build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Екологија на материјали и околина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 15-Oct-2011 at 12:31


ВНАТРЕШНИОТ ВОЗДУХ ПОЗАГАДЕН ОД НАДВОРЕШНИОТ - http://ec.europa.eu/health/opinions/en/indoor-air-pollution/index.htm

Воздухот во затворените простории се контаминира поради зголемена употреба на синтетички материјали во изградбата, неодржување на системите за греење, ладење и вентилација, мерките за енергетска ефикасност и самиот дизајн на објектите

Kолку сме свесни што вдишуваме кога се наоѓаме во затворена просторија? Чист ли е воздухот по домовите, училиштата, работните простори, јавните објекти? Свесни сме за аерозагадувањето на надворешниот воздух и за неговите штетни последици врз здравјето на луѓето, но колку знаеме за органските испарувања на кои сме постојано изложени во животниот простор?

   Има многу причини за загадување на воздухот во затворените простории за кои сме малку свесни, групирани во четири групи - зголемена употреба на синтетички материјали во изградбата, неодржување на системите за греење, ладење и вентилација, мерките за енергетска ефикасност на зградите и локацијата, односно самиот дизајн на објектите. Меѓу најзначајните извори на внатрешни загадувачи на воздухот се градежните материјали, мебелот, боите и други вградени материјали што емитуваат испарливи органски соединенија.
   - Најзагадени се новите станови и оние кои се тазе реновирани, затоа што овие материјали тогаш најмногу емитуваат испарливи соединенија.
   Се што денес се користи дома, а не е природно, може да биде опасно по здравјето. Воздухот се загадува од нови килими, нова облека, завеси и друг текстил. Се загадува од средствата за чистење, од производите за козметика, при чистење со правосмукалка која нема соодветни филтри. Мајките мора да знаат дека кога готват децата не смеат да остануваат во кујната, затоа што при горење на маслата за јадење во воздухот се емитуваат опасни испарувања. Мебелот од иверка и фурнир значајно влијаат на квалитетот на воздухот, затоа што постојано испаруваат. Токму тие органски испарливи соединенија се главниот загадувач и демнач на нашето здравје. Нивната концентрација во домовите може да достигне енормно ниво, над 1.000 милиграми на кубен метар. Повеќето стандарди сметаат дека концентрацијата од 200 до 500 мг/м3 е прифатливо ниво за зградите - http://www.buildingecology.com/search?SearchableText=concentrations

кои Деца се најзагрозени
   Kвалитетот на внатрешниот воздух влијае врз секого, но децата се особено изложени на ризик. За разлика од возрасните, тие често дишат на уста, па честичките не можат да бидат филтрирани како при дишењето низ нос, а вдишуваат и поголем обем воздух во однос на нивната телесна тежина.
   Според годишните извештаи на Институтот за јавно здравје на населението во Македонија, кај децата до 5 години доминираат заболувањата на респираторниот систем со највисока стапка во возрасната група до 1 година. Слична е и ситуацијата кај децата од 7 до 14 години и кај младите, каде што респираторните болести се на првото ранг-место со учество од 48,7 отсто. Од Институтот велат дека пред повеќе години правеле истражувања на оваа тема, а во последно време не.
   - Тогаш се вршени анализи на децата што живеат во загадени средини, каде што има изложеност на фосилни горива, на чад од цигари итн. Најдени се одредени значајности и утврдено е дека тие деца се изложени на дополнителни ризици по здравјето. Сепак, проблемите со здравјето од ваквото загадување не може со сигурност да се прецизираат, затоа што имаат неспецифични симптоми. Или имаат истовремено и симптоми поврзани со алергии, вирози. Пушењето во домот е најголемото згадување на воздухот и најголем здравствен ризик, особено пасивното пушење, но дополнителни ризици се и сите потенцијални емитувања на разни соединенија во животниот простор. Затоа има стандарди во домувањето и при изведба на објектите мора да се внимава и на сите фактори врзани со воздухот во просторот, вентилацијата итн. - вели д-р Владимир Kендровски, заменик-директор на Институтот. Во Институтот за трудова медицина велат дека и во работната средина аерозагадувањето има големо влијание врз здравјето на експонираните лица.
   - Штетните ефекти од професионалните аерозагадувачи се должат на иритативни, токсични, сензибилизирачки и канцерогени механизми, а може да бидат акутни или хронични. Акутните ефекти се јавуваат по еднократна или неколкукратна изложеност и најчесто вклучуваат иритација на очите, носот, грлото, главоболка.... Хроничните ефекти се јавуваат по долготрајна изложеност и се манифестираат со појава или влошување на хронични респираторни болести (астма, хронична опструктивна белодробна болест и др.), кардиоваскуларни болести, карциноми и др. - велат лекарите од стручниот колегиум на Институтот.Ризични работни места има во повеќе индустриски гранки: металургијата, машинската, хемиската и фармацевтската индустрија, производството на нафта и нафтени деривати, производството на целулоза и хартија, на бои, лакови и лепила, на сулфурна киселина, акумулатори и др.

