build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 12-Mar-2018 at 13:07
Требаше да се истурка проектов на постојната локација, а паралелно да се почнеше со припреми (проекти и финансии) за новата. На тој начин ќе имавме значително подобро решение од постоечкава ситуација, за краток период. Тоа ќе овозможеше и порелаксирано планирање за центарот на новата локација, повеќе време за сообраќајна инфраструктура и финансирање низ повеќе години. По неговото завршување, центарот на сегашната локација ќе можеше да се пренамени во ургентен или било што друго од државен интерес, што значи дека немаше да бидат залудно потрошени пари.

Но не, бидејќи се работи за проект на убиецот Тодоров, пациентите и во следниот период ќе уживаат во условите на стариот добар Клинички.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 12-Mar-2018 at 13:58


Паралелна изведба на проектот за стaриот клинички би донела не само дополнителни големи финансиски проблеми, туку и редица сериозни последици за функционирањето на овој здравствен комплекс, на кои се осврнав претходно:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=587&PID=225244#225244

Додека да се реализира проектот, поради обемните градежни активности, кај стариот клинички всушност би имале многу полоша ситуација од денешната, а не подобра. Ако земеме дака двата проекти (и кај стариот клинички и кај Бардовци) би се реализирале во рамки на роковите кои се најавуваа(т), испаѓа дека додека да се прикрпи стариот клинички центар, новиот веќе би се наѕирал. Дали тие 2-3 години разлика можат да го оправдаат влошувањето на ситуацијата кај стариот за време на изградбата, како и дополнителниот финансиски трошок? Според мене не.

Што се однесува до Тодоров, тој лик имаше доволно време да го реализира проектот ако навистина имаа намера да направат нешто.





--------------------------------------------------------------------------------------------------------------



01-Feb-2018  
Originally posted by Dexter26

Јас сум за изградба на нов клинички центар во Бардовци

(Ова е постирно веднаш откако Заев за јавноста дава изјава во која предупредува дека ако се гради во Бардовци, веројатно ќе треба да платиме 5 милиони евра пенали кон банката финансиер.)



09-Mar-2018
Originally posted by Dexter26

Не знаев дека сепак сме биле толку богати како држава, од една страна деца умираат бидејќи државата одбива да им го плати лекувањето во странство, а од друга страна државата сепак има пари за да плаќа казни бидејќи на првиот македонски аболициран премиер за организиран криминал - а патем магистер по монетарна економија и финансии, и на неговиот министер за здравство им се бендисала презентација на ААМ.

(Ова е постирано откако после состанокот со претставниците на ААМ е донесена конечна одлука за изградба кај Бардовци.)


Интересно, Dexter
Да не ти го хакнал некој профилот, а?



Edited by Cloverstack - 12-Mar-2018 at 14:06
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 12-Mar-2018 at 14:08
Originally posted by Cloverstack


Додека да се реализира проектот, поради обемните градежни активности, кај стариот клинички всушност би имале многу полоша ситуација од денешната, а не подобра. Ако земеме дака двата проекти (и кај стариот клинички и кај Бардовци) би се реализирале во рамки на роковите кои се најавуваа(т), испаѓа дека додека да се прикрпи стариот клинички центар, новиот веќе би се наѕирал. Дали тие 2-3 години разлика можат да го оправдаат влошувањето на ситуацијата кај стариот за време на изградбата, како и дополнителниот финансиски трошок?


Во право си, додека се гради ќе биде хаос. Инаку скептик сум дека разликата би била 2-3 години. Само поради тоа што очекувам разликата да биде 5-10 години и сум за реализација на проектот на постоечката локација. Ќе покаже времето.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 12-Mar-2018 at 14:21



И јас со голема резерва ги земам најавените рокови. Тоа ми е и најголемиот страв: дека изградбата на новиот клинички ќе се развлече и дека ќе останеме заглавени со постоечката катастрофа на старата локација.

