build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Клинички центар Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 397
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #181 Posted: Today at 11:34

живото е убав ако и во постојните услови знаеш да му се радуваш, а не пак и одповеќе да имаш, иако што повеќе имаш тоа поголема одговорност, а кога за истата наместо сите само дел берат гајле, тоа на крај ќе доведе до недоносен резултат кој кога тогаш наместо за арно ќе бидне натоварено гајле ...

и навистина доколку не седнат заеднички на постојана јавна дебата сите одговорни, стручни и едуцирани, та да дојдат до стабилни заклучоци а од нив консезуални предлози и агенди, ќе ни биде ко и до сега, краткорочно убаи муабети но долгорочно нефункционални приказни, така било и со обновата на Скотје по земјотресот, така беше и со Ск2014, а така ќе биде и во овој случај со Клинички ...

во овој случај за полезна јавна дебарта треба најнапред институционален е-Форум при Министерството за Транспорт и Врски каде легитимирани академски граѓани од фелата би се одважиле на дебата, но за тоа треба и отворени карти, односно власта да ги примора сите вклучени во проектов да мораат да ги бранат своите идеи и проекти пред јавноста во исто време соочени со нивни колеги и сограѓани кои би посочувале на можни ќорсокаци ... . во однос на вакви европски рази преку европски сватои неретко го посочувам аберот на JL за физибилитката за трамот

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50&PID=21236#21236


ние имаме и проверени и искусни професионалци но и фирми, ама кога зад четири ѕида за круцијални проекти си го имаат натиго дајмиго двајца без тројца, нормално дека постојано на крај ќе добиваме крш комбинации и решенија, и ајде тоа да е за секојдневни работи како каде кое дрво да се засади, иако и тогаш добро е тоа како политика да е јавно за да може некој тоа да го пофали или покуди атака да биде бар мотивација за поарно, а тоа да е архивирано и прегледно ко на е-форум, но за крхпни муабети да се дреме само пред тв и фејс чекајќи од сите само да изнасеират на крај тоа навистина е катастрофално, но којзнѐе може ија бар утре преку фејкбук аналитика ќе им поможи на некојнидни државни претплатници бар да си проверат силите административно, иако и сега тоа го прават во однос своите редои но со тро локални ајпи абдали кои за некакви партиски ветувања се полтрончат до коска, што беше случај и со дпмн порано а е повторно сега и со sds, наместо и едните и другите да засукаат ракави и подиспрљаат кондури и да седнат заеднички да пеглаат политики, но тие нит насобраниско ниво го прават тоа како законодавци, а не пак посреди е-министерски-форуми извршно да седнат да се надополнуваат ... и ајде да бевме голема држава та да речеш можеме и вака оти има многу паметни, а само медиумски да ги корегира нечиј сопарнички агитпроп, но во мала земја со нефункционална администрација институти и соживот, нема друго него сите да можат кѐде секојдневно во звојот домен да помогнѐт или поучат ко постари или повични, та дури биле и отселени за што навистина институционални е-форуми се насушна потреба ...




Edited by Zelenikovo - Today at 11:36
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #182 Posted: Today at 15:31
Се согласувам за некаков каков и да е институционален е-форум, но само во поглед на предложување, сакаш кажи го дефинирање на идеи и стеснување на избор од нив преку здрава дебата.

Другото е проста математика, список на постапки што или знаеш или не знаеш да ги работиш за да дојдеш до резултат, исто ко рецепт за торта или еве check list за полетување на авион.

Гледам дека ти звучам дека многу пропагирам странци. Тоа важи за овде, за Клинички, банката си ја водеше постапката за свој ќар, е па не зема било која шуша да работи за мрсни пари. А, инаку за глупости од странци има колку сакаш, без разлика кој е моментално на власт, плаќа надвор демек види ова е саглам и плаќа дебело, ама пола е провизија. Такви странски „експерти“ кои за релативно мала пара ќе испорачаат форма но не и суштина за да може да се заперат пари, каде ќе најдат плодна почва ако не кај нас и кај слични на нас.

Edited by majstorot_001 - Today at 15:32
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 397
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #183 Posted: Today at 19:13
не дека имам против да работат странци, но постојано дз ни врват едни исти грешки тоа е смешно, и не е проблем ако има грешки него што и ревизиите се дебакл, а и надзорот при изведба турниме да кинисам ... но доколку за јавните проекти стане норма да мора секоја фаза од проектот да е на ачик во однос планирањето и начинот на проектирање изведба финиш и посакувани ефекти, да може секој од фелата да го прочешла и дополни идејно или укори проектот технички, тогаш и сите инволвирани ќе размислат пред да се јават на тендер ко дустабанлии, а одговорните и додека се на пауза ќе думаат до каде е работа ...

проточност на колективно знаење во е-времиња, и ние на суво и бродот во вода ...


Edited by Zelenikovo - Today at 20:20
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.