Author |
Topic Search Topic Options
|
micko_v
Senior Member
Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
|
Quote Reply
#81 Posted: 20-Jul-2009 at 13:51 |
Originally posted by zabegan
Originally posted by micko_v
Не се согласувам со тоа да се импровизира со Дуп-от, но од друга страна НЕ СМЕЕ да им се дозволи на граѓаните кои што живеат таму да се однесуваат како да се работи за нивен приватен двор (конкретно тротоарот и дрворедот), а градот неме потреба да се оправдува и да ја прикрива вистинската намера.
Од друга страна нормално е дека во центарот не може на сметка на приватни барања да се жртвува реализација на проекти. Секаде во светот во центарот на градовите зградите излегуваат директно на тротоар-улица на оддалеченост од 1,5м. | ај сега, се согласував со тебе се додека не го кажа ова
|
Погрешно се изразив
zabegan, сакав да кажам дека нормално е ако растојанието од влезот на
зградата до работ на улицита е 1,5м, посебно во градовите со стари
централни јадра, како во Франција, Италија, Шпанија....
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#82 Posted: 22-Jul-2009 at 15:09 |
Трајановски да посади нови дрвја на Илинденска
Градоначалникот Коце Трајановски да докаже дека морале да ги исечат дрвјата на Илинденска, стои во барањето на скопјани
Група
граѓани завчера побараа од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски
да им даде документ со кој ќе се оправда сечењето на 32 дрвја на
булевар Илинден на потегот од раскрсницата кај Владата до фонтаната во
Градски парк. Тие, исто така, бараат на местото на исечените дрвја,
Градот да посади нов дрворед со приближно исти димензии за да се врати
првобитната функционалност и естетика на оваа улица. Дрвјата беа
исечени минатиот петок по налог на Градот, заради изградба на
атмосферска канализација долж целата Илинденска, која пак е неопходна
за да почне проширувањето на улицата. Во барањето на граѓаните
стои дека од скопскиот градоначалник бараат документ во кој има
релевантна проценка од стручни лица, врз основа на која тој ја одобрил
акцијата за сечење на дрвјата. "Нè интересира дали беа разгледани
и други можни решенија со кои би се избегнало сечењето на дрвјата на
Илинденска, односно бараме документ кој докажува дека се земени во
предвид сите останати алтернативи со кои би се избегнало тоа, а воедно
би биле ефективни за завршување на проектот поставување на атмосферска
канализација", се вели во барањето на групата граѓани. Од
одделението за односи со јавност на Градот велат дека го примиле
барањето и во законскиот рок од 30 дена за доставување информации од
јавен карактер, на граѓаните ќе им ги достават бараните документи. "Што
се однесува до нивното барање да се посадат нови дрвја на местото на
исечените и да бидат со исти димензии, требало да го пратат до нашиот
сектор за комунални работи, а не до градоначалникот. Но и ова барање ќе
биде разгледано", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=7CFEFC844126904482D4225043F4AED0 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#83 Posted: 24-Jul-2009 at 03:03 |
И трафиките кај „Лотос“ ќе отидат курбан поради ширењето на „Илинденска“
Се' уште не се знае конечниот проект за новиот булевар
Сопствениците на трите трафики на улицата „Илинденска“ кај фонтаната
во Градски парк добиле известување оти треба да ги дислоцираат
времените објекти, што практично значи дека теренот се подготвува за
проширување на улицата. Градоначалникот Коце Трајановски вчера ги
потврди овие намери, но веќе неколку дена упорно во јавноста одбива да
го објасни проектот, иако е дел од неговата изборна програма, а
истовремено во отчетот за сработеното во изминативе 100 дена го
посочува и како еден од оние кои се почнати со реализација.
„Трафиките
мора да се отстранат. Булевар ‘Илинденска‘ ќе се реализира, нема да
дозволам неколку трафики да го спречат реализирањето на проектот. Со
нив ќе се постапи во согласност со законот. Од друга страна, пак, во
ниту еден поголем град нема трафики. Ако мислите дека треба да останат,
тогаш знајте дека никогаш, ниту милиметар ниту еден процент нема да
бидеме како Париз“, изјави Трајановски, кој по неколкуминутни
инсистирања на новинарите рече оти наводно на проектот за ширење на
„Илинденска“ се' уште се работи. „Проектот е во фаза на изработка и ќе
биде како што ќе одлучат архитектите“, дополни градоначалникот не
сакајќи да ја каже својата визија за „Илинденска“ оти смета дека „нема
да биде интересно доколку за сите идеи предвреме ги информира
скопјани“.