Но неизвеноста со роковите е заеднички именител и за проектот кај Бардовци и за проектот за стариот клинички центар. Нема никакви гаранции дека вториов би се реализирал во рамки на рокот што беше последно најавен. Баш напротив, тој проект веќе има историја на тотално занемарување на било какви рокови. Така да бидејќи секако мораме да преземеме ризик со роковите, мислам дека е подобро тоа да го направиме со опцијата која нуди и поголема награда. А и не е само тоа, туку ако се завлечка изградбата кај Бардовци, остануваме подолго заглавени во сегашната катастрофа, но ако се завлечкаше изградбата кај стариот клинички, тогаш ќе бевме заглавени во уште поголема катастрофа.




Edited by Cloverstack - 12-Mar-2018 at 14:23
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 12-Mar-2018 at 17:47
Cloverstack,
Малку доцнам со одговоров, а гледам и дискусијава тргнала, па да не должам со уводи ...

Прво мора разграничиме дека барем од вклучените во оваа дискусија (според коментарите) никој не го видел проектот, вклучително и јас. Мене информациите ми се од втора, ај да не речам трета рака, но најмногу паралела со КБ Штип пошто тој проект сум го видел, го виделе повеќемина, се гради, а сме го виделе бидејќи освои награда на БИМАС, 2014-та беше, ако не грешам. Тој проект е во истиот пакет со КЦ Скопје и сè е исто, банка, кредит, експерти-консултанти, различни други помагачи или одмагачи :-), само се различни проектантите. КБ Штип се нели Митровиќ, а КЦ Скопје се од Италија, со јас барем не знам, која наша фирма или колку наши фирми се поддршка од овде.

Колку ми е мене познато постоеле два експертски тима на банката, еден за студија и „претпроектна програма“ и вториот за помош во проектирањето на основниот проект.
Е таа студија изработена од експерти на банката кажува дека треба да се гради на постоечката локација. Како и зашто е дојдено до тој резултат не можам да знам, не сум видел. Банката е нели „при Советот на Европа“ колку е комерцијална колку е за развој и поддршка, тоа пак никако не знам, ама знам дека цел на такви банки е реализација со јасни резултати. Заглавена реализација и ненаменска употреба на средствата е неприфатливо. Затоа старата власт го има сменето мислењето, инаку ако добро се сеќавам и јас првата најава и од нив беше исто во Злокуќани.

Да не се повтори и овој пат кога ќе почнат да се бараат пари, да станеме свесни до кај ни е чергата. Не функционираат тие фондови на „ми се сака“ принцип. Дали сме кадарни за комплетно комерцијален кредит? А овој потпишан договор за изведба заминал во историјата и сме се вратиле 7 години назад. Сметам дека е крајно неодговорна постапката на Владата да консултира само архитекти кои веројатно немаат поим од финансирање на проекти, нека не се вреѓаат, 99% од архитектите немаат. Малку посеопфатна анализа треба пред да се истрчаат со изјави. Затоа се и моите сомнежи за ситни интереси.

Вториот пак експертски тим, за правење на проектот (според паралела со КБ Штип како споменав) е веројатно и овде всушност комплетен автор на функционалното решение.
Колку ми е мене познато треба да останат стоматологија, инфективно и детско. Тие засега не би имале топла врска. Гинекологија останува во „стариот“ објект, прилично е нов нели, а се поврзува со топла врска и комплетно интегрира, а хирургија практично станува дел од главната зграда со комплетна реконструкција, а на дел и рушење. Сè друго се руши, единствено не знам што треба да се случи со Судска и Кардиологија, со тоа што нова кардиологија има во главниот објект.

Сообраќајот е проблем и ваму и таму. Таму треба да се решат не знам колку километри низ приватни имоти, плус што ако се појави културно наследство, а овде е тесно од сите страни ама не е нерешливо. Плоштад Скендербег го изградија преку булевар, само што ја не мислам дека така треба да се прави. Има и други пристапи и други начини.

Градежните работи. Не сме ги виделе проектот и техничките услови па не можеме да знаеме околу пристапот и начинот на работа кои барања се наложени. Тоа на консултантскиот тим не можело да му пројде без забелешки. Околу загадувањето и бучавата исто така, но неспорно е дека ќе се зголеми, веројатно не повеќе од изградбите на хирургија и гинекологија.

