build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 04-Dec-2014 at 13:49
Клинички центар ќе произведува струја и греење за сопствените потреби
Објавено: 13:43, 04/12/2014 Прегледано: 21 пати.
majka-tereza-klinichki
0 0

Владата на последната седница донесе одлука за почнување постапка за изградба на когенеративна електрична централа за производство на струја и топлинска енергија, со цел снабдување на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со електрична и топлинска енергија. Станува збор проект кој ќе се реализира во претстојниот период и кој се надоврзува на спроведената гасификација на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со изградбата на постројката имаат направено проценка дека ќе се заштедат дополнителни 10 милиони денари годишно, кои, како и сите останати кои се остваруваат како резултат на заштеди, ќе бидат инвестирани во инфраструктура, нова опрема, односно за севкупно подобрување на функционирањето на здравствениот систем.

Со изградбата на когенеративната постројка, посочи министерот, комплексот клиники „Мајка Тереза“, ќе добие сопствен, независен извор на електрична и топлинска енергија, односно сами ќе си ја произведуваме електричната и топлинската енергија неопходна за функционирање на клиничкиот комплекс.

- Одлуката за почнување на постапката е донесена, се очекува да заврши во период од пет до шест месеци по што ќе почне изградбата на постојката која ќе биде сместена кај котларата. Когенеративната електрична централа ќе почне со работа во период од една година од сега. Неколку болници кои ги посетив во САД имаа токму ваков начин на користење електрична и топлинска енергија затоа што тој овозможува прво заштеда, е сопствен извор и е еколошки, рече Тодоров.

Појасни дека изградбата на когенераторската постројка ќе биде со воспоставување јавно-приватно партнерство, при што критериумот за доделување на договорот за ЈПП на приватен партнер ќе биде најниско понудена цена за топлинска енергија и електрична енергија испорачана од котлара/когенерација изразени во проценти од постојната цена.

Почетните цени што ќе бидат предмет на негативно наддавање, нагласи министерот, треба да бидат: за топлинска енергија испорачана од котлара/когенерација минимум 5 отсто пониска од сегашната цена од 4,01 денари за киловат час (утврдена врз основа на сегашните трошоци за производство на топлинска енергија), а за електричната енергија произведена и испорачана од когенеративната постројка за 5 отсто пониска од постојната цена од 6,33 ден. за киловат час која се плаќа на ЕВН, т.е. од цената која важи во моментот на производство (освен ако не дојде до промена на цената од страна на Регулаторната комисија).

- Ова значи дека доколку дојде намалување на цената во тој случај ќе плаќаме цена за електрична енергија за најмалку пет отсто пониска од новата намалена цена. Во наредниот период од 15 години во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ ќе плаќаме за електрична или топлинска енергија најмалку пет отсто пониска цена од цената која ќе биде на пазарот. После истекот на периодот од 15 години когенеративната постројка треба да биде и претходно целосно ремонтирана и да биде предадена во сопственост на државата. На овој начин ќе се обезбедат околу 98 отсто од годишните потреби за електрична енергија, а многу мал дел (околу 2 отсто) ќе се набавува на пазарот на електрична енергија, истакна Тодоров.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека изградбата ќе чини 1,9 милиони евра, а оперирањето годишно на постројката ќе чини околу 2,5 милиони евра, посочи Тодоров.

Тој потенцира дека од ноември 2013 година клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ се затоплува на гас, а досега за целиот период (декември 2013 – ноември 2014) се евидентирани вкупни заштеди над 40,4 милиони денари. За споредба, укажа, во периодот од декември 2012 година до ноември 2013 година за затоплување со мазут се потрошени 125 милиони денари, а за периодот од декември 2013 година до ноември годинава за затоплување на гас се потрошени над 85 милиони денари.

- За месец јануари 2013 година за затоплување со мазут се потрошени речиси 20 милиони денари (19.940.081 денари), а во јануари годинава по извршената гасификација се потрошени над 14 милиони денари, со што заштедата изнесува над 5,5 милиони денари. За месец март ситуацијата е слична, и заштедата изнесува околу 5,5 милиони денари. За ноември заштедата е најголема и изнесува над 6,7 милиони денари, додаде министерот Тодоров.
http://a1on.mk/wordpress/archives/419127
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 12-Dec-2014 at 16:48

Изградбата на новиот клинички центар задоцнета од ревизиите

Министерот Тодоров тврди дека проектот не е запрен, а стартот на градежните работи го најави за идната година

Јасмина Ј. Вељановска



Се' уште не е почната изградбата на новиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, кој треба да се издигне на местото на старата гинекологија. Иако стартот на проектот беше најавен за почетокот на 2014 година, на локацијата на која треба да се гради нема ни трага од градежна механизација. Единствено што може да се забележи на теренот е дека старата зграда на гинекологија е срамнета со земја и просторот е празен. Која е причината што се доцни со отпочнување на градежните активности на новиот клинички центар?

