build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 17-Feb-2018 at 11:34

живото е убав ако и во постојните услови знаеш да му се радуваш, а не пак и одповеќе да имаш, иако што повеќе имаш тоа поголема одговорност, а кога за истата наместо сите само дел берат гајле, тоа на крај ќе доведе до недоносен резултат кој кога тогаш наместо за арно ќе бидне натоварено гајле ...

и навистина доколку не седнат заеднички на постојана јавна дебата сите одговорни, стручни и едуцирани, та да дојдат до стабилни заклучоци а од нив консезуални предлози и агенди, ќе ни биде ко и до сега, краткорочно убаи муабети но долгорочно нефункционални приказни, така било и со обновата на Скотје по земјотресот, така беше и со Ск2014, а така ќе биде и во овој случај со Клинички ...

во овој случај за полезна јавна дебарта треба најнапред институционален е-Форум при Министерството за Транспорт и Врски каде легитимирани академски граѓани од фелата би се одважиле на дебата, но за тоа треба и отворени карти, односно власта да ги примора сите вклучени во проектов да мораат да ги бранат своите идеи и проекти пред јавноста во исто време соочени со нивни колеги и сограѓани кои би посочувале на можни ќорсокаци ... . во однос на вакви европски рази преку европски сватои неретко го посочувам аберот на JL за физибилитката за трамот

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50&PID=21236#21236


ние имаме и проверени и искусни професионалци но и фирми, ама кога зад четири ѕида за круцијални проекти си го имаат натиго дајмиго двајца без тројца, нормално дека постојано на крај ќе добиваме крш комбинации и решенија, и ајде тоа да е за секојдневни работи како каде кое дрво да се засади, иако и тогаш добро е тоа како политика да е јавно за да може некој тоа да го пофали или покуди атака да биде бар мотивација за поарно, а тоа да е архивирано и прегледно ко на е-форум, но за крхпни муабети да се дреме само пред тв и фејс чекајќи од сите само да изнасеират на крај тоа навистина е катастрофално, но којзнѐе може ија бар утре преку фејкбук аналитика ќе им поможи на некојнидни државни претплатници бар да си проверат силите административно, иако и сега тоа го прават во однос своите редои но со тро локални ајпи абдали кои за некакви партиски ветувања се полтрончат до коска, што беше случај и со дпмн порано а е повторно сега и со sds, наместо и едните и другите да засукаат ракави и подиспрљаат кондури и да седнат заеднички да пеглаат политики, но тие нит насобраниско ниво го прават тоа како законодавци, а не пак посреди е-министерски-форуми извршно да седнат да се надополнуваат ... и ајде да бевме голема држава та да речеш можеме и вака оти има многу паметни, а само медиумски да ги корегира нечиј сопарнички агитпроп, но во мала земја со нефункционална администрација институти и соживот, нема друго него сите да можат кѐде секојдневно во звојот домен да помогнѐт или поучат ко постари или повични, та дури биле и отселени за што навистина институционални е-форуми се насушна потреба ...




Edited by Zelenikovo - 17-Feb-2018 at 11:36
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 17-Feb-2018 at 15:31
Се согласувам за некаков каков и да е институционален е-форум, но само во поглед на предложување, сакаш кажи го дефинирање на идеи и стеснување на избор од нив преку здрава дебата.

Другото е проста математика, список на постапки што или знаеш или не знаеш да ги работиш за да дојдеш до резултат, исто ко рецепт за торта или еве check list за полетување на авион.

Гледам дека ти звучам дека многу пропагирам странци. Тоа важи за овде, за Клинички, банката си ја водеше постапката за свој ќар, е па не зема било која шуша да работи за мрсни пари. А, инаку за глупости од странци има колку сакаш, без разлика кој е моментално на власт, плаќа надвор демек види ова е саглам и плаќа дебело, ама пола е провизија. Такви странски „експерти“ кои за релативно мала пара ќе испорачаат форма но не и суштина за да може да се заперат пари, каде ќе најдат плодна почва ако не кај нас и кај слични на нас.

Edited by majstorot_001 - 17-Feb-2018 at 15:32
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 17-Feb-2018 at 19:13
не дека имам против да работат странци, но постојано дз ни врват едни исти грешки тоа е смешно, и не е проблем ако има грешки него што и ревизиите се дебакл, а и надзорот при изведба турниме да кинисам ... но доколку за јавните проекти стане норма да мора секоја фаза од проектот да е на ачик во однос планирањето и начинот на проектирање изведба финиш и посакувани ефекти, да може секој од фелата да го прочешла и дополни идејно или укори проектот технички, тогаш и сите инволвирани ќе размислат пред да се јават на тендер ко дустабанлии, а одговорните и додека се на пауза ќе думаат до каде е работа ...

