build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Илинден

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Jan-2008 at 01:58


Друже, у лош филм си влезен со откупот/рушењето... Плус сањаш LOL
Плус проценката за просторот ти е многу потценувачка. Исто така и цената...

А тунел од 500м би коштал веројатно многу помалце од 20 милиони.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 28-Jan-2008 at 12:56
еј кловер синоќа ми снема струја па сега еве ме пак. Се работи за должина од 360 метри, и за 20 куќи. Изброј ги стварно се 20. Па маткују стара па држава да неможе да купи 20 куќи.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 28-Jan-2008 at 13:07
Ама не е само во откупување на тие куќи(20 е сериозна бројка) - треба да се руши, расчистува, да се копа и се тоа кошта многу повеќе од некои попаметни и поекономични решенија. А тие станови се релативно скапи, баш поради локацијата, а тоа што се стари не влијае многу на цената. И Ристиќева палата е стара, па...

    Може да се направи Илинденска еднонасочна, ама тоа па би ја закрчила некоја друга улица, највероватно Партизанска. Би било само привремено решение. За конечно не знам што е најпаметно, па тука нема да помогнам многу.


Edited by La Linea - 28-Jan-2008 at 13:08
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 28-Jan-2008 at 18:26
@ lslcrew

Човече тоа со рушењето ти е стварно фикс идеја. Еве дури и да речеме дека е добро тоа така да се изведе, сепак проценките ти се погрешни. Површината е поголема затоа што не станува збор за приземни градби. А таму само земјиштето колку е скапо, па тек градбите. Плус тоа би требало да се сруши повеќе него што мислиш, затоа што некоја куќа/зграда само малце да навлегува во зоната за рушење ќе треба цела да се руши - не може само малце да си срушиш. И на крај на што ќе личи тоа кога спрема булеварот, наместо да има јасна градежна линија оформена од убави градби, ќе ги имаме дворовите, бавчичките, шупите и задните страни на објектите што ќе останат... Мислам ионака џабе збориме за вакви „детали“. Ако се чека подолго и ако се троши поголема сума, тунелот е сепак најдобро решение и покрај некои негови маани (плус тоа убеден сум дека би бил и значително поевтина варијанта од рушење). Во секој случај во моментов градов има многу поургентни приоритети... Ако илинденска може како така да функционира, евентуално со некакви импровизации, тогаш ок. Ако не може да се чека, тогаш нека се оди на обично проширување на 4 ленти... (многу лошо решение, ама ако не може да се чека, немаме многу избор).





Edited by Cloverstack - 25-Feb-2008 at 23:27
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 13-Feb-2008 at 00:11
Конечно некоја добра вест. Не сум размислувал за ваква варијанта но дефинитивно највеќе ми се свиѓа.

Подземна Илинденска со 4 ленти а горе пешачка зона. Значи моделот што го зборувавме за Димитрие Чуповски. Улицата е совршена за такво нешто и конечно би се мрднал фокусот од центарот. Би се спојувала со градски парк а наместо паркингот карши фонтана може да излезе и некое интересно плоштадче.

Дел од „Илинденска“ може да биде подземна сообраќајница

Улицата треба да понира од Градски парк до семафорите пред Влада, каде што пак ќе излегува на земја

Градот Скопје нарачал да се изработи проект за изградба на подземна сообраќајница на улицата „Илинденска“, на потегот од Владата до фонтаната „Лотос“. Улицата е предвидена во Генералниот урбанистички план, а намерата на градските власти е да се испита финансиска конструкција за нејзината изведба. Според планот, улицата треба да понира од Градски парк до семафорите пред Влада, каде што повторно излегува на земја. Под земја ќе има четири сообраќајни ленти со ширина од 20 метри, практично, колку што е предвидено да биде широк булеварот „Илинден“ од фонтаната во правец кон Карпош. Проектот, покрај потребните финансии за изградба, треба да ги содржи и параметрите за поставеноста на подземните инсталации, како и можноста за нејзино проширување под станбените објекти.