„Болни згради“, непродуктивни фирми
   Според студија на „Харвaрд“ од 2008 година, преголемото изложување на „црн јаглен“ (остатоци од нецелосно согорени минерални масла и гасови) го намалува коефициентот на интелигенција кај децата од осум до 11 години во просек за три до четири поени. Во области со големо аерозагадување децата покажуваат слаба меморија, слабо изразување и се слаби на тестовите на знаење.
   Ниту воздухот во училиштата и градинките не е поштеден. Проблем во школите, освен материите што испаруваат, е и што нема доволна размена на загадениот воздух со чист. Во Холандија, повеќе студии покажаа дека во 80 отсто од времето поминато во градинките и школите децата се изложени на концентрација на јаглероден диоксид која ја надминува дозволената граница од 1.000 загадувачки честички на милион честички. И нивото на биолошките загадувачи (бактерии, вируси, габи, грини) во последните децении е зголемено во внатрешниот воздух.
   СЗО проценува дека најголем број канцелариски работници, ученици и наставници поради загадениот воздух се изложени на ризикот од „синдромот на болни згради“, што влијае на намалената продуктивност. Вработените побрзо стануваат уморни, раздразливи, летаргични и побрзо страдаат од проблеми како астма, алергии, главоболки, депресии, а симптомите исчезнуваат по напуштањето на зградата. Продуктивноста опаѓа, а отсуствата од работа се зголемуваат. Проблем се и случаите кога вработените доаѓаат болни на работа. Според истражувањата, подобрувањето на квалитетот на воздухот во затворените простории доведува до зголемување на продуктивноста до 20 отсто и до големи финансиски заштеди на компаниите.
   Освен со прочистувачи и филтрирање на воздухот, според познавачите, проблемот може да се надмине и со развивање на свеста за овие опасности и користење на што поприродни материјали за изградба и живот во затворените простории.

Загадувачи на внатрешен воздух:
- Тутунски чад - Високотоксична форма на загадување на внатрешен воздух. Чадот е комплексна мешавина на 4.700 супстанции, од кои 243 се познати како предизвикувачи на рак.[1][2][3]
- Изолација - Материјалите содржат формалдехид, влакна, фиберглас или азбест.
- Пластика - ПВЦ материјалите емитуваат пластификати, растворувачи и алкохоли. Влијаат негативно на децата, а докажана е врската со респираторни инфекции, астма, алергиски ринитис, отежнато дишење, упорна кашлица, пневмонија... Како додаток на ПВЦ се користат пластификатори, кои можат да го оштетат ендокриниот систем и да предизвикаат намален број на сперматозоиди, дефекти на половите органи кај машки новороденчиња и зголемени шанси за рак на градите.
- Покривни материјали - Некои покривни системи може да содржат формалдехид, испарливи соединенија, амонијак и амини, кои можат да продрат внатре во зградата преку разни отвори и пукнатини.
- Облоги - Во декоративните облоги од пресувано дрво може да се најде формалдехид, а досега се пронајдени и хептахлор и пестициди.
- Тавански материјали - Може да содржат азбест, формалдехид и други опасни соединенија. Впиваат испарувања од други извори, па подоцна ги емитуваат со денови во просторот.
- Стаклена волна - Здравствените проблеми од овој материјал се акутни и се случуваат веднаш по изложувањето на овој материјал (иритација, црвенило, оток, исип). Долготрајна изложеност на високи концентрации предизвикува трајно заболување на белите дробови.
- Бои - Тие се меѓу најголемите загадувачи на внатрешниот воздух, поради испарливите соединенија како бензен, формалдехид, туолен и ксилин. Некои од нив предизвикуваат проблеми со нервниот систем и рак. Растворувачите за бои им штетат на срцевите болни бидејќи метанолот предизвикува стрес на срцето, а контактните леќи ги впиваат силните испарувања од растворувачите и можат да го оштетат окото.
- Текстил - Тие се третирани со разни хемикалии кои потоа ги емитуваат во воздухот. Идентификувани се 120 испарливи соединенија што можат да се емитуваат од текстилни производи (завеси, облека, постелнина, теписи, тапациран мебел)http://dnevnik.mk/?ItemID=5DFA4A16DB0C784EB55750992B1EC66E



http://www.youtube.com/watch?v=6N9exCcnVOY&t=29m10s

корисно - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1487&PID=124040#124040

Development of fabric resistant to dust mites

In an effort to curb the spread of household allergies, scientists at the Medical University of Lodz in Poland invented a special fabric, and said that the initial experiments on it showed unprecedented results in preventing the entry of dust mites. The dust mite insect is the main cause of respiratory allergy in the world, and most cases of asthma, respiratory depression, and general debility are associated with it, and people's ignorance of its implications and neglecting treatment increase the risk of these diseases. The researchers say that wrapping the mattresses, pillows, quilts, and upholstered furniture with this fabric contributes effectively to preventing the entry of the mites and its residue inside and preventing its breeding inside, and they stressed that the fabric allows the passage of air and moisture. The researchers said that sleeping on mattresses wrapped in the invented fabric reduces the symptoms of dust mite allergy by 60% to 70%. The researchers plan to conduct experiments on the fabric in hospitals and on patients suffering from other types of allergies. The appearance of dust mites’ allergies increases in the fall and winter, and the researchers attribute it to the high humidity, increased home heating, and low ventilation, which provide ideal conditions for the proliferation of this creature in the carpets and mattresses, because it feeds on human skin scales.

