build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 09-Mar-2018 at 16:43
Ај не лупетај, подобро за Скопје е клиничкиот да е кај Бардовци од повеќе аспекти.
ಠ_ಠ
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1639
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 09-Mar-2018 at 16:56
Победи разумот!

Колку само позитивно влијание ќе има за растеретување на сообраќајот и прожирување на сообраќајната мрежа на градот Скопје.
Директно ставање приоритет на два сообраќајни моста и бул Словенија.
За капитален проект од ваков тип и значење кој ќе чини 500 мил евра 5 мил се ништо во споредба на општото добро на народот!
Ова значи развој на Градот!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 09-Mar-2018 at 17:19
Originally posted by Macedonicus

Ај не лупетај, подобро за Скопје е клиничкиот да е кај Бардовци од повеќе аспекти.

 
Ако критиките ги дефинираш како лупетање, повели ти не лупетај.
 
Јас никогаш не сум рекол дека сум против изградба на нов клинички центар во Бардовци, но ваквиот потег со пукање во здрава нога за 5 ипол милиони евра е несериозна постапка на влада предводена од политичка партија која ветуваше транспарентност и фискална одговорност, но затоа последиците од ваквата несериозна постапка ќе бидат и тоа како само сериозни.
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 09-Mar-2018 at 18:05
Ја послушал „експертската јавност“ ..... пуахахахаха ... кои? ААМ ... пуахахахахахахахахаха

Дали на овој форум е некој доволно будала да верува дека ќе почне изградба за година и пол како вели министАр ... и дека ќе ни простат за растурање на кредитот. Бил потпишан договор. Тој не знае или мисли дека другите се будали, може неговите следбеници, тоа да. Потпишан договор за изведба во рок важи за други случаи, грант од ИПА и сл. за милион, милион и пол два ... дрш парите и крши глаа. Ова е кредит од Банка на Советот на Европа за добра сума, а под услови кои утре само ќе ги сонуваме.

Но што знае дете што се 300 кила, става на грб и носи.

Инаку, Dexter26, не се само 5,5+1,3. Ова во старт се 20 милиони евра у була плус што ќе следи .. а секако нема ништо ни да почнат да градат. Е сега, некој мора да се офајди, тоа е јасно, како и секогаш до сега со било која власт, само разликата кај оваа е што тоа го прави инфантилно.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 09-Mar-2018 at 21:47
„Ова значи развој на Градот!“

Ова би значело развој на Градот ако во проектот промислат и за сообраќајната мрежа, а со оглед на тоа што нашиот мил нов градоначалник не може да изведе 250-метарско преасфалтирање на Партизанска во период од 6 месеци, ова значи се, само не развој.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 10-Mar-2018 at 12:57
Добро е што се одлучи за новава локација, се надевам ќе го видиме новиот КЦ со целата пропратна инфраструктура дур сме живи*.
Ама сметам дека и проектот кој беше започнат треба да се доврши. Постојниот обновен може да биде градски КЦ, а новиот како државен и регионален поради подобрата врска со обиколницата/автопатиштата.


-------
*) троа сум скептичен, 5 месеци имаме нов градоначалник а освен замајувања од типот „50ка во ГТЦ“ и „зиплајн“ немам чуено за некој капитален проект од типот мостови, клучки и сл.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1639
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 10-Mar-2018 at 16:32
НЕ НЕМА да помислат за развој на сообраќајната мрежа туку по кал и калдрма ќе стигаш до таму!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 10-Mar-2018 at 17:13
Originally posted by Glava