Проблемот со „ни се брза“ е во токму во тоа што заради разни причини, меѓу кои и политичката криза, доцнење на основниот проект и веројатно дубари на финансиери и изведувачи (ние сме мали деца за европјаните, а ова и за нив не се средства за потценување) за конечно потпишување на договор за изведба се загубија 3 години. И плус една сега. Ни се брза и заради фактот дека е се подготвено, а стои.

Моите сомнежи за воопшто реализација на Бардовци повеќе пати ги искажав, особено знаејќи го фактот дека изборот за постоечката локација е од експертите на банката финансиер и секако е поткрепен со докази и причини.

Далеку од тоа дека мислам дека постоечката локација е без проблеми и потполно се согласувам дека двете локации се „зезнати“. А идеална нема ни да најдеме.
Затоа, според мене, единствен исправен пат е постоечкиот хаос што „из милоште“ се нарекува Клинички Центар, а скопјани си го нарекуваме „Државна“, да се направи болница која ќе е современа по сите битни параметри и понатаму ќе игра улога на клинички центар, па да се побара вистинска локација каде би се направил вистински Клинички Центар за потребите на цела држава во кој нема да доаѓа и шуто и рогато и криво и право и здраво на преглед (би требало да се прави разлика помеѓу Болница и Центар), а ова да си остане Клиничка Болница Скопје која заедно со „8 септември“ ќе биде доволна за Скопје.
Последниов коментар „дали 2-3 години можат да оправдаат .... “ не би се сложил, односно би се сложил ако се додаде една нула .. па биде 20-30 години, а тогаш веќе можат да оправдаат. Тврдам дека за 2-3 години нема да има ништо, ни проект ни пари и да не заборавиме дека за 2 години најдоцна идат нови избори и пак ли ќе менуваме.
Сега веќе никој не размислува да ја руши КБ Штип (се надевам), а доколку не беше почнато изведба веројатно и таму ќе имаше нови .. или стари ..идеи.

Роковите што се кажуваат за изградба во Бардовци се благо речено смешни. Па за суми 2-3 милиони евра проектите се влечат со години по европската бирократија. Ако сами можеме, ајде, ама еве и вчера министерот пак рече ќе обезбеделе пари, што значи дека нема од сопствени извори.


Edited by majstorot_001 - 12-Mar-2018 at 17:49
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 12-Mar-2018 at 23:15
Јас ќе се осврнам на финансиите и на тоа дека овде се работи за три пати поголеми средства само за изградба на клиничкиот центар без потребната сообраќајна инфраструктура и јас не би се сложил дека за истата би биле потребни неколку милиони евра, туку можеби неколку десетици милиони евра, што е троа поголема разлика. Воедно, на оваа проектирана цена, неминовно е да се очекуваат анексирани суми и се плашам дека ќе добиеме уште една „пруга до Бугарија“ (фрлени пари во бетонски столбови на мостови и тунели), уште еден „автопат до Охрид“ (само денес кажаа дека се потребни уште 150 милиони и минимум уште три години изградба), па така да не завршиме со нов „клинички центар“ (вреден пола милијарда евра на нова локација во изградба десет години).

И на крај, смалете малку со желбиве, ко божем овој новиов еве готово уште фали да го опремат, па ние бираме дали на Скопје му требал уште еден ургентен и каде да бил тој. За да ве вратам во реалноста, појдете во било која клиника на Клинички во било кој ден и ќе сфатите кај живеете. И воедно потсетување, кога се расфрлате со годиниве (дека за 2-3 години плус не било страшно) да ве потсетам дека не сите имаат пари за лекување во Систина и дека напатените македонски работници ќе продолжат да се лекуваат во клиники кои капат, кои немаат асален инвентар, лекови, опрема и слично.

И за крај, ова милиониве евра, кои полека милијарди стануваат, за економија во стагнација ко македонскава, не се занемарливи и некој ќе треба да ги враќа, а не дека баш проективе носат раст и развој.

