build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Екологија на материјали и околина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 09-Dec-2013 at 15:05


на страна насадената дилема на МД, да бидам искрен америте се тенекиња кои не гледаат подобни или неподобни сојузници туку прилики, но за поздравување и почит е заушката која ја добија од Албанија, патем Косово не им го дадоа туку им го зедоа, та сега и Србија да гопризнае тие уште долго ке ја експлоатираат цела негова територија

а за експерименти без гајле сите сме еден колективен експеримент почнувајки од ЕУ па се до Македонија, просто некаде експериментите се прифатени и доброволно подржани, а некаде декларативно отфрлени и кришум одобрени! но ко за утеха и таму немаат раат пр. еден од многуте

Insecticide-resistant ant species could wreak havoc on U.S. ecologyhttp://theextinctionprotocol.wordpress.com/2013/06/10/insecticide-resistant-ant-species-could-wreak-havoc-on-u-s-ecology/

Insect Resistancehttp://ohioline.osu.edu/b473/b473_2.html

http://en.wikipedia.org/wiki/Pesticide_resistance#Multiple_and_cross-resistance


не дека и тука нема спунтои, само што знаеме како да се утешиме, оптимисти во недоглед пр. Во Македонија има 140 видови комарци, но нема тигрести - http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=66425 хм чудно со оглед дека по цел балкан веќе се одамакинети, но најверојатно нас не заобиколуваат бидејки не сме во ЕУ а уште повеќе бидејќи не сме во нато http://hr.wikipedia.org/wiki/Azijski_tigrasti_komarac

http://www.jutarnji.hr/virus-zapadnog-nila--tigrasti-komarac--denga-groznica--arbovirusne-bolesti/1052458/

Komarci - riječ je o kukcima koji žive na svim dijelovima kugle zemaljske, osim u polarnim područjima, pustinjama i područjima višim od 1500 metara nadmorske visine. Obožavaju biti blizu vode, veliki su od 0,3 do dva centimetra.

...

smatra se da su komarci prijenosnici najviše bolesti na svijetu (malarija, žuta groznica,encefalitis…) te da je od posljedica njihovog uboda umrlo više ljudi nego što ih je poginulo u bilo kojem ratu.

Prosječan komarac može letjeti brzinama u rasponu od 1 do 17 km/h.

Muškarci koji imaju krvnu grupu 0 komarce će privlačiti poput magneta. Znanstvenici još nisu otkrili zašto. Također, ljudi koji piju pivo komarcima su privlačniji, kao i svi oni koji nose tamniju odjeću.

S druge pak strane ljudi koji jedu puno češnjaka, osim ljudima, neće biti privlačni niti komarcima. Komarac ima 10 tisuća puta jači njuh od čovjeka i miris krvi mogu nanjušit s udaljenosti od 60 do 75 metara. Također, sluh im je razvijeniji nego ljudski.

Većina komaraca jaja polažu u stajaćoj vodi. Dakle jezera, bare, močvare, lokve, i bačve za kišnicu za komarce odnosno njihova jaja super su mjesto. Jaja iz koji se komarci izležu, jednom kada se polože u vodi mogu stajati pet godina bez obzira na temperaturu i agregatno stanje vode.

http://zooportal.hr/2011/07/16/komarci-ljetna-zujala/

 




Edited by +Protagorist - 12-Dec-2013 at 00:43
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 20-Dec-2013 at 13:37


рајат или кабает -  http://speakingofresearch.com/2015/10/05/nobel-prize-2015-protecting-people-against-parasites/

луксузен мукает да преку обиди и грешки стигнеме до оптимално здрава перспектива

~




http://res.mindbodygreen.com/img/ftr/toxic-skin-infographic-ingredients-12-avoid.png



Our daily consumption of chemical part 2 - http://www.youtube.com/watch?v=P1P9NcwGWys     
Our daily consumption of chemical part 3 - http://www.youtube.com/watch?v=CumLTN6OeLo     
Our daily consumption of chemical part 4 - http://www.youtube.com/watch?v=I8MVucVp7sk

~

http://www.iflscience.com/environment/scientists-call-ban-microbeads



Edited by +Protagorist - 18-Oct-2015 at 08:47
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 22-Dec-2013 at 13:02

потсетник за пластичниот ќорсокак - http://www.ted.com/talks/william_mcdonough_on_cradle_to_cradle_design.html

