат или се тешат дека има нема односно има уште време пред да се случи некаква посигурна хаварија. затоа и светските економии односно центри на моќ несакајќи да ја жртвуваат премисата "стабилен економски раст" односно изворот на моќ, се тешат со кампањи како онаа во кјото кои редовно замираат уште пред да почнат, со што само проблемот го ставаат под тепих, а сега и со ова економската криза истиот ќе го фрлат подрум.

иако главниот проблем се индустриите и менталитетот на потрошувачко општествоисто, исто важен фактор е и секој човек поединечно, но повторно во недостаток од критична маса никому не ни му паѓа на памет да допринесе бар минимално во рамките на своите можности за намалување на ефектот на стаклена градина, јасно сакале или нејќеле кога ќе згусти ова и со закон ќе се среди но се плашам таквата мерка да не биде закаснета! колку за инфо еден автомобил согорува за еден час доволно количество кислород колку што еден човек троши за целиот свој живот!!! покажете чувство за планетата и користете почесто велосипед или јавен транспорт!!! имајте на ум дека повеќе капки прават извор, повеќе извори река, која во најмала рака ќе ја измие заробената (од рамнодушност) совест!!!  

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 01-Mar-2009 at 01:03

кај нас доста паника се креваше околу усје, највеќе заради неисполнување на стандардите и заради непровереното експериментирање со различни горива и хемикалии, без за тоа подробно да се укаже на предностите од вакви постапки, конкретно кај усје за повременото користење на отпадни автомобилки гуми како гориво за печките, што јасно се додека имаше инспектор кој ќе го контролира процесот на спалување работите се одвиваа добро, но ...

Канцерогени гуми ќе горат во скопската цементарница - 09.02.2004

Во "Усје" гуми ќе се палат, ама не се канцерогени - 10.02.2004

„Усје“ диво увезува отпадоци од гуми - 10.02.2006

Денескаво цементарницата Усје Пробно согорување на отпадни гуми - 05.09.2006

инаку во за штетноста на согорување на отпадни автомобилски гуми, еве неколку линка кои ја доловуваат појасно ситуацијата...


Tyres help cement firm cut emissions - 24.06.2008 

(Не)разбрана екологија - Согорувај или- умри! - 26.02.2004

Цементарницата “Усје” се подготвувала да не затруе со - канцерогени автомобилски гуми!? Во повеќе наврати прочитавме дека цементарците ќе си го наполнеле чекмеџето, а нас ќе ни ја товареле бељата. За волја на вистината (и науката), се нафаќам на неблагодарната задача да изнесам едно поинакво видување на злочинот наречен согорување автомобилски гуми

Цементарницата “Усје” не треба да се обвинува зашто планирала да согорува автомобилски гуми, туку - зашто тоа не го сторила досега! Насловот на написов сигурно дека е престрог (согорувај или - умри!), но е оправдан зашто целта му е да го привлече вниманието врз погрешно интерпретираната екологија.
Ако ја фрлиш гумата во некој дол, река или океан, таа нема да се распадне како што се распаѓаат материјалите што ги создала природата, а не човекот. Да ја претопиш (како што се прави тоа со железото и другите метали) не може бидејќи гумата е термореактивен полимер и - не се топи. Ако ја запалиш - ќе гори, ама чадот е црн и нездрав, така што подобро да не го правиш тоа. Јака им душа на варџиите што со години го заработуваат лебот користејќи ги гумите како гориво во нивните примитивни печки-огништа.
Практиката на развиените земји одамна покажала дека печките за производство на цемент се идеална замена за инсинератотите. Не бараат посебна инвестиција, лесно се приспособуваат за согорување на отпадоци и директно ја користат ослободената топлина за корисна цел. Освен тоа температурата им е доволно висока (1400 до 1600 оС) за да не се создаваат непожелни соединенија, а пепелот се меша со цементот, па дури и му ги подобрува својствата. Затоа и во многу цементарници се користи и до 30% отпад како замена на горивото. Во Прилогот 1 се наведени податоци за отпадните горива чија употреба се препорачува со Директивата на Европската Заедница ИППЦ од 2001 година за најдобри техники во производството на цемент. Се гледа дека автомобилските гуми се на прво место меѓу деветте категории отпад за согорување во цементната индустрија! Во Директивата на Европската заедница 91/689/ЕЕС автомобилските гуми не се вклучени во категоријата опасен отпад. Доказ за тоа е составот на гумата наведен во Прилогот 2.
Користа е очигледна и повеќестрана. Цементарницата ги смалува трошоците за гориво, државата се ослободува од отпадот, и пејсажот од грдите натрапници. Посебно е важно дека колку повеќе гуми се согоруваат, толку повеќе се штеди на потрошувачката на јаглен, мазут или природен гас. Индиректно, цементарниците даваат придонес да се забави исцрпувањето на фосилните горива од земјината кора и тоа во глобални размери.
Можности за справевење со отпадот
Современата практика (поточно: Менаџмент = управување) нуди четири хиерархиски можности за постапка со цврстиот отпад. Тоа е познато како правило 4Р. Четирите збора што на англиски почнуваат на буквата R се Reduce, Reuse, Recycle, Recover, што соодветно значи: (1) создавај помалку отпад, (2) употреби го отпадот повторно како производ, (3) ако не можеш како производ, употреби го отпадот повторно како материјал и конечно, (4) ако не можеш ни како производ, ни како материјал - извлечи му ја барем енергијата. Изгори го - ама контролирано и корисно! За ваквото согорување дури е измислен и посебен збор инсинерирање - согорување до целосно претворање во пепел.
Но, колку и да изгледа едноставно, целосното согорување не е лесна задача. Секој атом од согоруваниот материјал треба да се претвори во оксид. Органските соединенија се јаглеводороди, па при согорувањето јаглеродот и водородот се претвораат во јаглерод - диоксид (ЦО2) и вода (Х2О). Сулфурот и азотот во нив завршуваат како сулфур-диоксид (СО2) и азотни оксиди НОџ). Единствено не испаруваат металите - тие остануваат во пепелот како оксиди. За жал, ова не се одвива 100%. Дури и горивата (бензин, мазут, природен гас) не согоруваат до крај. Така, издувните гасови од согорување на бензинот во автомобилскиот мотор освен очекуваните продукти јаглерод-диоксид и вода, содржат и јаглерод-моноксид, азотни оксиди и јаглеводороди. Тие го загадуваат воздухот и се штетни за здравјето. Многу поштетни соединенија се добиваат кога согоруваат органски материи што не се горива и кога согорувањето се врши во несоодветни услови.
Така, на пример, при согорувањето на ислужено моторно масло во импровизирани “нафтени” печки се создаваат органски соединенија кои ја трујат не само просторијата што се грее, туку и околината. Уште полошо е ако се согорува масло од трансформатори, затоа што притоа се создаваат екстремно токсични соединенија од категориите диоксини и дифурани. Автомобилските гуми не се гориво, па при нивното согорување се развива црн чад со непријатен мирис, што е доказ за нецелосно согорување. Се добиваат поголем број органски соединенија, меѓупродукти на претворањето на сложената молекула на полимерот (на пример полистирен - бутадиен) во ЦО2 и Х2О. Некои од нив, посебно ароматските со повеќе прстени, се канцерогени или поинаку штетни за здравјето.
Прилог 1
Најчесто користен отпад како гориво во Европските цементарници (ИППЦ директива за најдобри достапни техники во цементната индустрија)
Автомобилски гуми , Моторно масло , Талог од канализација
Гума , Дрво , Пластика
Хартија , Талог од хартија , Растворачи

Прилог 2
Типичен состав на гумите за патнички возила

  • - гума (полистирен-бутадиен и полибутадиен) 46 %
    - полнило (јагленива прашина) 31 %
    - масло 18 %
    - сулфур 0,9 %
    - цинк-оксид 1,4 %
    - адитиви (стеаринска киселина, смола,
    - акцелератор, антидеградант) 2,7 %

Тотал - Светомир Хаџи Јорданов - Професор на Технолошко-Металуршки факултет - 26.04.2004

иако ова со горивата донекаде е прифатливо, реално проблемот е во импровизацијата и нецелосното спроведување на превземените обврски како и постојано и целосно почитување на законот!

УСЈЕ КАЗНЕТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ Шест месеци забрана за работа - 28.02.2007

Цементарница реагира на казната и ќе ја оспори одлуката од Основен Суд Скопје 2 со која фабриката се казнува со шестмесечно затворање и парична казна 200.000 денари, а од општина Кисела Вода, пак, сметаат дека изречената казна е премногу блага во споредба со последиците од како што велат, перманентното загадување
Цементарница "Усје" ќе ја оспори одлуката од Основен Суд Скопје 2 со која фабриката се казнува со шестмесечно затворање и парична казна 200.000 денари заради "надминување на нивото на емисиите во траење од неколку минути". Во писмената реакција на менаџерскиот тим на фабриката се вели дека одлуката е без преседан дури и во историјата на Европската унија и Правилникот за максимално дозволените концентрации и количества за штетни материи, што можат да се испуштаат во воздухот од одделни извори на загадување.

-Цементарница Усје секогаш ги почитува законите на земјата и произведува цемент според најстрогите прописи и стандарди за квалитет и заштита на животната средина. Системот за управување со животната средина од 2006 година е сертифициран согласно меѓународниот стандард ИСО 14001:2004 - се вели во реакцијата од скопската Цементарница.

Од општина Кисела Вода, пак, сметаат дека изречената казна е премногу блага во споредба со последиците од загадувањето кое, како што велат перманентно го врши Усје. Но, како прва санкција од тој вид во последниве 15 години ја поздравуваат и сметаат дека нешто почнува да се менува во поглед на заштитата на животната средина. 
-Кои пари можат да го надоместат здравјето на нашите граѓани кои се секојдневно изложени на опасност. Во изминатиов период имавме голем број поплаки од жителите, токму на издувните гасови што се испуштаат низ оџаците на Цементарница. Проблемот е во тоа што тие немаат вградени филтри на оџаците каде би се задржувале отровните материи, - информира Тони Чуповски портпарол во општината. Тој додава дека општината планира да инсталира сопствен мониторинг-систем преку кој ќе се следи нивото на загаденост на воздухот, водата и почвата. 
Прекршочната пријава ја поднело Минстерството за животна средина на 2. јуни, минатата година како резултат од електронските мерења ден претходно во вечерните часови кога концентрацијата на сулфур двооксид во воздухот се зголемила за трипати од дозволените 400 мг/м3 и достигнала до 1538 мг/м3. 
Концентрации на ЦО2 според 24-часовен монитроринг на 01.06.2006 година во Цементарница Усје
21 часот  539,46 мг/м3
21.30 ч.  1071,28 мг/м3
22 часот    959,03 мг/м3
22.30 ч.    1245,07 мг/м3
23 часот    1454,32 мг/м3
23.30 ч.    1538,35 мг/м3
24 часот     1538,35 мг/м3
24.30 ч.           45.56 мг/м3

Максимално дозволената концентрација е 400 мг/м3.

