build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Илинден

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 14-Jan-2009 at 23:50
Јасно е зашто е саботиран поектов. Тоа веќе и од небо врапчињата знаат. Увек ни се прави слична глупост, додека порјдат изборите додека се екипираат новите тимови ќе фати лето. Па после жешко било одмори и така ќе отиде и градежната сезона у ветер.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 12-Feb-2009 at 02:28

Почнува проширувањето на „Илинденска“ и кај Тутунски комбинат

Градот Скопје обезбеди градежни дозволи од општините Центар и Карпош

Сања Наумовска

Градот Скопје идната недела ќе започне со реализација на проектите за проширување на „Илинденска“ и на раскрсницата кај Тутунски комбинат. По средбата на градоначалниците на Скопје и на Центар, Трифун Костовски и Виолета Аларова, надминат е проблемот со издавањето на градежните дозволи, поради кои проектите беа ставени на чекање.

Како што најавуваат во Градот, „Илинденска“ во првата фаза ќе се пробива на потегот од Владата до влезот на Зоолошка градина. Идната недела ќе започнат градежните работи за поставување на атмосферската канализација. На овој потег, велат во Градот, нема имотноправни проблеми поради што работите можат веднаш да почнат. Во Градот деновиве ги очекуваат и дозволите од Општина Карпош, за продолжување на атмосферската канализација на „Илинденска“ во правец кон Воена болница. Дел од овој потег е затворен со дивоградби, кои ќе треба да се урнат.


Иако трајното решение за проширувањето на „Илинденска“ од Владата до фонтаната „Лотос“ е подземна сообраќајница, сепак, тоа е неизводливо засега.
Поради тоа, на дел од сегашниот тротоар ќе бидат направени уште две ленти, без средишно зеленило. Во Градот најавуваат дека на овој потег ќе остане доволен простор за пешаците, а ќе биде засаден и нов дрворед.

„Очекуваме реакции на жителите, бидејќи навикнати се да си паркираат под прозорец. Новите тротоари кои ќе бидат направени по проширувањето ќе бидат заградени и наменети само за пешаците.
Поради проширувањето, ќе мора да ги исечеме дрвјата, но по завршувањето на улицата, ќе биде направен нов дрворед. Екипи од Секторот за комунални работи веќе беа на терен и одлучено е да се засадат дрвја со крошни кои ќе одговараат на новата состојба, бидејќи ќе бидат садени поблиску до куќите“, вели Аљоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3D85E165641C124AAF8644C7E281520A


Edited by lslcrew - 12-Feb-2009 at 02:30
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 12-Feb-2009 at 02:35
Ова ќе биде една од помасовните импровизации! Ќе се импровизира 350 метри булевар! Никаде не прочитав аргумент зашто не е можна реализација моментално, освен што финансиската состојба ни е позната на сите.

Инаку да бев јас градоначалник моментално не би ја градел илинденска по целата должина на сметка да се изгради тој тунел пошто гужвата на илинденска не е во карпош 4 него најголемата гужва е од влада до парк. Значи се доградува све само тоа што е најбитното се импровизира! Мислам дека град Скопје не се ни обиде да повлече средства од владата. Барем мислам дека од владата ќе беа заинтересирани за ваков еден, меѓу другото, рејтиншки тунел ако ништо друго!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 12-Feb-2009 at 06:24
Ohno

Ако еднаш го унаказат делов помеѓу влада и фонтана, не ми изгледа премногу веројатно дека тунел ќе се изгради некогаш во иднина...

Bash



@lsl
Од досегашното искуство владата не мрднала со прст за инфраструктурата во градов па макар и чисто рејтиншки. Проектите кои ги фураат се сосема од друга природа и тоа јасно се гледа зошто имаат заеднички именител, а тунел на пример дефинитивно не спаѓа во таква категорија
Wallbash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-Feb-2009 at 23:11

ЖИТЕЛИТЕ НА ИЛИНДЕНСКА ПРОТИВ НЕЈЗИНО ПРОШИРУВАЊЕ ВО 4 ЛЕНТИ

Жителите од Илинденска против нејзиното проширување на потегот од Влада до влезот на Зоолошката градина. Веќе формирале иницијативен одбор за спас на улицата на која изведувачите на градежните работи веќе ги одбележале дрвјата за сечење.

Реагираат дека со идејата на Градот Илиденска во тој потег да има 4 ленти нема да остане простор за тротоар а ќе биде  загрозена и безбердноста на жителите.

...нема услови за тоа ќе биде како на рели трки. Нека дојде некој од тие што планираат вакво нешто барем еден час да поседат во нашите куќи да видат какот се тресат од сегашното возење. Ако почнат со градба ќе застанеме на улица со децата, вели Николова Вера жител на Илинденска

...Според жителите на Илинденска, градежните работи ќе бидат спротивно на Генералниот урбанистички план.