Само неколку аргументи зошто треба ИТНО да се почне градбата на Клинички Центар на постојната локација:
1) Се работи за готов проект во кој веќе се инвестирани повеќе милиони евра, а главниот аргумент против е “улицата Водњанска“
2) Новиот КЦ на постојната локација би се изградил за 3 години (ако се почнеше според планот лани досега 1/3 ќе беше готов) а за нов КЦ на локација надвор од Скопје ќе чекавме минимум 3 години проект да се направи, па ќе следеше уште 3 години експропријација па уште 2-5 години археолошки да се истражи, па нова влада која ќе процени дека проектот треба да се ревидира (зошто на секој проект може забелешки да се најдат), па уште 5-10 години да се изгради новиот КЦ па да се изгради инфраструктурата до него итн. на повеќето во Скопје додека се изгради нов КЦ надвор од скопје или ќе ни помине животот, или ќе ни пукне филмот па ќа се отселиме. Да не спомнуваме и 1/2 милијарди Еур колку што ќе лини. Идеално таков нов клинички центар може да го имаме готов помеѓу 2030 - 2035 година.
3) Зошто нема доволно разум да се заклучи дека за околу од 100 мил. Еур за 3 години ќе имаме реновиран Клинички Центар сосе катни гаражи - а потоа, да иницираме постапка оправданост за нов КЦ надвор од Скопје. 100 милиони еур се доволни да ни купат време - за во нашиве животи барем видиме реновиран клинички центар.
4) Главен проблем е сообраќајното решение поради кое спремни сме да фрлиме во вода проект од 3-5 милиони еур досега потрошени и да платиме казни од 5 мил. еур кон ЕБРД (или вкупно 10 мил. Еур). Алооо, чукнете си ја главата, за 10 мил. еур може врз улицата Водњанска на делот од тие 500 метри да се изгради уште една надземна и/или подземна Водњанска. Збориме за проблем со тесна улица од 500 метри???


Грчев, ти ли си?

Велиш:„Зошто нема доволно разум да се заклучи дека за околу од 100 мил. Еур за 3 години ќе имаме реновиран Клинички Центар сосе катни гаражи“

Tреба да ти веруваме на збор? Какви гаранции даваш?

Исто така велиш:„ Алооо, чукнете си ја главата, за 10 мил. еур може врз улицата Водњанска на делот од тие 500 метри да се изгради уште една надземна и/или подземна Водњанска. Збориме за проблем со тесна улица од 500 метри???“.

Мислиш на надземна улица над постоечката како што имаат Токио, Шангај, Џакарта? Дали си реален?
Зошто ако се мислело за таков зафат, не го направиле досега, кога веќе цел Сончев Град и половина Општина Сопиште ќе треба да вози по неа?

Како ќе не увериш дека градските власти имаат капацитет да направат таков грандиозен проект, доколку потенцијална река од возила од новоизградените населби не им била доволна причина и доволен показател дека тоа веќе требало да го направат, или барем да почнат да го прават?

А тука треба да земеш во предвид дека на постоечкиот коловоз на Водњанска имаш куќа, дека улица Беласица мораше да биде стеснета и со шикана поради една куќа итн., а ти зборуваш дека дуплирање на коловоз, било надземен, било подземен, е изводливо, ефтино и реално?

Би те замолил подетално ова да го образложиш, без внесување на премногу емоции.

Edited by phenomenon - 10-Mar-2018 at 17:15
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 10-Mar-2018 at 17:58
Originally posted by alexsend

НЕ НЕМА да помислат за развој на сообраќајната мрежа туку по кал и калдрма ќе стигаш до таму!


Добро, ќе видиме за десет години, ако некогаш се заврши овој проект, во кој не верувам.

Воедно, кога сме кај темава, дали некој знае каде точно би се наоѓал овој клинички, затоа што како што прочитав од археолози, можно е дури и да зафаќа делови од Скупи (оној неископаниот дел, бидејќи само одвај 5% е откриен), што дополнително би ја забавило градбата таму.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11718
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 10-Mar-2018 at 18:30


Некаде во близина на душевната болница.
За сè има вторпат
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 10-Mar-2018 at 20:20
кога сме кај гаранции
какви гаранции даваат дилетантите од ААМ дека нема да потрошат 5-6 милиони евра (читај ќе ги земат за себе) за да се вежбаат проектирање и на крај нема ништо да испадне
а при тоа
ќе фрлат у бунар 5.5 милиони пенали за банка, не знам колку милиони пенали за изведувач 1.3 милиони за изработен и платен проект и цца 4-5 милиони поголеми камати од тие што би ги имал овој кредит

за оваа штета не треба гаранции ... видлива е

за крај остануваме без клинички уште 25 години
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 10-Mar-2018 at 20:27
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 11-Mar-2018 at 11:48
Originally posted by majstorot_001

