build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 17>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1323
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Клинички центар Скопје
    Posted: 06-Nov-2021 at 19:10
@Cloverstack убаво кажува, имаше само театар од ВМРО со лопата за тоа дека само што не почнал клинички да се гради. Многу добро се сеќавам дека 3 години ништо не се направи, а баш во тој период секој ден бев на Стоматологија, па морав да кружам од тие тарабите кои битно беа наместени, мислиш само што не почнале да градат.

Јас не верувам дека ќе направат нов Клинички, било каде.

Според мене, проектот од времето на ВМРО е добра основа на постојната локација и со идеите што ги кажува Cloverstack може да се направи одличен проект за наши услови и можности.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Nov-2021 at 18:36
Originally posted by Graditelot

Идеална локација би била некаде окулу хиподром. Веднаш до автопатот, обиколницата, близу до аеродромот и лесно достапна за цела централна и источна мк како и западна преку обиколницата.


- Нема никаква потреба да биде близу до аеродромот.

- Поврзаноста со градската сообраќајна мрежа е очајна.

- Поврзување со автопатска мрежа е проблематично поради близината на клучката Хиподром

- Потенцијалот за јавен превоз не е воопшто сјаен.



Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Nov-2021 at 17:07
Идеална локација би била некаде окулу хиподром. Веднаш до автопатот, обиколницата, близу до аеродромот и лесно достапна за цела централна и источна мк како и западна преку обиколницата. Истотака релативно бргу се стигнува од самиот центар на Скопје.

Ама сето ова е научна фантастика кога се нема пари за нов клинички центар кој веројатно никогаш нема да се изгради.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 755
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Nov-2021 at 12:45
Друга локација, можеше да биде и Расадник. Голем простор, во Кисела Вода, многу блиску до Аеродром, лесно пристапен од западниот и северниот дел на градот (преку бул. Борис Трајковски, и бул. Србија).
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1566
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Nov-2021 at 12:00
Еве фабрика железара е добра локација, и така нели ќе ја изфрлеле од ГУП цела тешка металургија.

Шала на страна, делот кај Борис Трајковски карши воена болница е најкомпатибилен за оваа намена, па можда и сама воена болница да се вклучи како дел од комплексот. Има одличен баланс на рурал/урбан пристап да служи и на градот и на државата.

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 755
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Nov-2021 at 11:23
Originally posted by Cloverstack


И кога веќе пишав цели романи, не смеам да испуштам да спомнам нешто и за медицинскиот кадар

Џабе би ни бил и најдобриот клинички центар на планетата, ако не е доволно и квалитетно екипиран. Џабе би ни била и најсовремената медицинска технологија и апарати на планетата, ако нема кој содветно да ја ракува.

Со оглед дека веќе долги години наназад потфрламе во продукција на медицински кадар (и квантитативно и квалитативно), а од друга страна постојниот кадар масовно ни се одлева кон запад (од медицински сестри до доктори субспецијалисти), јасно е дека и на ова поле ни треба сериозен и квалитетен „проект“.

Со изолиран клинички центар, надвор од градот, надвор од опфатот на скопската обиколница, сигурно не се оди кон овозможување подобри услови за продуцирање квалитетни кадри во медицината.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Nov-2021 at 01:07

И кога веќе пишав цели романи, не смеам да испуштам да спомнам нешто и за медицинскиот кадар

Џабе би ни бил и најдобриот клинички центар на планетата, ако не е доволно и квалитетно екипиран. Џабе би ни била и најсовремената медицинска технологија и апарати на планетата, ако нема кој содветно да ја ракува.

Со оглед дека веќе долги години наназад потфрламе во продукција на медицински кадар (и квантитативно и квалитативно), а од друга страна постојниот кадар масовно ни се одлева кон запад (од медицински сестри до доктори субспецијалисти), јасно е дека и на ова поле ни треба сериозен и квалитетен „проект“.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Nov-2021 at 00:57

Размислувајќи на темава, постојната локација на клиничкиот центар мислам дека има уште една скриена предност. Но под услов да се елиминираат отсечените клиники! Со тоа станува можна нивна пренамена.

