build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Клинички центар Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 09-Oct-2018 at 08:27
Од тоа што можев да го проверам најголемите парцели се 60к квадрати од РМ и 310к квадрати од ЗИК Скопско поле. Ако не испуштам нешто, не гледам поголема парцела од тие две, се останато е од 20к квадрати надолу што мислам дека е мало за клинички центар. Единствено ако станува збор за спојување на повеќе парцели... Интересна работа е дека (поправете ме ако грешам) таму има и археолошки наоѓалишта, Скупи се наоѓа таму па може да испадне да излезат и други при копање, па ајде нова локација LOL

https://imgur.com/a/c4aEiSu
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 10-Oct-2018 at 14:55
Телма ексклузивно: Новиот клинички центар наместо во Бардовци на влез во Скопје

Се исцртува конечната локација на новиот долгоочекуван клинички центар. Пациентите ќе се упатуваат на влезот на Скопје пред населбата Ѓорче Петров. Тука е предвидена нова парцела во државна сопственост на која ќе се гради современиот медицински комплекс.

Извори од министерството за здравство за ТВ Телма ексклузивно откриваат каде се размислува да започне изградбата на клиничкиот центар. Станува збор за земјиште со површина од околу 80 хектари. Токму пространата парцела и добрата сообраќајна конекција во близина на самата обиколница ја прават оваа локација поволна за идното решение за државните клиники.

Првото поместување на новиот клинички центар од сегашниот комплекс со одлука на министерот Венко Филипче беше поради густината на сообраќајот на улиците Водњанска и Мајка Тереза. Дополнителен прилив на пациенти тука е проблематичен, а исто така и предвидената локација имаше простор од само дваесетина хектари.

Просторот и сообраќајните врски беа разгледани и кај локацијата во Бардовци, но овој план на Министерството за здравство се откажува поради приватните парцели. Со тоа трошоците за експропријација би биле значително високи. Сега, здравствените власти не треба да се соочат со вакви пречки бидејќи земјиштето е државно.

Проектот вреден околу 400 милиони евра ќе се финансира и преку заем од Банката за развој при Советот на Европа. Останува да се прецизира и датумот кога изградбата ќе започне, а најоптимистичка прогноза е септември следната година. Македонските пациенти современи медицински услуги треба да добијат најрано во 2025 година.

Христијан Станоевиќ

https://telma.com.mk/telma-ekskluzivno-noviot-klinichki-tsentar-namesto-vo-bardovtsi-na-vlez-vo-skopje/
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 10-Oct-2018 at 20:21
До крајот на можниот краен мандат на тековнава Влада, можеби и локација ќе одбереме за новиот Клинички
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 11-Oct-2018 at 10:28
Originally posted by ehrlich

До крајот на можниот краен мандат на тековнава Влада, можеби и локација ќе одбереме за новиот Клинички


Доколку се влечеме низ цела околина на Скопје за да пронајдеме земјиште коешто е државно и да заштедиме пари, тогаш значи дека како министерство и влада сме исто толку несериозни како оние што претходно се обидоа да го градат новиот Клинички усред хаосот наречен Водно.

Точно е, оваа локација на влезот во Скопје е покрај обиколницата и покрај пруга што би обезбедиле пристап едноставен во иднина. Сепак, многу е далеку од централните општини во градот. Постоечката локација во Бардовци, идентично како и онаа сегашна на Водно, барем беше подеднакво оддалечена од сите населени краеви на градот.

Сакам да кажам дека локацијата во Ѓорче е периферна и е можно да се случи населението во Скопје да направат во иднина многу поголем притисок за лекување во останатите здравствени установи, како што се Градските болници. Знаејќи не самите нас, никој не би сакал да патува 10-тина километри од Аеродром до Ѓорче(Сарај) за лекување доколку може тоа да го направи во неговата општина или во Центар.

Edited by BOJAN - 11-Oct-2018 at 10:29
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2366
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 11-Oct-2018 at 12:39


Добар пристап би имал. доколку се реализира приградската железница, предизборен проект на вашиот градоначалник, за кој веќе ништо не се говори.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 11-Oct-2018 at 13:21
Бојан ако некој што живее во Скопје не сака да патува 5-10 км за да се лекува, тогаш што да кажеме за сите останати жители на МК? Сепак станува збор за државна болница, значи ќе се лекуваат жители од цела држава, а не само од Скопје така што 10 км не би требало никому да претставува проблем.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 11-Oct-2018 at 17:13
Можеби точно од таа причина првин ја најавија новата градска болница во Аеродром Исток-Запад
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2472
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 19-Oct-2018 at 13:20
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА 4,6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ БАРА ПРОЕКТАНТ ЗА МОНТАЖНА КАТНА ГАРАЖА ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Министерството за здравство за 4,6 милиони денари или 74.700 евра бара проектант кој ќе изработи проект за изградба на катна гаража во Клиничкиот центар. Јавниот оглас за изработка на идеен, основен и сообраќаен проект за изградба на катна гаража во Клинички Центар „Мајка Тереза“, Министерството го распишало на 24 минатиот месец, а понуди може да се достават до 14 овој месец.