кога сме кај гаранции
какви гаранции даваат дилетантите од ААМ дека нема да потрошат 5-6 милиони евра (читај ќе ги земат за себе) за да се вежбаат проектирање и на крај нема ништо да испадне
а при тоа
ќе фрлат у бунар 5.5 милиони пенали за банка, не знам колку милиони пенали за изведувач 1.3 милиони за изработен и платен проект и цца 4-5 милиони поголеми камати од тие што би ги имал овој кредит

за оваа штета не треба гаранции ... видлива е

за крај остануваме без клинички уште 25 години



Проблемот е што треба да веруваме дека доколку се изгради новиот Клинички центар на постојната локација, ќе се изградат нови катни гаражи (колку и со колкав капацитет) и Водњанска ќе добие уште еден коловоз изнад или испод постоечкиот.

Како досега не им текна на тие што го проектираа Сончев Град, што изградија огромен број на згради на Водно, Тасино Чешмиче и Капиштец дека Водњанска (а и почетокот на улица Васил Ѓоргов) нема доволно капацитет за сите овие нови станари и нешто да преземе?

Исто така, новата кобајаги елитна населба Јака нема една сагламна улица, и единственото поврзување засега е по едно тесно сокаче покрај пругата спрема Марино.

Како што се гради неплански и стихијно, прашање е дали воопшто тука ќе може да се испроектира барем една права улица или и за тука ќе треба експропријација!?

Дали на останатите професионалци што не се во ААМ им текнува дека кога проектираш згради треба да испроектираш и улица не сум воопшто убеден.

И доколку се вадите на претходнава власт, ќе ви кажам дека потполно ист случај со набутани згради во сокачиња и без паркинг се изградија и во Куманово, кадешто тогашната опозиција беше на власт, така што овој потенцијален контрааргумент ќе ви биде неоснован.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 11-Mar-2018 at 13:32
Не мешам власти, или ги мешам, велејќи дека се сите исти.
Дали ќе се смени тоа наскоро. Веројатно не. Ама благодарам на форумов што овозможува барем да си кажеме.

Дали зградата има улица или не, не одлучува проектантот на зградата. Затоа во државава имаме бели мечки наречени планери. Нека смислат.
Не знам дали знаете, за банката работеле повеќе експерти со долгогодишно искуство за болници, истите и за Клинички Центар Скопје и за Клиничка Болница Штип. Во обата случаја се наведени и потребни урбанистички зафати. Ама не можат да бидат реализирани во склоп на тој проект пошто тоа кај нас го прават белите мечки работејќи за општините. Што преземала општина Штип, што општина Центар или град Скопје не знам. Но секако не е доцна да се преземе и колку и да е скапо не е 300-400 милиони плус и 20 години плус.

И тука лежи поентата на сите мои коментари на оваа тема:
Во дилемата ... дали е ова за перење пари и ситно тезгарење, што не е баш ситно на овие суми, но е ситно во однос на штетата ... или ...се навистина толку лоши планери да не можат да решат влез и паркинг и тоа според упатство.

Дали треба да веруваме во изградба на катни гаражи или треба да веруваме во изградба на целосна километарска инфраструктура преку можни археолошки наоѓалишта останува на нас.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 11-Mar-2018 at 19:43

Со изборот на локацијата кај Бардовци, во Скопје мора да се плнира и ургентен центар во централното градско подрачје, или во источниот дел од градот. Но, стариот клинички центар ќе оди во аут, а ионака е сообраќајно проблематичен, воената односно новата градска болница отпаѓа бидејќи гравитира премногу западно, старата градска болница не знам колку воопшто и е местото таму...

Идеи?




Edited by Cloverstack - 11-Mar-2018 at 21:23
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 11-Mar-2018 at 20:05
Previous
 
Нека ги срушат клиниките од сегашниот клинички центар кои ќе се селат во новиот клинички центар и на нивните локации нека изградат нов ургентен центар.
 
Токму поради сообраќајниот метеж, повеќе од потребно е да се зачува локацијата на сегашниот клинички центар, за да не биде продадена за станбени објекти и само дополнително да се влоши сообраќајниот проблем.
 
