build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Клинички центар Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 24-Mar-2010 at 05:02
Аплаудирав врз база на поддршка на проектот во целина, на врз база на тоа колку соодветно нашле замена. Жал ми  што ете сепак ќе мора во вакви импровизирани стандарди да се одвиваат интервенциите и терапиите на неколку месеци но да имаше подобро решение сигурно дека ќе беше земено во предвид. На воена болница неколку ката седат празни со години, незнам зашто е тоа така.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3791
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 27-Oct-2010 at 17:53
ne znam dali e potrebno?ako ne togas ostranete go(@admins)

Место за молитва за муслиманите на Клинички

published - 27/10/2010 18:33:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Министерот за здравство Бујар Османи денеска во кругот на Клиничкиот центар во Скопје ја отвори просторијата за извршување на религиозни и духовни потреби на пациентите од муслиманска вероисповед и нивните семејства кои доаѓаат да ги посетат.

- Целиот простор е адаптиран од локални донатори, а Министерството за здравство ги ослободи овие простори на старите амбуланти на Интерни клиники бидејќи во меѓувреме се изградија нови амбуланти, изјави Османи.

Тоа, како што посочи, е обврска од Законот за заштита на правата на пациентите, меѓународен стандард во почитување на нивните основни права со цел да им се овозможат минимални услови за да го најдат духовниот мир и да ги извршат религиозните обврски во текот на нивниот престој во болница.

Османи истакна дека позитивното искуство кое произлегло од православниот објект се рефлектирало и во оваа идеја и нагласи дека имало долгогодишни барања од здруженијата на пациенти за да се обезбеди ваков простор.

- Според Законот за заштита на правата на пациентите за сите религиозни групи треба да се обезбедат минимални услови за вршење верски обврски, додаде Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа нема да биде класичен верски објект во кој ќе има колективни верски обреди, туку оти станува збор за просторија во која ќе се овозможува индивидуално вршење на религиозни обврски. 



МИА

http://alsat.mk/vesti/zemja/1475938.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 24-Nov-2010 at 17:04
Новата Гинекологија најдоцна за три месеци
 
Новата зграда на Клиниката за гинекологија ќе почне да работи најрано за месец и пол, а најдоцна за три месеци. Ова се најоптимистичкиот и најпесимистичкиот рок за клиниката да се пресели од сегашната стара зграда, изградена во 1928 година  
 
%20  
- Во тек е распределбата на новата опрема, која потоа треба да се инсталира. Кога тоа ќе се заврши може да се преселиме за околу една недела. Ние веќе имаме план за преселба - велат од Гинекологија.

Оттаму објаснуваат дека на пат се и првите 30 нови кревети, кои ги добиваат како донација за пациентите, а очекуваат и мебел.

Зградата во која сега е сместена Клиниката за гинекологија е сеизмички неисправна. Ветувањата за селење во новиот објект траат веќе десет години, колку што се одвива и неговата градба. Владата на премиерот Никола Груевски, во 2008 година оддели три милиони евра за довршување на оваа зграда, која требаше да почне да се користи до април 2009 година. Една година и седум месеци по тој рок, таа уште не работи.
 
   
Автор: Н.Б.З.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112410953331&id=9&setIzdanie=22141

Edited by Cloverstack - 24-Nov-2010 at 17:05
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 20-Dec-2010 at 19:11
Да приумреш додека стасаш до лекар

     
Половина час на Водњанска, половина во потрага за паркинг, уште неколку саати за во чекална и ќе влезете кај лекарот на Клинички. А таму најважно е да имате среќа да не ве праќаат на многу испитувања. Оти секој нареден ден ќе го доживувате истиот пекол на скопските клиники


     
     
На пат до скопските клиники прво мора да се соочите со булеварот Водњанска. Уште оттаму почнува лудилото за се стаса на лекар. Не знаеш со кого попрво да се расправаш рано наутро. Дали со возачите на автобусите кои зафатиле половина булевар или со таксистите кои се тркаат за патници, па закрчуваат пред влезот за да соберат повеќе. Од училиштето „Кочо Рацин“ до рампата на влезот на клиниките подгответе си половина час за да се влечкате метар по метар со возилото.

