build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Илинден

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 36>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16881
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар Илинден
    Posted: 20-Jun-2021 at 09:08
Пробивањето на „Илинденска“ до Ѓорче Петров останува нереализиран проект на хартија



Во изборната програма со која победи на локалните избори актуелниот градоначалник ветуваше дека Градот Скопје ќе го продолжи булеварот „Илинден“ до Ѓорче Петров и со тоа жителите на оваа скопска населба ќе бидат поврзани со остатокот од градот. Скопскиот градоначалник е на крајот на својот мандат, но овој проект се уште не е започнат.

„Обиколницата на градот Скопје е изградена за да го релаксира сообраќајот во градот, но до ден денес не се постигнати очекуваните резултати. Една од основните причини е нејзината оддалеченост и нејзината непристапност од повеќе локации на градот. Пробивањето на булеварот „Илинденска“, со мост над реката Вардар, кон „Ѓорче Петров“, и поврзувањето со обиколницата, ќе обезбеди нејзина поголема искористеност. Жителите на населбите „Даме Груев“, „Ново село“, „Кисела Јабука“ и Волково, во рамките на општината „Ѓорче Петров“, ќе се поврзат со општината Карпош и полесно сообраќајно ќе комуницираат со центарот на градот и со неговите содржини. Сите граѓани имаат право да бидат поврзани„, стои во програмата на градоначалникот.

На оваа тема деновиве анализираше и „Вистиномер“ кој е сервис за провери на факти.

Две години по доаѓањето на градоначалничката функција Шилегов се откажа од пробивањето на „Илинденска“. Тој во декември 2019 година изјави дека „пробивањето на „Илинденска“ е возможно само ако Градот најде пари – што е многу тешко, да се направи висечки мост долг 350 метри, а тоа пак, нема економска логика поради постоењето на бунарите на Лепенец, се вели во нивната анализа.

Деновиве и опозициската ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше Шилегов дека не го исполнил ветувњето за пробивање на „Илинденска“ кон Ѓорче Петров.

„Овде требаше да поминува продолжувањето на булевар Илинден, и да завршува кај обиколница, тука нема ништо, реагираше Ирена Попова, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека Шилегов ветувал решавање на сообраќајниот метеж кој се создава на влезот во Скопје кај Сарај со изградба на нов кружен тек, изградба на голем железнички надвозник во населбата Даме Груев и поврзување на велосипедските патеки со Вардар и реката Лепенец со останатите во градот. Шилегов ветувал и нови велосипедски патеки на жителите на Ѓорче Петров, Даме Груев и Волково.

Скопјани и ѓорчепетровци добија само ветувања од Шилегов и ова се сведе само на лаги, заклучи Попова.

https://skopjeinfo.mk/probivanjeto-na-ilindenska-do-gjorche-petrov-ostanuva-nerealiziran-proekt-na-hartija
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Jan-2021 at 16:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Jan-2021 at 01:31

Ако не грешам сите бунари се наоѓаат во засегнатото подрачје - бунарите Лепенец се на западниот брег на Вардар, а бунарите Нерези се на источниот, со што сите се теоретски загрозени од изградба на мостов.

На сајтот на Водовод ја најдов оваа информација:
Главни објекти на системот за производство и за дистрибуција на вода за Град Скопје се: изворот Рашче, бунарските подрачја Нерези и Лепенец, хлоринаторски станици, препумпни станици, хидрофори, резервоари и водоводна мрежа. Потребите за вода за Град Скопје скоро во целост се обезбедуваат од изворот Рашче кој се состои од две Каптажи Рашче 1 и Рашче 2, со вкупен инсталиран капацитет од 6 м3/во секунда односно 6000 литри/во секунда. Поради енормната потрошувачка на вода во летниот период и покрај обилниот капацитет на изворот Рашче може да се појави потреба од активирање на бунарските подрачја Нерези и Лепенец. Бунарското подрачје Нерези се состои од 4 (четири) бунари, кои се со капацитет од 0,76 м3/во секунда. Бунарското подрачје Лепенец се состои од 3 (три) бунари, кои се со капацитет од 0.69 м3/во секунда.