Во Градот сметаат дека со подземната сообраќајница ќе се овозможи подобар проток на возилата, бидејќи проширувањето на улицата „Илинденска“ е привремено решение кое нема да ги задоволи сообраќајните потреби. Проектот го работи „Балкан консалтинг“, а идејното решение се очекува да биде готово за два месеца. „Градот има намера да испита дали е возможно изведувањето на оваа сообраќајница од финансиски, но и од сите други аспекти. Во ГУП има решение за кое мораме да знаеме дали е реално изводливо во некој период. Тоа ќе биде возможно само ако имаме идеен проект во кој ќе се содржани најосновните податоци“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам.

Според Шопар, со оглед на тоа дека проширувањето на „Илинденска“ ќе се одвива фазно, ќе има доволно време да се добијат резултатите од проектот. Со нив, објаснува тој, конечно Градот ќе знае дали има сообраќајница која стои само на хартија, или нешто што реално може да се изведе. Шопар вели дека и сегашниот проект за проширување на овој потег на улицата кон зградите е добар, но подземната сообраќајница е многу поширока. Ако се направи тоа, тогаш потегот од Владата до фонтаната „Лотос“ може да биде второстепена сообраќајница или, пак, шеталиште. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BB3C8893B63E0444A672B5162DFB2AF8
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 13-Feb-2008 at 00:32


Малку ми е чудно што ова го исфрлаат како приоритет. Ама дај боже да има нешто сериозно... Било каков покрупен зафат ќе ме израдува, иако според мене има поургентни работи.

Во секој случај, не сум за варијантата со пешачка зона. Не гледам некоја голема потреба од пешачка зона таму. Плус тоа пешачката зона би се одразила на многу околни улици. Мислам дека треба да се остави локална улица. Би можеле евентуално да се стават лежечки полицајци.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Feb-2008 at 00:36


знаеш дека сум мегаломан со пешачките зони Веќе размислував како таа пешачка зона би се споила со онаа во Центар ама не ми текна ништо паметно Crazy

Како и да е сето тоа е второстепено. Предложеното решение за булеварот ми се свиѓа.  Thumbs%20Up
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 13-Feb-2008 at 00:42
Пред некое време ко ненормален отидов таму да извидам и премерам колку можам попрецизно, па малку олабавив со своите забелешки за тунелот. Тој тунел ќе биде прилично проблематичен (сообраќајно гледано), ама сепак обично проширување на постоечката улица на 4 ленти би бил прав масакар.

Останувам на тоа дека таму нема идеално решение. Сепак ако се изработи тунел максимално добро што е можно, ваљда ќе биде прифатливо. Али ако се прави фушерски и импровизаторски, боље нека баталат. Само ќе направат штета.


Edited by Cloverstack - 13-Feb-2008 at 00:46
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 05-May-2008 at 21:09
ГРАДОТ ИЗБИРА ИЗВЕДУВАЧ
Проширувањето на Илинденска ќе почне во јуни
Во декември скопјани веќе треба да возат по проширениот булевар

Проширувањето на булевар Илинден, на потегот од фонтаната во Градски парк до раскрсницата со улицата 8 Септември, според градските власти, ќе почне во јуни. Од одделението за односи со јавност на Градот велат дека тендерот за избор на изведувач, кој треба да го прави проширувањето на Илинденска со уште две сообраќајни ленти, треба да заврши овој месец, и дека ако се оди како што треба, градежните работи ќе почнат во јуни.
"За оваа прва фаза од проширувањето на Илинденска во градската каса се предвидени околу 100 милиони денари, а градежните работи се очекува да завршат до крајот на градежната сезона, односно во декември да се вози по булеварот", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Според проектот, Илинденска ќе се прошири со уште две сообраќајни ленти, по една од секоја страна, ќе се направат тротоари, а во средишниот дел на коловозот треба да се изградат жардиниери. Изградбата, според градските власти, ќе оди делница по делница за да се овозможи нормален сообраќај.
"За делот од фонтаната во Градски парк до Владата се прави студија за изградба на подземна сообраќајница", велат од Градот. (Е.А.)