Вест - Елизабета Арсовска - 28.02.2007

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Apr-2009 at 21:00

можеби усје ќе се присобере, но мислам за фабрика во потесните градски граници, би требало добро да се подразмисли дали ќе и се дозволи и понатаму да функционира, освен ако не се прешалтаат на нешто како e-crete! сепак усје ниту е  единствениот ниту е главниот проблем на патот до почист град, реон, држава. тука посебно во скопје во голем процент и сообраќајот е причинител за аеро загадувањето, до 2006 во Македонија вкупно има 444000 возила, од кои 349000 на бензин, 38000 на дизел,  при што просечната старост на истите е 49,7% над 20 години, а само 8,8% стари до 5 години [1] јасно голем дел од оваа бројка отпаѓа на скопје, што самото по себе значи турбо чадење во град каде нема добар провев, капак повеќето фабрики се блиску до или се лоцирани во градот. сепак гледано процентуално од вкупната емисија на аеро загадување во држава најголем дел 71%  отпаѓа на производството на електрична енергија и топлина, додека на транспортот отпаѓаат 11% [2] гледано овој агол битола е позагадена од скопје иако нема голем сообраќај, но во скопје смогот потешко се чисти, ова може да се примети наутре на изгрејсонце кога истото наместо лимон жолто како што е во чистите средини, во скопје е крваво!
еве постар линк од девеесетите [3] колку за споредба на количевството на килограми CO2 кое се испушта за еден саат:  битола е 9.540 , а скопје 3.692 kg/h CO2 

за да се контролираат овие појави мора малку поозбилно да се разработи и НЕАПот, но и локално ЛЕАПите како би се зштитиле со време, и би куртулиле деградација на природата во иднина, особено што ова е прилично возможно земено во костец со најавите за ширум отворените врати за секој инвеститор кој ќе изрази желба за инсталирање печки во нашиот двор.

еве една интересна анализа која ги доловува појасно факторите за загадувањето во ск...

Skopje: The polluted valley

Skopje is situated in a valley surrounded by mountains, which means there are limited winds to remove pollution from the Macedonian capital. Traffic is definitely one of the biggest sources of pollution in the city. Skopje has around 700,000 inhabitants, 140,000 cars and about 2,500 heavy vehicles, a figure that includes 647 buses. 

"We have huge air pollution from traffic, because there are many more vehicles than the streets are designed for," said Alexandar Meshko, project manager in INPUMA - Institute for Urbanism, Traffic and Environment from Skopje. "If this situation continues, we estimate that, in 2020, the traffic in Skopje will collapse - it will simply stop." 

Two years ago, INPUMA made a study of Skopje's traffic for the city government and the Ministry for Urbanism. The study recommends two express magistral roads and one which would connect them; other connecting streets and magistral streets; wider streets; and, wherever possible, overpasses and underground tunnels, to help vehicles move quickly past certain intersections. 

Meshko said there are about 30 locations around Skopje that would benefit from over-passes or tunnels, adding that, if these were in place, "traffic circulation will be three times bigger, traffic jams and slow-downs would be prevented and there would be much less pollution." 

However, experience in some western cities has shown that helping traffic move quickly in the short term, may just encourage more people to drive - and eventually bring about new traffic jams. 

The Ministry of Environment and Physical Planning has limited data on the effects of Skopje's traffic, but the data they do have indicates that traffic contributes more than 50 percent of the air pollution in the city.

Annually, the city is exposed to emissions of:

  • 4,169 tonnes of CO carbon monoxide,
  • 1,943 tonnes of NO nitrogen oxides,
  • 6,345 tonnes of CO2 carbon dioxide and
  • 284 tonnes of dust.

Low-cost diesel is, unfortunately, becoming the main fuel in Skopje. Older, less-efficient diesel engines can be found in all public transport vehicles and many private cars. 

Officials acknowledge that there is insufficient air monitoring in Skopje, but where it is measured, the pollution is shown to be increasing. 

Skopje plans tramlines 

Although the city government has limited responsibilities in the field of environment, the very "green team" of Mayor Risto Penov has tried to improve the situation in Skopje. A 2.5-kilometre-long bike path was recently built along the Vardar River, and there are plans to build an 11.5-kilometre path that goes through the centre and connects the two ends of town. 

A more ambitious plan by the city government is the establishment of tramlines. At the moment, public transit in the city only involves buses, all of which use diesel fuel and most of which are old and in need of replacing. There are currently insufficient funds to build a tramline in Skopje, but this is seen as the best way to relieve traffic in the city centre, where, at one of the busier bus stops on Veljko Vlahovic Street, there is sometimes a circulation of more than 150 buses in one hour. 

"The tram is a big capacity vehicle and environmentally friendly," according to Meshko of INPUMA. "In our study, we propose building an underground corridor under the very centre, which would become a pedestrian area. Because the tram would also pass through that tunnel, it would act as a metro." 

Development of a full-fledged metro is considered impractical in cities with a population of less than 2 million. 

The city government is very supportive of building a pedestrian area in the city centre. The government also supports the establishment of one-way traffic, in a system similar to that in place in Thessaloniki, Greece, to keep traffic moving more briskly. Meshko says that both of these measures are relatively inexpensive, and should be undertaken as soon as possible. 

Other relatively low-cost measures that can be undertaken quickly to improve Skopje's air quality include better timing on traffic lights and planting of trees downtown. 

"Although Skopje does not have enough trees per capita, it has more trees planted along the streets than some big European cities - for example, twice as much as Budapest," Meshko said.

greenhorizon.rec.org/bulletin/Bull103/cashtrap.html


според сите параметри компаративно земено Македонија не е некој опасен загадувач ниту на глобално ниво ниту на регионално ниво, но самото тоа што немаме поцврста регулатива во прилог на стратегија околу НЕАПот сигурно во иднина ќе доведе до зголемување на овие негативни ефекти, кои гледано според ефикасност во борбата со истите стоиме многу ниско www.nationmaster.com/country/mk-macedonia-republic-of/env-environment

2002 - www.gen.teithe.gr/~bena/VOL3NO3_2002/Paper10.pdf

2004 - www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Izvestai%20za%20MEIC%20za%202004.pdf

2005 - www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Годишен%20извештај%20за%202005%20година-воздух.pdf

иако делува дека индивидуално воопшто не сме одговорни за глобалната еколошка криза која се разгорува на сите нивоа, мислам дека бар малку би требало да ни подпроработува совеста ако ништо друго, и да земеме какво такво учевство во зауздување на истата, ова со кампањата за садење на дрва за која мора да кажам дека позитивно одекна и надвор (пример www.reddit.com/r/environment/comments/7echr/wow_in_a_single_day_macedonia_a_country_of_just_2/) мислам дека е добар чекор кој би требало да премине во традиција, но тука се и односот околу непотребното расфрлање енергија и гориво, но и храна, т.е. заради немањето осет околу потребата од константна добивка битен е исклучиво квантитетот, па и по цена на труење на почвата со пестициди, иако за сега бар кај нас со ова и не е баш толку алармантна состојбата...

anniekatec.blogspot.com/2008/01/trees-absorbing-less-co2-as-world-warms.html

незнам дали може човек да биде глуми слепило и покрај очигледниот забрзан колапс на еко-системот на земјата, но доколку не се стори нешто по озбилно со време дури и пред да ни секнат залихите на фосилни горива www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=491&PID=36045#36045, ние во голема мера ќе се гушиме, страдаме за питка вода и здрава храна, и јасно посекако преку најавите за потоп глобално економски ќе издишеме, во таква ситуација јасно нус ефект ќе бидат и конфликтите, војните, болестите...

www.treehugger.com/files/2008/11/giant-smog-cloud-blocking-sun-asia-cities-un.php

http://en.wikinews.org/wiki/Arctic_ice_thickness_decreasing,_suggests_satellite_data_study



Edited by beTon - 21-Apr-2009 at 22:11
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Mar-2010 at 16:47

ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СВЕСТИМЕ ШТО ПРАВИМЕ?
Шокантна фотографија за ефектите од глобалното затоплување

Сите зборуваат за глобалното затоплување, но ретко кој од нас навистина ги сфаќа ефектите за кои што нè предупредуваат научниците.

Една фотографија направена на Свалбард лоциран во Артичкиот океан, говори многу повеќе од сите досегашни напори на научната заедница за будење на еколошката свест.

-На прв поглед во најголемата популација на поларни мечки на светот сè изгледа како порано. Ако судиме по тврдењата мечките се строго зачувани и заштитени. Но, дали е навистина така? Јас сум критички настроена личност, па затоа често набљудувам. Забележувам дека летата се подолги и потопли како никогаш досега. Гледам дека глечерите се распаѓаат и до стотина метри секоја година. Гледам дека мразот исчезнува. Да, сум видел мечки во добра форма, но исто така сум видел мртви и изгладнети мечки, вели фотографот Керстин Лангенбергер чија фотографија од невообичаено слаба поларна мечка го обиколи светот.



Дали конечно ќе се свестиме што правиме?

http://www.idividi.com.mk/futurama/nauka/1021033/index.html


http://www.designntrend.com/articles/9837/20131226/will-earth-be-unlivable-2050-new-study-reveals-global-warming-increasing-alarming-rate-climate-change-cause-intense-droughts.htm


A 2004 Pentagon report warns the US President that an abrupt climate change will take the planet earth on the brink of anarchy and nuclear war for access to basic resources like food and water. "2050" approaches the climate change issue from the perspective of the consequences for our civilization and the short time we have to react. [1]




Edited by Max - 26-Sep-2015 at 20:18
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Jul-2011 at 14:26
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 19-Jul-2011 at 14:28

"КАПИТАЛ" ЕКСКЛУЗИВНО ДОЗНАВА: АЛАРМАНТЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОН

Речиси 80 милиони евра и се неопходни на државата за да ги санира "жешките точки" кога се во прашање индустрискиот отпад и јаловиштата на рудниците. Од Министерството за животна средина и просторно планирање откриваат дека во земјава постојат околу 20 опасни рудници и индустриски отпад кои се закана за здравјето на луѓето и животната средина. Контаминираното земјиште во Охис, рудниците Лојане и 'Ржаново, велешката топилница се само дел од најопасните зони во земјава. Во моментов работат само рудниците Тораница, Саса, Бучим и Злетово, а останатите чекаат санација. Во отсуство на државна интервенција, напуштените рудници се уште се потенцијална "еколошка бомба". Во последната анализа на Обединетите нации пишува дека на просторот на поранешна Југославија има многу напуштени опасни рудници, кои може да предизвикаат катастрофи слични на онаа во Унгарија со излеаниот токсичен отпад од фабриката за алуминиум. "Ги анализиравме сите рудници во Југоисточна Европа од 2006 година наваму. Прегледавме 150 локации и, за жал, поголем дел од нив претставуваат сериозен ризик за животната средина. Констатиравме дека Југоисточна Европа е преполна со напуштени рудници кои не се затворени на соодветен начин. Сопствениците на рудниците мора да ги почитуваат правилата за затворање на рудниците, така што би се избегнале ризиците од загадување на водата, воздухот и земјата. За жал, ништо не е направено и сега постојат стотина напуштени локации, кои воопшто немаат сопственик", изјави Изабел Валентини, портпарол на програмата на Обединетите нации за заштита на околината. Валентини додава и дека со години апелираат до надлежните да се контролираат опасните локации. "За жал, несреќата во Унгарија покажа дека животната средина и здравјето на луѓето е приоритет", вели Валентини, додавајќи дека на Балканот постојат диви локации на кои тешки метали се излеваат во реките. РУДНИКОТ КАЈ ЛОЈАНЕ - ЕДНА ОД НАЈКРИТИЧНИТЕ ЗОНИ Во анализата на Обединетите нации за Македонија, Рудникот во Лојане, Кумановско, претставува активна еколошка бомба, не само за селата и околината, туку и пошироко. Повеќе од еден милион тони арсен, антимон и други опасни материи се расфрлани во депонијата голема колку 15 фудбалски игралишта. Напуштениот а се уште отворен рудник Лојане во Кумановско го зазема првото место кога е во прашање негрижата на државата и токсините кои се ослободуваат од рудникот. "Рудникот во Лојане е извор на висока концентрација на арсен, тешки метали и други токсични соединенија кои ги загадуваат површинските и подземните води. До 1963 година овој рудник работеше со полн капацитет, експлоатирајќи хром, антимон и арсен. Во рудникот беше изграден и објект за флотација на хромот и антимонот. Во шеесеттите години, кога светските цени на овие неметали почнаа драстично да паѓаат, овој рудник, тогаш главен извор за вработување и егзистенција на работниците од селата Лојане, Ваксинце, Руница, Табановце и Четирце, се затвори. Депонијата, која е речиси без никаков надзор од државните институции, сега претставува активна еколошка бомба не само за селата и околината, туку и пошироко. Повеќе од еден милион тони арсен, антимон и други опасни материи се расфрлани во депонијата голема колку 15 фудбалски игралишта. Арсенот спаѓа меѓу најпознатите отрови. Неговото влијание може да предизвика леукемија, срцеви заболувања што доведуваат до инфаркт, рак на кожата, белите дробови, црниот дроб и лимфните жлезди. Отворената јама се наоѓа во близина на училиште и неколку станбени и комерцијални објекти", пишува во анализата на Обединетите нации. Познавачите во земјава проценуваат дека ремедијацијата на овој дел од Куманово чини околу 4,2 милиони евра. Од Министерството за животна средина велат дека со грант од Холандија неодамна почнале да го затрупуваат рудникот во Лојане. "Во 2008-2010 година се реализираше проектот "Одржливо чистење и управување со загадувањето" во рудниците Бучим и Лојане. Проектот беше дел од регионалната програма "Зајакнување на капацитетите на земјите од Западен Балкан за решавање на еколошките проблеми преку ремедијација на приоритетните еколошки жаришта", финансиран од Владата на Кралството Холандија, а спроведен од УНДП во шест земји од регионот. Во делот на Лојане, поради итната потреба од намалување на опасноста врз здравјето на децата, се изврши ремедијација на делот на јаловиштето во близина на училиштето. Во делот на Бучим, пак, се изгради систем за зафаќање и третман на водите од рудничките зони и се рекултивираа 20 хектари на хидројаловиштето", објаснува заменик-министерката за живoтна средина, Соња Лепиткова. Таа додава дека сите активни рудници во земјава во своите оперативни планови даваат мерки за спречување на еколошките ризици. "Министерството има физибилити студии за неколку индустриски жешки точки и во рамките на своите надлежности, но и преку донации, ги прави сите напори за нивно решавање. Ние подготвивме и проект за санација и рекултивација на хидројаловишната депонија во рудникот за олово и цинк во Пробиштип. Можната реализација е во владина постапка. Во рудникот Саса, сопствениците, со финансиска поддршка од Министерството, го санираа опточниот тунел од старото јаловиште. Сега е изградено ново јаловиште, кое ги задоволува сите критериуми и работи без опасност врз здравјето на луѓето или животната средина", додава Лепиткова.
СОЊА ЛЕПИТКОВА ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА "Во моментов работат само рудниците Саса, Бучим, Тораница и Суводол. Министерството има физибилити студии за неколку индустриски жешки точки и во рамките на своите надлежности, но и преку донации, ги прави сите напори за нивно решавање. Подготвивме и проект за санација и рекултивација на хидројаловишната депонија од рудникот за олово и цинк во Пробиштип. Можното негово реализирање е во владина постапка." милиони евра и требаат на државата за да ги санира сите "жешки точки" НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ ДИРЕКТОР НА РУДНИКОТ БУЧИМ "Бучим има хидројаловиште кое пред извесно време се излеа. Ние вложивме околу 1,5 милиони евра за последните две години за да го санираме јаловиштето, но и за да се заштитеме од понатамошно излевање. Постојано се прави заштита на јаловиштата. Сите рудници во земјава имаат добиено барање за примена на А-интегрирана дозвола, која се однесува на сигурно решавање на индустрискиот отпад."МАКСИМ ПРОХОРОВ ДИРЕКТОР НА РУДНИКОТ САСА "Рудникот Саса од 2006 година вложи околу 5,5 милиони евра за да го изгради и заштити јаловиштето, кое лани се излеа. Искрено, јас се исплашив. Но, инспектори од Министерството за животна средина постојано беа на терен и на мое задоволство, анализите покажаа дека квалитетот на водата и во околните извори е добар и дека нема загадување над дозволеното."ИЗАБЕЛ ВАЛЕНТИНИ ПОРТПАРОЛ НА ПРОГРАМАТА НА ОН ЗА ЗАШТИТА НА ОКОЛИНАТА "Ги анализиравме сите рудници во Југоисточна Европа од 2006 година наваму. Прегледавме 150 локации и, за жал, поголем дел од нив претставуваат сериозен ризик за животната средина. Констатиравме дека Југоисточна Европа е преполна со напуштени рудници кои не се затворени на соодветен начин. Сопствениците на рудниците мора да ги почитуваат правилата за затворање на рудниците, така што би се избегнале ризиците од загадување на водата, воздухот и земјата. За жал, ништо не е направено и сега постојат стотина напуштени локации, кои воопшто немаат сопственик."
САМО 6% ОД ОТПАДНИТЕ ВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ТРЕТИРААТ?! Во отсуство на конкретни податоци од државните институции, информациите од анализата на Обединетите нации за опасните локации на просторот на поранешна Југославија покажуваат дека на Балканот најсериозно е загадувањето на водите, поради испуштање на нетретирана, отпадна вода од рудниците, индустријата, како и од сточните фарми. Според ОН, само 6% од отпадните води во Македонија се третираат пред да се испуштат во реките, што го вклучува алармот за сериозна контаминација на водата, земјата и воздухот. Раководствата и на Бучим и на Саса, свесни за опасностите од работењето на рудниците, велат дека секоја година инвестираат илјадници евра за да ги избегнат опасностите од излевање на хидројаловиштата на рудниците. "Бучим има хидројаловиште, кое пред извесно време се излеа. Ние вложивме околу 1,5 милиони евра за последните две години за да го санираме, но и за да се заштитиме од понатамошно излевање. Постојано се прави заштита на јаловиштата. Сите рудници во земјава имаат добиено барање за примена на А-интегрирана дозвола, која се однесува на сигурно решавање на индустрискиот отпад", објаснува директорот на радовишкиот рудник Бучим, Николајчо Николов. Рудникот Саса, пак, од 2006 година досега вложил околу 5,5 милиони евра за да го изгради и заштити јаловиштето. Директорот за инвестиции во Саса, Максим Прохоров, потврдува дека во Македонија сите рудници кои се отворени, а кои не работат, се опасни. "Тоа ви е практично буре со прав, за кое постои опасност да експлодира. Рудникот Саса сега е во добра состојба, кога е во прашање хидројаловиштето. Во самата флотација, кога се подготвува рудата, се користат хемиски реагенси кои се отровни, како што е натриум цијанидот или некои други киселини. Но, реагенсното одделение нема контакт со надворешната околина", објаснува директорот на Саса, Прохоров. Тој вели дека јаловиштето во овој рудник лани се излеало и дека бил многу исплашен. "Но, инспектори од Министерството за животна средина постојано беа на терен и на мое задоволство, анализите покажаа дека квалитетот на водата и во околните извори е добар и дека нема загадување над дозволеното", истакнува Прохоров. Тој додава дека хидројаловиштето на Саса е под 24часовен надзор, како на државните инспектори, така и на вработени во рудникот. Државните инспектори за животна средина во земјава велат дека државата презема обврски да ги чисти опасните зони во земјава. Тие предупредуваат дека доколку со фабриките, отворените и напуштени рудници не се менаџира правилно, може да експлодираат, што за земјава би значело еколошка катастрофа. "Постои интегриран систем за контрола на загадувањето кон кој треба да се придржуваат сопствениците на рудниците. Тие ги почитуваат правилата, но тоа не значи и дека јаловиштата се безопасни. Сметам дека многу е важно тоа што моментално некој стопанисува со рудниците, бидејќи опасноста би била многу поголема ако се затворат и се напуштат", неодамна изјави Филип Иванов, директор на Управата за животна средина. МХК ЗЛЕТОВО ГИ УНИШТИ ВЕЛЕС И ОКОЛИНАТА Несоодветното третирање на отпадот на топилницата за олово и цинк Злетово го платија и се уште го плаќаат велешките граѓани. Неизлечиви болести, здравствени компликации, мутирани новороденчиња, како и смртни случаи беше епилогот од негрижата на инвеститорите, но и на државата. Поради тешките метали кои се ослободуваа од топилницата, земјата во околината на фабриката се уште е загадена. Локалните жители велат дека во топилницата се уште има одредено количество сулфурна киселина, која секој момент може да се излее. Депонијата, пак, ги загадува подземните води, а ветрот го разнесува правот низ Велес. Оловото, како еден од најотровните метали, е штетен за човечкиот организам до степен на смртност. Цинкот е штетен за водите и за почвата. Познавачите проценуваат дека за санирање на штетите се потребни околу шест милиони евра.

СÈ УШТЕ НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ТОКСИЧНИОТ ОТПАД ОД ОХИС

Според некои анализи, дел од земјиштето на хемиската фабрика ОХИС е најзагадената индустриска зона во земјава. Податоците покажуваат дека на дел од имотот на фабриката најверојатно се складирани 30.000 тони опасни хемикалии. Студијата на Министерството за животна средина и на италијанската компанија Даполонија предвидува неколку начини како да се отстрани и исчисти загаденото земјиште на ОХИС. Владата предвидува дека еколошкото решение за ОХИС ќе чини меѓу 20 и 40 милиони евра. Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџат Јакупи, неодамна изјави дека за да се обезбедат овие пари, Владата ќе преговара со неколку финансиски институции. "Почвата е загадена со жива, а зградите се контаминирани од опасни хемикалии. Во завршница се истражувањата што се прават веќе осум години", изјави Светомир Хаџи Јорданов, професор на Технолошко-металуршкиот факултет. Според Владата, пак, за чистење на отровниот отпад во ОХИС поевтина опција е да се согори отпадот во кругот на фабриката, а поскапата е отпадот да се изнесе од фабриката и соодветно да се складира. Министерот Јакупи признава дека почвата, воздухот и водите околу фабриката веќе 30 години се контаминирани со 30.000 тони линдан токсична супстанција забранета во повеќе од 50 држави. Линдан, жива и друго неправилно се складирани во кругот на фабриката, која е опкружена со население од три страни, а со земјоделски површини од четвртата. Изложеноста на големи количества линдан, една од материите складирани во ОХИС, го нарушува нервниот систем, а може да биде и канцерогена. Живата предизвикува нарушувања на нервниот систем, на дишните органи и на бубрезите.  

http://issuu.com/KapitalMediaGroup/docs/153-kapital--28-10-2010

  




 

Edited by Max - 26-Sep-2015 at 19:07
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Aug-2011 at 12:15