Значи:

Извор Рашче 6 m³/s   односно 80,5 %
Бунари Нерези + Лепенец 1,45 m³/s   односно 19,5 %


Ова не е мал процент што се обезбедува од бунарите, но треба да се земе во предвид дека се активирале по потреба само во летен период, а и дека таа вода сигурно не е со ист квалитет како водата од Рашче.

Останува и прашањето за тоа колкав и каков ризик за овие бунари претставува мостот... Дали веројатноста за последици е занемарлива/мала/голема? А во случај на последици дали би се очекувале ограничени ефекти или катастрофални нарушувања?

Во секој случај со бунарите не треба да се играат играчки, ниту да се прават легалистички акробации, преседани и slippery slope, што можат во други случаи да ни се треснат од глава многу посилно (ова во контекст на предлогот на user8642). Но мислам дека има добра алтернатива и треба да се обидеме да обезбедиме услови во кои заштитата ќе се тргне по нормален пат, а истовремено да се елиминира ризикот дека ќе се загрози водоснабдувањето на Скопје. Еве ја во кратки црти идејата:

Обичен мост чии темели потенцијално би ги загрозиле бунарите би чинел неколку милиони евра. Висечки мост со распон од 350+ метри би чинел многукратно повеќе. Проценкиве се многу груби, но јасно е дека разликата е огромна и дека се движи во десетици милиони евра. Во рамките на оваа разлика имаме простор да изиграме паметно - од една страна да се обезбеди цврста основа за укинување на првата заштитна зона, а од друга страна да не влегуваме слепо во огромна инвестиција за висечки мост кој најверојатно воопшто не е потребен.


Имено, ПРВИОТ ЧЕКОР e да се најде и испроектира квалитетно алтернативно решение за бунарите Лепенец/Нерези, кое ќе може да се изгради во разумно брз рок. Дали ќе бидат тоа некои други бунари, дали ќе се зафаќа вода од некои извори и рекички во скопскиот регион, дали ќе биде некава акумулација, или нешто 18-то, тоа не знам но сигурно има кој знае. Скопје е опкружено со планини, дури и „Мокра Планина“ (што не за џабе се вика така) ни е во дворот, така што опции има. Во рамки на разликата на чинење помеѓу обичен и висечки мост (а претпоставувам и значително помалку од тоа) сигурно може да се најде решение кое ќе обезбедува:

- барем 1,45 m³/s
- барем 3-4 месеци во годината
- барем со ист квалитет како бунарите Лепенец/Нерези.


ВТОРИОТ ЧЕКОР би се направил кога Градот ќе биде финансиски спремен да ја обезбеди сумата потребна за реализација на алтернативното водоснабдително решение. Таа сума тогаш, како еден вид гаранција за водоснабдувањето, би се инвестирала во најбезбедни можни финансиски инструменти (lowest risk & lowest rate of return). Врз база на таа гаранција, би се укинала или модификувала заштитата на бунарите, а на терен би почнала изградбата на обичен мост. Ситуацијата со издашноста и со квалитетот на водата од бунарите Лепенец/Нерези највнимателно би се следела. Мостот би го добиле многу порано отколку некаков висечки мост. Доколку во даден временски период не се јават проблеми со бунарите, тие ќе си останат во функција, а Градот ќе си ги повлече парите што стоеле како гаранција (чиста заштеда во случајов), па со нив ќе може да се финансираат други проекти.

Проектот за водоснабдителната алтернатива би останал како бонус, спремен да се реализира во брз рок ако некогаш се јави потреба при некакви околности (значително зголемување на потребите за вода во иднина, или намалување на издашноста на Рашче ради климатските промени и слично).