проточност на колективно знаење во е-времиња, и ние на суво и бродот во вода ...


Edited by Zelenikovo - 17-Feb-2018 at 20:20
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 17-Feb-2018 at 21:00
„дустабанлии“
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1316
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 17-Feb-2018 at 22:45
Originally posted by majstorot_001

Zelenikovo, боцна неколку поенти.

Имаме проект, има договор за изведба, финансирале ЕУ фондови. Има кредит за изведба, да тој треба да се врати, но по поволни услови и под целосна контрола на банката. Па дај да го направиме и конечно да се срушат 70 години старите објекти. Може и нешто кадар ќе остане, а не главен предмет на медицина германски.

Па после нека се прават планови за Клинички Центар, Вселенски Центар, ма сè што треба со локација било каде. Каму среќа да се напраи, ова ќе си остане клиничка болница. За 15 години нема ни еден лекар да остане овде, можноста да изградиме ќе ни пропадне, ќе умираме во мувлосани објекти, а зошто, затоа што некој мисли (така смислил)локација меѓу Бардовци и Злокуќани во која има бавчи, нема струја, нема канализација, нема водовод, уствари има, Ø2метра цевка за Железара, тоа што нема пат е најмал проблем. Ќе урбанизираме-бетонираме-асфалтираме бавчи, а и тоа не знаеме како, важно имаме желба.

Не знам дали знаеш, ама буквално сѐ што е изградено на светов за првпат на одредена локација, е изградено на место каде што претходно немало ништо. Навистина не ја разбирам твојава логика да не се гради затоа што не е веќе изградено.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 18-Feb-2018 at 00:16
СтаСко чоекот мисли и да ет приоритет за тоа што сме се насадиле нема враќање а без пенали плаќање, таман со оние кои би можеле нови улици да пуштаме ... една од причините зошто треба да има и институционална јавна дебата на експертско ниво зз во иднина пак да не глумиме пишман аџии ...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1554
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 18-Feb-2018 at 09:47
Токму од таа причина то не е изградено а скопје е загушено треба да се изгради на празно мест.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 18-Feb-2018 at 11:12
Околу простата математика ... или знаеш или не знаеш.
Сите мислители Смислители овде, а никој ништо не знае.

Љубљана површина 164км² жители 288,000 ....... 1750 жители/км²
Берлин површина 891км² жители 3,470,000 ....... 3900 жители/км²
Истанбул површина 1539 км² жители 15,300,000 ....... 9950 жители/км²
Скопје површина 572км² жители 550,000 ....... 961 жител/км²

До сега трупови водеа урбанизам.
Гледам не сте поарни ...уште ќе го ширите Скопје, ај сè да асфалтираме.
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 18-Feb-2018 at 11:16
но да се вратиме на темата Клинички Центар
Најдете 450-500 милиони евра ... напрајте го за 4-5 години, одма прифаќам
Немој да ми раскажуете прикаски за убави планови што ќе се реализираат за 20-30 години .... можеби ... веројатно не
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 18-Feb-2018 at 11:24

нормално сите сакаме и очигледно е дека треба нов клинички, но со оглед дека Скопје стана Скотје со сето загадување и гужви за скотјани многу скоро малку ќе бидат и три клинички центри ... еден за оние кои скотски живеат в котлината, еден за оние од провинција и нормално еден за оние од комшилук ...

доколку се прошири се до бул. 8 Септември ете воена болница претендира да стане уште одма нов клинички центар, а доколку насадиме уште еден кај кас.Илинден ето трет, така сите би биле и поврзани, та за ургентни случаи штом нема слободен кревет во едниот има во другите два ... а доколку се баранова локација која би ја покрила цела котлина тоа треба да е некаде во општина Гази Баба, можеби распродадените парцели кај Саемиако туку инфраструктурен склет е тоа полу-клучката на Трифка, заради што би требало нова, што пак како најидеална експресна варијанта зѐ сите скопски општини за нов клинички би била кас.Илинден само треба висока ограда кај пластичарите во Јаја Паша и тоа е тоа ... јасно клучка кај ам.ам и мост кај влада со се надвозник над Илинденска и клучка кај Соборна сите врзани со нов урбан автопат помеѓу бул.Кенеди и Партизанска ... локацијата в Бардовци е добра само ако распукаат озбилни со комиблокои натака, но јасно е како ден дека побрзо се развива истокот на градот, а и скопско поле веќе биднува плева ...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2341
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 18-Feb-2018 at 12:21
Originally posted by majstorot_001

Околу простата математика ... или знаеш или не знаеш.
Сите мислители Смислители овде, а никој ништо не знае.

