build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Дизел локомотиви

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 03-Jan-2015 at 01:48
Точно е, ама за викендите барем да оди 661 до Битола, шпанците неможат да одговорат(а верувам дека и кинеските уште помалце), посебно кога се бесплатните викенди за студентите, ко сардини сме наредени внатре Една 661 со 4-5 вагони го решава проблемот додуша и состојбата со патничките вагони е катастрофа претпоставувам, се случува од Кочани за Скопје да влече маневарка со еден вагон што е смешно
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 03-Jan-2015 at 19:06
Originally posted by zookisk

Originally posted by Daniel1122

Значи наскоро веќе нема да ги гледаме 661 на патничките возови ...


Нема ни потреба 661 да бидат на патнички возови кога ќе стигнат новите гарнитури затоа што споредбата во потрошувачката на гориво е голема...еве само еден пример...Дизел-моторна гарнитура серија 712 на релација Скопје-Битола-Скопје троши околу 400 литри гориво а локомотива серија 661 на релација Скопје-Битола-Скопје троши околу 1500 литри гориво...значи новите дизел-моторни гарнитури би трошеле уште помалку од сегашниве дизел-моторни гарнитури т.н шпанци...


Споредбава ти е еднострана: ја споредуваш само потрошувачката на гориво.

За подобра илустрација, ќе наведам дека во некои не така минати времиња, во текот од ‘80-тите години, една „кенединка„ влечеше по 8 вагони на релација Скопје-Битола-Скопје, па обиди се да споредиш колку патници се пренесуваат со 8 вагони а колку со еден или два „шпанци„ во запрега, наспроти потрошеното гориво по една возна гарнитура.

„Кенединките„ навистина трошат, но тоа се модели од доцни ‘50-ти години и направени се за да бидат јаки, универзални и трајни, наменети и за патнички и за теретен сообраќај, како што и биле потребите од тогашната ЈЖ во намерата да ја замени парната влеча со (тогаш) посовремена и дизелска.

На нагорнината пред станицата Ореше, една „кенединка„ влече воз со леснотија и без откажување на сред пат (помеѓу тинелите) што беше а и сега е чест случај со „шпанците„, ради што беа отстранети од сообраќај со години.

Лично, можам само да жалам по „кенединките„, доколу власта реши да се отараса од нив.

Да сме живи и здрави па да видиме како ќе се покажат „кинезите„ на наведениот дел од пругата од Велес кон Битола.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1071
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 03-Jan-2015 at 23:36
Не знам колку беше капацитетот на планираните кинески гарнитури, ама имаме и слики овде и реакции општо од патници каква гужва е со Макосите.Капацитетот ако добро се сеќавам им е околу 150 седишта, т.е. околу 2 и пол вагони од класичните гарнитури во груба споредба.
Бесплатни пензионерски и студентски превоз во комбинација без 661 само дополнително влијаат на поголем хаос.
Предноста во капацитет на 661 + вагони е неспорен, ако паметно работат со цените и понудат почести тргнувања, ќе гледаме и поголем број вагони како до пред некоја година, АМА...
Настрана од целиот шмек на патување со 661, барем за дел од нас.

Edited by Тркало - 03-Jan-2015 at 23:40
Back to Top
11111 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Jan-2015
Location: tetovo
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote 11111 Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 04-Jan-2015 at 00:25
Ајде за Битола ами за делницата од Гостивар до Кичево има успон од околу 22 промила.Тука 661 искачува ко ништо,а шпанците тука умираа од жешко па ги ладеа околу 30 минути истално каснеше,a маневарчите беа бетер и од шпанците стално се расипуваа .Ако овие "новите "трошат уште помалу незна што ќе биде????????

Edited by 11111 - 04-Jan-2015 at 00:42
Back to Top
11111 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Jan-2015
Location: tetovo
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote 11111 Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 04-Jan-2015 at 00:27
И незман што се случува со 661-234 и што е проблемот на 661-236 и 661-146 со парното греење.Овие две машини лани работеа во полна пара.Сега 661-146 постојано е во Кичево и оди без парно грење на -20.Покрај тоа ја укинаа и пладневната линија.Што е тоа што неможе да се оправи генераторот за пареа???????