Министерот за здравство Никола Тодоров тврди дека, иако доцни, проектот не е запрен. Доколку се' тече според сегашната динамика, тој најави дека изградбата на клиничкиот комплекс треба да стартува најдоцна во првиот квартал идната година.

„Во тек е втората ревизија на главниот проект изработен од италијанската фирма ’АРЕН СРЛ‘, која го направи и идејното решение за комплексот. Првата ревизија ја направи една француска фирма, а втората ја работи една шпанска фирма. Се чека и ревизијата на проектот за реконструкција на хируршките клиники, која ќе се работи заедно со новиот клинички центар. На ревизија на проектот инсистира Банката на Советот на Европа, од каде што ќе се подигне кредитот за финансирање на новиот клинички центар, бидејќи бара проектот да биде во согласност со сите стандарди за еден ваков објект. Најдоцна идната недела треба да се добие и втората ревизија, по што и проектот ќе биде одобрен“, рече Тодоров вчера.

Капиталниот проект за новиот клинички центар тежи околу 70 милиони евра. Министерот негираше дека одобрувањето на кредитот зависи од ревизиите на главниот проект, а не сакаше да каже ни на колку години ќе се отплаќа. Но додаде дека новиот клинички центар, сепак, е најсложен проект во здравството кој бара и време и постапки.

„Колку за пример, ако проектот за клиничката болница во Штип само за машинството брои 3.800 страници, може да замислите колкав е проектот за овој објект“, потенцира Тодоров.

Во меѓувреме, Банката на Советот на Европа има распишано тендер за најповолен изведувач, со што и оваа постапка е во завршна фаза.

Новиот клинички комплекс треба да ги собере на едно место сите клиники и лаборатории, со што главната зграда преку мостови ќе биде поврзана со Хируршките клиники, од едната, и со новата Гинекологија, од друга страна, а одзади со Онкологија. Надвор од новата зграда ќе бидат само Инфективната клиника, Детската клиника, каде што ќе се префрли и детска хирургија, како и Стоматологија со Максилофацијална хирургија. Комплексот ќе биде составен од два објекта, од кои во едниот ќе бидат сместени клиниките, а во другиот лабораториите кои меѓу себе ќе бидат поврзани со „топли“ ходници. Зградата на Рендгенологија нема да се урне, туку во план е да биде искористена за административните служби. Новиот објект ќе биде по најнови стандарди, каде што на првите катови ќе биде Ургентниот центар со амбулантите и со дневните болници кои ќе бидат директно поврзани со оперативниот блок на Хирургија.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=9848BE39FB15CA42943FDCDA6E629C22
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11757
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 04-Jan-2015 at 23:24
Дали на повидок е нов скандал?

Архитектот што го проектира новиот Клинички, два пати апсен во Италија

Антонио Савоино од италијанската фирма Арен Срл која го доби тендерот за изработка на главниот проект на новиот клинички центар „Мајка Тереза“, бил вмешан во серија корупциски скандали во Италија пред една деценија, дознава Нoватв. Савоино кој сега е на возраст од 84 години, фигурира во бордот на директори на Арен Срл, проектанското биро што треба да го изработи проектот на грандиозниот објект во Македонија, додека на местото главен извршен директор, е неговиот син Дејвид.

Според италијанските медиуми Антонио Савоино два пати бил апсен за работи поврзани со проектирање на болниците во Асти и Савона во Италија .

Архитектот Савоино и е добро познат на италијанската јавност, кога како сопственик на тогашната фирма PROTECNE бил уапсен заедно со неколку политичари кои биле инволвирани во голем корупциски скандал. Заедно со него биле уапсени и претседателот на провинцијата Торино, Ецио Асторе и Алдо Гента десна рака на Вито Бонсињоре, секретар за буџет во тоа време.

http://plusinfo.mk/vest/10152/arhitektot-shto-go-proektira-noviot-klinicki-dva-pati-apsen-vo-italija

Еве и линк до статијата на НоваТВ...

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=19225

И уште една статија што пишува за истата тема:

Ниту трага од новиот Клинички центар

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19253

Edited by Џоле - 04-Jan-2015 at 23:29
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 05-Jan-2015 at 05:26
Previous
 
Прашањето е:
 
Дали допрва треба да се подготви и комплетира проектната документација, или истата веќе е направена ?
 
Судејќи според овие статии, очигледно допрва треба да се подготвува и комплетира проектната документација, што воопшто не е добра вест во вакви околности, доколку биде поништен тендерот и биде распишан нов тендер.
 