и буквално и фигуративно, либералниот капитализам и конзумеризам денес се предводници на пластичниов ќорсокак, иако глумат филантропи наспроти навидум останатите диктатури, но бар човек тук таму може да им се развика јавно, а без за тоа од прва да добие талпа по глава, дури може и да им скубне доколку ги фати на дремка пр. асанж или сноуден, но галамење по несовесни возачи нешто особено нема и да ги освести просто луѓето или си имаат некоја мака или брзаат негде или таков табиет накалемиле, навики кои од индустриската револуција навака се трасирани преку посесивен индивидуализам  а се стекнати преку колективна фатаморгана

но ако не се едните ќе бидат другите, бидејќи иако на лагата и се кратки нозете тоа не е случај и со рацете, кои ко октопод ја гушат волјата за глобален соживот, а најголемиот притисок е врз квалитетот на живеење за кој по инерција сме убедени дека зависи од тоа: колку - а не' што имаш, ненаситност денес достапна за секого со волја за живот на вересија, ајде уште малку и многу ќе мораат пред зграда да ја бараат истата [1] или може во азија што би рекла Мирка [1

да не морализирам понатака, конкретно ќе тргнам од себе, штом сеуште купувам шампони, стикови, пасти, прашоци итн. без да ме боли срце за составот туку за новчаникот, може немам ни право да галамам од фотеља, но ако јас што сум свесен и нафуран за еко-пристап неможам лесно да и скубнам на колективнава фатаморгана што па за оние кои им е удобно да ја сркаат истата без и малку грижа на совест дека себе а не па околината ја уништуваат, дури во мојот случај освестувањето трае над 15-сетина години па пак без ефект, најверојатно волјата не е доволна доколку човек жали по блиските и трпеливо чека заедно да се прилагодат кон подобро утре, за по некое време повторно да олабави и го одложи трансферирањето кон еколошки, фругален или рурален живот





Edited by +Protagorist - 06-Mar-2017 at 19:11
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 23-Dec-2013 at 20:33


единствен корисен современ ќорсокак е брзото абење на нафтата, а со тоа надеж за намалување на CO2 загадувањето, но со тоа нема да се реши проблемот бидејки истиот е условен и од градежништвото односно цементот и енормниот CO2 за негово добивање!

во основа мора да ги промениме правилата на игра, колку и тоа да е невозможно, нафтата да ја замениме со алтернативни горива, а пластиката со разградиви варијанти, но кој кого ќе натера да го заузда сопствениот економски раст, тоа запад немаат абер да се променат не па останатите, затоа само метеор му е мајката!

можеби интересно звучи преминувањето на еко-дизел, но истиот ни приближно не може да се добие во количини потребни за нормално функционирање на постојната светска економија, бар ќе биде добра алтернатива локално и приватно, но до тогаш ќе има уште многу луфта со оглед дека Гас ќе има во изобилство за наредните 300 до 500 години а воедно не се ни сигурни конечно околу залихите кои можат да бидат и поголеми [1] во секој случај ќе извадат и нови горива, но се додека не ја исцедат и последната капка нафта мислам нема да дозволат истите да се омасоват, а прашање е и дали био-горивото ќе го форсираат иако со ова гмо-то и тоа е можно, но по која цена и за чиј профит!?

 



Edited by +Protagorist - 23-Dec-2013 at 20:35
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 05-Jan-2014 at 12:13


World energy use - http://www.newscientist.com/data/images/ns/sreport_graphic/energy-fuels-mg18725151500.jpg

See how much energy the world uses, and how it's distributed among the different countries



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 16-Jan-2014 at 23:18

ненаситноста воопшто денес е норма, заради што не само да ја експлоатираме природата енормно,туку и заради ненаситниот табиет и желбата за идеален комфор (насамарен од конзумеристички економски развој) спремни сме и на хемиски адитиви, тешки метали или гмо, строго по инерција и без волја за промена

и јас не сум поарен, но се трудам потсетувајќи се за ова, во даден момент целосно да се дистанцирам од ова доброволно самоуништување, бар совеста ќе ми биде мирна, а посекако и повторно ќе ја сетам природата

веќе верглано, ем муабетов се провлекува и по други нишки [1][2][3] но предавањево вреди да се чуе - Druga strana potrošačkog raja - predavanje prof. dr. Valerij Vrček, KIC Zagreb - 30.05.2012





Edited by +Protagorist - 20-Mar-2014 at 18:16
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 20-Jan-2014 at 13:18