...ова е без решение. Не постои детален план за проширување а овде има стари згради кои нема да ги издржат овие осцилации, вели Јане Јосифовски жител на Илинденска

Жителите на Илиндеска бараат од надлежните институции да ги прекинат активностите. Во спротивно најавуваат протести.

http://sitel.com.mk/?ItemID=2BA788179356B143824CE7B6A2502296

Не ми се верува дека дошол денот кога можам да кажам дека се слагам со багра граѓани! Ама кога ќе подразмислам поубаво, оваа збироштина е истата таа збироштина што сака во центар да си вдомува роднини до 7-мо колено по можност.

Така да само респект кон чинот на отпор кон импровизацијата што ни се готви!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 16-Feb-2009 at 00:01
единствено не се сложувам за делот за тротоари иза осцилациите
за тротоар простор има ама е узурпиран од паркирани возила, кои и да се прошири улицата ќе останат таму паркирани
а инаку нели планот беше да се прошири од фонтана до крај кон запад? од каде сега дека ќе се проширувало од кај влада?  натаму нема куќи колку што знам, не е никаков проблем ако е проширена во тој дел
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 16-Feb-2009 at 00:31
Јас не би навлегувал во тоа како би се поставиле истите граѓани по други прашања, ќе се задржам само на случајов.

Во право се за негативните ефекти од евентуалното проширување. Но она што е уште поважно, апсолутно се во право кога потенцираат дека вакво проширување е спротивно на ГУП-от, а сходно на тоа и на ДУП-от. Па нормално се поставува прашањето според кој урбанистички план се покренува ваков проект!
Колку и да ја подржувам градската администрација кога пружа отпор за дивоградбите што сака да ги протурка централната власт, се чудам дали не им е јасно дека ова е сосема исто криминално однесување!


Originally posted by zabegan

за тротоар простор има
Има, ама едвај, со одење во крајност и изведба на субстандардни решенија. Како и да е, јасно е дека проширување би било исклучително лошо „решение“. А доколку се направи, се плашам дека засекогаш ќе остане на тоа и дека тунел никогаш нема да се изгради.


Edited by Cloverstack - 16-Feb-2009 at 00:32
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 16-Feb-2009 at 06:50
Pa skopje e ustvari grad na privremeni proekti koi vaka kako sto trgnale ke bidat vo idnina glavna odlika na gradot Crazy prvo se pravi privremen proekt, pa posle godini se pravi dopolnitelna improvizacija za toj od privremen da premine vo stalen...do koga vaka??? Ohno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 21-Feb-2009 at 11:57
ПОРАДИ ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА
Ќе се сечат дрвјата на Илинденска
Со изградбата на канализацијата ќе се соголат корењата на дел од дрвјата, па од Градот велат дека ќе мораат да ги исечат за да не паднат и да предизвикаат поголема штета

Дрвјата на улица Илинденска, на потегот од зградата на Владата до фонтаната во Градски парк, ќе се сечат поради градежните работи за поставување на атмосферска канализација. Жителите од околните згради, пак, се плашат дека градските власти ќе ги сечат дрвјата за да направат простор за проширување на улицата на овој потег.
"Дрвјата се обележени за сечење. Ако веќе кажуваат дека нема да ја прошируваат улицата и оти ќе прават атмосферска канализација, зошто ги обележаа за сечење дрвјата од двете страни на улицата. Атмосферска канализација се става или по должината на коловозот или по должината едниот тротоар, зошто тогаш би ги сечеле дрвјата од двете страни", се прашуваат жителите од улицата Илинденска.
Тие објаснуваат дека ќе ги преземат сите можни мерки за да ги спречат градските власти да ја раскопаат улицата и да ги исечат дрвјата, ако притоа не покажат соодветен проект и градежна дозвола.
"Додека не обезбедат дозвола, нема да им дозволиме да исечат ниту едно дрво ниту, пак, да копаат", велат скопјани.
Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање и уредување на просторот во Градот, вели дека засега нема да ја прошируваат Илинденска во овој дел. Тој објасни дека оваа градежна сезона ќе постават атмосферска канализација на Илинденска, ќе почнат со проширување на улицата на потегот од Градски парк до раскрсницата со улицата Рузвелтова.
"Дрвјата се обележани, бидејќи кога ќе почнеме со градежните работи за поставување на атмосферската мрежа, најверојатно, ќе дојдеме и до корењата на дел од дрвјата. За да не паднат и да не направат поголема штета, ќе мора да исечеме дел од нив. Сега не можам да кажам колку дрвја ќе се сечат, а откако ќе завршиме со градежните работи, ќе посадиме нови дрвја", вели Шопар.
Тој објасни дека проектот за атмосферска канализација се уште е на корекции во Општина Центар и оти очекуваат следната недела од Општината да ја добијат градежната дозвола, и веднаш да ја почнат изградбата.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163872&idg=9&idb=2605&rubrika=Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 22-Feb-2009 at 21:08
Класична драма... во случајов мислам оправдана.