Edited by 11111 - 04-Jan-2015 at 00:44
Back to Top
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 04-Jan-2015 at 01:20
Најдов дека новите дизел гарнитури ќе имаат капацитет 150 - 200. Тоа би било доволно за деновите пон-петок ама за викенди тешко. Незнам колкава ќе им биде моќноста(неможам да ги најдам моделите на гарнитурите) и други карактеристики за да се види дали ќе можат да ги качуваат споменатите угорнини. Гледам видеа и слики од пред 4-5 години на Кенеди прикачени по 5-6 вагони за возовите до Битола сега три најчесто... Како и да е се надевам дека ќе се зачуваат дел од 661 локомотивите(Србија дел од нивните 661 ги модернизираше во Гредељ). А тоа дека патувањето со 661 е посебно, тоа е неспорно
Back to Top
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 04-Jan-2015 at 01:48
Дури и Горбачов гарнитурите кои се поголеми од шпанците се преполни за викенди...
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 04-Jan-2015 at 10:02
А зошто возовите се преполни само кога е бесплатно? Зошто во обични викенди или обични работни денови не е така? Или кога се плаќа тогаш се користи автобускиот превоз а кога е бесплатно се патува со воз? И после гужва имало?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1071
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 04-Jan-2015 at 12:20
Originally posted by zookisk

А зошто возовите се преполни само кога е бесплатно? Зошто во обични викенди или обични работни денови не е така? Или кога се плаќа тогаш се користи автобускиот превоз а кога е бесплатно се патува со воз? И после гужва имало?


Поради имањето избор кај автобускиот превоз и огромната нефлексибилност кај МЖ

1.Колку пати дневно имаме превоз од Скопје кон Битола / Кичево / Кочани / Гевгелија / Куманово и обратно со автобус, а колку со воз?

Со дополнување дека цената е секогаш повисока кај автобуските превозници и секогаш се супер пополнети.
А често одат и по 3-4 (200 патници) полни возила во недела навечер/понеделник сабајле и четврток / петок попладне.

Eве за СК-БТ автобуски опции:
04:15, 06:00, 07:00, 09:00, 11:00, 12:30, 13:30, 14:30, 15:00, 15:30 (и преку Прилеп и преку Кичево/Д. Хисар), 16:30, 17:00, 19:00, 21:00
Плус уште десетина линии до Прилеп (Пелагонија и крушевските превозници).

15 тргнувања дневно до БТ (25 до ПП) наспроти 3 воза и распон од 4 сабајле до 9 навечер

Истотака кога зборуваме за попусти и бесплатен превоз добро е да имаме во предвид дека за студентите е само еднаш неделно или месечно во четврток (не знам точно), а за пензионерите секој втор викенд ...
Нека бидат во секој ден добри попусти (не целосно бесплатно) или бесплатно на одредени сатници кога одат помал број патници (ако постојат статистички оддели во МЖ, се сомневам).
Вака со еден ден бесплатно не им е од помош ни на студентите ни на другите патници.

2.Колку време е патувањето со автобус и воз во споредба на наведените делници?(единствена предност е кај Пелагонија Експрес во однос на автобусите, ама сите други не се експресни линии)
Куманово А:30-40 мин. / В: 45 мин. (експрес 30)
Битола А:3:15-3:30 / В:3:30 минимум (Пелагонија Експрес 2:40)
Кочани А:2:30 (директна 1:55)/ В: 2:45

3.Ако некој од Скопје имал потреба за завршување некаква работа во судот во Кочани (пример), каков му е изборот за тргнување рано сабајле од Скопје и враќање кај 15:30 - 16:00 попладнето?
Исто и за Кичево.

4.Кај отидоа двата локални воза Битола - Прилеп и обратно?
Не е ништо страшно да возиш локална линија меѓу две места со голема дневна миграција, имаш мал милион диви таксисти (барем 30-40 различни возила од лично искуство) плус редовните линии...