И ќе може да се направи ново сообраќајно решение на истата локација на која се наоѓа сегашниот клинички центар, токму благодарејќи на рушењето на клиниките кои ќе се селат во новиот клинички центар.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 11-Mar-2018 at 20:05
Металски завод Тито, Расадник, Раде Кончар, Воена академија, на местото каде што требаше да има аквапарк во Аеродром?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 11-Mar-2018 at 21:09

@majstorot_001

Целосно сум свесен за сите неизвесности и тешкотии што со себе ги повлекува изборот на локацијата кај Бардовци. Сепак ако во планираниот рок таму почне да функционира барем најбазичен Клинички центар како за почеток, и ако се изгради барем дел од планираната инфраструктура (на пример доградување на булевар Словенија и барем една врска од југ, било да е тоа со продолжување на булевар Илинден или со продолжување на Љубљанска кон север), тогаш ќе имаме решение кое е 10 класи подобро од било што да се крпи и доградува на сегашната локација. И секако решение кое овозможува долгорочен развој и долгорочни заштеди, за разлика од постојната локација која носи само привремено ублажување на проблемите, долгорочно поголем трошок и никаков простор за долгорочен развој.


1. Пред се во дискусијава како да се заборава дека на старата локација ќе добиевме само делумно решение, а најголем дел од клиниките ќе останеа во постојните објекти. Оттука е и разликата во цената. Но квадратурата не е толку проблем колку што е раштрканоста на клиниките. Со топли ходници не знам колку добро може да се поврзат 20 објекти и колку е тоа практично и квалитетно решение. Особено кога ќе се земат во предвид растојанијата. Па побогу, од инфективната клиника до планираниот нов централен објект треба да се гради „топол ходник“ скоро пола километар. Тоа се очајни крпеници кои би биле оправдани само доколку немаше друга алтернатива. Ова го потегнува и прашањето какви биле тие стручњаци кои ги спомнуваш и дали вака „компетентно“ ги пеглале и другите проблеми на старата локација. За жал овде на форумов немаме увид во тој проект. Исто така мене ми останува неразјаснето дали тие странски експерти имале некаков удел во изборот на локацијата, или само им била дадена задача да помогнат да се направи проект за да се закрпи постојната?


2. Сообраќајот е од круцијално значење. Иако изградба на тунел или мостовско решение за директен пристап до локацијата на стариот клинички воопшто не се спомнуваше како дел од проектот, а исто така не сретнав никаква информација дека некој некаде освен на форумов размислувал на таа тема, теоретски да, изведбата на такво решение е можна. Но мислам дека се потценува цената и особено компликуваноста и долготрајноста/непредвидливоста на таквиот зафат, со оглед на густината на градби и подземна инфраструктура долж Водњанска, како и неможноста за пренасочување на сообраќајот поради немање на никакви алтернативни сообраќајници. Исто така проблемот не е само Водњанска туку закрченоста на центарот на Скопје воопшто. Така да за стариот клинички да биде сообраќајно пристојно поврзан треба целосно да се заокружат и Јужен Булевр и булевар Крушевска република. Јас сум апсолутно на став дека тоа дефинитивно треба да се направи, но не ми е јасно зошто би требало да бидам поголем скептик дека ќе се реализира сообраќајната инфраструктура за новата локација, отколку што е тоа случај со потребната сообраќајна инфраструктура за старава локација, којашто е всушност поскапа и покомпликувана.


3. Огромен проблем со старата локација се градежните работи:

- Каков сообраќаен пристап би се извел за целата потребна градежна механизација што би роварела таму неколку години? Колку камиони треба дневно да влегуваат и да излегуваат од такво масивно градилиште и како ќе се овозможи тоа? Колку дополнително ќе се искомпликува и оддолжи целата работа ако правиме тунел или мостовско решение за бајпасирање на Водњанска? Што ќе значи целата таа гужва од механизација, градежни работи и специјални сообраќајни режими, за пациентите што се обидуваат да стигнат до клиничкиот центар, особено за итните случаи?

- Колку бучава ќе се генерира со градежни работи токму на сред клинички центар, кадешто беше плниран новиот објект? Колкава ќе беше и колку долго ќе траеше изложеноста на пациентите во околните клиники? Сепак се работи за луѓе со нарушено здравје и овој фактор не може да се занемари.