Никогаш не ми се допаѓала идејата за ширење на Илинденска на потегот од Влада до Лотосов цвет. Непотребно унаказување на улицата за да се добие решение кое ништо не решава.




Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 06-Apr-2009 at 12:47

Про­ши­ру­ва­ње­то на Илин­ден­ска спро­тив­но на ГУП

Не­ма доз­во­ла до­де­ка не се сме­ни ГУП-от, по­ра­чу­ва­ат од Оп­шти­на Цен­тар, а од Гра­дот пра­шу­ва­ат зош­то ба­рем не до­би­јат доз­во­ла за пос­та­ву­ва­ње ат­мос­феркс ка­на­ли­за­ци­ја ко­ја и е не­оп­ход­на на ули­ца­та

Про­ши­ру­ва­ње­то на бу­ле­ва­рот Илин­ден од Град­ски парк до крс­тос­ни­ца­та со ули­ца­та 8-ми сеп­тем­ври во Оп­шти­на Кар­пош се­гаш­на­та град­ска ад­ми­нис­тра­ци­ја му го ос­та­ва во нас­лед­ство на ид­ни­от скоп­ски гра­до­на­чал­ник. Ре­а­ли­за­ци­ја­та на овој про­ект по­ве­ќе од ед­на го­ди­на тап­ка во мес­то, би­деј­ќи Гра­дот не мо­же­ше да ги обез­бе­ди пот­реб­ни­те гра­деж­ни доз­во­ли. Ла­ни ле­то­то град­ски­те влас­ти поч­наа под­го­тов­ки за пос­та­ву­ва­ње ат­мос­фер­ска ка­на­ли­за­ци­ја, но са­мо во де­лот на Оп­шти­на Кар­пош, од ка­де обез­бе­ди­ја гра­деж­на доз­во­ла, до­де­ка де­лот што при­па­ѓа на Оп­шти­на Цен­тар ос­та­на не­чеп­нат.
"За жал овој про­ект не мо­же­ме да го поч­не­ме, би­деј­ќи од Оп­шти­на Цен­тар со уш­те не сме до­би­ле гра­деж­на доз­во­ла. Нап­ра­вив­ме про­ект, из­брав­ме из­ве­ду­вач и сe е под­гот­ве­но да стар­ту­ва­ме со гра­деж­ни­те ра­бо­ти. Иа­ко гра­до­на­чал­нич­ка­та на Цен­тар Ви­о­ле­та Ала­ро­ва на сред­ба­та со гра­до­на­чал­ни­кот Три­фун Кос­тов­ски пред еден ме­сец ве­ти де­ка ќе ни да­дат гра­деж­на доз­во­ла, тоа до­се­га не се слу­чи", ве­лат од од­де­ле­ни­е­то за од­но­си со јав­ност на Гра­дот.
Над­леж­ни­те од Оп­шти­на Цен­тар пот­вр­ду­ва­ат де­ка со уш­те не из­да­ле гра­деж­на доз­во­ла за про­ши­ру­ва­ње на Илин­ден­ска, но об­јас­ну­ва­ат де­ка тоа не мо­жат да го нап­ра­ват до­де­ка не се нап­ра­ват из­ме­ни во Ге­не­рал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план на Скоп­је.
"Не мо­же­ме да му из­да­де­ме гра­деж­на доз­во­ла на Гра­дот, би­деј­ќи ди­мен­зи­и­те на про­ши­ру­ва­ње­то на ули­ца­та што пла­ни­ра­ат да го пра­ват и за што ба­ра­ат одоб­ре­ние од нас, го не­ма во Ге­не­рал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план. До­де­ка не се нап­ра­ват из­ме­ни на ГУП-от или до­де­ка не се до­не­се нов, не мо­же­ме да им да­де­ме гра­деж­на доз­во­ла", ве­лат од Оп­шти­на Цен­тар.
Со про­ек­тот на Гра­дот бе­ше пред­ви­де­но да се про­ши­ри Илин­ден­ска со по ед­на ко­ло­воз­на лен­та од две­те стра­ни, да се из­гра­дат тро­то­а­ри и да се пос­та­ви ат­мос­фер­ска ка­на­ли­за­ци­ја.
"Ова е кла­сич­на ма­ни­пу­ла­ци­ја од Оп­шти­на Цен­тар. До­се­га во­оп­што не до­бив­ме ни­ка­ков од­го­вор на ба­ра­ње­то за одоб­ре­ние за град­ба. Ако ве­ќе не им се до­па­ѓа­ле ди­мен­зи­и­те на ули­ца­та, мо­жеа да ни из­да­дат доз­во­ла са­мо за пос­та­ву­ва­ње ат­мос­фер­ска ка­на­ли­за­ци­ја, што ка­ко ин­фрас­трук­ту­ра е пот­реб­но и без про­ши­ру­ва­ње на ули­ца­та", ве­лат од од­де­ле­ни­е­то за од­но­си со јав­ност.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=AA525AB5AD9F5740B86F9697D5EEEEA1
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 17-Jul-2009 at 10:40
Има ли некој претстава зошто ги испосекоа дрвата на Илинденска?! Ќе се проширува булеварот, опасни беа да не се искршат или нешто трето....можеа да ги пресадат некаде ако веќе го раскопуваа тротоарот за проширување на коловозот!? Некакво инфо некој???
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 17-Jul-2009 at 10:50