Тука пред се ги имам на ум:
- Инфективната клиника
- Детската клиника
- Клиниката за кардиологија

Сите три се големи и квалитетни објекти, а од градежен аспект се во солидна состојба.


Една опцја е пренамена во студентски домови. Најголем дел од квадратурата на посочените објекти секако има сместувачка функција, па барем еден од трите ваљда би бил адекватен за евтина и квалитетна трансформација во студентски дом.


Друга опција е нудење на овие објекти на приватни здравствени организации (под закуп или на продажба). Како што Жан Митрев функционираше во воената болница, а сега изгради посебен објект што е практично во дворот на болницата, и како што Ремедика функционира во Железара.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Nov-2021 at 00:24
Originally posted by <Fresno>

Доколку од корен се реновираат и отсечените објекти



Токму оставање на отсечени објекти е проблемот со кој мислам дека не смее да се направи компромис. Исклучок за ова се стоматолошката клиника, судска медицина и психијатрија. Се друго мора да биде една целина.

Не можам никако да прифатам дека пациенти со секакви проблеми, вклучувајќи и тешко болни пациенти, ќе продолжат да ги тркалаат од една клиника во друга, под отворено небо, во разноразни колички и носилки. Некогаш и на -20 степени, некогаш на 45 степени, некогаш при дожд, при снег, низ вирови, низ сообраќај... а дистанците знаат да бидат стварно импресивни. Притоа тоа значи ангажман на болничари за да ги тркалаат сите тие болни наваму-натаму, а понекогаш е потребна и придружба од доктор. Ако е животозагрозувачка состојба треба да се организира и ангажира возило и возач (барем претпоставувам дека ваквите случаи не ги тркалаат под отворено небо). Тоа значи „утовар-истовар“ на критично болен, плус губење драгоцено време, плус возилото може дополнително да подзаглави во внатрешниот сообраќај.

Пациентите се најкритична категорија што се тркала наваму-натаму, но не се единствена. Лабораториски примероци и слично, медицински персонал, студенти и професори... Ние сме се навикнале на цел тој циркус и неефикасност, па затоа не ни боде до толку очи. Јас не знам на друго место да постои ваков дисперзиран клинички центар и тоа ептен многу кажува.


--------------------------


Инаку не сум во принцип против задржување на постојната локација, само сум против лошото решение што одеше во пакет со неа. Постојната локација има и предности и маани, сепак една огромна предност е што со останување на клиничкиот центар таму, тој вреден простор ќе се заштити од пополнување (уништување) со стандардните урбано-мафијашки помии.


Но предуслови за нов клинички да градиме на старата локација, според мене мора да бидат овие два:

1. Сообраќајниот проблем не смее да се игнорира и да се става под тепих. Потребна е спремност за порадикални и скапи решенија.

2. Потребна е темелна реорганизација на целиот простор и изградба на поголем нов објект кој нема да остави отсечени круцијални клиники и во кој ќе се сместат и сите други нужни работи.

Во врска со вторава точка, дури не би инсистирал по секоја цена дека објектот мора целосно да се изгради одеднаш. Прифатливо би било да се испроектира за квалитетна фазна реализација и клиниките да се инкорпорираат една по една, како што ќе напредува реализацијата на проектот. Клучно е раштркани клиники да не бидат третирани како крајно „решение“, како во проектот од 2013 година.



Ќе се впуштам малку и во груба математика, чисто колку да илустрирам:

Ако за проектот од 2013 (62.000 m2) беа потребни 72 милиони евра за градежни работи со клуч на рака, да речеме дека отприлика 3 пати поголем објект може да ги прими и преостанатите клиники и тоа ќе чини околу 210 милиони евра. Да додадеме и замашни 40 милиони евра за соодветни сообраќајни решенија што сеопфатно ќе го решат проблемот со пристапноста. Вака испаѓа дека за ~250 милиони евра можеме да добиеме комплетно и квалитетно решение. Скапо е, ама за катастрофалната локација кај Кондово се калкулира со повеќе од двојно поголема сума!






