build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Илинден

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар Илинден
    Posted: 08-Oct-2007 at 12:11
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DE5DDE1A283969428B48CEC206078B37


Градот ќе прави проект за проширување на „Илинденска“ до Карпош 4

Улицата треба да има најмалку 4 ленти, по две во двата правци


Ќе се изработува проект за проширување на „Илинденска“ на потегот од раскрсницата со булеварот „8 Септември“, кај „Александар палас“ до Карпош 4

САЊА НАУМОВСКА

Градските власти ќе изработуваат проект за проширување на улицата „Илинденска“, на потегот од раскрсницата со булеварот „8 Септември“, кај „Александар палас“ до Карпош 4, поточно до местото каде што сега завршува улицата. Според планот, „Илинденска“ треба да има најмалку четири ленти, по две во двата правци, а доколку не се јават поголеми проблеми при експропријацијата на земјиштето, на овој потег е можно и да се направи булеварско решение. Градот веќе има изработен проект за делот од раскрсницата со „8 Септември“ до мостот „Гоце Делчев“, кој треба, исто така, да има четири ленти. Во Градот најавуваат дека ќе бараат измена на решението во ГУП, според кое во тој дел две ленти во правец кон центарот треба да се спуштаат во тунел, бидејќи е компликувано да се направи, а на површината има доволно простор за проширување на улицата.

Новиот проект треба да биде готов најдоцна до пролет, кога и ќе биде направена финансиската конструкција за реализацијата на проширувањето на улицата. Проектот, како што нагласуваат во Градот, ќе биде основа и за аплицирање до европските фондови од каде што, најверојатно, ќе се бараат пари за изградбата.

„Во моментов се разговара со неколку проектантски куќи, меѓу кои и ’Пела проект‘, која го правеше проектот за делот од Владата до ’Александар палас‘. Идеите на архитектите ќе ги имаме до март кога и ќе се знае колку би не' чинело проширувањето на оваа важна сообраќајница“, вели Мичо Поповски, заменик-раководител на Секторот за урбанизам во Град Скопје.

Тој нагласува дека „Илинденска“, заедно со „Гологанов - Циборовски“, „Партизанска“ и особено со новата улица „Словенечка“, треба да биде една од носечките сообраќајници во центарот на Скопје, но и пошироко кон населбите Бардовци и Визбегово. Градските власти информираат и дека во текот на проектирањето нема да се води сметка за подземните инсталации на овој потег за кои нема одобрение од градските власти. Градот нема да преземе одговорност доколку настане оштетување на тие инсталации при изведбата на реконструктивните работи на „Илинденска“. Трошоците за евентуално оштетување, односно дислоцирање на подземните инсталации кои се поставени без соодветното одобрување од страна на градските стручни служби ќе паднат на сметка на лицата што ги поставувале.



Edited by Cloverstack - 08-Oct-2007 at 12:12
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Oct-2007 at 13:50
Очигледно нема спас од глупостите на градските власти... Во основа е добро тоа што ул. Илинденска треба да стане бул. Илинден, ама како ја туркаат работава тоа е друга приказна.


Најпрво да кажам зошто толку се брзаат со Илинденска. Добро сега „брзаат“ не е баш најприкладен збор зашто уште Пенката се силеше долго време на оваа тема, а и на Трифке му е многу драго да ЗБОРУВА што ќе и направел... Ама земајќи во предвид колку не бомбардираат со приказни, човек добива впечаток дека се многу посветени на проектов и во рамките на нивната (не)способност навистина брзаат.

Добро значи вака - Илинденска треба да се продолжи преку Вардар, па после спрема север да се поврзе со обиколницата (клучката кај Лепенец). Ова е многу значајно од повеќе аспекти:
- корисна врска со обиколницата за жителите на неколку населби
- ефикасна втора врска за истите спрема центарот на градот и растоварување на досега единствената врска преку надвозникот кај Ѓорче и понатаму преку мостот Обединети Нации
- создавање услови за развој на планираната индустриска зона покрај Лепенец

Со ова, веќе закрчената Илинденска ќе добие и дополнителен голем пораст во обемот на сообраќај, па автоматски се наметнува и потребата за проширување (барем на најкритичниот дел што гравитира повеќе накај центар).