постојниот конзумеризам има ефект и врз скопскиот смог, иако може да се рече обратнопропорционален со оглед дека немаштијата ги тера луѓето да се свртат кон греење на дрва и кон ефтини автомобили, но кога помалку би фрлал народ пари бркајки трендови и воопшто посесивно трупајки играчки, може и нешто да се помести кон поарно, односно кога цел град би се греел на парно логиката е и да се намали цената на парното, но и топлификација алчна по профит како акционерско друштво не ни има слух дека треба да работи за доброто на заедницата туку за доброто на акционерите односно нивните ситно паланечки дивиденди, наместо цел профит да го реинвестираат кон подобрување на услугата, заколите посекако решение е лизингот но преку истиот мора да форсираат коли на плин наместо нафта 

но додека скопјани чекаат работите да се посложат ко што треба, и по менталитетот и по институциите, сигурно и понатака ќе се надеваат дека ветерот [1][2] или кинескиот трамвај [3] со еден удур ќе решат се', бар конечно се јави т.е. најдоа некој метереолог да земе мерка

Со трамвај, тролејбуси и со гасификација против загадувањето

Скопската магла е специфична, таа е штетна поради загаденоста, а не како природна појава. Затоа, за да се намали, потребно е да се преземат долгорочни стратегии за чист воздух и здрава животна средина 

Д-р Пеце Ристевски, државен советник за климатологија и метеорологија

Метеорологот Пеце Ристевски докторирал на Бугарската академија на науките од областа на метеорологијата, климатологијата, агроклиматологијата и климатските промени. Ристевски во Управата за хидрометеоролошки работи ги следи климата, агроклиматските ресурси, глобалното затоплување, климатските промени и нивните ефекти врз Македонија, како и новите и обновливи видови енергија (сончева и ветрова). Метеорологот вели дека отсуството на ветер, дожд и снег е еден од факторите што влијаат на моментниот квалитет на воздухот, додавајќи дека синоптичко аеролошката состојба, антициклонската состојба во која се наоѓаме сега, го опфаќа целиот Балкан и има влијание на неможност да се направи одредена аерација на воздухот во скопската котлина. Загаденоста на воздухот расте, а потенцијални загадувачи се сообраќајот, граѓаните со начинот на кој ги затоплуваат домовите и на крај, индустриските објекти.

Што е она што зимава ѝ се случува на скопската котлина? Зошто со недели и со месеци сме покриени со дебел слој од смог, кој сонцето тешко го пробива?
- Кога ќе се искачиме на врвот на Водно, ќе забележиме плафон на загадувачки материи. Градот не може да се види, затрупан е со густа магла. Тоа е „езеро на студен воздух“ и се создава кога нема струење на воздухот, а ниската температура на почвата го лади воздухот, од што се создава магла. Таа магла го покрива градот и во неа се задржуваат издувните гасови и загадувачките материи од градот, со што ја згуснуваат во таканаречениот смог. А, пак, кога ќе погледнеме нагоре, над тој смог, ќе видиме чисто и ведро небо. Овие температурни инверзии по висина ја пополнуваат скопската котлина и нема каде да се изврши проветрување. Скопската котлина е мала по пространство за да ги прими сите загадувачки материи, а на сето ова влијае и општата временска состојба. Целиот Балкан и сите котлини се под антициклонското време.

Дали високите згради имаат влијание на загадувањето и на климата во градот? Каде се тука браните околу Скопје, како онаа на Козјак?
- Високите згради во Скопје, како во Порта Влае, Капиштец и во Аеродром, може да влијаат на загадувањето во градот и на микроклимата. Микроклиматските промени имаат опсег од 200 до 450 метри, што значи дека можат да влијаат на својата околина, а не на целата скопска котлина. Секој поголем градежен објекти си создава своја микроклима. Имаат своја циркулација, ама тоа е во доменот на својата околина, и не можат да влијаат на струењето на воздухот на Скопје. Истото важи и за изградбата на Козјак. Правена е еколошка студија како таа акумулација ќе влијае на околината и докажано е дека нема таков дострел за да влијае подалеку од својата околина, што значи дека не му попречува на струењето на воздухот или да ја зголеми влажноста.

Каде е спасот од ваквата состојба?
- Скопската магла е специфична, таа е штетна поради загаденоста, а не како природна појава. Затоа, за да се намали, потребно е да се преземат долгорочни стратегии за чист воздух и здрава животна средина. Градежната експанзија влијае на загадувањето на воздухот со создавање компактна маса на градежни објекти, кои на друг начин се ладат и загреваат. Потребно е да се контролира урбанизацијата и да се зголемат зелените површини, помалку да се користат автомобили и да се зголеми и воведе нов јавен превоз (трамвај, тролејбуси), да има возила на електричен погон. Гасификацијата, исто така, би помогнала за подобрување на квалитетот на воздухот.

