build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 18-Dec-2020 at 11:44
КЛУЧ НА РАКА НА ЕДЕН ИЛИ НА ПОВЕЌЕ ОПЕРАТОРИ - Владата го забрзува проектот за новиот Клинички

Владата се реши да го забрза колку што може повеќе проектот за новиот Клинички центар. Локацијата е избрана, се знае и отприлика колку многу пари ќе ја чини државната каса, а во собраниска процедура се најде и законско решение за овој проект, кое ќе се носи по скратена постапка.

Наречен како предлог закон за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби, Владата во него навела бројни детали за тоа како ќе тече целата постапка, почнувајќи од тоа кому ќе му биде доверена изградбата, на каков начин, па до самата изградба и до тоа како потоа клиниките ќе се префрлаат постепено во новиот објект во близина на Ѓорче Петров.

А пред неколку дена и премиерот Зоран Заев откри дека во телото „За татковината со љубов“, се разговарало и за новиот клинички.

ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ РАСПРАВАЛО И ТЕЛОТО „ЗА ТАТКОВИНАТА СО ЉУБОВ“

„Иницијативата е во согласност со отворениот пристап на оваа Влада за инклузивен процес кога се во прашање важни, стратешки прашања од интерес на граѓаните и државата... Еве, како најнова понуда е да разговараме за Законот за Клиничкиот центар, на пример, и подготвени сме да ги слушнеме мислењата на сите за да постигнеме најдобро и најефикасно решение за еден ваков стратешки објект во јавното здравство“, рече премиерот Заев.

Од Владата во предлог законот велат дека нивни стратешки приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита, кој ќе обезбеди високо стандардни услови за работа на медицинскиот кадар, погодни услови за специјализација, и ставање на граѓаните во центарот на здравствениот систем. Тоа, како што објаснуваат, ќе се обезбеди со преместување на комплексот клиники „Мајка Тереза“ на greenfield локација.

Како цели што се настојува да се постигнат се подобрување на ефективноста и ефикасноста на здравствениот систем, групирање на сите постоечки служби во една зграда со интегриран капацитет кој ќе понуди соодветна циркулација, функционална поврзаност и континуитет на пружањето на здравствените услуги, клиничка непосредна поврзаност и прегрупирање на клучните услуги во еден ист кампус. Дополнително, стратешка цел е интеграција на наставата и истражувањето во рамки на кампусот, притоа не нарушувајќи го комфорот на посетителите.

Меѓу другото, власта очекува дека со овој закон ќе постигне и оптимизација на трошоците или другите ресурси кога ќе го гради новиот клинички, преку посебни услови и постапки за доделување на договорите за јавна набавка на стоки, услуги и работи за потребите на новиот клинички центар.

Скратената постапка се предлага бидејќи не се работело за обемен и сложен закон.

„Со овој закон се уредуваат постапката и условите за реализација на проектот Нов Универзитетски клинички центар - за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби како градби од значење за државата. Ако со овој закон не е поинаку уредено, се применуваат одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за експропријација, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење и Законот за општа управна постапка“, се вели во предлог законскиот текст.

ПРЕФРЛАЊЕТО НА КЛИНИКИТЕ ЌЕ ОДИ ПОСТЕПЕНО И ВНИМАТЕЛНО

Проектот ќе се состои од градење и ставање во употреба на комплексот на градби во новиот клинички центар, и тоа ќе опфати планирање, проектирање и подготвка на техничка документација, изградба, управување со изградбата и градежните работи, како и опремување.

Но, со законот ќе биде опфатено и планирањето на преместувањето на клиничкиот центар, управувањето со трансферот, потоа со процесот на паралелна работа на болничката инфраструктура, обуката на персоналот, како и одржување на објектот и опремата. Всушност, со законот се сака да се осигури дека ќе оди добро постепеното ставање во функција на новите градби, но и ставањето вон функција на градбите од стариот постоечки комплекс клиники „Мајка Тереза“, како и обезбедување на паралелно работење и целосна оперативност преку двата комплекса на градби.

„Комплексот на градби во рамки на проектот Нов Универзитетски клинички центар ќе се гради на локација која е поставена во северо-западниот дел од Скопската котлина, во западниот дел од општината Ѓорче Петров и јасно дефинирана со Обиколницата на Град Скопје, како главна инфраструктурна и геостратешка референца за просторот“, се вели во предложениот закон.

ДРЖАВАТА ЌЕ БИДЕ ИНВЕСТИТОР И ДРУГ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СТЕКНЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ

Решавањето на имотно-правните односи на земјиштето предвидено за изградба кои се наоѓаат на Локацијата, ќе биде на товар на земјава како инвеститор. На комплексот на градби ниту едно трето лице нема да може да стекне право на сопственост.

Постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи за реализација на проектот ќе ги спроведува Министерството за здравство, кое ќе биде договорен орган. Тоа ќе ги спроведува постапките за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки, освен ако поинаку не е уредено со овој закон.