Така јавноста, пред се', засегнатите жители од
реонот уште извесен период ќе живеат во неизвесност дали „Илинденска“
ќе се шири само од фонтаната „Лотос“ кон Карпош или, пак, од нејзиниот
почеток до фонтаната, што ќе значи дека сечата на јаворите, која беше
оправдана како неопходна поради изградбата на фекална канализација во
тој дел од градот, сепак, е направена и за да се прошири улицата.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=A2FBE03723C1ED49B6FF99F5E21069F9 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#84 Posted: 24-Jul-2009 at 03:10 |
Малку тенденциозно од страна на утрински во насловот. Ај за дрвата да разбреме, екологија е во прашање, прекрување на ГУП-от на Скопје, ама за трафикиве воопшто неможам да сватам од каде поривот генерично и суптилно да се саботира проект за кој е зацртано уште пред неколку децении дека треба токму тука да проаѓа. Значи овие објекти познати меѓу народот како трафики всушност нивното право име е "објекти од времен карактер" што и самото кажува дека кога ќе им дојде време ќе треба да се тргнат. Значи дрва, трафики, клупи и било каква опрема и зеленило се второстепена работа за разлика од сообраќајната мрежа која е примарна. И конечно треба да им се обајсни на граѓаниве, да им се наштелува канатарот на граќаниве за кога ќе ставаат некои работи на кантар да можеме правилно да перцепираме. Здравје боже да се направи булеваров па нема воопшто да биде проблем да се одредат нови локации за трафики покрај булеварот, а еве тоа би можело и сега да се случи па трафиките да бидат преместени малку позападно неколку десетина метри веднаш до бараките на град Скопје и да бидат повлечени навнатре накај градски парк колку што е тоа потребно за да има доволно ширина за булеварот (42° 0'11.23"N 21°25'19.30"E).
Edited by lslcrew - 24-Jul-2009 at 03:15
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#85 Posted: 24-Jul-2009 at 03:12 |
Илинденска ќе се проширува, ама тајно
Градоначалникот Трајановски вчера не сакаше транспарентно да
одговори дали „Илинденска“ ќе се проширува и во делот каде што беа
исечени дрвјата, оти тоа не е предвидено според важечкиот детален план
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и покрај многубројните новинарски прашања вчера одби да ја информира јавноста дали на
местото на исечените дрвја на „Илинденска“ ќе се изведе проширување на
улицата. Деновиве жителите на „Илинденска“ му замерија на
градоначалникот дека крие информации од нив, не работи транспарентно и
тајно се подготвува за градежни зафати за проширување, под превезот
дека ќе се гради атмосферска канализација.
- Зошто искрено не
кажат кои им се плановите, наместо да не' вадат од памет рано наутро со
кордон од полиција - рече жител на Илинденска.Пред неколку дена
градската администрација информира дека дрвјата се сечат поради
изградба на атмосферска канализација, но неофицијално наши извори од
Градот велат дека дрвјата се исекле поради планираното проширување на
улицата за неколку метри. И самиот Трајановски пред неколку дена изјави
дека улицата ќе се шири и на местото каде што беше сечата, оти мора да
се реши сообраќајниот хаос. Наместо одговор, Трајановски обвинуваше
дека сите се против него.
- Дајте да ги шириме булеварите во
Скопје. Дајте да го реализираме проширувањето на Илинденска - изјави
градоначалникот на вчерашната прес-конференција по повод 100 дена од
доаѓањето на оваа функција. Трајановски најави почеток на проширувањето
на Илинденска, но не сакаше да одговори на прашањата дали улицата ќе се
проширува и на местото на исечените дрвја, бидејќи според
урбанистичкиот план на Општина Центар за Дебар Маало, таму не е
предвидено проширување.
- Нема да дозволам никој да ме спречи
во реализацијата на планираниот проект - повторуваше Трајановски,
додека новинарите прашуваа дали ќе бара Центар да го промени
урбанистичкиот план и дали ќе се менува самиот проект за „Илинденска“.
Според проектот, засега е предвидено улицата да се прошири за две
коловозни ленти, но на потегот од фонтаната Лотосов цвет во паркот, па
се' до населбата Карпош 3.