Во најлош случај - ТРЕТ ЧЕКОР. Доколку при изградбата на обичен мост се регистрираат загрижувачки параметри кај бунарите, со парите од „гаранцијата“ веднаш би почнала реализацијата на спремниот проект за алтернативно водоснабдување. Не сум стручен, но и во најцрно сценарио сигурно нема да мора бунарите преку ноќ сите и целосно да ги отпишеме, па се што би требало да се направи е решението за алтернативата да може да биде изводливо во рамки на некој претходно пресметан „грејс-период“ што би го имале во најцрното сценарио. Дури и во овој случај, веројатно ќе имаме солидна заштеда на финансии (во споредба со изградба на висечки мост), а бунарите Лепенец/Нерези сепак ќе останат како извор на вода, бидејќи ако се наруши квалитетот па дури и издашноста, сепак ќе може таа вода да се искористи за други намени.



Ова што го предлагам може и да се модифицира, да се прилагоди... Можеби може ситуацијата да се реши и по некој друг, подобар пат. Но важно е никако да не се избрзува со заклучок дека мора да се гради висечки мост и после да го чекаме 30 години и да го платиме цело богатство. Комарец на ѕид може да се утепа и со базука, ама не е баш најдобар начин... Нека најдат подобра алтернатива!



Edited by Cloverstack - 25-Jan-2021 at 03:05
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2666
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Jan-2021 at 22:29
Значи мора меѓу кулите, на ул. Вич да поминува, а преку река низ куќите. Не.
Нека се изгради остатокот од сообраќајната мрежа на градов, па ќе се види дали стварно треба мост тука, дали требаат 4 или 6 ленти (ако е огромна ценовната разлика) и како најдобро да се реши тој.

А темели за мост не се темели за штала, па армијата да си ископа дупка, да стави арматура и бетон, и после да кажеме дека има темели и може да се догради мостот. Мора проект, па ова, па она...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Jan-2021 at 14:23

Originally posted by Staro Skopje

До каде точно е заштитена зона, може ли малку повеќе да се помести мостот на југ за да се избегне?


Прва заштитна зона се површините со портокалови граници:



извор:
https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/PURS_LEPENEC.pdf
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1877
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Jan-2021 at 14:18
Па секој држава во еден период од историјата немала искуство со висечки мост, не е тоа оправдние. И Турција немаше искуство пред десетина години, па платија "клуч на рака" искуство со јапонски градители, сега имаат веќе неколку и на пат се да го завршат мостот Чанаккале преку Дарданели кој ќе биде со најголем распон меѓу столбови во светот. Негативна страна стварно му е цената и втора негтивна страна му е потребата постојано да биде оддржуван, затегнуван, фарбан заради корозија и слични оперативни работи кои нас не ни се баш јака страна, барем од искуството со мостот Гоце Делчев што го имаме. И стварно е подобро кога се гради подолгорочни решенија кои не захтеваат толку оддржување, односно во овој случај традиционален мост од армирано-бетонска конструкција. Мислам дека може да се свиткаат законите и заштитите во овој случај во интерес на мостот.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2666
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Jan-2021 at 02:46
Висечки мост од 350 метри би чинел колку, 80 милиони евра? И 50 да е, пак е многу.

Ако изградба на обичен мост никако не влијае на изворите, туку само е таму некаде во некоја си зона, најдобро би било законски да се дозволи неговата изградба, но многумина би се бунеле, а би било и лош преседан. Прашањето може и на референдум да оди.

Во секој случај прво треба да се оформи остатокот од сообраќајната мрежа, па после да се види дали и како да се гради мост тука.

Шилегов рече дека Словенија ќе оди до Волково, што значи дека на среден рок, при работа на локалната власт внатрешниот прстен ќе се изради 4/5 (веројатно до ул. Лука Геров), а Илинденска во целост со исклучок на сегментот од ул. Марк Твен до ул. Никола Парапунов. Ако подоцна се изгради и од Твен до ул. Ацо Шопов Љубљанска би можела да биде супститут, но сообраќајот би барал мост и тука, особено со АСНОМ и селење на Клинички во Ѓорче, но не е итно сега да се бара решение.