Вања Андонова, од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче, вели дека огласот е распишан за изработка на проект со кој е предвидено изградба на монтажна катна гаража на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија.

„Од проектот што ќе го добиеме ќе знаеме точно на колку ката ќе биде гаражата и колку паркинг места ќе има. Нашата идеја е да има максимум катови, односно приземје плус осум ката и две подземни нивоа за паркирање. Според проектната документација што ја имаме, планирано е да има 1.800 паркинг места, но дали ќе биде така ќе покаже проектот“, вели Андонова.

Катната гаража според барањата во тендерската документација треба да биде од челична конструкција, со монтажно-демонтажен карактер, за да може што побрзо да се изгради.

„Гаражата ќе биде одвоена од новата зграда на Клиниката за гинекологија, односно нема да се гради на целата површина предвидена со маркичката, туку оставаме простор од 15 метри за изградба на зеленило“, вели Андонова.

Таа рече дека идејата со изградба на монтажна катна гаража е да се редуцира движењето со возила низ клиничкиот центар, бидејќи според нивните истражувања дневно во Клинички има 2.200 посетители, а во оваа бројка не влегуваат вработените и студентите. Според Андонова сообраќајното решение треба да понуди директен влез во катната гаража од главниот влез и да остане посебна лента за возилата на Итната медицинска помош и сервисните возила.

„Сообраќајното решение практично треба да овозможи внатрешна сообраќајница за директен влез во катната гаража и излез од страната на паркингот кај Клиниката за Онкологија. Со тоа посетителите воопшто нема да влегуваат во Клинички. Паркингот што е кај црквичката во Клинички останува, но тој ќе се користи за сервисните возила и за возила на Итна медицинска помош“, вели Андонова.

Старата зграда на Гинекологија беше урната во времето на ексминистерот за здравство Никола Тодоров и беше предвидено таму да се гради новата зграда на Клиничкиот центар. Новата Влада се откажа од овој проект, а министерот Филипче изградбата на монтажната катна гаража ја најави уште во март годинава, кога беше донесена одлука нов клинички центар да се гради во Бардовци. Тој тогаш рече дека за кусо време ќе изградат монтажна катна гаража и дека така ќе го решат проблемот со паркирањето и движењето на возила низ Клиничкиот центар.

Тендерот за избор на проектант како што вели Андонова е распишан дури сега, бидејќи во меѓувреме имале административни проблеми за да добијат маркичка за градење.

„За да добиеме маркичка за градба моравме да правиме нови архитектонски подлоги и да вадиме нови документи, односно огласот е дури сега распишан поради административни проблеми“, вели Андонова.

Од Министерството за здравство велат дека сè уште не решиле колку ќе се наплаќа за посетители во катната

https://sdk.mk/index.php/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-za-4-6-milioni-denari-bara-proektant-za-montazhna-katna-garazha-vo-klinichki-tsentar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2472
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 12-May-2019 at 14:57
Новиот клинички центар „Мајка Тереза“ ќе биде на 5 нивоа со 20 операциони сали и 65 амбулантни возила

Нови промени во планот на изградба на клиничкиот центар. Ако пред три месеци надлежните објавија дека комплексот ќе се простира на 90 хектари во месноста Веле Поле во Ѓорче Петров, сега површината ја зголемија на 102 хектара. Според последната владина одлука, новиот Клинички треба да биде на 5 нивоа со 20 операциони сали и 65 амбулантни возила. Засега е нејасно колку ќе се задолжи Владата за изградбата на новиот Клинички центар.

– Со физибилити студијата ние ќе имаме податоци за сумата, може ќе биде поголема може помала. Ние две недели пред тоа ќе пуштиме оглас за барање на заем. Веруваме дека со изградбата на нов објект ќе ги задржиме лекарите и ќе ги вратиме тие што се заминати од земјава“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

Засега нема одговор што ќе се случи ако не бидат обезбедени неопходните пари за изградба.