Иако досега не видовме снег, сепак видовме појави што се нарекуваат иње или сињак. Што е тоа конкретно и дали е поврзано со загадувањето?
- Причината за создавање иње (или сињак) се негативните температури и водната пареа, која брзо се лади. Ињето е појава на процесот на сублимација, кога водната пареа ќе прејде во тврда состојба. Во Пелагонија секој јануари го има овој процес, особено при појава на снежна покривка. Ињето има слична структура како и снегот. Во него има загадувачки материи од воздухот. Тие материи помагаат да се задржи маглата, бидејќи честиците од издувните гасови и ниските горилници се јавуваат како јадра околу кои се лепи влагата и така помагаат да се задржи тоа „езеро на студен воздух“.

Сушни лета и благи зими

Д-р Ристевски објаснува како човековото дејствување во животната околина влијае на целокупните климатски промени со ефекти што ќе се изразат во зголемено загадување на целокупната природа.
- Посушни лета, поблаги зими, намалени количества на врнежите, како и зголемен број природни катастрофи, се ефектите што ќе ги чувствуваме поизразено во иднина. Сѐ поевидентно е дека постои поврзаност помеѓу влијанието на човековите активности со зголемувањето на елементите на стаклената градина, глобалното затоплување и климатските промени. Ефектите на стаклената градина се водната пареа, облаците, јаглеродниот диоксид, ситните честици (аеросоли) и други гасови што заробуваат дел од топлинското зрачење во нискиот дел на атмосферата и затоа е глобално затоплување. Со развојот на индустријата се појави неконтролирано испуштање на отпадните гасови во атмосферата, така што дел од сончевото топлинско зрачење, што во нормални услови се одбива и се враќа во вселената, останува заробено до земјината површина. Ова дополнително го зголемува ефектот на стаклената градина и всушност аеросолите негативно влијаат бидејќи се задржуваат во атмосферата и водат кон заладување, бидејќи влијаат на директното сончево зрачење - објаснува Ристевски.

http://m.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.aspx?vestId=12014933401&r=14&t=n&p=

 

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 20-Jan-2014 at 14:11


јасно во интервјуто не се спомнува железара воопшто, а и усје некако го заборавија, ги средија ли овие фабрики филтрите, ајде бар железарци ветија дека најкасно оваа година ќе го средат проблемот http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=110488#110488

освен филтрите на железара, мора да се интервенира и кај греењето и кај сообраќајот, во основа решението на скопјани им е на дофат на рака, само треба истото да го одврзат, плин дали!? прво топлификација нека ја загрева водата на плин со што и сметките би паднале а народ би свртел брзо на парно, инфраструктурните субвенции би дошле од градот а долгорочно би се рефундиралепреку одреден комунален данок, логично солидарен, што е до возилата плинот би се исфорсирал на начин со воведување пар непар за колите освен за оние кои се на плин или имаат хибридни автомобили 

може утехата најбрзо ќе дојде доколку народ се потикне на релокација, државата нека ги форсира селските комуни наместо градските гета, односно нека направи привлечна програма за населување на пропаднати села, нека ги национализира сите полу-пропаднати куќи а потоа заедно со секој заинтересиран нека ги возобновува, организирајки ги воедно новонаселените во селски задгруги, јасно за ова ќе треба да им подели и земја под концесија и заедниччки машински круг ко на социјалци или млади брачни парови, со ова и економски многу млади ќе ориентираат кон здрав живот можеби и органско производство и самоодржливост, бар сеуште има надеж за ова, треба да се најде само јунак кој сето ова ќего исфорсира, некој ќе рече амаприватна сопственост, да но и за тоа има решение, одосно секоја куќа во која над 80-70 години нема стопан, односно нема 1/1 да се конфискува а со тоа и многу народ ќе натераат бар да си го средат имотот ако ништо друго, потем за истиот доколку не сакаат да плаќаат данок нека го дадат сам нека се исплаќа во заеднички селски туризам, комбинации има во недоглед [1]

~

скопјани навистина имаат ксмет да се спржени здраво со пм10 и сите останати техно-честички, но тек кога ќе чуе човек едно вакво интервју хм тек тогаш добива искрено волја за селска слобода бегајки в природа, илити градки ќумез забарикадирајки се в 4 ѕида - токму ко бројлер пред колење чија радост е еркондишн со хепа филтер кој дури е и понеопходен в зима него во лето та опуштено да се вдахне градски воздух, но ајде скопјани ние од секогаш сме имале тешки магли, но сега заради езерото козјак [1] екстра мукает имаат и Тетово та и Кичево ко што сведочи Ѓоко