Поради почетокот на работите за
проширувањето, вчера на конференцијата дојде граѓанин кој го праша
Трајановски зошто ќе се отстрануваат трафиките кај Градскиот парк и
зошто не ги прима на разговор. Градоначалникот не му дозволи да
поставува прашања, но потоа одговорот и на ова прашање им го ускрати и
на новинарите, велејќи дека прес-конференцијата била свикана поради
100-те дена работа, а не за поставување разни други прашања.Околу
отстранувањето на трафиките, Трајановски само кратко информира дека се
работи за времени објекти што мора да се отстранат, бидејќи законски
нивната дозвола важи до реализацијата на урбанистичкиот план.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C7FD41CEFD0DE444B089E427F1C09F8B |
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#86 Posted: 24-Jul-2009 at 13:29 |
е ова воопшто не е во ред, иако досега за тој дел се зборуваше само за атмосферска канализација и дека знаевме дека улицата ќе се проширува од „лотос“ понатаму, сепак треба да ни е јасно што се припрема во градов П.С. сега кога нема дрвја, треба да ги реновираат фасадите на старите згради зошто повеќе се гледаат
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#87 Posted: 25-Jul-2009 at 10:41 |
ПРОДОЛЖУВА СПОРОТ ЗА ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ ГРАДСКИ УЛИЦИ
„Илинденска“ со жив ѕид ќе се брани од проширување
Жителите
на „Илинденска“ на средба со градоначалникот Коце Трајановски ќе бараат
одговор за евентуалното проширување на улицата на потегот од Владата до
влезот во Градскиот парк и за исечените дрвја. Тие за идниот петок
закажале средба со Трајановски, а три дена порано ќе разговараат и со
градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. - Договоривме средби и
се надеваме дека ќе ги добиеме одговорите кои ги бараме - вели
Александар Виќентиевиќ, еден од станарите на улицата. Истовремено, и
сопствениците на трите киосци на влезот во Паркот не се откажуваат од
барањето да не бидат преместени од сегашната локација и велат дека нема
да ги потпишат решенијата за нивно селење. - Не гледам зошто не би не
поместиле малку повнатре кон паркот, ако веќе сакаат да ја шират
улицата. Од овие трафики егзистираат 15 семејства, а за нив редовно
плаќаме даноци и придонеси. Ќе се бориме до крај, заедно со сограѓаните
од „Илинденска“ и ако треба со жив ѕид ќе ги браниме и трафиките и
улицата “ велат сопствениците. Почетниот дел од улицата „Илинденска“,
од Владата до фонтаната, кај скопјани е познат како најстарото јадро на
градот. Улицата била трасирана уште во 19 век и водела кон паркот
„Ислахане“, кој е всушност стариот дел од денешниот парк, и кон
гимназијата, на турски „идадија“, која подоцна се трансформирала во
учителска школа и чиишто остатоци и денес се гледаат зад бараките на
Општина Центар. Најголем дел од имотите околу „Илинденска“ во почетокот
на 20 век ги купил советникот во Градското собрание, Ѓорѓе Буњак. - Со
одлука на Собранието од 1924 година решено е делот околу „Илинденска“
да се урбанизира. Буњак инвестира во трасирањето на сите улички во
сегашно Дебар маало 2, кое треба да го носи името Буњаковец, како и
пазарчето, токму по овој човек. Тој како прв урбанист во Скопје го
изградил и кружниот тек кај улицата Коле Неделковски, во кој се
совпаѓаат дури седум улици “ раскажува Благој Гајдов, поранешен
градежен инженер. Тој вели дека истата година е донесена одлука да се
садат дрвја на „Илинденска“ и на „Ленинова“, на првата багреми, а на
втората липи, диви костени и багреми. Така никнуваат најстарите
дрвореди во градот. - Со сечењето на овие дрвја и уништувањето на ликот
на најстарата улица, каде што и денес се наоѓаат објекти со
културно-историско значење, градоначалникот насилно ја узурпира
историјата на Скопје “ смета Гајдов. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1766&ArticleID=118448 |
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#88 Posted: 25-Jul-2009 at 20:21 |
не ми е јасно на кој простор планираат да ги насадат дрвјата кои велат дека ќе ги насадат
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#89 Posted: 25-Jul-2009 at 22:13 |
Телефонот не ми слика баш најдобро навечер, ама еве ако може да видите за колкава дупка се работи и за цефките од канализацијата...
Edited by lslcrew - 25-Jul-2009 at 22:16
|
|
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#90 Posted: 25-Jul-2009 at 22:59 |
Добар потег со ова се покажува дека Скопје е светлосни години наназад сеуште немаме атмосферска канализација на главните улици во центарот. Исто не сум воопшто против сечењето на дрвата сите тие имаат животен век време беше да се отстранат и тие таму што протестираат против проширувањето казни треба веднаш за нарушување треба да им поделат.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#91 Posted: 26-Jul-2009 at 01:20 |
Originally posted by Supervisor
Добар потег со ова се покажува дека Скопје е светлосни години наназад
сеуште немаме атмосферска канализација на главните улици во центарот.
Исто не сум воопшто против сечењето на дрвата сите тие имаат животен
век време беше да се отстранат и тие таму што протестираат против
проширувањето казни треба веднаш за нарушување треба да им поделат. |
Чекај,
ти подржуваш поставување атмосферска канализација или проширување?