Љубљана површина 164км² жители 288,000 ....... 1750 жители/км²
Берлин површина 891км² жители 3,470,000 ....... 3900 жители/км²
Истанбул површина 1539 км² жители 15,300,000 ....... 9950 жители/км²
Скопје површина 572км² жители 550,000 ....... 961 жител/км²

До сега трупови водеа урбанизам.
Гледам не сте поарни ...уште ќе го ширите Скопје, ај сè да асфалтираме.


Пола Центар на Скопје ти е рурално подрачје. За урбана површина ли ги сметаш Маџир Маало, Ново маало, Крњево, Ќерамидница, просторот околу Царина, просторот помеѓу Саем до раскрсницата накај Железара, просторот помеѓу МРТ и улица Беласица, просторот источно од Т.Ц. Рамстор спрема катната гаража на Тинекс и Неуромедика?

Дали, според тебе, Клинички Центар треба да си остане на истото место, имајќи во предвид дека Водњанска ќе биде единстевната улица што ќе го поврзува Сончев Град со Центар, а истата веројатно ќе биде користена и од пола Сопиште (зборувам за целата општина), и кога ќе надоврзеш на тоа дека доста функционери ја користат под придружба, на сметка на Брзата Помош која мора нив да ги чека, мора да врти откај школото и мора да ги чека пренатрпаните возила во дворот од Клиничкиот Центар да се тргнат, за дури потоа да го внесе пациентот во амбуланта?

Па во една Африка се гради поурбанизирано, на ливада, како што е случајот со Габороне.

Габороне (Африка):


https://www.google.com/maps/@-24.615826,25.9543436,3a,75y,178.88h,67.36t/data=!3m6!1e1!3m4!1sOFnqWkrkbzrbmtpz40fbXg!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1

https://www.google.com/maps/@-24.5899147,25.9228508,3a,75y,54.11h,75.28t/data=!3m6!1e1!3m4!1sQa-GlEvF4J6N73YUCcjoJA!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1

https://www.google.com/maps/@-24.6062719,25.9036034,3a,75y,239.93h,69.93t/data=!3m6!1e1!3m4!1sEJjwgJsYmqTnosJBeBCStw!2e0!7i13312!8i6656

https://www.google.com/maps/@-24.6258585,25.8957341,3a,75y,320.02h,81.03t/data=!3m6!1e1!3m4!1sAvYXg4ZcVb72fRi-jjCKqQ!2e0!7i13312!8i6656

https://www.google.com/maps/@-24.6232025,25.9545748,3a,75y,10.44h,74.22t/data=!3m6!1e1!3m4!1sf7O_Naq9AtBdRg2kGY-kaA!2e0!7i13312!8i6656

https://www.google.com/maps/@-24.6301951,25.8789771,3a,75y,126.8h,76.1t/data=!3m6!1e1!3m4!1spjpZo0_ymYONLjC29z1Xgg!2e0!7i13312!8i6656


Еден Мјанмар изгради комплетно нов главен град, а на европско Скопје, според тебе, треба да му е проблем да изгради неколку улици на бришан простор со соодветна комунална инфраструктура за нов клинички центар?

Edited by phenomenon - 18-Feb-2018 at 12:27
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 18-Feb-2018 at 14:27
„Еден Мјанмар изгради комплетно нов главен град, а на европско Скопје, според тебе, треба да му е проблем да изгради неколку улици на бришан простор со соодветна комунална инфраструктура за нов клинички центар?“



Не е според мене, тоа е докажан факт за овој момент. Инаку слободно може да кажуеш што е СПОРЕД ТЕБЕ, затоа служат форумиве впрочем, но тоа не значи дека некој придава значај.
Друго што кажуеш така е, а тоа само го потврдува тоа што претходно го изнесов.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1554
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 19-Feb-2018 at 15:53
Originally posted by majstorot_001

Околу простата математика ... или знаеш или не знаеш.
Сите мислители Смислители овде, а никој ништо не знае.

Љубљана површина 164км² жители 288,000 ....... 1750 жители/км²
Берлин површина 891км² жители 3,470,000 ....... 3900 жители/км²
Истанбул површина 1539 км² жители 15,300,000 ....... 9950 жители/км²
Скопје површина 572км² жители 550,000 ....... 961 жител/км²

До сега трупови водеа урбанизам.
Гледам не сте поарни ...уште ќе го ширите Скопје, ај сè да асфалтираме.