А кога конечно ќе ја поминете рампата, како да сте влегле во шпиц време на Бит-пазар. Шетаат медицински сестри со ѓевреци, болничари пеш на ладното развезуваат легнати болни, а роднини на пациенти туркаат празни колички токму пред вашиот автомобил, па уште повеќе го закрчуваат патот. Сето тоа по тесните, издупчени улици, пренатрупани со возила од лева и од десна страна, кои талкаат по место за паркинг на пренатрупаниот простор. Се поткачуваат на тротоари, се буткаат пред влезови сакајќи што поблизу да се паркираат до клиниката на која пошле, оти и онака ќе платат ненормална сума за место што го нема. Низ подотворените прозорци нервозно пушат и пцујат разгневени и мажи и жени.
- Сто години ништо не направиле. Ја испокршивме колата. Ќе го средат ли еднаш овој хаос, ова на сé личи, ама не на Клинички - се слушаат коментари.

Нема ред, има македонски ред

Македонија во мало. Токму тоа е клинички наутро. Таму нé има од сите страни. Така нервозни, некои ќе застанат среде најголемиот метеж за од багажникот на комбенце, жена што легнала таму, да ја сместат во болничката количка што ја туркаат пред автомобилите. Болната ја сместуваат роднините, со нив нема болничар.

- Не можевме да најдеме друг превоз, а на жената и е лошо како што гледате. И сега сам ќе ја туркам до лекар. Едвај количка најдов, не па болничар да дојде со мене - нервозно ни одговори роднината кога го прашавме зошто така ја пренесуваат болната.

И кога уште по половина час лутање ќе најдете место за паркирање, ве чекаат нови „изненадувања“. Ако врне, до клиниката на која сте тргнале сигурно ќе стасате до уши зацапани во кал. Што поради тоа што сами се прскате на калливите неисчистени улички, а што поради тоа што некој фраер-возач ќе ве доразубави невнимателно возејќи по дупките. По пат, пак, уличните продавачи сигурно ќе ви понудат да купите по некој ѓеврек, пижами, личен прибор за хигиена... Едноставно, сé што ви треба за в болница може да се најде по улица пред неа.

А кога конечно ќе стасате во установата, ве чека нов шок. Ќе ви се случи и во најорганизираните установи, како на Трансфузиологија. Таму има и водичи за пациентите и љубезен персонал. Но никој не може да ви помогне ако задоцните, зашто нема ниту да добиете бројче за да може да влезете кај лекарот. Никој не е крив што има толку многу пациенти. А ако го добиете бројчето, имате одлични можности да припаднете во толпата луѓе што чекаат. Сите се стискаат во редица, иако секој има бројче кога треба да влезе. Што е сигурно сигурно е, не смее да се дозволи некој да ве „зезне“, па да влезе пред вас. А плус и за што може повеќе да се избегнат олеснувањата за оние што не може да чекаат. Така, иако јасно е напишано дека бремените жени не треба да чекаат ред, тоа кај нас не важи.

- Каде ти преку ред? - прашува бабичка бремена жена, додека ја тегне за фустанот.

- Не морам да чекам - одговара таа, погледнувајќи накај стомакот.

- Овде сите мора да чекаат, ти си бремена јас сум стара. Враќај се - заповеда бабичката.

Сестрите поголеми шерифи од лекарите

Ако имате предвид дека амбулантите на Трансфузиологија се едни од најорганизираните, е тогаш може и да ви се слоши ако не дај боже имате потреба од други. Во неколку од нив медицинските сестри на пултовите се вистински шерифи.

- Не можам јас сто пати дневно да повторувам како треба да се предаваат брисевите и кој каде треба да чека - вика сестра на Микробиологија.

- Зошто не напишете, огласите? - прашавме.

- Напишавме, па не искараа дека не треба и го тргнавме - додава.

Пред амбулантите на Нефрологија слична слика. Навистина скептични пациенти, кои на секоја половина минута ги проверуваат бројчињата на оние пред нив, за во случај да се мушнал некој преку ред, но и лути сестри на шалтер кои неволно објаснуваат што да направи или каде да појде болниот.
- Може ли само да ми го заверите документот, преполна ми е бешиката, ме чекаат на ехо, не можам да издржам. Пишува дека треба итно да се јавам - прашува пациентка.

- Не ме интересира - јасно и гласно одговара сестрата.

Најчудно е што и на клиниките на кои претходно задолжително се закажува, сите мора да се појават уште рано наутро. Иако кај лекарот може да влезат и во 14 часот, ќе си чекаат уште од седум и пол утрото. Никој не ни одговори зошто не се закажуваат прецизни термини кај лекарите, кога тоа е едноставно.
А кога конечно ќе влезете кај лекарот, ви останува да молите бога да не треба да одите на многу испитувања. Оти секој нареден и нареден ден ве очекува истото. Губење и по половина ден за преглед, многу изгубени нерви и многу расправии.