јас не сум во Скопје моментално. Сакаш да кажеш дека го искасапиле делот влада-фонтана?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 17-Jul-2009 at 11:02


Еве го објаснувањето

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=644&PID=43061#43061
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 17-Jul-2009 at 11:15
Да, да тој потег...па можеа нешто да смислат со дрвата, кога веќе ќе се раскопува!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 17-Jul-2009 at 11:56


Се сложувам. Масакр! Една од главните причини зошто бев против проширување на Илинденска беше токму дрворедот и амбиентот на таа улица. Какво е она објаснување од Мичо Поповски.... 'И тоа е' парафразирано. Па должат барем елементарно објаснување зошто ваков потфат е неопходен.


Исечен еден од најстарите дрвореди во Скопје

 

 

Отсечени се 32 дрва на улицата Илинденска на потегот од зградата на Владата до фонтаната во Градски парк поради градежните работи за поставување на атмосферска канализација.

Од 7 часот изутрината улицата беше затворена за сообраќај. Возилата беа пренасочени по околните улици.

Сообраќајот во наредниот период ќе се одвива во една коловозна лента, додека на другата ќе се гради.

„Денеска се подготвува теренот за атмосферската канализација. Магистрален вод. Сите стари дрвја, околу триесетина, се исечени и тоа е“, вели Мичо Поповски, потпретседател на комитетот за урбанизам на град Скопје.

Жителите од околните згради се видно вознемирени - се уништува еден од најстарите дрвореди во Скопје.

Се плашат дека градските власти ќе ги сечат дрвјата за да направат простор за проширување на улицата.

 

 

„Сабајле дојдоа со полиција да ни кажат дека колите сметале. Ние мислевме дека има некоја посета на некој претседател што се случува често, меѓутоа таа интервенција била за да се сечат дрвјата“, вели жителка на Скопје.

„Животот на тие луѓе тука што се и на фирмите и на семејствата ќе биде тотално оневозможен“, објаснува еден граѓанин.

Акцијата за поставување на атмосферска канализација на Илинденска ќе продолжи и во наредните 30 дена. Дотогаш сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента со посебен собраќаен режим.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111566


Edited by pbanks - 17-Jul-2009 at 12:38
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 17-Jul-2009 at 12:20
На Мичо му фали едно мало „јеби га„ во реченицава, да биде комплетна...
...мора да напраиле темелна анализа пред да го напраат ова. А јас па викам ќе го прошират тој дел од булеварот Wallbash
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Jul-2009 at 12:52
Eве слики од масакрот денеска на кој јас бев сведок. Имаше едно чудо работници и исто толку полиција. Беше тажна глетка како безмилосно ги сечеа дрвата и многу од станарите беа видно потресени. Колку само непромислена и сосила истуркана работа! Па свесни ли се колку простор ќе остане за тротоари!? Дека луѓето ќе немаат каде да паркираат за да дојдат дома и дека колки ќе им поминуваат на метар ипол од прозорот?!? Останува прашање каков ќе биде ефектот од ова проширување и дали ваква глупост беше потребна?






Edited by La Linea - 17-Jul-2009 at 12:56
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Jul-2009 at 13:32
omfg Eeek        има некој било какво објаснување зошто е неопходно да се исече дрворедот за да се направи атмосферска канализација
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 17-Jul-2009 at 14:06
Не ми е толку жал за дрвата колку што сум изнервиран за ваквите имровизации на градската власт. Многу инфантилно се понашаат. Не се во состојба да реализираат еден единствен проект целосно за нов булевар во Скопје па сега некои вакви импровизации ќе ни ги продаваат како врвно достигнување во светската градежна наука! Срамота! Ако неможам подобро нека не прават, или па нека прават каде што имаат чист терен, по приградските населби, кога веќе не знаат да се справуваат со урбани средини.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.