http://www.mohesr.gov.ae/En/FunyLinks/Pages/Development-of-fabric-resistant-to-dust-mites.aspx



Edited by Max - 07-Oct-2015 at 18:58
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 05-Jan-2012 at 14:20
05.01.2012 - http://www.plusinfo.mk/print/Vozduhot-vo-Skopje-pak-e-nezdrav


РЕДОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ

На веб-страницата на Град Скопје, www.skopje.gov.mk, граѓаните можат редовно да се информираат за квалитетот на воздухот во градот. Градот Скопје во февруари годинава во паркот пред Домот на АРМ постави дисплеј за мерење на квалитетот на воздухот и презентација на измерените резултати, како дел од проектот со наслов „СКОПЈЕ ДИШЕ“. Дисплејот е поврзан со градската Интернет-страница каде што, во реално време, ќе може да се погледнат параметрите за квалитетот на воздухот во центарот на градот, како и препораките за граѓаните. Градот предвидува да го прошири проектот со поставување нови мерни уреди за следење и прикажување на квалитетот на воздухот и на други локации.

Мониторинг станицата пред Домот на АРМ врши мерење на параметрите сулфурдиоксид, азотни оксиди, јаглеродмоноксид и суспендирани честички со големина до 10 микро метри. Мерењата се во согласност со „Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели“, објавена во службен весник број 50/2005, којашто стапи во сила на 01.01.2007 година и Уредбата за гранични вредности на загадувачките супстанции одредени за 2011 година.

Индексот за квалитет на воздух и препораките за граѓаните се одредуваат во согласност со европските и со американските практики за информирање.

Информациите за квалитетот на воздухот може да се погледнат преку следниот линк:http://www.skopjecentar.ekoinformatika.mk/

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4117&mid=482&tabId=&tabindex=0




04.12.2011 - АЛАРМАНТНО: Прашината ПМ10 предизвикува мозочни и срцеви удари

Воздухот деновиве во Скопје е многу загаден и е на највисоко опасно ниво, покажуваат мерењата од мерните станици на веб страницата „Скопје дише“. Од веб страницата „Скопје дише“ апелираат деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари, да не излегуваат надвор.

Како што објави вчера Плусинфо Скопје и дефинитивно е најзагадениот град во светот. Според податоците на Светската здравствена организација од пред извесно време, во светот најзагаден е градот Ахваз во Иран со просек од 372 микрограми ПМ10 прашина на метар кубен, но во моментов според веб страницата на Град Скопје – „Скопје дише“ во главниот град на Македонија оваа прашина е застапена со 488 микрограми на метар кубен.

Инаку границата на СЗО за ПМ10 е 50 микрограми на метар кубен воздух.

Овие честички инаку се многу опасни по здравјето на луѓето, па ви презентираме дел од научните студии изработени во светот.

Што се честички ПМ10?

Суспендираните честички ПМ10 се појавуваат по горење на јаглен, гас, нафта и нејзините деривати, како и на дрво и други биолошки материјали, а најмногу се производ од согорувањето на горивото во автомобилите и работата на возилата. Овие честички, исто така се зголемуваат и при секој процес во кој се „подига прашина“, како што е мелењето и дробењето на различни материјали во градежништвото и рударството.

Овие честички, загадувачи на воздухот, поделени според нивната големина честопати се нарекуваат и ултра-фини и се со големина помеѓу 0.1 и 2.5 или помеѓу 2,5 и 10 микрони ( се гледаат под микроскоп) и поголема од 10 микрони кои се видливи со голо око. Додека дишеме воздух и внесуваме честички, можат да влезат во респираторниот систем и оттаму во алвеолите.

Тие подоцна предизвикуваат иритација, а со намалувањето на имунитетот и под влијание на други околности можат да предизвикаат сериозни проблеми, особено кај луѓето со веќе развиени кардиоваскуларни или респираторни болести.
Кои се последиците?

Концентрацијата на честички во атмосферата е тесно поврзано со појавата на болестите па дури и смрт. За секое зголемување од 10 микрограми на кубен метар честички, стапката на смртност се зголемува од 0,5 на 5 проценти.

Загадувањето со честички придонесува за различни болести и состојби:

- Се зголемува бројот на мозочни удари

- Се зголемува бројот на луѓе хоспитализирани од хронична опструктивна белодробна болест

- Се зголемува бројот на респираторни инфекции
- Се зголемува бројот на напади на астма
- Се намалува функцијата на белите дробови

Постојат неколку начини како честичките ПМ10 можат да ја зголемат смртноста на населението:

- Честичките предизвикуваат тахигардија. Научниците веруваат дека повеќе од половината од смртните случаи од срцеви болести се последица на честичките.
- Честичките придонесуваат за зголемување на воспалителните процеси во респираторниот систем, кои, пак, предизвикуваат смрт кај луѓето со хронична опструктивна белодробна болест.
- Честичките можат да предизвикаат и дијабетес

Како можеме да се заштитиме?