И да не биде дека само мрчам и критикувам, мое мислење за разлика можеби од сите вас тука е дека требаше да си се изгради клиничкиот центар на сегашното место, од првенствена причина што ќе беше поевтино дури и со средување на паркинг и општо преуредување на просторот на самиот Клинички, како и со обнова на Воена болница (денешна Градска 8 Септември), со на пример отворање на Траума центарот и искористување на крилото од Жан Митрев. И ќе беше далеку побрзо од новава локација, за која повторно ќе повторам, сум голем скептик дека ова ќе се изгради некогаш.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 12-Mar-2018 at 23:57
10 meseci nemozat bandera da pomestat. A vie zboruvate za proekti od vakov tip. Tuku aj so nesto mora da se zamajuva narodot.
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 13-Mar-2018 at 08:52
Да не заборавам дека сум сигурен дека особено внимание експертскиот тим има посветено на постепено „исклучување“ на постоечките клиники со преминување во новиот објект, така да во секој момент на изградбата ќе има функционален центар со сите клиники. Изградба на нова локација значи комплетно завршување на сè, патишта, друга инфраструктура, објекти, нивно комплетно опремување, па потоа преселба. .... за едно 20 години во најдобри услови ... или „пруга за Бугарија“
Не може една клиника таму една ваму, тоа така не функционира.

Затоа, уште еднаш, да се почне изградба според договорот за изведба ден поскоро. Кога ќе се заврши, може слободно да се размислува за понатамошен развој на здравствениот систем во државава за наредни 25-30 години и со време да се одреди место и начин на реализација на идни капацитети.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 13-Mar-2018 at 10:53

Касно е веќе, ако се наврати на првичниот план, Владата ќе биде на мета на ААМ и останати „експерти“. Проблем е и губењето доверба кај ваков тип банки за идни проекти.
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 13-Mar-2018 at 11:17

Потполно се согласувам. Штетата од губењето на доверба кај банки кои даваат кредити со 1-1.5-2% камата, плус обезбедени консултантски услуги на сметка на ЕУ фондови, не се мери со бројки ни со пари ни со време. Едноставно ќе си ја трпиме, но предност е што ќе имаме многу време за мудрување бидејќи се потешко ќе наоѓаме пари нешто да реализираме    
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 535
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 13-Mar-2018 at 13:06
Па можеби доказ за сериозноста на намерите на владата би бил почетокот на археолошки истражувања. Бидејќи ако се сериозни дека планираат изградбата да започне за 1.5-2 години, археолошки истражувања, во најмала рака проспекција, би требало да почнат веднаш, за една недела. А колку што знам од прва рака, годинава парите за археолошки истражувања се многу скромни а проект за рекогносцирање баш на тој дел од градот не е предвиден.

Истите можат да се извршат и неинвазивно, со геомагнетно скенирање, па така ќе може да се дефинира каде постојат битни објекти, некропола, и сл., па да се земе истото пред вид при проектирањето за да се избегнат непотребни ископувања кои се комплицирани, скапи и траат многу долго.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 27-Mar-2018 at 18:26
Владата реши нов клинички центар да се гради на територијата на општина Карпош

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за започнување на проектот за изградба на комплекс универзитетски клинички центар на локација во општина Карпош.

Министерството за транспорт и врски и соодветните институции и општина Карпош да извршат измени во урбанистичките и катастарските и други планско урбанистичко–проектни документи за 2018 година.

Со оваа одлука на Владата, Министерството за здравство треба да му препорача на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да формира стручна комисија и да спроведе јавен конкурс за идејно решение на дел од комплексот универзитетски клинички центар, соопшти службата за информирање на Владата.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/vladata-reshi-nov-klinichki-centar-da-se-gradi-na-teritorijata-na-opshtina-karposh
За сè има вторпат
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 29-Mar-2018 at 17:03
на архитектонски факултет при УКИМ нема соодветни стручни лица, но затоа има тезгароши
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 28-Aug-2018 at 07:41
Се враќа кредитот за изградба на Клинички центар во Скопје, го нема конкурсот за новата локација


На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет беше прифатена одлуката за враќање на подигнатиот заем за изградба на нов Клинички центар на сегашната локација. Заемот го подигна претходната влада од Банката за развој при Советот на Европа, но сегашната извршна власт се одлучи да се гради целосно нов комплекс на локација што е утврдена во актуелниот Генерален урбанистички план за град Скопје во близина на селото Бардовци.