-Значи, ако продолжиме со сегашната динамика, ќе може да ги задржиме роковите и на крајот на годината да бидат удрени темелите, вели Бошњаковски.

Според процедурите, прво треба да бидат обезбедени пари а потоа да се утврди како ќе изгледа комплексот и кој ќе го гради. Инаку, точно 10 години се зборува за нов клинички центар, но никако да почне неговата градба.

Уште во 2009та беше донесена одлука за негова изградба во Бардовци. Неколку години подоцна таа идеја отпадна па се направи план и беше потпишан и договор со обезбедени пари за нов објект на местото на сегашните клиники. Со промена на власта, дојде до раскинување на договорот и почна барањето на локација. Прво беше избрана Злокуќани, но поради наводно одолговлекување на процедурите со имотно правните односи, потрагата заврши во Ѓорче Петров.

https://www.presscentar.mk/noviot-klinichki-tsentar-majka-tereza-ke-bide-na-5-nivoa-so-20-operatsioni-sali-i-65-ambulantni-vozila/?fbclid=IwAR2eAv6WGvAHS7WiXIx00IcOOZbC7cvkdDsWnOU3QU7ohwMUyuMiM5WdUt0
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 12-May-2019 at 17:09
Ќе.

За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 506
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 12-May-2019 at 18:50
Почнаа примери од Приштина да зимаат, ладе веќе подолг период се фура концепт на раштркување на државни институции...главен суд на пример им е во едно поле на 5 километри од градот...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2472
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 15-May-2019 at 07:56
Две катни гаражи ќе се градат во Клиничкиот центар во Скопје

Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје ќе добие две катни гаражи. Владата на седница вечерва ја усвои Предлог-одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство (ЈПП) за изградба на гаражите.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во најголемиот клинички комплекс во Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга.

-Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи, појаснуваат од Владата.

https://nezavisen.mk/dve-katni-garazhi-kje-se-gradat-vo-klinichkiot-centar-vo-skopje/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 31-Jul-2019 at 15:42
Новиот Клинички ќе биде готов во 2027, први ќе се селат Ургентен и хируршките клиники


Изградбата на новиот Универзитетски клинички центар во Општина Ѓорче Петров ќе стартува на почетокот на следната година, ќе биде завршен за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра, пари што ќе се обезбедат со кредит од комерцијалните банките „Ерсте груп“, „Рајфајзен банк“ и „Уникредит“, кои доставиле најдобра понуда, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче на средба со новинарите.

– Министерството за финансии испрати 18 барања до меѓународни инвестициски фондови и комерцијални банки – рече Филипче, додавајќи дека шест одговориле, а е избрана понудата од банките „Ерсте груп“, Рајфајзен банк и „Уникредит“ како најповолна.

На прашање за условите под кои ќе се враќа кредитот, Филипче упати во Министерството за  финансии, бидејќи не сака да шпекулира со бројки.

Посочи дека имотно – правните односи на местото каде што ќе се гради новиот клинички центар се расчистени, а земјиштето е целосно во државна сопственост, односно нема да има експопријација.

Министерот појасни дека изградбата на клиничкиот центар ќе се одвива во три фази и дека првата фаза би завршила по 3,5 години, а последната по седум години.

Според него, се планира најпрво да се префрлат хируршките клиники, операционите сали и ургентниот центар, а потоа и клиниките за гинекологија, за педијатрија и за онкологија.

Министерот рече дека на почетокот на август ќе започнат постапката со конкурентен дијалог, појаснувајќи дека тоа ќе значи дека во тендерската постапка ќе се вклучи и проектирањето, изградбата, опремувањето, ставањето во функцијата и тренингот на персоналот кој треба да работи во новиот објект.

– Во Министерството за здравство направивме тим кој веќе подолго време работи на анализа на законите. Ќе се оди според членот 53 на Законот за јавни набавки и ние сме подготвени тоа да го започнеме на почетокот на август – рече Филипче и додаде дека физибилити студијата е готова и наскоро ќе биде ставена на јавен увид.

Клиничкиот центар, како што нагласи Филипче, е најважен капитален објект од значење за целата држава, што ќе има модерен начин на давање здравствена услуга, односно се ќе биде на едно место.

Министерот за здравство информира дека Владата на вчерашната седница го усвоила Предлогот за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи, со што, се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување, согласно финансиските можности на фондот, а при тоа, се задржуваат критериумите за квалитет.