Само ние можеме да си помогнеме. Помалку да се возат автомобилите, државата да превземе мерки со казни за загадувачите и секако секое слободно време да го поминеме на планина или на место за кое знаеме дека нема честици ПМ10.

http://www.plusinfo.mk/vest/25167/ALARMANTNO-Prashinata-PM10-predizvikuva-mozochni-i-srcevi-udari


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 05-Jan-2012 at 19:22
Воздухот загаден, чадот безопасен

Квалитетот на воздухот многу повеќе ќе го нарушат неколку автомобили, отколку бадниковите огнови

Квалитетот на скопскиот воздух вчера повторно се најде во црвената алармантна зона според интернет-страницата „Скопје дише“. Индексот на квалитетот на воздухот, според измерените вредности вчера во центарот на Скопје изнесува 176, што е нездраво и претставува закана по здравјето на луѓето, порачуваат од градот. Оттаму додаваат дека се потребни мерки за претпазливост за децата, како и за лицата со белодробни заболувања и астматичарите, кои треба да го избегнат престојот надвор. Но дали вечерашните огнови дополнително ќе го зголемат нивото на загаденост на воздухот? Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека тоа се мали количества и нема многу да влијаат на квалитетот на воздухот.

- Тоа се мали количества чад, кои нема значително да влијаат на загаденоста на воздухот. Освен тоа, палењето бадников оган не е нешто ново, тоа со години се практикува. На воздухот му штетат индивидуалните куќи што се греат на дрва, кои сé повеќе ги има - соопшти Сашо Секуловски од Министерството за животна средина и просторно планирање.
И еколошките друштва потврдуваат дека бадниковите огнови нема да предизвикаат поголема загаденост.

- Огновите нема многу да придонесат за загадувањето на воздухот. Многу повеќе ќе го нарушат квалитетот на воздухот неколку автомобили. Според мене, воопшто не е еколошки ниту кршењето на бадниковите гранчиња за декорација. Се прави бизнис од кршењето на гранките, сé повеќе се уништуваат и се практикуваат во новогодишните декорации - смета Ирена Стојковска од еколошкото друштво „Фронт 21/24“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=151294575&id=14&prilog=0&setIzdanie=22473




...
Урбанизацијата и сообраќајот имаат предност пред чистиот воздух

Експерти по енергетика уште во 2009 година предупредуваа дека Македонија има обврска да направи акциски план за енергетска ефикасност и да заштеди најмалку девет отсто енергија до 2016 година. Над 40 отсто од вкупната потрошувачка на енергија во земјава им отпаѓа на домаќинствата. Тогаш се препорачуваше дека треба да се применат мерки за енергетска ефикасност, кои треба да им помогнат за заштеди во семејниот буџетот. Како тоа да се направи? Кои се изборите што ги имаат граѓаните?

За Марјан Гацевски, инженер за производство на топлинска енергија во „Топлификација“ и експерт за енергетика во Агенцијата за енергетика на Република Македонија, алтернативата е во обновливите извори на енергија.

- Зелената енергија, односно сончевата и енергијата на ветерот се алтернативите. Пример како се прави тоа треба да ни биде Германија, која е светски лидер во оваа област. Ако ги користиме овие извори, може да бидеме лидер на Балканот - смета Гацевски.

Скопје во зимските месеци се соочуваше и со големо загадување на воздухот. За жал, страницата што дневно ги информираше скопјани за загаденоста моментно не работи. Како што велат Американците, незнаењето е благослов, па граѓаните и не се потресоа на оваа информација. Дури овој проблем го заборавија поради проблемот со струјата и со енергетската криза. Не е тешко да се погоди дека еден од поголемите загадувачи на воздухот, барем во Скопје, е сообраќајот. По големите идеи и најави за изградба на трамвај, па дури и метро, која е алтернативата што локалните власти, па и државата ја имаат за доведување во ред на сообраќајот во главниот град? И како да се намалат штетните гасови?

Според Славјанка Пејчиновска Андонова, консултантка за животна средина од „Екомозаик“ од Скопје, прво треба да се утврдат изворите и причините за загадувањето, за потоа да може да се интервенира. Таа вели дека плановите за урбанизам треба внимателно да се изработуваат и точно да се знае кој за какви решенија е одговорен.

- Зимава се соочивме со загадување во сообраќајот поради одлуката на Владата да се увезат стари возила. За Скопје се потребни посоодветни сообраќајни решенија за да нема застој и повеќе да се користи јавниот сообраќај, точно да се знае каде ќе се градат индустриски зони, каде ќе има пешачки зони и да не се дозволи да се градат згради што го попречуваат струењето на воздухот - вели Пејчиновска Андонова.