На здравствените власти им е позната состојбата со Клинички. Оттаму и ја поддржаа идејата за отворање на нов клинички центар, по што Владата најави дека тој ќе се гради во населбата Бардовци за десетина години. Додека се направи тој, велат, ќе ги подобрат условите на клиниките. Но не кажуваат што конкретно работат за да им олеснат на пациентите.

- Владата донесе соодветна одлука и ги задолжи надлежните државни органи и институции, меѓу кои е и Министерството за транспорт и врски, да преземат низа активности со кои треба да се извршат сите подготовки за реализација на овој исклучително сложен проект кој првично треба да биде готов до 2018-та година. Додека не се изгради новиот кампус, се прават сите неопходни активности и зафати кои треба да им овозможат на граѓаните, пациентите и на медицинскиот персонал соодветна здравствена заштита во рамките на постојните објекти на Универзитетските клиники во Скопје - кратко одговараат од Министерството за здравство.http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=122010859291&id=9&prilog=0&setIzdanie=22162
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 31-May-2011 at 16:48
Отворена новата гинеколошка акушерска зграда во Скопје



Денеска свечено беше отворено новата зграда за гинекологија и акушерство на државната клиника во Скопје.

Министерот за здравство, Бујар Османи изјави дека зградата претставува најсовремена установа со врвна технологија направена според светските здравствени стандари.

„Тежината на оваа клиника е што не дозволивме да ја донесеме старата апаратура, туку ја набавивме најврвната и најсовремената медицинска апаратура која е дел од овој современ објект“ рече Османи.



Директорот на новата клиника за гинекологија и акушерство, Сашо Јовчевски изјави дека установата чини 560 милиони денари, без современите апарати. Објектот се протега на 2 илјади метри квадратни на пет катови. Има 197 кревети и пет операциони сали.

Во текот на 30 дена ќе бидат преселени сите пациентите во новата зграда за гинекологија и акушерство.

„Стариот објект ќе се користи за преместување на пациентите од интерните клиники додека трае реновирањето, а потоа ќе правиме нови планови. Од денес почнува преселувањето и ќе биде на десет дена по еден кат. Треба да внимаваме на пациенти, бидејќи има и деца во инкубатори“ вели Османи.

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски свечено го отвори новиот објект со сечење на црвена лента.

Гинеколошка акушерска клиника е основана 1947 година.

http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=42442

Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 31-May-2011 at 22:06
Пресечена лента за новата гинекологија во Клиничкиот центар во Скопје

После точно 10 години изградба и неколку неостварени најави за нејзино ставање во функција, денес беше официјално отворена новата зграда на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар во Скопје. Сепак засега ќе функционира само амбулантниот дел, а доуредувањето и преселбата ќе продолжат во наредните 30-тина дена.

Зградата има пет нивоа со вкупна површина од околу 12 илјади метри квадратни и во неа ќе бидат сместени 197 болнички легла и ќе функционираат пет операциони сали. Инвестицијата во објектот (без медицинската опрема) изнесуваше 560 милиони денари, односно нешто над девет милиони евра. Изведувач на градежните работи беше фирмата „Делта пром“.

Старата зграда на гинеколошката клиника, која датира од 1928 година, после преселбата привремено ќе се користи за сместување на пациенти од интерните клиники, додека таму се одвива најавената реконструкција и реновирање со помош од Банката за развој при советот на Европа. За конечната судбина на дотраениот објект ќе се одлучува дополнително.



1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17


18


19


20


21




http://www.build.mk/?p=7914
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 31-May-2011 at 22:12
Постојат две чуда на планетава, се појавил Исус на едната страна од Земјината топка и се отвори гинекологија во Клинички во Македонија, јавува Си-Ен-Ен во вестите од 22 часот
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 31-May-2011 at 22:55
Најсекси е слика бр. 10.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 01-Jun-2011 at 00:07
Еве две фотки од гинеколошката клиника во изградба, кои ги имам направено во февруари 2007. Не е на одмет да ги архивираме и нив:


1


2



Edited by Cloverstack - 01-Jun-2011 at 00:08
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3791
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 01-Jun-2011 at 11:52
Znaci mozno e?
Mnogu sum pozitiven iznenaden kako e izgradeno. Uste od prviot pogled znaes kade se naogjas!! Vnatre e TOP, nesto cudno sto vo edna golema soba ima 7 legnici za 7 pacienti namesto da go delat sobata so dzidovi ama sepak lici konecno na BOLNICA!
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 01-Jun-2011 at 13:54
Tie sto nemaat deca ,ajde ostaj te go  forumov i na rabotaHug!!!
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 01-Jun-2011 at 14:06
Originally posted by 4skopje

Tie sto nemaat deca ,ajde ostaj te go  forumov i na rabotaHug!!!