Целта, како што рече, е надминување на проблемот со недостигот на лекови, поради можноста што ќе им се даде на аптеките коишто досега немаа договор со Фондот за здравствено осигурување, да склучат таков договор. Воедно треба да се мотивираат младите лекари да отвораат свои специјалистички ординации, кои ќе имаат склучени договори со ФЗО, што досега не беше можно.

https://plusinfo.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d1%9c%d0%b5-%d0%b1%d0%b8%d0%b4%d0%b5-%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%be%d0%b2-%d0%b2%d0%be-2027-%d0%bf%d1%80/

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 506
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 01-Aug-2019 at 04:00
Со последниов скандал у низата од мал милион и одма почнаа, покачување на плати, зелена нафта, намалување цената на парното, субвенции за автомобили, тунели под Кале, нов клинички... кај и да е и трамвајот ќе го активираат...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2472
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 07-Aug-2019 at 16:57
Постапката отворена, се бара компанија која од јануари ќе го гради новиот Клинички центар

Министерство за здравство го распиша тендерот за изградба на новиот Клинички центар. Комплексот клиники ќе се гради на локацијата „Веле Поле“ во Ѓорче Петров. Рокот за реализација е 90 месеци.

Министерот Венко Филипче, пред неколку дена информира дека иако рокот за изградба на новиот Клинички центар е определан да трае седум години, првата фаза ќе биде готова за 3,5 години. Тогаш, според него, во новиот комплекс ќе се преселат хируршките клиники, операционите сали и Ургентниот центар, а потоа и останатите оддели.

Во огласот не е наведена проценета вредност на проектот, туку се наведува дека новиот универзитетски клинички центар ќе се гради на greenfield локација по модел “клуч на рака” со поддршка при менаџирање на проект.

Според предвидувањата, изградбата на овој капитален проект треба да стартува на почетокот на идната година. Тој ќе чини 500 милиони евра, пари кои ќе се обезбедат преку заем од „Рајфајзен банк“, „Ерсте груп“ и „Уни кредит банка“.

Како критериум за доделување на договорот не е најниска цена, туку најдобар сооднос меѓу квалитетот и цената, со тоа што квалитетот носи 70, а цената 30 бода.

Еден од условите при евалуација на кандидатите предвидува минимум годишен вкупен приход во висина од најмалку 250 милиони евра за секоја година поединечно во последните 3 фискални години.

https://360stepeni.mk/postapkata-otvorena-se-bara-kompanija-koja-od-januari-ke-go-gradi-noviot-klinichki-tsentar/?fbclid=IwAR1OrETNPmIqamHboyPeDpXII6MR-APXAKfxxOTi47vP96Gp80huw6n6VkU
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2472
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 17-Sep-2019 at 11:45
Од 500 МИЛИОНИ ЕВРА за градба на клинички центар за домашните фирми ќе остане - НИШТО

Домашните градежни компании не се наоѓаат во јавниот оглас за изградба на новиот Клинички центар на влезот во Скопје. Не можат да ги исполнат критериумите што ги бара Министерството за здравство,а не ни можеле да се покажат на вакви големи објекти, оти измината декада во Македонија такви не се ни граделе.

„Компаниите членки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија имаат капацитет, знаење и искуство и се докажани во реализацијата на сериозни проекти во земјата, земјите од регионот и пошироко. Оттука, домашните градежни компании имаат капацитет да учествуваат во изградба на овој проект. Но, се поставува прашањето во однос на исполнувањето на бараните услови во распишаниот јавен оглас на Министерството за здравство, да имаат реализирано вакви или слични проекти во текот на последните 10 години, имајќи предвид дека во последните децении во Република Северна Македонија не се градеа објекти од ваков тип. Воедно, се поставува прашањето и во однос на исполнувањето на бараните критериуми за економската и финансиската состојба на економските оператори, со оглед дека домашните компании не го исполнуваат предвидениот финансиски услов во однос на минимумот годишен вкупен приход“, велат од коморското здружение, во кое членки се големите градежни компании, меѓу кои „Гранит“ и „Бетон“.

Јавната набавка за изградба на нов универзитетски клинички центар на гринфилд-локација по модел „клуч на рака“ со поддршка при менаџирање на проект, Министерството за здравство ја распиша на 7 август. Компаниите што сакаат да учествуваат треба да имаат минимум годишен приход од 250 милиони евра и да има успешно реализирано во текот на последните 10 години одреден минимум објекти, во зависност од површината. Поради сложеноста на проектот, Министерството за здравство предвидува постапка на конкурентен дијалог.