Таа се сеќава на рестрикциите во сообраќајот во Скопје во минатото, кога еден ден возеле автомобилите со парни броеви на регистрацијата, а друг непарните, но тоа, според неа, е само привремено решение што може да го понудат градските власти.

Пејчиновска Андонова вели оти сите овие прашања треба да се отворат наскоро, со подготвувањето на новиот генерален урбанистички план (ГУП) за главниот град...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21712857296&id=9&setIzdanie=22508


Edited by Max - 07-Mar-2012 at 20:55
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Jan-2012 at 15:14
како земја може не сме дебакл бар имаме конкуренција, но како град Да, под итно треба да се сруши браната на матка1, бар малку од малку да се пролуфтира градот [1] [2]



In most EU countries, average exposure levels exceed the WHO limit of 20 ug.m3

The data in the ENHIS website show that the country average PM10 exposure levels varied from 13-14 ug/m3 (Finland, Ireland) to 53-56 ug/m3 (Bulgaria, Romania and Serbia). Other countries with averages below 20 ug/m3 include Denmark, Estonia, Latvia, Norway and Sweden. Countries with values over the EU limit value of 40 ug/m3 include, except of the three ones mentioned above, Greece, Italy and Slovenia. The country average levels have not changed substantially over the past few years.

In terms of exposure, this means that almost 90% of people in European cities where PM10 is monitored are exposed to levels exceeding the WHO air quality guideline (AQG) of 20 ug/m3, implying a substantial risk for health. For 14% of the people, the EU limit value of 40 ug/m3 is exceeded.
http://www.euphix.org/object_document/o5636n27091.html


Annual mean concentration of PM10 in 2007 - http://acm.eionet.europa.eu/databases/airbase/eoi_maps/eoi2008/index_html



Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Jan-2012 at 15:57
Можеш да ги постираш ваквите материјали во нишката за Квалитет на воздухот во Скопје.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 10-Mar-2012 at 16:41


ако, не е спорно, можат да се поврзат двете нишки или ко кло што прави да се дуплираат постовите, битно уката ја има...

туку чаре за сите загадени градови е ограничување на бројот возила на фосилни горива http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=460&PID=19017#19017 и тоа да е организирано преку тагирање со рфид-вињети за оние на кои им е дозволено да сообраќаат во голем ринг биле тоа со парни или непарни регистрации, а евентуално исклучок да бидат еко-возилата!

    

    

http://www.gas2electricity.com/?hop=greensites


Edited by Max - 13-Jun-2015 at 22:05
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 19-Mar-2012 at 03:00
нешто поконкретно за изумот на Ванчо пост #18 понапред, во следниов документ вметнат меѓу извикани компании

Category 3 - Patents using a combination of ventilation and air treatment. These could reduce pollution both inside and outside the tunnel
_________________________________________________________________________

Name of Applicant - Vanco Dimitrov
Title of Patent - System for absorption of the exhaust gases in a tunnel for road traffic
Date-1997, Superseeded-N, Fees Paid-Y

Description of patent
An absorption system for vehicle exhaust gases in tunnels. This system primarily consists of sprinklers, absorbers, side panels and roof panels.The exhaust gases are sprayed with an absorption liquid by the sprinklers to provide a protective film on the gases (decreasing their expansion inthe upper areas of the tunnel, absorbing hard particles, and cooling the gases). The lowest part of the air in the tunnel is the most polluted part.This part is directed to the side absorbers via partitions. This air then passes through the absorbers into the side wall of the tunnel and thenthrough the plastic panels. It then mixes with the other air in the tunnel and is passed among the roof panels towards the roof absorber. The roofabsorber provides the final purification system.

Which pollutants are being addressed?
Vehicle exhaust emissions

Maturity of technology
This is an emerging technology with regards to the treatment of air in tunnels, and would require further exploration. This patent does not mentionspecific absorber types but activated carbon, for example, could be used.

Unit cost estimate(Set up)
Potentially expensive

Unit cost estimate(Maintenance and Operation)
Regular costs would involve replacement of absorbers, and absorption liquid

Comment of durability/life cycle
Absorbers and absorption liquid would require regular replacement

Practicality
Medium practicality as would help reduce air pollution impacts but may cause some disruption to the road network during installation

Political appeal
Potentially high political appeal and would be a visible feature. It is an innovative and has the potential to significantly improve air quality in tunnels

Public acceptability
Medium public acceptability as may cause some disruption to the road network during installation

Other comments
Acomplex proposed system with unproven technology - i.e. the protective film on the gases. Practicalities regarding the use of liquids and skidding/other implications.