Главни прашања што се наметнуваат се:
- до каде да се прошири
- колку и како да се прошири
- што да се прави со најпроблематичниот сегмент, влада-фонтана

Во целиот хаос, на градските власти очигледно уште не им е јасно што точно ќе прават, ама продолжуваат да не бомбардираат со најшарени информации за Илинденска секој пола месец. А обиколницата е веќе скоро готова... Дури од фондот засега одбија да ја градат клучката кај Лепенец затоа што нема да поврзува ништо како што стојат работиве. Не знам дали нешто се сменило во меѓувреме на тоа поле.

Туку ај да кажам што точно ми боде очи во овој најнов напис.

1. Многу ме иритира начинот на кој што сакаат да го решат тесното грло (фонтана-влада). Секогаш кога имаат лоши замисли, а ГУП-от им смета да ги спроведат, се посегнува по измена на ГУП-от. Одвратно... Речиси илегално однесување... Па ГУП-от е тука точно за да не можат да го сакатат градот како ќе им прдне! План се прави за да се гради според него, а не обратно!

Инаку го гледам ГУП-от и тој тунел е долг ~500м (излегува одма кај фонтана). Мерев кај влада и го сменив моето мислење дека ќе е многу проблематично да се изведе понирањето таму - сепак има доволно простор.  Ама за жал тоа е далеку од способностите на нашите градски власти (не само финансиски). Па наместо долгорочно и ефикасно решение, тие повторно се решија за лоша импровизација која ќе направи доста штета.
Има место за 4 ленти, ама едвај. Најверојатно ќе мора да ги стеснат и лентите и тротоарите (веројатно барем едното од нив до субстандарни димензии). За дрворед не станува ни збор. Ќе упропастат и нагрдат еден убав дел од градот, а на луѓето ќе им ги донесат автобусите буквално до прозор. И нормално се поставува прашањето зошто двојни аршини? За оние на Теодосиј Гологанов иако немаше никаков проблем, ирационално ја поместија улицата во бестрага, а овие тука треба да се помират со нешто вакво??? Па и трамвајот се мислат да поминувал по таа траса и тоа како замена за главната линнија (што е глупост само по себе). И уште едно прашање ми се наметнува знаејќи како се одвиваат работите кај нас - дали ќе има трага од сообраќајна полиција кога дополнителните ленти на големо ќе почнат да се користат за застанување и паркирање?

2. Што треба да значи ова:

„Илинденска“ треба да има најмалку четири ленти, по две во двата правци, а доколку не се јават поголеми проблеми при експропријацијата на земјиштето, на овој потег е можно и да се направи булеварско решение.

2x2 не е само по себе булеварско решение? Или можеби мислат на централно раздвојување? Се надевам не мислат да ја направат како Првомајска... Брза улица со повеќе ленти, без средишно раздвојување значи само едно - многу страотни сообраќајки со бројни жртви. Ако ова не го знаеа, требаше барем да го научат од Првомајска.

3. Зошто се предимензионира таму каде што не е потребно? 6 ленти кај Карпош 4 ми е надвор од паметот. Сето тоа во време кога има уште милион други проблеми низ градот за кои хронично фали внимание и финансии.

4. Кај се затрчуваат??? Демек завршија со останатото, па сега кројат планови за проширување на дополнителна делница од Илинденска??? Смешно... Згора на се викаат дека проектот ќе бил готов дури на пролет. Тоа би значело дека во нивниот мандат може само театрално да почнат со изградба. Кога навистина ќе биде сето ова готово - којзнае... А обиколницата е скоро готова и напролет треба да се отвори.

5. И за ова ќе барале Европски пари. Пази да не добијат... Не знам од кај им е идејата дека ЕУ ќе ни ги финансира сите проекти (и тоа без разлика колку се лоши). И друго прашање е каде се НАШИТЕ пари. Навистина не сме многу богати, ама сигурно има доволно за во рок од 4 години да се направи повеќе од една бедна импровизирана клучка (Континентал) и проширување на влезот во градска болница...