Скопје ќе се шири во секој случај не може цело скопје да се набута у Центар!
Само ТРУП би градел нов клинички на тој хаос на Водњанска!
Незнам кога последен пат си бил во државна, слободно оди посети го, паркирај, снајди се!
Џабе ти е се ако пациентите умираат во брзата помош по улици низ Скопје неможејки да се пробијат до Клинички...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 19-Feb-2018 at 17:46
Originally posted by alexsend

Originally posted by majstorot_001

Околу простата математика ... или знаеш или не знаеш.
Сите мислители Смислители овде, а никој ништо не знае.

Љубљана површина 164км² жители 288,000 ....... 1750 жители/км²
Берлин површина 891км² жители 3,470,000 ....... 3900 жители/км²
Истанбул површина 1539 км² жители 15,300,000 ....... 9950 жители/км²
Скопје површина 572км² жители 550,000 ....... 961 жител/км²

До сега трупови водеа урбанизам.
Гледам не сте поарни ...уште ќе го ширите Скопје, ај сè да асфалтираме.


Скопје ќе се шири во секој случај не може цело скопје да се набута у Центар!
Само ТРУП би градел нов клинички на тој хаос на Водњанска!
Незнам кога последен пат си бил во државна, слободно оди посети го, паркирај, снајди се!
Џабе ти е се ако пациентите умираат во брзата помош по улици низ Скопје неможејки да се пробијат до Клинички...



после ова единствено што може да заклучам е дека си член на групата ААМ ... ништо не виделе, ништо не знаат ... ама важно не чини
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1554
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 20-Feb-2018 at 09:10
Јас ќе се воздржам од заклучување несакам да те навредам...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 25-Feb-2018 at 12:43
Само неколку аргументи зошто треба ИТНО да се почне градбата на Клинички Центар на постојната локација:
1) Се работи за готов проект во кој веќе се инвестирани повеќе милиони евра, а главниот аргумент против е “улицата Водњанска“
2) Новиот КЦ на постојната локација би се изградил за 3 години (ако се почнеше според планот лани досега 1/3 ќе беше готов) а за нов КЦ на локација надвор од Скопје ќе чекавме минимум 3 години проект да се направи, па ќе следеше уште 3 години експропријација па уште 2-5 години археолошки да се истражи, па нова влада која ќе процени дека проектот треба да се ревидира (зошто на секој проект може забелешки да се најдат), па уште 5-10 години да се изгради новиот КЦ па да се изгради инфраструктурата до него итн. на повеќето во Скопје додека се изгради нов КЦ надвор од скопје или ќе ни помине животот, или ќе ни пукне филмот па ќа се отселиме. Да не спомнуваме и 1/2 милијарди Еур колку што ќе лини. Идеално таков нов клинички центар може да го имаме готов помеѓу 2030 - 2035 година.
3) Зошто нема доволно разум да се заклучи дека за околу од 100 мил. Еур за 3 години ќе имаме реновиран Клинички Центар сосе катни гаражи - а потоа, да иницираме постапка оправданост за нов КЦ надвор од Скопје. 100 милиони еур се доволни да ни купат време - за во нашиве животи барем видиме реновиран клинички центар.
4) Главен проблем е сообраќајното решение поради кое спремни сме да фрлиме во вода проект од 3-5 милиони еур досега потрошени и да платиме казни од 5 мил. еур кон ЕБРД (или вкупно 10 мил. Еур). Алооо, чукнете си ја главата, за 10 мил. еур може врз улицата Водњанска на делот од тие 500 метри да се изгради уште една надземна и/или подземна Водњанска. Збориме за проблем со тесна улица од 500 метри???
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 773
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 26-Feb-2018 at 03:01
Идеално е планираната зграда за стариот клинички центар да се изгради и во исто време да се иницираат процедурите за проектирање, планирање и евентуална експропријација на просоторот за долгорочното решение за клиничкиот центар на нова локација. За да за некои 10 години кога ќе се привржува градбата на новата локација старата локација ќе се трансформира во градски клинички центар кој ќе опслужува воглавно главниот град за терцијарни медицински услуги а на новата локација ќе се прфрли државниот клинички центар кој ќе биде и универзитетски во исто време.
Така ќе се одговори на растечката потреба за медицински капацитет во државава бидејќи од многу извештаи се гледа дека многу од клиниките на постојниот клинички центар, кој со новата зграда нема да ги зголеми капацитетите значително, уште сега неможе ни оддалеку да го опслужи обемот на пациенти на начин на кој ќе се донесе ефикасноста (позитивните здравствени исходи) на некое ниво споредливо со повеќето европски држави.
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 01-Mar-2018 at 01:37
па да, вообичаено при судир со аргументи следат навреди или во случајов воздржување од навреди ... не знам што е подобро што е полошо.