Potential for IPL(Intellectual Property Law)
(High/Medium/Low) Low

http://www.scribd.com/doc/85253910/Invloed-overkappen-en-luchtbehandeling-op-de-luchtkwaliteit-eindrapport-onderzoek-naar-de-invloed-van-lichte-overkappingen-luchtbehandeling-en-t



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 21-Mar-2012 at 15:11
What Stamets has discovered is that the enzymes and acids that mycelium produce to decompose this debris, are also superb at breaking apart hydrocarbons, the base structure common to many pollutants. Stamets coined the word ‘myco-restoration’, to describe engaging mycelium to heal habitats and stabilize ecosystems. He believes that mycelium are the neurological network of nature, and that without fungi, all ecosystems would fail.
...
http://www.arthurmag.com/2010/04/02/the-oldest-solution-on-earth/




The recent discovery of the fungus Gliocladium roseum points toward the production of so-called myco-diesel from cellulose. This organism (recently discovered in rainforests of northern Patagonia) has the unique capability of converting cellulose into medium length hydrocarbons typically found in diesel fuel. http://enephase.co.za/biofuel.HTML#9




"When crops are used to make biofuel they have to be processed before they can be turned into useful compounds by microbes," said Professor Strobel. "G. roseum can make myco-diesel directly from cellulose, the main compound found in plants and paper. This means if the fungus was used to make fuel, a step in the production process could be skipped."

"The discovery also questions our knowledge of the way fossil fuels are made. The accepted theory is that crude oil, which is used to make diesel, is formed from the remains of dead plants and animals that have been exposed to heat and pressure for millions of years," said Prof Strobel. "If fungi like this are producing myco-diesel all over the rainforest, they may have contributed to the formation of fossil fuels."
http://peakenergy.blogspot.com/2008/11/myco-diesel.html


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 24-Apr-2012 at 20:46

Nove karte Europljanima daju pogled izbliza na onečišćenja zraka

Nove internetske karte, objavljene od strane Europske komisije i Europske agencije za okoliš te u suradnji s Institutom za okoliš i održivost (Institute for Environment and Sustainability – IES) i Zajedničkim istraživačkim centrom ( Joint Research Centre - JRC), omogućit će Europskim građanima da točno odrede glavne izvore difuznog onečišćenja zraka, kao što su promet i zrakoplovstvo. 

Novi skup od 32 karte pokazuje gdje se ispuštaju određeni zagađivači, kao što su dušikovi oksidi i lebdeće čestice. Karte nadopunjuju postojeće podatke o emisijama iz pojedinih industrijskih postrojenja, koji se nalaze u Europskom registru ispuštanja i prijenosa onečišćujućih tvari (European Pollutant Release and Transfer Register – E PRTR). Registar, široko rasprostranjen na Europskoj razini, ima za cilj pomoći Europljanima da aktivnije sudjeluju u odlukama koje utječu na okoliš. 

E PRTR, pokrenut u 2009 kako bi se poboljšao pristup informacijama o okolišu, sadrži podatke prijavljene od strane pojedinih industrijskih objekata (točkasti izvori onečišćenja), a od danas, i informacije o emisijama iz cestovnog prometa, pomorskoga prijevoza, zrakoplovstva, grijanja stambenih objekata, poljoprivrede te malih poduzeća (difuznih izvora onečišćenja). 

Difuzni izvori onečišćenja su široko rasprostranjeni i/ili koncentrirani u gusto naseljenim područjima. Puno malih izvora emisija iz kućanstva i vozila, predstavlja, ako gledamo kolektivno, jedan veliki difuzni izvor onečišćenja, osobito u gradovima. 

Novi, sveobuhvatan skup od 32 karte omogućuje Europljanima da, na skali od 5x5 km, vide gdje se onečišćujuće tvari ispuštaju. Karte sadrže podatke o emisijama NOx, SOx, CO, NH3 te PM10.

Da bi vidjeli karte, posjetite link http://prtr.ec.europa.eu/DiffuseSourcesAir.aspx [1

http://www.azo.hr/NoveKarteEuropljanima



Edited by Max - 24-Apr-2012 at 20:46
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 17-Jul-2012 at 09:38

новитет поприкладен ко еко-амбалажа во нишката амбалажа-складирање-транспорт, но заради револуционерниот карактер и утрешната широка употреба пр. ко greensulate еко-изолација но и во контекст на предпоследниот пост за силата на мицелиумот, нек фаќа тука место инфово http://www.ecovativedesign.com/applications/ [1]



Mycelium has been used to bind agricultural by-products to form products dubbed Greensulate and Ecocradle, which are alternatives to plastic styrofoam for packaging and insulation. Two inventors, Eben Bayer and Gavin McIntyre, and their company Ecovative Design LLC, developed the method to manipulate a network of mycelia into desirable shapes, with properties comparable to its plastic counterpart. The invention has won two awards and is now in use commercially by Steelcase as packaging for furniture. This use of mycelium has been discussed in Time Magazine, Popular Science and other media, as well as being the subject of a TED Talk "Are Mushrooms the New Plastic?" [1]

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 24-Jul-2012 at 01:02

е ова би било  извондредно мицелиум наместо пестициди а утре зошто не и стандард, може и тоа брзо да бидне ако книгава им ја делат ко лектира во оон

Paul Stamets - Mycelium Running - http://www.scribd.com/doc/69035550/Mycelium-Running-UNEDITED

...