Најдобар заклучок !
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 02-Jun-2011 at 08:09
 
Edno golemo bravo od mene, super izgleda. Dali znae nekoj kade tocno se naogja ovaa zgrada? Da ne e kaj Medicinski Fakultet?
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 02-Jun-2011 at 10:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 26-Aug-2011 at 20:46

КОШМАР СО ПАРКИРАЊЕТО ВО БОЛНИЧКИОТ КРУГ

Брзата помош заглавува во Клинички

Иако приватна фирма веќе пет години наплаќа за паркирање на обележани места, внатре, во кругот, владее башибозук, секој се паркира каде што ќе најде место: на тротоари, во тревниците, сред улица, па и пред влезот на Ургентниот центар

С` помачно и понеподносливо, од ден на ден, е движењето со возила во Клиничкиот центар. И надвор, пред рампата. Надлежните со години не се заинтересирани да го решат проблемот со паркирање во болничкиот круг, па крајниот резултат е башибозук, секој се паркира каде што ќе најде место: на тротоари, во тревниците, сред улица, па и пред влезот на Итната помош. Понекогаш во прашање се минути дали пациентот во возилото на Итната помош ќе преживее, но посетителите се бескрупулозни - нив ги интересира да си најдат место за паркирање, макар било и на патеката која треба да е слободна за влез на возилото во Ургентниот центар. Посебен влез неопходен за овие специјални возила нема, а не помага ни вклученото ротационо светло.
Од техничката служба при Клиничкиот центар немаат одговор кога на здравствените корисници на услугите, а и на вработените, ќе им овозможат нормално движење, достоинствена посета на клиниките и помали нервози.

Автомобили ќе ги изгазат пешаците

Пред пет години паркирањето беше дадено под концесија на приватна фирма „Венекс“. Концесијата за шест паркиралишта им важи до 2014 година. Оваа фирма беше избрана на тендер со цел да наплаќаат за паркирање, а со тоа да го регулира дотогашниот метеж. Но, и покрај објаснувањето од тогашниот директор Андреја Арсовски, дека с` ќе биде поинаку со поставените рампи, сликата никогаш и не се смени. Проблемот остана, со таа разлика што претходно не се наплатуваше за паркинг, а веќе со години се наплатува и некој остварува профит.
- Отидов на клиника, уредно си зедов електронска сметка. Притоа морав да чекам редица од десет возила за да влезам. Потоа морав да кружам 40 минути низ тесните улички за да најдам паркинг-место, кое нормално го немаше. С` е блокирано. Никој не регулира колку возила треба да влезат и како да се паркираат - вели скопјанецот Станислав Трпчевски.
Хаосот го надополнуваат дивите продавачи кои продаваат гаќи и маици на картонски кутии, и со тоа зафаќаат дел од тротоарите. На пешаците и пациентите им останува да се движат на улица, меѓу автомобили. Често може да се слушнат погрдни зборови од изнемоштените пациенти кон некој возач.
Дополнителен проблем е што не се почитува режимот за еднонасочно движење по некои од улиците. И покрај поставените знаци, секојдневно може да се види како секој си вози самоволно. Никој не контролира и казнува.