5.Зошто во понеделник сабајле, петок и недела попладне одеа по 3-4 вагони, а во недела сабајле или вторник,среда се пуштаа и по 7 вагони.Зборувам од лично искуство.

Доколку во МЖ (и во сите други државни институции) дојдат барем малку посериозни луѓе, можна е промена.

Директни линии Куманово - Битола / Куманово - Гевгелија (преку ТЦ) и Куманово - Кичево (можност преку Маџари, Скопје Север и Ѓорче Петров), без сецкања најмалку по 4 пати дневно

Опција Кочани - Кичево или Гевгелија - Кичево 2 пати дневно во комбинација едната да е директна другата со (кратко) преседнување во Велес

Два пати дневно Кочани - Битола и обратно во комбинација со Гевгелија (кратко преседнување во Скопје)

Линиите Велес - Скопје нека одат до Ѓорче Петров и Волково со почести фреквенции, секако доста Велешани работат низ цело Скопје, не само околу ТЦ
АМА...


Edited by Тркало - 04-Jan-2015 at 12:36
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2352
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 04-Jan-2015 at 12:43
Originally posted by zookisk

А зошто возовите се преполни само кога е бесплатно? Зошто во обични викенди или обични работни денови не е така? Или кога се плаќа тогаш се користи автобускиот превоз а кога е бесплатно се патува со воз? И после гужва имало?


Немој да поставуваш непромислени прашања.

Еве што напишал ВОЈАN:

Трагајќи по други информации што ми се неопходни, случајно го пронајдов возниот ред за 1983 година на тогашното ЖТП-Скопје. Делува импресивно и неверојатно колку возови поаѓале тогаш од Железничката станица Скопје. Еве инфо:

Скопје-Белград: 9.30(е), 9.55(б), 11.35(е), 14.45(б), 20.55(б), 21.10(е), 22.05(б).
Скопје-Ниш: 7.15(п), 9.30(е), 9.55(б), 11.35(е), 11.45(б), 17.35(п), 20.55(б), 22.05(б).
Скопје-Косово Поле: 11.30(п), 15.50(б), 21.10(е), 21.48(б).
Скопје-Љубљана: 9.30(е), 11.35(е), 20.55(б), 21.10(е).
Скопје-Солун-Атина: 9.00(е), 17:17(е), 22:43(е).
Скопје-Венеција-Трст: 11.35(е).
Скопје-Минхен: 21:10(е).
Скопје-Минхен-Келн-Дортмунд: 9.30(е).

Скопје-Битола: 2:50(м), 6.00(м), 8.00(б), 11.05(м), 14.32(м), 17.07(м).
Скопје-Гевгелија: 6.00(м), 9.00(е), 15.20(м), 17.17(е), 22:43(е).
Скопје-Кичево: 2.42(ш), 6.31(ш), 8.10(п), 11.06(м), 13.22(п), 15.05(м), 18.06(м), 21.30(м)
Скопје-Кочани: 1.00(м), 15.20(м).
Скопје-Титов Велес: 2.50(м), 5.30(м), 6.00(м), 7.37(ш), 8.00(б), 9.00(е), 11.05(м), 14.32(м), 15.20(м), 17.07(м), 17.17(е), 17.57(ш), 20.30(ш), 22.43(е).
Скопје-Куманово: 2.54(ш), 5.24(ш), 7.15(п), 9.30(е), 9.55(б), 11.35(е), 11.47(п), 14.45(б), 15:00(ш), 17.30(п), 19:00(ш), 20.55(б), 22.05(б), 22:52(ш).

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 04-Jan-2015 at 13:43
Originally posted by phenomenon

...возниот ред за 1983 година на тогашното ЖТП-Скопје. Делува импресивно и неверојатно колку возови поаѓале тогаш од Железничката станица Скопје...