Mycopesticides - http://www.bibliotecapleyades.net/ciencia/ciencia_futurebeyond23.htm

involve the use of fungi to control pest populations, including carpenter ants and termites. Mr. Stamets relates a personal story of how he used mycelium as a natural pesticide to rid his house of carpenter ants.

He has applied for patents to use this biotechnology which protect groundwater and habitats from damage by conventional toxic pesticides, as a natural method of eliminating termites, ants and flies. 

He calls the technology "green mycotechnology"

...




Edited by Max - 24-Jul-2012 at 07:38
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 25-Jul-2012 at 21:28


интересни мицелиум поенти за филтрирање вода и урина http://www.permies.com/t/7853/grey-water/Mycelial-Greywater-Filter малку скапа за почеток инвестиција но еколошкиот филинг е незаменлив во случајов

сепак за алтернативно филтрирање подобра опција ќе му дојде Lifesaver [1][2][3]

маџиров сеуште нема свирено на вакви шишиња!


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 12-Aug-2012 at 01:01

можеби најкорисно списание за млади кај нас, каде можат на глоси хартија да се информираат за многу теми кои ги покрива и форумов, од Енергетска Ефикасност преку Обновливи Извори па се до Пејсажен Урбанизам, навистина ова со дизајнов изненадува а требаше уште одамна да биде норма, но до сега беше налик фанзин, затоа сега нивото заминало на магазин, па и фенси инфо портал имаат но сеуште не толку набилдан со инфо ко ЕкоСвест [1] но со лапни-голтни дизајн
Списанието „Екологија“ е најстарото списание за екологија во Македонија кое постои веќе 15 години. Биди Зелен тимот го превзема раководењето на ова списание со цел да го модернизира и направи атрактивно и прифатливо за младите... http://bidizelen.org/mk/proekti/ekologija.html

Рециклирање - http://issuu.com/bidizelen/docs/ekologija/25?mode=window&backgroundColor=%23222222
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 07-Sep-2012 at 12:51

http://cgr.ebs.ogi.edu/iron/TratnyekJohnson06.pdf

Nanotechnology for Environmental Remediation - Dr. Zhong Lin Wang [1] and Michael Edward [1]


Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 13-Nov-2012 at 15:40





- http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81091018155&id=9&setIzdanie=21759

- http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=14390#14390

За значењето на шумите говори следниов податок: еден хектар шума годишно апсорбира 14,45 тони јаглерод диоксид; 57,8 тони прашина; 96,3 килограми сулфур диоксид; 96,3 килограми јаглерод моноксид, годишно испушта во воздухот 10,6 тони кислород и 1,4 тони разновидни супстанции кои имаат дезинфекциони и бактерицидни својства. Во европските градови претставува стандард да има 20-30 метри квадратни зелени површини по жител, додека во Скопје изнесува 7,5 метри квадратни по жител.
http://www.8ka.com.mk/spisanie/ekologija/368-2010-03-30-22-20-44
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Nov-2012 at 02:05

Влијанието на акумулациите врз глобалното затоплување

Една нова студија откри колку улогата на вештачките езера во глобалното затоплување е потценета, односно колкава количина на стакленички гасови се ослободуваат како што нивото на водата расте или опаѓа.

Во истражувањето на испарувањата од една вештачка акумулација, истражувачите откриле дека има неверојатна 20-кратно поголема количина на метан кога водостојот е на ниско ниво. Оваа количина на метан доаѓа од дното на акумулацијата, односно од тињата, во вид на меурчиња.

Улогата на езерата, реките и акумулациите честопати се занемарува при пресметувањето на емисијата на стакленички гасови. Најчесто во тие пресметки се земаат предвид емисиите од возилата, фабриките, термоцентралите и домовите. Но, вистината е дека има голема билошка активност позади браната. Имено, тука запира природниот тек на седиментот и живиот свет кој доаѓа заедно со водата од реката и се натрупува. Со распаѓањето на мртвите организми и органски материи доаѓа до собирање на големи количини на метан на самото дно од акумулацијата.



Како што опаѓа нивото на водата, дното се загрева заради поголемиот проток на сончева светлина. Покачената температура предизвикува испарување на метанот во вид на меурчиња кои преку водата доаѓаат до атмосферата. Ова е особено случај во лето, кога има ниско ниво на кислород во водата што претставува одлична околина за создавање на метан.

Неодамнешната студија била спроведена на езерото Лакамас во сојузната држава Вашингтон, САД, од страна на Бриџет Димер и Мариа Главин од Државниот универзитет во Вашингтон. Тие сакале да ја проверат деоријата дека езерата и акумулациите работат како впивачи на јаглерод диоксид. Но се покажало дека нивната способност за впивање на CO2 се намалува за четирипати кога нивото на вода опаѓа.