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ МЕЃУ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОЛОГИЈА И КОМПАНИЈАТА ДАПОЛОНИЈАЌе се испитува колку загадувал ОХИС - 08.10.2009Проектот ќе претставува надградба на досега спроведените активности во насока на проценка на загадувањето на оваа локација околу фабриката и очекуваме дека ќе се изнајде најповолно технолошко решение за санацијаМинистерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи и менаџментот на компанијата Даполонија, вчера потпишаа договор за услуги за подготвување на детална студија за загаденоста со линдан и со други органски загадувачи на локацијата на Охис во Скопје, вреден 250 илјади евра. Овој проект е во рамките на билатералната соработка со Италијанското министерство за животна средина и македонското ресорно министерство.- Проектот ќе претставува надградба на досега спроведените активности во насока на проценка на загадувањето на оваа локација околу фабриката Охис и очекуваме дека финално проектот ќе резултира со избор и трансфер на најповолно технолошко решение за санација - рече министерот Неџати Јакупи.Тој напомена дека со активностите од овој вид, Министерството за екологија ја потврдува заложбата за намалување на ризиците од загадување на животната средина, што претставува и наша законска обврска, но и меѓународна обврска согласно со Стокхолмската конвенција за неразградливи органски загадувачи на која сме потписници од 2004 година.Марко Кремонин, претставник од компанија Даполонија, која се занимава со изработка на еколошки проекти, изјави дека со овој договор има можност да ги докаже неговите искуства и искуствата на компанијата во решавањето на еколошките проблеми. - Компанијата Даполонија претставува претпријатие за инженеринг, која работи во Италија, но е присутна и на меѓународната сцена. Нашето искуство го стекнавме работејќи во Италија и во странство, поконкретно на идентификација на загадените индустриски локации како и изнаоѓање на најдобри решенија за решавање на нивните проблеми. - Уверени сме дека ќе можеме да ги одмериме нашите сили со локацијата на ОХИС и со загаденоста што таму е присутна преку нашето долгогодишно искуство да изнајдеме најдобро можни остварливи решенија - изјави Кремони. Тој вели дека ќе се вложат максимално за да ја оправдаат довербата што им е пружена во рамките на италијанско-македонската соработка и да ги исполнат целите што им ги поставил министерот и Министерството за животна средина. Александра Ивановскаhttp://www.vecer.com.mk/?ItemID=4A4AF2A16EA7DA4CB172AE5C5A952605

Италијанска студија ќе бара решение за стариот и подзаборавен загадувач

Скапо е "ОХИС" да се потрупа, уште поскапо е да се исчисти - 31.10.2009

Италијанската компанија „Даполонија" ќе прави нова студија за загадувањето од фабриката ОХИС, која треба да даде конкретно и конечно решение за овој проблем. Договорот за оваа активност го потпишаа Неџати Јакупи, министерот за животна средина и Марко Кремнини, претставникот на компанијата. За нив ќе бидат потребни 250 илјади евра, кои ги обезбеди италијанското Министерство за животна средина, територија и море. Јакупи истакна дека овој проблем бил истражуван и досега, но со новата активност ќе се бара конечно решение.- Направени се четири студии. Последната, која ја изработија експерти од Чешка, даде неколку можни решенија. Затоа новата ќе се прави врз оваа основа, односно едно од тие решенија детално ќе се разработи.Со овие активности ја потврдуваме нашата заложба за намалување на ризиците по животната средина. Тоа е и наша законска, но и меѓународна обврска - рече Јакупи.Но досегашните истражувања покажале дека ќе бидат потребни огромни пари за да се реши проблемот со загадувањето од фабриката ОХИС, кое траеше половина век, а едно од можните решенија е нејзините депонии со отпадни загадувачки материјали да се потрупаат и врз нив да се направат спортски терени. Откако ќе се изработи конкретната студија, македонското Министерство ќе може да аплицира пред европските и пред други меѓународни фондови за финансиска поддршка за да се спроведе проектот. Но извесно е дека ќе биде тешко да се реши овој проблем, со огледна тоа дека за привременото решение, кое би траело 40-50 години, би биле потребни околу 100 милиони евра. Фабриката ОХИС речиси 50 години произведуваше пестициди, кои се останати во отпадот што е складиран во нејзините две јами. Чешката фирма „Енакон" направи четири студии како предлози, како да се уништат депониите,   односно   како алтернативи за решавање на проблемот со заостанатиот отпад и со загадената почва, а италијанската треба да се надоврзе на неа. Едно од решенијата е привремено, а другите три се трајни. Привременото решение би чинело 100 милиони евра, а е најевтината варијанта. Со него треба двете депонии да се покријат со нова почва. Врз нив нема да смеат да се градат објекти, но би можеле да се направат спортски игралишта или терени за голф.Со другите три предлози може трајно да се ослободиме од заостанатиот отпад на ОХИС, но тие би се спровеле многу потешко. Има предлог целосно да се исцрпат јамите на фабриката и тој отпад да се однесе и да се складира на соодветно место, но во Македонија нема слецијална депонија за таков материјал и би требало прво таа да се направи, па да се спроведе ова решение. Другите две решенија од чешката студија се отпадот селективно да се отстранува и да се разложува. Засега не се знае која од четирите студии ќе ја разработат Италијанците, тоа ќе треба дополнително да се утврди. Во 2006 година шпанската фирма „Ептиса", финансир-ана од Европската агенција за реконструкција, направи-ла студија за сите „жешки точки" во земјава, а фаб-риката ОХИС влегла меѓу првите десет. Тие резултати го привлекле вниманието на чешката влада, која ја ангажирала фирмата „Енакон" да направи студии за фабриката. Истражувањата траеле две години, а биле земени околу 160 примероци за анализа, и тоа 50 од почвата, 35 од подземните води, 11 од воздухот и 75 од градежните материјали. ОХИС не работи со полн капацитет уште од 2000 година. Фабриката се уште е во државна сопственост и досега беа распишани четири тендери за нејзината продажба и сите пропаднаа. Првите три беа неуспешни поради големите долгови од 47,5 милиони евра, од кои 25 милиони за неплатени придонеси за вработените. Од поранешните 1.400 вработени, сега се останати 500. Се најавува и нов тендер за продажба, на кој предност би имале фирмите што планираат да инвестираат во модернизацијата и што би го задржале бројот на вработените.

Порта 3 - бр.117http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10139933395&id=14&setIzdanie=21810



СЕ УШТЕ БЕЗ РЕШЕНИЕ ЗА ДЕПОНИЈАТА СО ЛИНДАН ВО ОХИС

Високи дрвја, грмушки и обрасната трева. Длабоко под нив базен од околу 5.000 квадратни метри полн со 30.000 тони токсичен отпад - линдан. Ова е „пејзажот“ што н` пречека по само неколку метри од влегувањето во хемиската фабрика ОХИС. Таму сега ни куче не џавка. Навидум запуштен простор во кој времето застанало пред 30-ина години кога овој „безопасен“ пестицид длабоко се трупал во големиот базен во ОХИС. Мртвилото и тишината во целата околина во централното градско подрачје на овој некогаш успешен гигант никако да го умртви и отровот, кој може да биде фатален за скопјани. Молк ги обвиткал и вработените кои н` пречекаа. Без дозвола се плашеа дури и да н` прашаат дали можеме да дишеме. И да не знаете дека отпадот е отровен, неподносливата реа што не ви дава слободно да дишете е доволен доказ дека во воздухот има нешто што е недозволено. Наоколу, пак, на секој чекор никнуваат фабрики, голем дел од прехранбениот сектор. Има и магацини за складирање. Хемичарите велат дека поради концентрацијата на линданот загаденоста во Скопје е секогаш на границата на дозволеното. Еколозите со години апелираат оваа депонија под итно да се отстрани. Надлежните, пак, никако да најдат пари да ја преселат и да ја уништат. Факт е дека со години постојат докази дека отровниот базен преку подземните води и ветрот ги труе скопјани. А чаре како овој отпад да се исели од земјава с` уште се бара.Дваесет години молк Целата работа започнува 70-тите години од минатиот век кога Европа носи забрана за производство на сите пестициди што во својот состав содржат активна материја линдан. Во ОХИС, кој во тоа време има огромни резерви линдан, се донесува експресна одлука тој да заврши во кругот на фабриката во базен што е висок одвај еден метар. По извесно време, поради неподносливата реа што се шири од депонијата во која се истура 10.000 тони линдан, се носи нова одлука да се донесат 20.000 тони земја со која се покрива депонијата. Наместо решение за проблемот, одеднаш се појавуваат 30.000 тони контаминиран отпад за кој нема решение. Повеќе од 20 години се молчело за проблемот. По пропаѓањето на ОХИС се актуализира проблемот. Тогаш почнува да се бара и решение, кое по првобитните процени ќе чини од 10 до 50 милиони евра. Станува збор за многу токсична материја линдан, која до 1978 година се вградувала во производство на пестициди. До сега се направени две физибилити студии од страна на чешка и италијански фирми. Од Министерството за екологија е побарана помош од Глобалниот еколошки фонд - ГЕФ за справување со отпадот. Оттаму добиле одговор дека тие се подготвени да помогнат, но државата треба да инвестира половина од парите. Решение има, пари немаНадлежните потврдуваат дека депонијата со линдан во ОХИС е проблем за кој 30-ина години не можат да најдат чаре. Генералниот директор на ОХИС, Пеце Јовески, потврдува дека проблемот е голем, ама наследен. - Јас го наследив случајот. Ние сами не можеме да направиме деконтаминација на депонијата. Во процедура е постапката со која државата го одзема земјиштето од ОХИС во кое се наоѓа депонијата - вели Јовановски. Тој објаснува дека во околината на депонијата нема погони што работат. - Тој дел е многу пасивен, погоните не работат. Од другата страна на „Првомајска“ е индустриски дел. Нема куќи во близина. Но миризбата се чувствува, посебно кога е премногу топло - вели Јовески. Од Министерството за животна средина и просторно планирање потврдуваат дека има две студии што ја потврдуваат опасноста од оваа депонија. Загадени и водите и воздухот- Секое врнење дожд исплакнува извесно количество линдан, кој потоа завршува во подземните води, кои се контаминираат. Ако има ветер, се разнесува и дел од прашината во која исто така има токсични материи. Целото количество во базенот мора да се деконтаминира. Акутна опасност по граѓаните нема. Но хронично, ако се работи таму, мора да има заштитна опрема - вели Марин Кочов од Министерството за екологија.Експерт за управување со отпад кој инсистираше да остане анонимен, за „Дневник“ изјави дека депонијата претставува голем еколошки проблем, бидејќи не постои изолација на бункерите, туку е обичен бетон што има своја пропустливост и во ситуација кога атмосферската вода ќе навлезе во телото на депонијата се создава исцедок кој потоа комуницира со подземните води. - Со сигурност може да се каже дека под бункерите има присуство на подземни води поради самата близина на реката Вардар, кои понатаму можат да го распространат отровот на големо подрачје, во зависност од геологијата на теренот.Во рамките на истражувањата за оваа „жешка точка“ за ОХИС, биле предложени неколку можни решенија, од кои за најадекватно се смета дислоцирањето и уништувањето на опасните отрови во странство. Засега состојбата е статус кво, бидејќи државата и ОХИС немаат средства за санација на проблемот, па единствена шанса експертите гледаат во помошта од меѓународните организации. Експертите од Министерството за екологија сметаат дека сумата што ќе треба да се издвои за пренос и уништувањето на опасните отрови преминува 30 милиони долари.  