Герман Филков од „Центарот за граѓански комуникации“ објаснува дека ваква постапка се користи во сложени проекти кога договорниот орган сака да прави нешто, но не нуди проект туку низ три фази доаѓа до целта.

„Првата фаза е претквалификација, во која секоја заинтересирана компанија што исполнува услови може да поднесе пријава за учество на тендерот. Законот одредил дека минималниот рок за пријавување е 30 дена, а во огласот рокот за пријава за учество е одреден на 45 дена и трае до 20 септември. По завршување на првата фаза, комисијата изготвува извештај во кој е оценета способноста на кандидатите и се дава листа на квалификувани кандидати. Тие ги поканува на дијалог, како втора фаза на јавната набавка. Во оваа фаза договорниот орган започнува дијалог во кој се дискутира за сите аспекти на јавната набавка, заради утврдување и дефинирање на најсоодветните начини на задоволување на потребите. Рок колку трае оваа фаза – нема“, објаснува Филков додавајќи дека како ќе изгледа Клиничкиот центар ќе се знае кога ќе заврши дијалогот со одбраните фирми што би го граделе.

Кога договорниот орган ќе го заврши дијалогот, и за тоа ќе ги информира учесниците кои учествувале во последниот дел од дијалогот, секој од нив го поканува да поднесе конечна понуда врз основа на договореното решение. „Критериумот врз основа кој ќе се избере една понуда ќе биде најдобар однос меѓу цената и квалитетот, како што утврдува новиот Закон за јавни набавки. Со стариот закон не можеше да се оценува врз основа на квалитет, туку само според цена. Новиот закон е усогласен со директивите на ЕУ. Најниската цена не е веќе единствен критериум. Односот меѓу цената и квалитетот е еднаков на најисплатлива понуда. Не може ниту само квалитетот да биде критериум. Конкретно за оваа постапка бидејќи е сложена, законот наметнува критериум за избор на понуда да биде најдобриот однос меѓу цената и квалитетот“, укажува Филков. Цената на понудата ќе носи 30 бода, а квалитетот – 70.

Избраниот модел по кој ќе се гради Клиничкиот центар „проектирај, изгради и опреми“ за градежниците е прифатлив.

„Овој модел се применува во развиените европски и други земји и домашните градежни компании изразуваат поддршка на примена на овој модел и во нашата земја. Сепак, сметаат дека за примена на овој модел од страна на домашните компании потребно е соодветно допрецизирање на законската регулатива од областа на градежништвото. Имено, регулативата во минатите години ги насочи компаниите на раздвојување на работењето на посебни делови за проектирање, изведба и ревизија согласно условите на пазарот, а продуцирани од Законот за јавните набавки и Законот за градење. Примена на критериумот најниска цена во тендерските постапки, доведе во пракса цената да биде одлучувачка при изборот на главен изведувач. Тоа е спротивно со начинот на работа пропишан во огласот за изградба на универзитетски клинички центар и се надеваме дека во иднина ќе се оствари долгогодишната заложба на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Комората оваа пракса да се надмине, а со тоа сите аномалии кои го рушеа системот претходните години би се елиминирале, со што предност ќе се даде на квалитетот, искуството и брзата градба“, велат од Стопанската комора на Македонија.

Со тендерот што го распиша последната влада на ВМРО-ДПМНЕ во октомври 2016 година, изградбата на новиот универзитетски клинички центар беше проценета на 128 милиони евра, од кои само за изградба, како што кажа тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, околу 68 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот беше најавена со вкупна вредност од 128 милиони евра. Беше предвидено новиот Клинички да се гради од март 2017 година до крајот на 2021 година.

Новиот Клинички 500 милиони евра

Новиот Клинички центар ќе се гради на локацијата Веле Поле во Општината Ѓорче Петров. Предвидено е да чини околу 500 милиони евра, пари кои ќе се обезбедат преку заем од Рајфајзен банк, Ерсте груп и Уни кредит банка. Изградбата е најавено да почне од 2020 година. Првата фаза треба да биде готова за 3,5 години, кога би се префрлиле некои оддели. Најпрво ќе профункционираат хируршките клиники, операционите сали и Ургентниот центар. Потоа ќе се префрлат клиниките за гинекологија, за педијатрија и онкологија. Инфраструктурата ќе се плати со пари од буџетот.

(Nezavisen)

https://vecer.mk/node/29772?fbclid=IwAR183z-RLxmjdIMzomREjrM5jJXhEN3rNb02bHjZBBuGw4p-TIDdn-o_63g
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.