- Колку прашина ќе се генерира со градежните работи и колку дополнително загадување од издувни гасови поради градежната оператива и поради дополнителното сообраќајно закрчување. Повторно, сето ова би се одвивало на сред клинички центар, со максимална изложеност на голем број луѓе со нарушено здравје.



Разбирливо е дека работава е нож до коска и дека многу ни се брза. Според мене најголема проблем со локацијата кај Бардовци е губењето на дополнително време. Но нас многу долго време воопшто не ни се брзаше, па сега одеднаш почна многу да ни се брза. Да не заборавиме дека Груевски „почна“ да гради нов клинички центар уште во 2010 година и тоа ја избра токму локацијата кај Бардовци. После неколку изгубени години и стотици милиони евра фрлени во Ск2014 се предомисли и „почна“ да гради кај стариов клинички. Се утепаа градејќи, четири години градеа и останаа на тараби. Што станува со тие изгубени години? Да не заборавиме и дека Никола Тодоров откако неколку години ја преспа темава, во својство на Технички министер, 2 дена пред да му истече мандатот, го потпиша договорот. Во најмала рака сомнително и попрво треба да се истражат сите криминални импликации, отколку што тој потпис и договор треба да се зема во предвид кога се мерат аргументите каде треба да биде лоциран клиничкиот центар.


Како што кажав на почеток, немам илузии дека Бардовци е идеално решение. Двете опции меѓу кои биравме се зезнти. Тоа е резултат на оставање на проблемите да се трупаат премногу долго, со децении. Сега ја плаќаме цената на таквото однесување. Но барем се избра опцијата која нуди можност во иднина да ги оправиме работите. Се избра опцијата која нуди шанса, па ако се сработи како што треба, овој проблем ќе добие квалитетно и долгорочно решение. Другата опција дури ни шанса не нудеше. Таа беше скапа палијативна терапија.



Originally posted by ehrlich


дали некој знае каде точно би се наоѓал овој клинички, затоа што како што прочитав од археолози, можно е дури и да зафаќа делови од Скупи (оној неископаниот дел, бидејќи само одвај 5% е откриен), што дополнително би ја забавило градбата таму.

Помеѓу Скупи и просторот за новиот клинички има барем еден километар, во зависност од микролокацијата што ќе ја изберат. А околу Скупи има стотици објекти кои се многу поблиску до локлитетот и чудно е да се прави проблем специјално за клиничкиов центар којшто е многу подалеку. Го слушнав Вангел Божиновски како го извади муабетов со археологијава како аргумент, ама тој лик и неговото друштво гледаат археолошки ноѓалишта на секој ќош.

Во секој случај површинта предвидена со ГУП-от е толку голема, што има и голема флексибилност каде да се смести клиничкиот центар. Реално комплексот ќе зазема само мал процент од предвидениот опфат според ГУП-от, што е дополнителен адут за оваа локација - има простор за саглам медицински факултет со студентски кампус, и голем парк со МНОГУ зеленило околу целиот клинички комплекс, што ќе биде бенефит не само за пациентите, туку и за жителите кои гравитираат кон тој реон.




Edited by Cloverstack - 11-Mar-2018 at 22:26
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1639
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 11-Mar-2018 at 23:01
Сте се фатиле сите за тие 5 милиони! Најдете ја темата за СКОПЈЕ2014 на форумов и листата со детални цени за секоја глупост која се изградила годиниве наназад да видите колку безнајачни и безвредни се тие 5 милиони евра!
Дали тогаш исто ви беа битни тие стотици милиони за шминка која ничив живот нема да подобри??