Извор: Вест
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 03-Jun-2008 at 00:14
Се расчистуваат спорните точки за Илинденска


Проширувањето на булеварот треба да започне до крајот на јуни, до кога се очекува да бидат решени и имотноправните односи на четири спорни локации на трасата. Експропријацијата на земјиштето што е во приватна сопственост е веќе започната и од Градот не очекуваат поголеми проблеми


Проширувањето на булеварот Илинденска треба да започне до крајот на јуни, до кога се очекува да бидат решени и имотноправните односи на четири спорни локации на трасата. Според надлежните во Градот, експропријацијата на земјиштето, кое е во приватна сопственост, е веќе започната и не се очекуваат поголеми проблеми. Проектот предвидува проширување на сообраќајницата на потегот од фонтаната на влезот во Градскиот парк до крстосницата со улицата "8 Септември".

- Проблемот е на 4 пункта и тоа на стариот влез на Зоолошка градина, вториот кај дуќанчињата спроти Американска амбасада, третиот на влезот на "Паркови и зеленило" и четвртиот, кај приклучокот на улицата "8 Септември". Се работи за мали локации, за кои проценка на земјиштето е веќе извршена и помината на Советот, а сопствениците беа повикани на разговор. Иако секоја експропријација е проблематична во случајов нема попуштање, бидејќи се работи за проект кој е од јавен интерес и кој ќе го подигне нивото на урбано живеење и на тие граѓани, вели Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање и уредување на просторот при Град Скопје.

Според него, се бара решение и за бараките кај Зоолошката градина, со оглед дека во нив времено биле сместени граѓани, кои останале да живеат тука повеќе од 20 години. Сепак, како што вели, во овој случај се работи за социјален, а не имотноправен проблем со оглед дека бараките се на државно земјиште.

Инаку, за проширување на Илинденска, која ќе добие уште по една лента од двете страни, се предвидени 2,5 милиони евра. Градежните работи, пак, треба да бидат завршени до крајот на годината.


http://vecer.com.mk/?ItemID=3A6DA025DDEA2A4A9FFEBF63C745C744



Ај ваљда нема да има проблеми со екпропријација, живата рана на урбанизмот во Македонија.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Aug-2008 at 15:19
ГРАДОТ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА КАЈ АМБАСАДАТА НА САД
Проширувањето на Илинденска почна без дозвола
Почна поставувањето на атмосферска канализација на Илинденска, но не и проширување на коловозот со уште две сообраќајни ленти, бидејќи Градот се уште нема дозвола за пренасочување на сообраќајот

Градските власти поставуваат атмосферска канализација на булевар Илинден спроти амбасадата на САД, што е дел од проектот за проширување на оваа сообраќајница. Тие велат дека со тоа официјално почнало проширувањето на Илинденска, иако со градежни работи требаше да стартуваат уште во јуни и од делот кај фонтаната во Градски парк. За изведување на градежните работи Градот се уште не обезбедил ниту дозвола од Министерството за внатрешни работи за пренасочување на сообраќајот.
"Градот уште во јуни поднел барање за одобрување на сообраќајно решение за булевар Илинден, но постапката се уште не е завршена, бидејќи е побарано да се направат корекции. Дозвола не е издадена, бидејќи Градот се уште не го доставил коригираното решение до Министерството", вели Борис Пешевски, од секторот за односи со јавност на МВР.
Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање и уредување на просторот во Градот, вели дека проширувањето го почнале од амбасадата на САД кон Карпош, бидејќи таму било најлесно за градба.
"Не почнавме од фонтаната во Градски парк, бидејќи на потегот до амбасадата на САД имаме нерешени имотно-правни односи. Во овој дел на Илинденска сообраќајот е многу густ, и сега не сакавме да го затвораме овој дел од улицата", вели Шопар.
Со проширувањето, Илинденска треба да добие уште по една лента од двете страни, на потегот од фонтаната кај Градски парк до раскрсницата со улицата 8 Септември. Градежните работи ќе ги изведува ГП"Гранит", а атмосферската канализација ја поставува "Енергомонт. За реализација на проектот предвидени се околу 100 милиони денари, а градежните работи треба да завршат до крајот на оваа година.
(Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155637&idg=8&idb=2450&rubrika=Skopje
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 18-Aug-2008 at 22:47
Koлку само нема да заршат до крајот на оваа година како што викаат.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 18-Aug-2008 at 23:53