Edited by Cloverstack - 06-Nov-2021 at 01:17
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 856
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Nov-2021 at 22:03
Може да е така, имаше доволно време Тодоров да го заврши, но како и со сите проекти се влечкаа. Сепак обезбеди кредит, а новите можеа да го подобрат проектот и да го тераат.

Доколку од корен се реновираат и отсечените објекти, заедно со катните гаражи и цела дворна површина освежена, би добиле нешто пристојно и функционално. Сообраќајно треба да се изанализира во однос на Лимак и големиот кружен, како на пример проширен влез и 2х2 од кај Мала станица и проширување и можеби мини клучка кај Водњанска.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Nov-2021 at 20:56



Рендерот супер изгледа, ама...


Овој концепт предвидуваше најголем дел од клиниките (и други пропратни елементи) да си останат расфрлани и отсечени.

Новиот објект воглавно ќе ги примеше интерните клиники и физички требаше да биде поврзан само со постоечката хирургија, со новата гинекологија и со онкологија. Толку. Според мене тоа не е ни приближно добро решение. Барем да беше испроектиран како прв модул и да беа зацртани решенија за понатамошно планско ширење на блокот, заради инкорпорирање на сите преостанати клиники и објекти... Но таква работа во ниту еден момент не беше спомната.

Исто така, сообраќајниот проблем едноставно беше ставен под тепих.



Но има и друга работа што не треба да се заборави, а тоа е фактот дека овој проект, и покрај сите фанфари, никогаш реално не се приближи до точка на реализација. Тргни од статијата што ја цитираш - објавена е во август 2013 по повод официјалното претставување на проектот и со изјава од министерот за здравство Никола Тодоров дека изградбата ќе почнела во прв квартал од 2014. До моментот кога ДПМНЕ падна од власт не се фрли ниту една лопата. Но затоа во својство на технички министер и буквално два-три дена пред да му заврши мандатот, на крајот на мај 2017 Тодоров потпиша договор вреден 72 милиони евра за изградба на новиот објект. Тоа во најдобар случај може да се толкува како сопка за новата власт што доаѓаше.

Значи објективно, вољја и посветеност за да се реализира овој проект немаше ниту од власта што го измисли, односно ДПМНЕ. Имаше само театар.




Edited by Cloverstack - 05-Nov-2021 at 20:58
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 856
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Nov-2021 at 15:14
За 5 години пак истиот муабет ќе го правиме, иако да, тоа се негативните страни. Еве што било планирано и ќе беше подобро ова веќе да го имаме, наместо оваа мизерија што е сега и ќе остане уште долго време.



Новиот блок во Клиничкиот центар во Скопје со површина од скоро 62 илјади квадратни метри ќе чини околу 70 милиони евра. Треба да почне да се гради догодина, а да заврши за три години, најави министерот за здравство Никола Тодоров.

Министерот за здравство Никола Тодоров пред медиумите го претстави конечното идејно решение и архитектонско-урбанистичкиот проект на новиот блок во Клиничкиот центар. Се очекува основниот проект за новиот клинички блок да биде готов за околу 5 месеци, рече Тодоров и најави дека изградбата на објектот треба да почне во првиот квартал од наредната година и да трае три години.

Новиот блок, од скоро 62 илјади квадратни метри, треба да се гради на местото на старата Клиника за гинекологија и ќе биде со модерен изглед и, како што рече министерот, енергетски ефикасна фасада. Најгоре, на осмиот кат, предвидено е да има и хелиодром. Новиот блок ќе биде поврзан со постојната зграда на Хируршките клиники, кои треба да бидат реновирани, со новата зграда на Гинекологија и со Онкологија.