Со ова темпо сигурен сум дека уште долго нема ништо да биде од оваа работа, освен сеење магла нормално... Во мандатот на Трифун може само да глумат дека нешто навистина прават околу ова. Ама тоа е добро! Трифун што и да фати упропасти до сега. Навистина има малку направено, ама сепак подобро ни тоа да не го правеше. Исто и со Илинденска. Ми останува да се надевам дека наредниот градоначалник ќе биде навистина на ниво и дека меѓудругото ќе ги ревидира глупостите на Трифун па и на Пенов.

На Скопје очајно му треба добар градоначалник во наредниот мандат.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Oct-2007 at 09:09
Se izjasnile li nekoj kandidati?? Zaboraviv koga beshe poslednoto glasanje.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Oct-2007 at 00:57
Nema uste...

Poslednite izbori bea pred dve i pol godini. Ke mora da izdrzime so Trifke uste godina i pol. Ke bide tesko ama mora...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Oct-2007 at 21:50
Морам сепак да се повлечам од моето противење за четири ленти во делот фонтана-влада. На тој простор очигледно нема идеално решение. Двете потенцијално конечни решенија (1.проширување 2.тунел) имаат доста слабости.

Според ГУП-от таму треба да има тунел, тоа е неоспорно. Имам потрошено доста време анализирајќи дали пред влада може добро да се изведе влез во тунелот. Дојдов до заклучок дека може, но дека не е баш сосема добро решение... Главен проблем би претставувало престројување на многу кратко растојание. Голем дел од сообраќајот би имал потреба од такво престројување. Тоа не само што е небезбедно, туку и ќе го намали нормалнот проток на сообраќај таму. Исто така под знак прашалник се градиентите. Можеби не толку многу, но сепак ете уште една потенцијална слабост. Посебно ако се земе во предвид дека ако се остави повеќе простор за престројување (повторно недоволно), ќе се зголемат градиентите на влезот од тунелот. Уште еден помал проблем е дека пожелно е мало проширување на коридорот таму, а тоа најверојатно ќе ги наруши стандардите во димензиите на околните решенија (влез во гаража на влада, тротоари и сл.)

Од друга страна проширувањето на тесното грло до 4 ленти има веќе очигледни слабости. Прво проблем е просторот, а второ проблем е изгледот на тој дел од градот.
Просторот е многу ограничен - 19м вкупна ширина, на некои места малце повеќе. Значи одма мора да се намали ширината на лентите за да може било што да се планира. Ова може да биде и добро зашто ќе влијае на смирување на сообраќајот, а таму навистина треба да се вози поспоро. Но под 3 метри не би смеело да се оди по никоја цена! Еве да земеме скоро 3,1м и плус тоа нешто ситно во средина доаѓаме до вкупно 12,5 метри. Ова остава 6,5 метри за тротоари и дрвореди на најтесните делови (по 3,25м на секоја страна). Претпоставувам ова би можело да помине, а сепак да не биде премногу лошо решен тој дел. Нормално отпаѓаат велосипедски патеки... А и дрворедите би биле со дрва со помали крошни. За глупости какви што се предлагаат (алтернативна трамвајска траса 1, или дозволено паркирање на тротоар) нормално не станува ни збор. Други лоши работи што ќе произлезат од ова решение е тоа што еден дел од градот кој има потенцијал да биде навистина убав, ќе биде прилично нагрден засекогаш. Исто така не треба да се заборава дека таму не се само деловни објекти, туку има и доста луѓе што живеат. На нив константно ќе им поминува голем обем на сообраќај буквално до прозори и тераси. Најлошо нормално ќе биде со автобусите... Постојано спуштени ролетни сигурно не е баш некое добро решение. Како на нив ќе им се објасни зошто се игнорираат нивните легитимни интереси, а во минатото се удоволувало на сосема ирационални барања на жители во други ситуации?