На „Илинденска“ почна да се гради атмосферска канализација

Проектот се' уште нема градежна дозвола од општините Карпош и Центар

Сања Наумовска

Проширувањето на улицата „Илинденска“ започна минатата недела со поставување на атмосферска канализација на дел од трасата. Во моментов се работи на потегот спроти амбасадата на САД кон Карпош, бидејќи во тој дел нема имотноправни проблеми. Градот Скопје доби од МВР и сообраќајно решение за привремено менување на сообраќајот во текот на градежните работи, но засега проектот нема градежна дозвола од општините Карпош и Центар.

Проблем со Општина Карпош се нерешените имотноправни односи на неколку точки на трасата на идниот булевар. Најкритично е кај стариот влез на Зоолошката градина, спроти американската амбасада и на влезот во „Паркови и зеленило“, каде што има дивоградби, но и делови од приватни имоти. Во тек се преговори со сопствениците, а градските власти имаат зелено светло од Советот на Скопје за експропријација на имотите. Сепак, од Градот не прогнозираат колку време ќе траат преговорите, поради што и не се знае кога механизацијата на градежното претпријатие „Гранит“, кое го доби тендерот за изведба на булеварот, ќе може да излезе на терен.

Недоразбирањето со Општина Центар, пак, е врзано со вклопувањето на проектот во детаљните планови на општината, за што, веројатно, градските и општинските власти ќе разговараат во текот на неделава.

„Во меѓувреме, додека се решаваат административните и техничките проблеми, како вадењето дозволи и расчистување на трасата, на терен се започнати дел од подготвителните работи. Сепак, засега не можеме да прецизираме кога и на кој потег ќе започнат градежните работи“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам во Град Скопје. Според првичните планови на градските власти, оваа фаза од изградбата на „Илинденска“ требаше да почне во јуни и да заврши во декември, но во моментов роковите ќе зависат само од решавањето на имотните проблеми.

Инаку, според проектот, проширување на „Илинденска“ е планирано на потегот од фонтаната „Лотос“ до раскрсницата кај Воената болница и ќе чини 160 милиони денари. „Илинденска“ ќе биде булевар со по две ленти, ќе има целосно изградена подземна инфраструктура и модерно осветление. Според Генералниот план на Скопје, проширувањето на „Илинденска“ треба да продолжи и кон Карпош 4. На локацијата каде што сега завршува, планирано е да продолжи право и со мост преку Вардар да се поврзе со булеварот „Словенија“ или со обиколницата на Скопје. Во Градот велат дека тоа е третата фаза од изградбата на оваа сообраќајница.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3672F0B0EA498F4F8014DC811E0286A6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Aug-2008 at 00:01
1. Како може гуп-на скопје да биде во колизија со дуп-от на центар. Како воопшто центар донел таков дуп, а како па градот дал зелено светло за тоа.

2. Повторно имотно правните, засега сеуште не, проблеми. А ќе бидат!

3. Од фонтаната до карпош2, здравје до карпош4, ако даде господ и до обиколница! И повторното тесното грло никој не го става ни под разно! Ако ништо друго барем да се крене јавноста да се заинтересира владата. На владата највеќе ќе и заврши работа санацијата на тесното грло со тунел како што е планирано (иако се залагам за друга опција).

4. И тука е неизбежното пробивање рокови.


Edited by lslcrew - 19-Aug-2008 at 00:02
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 19-Aug-2008 at 14:06
Originally posted by lslcrew

На „Илинденска“ почна да се гради атмосферска канализација



Тоа ли било тоа бе Nuts

Јас се чудев пола саат што се прави тука, па мислев дека е тоа само префрлен градежен шут од проектот до МИДА.