Во рамки на новиот Клинички комплекс нема да бидат сместени само детската клиника којашто ќе биде споена со детската хирургија, Клиниката за инфективни болести, која ќе остане одвоена, како и Стоматолошкиот клинички центар и Клиниката за максилофацијална хирургија. Откако ќе се изгради новиот блок, зградите кои нема да бидат пренаменети, ќе бидат урнати за да се прошири паркот, најави Тодоров.

„Целиот проект чини околу 70 милиони евра, со се реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите ќе бидат обезбедени од Банката на Советот на Европа за што веќе е формирана проектна единица и ова практично е втора фаза од веќе почнатиот проект од 25 милиони евра за реконструкција и изградба на повеќе здравствени установи“, рече Тодоров.

Поранешниот заменик министер за здравство и експерт за јавно здравство Владимир Лазаревик вели дека се надева дека овој проект навистина ќе се реализира, затоа што таквите решенија се пофункционални.

„Да се надеваме дека ќе се реализира така како што е планирано. Во принцип, сите големи и модерни клинички центри се интегрирани во една функционална целина. Нашиот беше отсекогаш исклучок како таков, така што идејата и можноста да се направи една зграда во којашто ќе бидат сместени клиниките е супер потег и сега да видиме како ќе се реализира до крај“, вели Лазаревик.

Тодоров најави дека во рамките на комплексот ќе се градат и две катни гаражи со по 1.250 паркинг места.


Слободна Европа

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Nov-2021 at 01:46
Originally posted by FT

Можеби стварно попаметно ќе е да се обноват постојниот Клинички и повеќе болници низ државата. Ама обнова а не 'реконструкција'.


Постојниот клинички има два големи проблеми.


Првиот голем проблем е недоволниот капацитет на околната сообраќајна мрежа, а едноставни решенија нема (поради урбанистичките и практичните ограничувања во тој реон). Сепак, со многу пари и со спремност за порадикални градежни зафати, сигурно може да се дојде до добро решение.


Вториот голем проблем е одвоеноста и раштрканоста на клиниките. Тој проблем не може да се реши со никакви реконструкции, обнови, доградби, топли ходници, и слично. Ако се задржи сегашната локација (што секако има низа предности), повторно не можеме да избегаме од фактот дека треба да градиме нов клинички центар и темелно да го реорганизираме просторот таму. Не некаква крпеница како еден претходен проект (што со години го трубеше Груевски и фала богу не го почна), туку нешто далеку посериозно и поскапо. Реално многу малку од постојните објекти и внатрешна инфраструктура би можело квалитетно да се инкорпорира и искористи.



Edited by Cloverstack - 05-Nov-2021 at 01:55
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Nov-2021 at 01:09
Originally posted by Blagh



Посоодветни локации:
1. Касарна Илинден - веднаш до секундарен булеварски прстен и Никола Карев (урбан автопат)
2. Институт за Лозарство во Бутел - веднаш до обиколница, поврзан со голем булевар Х.Т. Карпош
3. Старата локација кај Злокуќани - со оваа цена на чинење излегува дека е исти трошоците за откуп на приватното земјиште
(4) Можеби Расадник




Сите 4 локации звучат солидни сами по себе, и секако неспоредливо се подобри од онаа над Кондово.

Бр.1 и веројатно Бр.2 го исполнуваат и „условот“ да не треба експропријација. Инаку конкретно за касарната Илинден имаше разни планови но со време згаснаа... Можеби оваа држава реши сепак да ја зачува касарната?



Edited by Cloverstack - 05-Nov-2021 at 01:12
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Nov-2021 at 00:51

Кога локацијата кај Бардовци се замени со локација што е вон паметот, целосно се срушија надежите дека проектов ќе се прави како што треба!

Доволна е една брза анализа на пристапноста на новата локација (над Кондово) и веќе работите стануваат кристално јасни за секој што има 2 грама мозок. Не само што локацијата е премногу одалечена од грото население на главниот град, туку достапна е практично само преку автопат и реално е отсечена од било каква форма на сегашен или иден јавен превоз (градски автобуски превоз, БРТ, приградска железница...).