Линдан и во ВардарСпоред информациите од Министерството за животна средина, во специјално направените базени на ОХИС се наоѓаат меѓу 15 и 30 илјади тони цврст НСН-отпад (линдан), кој бил произведен со фотосинтеза на мешавина од бензен и хлор. Поради сознанијата дека огромното количество опасен отпад повеќе од 30 години бил несоодветно отстрануван, биле извршени теренски и лабораториски испитувања. Тие испитувања покажале дека исцедоци на линдан и производите на неговото разлагање доаѓаат од бетонскиот базен, така што долните слоеви почва и водотеци се загадени со перзистентни органски загадувачи, па според тоа и реката Вардар исто така е загадена. Според експертите од Министерството, исцедокот ќе се јавува с` додека линданот комплетно не се отстрани од оштетениот бетонски базен.  Студија за санација на депонијатаМинистерството за животна средина уште лани најави дека ќе ја санира депонијата со линдан, која се наоѓа во кругот на фабриката ОХИС. Со студијата изработена од италијанската компанија „Даполонија“ во соработка со Министерството се предвидува ремедијација и санација на старата депонија со линдан, органско соединение што се користи како инсектицид, а во некои случаи и при третман на некои инфекции.На презентацијата на студијата министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, истакна дека за тридеценискиот проблем со линданот биле изработени неколку студии, но без заокружен проект со кој ќе се предложат можни начини за негово решавање.Проектот е дел од националната акција за ремедијација на жешки точки и имплементација на Националниот имплементациски план за редукција и елиминација на презаситените органски загадувачи.Никој не го сака отровното земјиште од ОхисФабриката Охис во Скопје државата ќе ја нуди на продажба, но без земјиштето кое е загадено со тешки хемикалии. Старата депонија со линдан која се наоѓа во кругот на фабриката ќе биде изземена од продажбата на загубарот, за да не му се наметнува на идниот купувач непотребна обврска да го ревитализира. Според владини извори, на загадениот простор нема никакви објекти кои би можеле да му бидат од корист на купувачот и затоа тоа и понатаму ќе остане во сопственост на државата која ќе треба етапно да го исчисти од отровното органско соединение кое се користи како пестицид. Според процени на Министерството за животна средина, ревитализацијата на загадената почва ќе чини неколку десетици милиони евра. Владата не може сама да ги обезбеди тие пари и се труди дел од нив да добие преку меѓународни организации.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=187874E56A070040814ECD11D241DEE7




Edited by Max - 26-Sep-2015 at 19:08
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Aug-2011 at 22:39
ОБЛАЦИ ЦРНА ПРАШИНА И СМРДЕА НАД ЖЕЛЕЗАРА Погоните на "Макстил" ги гушат Железарци - 04.08.2005Железарци се жалат на проблеми со дишењето и бараат "Макстил" да преземе конкретни мерки за намалување на загадувањето Жителите од населбата Железара се гушат во непријатна миризба која се шири од погонотот челичана на компанијата "Макстил" АД Скопје. Железарци велат дека многу често над нивните куќи се појавуваат облаци од црна или црвена прашина, кои им предизвикуваат проблеми со дишењето. За да се најде решение за ублажување на овој проблем Здружението на граѓани од Железара имало средба со претставници од "Макстил". Од Здружението побарале да се преземат мерки загадувањето да се сведе во рамките на европските стандарди. "На претставниците на 'Макстил', ние им ги пренесовме поплаките на граѓаните од населбата Железара, за напријатната миризба и честата појава на црни облаци прашина кои доаѓаат од погоните на "Макстил". Тие ни рекоа дека ваквите поплаки од граѓаните не се изненадувачки за нив и дека постои реално загадување на средината предизвикано токму од нивната компанија", информираа од Здружението на граѓани од населбата Железара. На средбата директорите на "Макстил", ги уверувале Железарци дека нивната компанија прави сериозни напори за подобрување на состојбата со загадувањето. Им било речено дека компанијата инвестирала во погон за селекција, сортирање и подготовка на старотото железо со кој загадувањето било намалено за 20 - 30 отсто. Претставниците на "Макстил" потенцирале дека тие не се единствените загадувачи во населбата туку дека има и други кои не се под нивна контрола, а работат во кругот на "Железара". "Ние и после овој разговор будно ќе ја следиме работата и однесувањето на компанијата во еколошката сфера. И нема да толерираме доколку во скоро време не бидат задоволени во потполност европските стандарди", најавија од Здружението на граѓани. http://star.vest.com.mk/default.asp?id=101558&idg=6&idb=1531&rubrika=Skopje

ТРИБИНА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАРак на кожа предизвикуваат облаците кои не ги гледаме! - 12.08.2011Како резултат на бројните поплаки од населението поврзани со загадувањето на животната средина од страна на индустриските капацитети во Општина Гази Баба, општината деновиве одржа трибина на тема "Загадувањето на животната средина од страна на Макстил". На трибината на која свое излагање имаа претставници од Општината, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и генералниот директор на Макстил кој со претставниците одржаа презентација на менаџментот и секторот за животна средина на компанијата се говореше за решенијата на постојаниот проблем со загадувањето. - Трибината наиде на голем интерес кај граѓаните кои се посебно загрижени за глетката од големи црвени облаци која често се забележува од комплексот на фирми лоцирани на територијата на поранешна Железарница. Тие имаа можност да се информираат и поставуваат прашања во врска со мерките кои ги презема Макстил за заштита на животната средина. Беше презентиран оперативниот план за заштита на животната средина кој се имплементира од страна на "Макстил" со кој се наведува дека активности веќе се започнати, а се верува дека најдоцна до 2014 година ќе биде решен проблемот со загадувањето на животната средина, велат од секторот за заштита на животна средина и природа на општината Гази Баба, притоа додавајќи дека до 2014 година компанијата "Макстил" треба да ја постави кровната хауба која целосно ќе го спречи испуштањето на отрови во воздухот. Но, проблемот со загадувањето не лежи само во гореспоменатата компанија. Жителите на општината Гази Баба, кои освен на зголемената бучава се жалат и од присуството на црвен чад и непријатна миризба во воздухот не ги обвинуваат само фирмите кои произлегоа од некогашната Железарница, туку велат дека најчести предизвикувачи на загадувањето се малите фирми и погони што никнуваат преку ноќ, а никој не ги контролира со што се занимаваат.-Проблемот не лежи само во црвените облаци кои се подигаат секојдневно над територијата на општината. Воглавно, тие се состојки од прашина и јаглерод. Проблемот лежи во оние облаци кои не се видливи за човековото око, а кои се причинители за појавата на рак на кожа. Ние како општина се обидуваме да ги контролираме малите загадувачи, не и големите инсталации.Всушност, ние сме само еден линк меѓу граѓаните и Министерството за животна средина кое пак ги издава дозволите на големите компании, а воедно и ги инспекторира, додаваат од Секторот за заштита на животна средина и природа, притоа истакнувајќи дека големите компании кои се наоѓаат на оваа територија, а кои работат со преработка на метали имаат филтри, но испуштањето на штетни материи во воздухот не може да се контролира кога се отвораат и полнат печките во фабриките. - Ваквите трибини на кои се соочуваме со фирмите, се од големо значење за добивање на точни информации, а воедно и се прави ланец на неопходна меѓусебна поврзаност на општината, правните лица и локалното население, ни рекоа жителите на општината. Само центарот со дисплеј за мерење на амбиентниот воздухИако со поставувањето на првиот дисплеј за мерење на амбиентен воздух во градот кој е лоциран на улицата "Македонија", беше ветено дека мерни инструменти ќе бидат поставени и во другите општини, сепак тоа не се случи. Автоматскиот портабл кој врши мерење на загадувачките материи во воздухот: јаглеродмоноксид, сулфурдиоксид, азотни оксиди и партикуларни честички помали од 10 микрометри, како и на метеоролошките параметри, температура на воздухот, брзина и правец на ветерот и влажноста на воздухот претставува инструмент со кој би се имало целосна слика за амбиенталниот воздух и за тоа кои мерки ќе треба да се преземат за да се подобри истиот. Од општината Гази Баба велат дека тој е потребен, бидејќи го покажува загадувањето во секој период од денот. http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=C20FE7E7C8A8E4408E6DAF853BD8D0D6

ЗАГАДУВАЊЕТО ОД „МАКСТИЛ“ ТРЕБА ДА СЕ РЕШИ ЗА ТРИ ГОДИНИ - 24.08.2011

Големи облаци прашина речиси секојдневно се испуштаат од фабриката „Макстил“ сместена во кругот на поранешната скопска Железарница, се жалат жителите од околните населби. Тие ни испратија неколку фотографии на кои јасно се гледа чадот кој излегува од капацитетот за производство на лимови. Велат дека овој проблем трае со години, а прашината најчесто се испушта доцна навечер или во раните утрински часови.- Има загадување. Секој ден снимаме со мобилни ама џабе. Нема каде да се пожалиме. Повозрасните граѓани чувствуваат и последици по здравјето, вели жителка на населбата Железара.Од „Макстил“ објаснуваат дека се работи за облак кој со себе го носи старото железо, но не е опасен по здравјето на луѓето, ниту за животната средина. Во околината на фабриката има неколку мерни станици, кои ги контролира Министерството за животна средина и до сега не е регистрирано загадување на воздухот над дозволените граници, вели генералниот директор на компанијата, Александар Панов.- Во дел од производствениот процес се јавува концентрација на прашина која визуелно не е пријатна, но од аспект на токсичноста не може да направи проблем по здравјето на луѓето. Ние тоа ниту го криеме, ниту можеме, ниту пак сакаме да го скриеме. Според Панов, тие на локалните жители им ветиле дека ќе го решат проблемот, но за тоа ќе мора да се стрпат до 2014 година. Компанијата веќе работи на поставување филтри кои ќе ја апсорбираат таа прашина. Сепак се работи за комплициран проект во вредност од 25 милиони евра, за чија реализација се потребни три години, истакна Панов.- Тој проект веќе е влезен во оперативните планови и во проекциите на „Макстил“ како трет инвестициски циклус, како нешто на кое се работи, но тоа не може да се направи за еден или за два месеца. Тоа е процес.Од општината Гази Баба, на чија територија се наоѓа фабриката, не информираа дека до нив стигнуваат голем број поплаки од граѓани кои се жалат на загадувањето од „Макстил“. Сепак велат дека не можат да преземат ништо конкретно, бидејќи ингеренциите за издавање еколошка дозвола и контрола на загадувањето ги има Министерството за животна средина и просторно планирање.- Ние сме во постојан контакт со компанијата со цел да се обидеме што е можно побрзо да се надмине овој проблем со загадувањето, но го немаме правниот механизам. Немаме мерка која во одредени случаи можеби би била најефективна, како на пример казна, давање одреден рок или слично, објаснува Александра Димитриевска Аврамовска, овластен инспектор за животна средина во општина Гази Баба.Единствен овластен кој може да утврди дали облакот прашина е штетен за здравјето на луѓето и за животната средина во околината на фабриката е Државниот инспекторат за животна средина.http://daily.mk/cluster3/c90f09f8f33984cf0bd034102c4caedd/877100

Steel mill pollution linked to mutations...After profiling the DNA of the pups, researchers found that the offspring of mice exposed to the steel mill air pollution had up to twice the number of abnormal DNA sequences as the pups from the rural couples...the mutations may be caused by polycyclic aromatic hydrocarbons, or PAHs, known to be present in some stack gases coming from steel mills http://www.ohiocitizen.org/campaigns/aks/study_mice.htm
PAH is group of over 100 different organic compounds composed of several benzene rings. Some of them are persistent and carcinogenic. PAHs are commonly formed during the incomplete burning of coal, oil and gas, garbage, or other organic substances like tobacco or charbroiled meat. http://www.greenfacts.org/glossary/pqrs/polycyclic-aromatic-hydrocarbons-PAHs.htm