Да не сакате сеа одма едно 4-5 слики? Poke


LOL
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 03-Dec-2008 at 16:51
ВЕТИЈА...
Проширување на Илинденска

Градоначалникот Трифун Костовски уште во 2005, првата година кога дојде на функцијата, вети дека ќе ја прошири Илинденска која, иако се води како булевар, повеќе личи на маалска уличка. Прво замислата на градоначалникот беше улицата да стане еднонасочна, но кога виде оти тоа е неизводливо, вети дека улицата ќе ја прошири и на тој начин ќе овозможи поголем проток на возилата. Па така Илинденска, на потегот од фонтаната во Градски парк до бараките на "Паркови и зеленило", досега требаше да се прошири и од двете страни да се додаде по уште една сообраќајна лента.
Но стартот на проширувањето никако да го дочекаме. Откако беше утврдено дека нема можност за воведување еднонасочен сообраќај, градоначалникот најави дека градежните работи за проширување ќе почнат во текот на 2006 година, но откако помина и 2006 година, падна уште едно ветување дека улицата ќе се проширува во 2007 година. Во 2007 градските власти речиси цела година кажуваа дека проширувањето се планира "за следниот месец" за да кажат на крајот дека е одложено за 2008 година. Од годинава останува уште само еден месец, а Илинденска не е проширена. Но од Градот не се откажуваат од проширувањето и понатаму убедуваат дека до истекот на мандатот на градоначалникот Трифун Костовски, односно до март следната година, Илинденска ќе биде проширена.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160425&idg=8&idb=2540&rubrika=Skopje


Edited by Б.Ѓ.Т - 03-Dec-2008 at 17:17
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 04-Dec-2008 at 18:28
ХРОНОЛОГИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА ИЛИНДЕН

Проширувањето на улицата Илинден подразбира реализација на два проекта, едниот за реконструкција на сообраќајницата на потег од улицата Наум Наумовски Борче до булевар 8-ми Септември, во должина од 1.850 метри, а другиот за изградба на атмосферска канализација на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до булевар 8-ми Септември, во должина од 2.200 метри.

По претходно објавена јавна набавка за избор на најповолен понудувач, Град Скопје на 20.07.2007 година потпиша договор со проектантската куќа Чакар Партнерс за изработка на проект за реконструкција на улицата и за изградба на атмосферската канализација. На 17.03.2008 година изготвените проекти се доставени до Град Скопје од страна на проектантот.

Град Скопје, веднаш потоа, распиша јавна набавка за избор на најповолен изведувач на проектите за проширување на улицата Илинден и за изградба на атмосферската канализација. За најповолен изведувач на проектот за проширување на улицата е избрана градежната фирма Грант-АД, со која Град Скопје го потпиша договорот за реализација на проектот на 03.07.2008 година.

За најповолен изведувач на проектот за изградба на атмосферската канализација е избрана фирмата Енергомонт АД, со која Град Скопје на 23.07.2008 година потпиша договор за изведба на проектот.

Град Скопје поднесе барање до Општина Центар за проширување на улицата Илинден. Барањето беше одбиено со образложение дека не се решени имотно-правните односи на земјиштето на кое треба да се изведуваат градежните работи. Земјиштето на кое треба да се проширува улицата, во делот на општината Центар, е во сопственост на Р.Македонија.
Град Скопје поднесе барање до Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за градежно земјиште, за засновање право на долготраен закуп на земјиште сопственост на Р.Македонија, по пат на непосредна спогодба, без надоместок, за период од 99 години, заради овозможување реализација на објект булевар „Илинден“ (потег од улицата Наум Наумовски Борче до булевар 8-ми Септември).

Од Министерството за транспорт и врски добивме известување дека за да може министерството да постапува по барањето на Град Скопје потребно е да се достават следните докази:

  • Извод од Деталниот урбанистички план
  • Геодетски елаборат за нумерички податоци и список на индикации
  • Имотни листови за катастарските парцели сопственост на РМ
  • Уверение за движење за катастарските парцели сопственост на РМ и
  • Потврда дека нема постапка за денационализација за катастарските парцели кои се предмет на доделување под закуп прибавена од Министерството за финансии и Одделение за имотно правни работи.