Ете, накратко тоа се двете можни решенија. Јас лично некое трето не гледам. Значи мора да се одбере помалото „зло“, зашто од сообраќаен аспект, капацитетот таму мора да се зголеми. Но бидејќи тунелот чини многу повеќе (а сепак креира нови проблеми), дојдов до заклучок дека ќе треба да „проголтаме“ проширување... Исто така проширувањето може да го добиеме многу многу побрзо отколку тунел. Пари и онака фалат за многу поургентни интервенции, па би било несериозно тука да се размислува за тунел. Не ми се допаѓаат бројни аспекти на проширувањето, ама негде мора да се прави компромис и мислам дека во овој случај тоа е оправдано и неопходно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-Oct-2007 at 18:05
Хм, веројатно си направил многу подлабока анализа од мојата (непостоечка) пред да го напишеш ова но јас сеуште тежнеам кон опцијата тунел и покрај аргументите кои ги наведе.
 
Друга опција со која би се согласил е еднонасочност во делот од Влада до Александар палас (со Орце Николов по истата должина како другиот правец). Но оваа варијанта ствара некои други проблеми и побарува одредени импровизации.
 
Како и да е со моменталниот профил на Илинденска, посебно во делот Влада-Фонтана не би си играл
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Oct-2007 at 18:09
Originally posted by pbanks

Друга опција со која би се согласил е еднонасочност во делот од Влада до Александар палас (со Орце Николов по истата должина како другиот правец). Но оваа варијанта ствара некои други проблеми и побарува одредени импровизации.



Ухххх.... Многу лоша идеја... Поготово на Орце Николов ситуацијата ќе биде катастрофа.

Suicide


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 31-Oct-2007 at 18:12
 
Originally posted by pbanks

Хм, веројатно си направил многу подлабока анализа од мојата (непостоечка) пред да го напишеш ова но јас сеуште тежнеам кон опцијата тунел и покрај аргументите кои ги наведе.
 
Друга опција со која би се согласил е еднонасочност во делот од Влада до Александар палас (со Орце Николов по истата должина како другиот правец). Но оваа варијанта ствара некои други проблеми и побарува одредени импровизации.
 
Како и да е со моменталниот профил на Илинденска, посебно во делот Влада-Фонтана не би си играл
 
Свесен сум за тоа што го викаш, пред се сакав да доловам колку многу сум против проширување на профилот на Илинденска.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-Oct-2007 at 18:44
Да и јас реков дека проширувањето е далеку од идеално. Но според мене еднонасочно водење на сообраќајот е многу полошо.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Oct-2007 at 18:57

 

...и токму затоа мислам дека тунел е најдобро решение

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-Oct-2007 at 19:03
Не сакав да пишувам цел роман со анализи (за тунелот) кои ретко кого ќе го интересираат, плус тоа имам премногу непознати па би морал да пишувам за различни сценарија. Ама верувај и тунелот би направил доста проблеми... А бидејќи е многу поскапо решение и бидејќи нема да го добиеме во никаква догледна иднина, затоа превагнав накај проширување. Далеку од тоа дека ми се допаѓа...


Edited by Cloverstack - 31-Oct-2007 at 19:04
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Oct-2007 at 19:54

во конкретниов случај мислам дека импровицациите/компликациите кои би се наметнале со изградба на тунел се сепак од второстепено значење во споредба со уништувањето на профилот на улицата која можеби не е една од најубавите во Скопје но има добри изгледи да влезе во таа група доколку работите се изиграат паметно.

Со ширење на улицата таа шанса се губи а решението е сепак импровизација, самиот факт дека дури и со намалување ширината на лентите добиваме една класутрофобична улица за возење кажува многу. Ако таму насадиме четири ленти тоа дефинитивно би било на сила.
 
Знам дека си перфекциониста кога се работи за овие прашања, но во секој град во светов има по некоја импровизација. Доколку многу поприоритетните соообраќајници и јазли се решат како што треба, мала импровизација на трасата на Илинденска нема да биде претставува толку голем проблем. А ситуацијата со трасите на други планирани сообраќајници по градов се во најголем дел многу појасни. Таму нема што да се зачувува.
 