 


 




Edited by +Protagorist - 25-Dec-2015 at 12:05
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 22-Jan-2014 at 23:56

да беше Скопје во ЕУ ќе беше и пред Софија, бар во овој период, сепак ко просек може и држи бројкава доле [1][2]

87.7 - http://www.numbeo.com/pollution/rankings.jsp

http://www.numbeo.com/pollution/country_result.jsp?country=Macedonia

Air pollution Number One Environmental Cause of Death in the EU - http://empowertheocean.com/air-pollution/

http://www.nytimes.com/2013/10/15/business/international/bulgarias-air-is-dirtiest-in-europe-study-finds-followed-by-poland.html



18.03.2013 - The Clean Air Policy Package - http://ec.europa.eu/environment/air/clean_air_policy.htm

NEXT STEPS:
- Second half 2014: Italian presidency of the European Council may seek to reach agreement with European ministers on Air Quality Package

- 2030: Year by which the objectives of the Air Quality Package are intended to be met


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 23-Jan-2014 at 01:02

на последните теории, еве уште неколку - http://www.eugris.info/FurtherDescription.asp?Ca=2&Cy=0&T=Diffuse%20pollution&e=91

малку иронично, едно време жалев заради миграцијата село-град, но сега помалку се надевам (да неречам радувам) дека ова градската загаденост за многумина ќе биде мотив за реемиграција, но неопходно е и државата да го турне овој процес, ко што реков погоре со некоја органска или рурално-туристичка програма!

лично на секое семејство кое сака да почне живот на село би му дал на располагање 5 хектара во поле (ко ораници) или десет на планина (претежно ко пасишта) односно со тоа што власта би ги организирала во планско производство преку тоа и да го исплатат индиректно закупот за самата земја

во основа треба од нешто да се лишиме - или коли, или фабрики, или население, или сите нив да ги ставиме на конзумеристичка диета, а на сето тоа поткрепа(субвенции) за дисперзија на скопјани ширум земјата, со што и би избегнале евентуална утрешна идентитетска катастрофа, а со што бар малку од малку би ги вратиле песните, обичаите и дијалектите, традицијата воопшто!



[1] http://www.geocases2.co.uk/printable/The%20rural%20urban%20fringe.htm

http://www.oecd.org/gov/regional-policy/42392595.pdf

http://mapfinder.espon.eu/wp-content/uploads/OMF10091-1250x1623.png




Edited by +Protagorist - 06-Mar-2017 at 19:25
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 31-Jan-2014 at 00:31

стравот од загадени градови најверојатно ќе олабави штом крахира светската економија, дали како последица од неминовна природна катастрофа или евентуален системски куршлус, ако тоа сами не сме способни да се смириме земјата сама ќе не смири

во секој случај пермафростот се топи а со него и постојниот начин на живот

en.wikipedia.org/wiki/Arctic_methane_release#Loss_of_permafrost [1] nsidc.org/cryosphere/frozenground/methane.html

заробениот метан како одговорен за дополнителното загревање ќе влијае и на постојната земјина оска [1][2] процес кој веќе е и прилично забрзан, преку него потем и конечното топење на пермафростот и глечерите, а следствено и артик [3] по што би следувале потоп па ледено доба и враќање на циклусот во нормала

By around 33 million years ago, South America had separated from Antarctica. Currents swirling around the continent isolated it from warm waters to the north. An ice sheet formed. In time, with temperatures and CO2 levels continuing to fall, the door was open for a more subtle climate driver. It was first described by the 19th century Serbian scientist, Milutin Milankovic.

He saw that periodic variations in Earth's rotational motion altered the amount of solar radiation striking the poles. In combination, every 100,000 years or so, these variations have sent earth into a period of cool temperatures and spreading ice.




Edited by +Protagorist - 31-Jan-2014 at 09:35
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 04-Feb-2014 at 13:51


http://en.wikipedia.org/wiki/Weather_control#Future_aspirations

патем зар некој очекува дека ќе биде предупреден за одреден колапс или криза заради ова или она, убо рекле старите по утрото се познава денот, само што денес немаме абер како тоа да го примениме на совремеиов живот односно економија!

