build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Клинички центар Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1767
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 06-Nov-2021 at 12:00
Еве фабрика железара е добра локација, и така нели ќе ја изфрлеле од ГУП цела тешка металургија.

Шала на страна, делот кај Борис Трајковски карши воена болница е најкомпатибилен за оваа намена, па можда и сама воена болница да се вклучи како дел од комплексот. Има одличен баланс на рурал/урбан пристап да служи и на градот и на државата.

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 06-Nov-2021 at 12:45
Друга локација, можеше да биде и Расадник. Голем простор, во Кисела Вода, многу блиску до Аеродром, лесно пристапен од западниот и северниот дел на градот (преку бул. Борис Трајковски, и бул. Србија).
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 74
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 06-Nov-2021 at 17:07
Идеална локација би била некаде окулу хиподром. Веднаш до автопатот, обиколницата, близу до аеродромот и лесно достапна за цела централна и источна мк како и западна преку обиколницата. Истотака релативно бргу се стигнува од самиот центар на Скопје.

Ама сето ова е научна фантастика кога се нема пари за нов клинички центар кој веројатно никогаш нема да се изгради.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 06-Nov-2021 at 18:36
Originally posted by Graditelot

Идеална локација би била некаде окулу хиподром. Веднаш до автопатот, обиколницата, близу до аеродромот и лесно достапна за цела централна и источна мк како и западна преку обиколницата.


- Нема никаква потреба да биде близу до аеродромот.

- Поврзаноста со градската сообраќајна мрежа е очајна.

- Поврзување со автопатска мрежа е проблематично поради близината на клучката Хиподром

- Потенцијалот за јавен превоз не е воопшто сјаен.



Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 06-Nov-2021 at 19:10
@Cloverstack убаво кажува, имаше само театар од ВМРО со лопата за тоа дека само што не почнал клинички да се гради. Многу добро се сеќавам дека 3 години ништо не се направи, а баш во тој период секој ден бев на Стоматологија, па морав да кружам од тие тарабите кои битно беа наместени, мислиш само што не почнале да градат.

Јас не верувам дека ќе направат нов Клинички, било каде.

Според мене, проектот од времето на ВМРО е добра основа на постојната локација и со идеите што ги кажува Cloverstack може да се направи одличен проект за наши услови и можности.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 13-Jan-2022 at 16:38
Слободен паркинг на Клинички останува невозможна мисија



Автомобили кои едвај се движат, нервозни возачи поради изгубеното време, но и загрижени пациени кои наместо брзо да стигнат на преглед, не можат да се пробијат низ сообраќајниот хаос - сликата на Клинички денес, речиси идентична како и вчера. Гужвата во претпадневите часови почна уште на самиот влез, а продолжи во тесните улици низ комплексот каде речиси е невозможно да се вози, поради непрописно паркирани автомобили.

Ниту денес не забележавме вработен од Градски паркинг кој би ги пренасочувал автомобилите за да се растерети сообраќајниот хаос.

Новиот в.д директор на Градски паркинг Бојан Христовски кој денеска ја презеде функција од претходникот Филип Пасху вели дека е свесен за долгогодишниот проблем со кој се соочуваат граѓаните.

Претходнот в.д директор со претпријатието раководеше само 10-тина дена, од него вчера не добивме одговор зошто не се регулира пропуштањето возила согласно капацитетот на паркингот, зошто нема лица кои ќе регулираат доколку има застој и зошто нема повеќе наплатни пунктови со оглед на тоа што не сите знаат како да ги користат паркоматите.

Новиот вети дека ќе добиеме одговори.

https://sitel.com.mk/sloboden-parking-na-klinichki-ostanuva-nevozmozhna-misija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 31-Mar-2022 at 10:04
Проектот „Нов клинички центар“ веќе никој не го споменува



Првичната замисла за изградба на нов клинички центар на површина од 90 хектари на излезот од општина Ѓорче Петров најверојатно ќе се разгледува од почеток. Заменик министерот за здравство Владимир Рендевски викендов на конференција за ковид во Белград го посети и новиот клинички центар. Рендевски вели дека може во иднина клиничкиот центар од Белград да биде нацрт план за изгрдба на новиот клинички во Скопје.

Првичните проценки за изградба на новиот клинички центар во Скопје се движеа помеѓу 400 и 500 милиони евра, новиот клинички центар во Белград со целата опрема и градба чинела 240 милиони евра. Новиот клинички во Белград има 12 ката со 34 операциони сали современа и бројна нова опрема и во салите и современ ургентен центар.