Нашиве градски власти во последниве 20на години не убедија дека и поставување нови капаци на шахти или нови клупи во жена парк е сложен и скап технички зафат а изградба на урбан тунел е научна фантастика, Скопје 3000 визија. Сепак тунел со профил на оној кој е потребен кај Илинденска и не е некое толкаво чудо во нормалниот свет така да мислам дека е подобро да се стрпиме и концентрираме на некои други проекти (пореални за моментов) отколку да импровизираме со ширење на улицата. Спрема мене и покрај твоите реално силни аргументи, во случајов ширење е импровизација.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Jan-2008 at 00:20
За ова скоро дискутиравме....


Експерти предлагаат најтесниот дел од „Илинденска“ да биде еднонасочен

Остатокот од улицата има можности за проширување во булевар со мост преку Вардар

Сања Наумовска

Делот на улицата „Илинденска“ од раскрсницата кај Владата до фонтаната „Лотос“ или евентуално до раскрсницата кај „Паркови и зеленило“ треба да биде еднонасочна и да не се проширува, советуваат сообраќајни инженери од ИН-ПУМА. На тој начин на жителите на зградите на овој најтесен дел од улицата нема да им се наруши нормалното живеење, нема да мора да се намалат тротоарите или, пак, да се сечат повеќедецениски дрвја, а наедно ќе се овозможи нормален проток на возила. Според предлогот од ИН-ПУМА, на овој дел од „Илинденска“ треба да се вози во правец од Центар кон Карпош, а спротивно, од Карпош кон центарот на градот, по улицата „Орце Николов“. Оваа улица, исто така, треба да биде еднонасочна од почетокот кај Технолошкиот факултет или, пак, од фонтаната „Лотос“. Остатокот од „Илинденска“, во правец кон населбата Карпош 4, има можности за проширување во булевар, со мост преку Вардар.

„Решението за еднонасочен сообраќај на дел од ’Илинденска’ и ’Орце Николов’ моментно е најеколошко и хумано оправдано иако има и други технички решенија кои се изводливи во практиката. Сепак, сообраќајот по еднонасочни улици е порелаксиран и со помалку конфликтни ситуации помеѓу возилата, што и му треба, всушност, на центарот на Скопје“, вели Стефан Калајџиски, сообраќаен инженер од ИН-ПУМА.

Според Калајџиски, зрели за еднонасочност се и улицата „29 Ноември“, од Католичката црква преку „Партизанска“, покрај слаткарницата „Апче“, и улицата „Ленинова“, од „Електро - Скопје“ кон Градски парк. Помеѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Капиштец, нагласува Калајџиски, треба да се пробие улица, точно покрај новата катна гаража што ја гради „Тинекс“. Со тоа ќе се овозможи еднонасочност на дел од „Васил Ѓоргов“, во правец кон семафорите и кон улицата „Железничка“. Со ова решение ќе се добие поголема проточност на возилата на оваа раскрсница и искористување на еднонасочноста и капацитетот на „Железничка“. Во спротивен правец еднонасочниот сообраќај од „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ ќе продолжи до Католичката црква. Дел од „Васил Ѓоргов“, во правец кон Козле, како и „Народен фронт“, според предлогот на Калајџиски треба да останат двонасочни.


Извор: Утрински весник

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Jan-2008 at 01:09
Илинденска од влада до фонтана останува тежок проблем... Имаме дискутирано за ова. Еднонасочен сообраќај е најлошо решение и смее да биде евентуално само привремено. Двете можни трајни решенија исто имаат многу маани - и проширувањето и тунелот. Сепак ако како деолгорочно решение се планира тунел, би било глупо да се прави проширување. Нека се импровизира во меѓувреме, макар и со еднонасочен ако мора.

Она за „Васил Ѓоргов“ и „Железничка“ не сум сигурен дека е точо објаснето, ама ако е, тогаш е лошо. Таму навистина треба да се регулира еднонасочно, ама треба да се пробие преодолжение на „Народен Фронт“ до „Железничка“. Со тоа ќе почне на некој начин да се емулира јужен булевар. Така е и во ГУП-от. Е за тие 100м улица ние зборуваме со години и никако да се направи Ohno. На времето мислам проблем беа тотално руинираните простории на МЖ... За толку важен, а толку краток сегмент во мрежата. Само во Македонија... Roll%20eyes