Ова носи интересни импликации не само за пациентите, туку и за целиот медицински и останат персонал, за студентите, за посетителите на хоспитализираните итн... Целата таа маса луѓе фактички ќе има избор едиинствено помеѓу користење на личен автомобил (доколку го има) или такси превоз. Ова би требало да биде повеќе од доволно таа локација да се прешкрта уште при прелиминарното разгледување.

Бардовци е 90875696325924570 пати подобра опција по апсолутно сите критериуми. Единствена „предност“ на локацијата над Кондово е што таму најдоа доволно голема државна парцела за воопшто да не се замараат со експропријација. Налетав на овој коментар што перфектно ја сублимира ситуацијата:
Originally posted by hcitrS

За проект од милјарда евра главен услов е земјиштето да било државно оти мн скапо ќе ги фатело... а бе домаќинлук невиден, алал да им е!




Edited by Cloverstack - 05-Nov-2021 at 00:57
Back to Top
Blagh View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 40
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Nov-2021 at 00:34
Посоодветни локации:
1. Касарна Илинден - веднаш до секундарен булеварски прстен и Никола Карев (урбан автопат)
2. Институт за Лозарство во Бутел - веднаш до обиколница, поврзан со голем булевар Х.Т. Карпош
3. Старата локација кај Злокуќани - со оваа цена на чинење излегува дека е исти трошоците за откуп на приватното земјиште

(4) Можеби Расадник


Edited by Blagh - 05-Nov-2021 at 00:38
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 685
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Nov-2021 at 23:32
Па и со изградба на подземен булевар итн., стариот клинички ќе биде подостапен. И кога веќе најосновната инфраструктура за новиот кој би бил на сред нива, ќе чини тешки милиони, можат тие пари да се пренаменат за на пример рушење и експропријација на некои од зградите што се околу клинички. Исто така, за брз трансфер од подалеку може конечно да се оформи хеликоптерска служба која би била од корист и за Дирекцијата за заштита и спасување која иако го носи терминот 'за сапасување' во називот - не располага со никаква опрема за спасување.

Edited by hcitrS - 04-Nov-2021 at 23:34
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 446
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Nov-2021 at 22:43
Можеби стварно попаметно ќе е да се обноват постојниот Клинички и повеќе болници низ државата. Ама обнова а не 'реконструкција'.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 755
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Nov-2021 at 22:08
Локацијата е многу лоша. Не треба да си експерт за да сфатиш дека локацијата е несоодветно избрана. Локацијата треба да е блиску до центарот на градот, а не надвор од градот и тоа ниту во рамки на градот што е опфатен со обиколницата.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13123
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Nov-2021 at 21:52
Изборот на самата локација е доста лош,предалеку е од град и можеби најблиску само за жителите на Ѓорче,нема никаква конекција и пристап,од Лисиче до таму би се патувало по саат време.
Можеше да се искористи локацијата на Ист Гејт или низа други локации кои стојат празни или се има намера да се претворат во станбени блокови а се многу поблиску од избраната опција.
Ова се знаеше дека ќе повлече многу средства за соодветна инфраструктура и сигурно уште низа на други "непредвидени работи" би излегле при текот на изградбата па ќе стигнеме до цифри блзиу милијарда евра што говори дека при ваква здравствена,економска и енергетска криза проектов изгледа уште долго ќе остане на хартија или евентуално во некоја децениска почетна фаза.
Точно дека треба да се дисперзираат услугите преку изградба на болници низ другите градови но ниту тоа не се планира ниту па се има намера да се довршат работите во Штип и Кичево.
Исто така можеби треба да се направи реновирање на постоечкиот Клинички во Скопје со барем 100-200 милиони евра кредит бидејќи овие 500 може многу лесно да одат нагоре а крајниот производ да не го видиме ни по 15 години. Само ќе се надеваме на ново а постојното од ден на ден се повеќе пропаѓа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.