незнам колку од сограѓаните имаат викендица или куќа на село доволно опремена како би преживеале каква и да е непогода, а примерот со Словенија деновиве упатува дека и оние кои живеат вон урбаните средини не се сосем подготвени 

Вонредна состојба во Словенија: Четвртина од населението е без струја

Снегот и мразот во Словенија предизвикаа проблеми во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија, поради што, според проценките, без струја се околу една четвртина од словенечките домаќинствата

- Состојбата не е добра, станува збор за елементарна непогода од поголеми размери, оцени словенечкиот министер за одбрана Роман Јакич, по средбата со службите за вонредни состојби. 

Се проценува, прецизира тој, дека без струја во различни делови на државата се околу 240.000 лица и дека санацијата на состојбата може да потрае „со денови, па и недели“.

Мразот урна околу 500 тони носечки столбови на далекуводите, а состојбата делумно ја ублажува и поставувањето агрегати за струја. Поради временските неприлики Државната агенција за животна средина објави „црвен аларм“, а голем број образовни установи ја прекинаа работата.

Словенечките власти синоќа прогласија вонредна состојба и побараа помош од странство, по што во текот на ноќта пристигнаа дополнителни агрегати од Чешка, Германија и Австрија, од каде тргнале и пожарникари за да им помогнат на словенечките колеги во надминување на хаосот што настана по смрзнатиот дожд.

Здравствените служби посебно ги предупредија оние кои за струја користат агрегати на опасноста од труење со јаглерод моноксид во случај на неправилна употреба.

Поради снежните неприлики и мразот, надлежните служби ги предупредија возачите да не тргнуваат на пат без големи потреби. Објавено е и предупедување на опасноста што им се заканува на граѓаните во шумите поради пукање на дрвата и во планините поради можните лавини.

Во прекин е сообраќајот на голем дел од регионалните патишта и некои од железничките пруги, па меѓународните возови сообраќаат со задоцнувања, а и локалниот автобуски превоз се одвива со големи тешкотии.


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 04-Feb-2014 at 20:16

http://www.tmar.biz/arhiva_mahatma/mahatma1/nauka%20nikola%20tesla.htm

 

го постирам истото видео дупло со интенција да посочам дека чоек треба дупло да отвори очи за она што се' не чека, и тоа скоро, та ако досега бељата беше само во метанот и цо2-то сега веќе замина и во чекмеџето на војските, што пак со фактор 10 ја зголемува можноста од скора катаклизма, за која ни најразвиените не се подготвени а не па останатите, да причекаме па да видиме како и што ќе дочекаме или испратиме, многу ќе жалат по постојниот веј оф лајф и комфор без граници Bash

 





Edited by +Protagorist - 16-Oct-2014 at 14:44
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 05-Feb-2014 at 16:03
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 11-Feb-2014 at 17:48

impresivno deluva na set strav od globalno zatopluvanje privremenovo zaladuvanje, cinam seuste se zaledeni amerite, skrzavi ne sakaat da im pustat sneg na rusite :-X

Climate Scientist Who Got It Right Predicts 20 More Years of Global Cooling - http://m.cnsnews.com/news/article/barbara-hollingsworth/climate-scientist-who-got-it-right-predicts-20-more-years-global

http://icecap.us/
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 15-Feb-2014 at 13:31

Годинава ќе биде најтопла во историјата!? - 14.02.2014

Научниците веруваат дека 2014 година ќе биде најтопла година некогаш забележана на планетата Земја, затоа што, како што велат Ел Нињо, глобалниот атмосферско-океански феномен, изгледа е подготвен да исфрли огромни количини топлина во атмосферата

Имено, Ел Нињо претставува силно температурно бранување на површината на источниот Пацифик, кое има големо влијание на временските прилики и може да направи климатски хаос ширум светот.

Германските научници сметаат дека е можно да се прогнозира однесувањето на Ел Нињо, една година однапред, меѓутоа, како што температурата на водата е под влијание на ветровите, кои дуваат преку екваторот, прогнозите се ограничени на шест месеци. Тие тврдат дека нивниот метод прецизно предвидел отсуство на оваа појава во изминатите две години, па е малку веројатно дека ќе се оствари нивното предвидување дека Ел Нињо се очекува на крајот на 2014 година.

Би требало да се споменат мислењата на експертите од оваа област, кои се поделени. Едни велат дека овие методи се застарени и дека се користат од 80-тите или 90-тите години, додека другите велат дека шансата да се појави Ел Нињо со сигурност постои, но не би можел да тврди дека тоа навистина ќе се случи.