И покрај тоа што неколку возови се повеќепати впишани во наведениов возен ред (дуплирани), навистина се гледа дека имало многу повеќе тргнувања.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 04-Jan-2015 at 14:19
Целосно се сложувам со претходните два-три поста. Некој што патува од Кочани Куманово Кичево Тетово итн се приморани да патуваат со автобус заради малиот број на линии и каснењето на возовите. Единствена шанса за железницата е пониските цени на билетите и поголемиот број на линии. Тоа што е голема гужва за време на бесплатните викенд(гужва и во останатите викенди бидејќи секој викенд се враќам до Велес со воз) е нормално, секој гледа да си помине поевтино. Доколку се би било во ред патувањето со воз за мене е мн поудобно дури и со нашиве стари гарнитури и вагони ама немањето на греење каснењето итн си го прават своето. И мислам дека треба да има повеке директни линии како Скопје Битола пр. Гевгелија Скопје итн. Би се стасувало мн побрзо о
Back to Top
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 04-Jan-2015 at 14:19
Би се стасувало мн побрзо одколку со автобус. Скопје Велес со Пелагонија е 30 мин со автобус е 45 ...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 05-Jan-2015 at 18:17
Парни генератори се цивилизациска придобивка која веќе неколку децении е испратена во музеите, освен во Србија и кај нас. Не знам зошто, но претпоставувам дека има само две дизел локомотиви со парно бидејќи не ни можат да се поправат парните генератори.

Од дизел локомотивите е сигурно дека нема да се откажеме. Товарниот сообраќај и понатаму ќе се вози со нив, така што мислам дека нивната бројка од 8 до 10 локомотиви ќе остане. Тие повеќе нема да возат на патничките возови.

Проблемот ќе се јави во наредниов период од два-три месеци бидејќи со две локомотиви не е можно да се покријат сите линии.

Она што е важно да се зачуваат Шпанците и за наредниот период. Со само 4 нови дизел моторни гарнитури што ќе стигнат наредниов период нема шанси да се покријат ниту постоечките поаѓања, а камоли да се воспостават нови возови. А кон одредени релации, особено кон Кичево и Битола (тука секогаш имало патници), ми се чини дека се неопходни нови поаѓања.
Back to Top
11111 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Jan-2015
Location: tetovo
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote 11111 Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 06-Jan-2015 at 00:27
дали би биле добри да се набават руски моторни гарнитури како што ги има во Србија серија  ZS 711 ,слични се со нашиве шпанци.Има два мотора со снага од по 380 КW.

Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 06-Jan-2015 at 15:41
„Русите„ не се покажаа во позитивно светло, а нашата власт веќе има нарачно „кинези„.

Дилемата ми е: кои возови ќе бидат понеквалитетни?
Back to Top
Daniel1122 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 26-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Daniel1122 Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 06-Jan-2015 at 16:32
Најголем проблем со сите гарнитури е што се со мал капацитет 150-200 седишта. Сите се со две погонски единици и најчесто еден дел меѓу нив. Мислам дека е малце тоа за воз што мине низ три града...
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 06-Jan-2015 at 17:11
Колку ми е познато од форумиве за возољубители, економски исплатлива возна гарнитура треба да има можност за превоз за барем 200 патници. Можноста за формирање „запрега„ од 2 и 3 гарнитури си постои. Со оглед на „големината„ од нашава земја, не е логична набавка на поопремени гарнитури за превоз на патници.

Дури и овие кои се нарачани, во ентериерот личат на трамваи а не на возови...Unhappy...што значи дека се работи за возови кои се произведени за транспорт на кратки релации, до 200км, не повеќе.

Edited by MIKI1 - 06-Jan-2015 at 17:12
Back to Top
11111 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Jan-2015
Location: tetovo
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote 11111 Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 07-Jan-2015 at 00:53
и какви и да се жалам што не се со купиња оти и познатсва се стекнуваат,си правиш муабет со познат да си изгасниш светло да дремнеш поготово насабајле а и се погодени за семејни патувања.Овие новие како во автобус
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 07-Jan-2015 at 12:20
Originally posted by 11111

и какви и да се жалам што не се со купиња оти и познатсва се стекнуваат,си правиш муабет со познат да си изгасниш светло.


А во кушет вагоните можеш и купето да си го заклучиш одвнатре и раат си
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.