Инспекторатот го штити загадувачот - 27.09.2007Како граѓани на населбата Железарница, за која сме убедени дека има највисока аерозагаденост во земјава, револтирани сме од однесувањето на надлежните фактори кон ова прашање.Најпрвин, во населбата наиде на жолчни реакции изјавата на првиот функционер во Инспекторатот, д-р Орхидеја Нечева - Петрова, која за снимките со камера, на која е уредно регистриран денот и часот на исфрлањето неконтролирани загадувачки материи од погоните на „Макстил“, изјави дека се работи за палење на трева од страна на несовесни граѓани. Демек, ем што мамат, туку можат и да предизвикаат пожар.За начинот на кој се исфрлаат гасовите од „Макстил“ може да се говори и да се документираат слики со часови, но разочарувачки е што токму оние кои треба да ги штитат граѓаните, ги штитат загадувачите. Посебно сме зачудени зошто еден функционер, кој потекнува од град со крајно неповолно искуство со загадувањето во минатото (Велес), има таков ноншалантен однос кон својата одговорност, за што зема плата од буџетот што кого полниме сите ние.Посебно паѓа в очи фактот дека Инспекторатот за животна средина, според медиумските извештаи, на „Макстил“ му дава време до 2017 година, заедно со неколку други крупни загадувачи, да ја приспособи сопствената технологија на високите еколошки стандарди! Што да прават граѓаните во наредната деценија? Во какви услови да растат нашите деца? Зошто приватниот капитал треба да биде позаштитен од здравјето на нацијата, која е белки приоритетна категорија во заштитата за секоја влада?Не криеме дека барем во нашата населба ниту една политичка групација не ќе може да смета на приврзаници на изборите ако не ги решава, пред се', еколошките прашања, кои, добиваат се' поголемо значење поради растењето на свеста на гласачот.http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BCF6669B89F7AC41A3ED0AED862610BF


Edited by Max - 26-Sep-2015 at 19:10
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Aug-2011 at 23:21

Имено, со Законот за заштита на животната средина од 2005 година, компаниите станаа свесни за влијанието што нивните дејности го имаат врз животната средина и со законот тие беа присилени веднаш да почнат да се однесуваат поинаку – да откриваат информации за емисиите, отпадот и загадувањето што порано се чуваа како доверливи. Со прописите за воведување на интегрирани еколошки дозволи компаниите всушност беа присилени да започнат со спроведување на сеопфатен пристап кон спречувањето и контролата на загадувањето.
http://www.acceleratingcsr.eu/uploads/docs/CSR_Baseline_Macedonia-MKD.pdf

(Генерален Урбанистички План 2002)  6. ЖИВОТНА СРЕДИНА

36.
 - Во зоните за индустрија каде се изградени живеалишта со градини, во заштитните зони (дефинирани со Правилникот за класификација на објектите што со испуштање на штетни материи можат да го загадат воздухот во населените места на индустриските зони) во прв ред Југоисточната и Источната, како и Западната индустриска зона, густината на домување не смее да се зголемува; до сега изградените живеалиста со градини во зоната на санитарната заштита на индустриските објекти-Алумина и Треска се задржуваат; постојната густина на домување не смее да се надминува се додека не се изврши дислокација на објектите и/или погоните кои претставуваат извори на загадување.  
37.
- На новопредвидената индустриска зона “Лепенец”, која е лоцирана со својот јужен дел во втората заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец, определена во состав на изготвената за таа цел Експертиза, не смее да бидат реализирани објекти од следните индустриски гранки: хемиска индустрија I-V класа, металургија, машиноградба и обработка на метали I-V класа, експлоатација и оплеменување на минерални суровини I-IV класа, обработка на дрво од I-III класа, текстилна индустрија И-ИВ класа, производи од животинско потекло од I-IV класа, производство и обработка на храна и зачини од I-IV класа, со исклучок на помали мелници, пржење на кафе, сушење на зеленчук и овошје, ферментација на тутун и производство на цигари, чадење на риба, слаткарници и производство на слатки, производство на макарони и индустриско производство на леб и ладилници со капацитет од 600тони. Реализацијата на новопредвидената индустриска зона не смее да отпочне пред да биде целосно изведена канализационата мрежа, за да се 
избегне насочувањето на отпадните води од индустриските објекти кон реката Лепенец.  
38.
- Реконструкцијата на мрежата во Источната индустриска зона (како дел од вкупните урбано-санациони мерки) е интервентна, за да можат да се пренасочат отпадните води од Кожарата, кланицата, ФАС 11-ти Октомври, Пиварата, Македонски фолклор кон неа, наместо сегашната состојба, при што овие индустриски објекти испуштаат отпадни води директно во реката Вардар, со квалитет на ефлуентот што не ги задоволува постојните законски прописи за директно испуштање во реципиент. 
- Неопходно е да се изведат урбано-санациони мерки, пред се за реализација на канализационата мрежа во сервисните зони: Момин поток, Ѓорче Петров, Усје;  
39.
- Во Југоисточната индустриска зона приоритет претставува санирањето на квалитетот на водата од Усјанскиот канал, што во голема мерка ќе се постигне со подобрувањето на решението за пречистување на отпадните води од ОХИС. 
Потребно е да се реализира Еколошко-технолошка Студија, која ќе предложи соодветно техничко решение. 
40.
- Индустриските објекти Алумина и Треска се пречка да се оформи соодветно урбаното ткиво во зоните на санитарната заштита околу нив, така што е задолжителна дислокација на овие објекти, или на технолошките линии што се несоодветни од аспект на животната средина. Изборот на решението треба да се предложи преку Еколошко-технолошка студија, што треба задолжително да се изработи.  
41.
- При реализацијата на мерките за заштита во објектите на Топлификацијата, предвидени со Програма изработена од стручни служби на истата, потребно е да се вклучи Градот, заради димензијата на проблемот со загадувањето на воздухот од овој објект.   

http://app.gov.mk/uploads/uplan03_detail.pdf


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 29-Aug-2011 at 15:50

Отпадни води: вистинско време за подобро управување - http://www.analyticamk.org/files/Summary22Mak.pdf

Индустријата не е најголемиот потрошувач на вода (околу 14% од вкупната потрошувачка на вода). Сепак, индустријата е најголемиот извор на загадување на водата. Само половина од количеството испуштена отпадна вода од индустријата се пречистува пред испуштањето, обично вклучувајќи само примарно пречистување (неутрализација, таложење и прочистување). 
http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Vtor%20NEAP%202006.pdf

Голем дел од индустриските капацитети ги испуштаат отпадните води директно во реките Вардар и Лепенец, во Усјанскиот канал и во Серава. Според извештајот на Локалниот еколошки акциски план (ЛЕАП), "Железарница" и "Охис" ги испуштаат водите во Вардар без соодветен третман.

Уникатно кај нас е што за одведувањето на отпадната индустриска вода се користи градскиот систем за комунална вода. Уникатно и неверојатно е и тоа што скопските индустриски капацитети користат околу 20 отсто од водата за пиење со врвен квалитет како техничка вода! http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2493&stID=35686

Челикот Се Кали Со Гратис Вода - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=82&PID=105413#105413

Во градот Скопје голем дел од индустриските капацитети отпадните води ги испуштаат директно во реципиентите: реките Вардр и Лепенец, во Усјанскиот канал и во каналот Серава.

Согласно на "ОУП на град Скопје" индустриските објекти "Мак стил" (поранешна "Железарница") и "ОХИС" не се приклучуваат на градскиот фекален канализационен систем. Отпадните води по соодветен третман ги испуштаат во р. Вардар.

Состојбата во општините кои припаѓаат на Скопскиот регион во однос на индустриските отпадни води е исто така лоша бидејки се испуштаат во септички јами или во најблиските реципиенти без пречистување.

Фабриката "ОКТА" и аеродромот Александар Велики ги пречистуваат отпадните води во локални пречистителни станици пред да ги испуштат во реципиентите - реката Вардар и т.н. Арачиновски канал.

Во границите на планските опфати на ТИРЗ Скопје 1 и Скопје 2 предвидено е изградба на локални пречистителни станици.

http://app.gov.mk/uploads/pplan07_detail.pdf


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Sep-2011 at 16:10

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1450&PID=112102#112102

2008-2009

2010


Крстиќ смета дека во Македонија треба да се направи ревизија на општествениот капитал. „Не може една ’Топилница’ да биде продадена за 2 милиони евра, една „Порцеланка‘‘ која имаше преку 2 и пол илјади вработени за 836 илјади евра, тоа е бесмислица во трансформацијата. http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6420467,00.html

2011


 

http://ww.alfa.mk/default.aspx?egId=6&eventId=40437&mId=36





Edited by Max - 10-Jan-2012 at 23:19
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Sep-2011 at 21:44

23.08.2011 - Маслодајната репка ќе ја чисти велешката почва

Велешкото еколошко друштво ,,Вила Зора,, ќе ја враќа маслодајна репка на земјоделските површини во околината на градот. Таа на локалните земјоделци преку предавања и едукација им ја ширеше потребата оваа култура да се одгледува во велешко, бидејќи од неа ќе имаат двојна корист, економска и еколошка.

Стручњаците посочуваат дека маслодајната репка има голема моќ за апсорпција на тешките метали, со кои прекумерно е богата велешката почва. Од репката потоа ќе може да се преработува и добива био–гориво.

Задоволни сме од интересот и одѕивот на земјоделците. Се јавија повеќе отколку што ние можеме да помогнеме. Тие сакаат да ја исчистат почвата од оловото и кадмиумот. Овој процес ќе биде долг но за три години ги очекувам првите резултати, кога на некои земјоделци ќе им доделиме сертификат дека почвата е еколошки чиста и деконтаминирана од тешки метал - вели д-р Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

Поради ограничениот Буџет со кој ЕД Вила Зора располага, можат да одговорат на барањата за одгледување маслодајна репка на неколкумина земјоделци. Екологистите ќе даваат семе, ќе ја откупуваат репката, за потоа да биде преработена во био-гориво во велешка Маслодајна.

За ова тие преку норвешка амбасада обезбедиле средства со кој е купена и инсталирана опремата во АД Благој Ѓорев, кој им ги ставил на располагање бесплатно нивните простории, работен и технички капацитет.
Од продажбата на био-горивото ЕД Вила Зора ќе го финансира одгледувањето на маслодајната репка наредниот период.
http://tirekovmirece.com/Novost/Маслодајната-репка-ќе-ја-чисти-велешката-почва
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Sep-2011 at 11:06

http://www.wipo.int/patentscope/search/en/WO1998040151

05.01.2010 - МАКЕДОНЕЦ ЌЕ ГО СПАСУВА СВЕТОТ

Изумот на Ванчо Димитров го решава прашањето на апсорпција на издувните гасови од фабричките оџаци 

Ниту на самитот во Копенхаген светските лидери не постигнаа договор во однос на прашањето за климатските промени и заштитата на планетата Земја, нашиот единствен дом. И додека советот на мудрите водеше јалова дебати а илјадници активисти за зачувување на природата од уништувачката енергија на човекот протестираа низ Копенхаген, еден инвентивен Македонец, пронаоѓач од Кочани, храбро, одлучно и самосвесно им ја испрати најоптимистичката порака во однос на предметот на нивната дебата, односно за спас на светот.