Клинички центар на ниво на држава НЕ Е ЗАЕБАНЦИЈА за која нешто менуваат 5 милиони! Тоа е институција од НАЈВИСОКО ЗНАЧЕЊЕ за секој кој живее во Државата, не само во Скопје и треба секој да има пристап до неа. Тоа е проект кој ќе се гради со години и ќе се финансира со буџети од 5-6 години, а не една! И ако се прави треба да се направи како што сметаат тие кои школи завршиле за Урбанизам, Планирање на сообраќај, Архитектура, а не некој со средно или некој на кој му текнало така па лупа напамет!
Отворете ја мапата на Скопје на ГУГЛМАПС и размислете 2-3 минути што е најдобро локациско решение. Зарем животите кои ќе згаснат на оние кои во возилото на брзата помош одејќи накај Водњанска се помалку битни од пари!?
И подобро е да имаме вистински Клинички Центар за 10 години одколку да имаме некои склопки, лепенки и делумни доградби за цел живот! Кога го граделе на водно ни на крај памет не им било дека во Скопје еден ден ќе живеат 1 милион жители и истото ќе се претвори во урбанистички хаос без никаква инфраструктура и ред. Треба да се прилагодиме на реалноста, а не како слеп за стап. Провизиите за автопатите се 25 милиони евра па на никој не му е гајле за тоа...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 11-Mar-2018 at 23:49
Апсолутно го поддржувам преместувањето на Клиничкиот центар од Центар во Бардовци, и тоа од повеќе аспекти:

- Сообраќаен: моментално Клиничкиот центар се наоѓа во центарот на градот Скопје, и истиот е достапен преку еден метежиран булевар и неколку тесни улички. Истовремено, самиот двор на Државната болница е пренатрупан од возила, со што дополнително се отежнува пристапот на итните случаи. Преселбата на нова, сообраќајно подостапна локација, а со тоа и сосема ново решение за распоредот на улици и објекти во самиот центар, би го решиле овој пробле.

- Здравствен: новата локација, далеку од сообраќајниот метеж и бучава, а опкружена со зеленило, би била поповолна за пациентите.

- Економски: иако планираната цена на новиот Клинички центар е околу 420 милиони евра, плус пенали од околу 5.5 милиони евра и нужноста од изградба на нови сообраќајници што ќе чини уште неколку милиони евра, додека планираната цена на претходниот проект беше околу 120 милиони евра, новото решение е поефтино на долг рок. Доколку се изградеше нова зграда на сегашната локација, веднаш по или за време на нејзината изградба ќе требаше темелно да се реконструираат објектите коишто немаше да се преселат во новата зграда (доколку не се лажам, тоа се Детската хирургија, Инфективна и Стоматологија), а исто така ќе требаше да се реновира и инфраструктурата во комплексот, да се изградат катни гаражи и ред други работи, па цената ќе се зголемеше уште неколку десетици милиони евра. А функционалноста сепак немаше драстично да се зголеми, зашто ќе останеше сообраќајниот хаос, па ќе добиевме половично решение.

Единствена негативна точка е што е далеку од центарот на градот, па затоа можеби би било потребно да се отвори уште еден ургентен центар. Имам два предлога за ова: сегашната локација или Маџари.

Доколку ургентниот центар остане на сегашната локација, тогаш истиот би бил во зградата на Хируршките клиники. До него би водела брза врска од Водњанска до влезот наменета само за возила на брза помош, а во комплексот би имало уште неколку улици за возила на пациентите, посетителите и персоналот. Би имало и два паркинзи, хелиодром и многу зеленило. Зградите каде што моментално се сместени Гинекологија, Стоматологија, Максофацијална хирургија, Радиологија и Детска хирургија би останале и би продолжиле да опслужуваат пациенти (но, можеби би биле пренаменети), додека УКЦ, Кардиологија и Форензичка медицина би останале, но со друга намена. Останатите згради би се срушиле. Исто така, би се подобрила и улицата Белградска.


Втората локација би можела да биде Маџари. Тука би се изградиле Ургентен центар и два помошни објекта, брза врска и неколку улици. Истите би биле опкружени со многу зеленило, а околу нив би имало и куќи, станбени згради, деловен простор и лесна индустрија.


Легенда:
Окер - ургентен центар
Беж - здравствени објекти
Светло розево - објекти со друга намена
Зелена линија - брза врска наменета само за возила на брза помош со улицата
Тиркизна линија - улица
Сиво - паркинг
Црвено - куќи
Розево - станбени згради
Светло сино - лесна индустрија
Темно сино - деловни објекти

Дел од мојот сообраќаен план:
Светло розева линија - улица
Темно розева линија - булевар
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.143 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.