Според истражувачите, оваа студија ќе помогне во создавање на нови методи за управување со акумулациите, односно начинот на испуштање на водата од акумулацијата, посебно во топлите летни месеци. Нивната наредна цел е пронаоѓање на оптимален момент на испуштање на водата со што максимално би се искористил водениот потенцијал за производство на електрична енергија и довоснабдување, а притоа да се предизвика минимална емисија на стакленички гасови.

http://energetskaefikasnost.info/vlijanieto-na-akumulaciite-vrz-globalnoto-zatopluvane/#ixzz2CFUTLtyN

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Nov-2012 at 12:50
Previous
 
Бреееј какви генијалци биле научнициве.
 
Браните и вештачките езера кои постојат уште од времето на стариот Египет, стариот Рим, одеднаш влијаат на климатските промени.
 
Па да, јас би се согласил дека влијаат на климатските промени, кога ќе изградиш брана над река која поминува низ пустина и се формира вештачко езеро, богами ќе има сериозни климатски промени - ќе има основни услови за живот.
 
А денешниве генијалци со нивните теории за глобално затоплување, само повикуваат на прекинување на се што знаеме како конвенционално производство на електрична енергија, на топлинска енергија, како и на конвенционалните извори на вода за пиење и за наводнување.
 
Помнам дека генијалецот Ал Гор велеше дека масовното размножување на луѓето предизвикува уште поголема побарувачка на храна, вода и лекови, што сериозно влијаело врз климатските промени, претпоставувам дека решението е да престанеме да се размножуваме, за волја на вистината, тоа веќе е реалност кај мнозинството американци и кај Македонците, кои или не се заинтересирани да имаат деца, или не сакаат да имаат повеќе од 1 или 2 деца.
 
Но токму СиЕнЕн неодамна имаше сторија за кинеските инвестиции во Африка, при што потенцираше дека Африка има најголема побарувачка на храна и на вода, поради масовното размножување меѓу африканците и поради истовремениот недостиг на храна и вода во Африка.
 
Ако на ова се додадат количините на храна кои американците и европејците ги фрлаат секоја година поради изминат рок, бидејќи никој не ја купил таа храна или бидејќи никој не ја јадел, не сум запознаен со тие бројки, но воопшто не се сомневам дека наместо да не ја продадат и да ја фрлат во Европа или во Америка, сигурно истата таа храна би ги нахранила, ако не сите гладни, тогаш сигурно поголем дел од гладните во Африка, што во превод значи дека храната и водата не се баш сериозни проблеми поради кои што би требало луѓето да намалат при своето размножување.
 
Јас сум во целост против глобалното загадување, а глобалното затоплување не само што не е процес предизвикан од човечка рака, туку е и природен процес, кој едноставно е неизбежен, не можеме против природата, сите сме јаглеродни организми, така да, без јаглерод не само што не можеме да опстоиме, туку не можеме ни да постоиме.
 
Нека излезат генијалците со решенија за глобалното загадување, а глобалното затоплување нека го остават да си се одвива по својот ПРИРОДЕН ТЕРК.


Edited by Dexter26 - 15-Nov-2012 at 13:15
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Nov-2012 at 13:10
фрлаат атомски бомби во океаните ради проби,се продаваат над 10 000 000 нови аута во ЕУ секоја година,око не им трепнуе да направат еколошка замена за нафтата,а од друга страна метанот од дното на езерата е проблем.многу извртени работи
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 15-Nov-2012 at 14:07
ви гибна у нерв текстов туку го постирав појќе текстов ко поука за рибари да не скитат рекреативно при вакви моменти

инаку што е до научниците,во право се и тие и вие,е сега кое е количеството метан што го испуштаат вештачките езера во одреден дел од годината и дали тоа има некоја особена улога во глобалното затоплување тоа незнам,но како ден е јасно дека најмногу пролем околу метанот предизвикува пермафростот,односно самото исфорсирано трошење фосилни горива го ослабува озонот што го зголемува индиректно затоплувањето кое го забрзува овој процес топејќи го пермафростот! http://www.planetextinction.com/planet_extinction_permafrost.htm

   

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 15-Nov-2012 at 15:54
Previous
 
Се што придонесува за глобалното загадување мора да се спречи, вклучувајќи ги и фосилните горива.
 
Патем, Ѓоко спомна дека Европа секоја година произведува 10 милиони нови автомобили кои работат на фосилни горива, без ниту еден од тие автомобили да работи на еколошки горива, како што е етил алкохолот, кој го има во изобилие во секоја држава во која се одгледува шеќерна трска и/или шеќерна репка.
 
Во Јужна Америка, каде што шеќерната трска ја има во изобилие, вишокот се користи за производство на горива врз база на етил алкохол, а истото е изводливо во секоја држава во која се одгледува шеќерна трска и/или шеќерна репка.
 
Но енергенс кој се произведува масовно, во огромни количини, и кој може да ги сруши цените на фосилните горива, не е баш исплатлива инвестиција за нафтените компании и за банкарите кои се повеќе заинтересирани во финансирање на скапите нафтени компании, отколку фармерите кои одгледуваат шеќерна трска и/или шеќерна репка.


Edited by Dexter26 - 15-Nov-2012 at 15:55
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.