ВАНЧОВАТА ПОРАКА ДО СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ „Почитувани претседатели присутни на самитот во Копенхаген. Ако внимателно го слушате она што го говорите (читате) на самитот ќе сфатите дека рефератите на сите ви се со иста содржина, па бидејки немате решение се служите само со статистика. Но, да Ви се претставам: јас сум Ванчо Димитров од Република Македонија и јас го имам решението на проблемот. Добитник сум на Гран при на Светската изложба на иновации во 1996 година во Брисел за пронајдокот „Систем за апсорпција на издувни гасови“, систем кој гарантира свет без загадување од индустријата, автомобилите, домакинствата... Ве информирам дека за еден месец ќе ги завршам подготовките, а веќе напролет својот изум ќе го презентирам како прототип. Ќе запалам еден куп автомобилски гуми, пластика, текстил, мазут, и сите други можни енергенси за на дело, во присуство на познатите научници од оваа област, да докажам дека во мојот пронајдок се крие спасот на светот од големото загадување чиј резултат се големите климатски промени“, вели Димитров.

Во интервју за „Глобус“ иноваторот од Кочани, во чиј дом се наоѓат дваесеттина највредни светски признанија за иновации кои се од капитално значење за човештвото, по цели десет години молк и криење од јавноста, ја раскажува својата приказна во чија основа се пронајдоците кои можат да го спасат светот од самоуништувањето и да го подобрат животот на многу луѓе на нашава планета.

Ванчо Димитров вели дека десет години молчел, а дванаесет години работел на својот четврт пронајдок со што ќе го исполнел својот сон, ќе ја остварел смислата на своето постоење.-Се заколнав себеси и пред моето семејство дека откако сите четири проекти ќе ги доведам до фаза на употребливост да почнам, еден по еден, да ги претставувам пред нашата и светска јавност. Се работи за проекти кои ќе бидат од голема ако не од пресудна важност за човештвото. Сега, откако пред половина месец го завршив и четвртиот проект, ја прифатив поканата на „Глобус“, преку неговите страници, јавно да проговорам за се' она кое го создавав близу три децении а кое, веќе од идната пролет, ќе му стане достапно и на светот“, вели инвентивниот 63 годишен кочанчанец.

ФАБРИКИ БЕЗ ОЏАЦИ Првиот пронајдок кој Ванчо Димитров напролет ќе и го претстави на јавноста е токму проектот „Систем за апсорпција на издувни гасови“. Тој се одлучил на ваков чекор поради катаклизмата која му се заканува на човештвото како резултат на глобалното затоплување кое пак е резултат на издувните гасови кои неконтролирано ја дестабилизираат климата и го доведуваат во прашање опстанокот на светот.

-Овој изум го решава прашањето на апсорпција на издувните гасови од фабричките оџаци, без оглед на фактот колкави се тие и какви енергенси се употребуват во односните фабрики. Јас знам што правам, знам за што говорам и како визионер иднината на светот ја гледам без фабрички оџаци. Овој проект ќе го промовирам како прв од серијата мои проекти, бидејки на земјината топка има милиони фабрички оџаци чии сопственици, во трката по профит, не водат премногу сметка за човековата животна средина. Прототипот е долг десет метри а промоцијата ќе ја извршам на таванот од мојата куќа која е во центарот на Кочани. Ќе запалам голем куп гуми, пластика, мазут, текстил, картон, се' што испушта дим, и со научниците и оние кои ќе бидат поканети на промоцијата на епохалното откритие, меѓу кои секако ќе бидата и репортерите на вашиот неделник, ќе гледаме како сето тоа гори а никаде околу нас нема дим! Така ќе ги разуверам и најголемите скептици дека џабе не сум потрошил 28 години од мојот живот кои, пак да повторам, ги посветив на темелните потреби на човештвото“, потенцира Димитров.

„НЕ“ ЗА ЧЕТИРИЕСЕТИНА АВТОМОБИЛСКИ КОМПАНИИ Кочанскиот пронаоѓач овој свој пронајдок се' уште го нема заштитено. Вели дека му се потребни 200.000 евра за ангажман на светски познати адвокати на кои специјалност им е заштитата на индустриската сопственост. Тој тие пари ги нема, а и на сите домашни порти на кои досега тропнал не наишол на разбирање. Останатите пронајдоци Димитров ги има заштитено на светско ниво. Во 1996 година тој го заштитил и својот пронајдок за заштита на животната средина од издувните гасови на возилата. Овој пронајдок Димитров го претстави на Светската изложба на пронајдоци во Брисел во 1996 година и за него доби највисоки признанија.-„Уште во Брисел ми пристапија менаџери на четириесеттина фабрики за производство на автомобили барајки да им го продадам пронајдокот или да оствариме соработка на кое било ниво. Иако бев без пари и покрај сите признанија кои ми ги даде светот, во нашава Македонија никој не се сети на мене, не ме побара да ме праша дали и каква помош ми е потребна. Барањата од странските држави ги одбив. Си останав доследен на заветот дека, се' додека не биде готов и четвртиот пронајдок, нема да ги ефектуирам претходните три“, појаснува пронаоѓачот Димитров. Тој, изумот за апсорпција на издувните гасови од автомобилите, како и изумот за апсорпција на гасови од домашните печки ги вбројува во единствената номенклатура на пронајдоци за „0“ проценти издувни гасови во воздухот.-„Гарантирам дека наскоро светот ќе вози автомобили без ауспуси а куќите ќе се градат без оџаци“, тврди Димитров.

И додека светот со нетрпение ја очекува пролетта на големото откритие кое не само Ванчо туку и цела Македонија, на еден посебен начин ќе ги прослави во светот со епохалните откритија од корист за сите, Димитров, во својата куќа во центарот на Кочани, ни ја раскажува приказната за двата други негови изума, Едниот го има патентирано под името „Проект чиста вода-индивидуални колектори“, а вториот под името „Храна за цел свет“.

ПИСМО ОД КРАЛОТ НА МАРОКО Овој интересен човек полн со творечка енергија, дава гаранција дека еден од неговите пронајдоци ќе ја елиминира потребата од поставување канализациски системи во населените места. Се работи за изум кој фекалиите од секоја куќа или станбена зграда ги складираат во специјален контејнер а водата ја прочистува преку индивидуални колектори по што таа повторно се користи како техничка вода. Фекалиите спакувани во контејнер се користат во земјоделството како најквалитетно ѓубриво. –„Во 1998 година ме изненади писмо од кралот на Мароко Хасан. Кралот кој со посебен пехар го награди мојот проект за апсорпција на издувните гасови, во писмото посебен интерес пројави за проектот „Чиста вода-индивидуални колектори“. Писмото од Кралот Хасан го чувам во мојата архива, во еден стар фрижидер во кој ги имам систематизирано сите околу 300 писма што сум ги добил во однос на моите пронајдоци. Кралот Хасан побара да го посетам, со забелешка дека сака колекторите и контејнерите да се произведуваат во Мароко. Казабланка е град со четири милиони жители, со еден милион колектори и исто толку кубни метри фекалии. Во пустинските предели фекалиите можат да покријат површина од четири милиони метри квадратни и пустината да ја претворат во плодни ниви од кои ќе се добива на илјадници тони храна. При ова треба да се има во предвид дека фекалиите од човековиот организам се најквалитетно ѓубриво за нивите. Кралот беше подготвен да ми ги плати сите трошоци за пат до Мароко и престојот таму, ама јас останав доследен на својата обврска да го завршам и четвртиот проект“, вели Димитров.

Третиот од четирите пронајдоци кои се готови е заведен како проект „Храна за цел свет“. Се работи за опрема конструирана од Димитров за индустриско одгледување на оризовиот расад и за машинско расадување на белото злато. Тој проект кја нас место една нуди две а на екваторот дури осум жетви годишно. Владата на Малезија испратила свои луѓе кои дошле кај Ванчо во Кочани и кои барале соработка прифаќајки кој било негов услов.-„Им реков да дојдат кога ќе биде готов и четвртиот проект“, тврди Димитров.

ПРЕД АВСТРАЛИСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ Но, да се вратиме на проектот кој треба да ги елиминира издувните гасови и со тоа да го спаси светот од климатските промени на која тема во Копенхаген се водеше жестока дебата. Овој станал проект интересен и за луѓето од Владата на Австралија на чија покана Ванчо Димитров бил во оваа земја во 1997 година.

-Ме поканија во Австралискиот парламент на средба со пратениците. Додека говорев за пронајдокот во салата имав исклучително внимателни слушатели. Потоа дојдоа нивните прашања. Се интересираа за се'-од условите во кои работам, до материјалната поддршка од државата и за можноста за соработка со Австралија преку отварање фабрики за сериско производство на пронајдокот. И ним им го кажав тоа што на сите го говорев- дека нема ништо од соработка се до завршувањето на четвртиот проект. На крајот тие ми признаа дека пред средбата со мене имале средба со германски иноватори кои имале ист проект за на крајот да ми признаат дека моето излагање им било многу поуверливо. Поканата за соработка и тоа кога јас ќе бидам готов, се' уште стои во мојата архива, вели Димитров.

По Брисел 1996 година, Ванчо бил канет и угостуван од многу европски влади, престојувал во САД. Сепак, најголем интерес насекаде предизвикувал пронајдокот за апсорпција на издувните гасови.„Од сите нив добивав покана за соработка, ми се нудеа државјанства само кај нив да го донесам пронајдок кој светот треба да го ослободи од најголемата катастрофа-климатските промени. Сакав и сакам моите пронајдоци да го имаат предзнакот „македонски“. Иако никој финансиски не ме поддржа, а работата што ја работам не е ефтина и бесплатна, јас со надеж и со возбуда ја очекувам оваа 2010 година кога и најтврдокорните скептици ќе ги уверам дека од Македонија ќе тргнат пронајдоци кои ќе го спасат светот“, тврди Ванчо Димитров.

Одбил 400 милиони долари

Да сакал да биде богат Ванчо Димитров сега можел да биде милијардер. Човекот одбил многу понуди да го продаде својот пронајдок за стопроцентна апсорпција на гасовите на странски бизнисмени. Му биле нудени големи удопства, големи пари, луксузен живот, сигурна иднина за него и за неговите најблиски. Но, Ванчо сите тие понуди ги одбил.

-За време на посетата на Нов Јужен Велс, каде бев на покана од нивната Влада, средба со мене побара претставник на компанија од Јапонија чие име не сакам да го спомнувам поради можна идна соработка. Претставникот се претстави како адвокат на таа компанија, тоа го поткрепи со документ, и беше мошне директен. Ми понуди 400 милиони долари само за почетна соработка со нивната компанија, а потоа и процент од профитот. Но, јас сето тоа го одбив бидејки не го бев завршил четвртиот проект а, покрај тоа, јас сум и патриот кој сака светот да знае дека едни големи пронајдоци кои му помогнале да биде подобар се од македонско потекло“, тврди Димитров. Тој вели дека ако во иднина не најде подршка во сопствената држава сосема ќе се повлече и тивко ќе исчезне некаде во белиот свет за од таму, ние тука, во Македонија, да слушнеме за неговите епохални пронајдоци.

Шпорет без бурии

Во зимата во 1997 година, за првпат бевме во домот на Димитрови. Надвор беше мошне студено, а во собата во која седевме-топло. Но, она што не збуни беше фактот дека семејството се грееше на печка на дрва а бурии не видовме никаде.-„Да не беше куќата градена многу одамна ќе немаше ниту оџаци. Од бурии нема потреба, бидејки мојот изум не дозволува испуштање на дим во атмосферата“, ни рече тогаш домаќинот Ванчо.