Град Скопје почна постапка за прибирање на потребната документација, но се уште се чека одредени институции да одговорат на поднесените барањата. На пример, Уверението за движење на катастарските парцели се уште не е добиено од страна на Катастарот. Во меѓувреме од Министерството за транспорт и врски пристигна допис во кој се вели дека поради истекот на „долгиот рок“ од два месеца, кој му бил даден на Град Скопје да ја поднесе бараната документација, а предметот не бил целосно комплетиран, барањето се одбива и нема да се разгледува. Град Скопје деновиве ќе ја подигне доставената документација до Министерството и ќе продолжи со нејзино докомплетирање, по што повторно ќе поднесе барање за засновање право на долготраен закуп на земјиште сопственост на Р.Македонија.

Од друга страна, пак, на земјиштето на кое што треба да се проширува улицата Илинден, во делот на општина Карпош, има 11 спорни приватни објекти. Град Скопје се состана со сопствениците со цел да се договори експропријација на приватните имоти, но досега не се најде заеднички јазик. Град Скопје побара од Министерството за финансии, Управа за имотно-правни односи, подрачна единица Општина Карпош да се изјасни за статусот на спорните објекти. Од Министерството добивме одговор дека досега за четири од објектите кои се наоѓаат на трасата каде треба да минува булеварот е утврдено дека се дивоградби и дека се донесени решенија за уривање на истите. На сопствениците им биле врачени решенија со кои им се дава рок од 30 дена да ги урнат дивоградбите, а во спротивно Министерството ќе го изврши уривањето на товар на сопствениците. На останатите објекти се уште им се утврдува статусот и се чека одговор од министерството.

Град Скопје доби локациски услови од Општината Карпош за изградба на атмосферската канализација и досега се реализирани околу 500 метри од канализацијата на оние места каде што нема имотно-правни проблеми. Кога ќе бидат урнати дивоградбите и кога ќе се решат имотно-правни односи и со останатите сопственици на приватните објекти кои се наоѓаат на трасата во делот на општина Карпош, Град Скопје ќе може да ја доизгради атмосферската канализација на овој потег.

Град Скопје во Буџетот за оваа година има предвидено средства за реализација на проектот за проширување на улицата Илинден, но се додека не се завршат административните процедури околу разрешување на имотно-правните односи на земјиштето на кое треба да се изврши проширувањето, Град Скопје не може да добие дозвола за градба што е основен услов за почнување со изградба и реконструкција на булевар Илинден.

 
 
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Dec-2008 at 12:54

ГРАД СКОПЈЕ ЗАГЛАВИ СО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА НАЈАВЕНИОТ СООБРАЌАЕН ПРОЕКТ


Илинденска заглави во административен ќор-сокак


Одговорните од Град Скопје се жалат дека не можат да ги обезбедат потребните документи од надлежните институции за да добијат дозвола за градба и покрај тоа што имаат комплетна проектна документација за реконструкција на улицата и за изградба на атмосферската канализација, а на тендер се избрани изведувачите


Проширувањето на улицата Илинденска заглави во административен ќор-сокак. Одговорните од Град Скопје се жалат дека не можат да ги обезбедат потребните документи од надлежните институции за да добијат дозвола за градба и покрај тоа што имаат комплетна проектна документација за реконструкција на улицата и за изградба на атмосферската канализација, а на тендер се избрани изведувачите. Исто така од буџетот за оваа година се издвоени и финансиски средства.

- И покрај тоа се уште чекаме одредени институции да одговорат на поднесените барања. На пример, се уште не сме го добиле Уверението за движење на катастарските парцели, документ поради кој од Министерството за транспорт и врски ни пристигна допис во кој се вели дека барањето се одбива и нема да се разгледува поради истекот на "долгиот рок" од два месеца кој ни го дадоа за поднесување на бараната документација, велат одговорните од Градот. Од Министерството за транспорт и врски признаваат дека го одбиле барањето за остварување на долготраен закуп на државно градежно земјиште на Град Скопје заради некомплетираната документација, но тврдат дека доколку истото го добијат со потребните документи, ќе одговорат позитивно.