Инаку за другите улици што се спомнуваат - во принцип секогаш сум против еднонасочен сообраќај и тоа треба да се избегнува секаде каде што е можно. Искрено не сум запознаен со состојбата на секоја улица поединечно, ама мислам дека кога би се решавал проблемот со паркирањето, овие улици ќе станат многу попроточни и нема да има потреба да размислуваме за такви чекори како еднонасочен сообраќај.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Jan-2008 at 01:23
Ја мислам да не се фрла пари за тунел или за фушерајско поместување, него да се откупи цел ред објекти од влада до фонтана, и да се бутнат, па да се направи асален булевар како што треба. А вака со импровизации никад нема да се реши проблемот целосно и само ќе остане отворено прашање а ќе се поебат пари бадијала.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Jan-2008 at 01:31
Originally posted by lslcrew

Ја мислам да не се фрла пари за тунел или за фушерајско поместување, него да се откупи цел ред објекти од влада до фонтана, и да се бутнат, па да се направи асален булевар како што треба. А вака со импровизации никад нема да се реши проблемот целосно и само ќе остане отворено прашање а ќе се поебат пари бадијала.


Не ми се свиѓа такво решение. Илинденска е убава улица и би требала да се зачува како таква. Плус да ги купиш сите тие згради и да ги срушиш само кошто х10000 од било кој тунел.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Jan-2008 at 01:43


Се слагам, ај што тоа би испаднало многу поскапо од тунел, него тој дел апсолутно дефинитивно positively 100%  не е за рушење. Ние да гледаме да го срушиме тоа што треба да се сруши: Маџир-маало и Крњево...


@ lslcrew

Абе да беше до тебе пола град ќе го испорушеше LOL

Најтрагично е што ова навистина ни се има случено во 63-та, ама ние место да ги користиме барем добрите страни и големата слобода за планирање што ја оставил земјотресот, сега скоро 50 години потоа, како да сме решиле пак да го упропастиме градот со лоши урбанистички решенија од Типот на „Тифани“, клучка Континентал, иницијативи за бришење/поместување на Бул. Крушевска Република... И да не ја заборавиме најновата брилијантна идеја за црква-висококатница пред Лумикс.

Wallbash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Jan-2008 at 01:44
Па изгледот баш напротив ќе се подобри зашто сега од пред влада се влага на илинденска како во инка. Од 6 ленти на 2. Ако се одкупи цел ред ќе се подобри изгледот. А ако се прави тунел тука мене тоа ми штрчи некако, башка и за тунел барем пола од тие згради ќе треба да одкупат за да се направи влез и зилез од тунел како шо личи со благ наклон. Најисплатливо е тој дела да се сруши све друго ќе биде мистрија, само за да се замачка и ништо. Вака како што предлагам сметката е чиста а така би јавиле миљарда други непредвидени проблеми, кабли и цефки и ќе излезе стопати поскапо.

п.с. колку е цена на станбен простор тука и колку куки има одприлика? Зборам за цел ред од влада до фонтана од страната на вардар.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Jan-2008 at 01:50


Не се слагаме за тоа како ќе изгледа подобро, ама тоа е субјективно. За објективниот дел (за откуп и рушење), дефинитивно мислам дека нема никакви шанси да се изведе.


А за тунел нема да треба да се руши, затоа што наклоните за тунелот ќе почнуваат многу порано. Ни тунелот не е идеално решение, и тој има доста маани, ама дефинитивно ми е неспоредливо поприфатлив од решениево што го предлагаш. Во секој случај градов има други приоритети и други големи инфраструктурни објекти кои чекаат, а се поважни од овој тунел. Сега за сега тунел е сепак само долгорочна желба.


Edited by Cloverstack - 28-Jan-2008 at 01:51
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Jan-2008 at 01:52
По моја проценка има некои, мање више, 10000 квадратни метри станбен и деловен простор. Може и мање. удри му ја цената по некои 800-900 евра за квадрат излага 8-9 милиони евра. А можеби и помалце ако се нуди помала цена од 600 евра зашто се работи за стари објекти, и покрај тоа што се во строг центар. А еве земи колку би коштал тунел, минимум 20 милиона.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.