Кога пред десеттина дена, за потребите на овој разговор, повторно бевме кај оваа семејство не изненади фактот што буриите си беа на место а од оџакот излагуваше сивкаст дим.-„Не чудете се, го отстранив уредот и го заштитив бидејки имаше неколку обиди тој да биде украден. Пријавувавме во полицијата, но заштита не најдовме“, вели Ванчо.

Исто се случувало и со семејниот автомобил на кого пронаоѓачот Димитров го имал отстрането ауспухот и без ауспух го возел низ Кочани а од него не излегувал дим.-„Неколкупати се обидуваа да го украдат уредот за апсорпција на гасот поради што прво го соѕидав автомобилот а потоа моравме да го извадиме и уредот“, вели синот Орце, кој има 32 години и на кого татко му го пренел целото свое искуство и знаење па тој важи за негови иновативен наследник.
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=D06E0BACB284C745928D7B718AC0D683

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Sep-2011 at 11:21




Поцрвене Охридско Езеро, надлежните мртви ладниНа потегот веднаш пред некогашниот хотел „Парк“ каде што се изведуваат градежни зафати на нов објект наменет за викенд-станови и апартмани водата во езерото доби црвеникава нијанса. Неколку сантиметри црвена земја е наталожена и во крајбрежниот појас. Надлежните со денови не преземаа ништо изненадени и без информација за еколошкиот инцидент се' додека за случајот не извести локалното радио. Засега никој не излегува со официјална информација за загаденоста на водата и за направените штети. Изведувачот, градежната фирма „Градежник“, која работи за инвеститорот „Ремис“, спротивно на Законот за градба, ги извршува градежните работи без никаква заштита на езерото. Управителот на „Градежник“, Ристо Тренески, вели дека црвениот слој се наоѓал во земјата и дека бил автохтон. Тој тврди дека од потопните пумпи со кои се испумпува подземната вода во езерото се влевала чиста вода. Сепак, Тренески не објаснува од каде се носи земјата која дава црвена боја и зошто водата се пушта директно во езерото без претходно филтрирање. Од Општинскиот комунален инспекторат во Охрид излегоа со став дека по утврдување на фактичката состојба, доколку биде потребно, ќе поднесат и соодветна пријава. „Изненаден сум од целата ситуација, но дури сега видовме во каква состојба е езерото таму. Досега ваква пријава немаше. Инспекциите веднаш ќе излезат на терен и ќе се поднесе пријава против сторителот. Ова е навистина голема хаварија“, изјави Танас Танасоски, раководител на Општинскиот инспекторатот, за охридското Радио Супер.Според него, направената штета во случајов е многу поголема отколку казната од 5.000 евра што треба да ја плати прекршителот на законот. Осуда за еколошката катастрофа вчера стаса и од најповиканите за заштита на езерото. „Градежните работи што се изведуваат на брегот на езерото не може да се прават без да се преземат мерки за обезбедување од загадување на водниот систем и крајбрежјето“, дециден е раководителот на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, Дејан Пановски, кој смета дека инспекциите, конечно, треба да излезат на терен. „Сите институционални мерки мора да бидат преземени. И Градежниот и Еколошкиот инспекторат мора да ја утврдат состојбата. Време е да настапиме поцврсто и единствени, затоа што ако и натаму продолжиме на овој начин, ќе ја изгубиме битката со градежниот сектор и со сите оние што имаат поинакви интереси, а ќе биде бесцелна нашата работа на заштита на езерото“, вели Пановски. Тој ја повика локалната и централната власт да престанат да се обвинуваат меѓу себе за прашања што се од национален интерес. Билатералниот секретаријат можел само да реагира, но не и да ја спречи катастрофата од загадувањата предизвикани од градежните зафати. И од Хидробиолошкиот институт излегоа со став дека проблемот е навистина голем, но и тие чекале повик за да изработат студија за утврдување на штетата. „Како институција не сме во улога на инспектор. На првата средба со министерот за екологија укажавме токму за овој проблем, за кој сметам дека е потребна поголема студија за да се излезе со конкретни податоци. Доколку некое од министерствата го побара тоа од нас, веднаш ќе го направиме тоа“, вели директорот на Институтот, Гоце Костоски.http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=23B42FE4E6C4D4439867D9E0E77769AA

Тони отпад лежат на дното на Охридско езеро Тони отпад лежат на дното на Охридското езеро. Печки, ве-це шолји, цевки, шпорети, машини за перење, цигли, градежен шут, отпад со кој може да се изгради цела зграда открија нуркачите на Амфора по завршувањето на туристичката сезона. Реализирајќи го проектот за “Чистење на Охридското езеро од цврст отпад” со подводни видео камери нуркачите прво ќе изработат мапа на загадени зони.- Постојат зони во крајбрежјето каде има големи количини на цврст отпад и проектот е токму заради тоа за да утврдиме точно кои се најкритичните односно жешките точки, а понатаму ќе се пристапи со чистење на тие делови, вели Јасминка Момироска од Секторот за заштита на животната средина. Загрижува тоа што несовесните граѓани ги загадуваат дури и рибните мрестилишта. - На најчистиот дел на Охридското езеро крајот на август се фрлени 10 вреќи со градежен материјал. И секојдневно гледаме дека на одредени локации се зголемува таа количина на цврст отпад, вели Милутин Секулоски од Нуркачкиот Центар Амфора. После чистењето ќе има трибини за подигање на јавната свест и долгорочен мониторинг на брегот на езерото, но според нуркачите тоа не е доволно. Потребна е поголема заштита и ригорозни санкции за сите оние кои го загадуваат најзначајниот воден еко систем во Европа.http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=80572



Екологистите бараат отстранување на пловилата од Студенчишта

Реките што се вливаат во Охридското Езеро се најголемите загадувачиВистинското решение за да се спречи загадувањето на Охридското Езеро не е пренасочување на реките што се влеваат во него е ставот на експертите од Хидробиолошкиот институт од Охрид. Од работната единица „Колектор“ негираат дека колекторот е во лоша состојба и дека тој претставува негов загадувач, а не прочистувач на водата, како што изјавуваат повеќе екологисти. Извештаите од мониторингот на Охридското Езеро, извршени од страна на надлежните институции, беа презентирани пред претставници од КфВ банката, која ги финансира активностите, јавува охридското „Супер Радио“ на својот портал ohridpress.com.Поедноставно е стопирање на загадувањето на езерото отколку пренасочување на коритата на реките што се влеваат во него, додава понатаму порталот и ја цитира Ленче Локоска од Хидробиолошкиот институт во Охрид, која потенцира дека сите реки во охридскиот регион се чисти на извориштата.- Тоа е квалитетна вода од прва класа, односно вода за пиење. По нивниот пат низ селските населби и веќе во градската средина доаѓа до нивно загадување со испуштање на најразлични отпадни води и механички отпадоци. Загадувањето влијае во голема мера во деловите на литоралот на езерото врз живиот свет. Единките кои сакаат да живеат тука, не можат, исчезнуваат, или ја менуваат својата локација, објаснува Локоска за „Супер Радио.“Од Хидробиолошкиот институт додаваат дека се преземаат бројни акции за чистење на езерото, но сето тоа е залудно ако постојано некој го загадува езерскиот басен. Во деловите на охридското крајбрежје каде нема населби, квалитетот на водата се уште е од прва класа. Ова е потврда дека дефинитивно човечкиот фактор е главниот загадувач на езерото, додава „Супер Радио.“- Во екот на сезоната, кога има голем број на капачи, доаѓа до загадување. По завршувањето на сезоната, езерото само се чисти зашто има голема моќ на самопрочистување и има бројни подводни и површински извори. За наша среќа, тоа е најголемиот спас што досега езерото не се загадило во голема мера - додава Локоска за охридското радио.Колекторскиот систем, како што тврди за „Супер Радио“ директорот на „Проаква“ за подрачјето на Струга, Ваит Ајро, е во одлична состојба и преостанува реализацијата на последната фаза, како што е управувањето на пумпните станици.- Дождовната вода не е вода која треба да навлегува во тој систем. Каде е проблемот треба да кажат службите од „Проаква Охрид“ и од „Нискоградба“. Дождовната вода со фекалната не се меша. Засекогаш треба да се одвои. Затоа е состојбата таква. Пропусти има на некои места, каде се мешаат фекалната и дождовната вода - додава Ајро за охридското радио.Во наредниот период се очекува реализација на поголем проект и инвестиција во делот на заштитата на езерото. За таа цел претставници од КфВ банката се сретнаа со надлежните на Одделението за заштита на животната средина од Општина Охрид, од Хидробиолошкиот институт и јавните претпријатија „Проаква“ и „Охридски комуналец,“ известува „Супер Радио“ од Охрид.http://www.plusinfo.mk/vest/16058/Rekite-shto-se-vlivaat-vo-Ohridskoto-Ezero-se-najgolemite-zagaduvachi





Edited by Max - 16-Feb-2012 at 11:54
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Sep-2011 at 21:28

The Carbon Cycle - What Goes Around Comes Around - http://www.visionlearning.com/library/module_viewer.php?mid=95&mcid=&l=







http://www.theozonehole.com/arcticozone.htm



Сите за Озонот, Озонот за Доброто на Сите

16 септември - Меѓународeн ден за заштита на озонската обвивка. Активностите за одбележување се различни, а сите ги движи една идеја, да се заштити озонскиот слој за да се одржи животот на планетата Земја. 

КЛУЧ ЗА ЖИВОТОТ НА ЗЕМЈАТА

Озонскиот слој го апсорбира најголемиот дел од штетните ултравиолетови Б зраци од Сонцето. Слојот целосно го одбива смртоносното УВЦ зрачење. На овој начин озонската обвивка го одржува животот на Земјата каков што го познаваме. Со уништување на озонскиот слој, поголем дел од УВБ зраците доаѓаат до површината на Земјата, а тоа доведува до пораст на процентот на рак на кожата, катаракта, ослабен имунолош ки систем, намалени приноси во земјоделството, оштетување на океанските екосистеми и намалување на уловот на риба, штетни последици кај животните и оштетувања кај материјалите. 

Озонот всушност е алотропска модификација на кислородот, молекула составена од три атоми на кислород (О3). Тоа е бледосин гас со силен и карактеристичен мирис. На секои 10 милиони молекули од вообичаениот состав на атмосферата има само три молекули озон. Но, неговото концентрирање во делот на стратосферата на височина од 35 до 50 километри над земјината површина во форма на озонска обвивка ја игра улогата на заштитен штит за живата материја на Земјата. 

Од почетокот на истражувањата на озонската обвивка во 1980-тите години слојот озон над Антарктикот станува се потенок. Ситуацијата над Јужниот Пол е посложена поради екстремно ниските температури и присуството на поларни стратосферски облаци. Научниците го користат терминот “озонска дупка“. Површината која се наоѓа под озонската дупка денес варира меѓу 20 и 29 милиони квадратни километри. Дупката беше најголема на 12 септември 2000 година кога покриваше површина од 29 милиони квадрати. Со нејзиното ширење во опасност веќе се доведени жителите на Нов Зеланд, Австралија, Чиле и на Аргентина. http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=908

http://en.wikipedia.org/wiki/Ozone_depletion#World_Ozone_Day



Edited by Max - 05-Mar-2012 at 14:29
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.