Од Градските служби се жалат и на административните служби на Општините Центар и Карпош кои не можат да ги решат спорните имотно-правни односи за земјиштето по кое ќе се протега трасата на булеварот. Тие информираат дека Општина Центар го одбила барањето за проширување на Илинденска со образложение дека не се решени имотно-правните односи на државното градежно земјиште, а од друга страна пак, земјиштето на кое што треба да се проширува улицата во делот на општина Карпош има 11 спорни приватни објекти. Експропријацијата се уште не може да се реализира.

Град Скопје единствено доби локациски услови од Општината Карпош за изградба на атмосферската канализација и досега се реализирани околу 500 метри од цевководот на местата каде што нема имотно-правни проблеми.

Проширувањето на улицата Илинден подразбира реализација на два проекта, едниот за реконструкција на сообраќајницата на потег од улицата "Наум Наумовски Борче" до булевар "8 Септември", во должина од 1.850 метри, а другиот за изградба на атмосферска канализација на потегот од булеварот "Свети Климент Охридски" до булевар "8 Септември", во должина од 2.200 метри.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=01233797362E2A488690EFA0BEBB08DE


Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 15-Dec-2008 at 21:22
Срамота работава. Од август се влечат работите ќе поминат сигурно уште 2 години...
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Jan-2009 at 23:01

Бирократи ја задушуваат Илинденска

Од Градот се жалат дека реконструкцијата на овој булевар цела година е жртва на бирократијата во општините Центар и Карпош, но и на Министерството за транспорт и врски


Проширувањето е планирано на потегот од фонтаната во Градскиот парк до салонот „Ми-Да“

Проширувањето на Илинденска, од фонтаната „Лотосов цвет“ до салонот „Ми-да“ не може да почне затоа што општините Центар и Карпош не сакаат да издадат градежна дозвола, велат градските власти за еден од своите најзначајни проекти што го најавуваат веќе една година. Оттаму не' информираа дека имаат комплетна документација за реконструкција на овој булевар, како и дека веќе избрале изведувачи, но проблемот е што не можат да најдат заеднички јазик со општинарите. Од Општина Центар имаат поинакво мислење за овој спор меѓу нив и Градот.

- Со Генералниот план на град Скопје не е предвидено толку големо проширување на Илинденска како што бараат градските власти - изјавија од Центар.В.д. градоначалникот на Карпош, Сашо Димиќ, рече дека од Градот никогаш не добил никакво барање за градежна дозвола.

- Од мене не е побарана никаква дозвола. Јас го поддржувам овој проект, бидејќи во овој дел Илинденска е тесно грло - рече Димиќ.

Градските власти негираат, велејќи дека при изработката на решенијата за проширување на булеварот ги испочитувале одредбите од ГУП.

- Предложеното решение е во согласност со детаљниот урбанистички план. Единствено Град Скопје е надлежен за толкување на Генералниот план - децидни се од Градот.Што се однесува до решавање на имотно-правните односи, кои мора да се решат при проширувањето на овој булевар, во моментов, како што велат од Градот, поднесено е барање до Министерството за транспорт и врски за засновање право на долготраен закуп на земјиште.

- Земјиштето е сопственост на Република Македонија и бараме по пат на непосредна спогодба, без надоместок, за период од 99 години, да ни биде даден под закуп делот од улицата Наум Наумовски-Борче до булевар 8 Септември. Град Скопје веќе почна постапка за прибирање на потребната документација, која е обемна, но се' уште се чека некои институции да одговорат на поднесените барањата - објаснуваат оттаму. Со проектот е предвидено да се реализира полупрофил од сообраќајницата, како и целосна инфраструктура за улицата. Освен проект и изведувач, досега се обезбедени и средства.

Во моментов, на трасата на Илинденска делумно е изградена атмосферска канализација. Досега се реализирани околу 500 метри од канализацијата на оние места каде што нема имотно-правни проблеми. Канализацијата, велат оттаму, ќе биде довршена кога ќе бидат урнати дивоградбите, но и кога ќе се решат имотно-правни односи и со останатите сопственици на приватните објекти што се наоѓаат на трасата во делот на општината Карпош.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=66A73AF020831440AF6931580F532B49
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.