Уште во 2019 година беше донесена одлука новиот клинички центар да се почне со изгрдба на нов клинички центар кај Веле Поле во општина Ѓорче Петров. Извори за канал 5 велат дека во како опција е старата локација на клиничкиот центар Мајка Тереза со што би се урнале интерните клиники и со нови згради би се поврзале клиниките во Мајка Тереза.

https://kanal5.com.mk/proektot-nov-klinichki-centar-vekje-nikoj-ne-go-spomenuva/a523174
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 27-Apr-2022 at 11:34
ЌЕ СЕ РЕНОВИРА УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР
Ако има наплив пациентите ќе се праќаат во други болници

Ако има наплив на пациенти договорено е тие од внатрешноста да се носат во ГОБ „8 Септември“, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница.

Ургентниот центар во Скопје ќе работи со помал капацитет поради реновирање, од идната недела до јули, објави ТВ Сител.

Директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Александар Трајановски уверува дека и за време на реновирањето ќе се примаат итните случаи.

Влезот за амбуланските возила ќе биде од страната на Стоматологија, а прегледите ќе се вршат во трите амбуланти на Трауматологија.

– Апсолутно ќе функционира Ургентниот центар како што функционирал досега, во помал обем, но сепак ќе бидат згрижени сите пациенти. Планираме реновирањето да трае еден до два месеца и преземени се сите активности за да нема несакани проблеми – изјави Трајановски.

Ако има наплив на пациенти договорено е тие од внатрешноста да се носат во ГОБ „8 Септември“, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница.

https://plusinfo.mk/e-se-renovira-urgentniot-centar-ako-ima-napliv-pacientite-e-se-pra-aat-vo-drugi-bolnici/
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 912
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 27-Apr-2022 at 12:33
Не ми се верува дека озбилни дискусии прававме за дали стариот проект бил добар, дали требало нов клинички итн. Еве ја реалноста, кречење на Ургентен и по 20-ти пат обиди за решавање на паркирањето.
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 46
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 27-Apr-2022 at 15:09
Inaku markicite so namena zdravstvo na parcelite vo Zlokukjani traea od 2012ta do 2022ra godina.
Se zbori vo Opstina Karpos deka ke ima promena na GUP-DUP i ke se napravi prenamena na istite parceli vo stanben i deloven prostor.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 01-May-2022 at 14:56
Вие сериозно мислевте дека ќе изкешираат 500 милки за нов клинички во време кога зимаат 2 милијарди само за да сервисираат давачки за плати и пензии
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 01-May-2022 at 16:48
И денот кога ќе решат да го градат пак ќе треба да изберат некоја посоодветна локација бидејќи постојнава е тотално вон град и ќе повлече уште стотици милиони евра за да се направи соодветна инфраструктура.
Попаметно би било со некој помал кредит етапно да се средува постојниот клинички бидејќи нов нема да видиме во блиска иднина.
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 01-May-2022 at 21:02
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 15-May-2022 at 10:48
За новиот Клинички нема да биде потребен закон во Собранието - Партиите водат дијалог



Министерот за здравство ќе го повлече од Собрание Законот за изградба на нов Клинички центар, дознава Сител.

Беким Сали не планира градењето на големиот комплекс да оди со законско решение. Инаку, овој предлог во законодавниот дом повеќе од 16 месеци е блокиран од опозициските пратеници кои доставија 2000 амандмани и не сакаат да кренат рака за 35 страници кои ќе ја чинат државата половина милијарда евра.

Според нашите информации веќе е формирана и работна група од 8 членови – по двајца претстасвници од 4 политички партии меѓу кои и опозицијата. Тие треба да најдат заедничко прифатливо решение за локацијата и изгледот на новиот комплекс во кој најверојатно ќе има и дополнителни содржини од тие што ги презентираше поранешниот министер за здравство.

Покрај политичката ќе има и експертска група која во соработка со Катастар треба да ги усогласат сите работи за што поскоро да почне изградбата.

Како што веќе објави Сител, Веле Поле што беше избор на Венко Филипче е на трето место како локација каде треба да никне новиот комплекс. Фаворити се касарната Илинден и ГОБ 8-ми септември.

Во 2009-та тогашниот прв човек на здравствениот систем Бујар Османи прв официјално соопшти дека Владата планира изградба на нов клинички центар. Оттогаш до сега поминаа 13 години се сменија неколку министри но ниту еден не удри темели.

За разлика од кај нас и Белград и Ниш отворија нови центри кои чинат двојно помалку од парите предвидени за кај нас.

https://sitel.com.mk/za-noviot-klinichki-nema-da-bide-potreben-zakon-vo-sobranieto-partiite-vodat-dijalog
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.