Она околу што научниците се сложуваат е дека Земјата секои десет години ќе биде погодена од разорни суши и незапаметени пожари, шансите таа година да е токму оваа, наводно е 75%.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.aspx?vestId=31028&r=11&t=&p=true#.Uv9bcLuXsn0





HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 13-Mar-2014 at 16:30

airlija a moze i kje otvorat fabrika za kajchina otkako kje go napravat ploven vardar

Македонија прва во регионот го изработи Третиот план за климатски промени

Македонија го изработи Третиот национален план за климатски промени со што стана првата земја во регионот што има изработено трет ваков документ. Во него се содржани препораки и мерки за адаптација кон климатските промени и обезбедување на зелен развој на локално, државно и регионално ниво.

Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој е и претседавач на Советот за одржлив развој, енергетската политика и политиката на здрава животна средина се еден од приоритетите на македонската Влада.

- Прашањето за климатските промени и одржливиот развој се високо на политичката агенда на Владата. Ефикасната и амбициозна цел за заштита на животната средина претставува суштински дел за модернизацијата на економијата на локално, државно и регионално ниво. Свесни сме за предизвиците во оваа област кои произлегуваат од нашиот кандидатски статус за полноправно членство во ЕУ и посветени сме на исполнување на обврските, истакна вицепремиерот Пешевски.

Тој најави дека предлог мерките ќе бидат усогласени со целите на идната стратегија за енергетика со што ќе се одговори на препораката од последниот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.

Меѓу другото од активностите што ќе се реализираат, планирано е да се инсталираат системи за мониторинг на потрошувачката на енергија во 17 компании, да се понуди можност за поддршка на проекти за енергетска ефикасност во најмалку шест компании и да се спроведат обуки.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски оцени дека документот претставува чекор напред во зголемувањето на клучните сознанија за подготвеноста на државата да се справи со предизвиците од климатските промени.

- Квалитетот на самиот документ е на многу високо ниво и ги покрива сите аспекти поврзани со климатските промени кои се специфични за Македонија. Тематските извештаи се резултат на сеопфатни анализи кои ги правеа релевантни научни и стручни институции како што се Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали на МАНУ и УХРМ, релевантни експерти помогнати од стручни лица од министерствата. А изработката на документот за сите поглавја беше следена и финално одобрена од Националниот комитет за климатски промени, посочи Темелковски.

Податоците говорат дека сегашните емисии на стакленички гасови на глобално ниво се за 14 проценти повисоки од оние што според пресметките би требало да се постигнат во 2020 година.

Третиот национален план за климатски промени е усвоен од страна на Владата на 27 јануари годинава.

Македонија го усвои Првиот национален планво 2003 годинам, а Вториот веќе во 2008 годинa.

http://sitel.com.mk/mk/makedonija-prva-vo-regionot-go-izraboti-tretiot-plan-za-klimatski-promeni
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 20-Jun-2014 at 22:14

od najtoplata godina najavena vo predposledniot post za sega ko balkan samo mrazoi i poplavi dochekavme, ta posle ciklonot tamara v Srbija [1] sega zrtvi i od ciklonot faust vo Bugarija [2][3]

na posledniov link sajtot ima dosta praktichna interaktivna mapa

http://www.wunderground.com/global/Region/EU/2xJetStream.html

¬

patem vo kontekst vremenskiove muabeti koj veli deka meteorolozite ne se ekoloshki raspolozeni

http://www.crometeo.net/phpbb/viewforum.php?f=32


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 03-Jul-2014 at 22:50

ако рисот опфаќа волкава територијаод 300км2, по логика на нештата џец бошков мост и луково поле воопшто нема да му пречат како појава, иако еколошки земено паметно е цела Македонија да се прогласи за национален парк, а какви и да се индустриски или градежни интервенции да бидат наклонети кон биодиверзитетот воедно, односно посебен акцент да отпаѓа на екологија на локалната флора и фауна, нека ги изградат централите пример од природни материјали, а евентуално бучавата нека ја пригушат со вештачки материјали итн.



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 10-Aug-2014 at 16:21

ima eden dubiozen predlog od Viktor Trifunovski eks capitalism.blog.com.mk preku negovata vtora strana [1] a vo stil na Neno-blogatash [2] preku koj saka da dade ekpresno reshenie za samoodrzlivost na makedonskiot (balkanskiot) Ris nalik restoranski specijalitet, i iako po taa logika i ohridskata pastrmka moze da se kaze deka kurtuli, odnosno stignuva na meni preku ribnik a ne ezero... no i da dobie nekoj dozvola da razmnozuva divi zivotni za kasapnica, sepak onie shto se vo divinata treba da bidat zashtiteni so zakon i ponataka, problemot e shto lovokradcite i ponataka kje slinat po zabranet divech, zatoa pedoloshki merki i ponataka kje treba, samo prashanje e dali ko takvi kje bidat efektivni t.e. i za kilo treva choek moze da legne 5 godini zatvor pa pak narod shverca ako ima drzi cena, da e ushte posmeshno 10 pati pomala vo odnos na risot

zatoa chare e da ja krenat kaznata za risot na deset godini, taman i zaradi toa dosta narod kje se pishmani od lovechki ambicii, a so toa i kje se stesni prostorot da od sekoe brdo se pravi lovechka zona [3]