До каде точно е заштитена зона, може ли малку повеќе да се помести мостот на југ за да се избегне?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1877
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Jan-2021 at 02:15
Ми дојде една идеја, на ивица на законот, ама сепак од оваа страна, како да се изведе мостот на крајот на Илинденска кој беше запрен заради тоа то темелите би потпаднале под прва заштитна зона на изворите на Лепенец. Е сега, според кажување на градоначалникот и градските власт, всушност мост не е директно проблем за изворите но само е дел од првата заштитна зона.

Па така, идејата е следнава. Да се искористи вонредната ситуација, и со уредба на влада со законска сила да се суспендираат законите за заштита на природата и за зашита на оваа зона, на брзинка да се изградат темелите со помош на инженерска единица на АРМ и со внатрешни ресурси на ЈП улици и патишта, геометар да дојде и да направи премер и елаборат во којшто ќе констатира дека темелите постојат, и готово решена работа. После што сака нека биде, све е законски.

После тоа може да падне вонредната ситуација, на терен ќе имаме новосоздадена ситуација према која ќе се прлагодиме во иднина, доброто направено позади нас ќе остане, темели за мост ќе имаме! Секако во целиот процес ќе се пази на изворите, на некој начин ќе ги суспендираме овие глупи закони за заштита кои како камче во кондура сметаат за реализација на проектот. И после тоа може тендери и глупости за доградба на премостувањето на готово темели, и завршена работа.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Oct-2018 at 22:13
Тешко ова во нашиот животен век Да не го зборувам моментот со железничката во Ѓорче после тоа, па едно стотина експропријации, па што не има тука
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2666
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Oct-2018 at 21:52
Во елаборатов ја најдов оваа мапа. За жал нема ништо подетално.


Значи решението би требало да биде вакво нешто. Не знам колку простор има да се спојат висечкиот мост и Ацо Шопов.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Oct-2018 at 21:04

Прв пат ја слушам оваа информација - за проолжување на Илинденска преку Вардар неопходна била изградба на висечки мост со должина од 350-400 метри за да се премостеле и бунарите кај Лепенец.




Edited by Cloverstack - 08-Oct-2018 at 21:05
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 830
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Mar-2018 at 03:34
treba da pochnat so bulevarsko reshenie od drugata strana (od Gjorche) za mostot potoa da bide samo ednistavno logichno povrzuvanje.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2058
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 20-Mar-2018 at 17:20
Што и да е потребно мора да направат. Глупаво е градски булевар да звршува вака слепо. Сигурно е спако но исто така е и корисно и од некаде мора да почнат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Mar-2018 at 21:59
Па мислам дека за нашите власти и мост на Вардар е мисловна именка. Инаку, и јас мислам дека куќите во Влае не се проблем, затоа што трасата оди подесно од последните куќи. Сепак, не треба да заборави покрај овој мост над Вардар, за Илинден да се поврзе со Обиколницата потребен е и вијадукт над железничката станица Ѓорче Петров со 5-6 колосеци
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 19-Mar-2018 at 17:08
Па и не баш мислам дека булеварот продолжува по течението на Лепенец а ги одбегнува куќите кој се на спротивната страна на сликава, едино мислам дека има два објекта на трасата токму после мостот на пресекот со улицата (мислам марк твен) да ми се отвори синтезниот план и ќе погледнам поубаво во ГУП.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2554
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Feb-2014 at 08:56
хех.. најверојатно откога ќе го преоблечат цел Центар (до Рузвелтова) во „барОк“.
Back to Top
cako View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Nov-2012
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote cako Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Feb-2014 at 23:09
Decki, znae li nekoj za koga se planira povrzuvanje na Ilindenska s
o Volkovo t.e. Obikolnica?


Edited by cako - 17-Feb-2014 at 23:10
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Jun-2013 at 10:48
Interceptor design
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Jun-2013 at 07:47
ќе послужи како shortcut на недисциплинираните возачи на кои нема да им се чека на семафор... прашање на време е кога ќе се случи ова (се случува на семафорите кај воена болница)
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2554
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-Jun-2013 at 17:00
Би морале да постават знак дека може да оди само десно или лево.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2023  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.