Бидејќи ако треба да им се поделат казни на тие што протестираат, што
тогаш треба да им се подели на градоначалникот и администрацијата
(доколку одат на проширување) за непочитување на генералниот и деталниот урбанистички план и
безочно поигрување со јавноста со она прво објаснување што го дадоа?
|
|
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#92 Posted: 29-Jul-2009 at 01:10 |
|
|
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#93 Posted: 29-Jul-2009 at 01:11 |
Ајде овде коментари и фотки кој знае и има инфо некакакво како ке ја редифинираат Илинденска
|
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#94 Posted: 29-Jul-2009 at 08:38 |
Конфузен наслов, типичен за нашите новинари, но подоле во текстот всушност се објаснва дека станува збор за изградба на еден од пристапните излезли/влезови за обиколницата кај Волково.
Старт на градежните работи за изградба на обиколницата
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денска во 11 часот ќе го означи стартот на градежните работи на новиот пат од селото Волково до северната обиколница на Скопје, се вели во соопштениетото од прес службата на Скопје.
Изградбата на пристапниот пат ќе почне во близина во Волково.
Автор на веста: Нетпрес Објавена на 29.07.2009 08:15:44
|
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#95 Posted: 29-Jul-2009 at 11:28 |
Чекај малку. Кој е тој па сега пристапен пат?! Таа клучка во Волково треба да биде во иднина крајот на Илинденска. Значи Илинденска во Карпош 4 да продолжи преку Вардар и да иде покрај Лепенец све до обиколница. Да н случајно мисли Коце да ја изгради Илиндеска со помал профил и накај обиколница нешто?!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#96 Posted: 29-Jul-2009 at 11:56 |
Центар не е надлежен за булеварот
Општина
Центар не е одговорна во случајот со Илинденска затоа што таа како
булевар е под надлежност на Град Скопје. Ова е одговорот што жителите
од булеварот Илинден, кои се противат на сечењето на дрвјата на улицата
и на нејзиното проширување, го добија на вчерашната средба со
градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. - Задоволни сме од
средбата, градоначалникот беше многу коректен. Ни објасни дека
деталниот урбанистички план „Дебар маало 2“, за кој помина јавната
анкета, се уште не е усвоен од Советот. Засега таму не е предвидено
проширување на улицата, но во процедура е и измена на генералниот
урбанистички план, што значи постои отворена можност и вакво решение да
се вцрта “ велат граѓаните. Тие в петок ќе имаат средба и со
градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, од кого ќе бараат
конкретен одговор дали улицата ќе се проширува.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1770&ArticleID=118723 |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#97 Posted: 29-Jul-2009 at 12:37 |
Којзнае... можда се мисли и на патот што треба да ја поврзе клучката Стопански Двор
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#98 Posted: 29-Jul-2009 at 13:01 |
Кловер еве го одговорт на нашата дилема!
ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ПРИСТАПНИОТ ПАТ ОД ВОЛКОВО ДО СЕВЕРНАТА ОБИКОЛНИЦА
Градоначалникот
на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Ѓорче
Петров, Сокол Митровски, денеска /29.07.2009 година/ го означија
стартот на градежните работи на пристапниот пат кон северната
обиколница кој ќе почнува кај последната автобуска станица на автобусот
со број 22 во Волково.
- Ми
претставува особена чест што денеска почнуваме значаен инфраструктурен
објект кој ќе придонесе за растоварување на сообраќајниот метеж во
градот Скопје. Се надевам дека до крајот на годинава ќе се видат
позитивните резултати од изградбата на овој пат – рече градоначалникот
Трајановски на стартот на изградбата на пристапниот пат.
Пристапниот
пат од Волково до обиколницата ќе биде долг 846 метри. Поради
променливата ширина на профилот на патот, изведбата ќе се одвива со
променлива ширина. На некои места, патот ќе биде со две ленти од по 3,5
метри и тротоари од двете страни од по 2,5 метри. На други места, патот
ќе биде со помала ширина во зависност од потребите и можностите за
изведба.
Сообраќајницата ќе се изведе со два слоја асфалт, а тротоарите ќе се покријат со бекатон-плочки.
Овој пат ќе биде привремено решение до комплетната реализација на булеварот Илинден.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2776&mid=24&tabId=1&tabindex=0 |
Edited by lslcrew - 29-Jul-2009 at 13:02
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#99 Posted: 29-Jul-2009 at 16:11 |
Од почетокот на изградбата на пристапниот пат до обиколницата... 01. 02. 03. www.skopje.gov.mk
Edited by lslcrew - 29-Jul-2009 at 16:12
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#100 Posted: 29-Jul-2009 at 16:41 |
За да биде појасно за кој потег се работи еве скица... 42° 3'11.82"N 21°21'51.59"E
|
|