Катните гаражи заборавени

Граѓаните, кои имаат мака и мораат да го посетуваат Клиничкиот центар, реагираат до надлежните да го решат хаосот. Да преземат мерки, да изнајдат начин, затоа што сметаат дека не е во ред некој со години да остварува ќар од штетата на пациентите.
-Срамота е да плаќаме толку скапо за паркирање во држава во која секој трет е социјален случај. И не само што нема паркинг-место, туку и колите ги искршивме по улиците кои се преполни со дупки и раскопани од прекопи за инсталации - искоментира револтиран возач.
И покрај многубројните обиди за добивање одговори зошто овој проблем се одолжува со години, изостана објаснувањето од директорката Шкодране Дарлишта. И покрај тоа што ~ беа упатени и писмени прашања, нејзината секретарка постојано повторуваше дека Дарлишта нема време да ~ објасни на јавноста за ваквите состојби, бидејќи постојано е на состанок.
Меѓу другото изостана и одговорот зошто досега не е изградена ниту една катна гаража, иако во урбанистичкиот план за овој локалитет зацртани се дури две, со цел растоварување на метежот од возила во рамките на Ургентниот центар.
Цените, иако се работи јавно здравство, не се мали - 30 денари во првите два часа, 20 денари до осум часа, а по овој период за паркирање се плаќа 15 денари. Во Клиничкиот центар дневно гравитираат околу 10 илјади луѓе, од кои една третина се вработени. Но, лекарите, сестрите и техничкиот персонал имаат попуст - користат месечни билети и влегуваат колку што сакаат за само 350 денари.

Фросина ЗДРАВЕСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DEC1720CEC919F4FA11D23D6E8661B0B

Edited by Cloverstack - 26-Aug-2011 at 20:46
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 26-Aug-2011 at 21:01
Баш планирав пред некој ден да изготвам еден текст за овој проблем,бидејќи цела недела го имав овој проблем со паркингот ,се то тоа во текстот е вистина.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 31-Dec-2011 at 00:10

На новата Гинекологија почнаа да се раѓаат бебиња

петок, 30 декември 2011, 16:13

Конечно, по 7 месеци од официјалното отворање на новата Гинекологија, стартуваа породувањата. За првите 8 новороденчиња, како што е обичајот, денеска се делеа и мекици. Министерот за здравство Тодоров, иако не беше на оваа функција ниту во текот на изградбата, ниту кога се сечеше црвената лента, себе се препозна како најзаслужен. Тврди дека чекале досега за да се испочитуваат сите медицински правила и прописи за нејзино отворање. 

„Можеме да се гордееме со ова што го има тука. На ова му претходеше сериозна работа со детален акционен план со конкретни рокови и носители на задачите, кој го направивме заедно со директорот веднаш по моето доаѓање на оваа функција“, рече меѓу другото министерот за здравство, Никола Тодоров. 

Новиот објект е опремен од големиот тендер за медицинска опрема. Но, префрлени се и дел од апаратите од старата клиника. Располага со 32 болнички соби, 5 операциони сали и 6 породилни бокса. 

„Новата клиника располага со речиси 200 кревети и е комплетно опремена. Во старата клиника не остана ништо, новата опрема е пренесена тука’, додаде директорот на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Саша Јовчевски. 

Тодоров не откри што ќе се случи со стариот објект на клиниката за Гинекологија. Не потврди дали ќе ја реализира идејата на неговиот претходник Бујар Османи, таму да се преселат Интерните клиники. 

Елена Ставровска
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=44350
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Feb-2012 at 15:11

Ќе се гради нов Клинички центар

Премиерот Никола Груевски објави изградба на нов Клинички центар на промовирањето на нова медицинска опрема на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија

gruevski-ce-500

Премиерот Груевски најави нов објект со површина од 50000 метри квадратни во кој ќе бидат сместени најголем дел од постоечките клиники, освен детската, инфективната и стоматолошката.

- Објектот ќе биде со површина од околу 50 000 метри квадратни. Ќе ги собере сите клиники во една зграда, освен три кои по природата на својата функција е пожелно да бидат на страна. Тоа се инфективната клиника, детската клиника и стоматологија, истакна Груевски.

Хируршките клиники и новата Гинекологија ќе бидат поврзани со топла врска со новиот објект.

Во април ќе се распише оглас за идејно решение, а градбата се очекува да започне за една година.

Административно, Клиниките ќе останат поединечни правни субјекти.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/61257-Ke-se-gradi-nov-Klinicki-centar

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Feb-2012 at 16:10
Го читам владиното соопштение и се збунив од најавата. Ако добро разбрав, најпрвин ќе изградиме нова зграда на постоечката локација затоа што е поевтина варијанта од реконструкција на сите клиники, а на подолг рок ќе се одолговлечи изградбата на клиничкиот центар во Бардовци, додека не се урбанизира планираниот простор.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 17-Feb-2012 at 16:34
Можеби ова е и подобро решение, ако погледнеме што се случи во Загреб.. Цел овој комплекс стои недовршен со децении..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.