Прекинувањето на заемот се врши без предвидените негативни поени, со што нема да има последици по државниот буџет. Од Министерството за здравство информираат дека во претстојниот период ќе биде формирано тело што ќе работи на анализи и проценки, по што ќе бидат презентирани заклучоци од начинот, методологијата, намената и функционалните потреби за проектирање и градба на нов Клинички центар во една зграда во интегриран капацитет. „Ваков модел на градба ќе понуди соодветна циркулација и функционална поврзаност на сите единици и целини“ соопштуваат од Министерството за здравство. Во ова тело ќе има претставници од Европската Комисија во Скопје, Банката за развој при Советот на Европа, експерти и претставници на македонските институции.

Од ова министерство информираат дека стручни служби и надлежни институции работат на локацијата за нов Универзитетски клинички центар во близина на селото Бардовци. Македонската влада уште кон крајот на март годинава најави архитектонски Конкурс за избор на идејно решение по кое ќе се гради идниот комплекс, но ваков повик до архитектите не е објавен до денешен ден.

http://build.mk/se-vraka-kreditot-za-izgradba-na-klinichki-tsentar-vo-skopje-go-nema-konkursot-za-novata-lokatsija/
За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 28-Aug-2018 at 09:18
Хахахах, а вие уште навистина очекувате - дека овие ќе градат нов клинички?
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1633
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 28-Aug-2018 at 10:59
Па доволно е само да се задолжат и темели да стават па тие што ќе дојдат после да мора да продолжат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 28-Aug-2018 at 13:50
Originally posted by alexsend

Па доволно е само да се задолжат и темели да стават па тие што ќе дојдат после да мора да продолжат.


Во конкретниот случај видовме дека само тоа не било доволно
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
majstorot_002 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Sep-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote majstorot_002 Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 08-Oct-2018 at 21:20
И денес излезе министерот и кажа Бардовци не го бива скапо било
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 09-Oct-2018 at 00:59

За новиот Клинички центар се бара нова локација до Злокуќани кај скопската обиколница

08.10.2018 | 17:34
Прочитано: 1547

Здравствените власти повторно се предомислија – новиот клинички центар сепак  можно е да не се гради во Бардовци, како што беше најавено. Министерот за здравство Венко Филипче за ТВ24 вели дека сега се разгледува опцијата новиот објект да се гради на место до Злокуќани под скопската обиколница.

Иако Бардовци беше презентирано како оптимално место пред само неколку месеци,  сега министерот вели дека утврдиле дека голем дел од земјиштето е приватно, а потенцијална експропријација би ја чинело многу државата. Па така сега работна група составена од експерти бара повторно ново решение.

„Станува збор за земјиште кое е во близина на Злокуќани и се простира лево и десно од оваа населба и е под обиколницата. Ова укажува дека ова е идеално земјиште.“ - вели Венко Филипче.

Долго најавуваниот нов клинички центар не се знае со сигурност ниту каде ниту пак кога ќе почне да се гради, а уште помалку кога ќе биде готов.

„Кога би се почнало за изградба, не можам да кажам, а најлошата опција е да избрзаме со решение.“ - вели Филипче.

Граѓаните десет години наназад добиваат ветувања од секоја Влада дека ќе добијат нов клинички центар, но капиталниот проект ниту една досега не го реализираше.

Оваа Влада го поништи  проектот на претходниот министер за здравство Никола Тодоров, според кој новиот клинички требаше да никне на местото на постојниот комплекс на клиники „Мајка Тереза“.

Образложението на Владата беше дека понудениот проект не го решавал проблемот со сообраќајниот хаос на Водњанска, па на прес конференција пред 7 месеци министерот Венко Филипче изјави дека планираат новата градба да биде во населбата Бардовци.

Сепак и по 7 месеци од најавите, властите повторно немаат конретно решение ниту за новиот клинички центар, ниту пак за сообраќајниот хаос на Клинички, за што беше најавена изградба на нова катна гаража, која се уште не почнала да се гради.

https://www.24.mk/za-noviot-klinichki-centar-se-bara-nova-lokacija-do-zlokukjani-kaj-skopskata-obikolnica
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 09-Oct-2018 at 01:00
Станува збор за земјиште кое е во близина на Злокуќани и се простира лево и десно од оваа населба и е под обиколницата

Која е побогу оваа локација, во која димензија се наоѓа?


Edited by Cloverstack - 09-Oct-2018 at 01:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.155 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.