Интересно е дека во законот се наведува дека постапките за јавни набавки ќе може да се спроведат или како единствена постапка за доделување на договор за јавна набавка по принцип на „клуч на рака“ на еден економски оператор, или, пак, на група економски оператори како генерален изведувач.

Договорот за јавна набавка по принцип „клуч на рака“ е комбиниран договор за набавка и ќе биде доделен преку спроведување на постапка со конкурентен дијалог како единствена постапка за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки, се вели во законот.

„Cо договорот за јавна набавка по принцип клуч на рака се обврзува генералниот изведувач да ги изврши збирно сите работи потребни за изградба и употреба на определена целосна градба или определен целосен комплекс од градби...“, се вели во предложениот закон.

Во оваа постапка ќе се дозволи поднесување на групна пријава од име на повеќе економски оператори кои претходно учествувале со поединечни пријави во фазата на претквалификација. Под групна конечна понуда се подразбира една единствена понуда доставена од име на повеќе економски оператори, оценети како способни кандидати.

Натаму во законот се опишува како ќе тече постапката со еден, а како би течела со понуда од двајца способни кандидати, и какви рокови ќе им бидат дадени.

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред неколку месеци откри дека е почната постапка за изградба на нов Клинички центар. Тој најави дека се планира првиот од четирите блока на центарот да биде завршен во наредните четири години.

„Верувам дека првиот блок дефинитивно ќе биде завршен во следните четири години. Тоа ќе овозможи дел од сегашните клиники да се преселат и да почнат со работа. Како ќе бидат завршени следните блокови ќе се празнат и клиниките според стратегијата“, потенцираше министерот Филипче, и дополни дека едни од најкритичните и тие на кои им треба многу внимание се клиниките каде има операциони сали и интензивна нега. Што значи дека први би се преселиле хируршките клиники и операционите сали, и сè што е поврзано со хируршка интервенција.

Во однос на финансирањето, Филипче посочи дека сè уште се работи на финансискиот модел, а проценката е дека новиот клинички би чинел околу 450 милиони евра.

Кон крајот на минатата година, пак, министерот рече дека фазата на евалуација е завршена, па останати се две компании - германската Vamed и француската Bouygues construction.

https://faktor.mk/kluch-na-raka-na-eden-ili-na-povekje-operatori---vladata-go-zabrzuva-proektot-za-noviot-klinichki
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12649
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 07-Mar-2021 at 14:45
Германската Vamed и француската Bouygues construction треба да дадат една понуда за изградба на новиот клинички центар - Филипче ја повика опозицијата да не блокира

Министерот за здравство Венко Филипче, ја повикува опозицијата во Собранието да ги повлече 2.000 амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар.
„Во повеќе наврати досега и за време на собраниските комисии и на седниците за пратенички прашања Филипче и Владата и понудија на опозицијата собраниска комисија којашто ќе ја водат опозициски пратеници и ќе го контролираат процесот на градење, изведба и секој аспект од проектот за Клинички центар. Министерството за здравство ќе биде отстрана, и ќе и биде поддршка на опозицијата. Целата постапка за новиот Клинички центар е јавна и транспарентна, доколку опозицијата не ги прифати овие предлози ќе биде јасно дека воопшто не станува збор за нивна недоверба или желба за унапредување на проектот, туку едноставно стратегија за блокади и некоструктивност која веќе предолго трае“, смета Филипче.
Процесот за изградба на Клинички центар почна пред две години, втората фаза се одолговлечи поради ковид кризата. Процесот започна со таканаречен конкурентен дијалог, аплицираа 5 компании, за втората фаза останаа две - германската Vamed и француската Bouygues construction, едната која има искуство во градежниот дел, а втората искуство во менаџирањето и опремувањето на болниците.
Законот треба да ја регулира идејата двете компании да имаат можност, да дадат една единствена понуда, а независен финансиски ревизор да каже дали е таа соодветна, од причина што ќе биде една понуда мора да се контролира цената. Од огромен интерес на граѓаните е нов Клинички центар што ќе служи во следните децении и ќе даде интегриран тип на здравствена услуга.

Министерот им укажува на пратениците од опозицијата дека поддршката на Законот за нов Клинички центар ќе покаже дека партиите можат заедно да направат нешто што е од голема важност за граѓаните и нивното здравје.

https://faktor.mk/germanskata-vamed-i-francuskata-bouygues-construction-treba-da-dadat-edna-ponuda-za-izgradba-na-noviot-klinichki-centar---filipche-ja-povika-opozicijata-da-ne-blokira
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 07-Mar-2021 at 19:08
Како една понуда е подобро и ќе се контролира цената? Еве не знам, ама да земеш покрив да менуваш дома, па ќе се распрашаш кај 2-3 мајстори за цена.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.