Но, коментирам повторно бидејќи конечно гледам два многу логични и позитивни коментари:

Glava, ова вака хируршки прецизно , секоја чест, појасно тешко. Проблемот на „Водњанска“ е предвиден со проектот, исто како и за Клиничка Болница Штип каде се предвидени нови ленти на пристапот (истите консултанти се за двата проекта), но мислам дека не е дел од самиот проект исто како што не се и гаражните куќи. Е сега бидејќи „повиканите“ не се кадарни тоа да го довршат тие би радо да растурат сè и да градат на пољанче.
Ја само би додал дека растурање на ангажманот на ЦЕБ - Банка на советот на Европа (не е ЕБРД)би донел и многу поголема финансиска штета од видливата во овој момент. Па кој понатаму ќе финансира вакви проекти со вакви исклучително поволни кредити, плус целата техничка помош од врвни експерти е грант, на место каде што тоа ќе пропадне поради „повиканите“ кои ништо не виделе, ништо не знаат .... ама важно не чини.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1316
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 08-Mar-2018 at 22:19
НОВА дознава: Новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани



Новиот Клинички центар најверојатно ќе се гради на нова локација во близина на Злокуќани, дознава НОВА од високи владини извори. Одлуката би требало да биде соопштена во текот на денешниот ден од страна на министерот за здравство Венко Филипче. На ваквата одлука веројатно влијаела и презенатацијата на Асоцијацијата на архитектите пред премиерот Заев и министерот Филипче, но и пошироката јавност.

„Загрижува фактот што улицата Водњанска ќе биде комплетно блокирана, ако се гради на местото каде што беше планирано досега. Камионите и маханизацијата ќе го блокираат и влезот во клиничкиот блок. Тоа ќе биде голем проблем“, велат владини извори за НОВА.

Нашите извори велат дека се свесни за тоа дека како држава ќе мораме да платиме оштета од 5, 5 милиони евра на Банката на советот на Европа и дека ќе пропаднат и 1,3 милиони евра за проектот кој го направи италијанската преоктанска куќа АРЕН СРЛ.

Но превагнало тоа што на овој простор, на север од Злокуќани ќе може да се изгради голем капитален објект до кој ќе може брзо да се стигне од сите страни, кој ќе биде добро инфраструктурно поврзан со пристап со западниот и источниот дел на Македонија, но и лесен и брз пристап за граѓаните на Скопје. Иако можеби ќе се изгуби уште една година на подготовки, ова решение е долгорочно и ќе им служи на граѓаните во наредните 50 години, велат нашите извори.

http://novatv.mk/nova-doznava-noviot-klinichki-ke-se-gradi-vo-zlokukani/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2008
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 09-Mar-2018 at 16:32
Previous
 
И какви се плановите за изградбата на мостот на крајот од Илинденска, кој сега ќе биде уште повеќе потребен ако се изгради клинички центар во Злокуќани ?
 
Или приоритет ќе биде продолжување на жичарницата на Водно или изградбата на новата жичарница од Кале до градскиот парк, а во меѓувреме да чекаме наредните 50 години за новиот мост ?
 
Пвеводбениците ја задолжуваа државата и оставаа деца да испоумрат бидејќи сакале да ги лекуваат во здравствени установи кои допрва ќе ги граделе, па децата да послужеле како добар пропагандистички пример за пвеводбеничките "остварувања", а плавиве жолтици не жалат да фрлат 5 ипол милиони евра народни пари за казни поради изградба на клиничкиот центар на друга локација.
 
Не знаев дека сепак сме биле толку богати како држава, од една страна деца умираат бидејќи државата одбива да им го плати лекувањето во странство, а од друга страна државата сепак има пари за да плаќа казни бидејќи на првиот македонски аболициран премиер за организиран криминал - а патем магистер по монетарна економија и финансии, и на неговиот министер за здравство им се бендисала презентација на ААМ.
 
Случајно или не, и идиотизмот наречен проект Скопје 2014 започна со презентација, поточно со анимација, а сега шворц државата е подготвена да плаќа казни бидејќи на некого му се бендисала нечија презентација.


Edited by Dexter26 - 09-Mar-2018 at 16:32
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.