За да го спасиме рисот, треба комплетно да го комерцијализираме - Čet, 17/07/2014

Деновиве ја гледам акцијата за заштита на рисот во Македонија. Заштитата подразбира драконски казни за сите оние кои вршат одстрел или било каков друг лов на оваа дивеч, односно информирање на поголемиот дел од јавноста дека животното е на работ на истребување, и дека секоја единка е многу важна за понатамошно одржување на овој вид. Ваквите и слични методи се покажаа како неуспешни во однос на Сибирскиот Тигар во Азија, и Црниот Носорог во Африка. Строгите закони во корумпирани држави само ја зголемуваат цената на бараните животни, со што се зголемува интересот на ловокрадците. Така животните страдаат уште повеќе, додека заработката од нелегалниот лов е уште поголема.

Од друга страна се поставува прашањето: Дали е денес возможно исчезнувањето молзните крави, на кокошките, мерино овците, свињите, зајаците, камилите, итн? Се разбира, НЕ!

Тоа се животни кои човекот комерцијално ги искористува, без кои би бил погладен, послабо облечен, или во секој случај посиромашен. Значи комерцијализацијата создала услови за одредени животниски видови, не само да не исчезнат, туку и значително да се рашират низ целиот свет. Новинарот Џон Стозел (John Stossel) од FOX NEWS, зборува за ваков пример со Сибирските Тигри во Кина. Неговата емисија чие видео можете да го видите подолу, започнува со идеата ДОКОЛКУ САКАМЕ ДА ГИ СПАСИМЕ ТИГРИТЕ, АЈДЕ ДА ПОЧНЕМЕ ДА ГИ ЈАДЕМЕ

Примерот говори за неколку фарми во Кина кои се занимаваат со одгледување на Сибирски Тигри, кои понатаму се користат не само како храна, туку и во кинеската традиционална медицина, односно за легално продавање на нивното крзно. Успехот е фантастичен!

Без строги закони и прогонства од државата, приватниот сектор отвора се повеќе и повеќе фарми за одгледување на Сибирски Тигри, нивниот број се дуплира на секои две години, цената расте побрзо од производството, така што очигледно дека се работи за просперитетен и долгорочно одржлив бизнис од кој корист имаат и инвеститорите, и купувачите, па на крајот и мајката природа.

Вториот пример зборува за лавовите во Африка, кои се исто така загрозен вид. Но наместо за исхрана, лавовите овде се ловечки трофеи за чии одстрел ловците плаќаат од 20.000 до 30.000 американски долари (зависно од големината на трофејот, сместувањето и другите поволности кои ги добива ловецот). Моментално во Боцвана и Кенија никнуваат се повеќе ловни резервати каде бројот на лавовите расте со голема брзина, профитите се астрономски, додека се повисоки се и платите кои ги добива локалното население вработено во ловните резервати. Лавовите комплетно се одгледуваат во заробеништво, а се пуштаат во природа неколку недели пред договорениот одстрел.

Од прилика ова се решенијата со кои би биле спасени и Predator-A македонските рисови, односно сигурно би бил зголемен нивниот број. Не верувам дека некој би јадел месо од рис, ама верувам дека има многу заинтерсирани за негов одстрел, или евентуално за неговото крзно. Па бидејки имаме нов закон за ловство кој одредува приватни концесионери на македонските ловишта, еве една добра бизнис идеа. Да се донесе закон кој на концесионерите би им овозможувал држење во заробеништво и плански одстрел на македонскиот рис, како и неограничено располагање со деловите на неговото тело (коски, крзно, месо, итн). Па понатаму цената нека си ја одредуваат оние кои нудат одстрел, и оние на кои одстрел им е потребен. Бројот на рисови сигурно ќе порасне драстично без државата да држи лекции по зоологија на јавни места.

Нека живее македонскиот рис, и тоа во што поголем број. Но неговиот спас е во приватниот сектор, а не во високите казни на државните институции.

http://www.slobodaiprosperitet.tv/aggregator/sources/5



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.