Доколку проектната документација е веќе направена, тогаш треба да следува избор на изведувач на градежните работи, но доколку тендерот биде поништен и нов тендер биде распишан, има да се изначекаме... додека да биде избран некој турски инвеститор - кои ги имаме во изобилие при реализација на јавните набавки во Македонија во изминативе 5 и повеќе години. Bash 


Edited by Dexter26 - 05-Jan-2015 at 05:26
Back to Top
BadBaby View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Mar-2009
Location: Skopje, MK
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BadBaby Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 05-Jan-2015 at 17:04
Еве еден линк до она за коешто мислам дека е тендер за избор на градежна фирма изведувач на работите:

http://www.publictenders.net/node/2428063

Можеби работите ќе станат појасни во поглед на роковите.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 06-Jan-2015 at 22:49
Моментална состојба на терен

1


2

Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 18-Aug-2015 at 12:27
Дали на друго место во Европа може во сред најголемиот Клинички центар да комплетно блокираш сервисна улица и заградиш градилиште за фиктивен објект и тоа да трае со години? И притоа да не ставиш ниту една цигла за сето тоа време? Секоја чест. Инаку состојбата на терен е многу слична како на сликата погоре, само без снег.
Back to Top
SugarBlue View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Aug-2015
Location: Eindhoven
Online Status: Offline
Posts: 43
  Quote SugarBlue Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 18-Aug-2015 at 15:40
Не се секирај, ќе стаат пет-шест цигли сеа пред избори, па ако Господ даде уште едни предвремени во 2017 и уште едни во 2018 ќе се направи.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 23-Aug-2015 at 17:02
Двор на најголемата болница во државава
20150822_115041 by staro.skopje, on Flickr

2
20150822_114723_Richtone(HDR) by staro.skopje, on Flickr

Оградава е не постара од 5 години
20150822_115031 by staro.skopje, on Flickr

Новоотворената Гинекологија
20150821_201823_Richtone(HDR) by staro.skopje, on Flickr

2
20150821_201122 by staro.skopje, on Flickr

Со спомени од старата
20150821_201126 by staro.skopje, on Flickr

Нема никакви промени тука
20150822_114828_Richtone(HDR) by staro.skopje, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 23-Aug-2015 at 17:04
Министерство за здравство
20150818_175605 by staro.skopje, on Flickr

2
20150818_175653 by staro.skopje, on Flickr

Баракава е во близина
20150818_175542 by staro.skopje, on Flickr

Личи на американска куќа од 19 век
20150818_180039 by staro.skopje, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Sharko View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote Sharko Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 07-Nov-2015 at 22:56
Нешто ново на темава?
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 13-Nov-2015 at 14:10
За избори ќе се сликаат пак на градилиштето. Како со Субрата у Охрид.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 04-Jan-2016 at 19:41


Слики од новиот клинички цантар сликани на 27.12.2015.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 04-Jan-2016 at 19:59
Да не сте грешка, избрано е архитектонско решение, ми се чини на Италијанска фирма, сеуште не е распишан тендер за изведувач на проектот. Каква врска има ливадава ако не е завршена ниту тендерската постапка?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3401
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 04-Jan-2016 at 20:44
А зошто да има тендерска постапка и да се гради, кога може да се чека со години з сето ова додека да се изградат цела низа од приватни клинички центри во Скопје. Два се изградени, барем уште два се градат.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 05-Jan-2016 at 08:57
Originally posted by BOJAN

А зошто да има тендерска постапка и да се гради, кога може да се чека со години з сето ова додека да се изградат цела низа од приватни клинички центри во Скопје. Два се изградени, барем уште два се градат.

Ниедна власт ниту не помисли да гради нов Клинички, сега кога ќе се прави, проблем е зошто оди споро изградбата, па се работи за комплексен проект, веројатно треба измени и во ДУП... во секој случај за неколку години ќе заврши изградбата, и ова ќе биде најзначајна инвестиција во здравството во Македонија.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 05-Jan-2016 at 10:29
Originally posted by BOJAN

А зошто да има тендерска постапка и да се гради, кога може да се чека со години з сето ова додека да се изградат цела низа од приватни клинички центри во Скопје. Два се изградени, барем уште два се градат.
Имаше административни проблеми (ненавремено праќање на документација) со затворањето на финансиската конструкција, знаеш убаво и самиот. Си пишувало на сајтот за ова. Проблемот е надминат, за брзо се очекува да има тендер, кој патем го објавува финансиерот, а не Владата или МЗ.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 05-Jan-2016 at 16:36
А во меѓувреме ќе си стојат тарабите демек се гради така и ќе има најави едно три-четири пати годишно дека се гради објектот. А изјавите при ставањето на камен-темелникот тоа не е битно.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 05-Jan-2016 at 19:24
Originally posted by ehrlich

А во меѓувреме ќе си стојат тарабите демек се гради така и ќе има најави едно три-четири пати годишно дека се гради објектот. А изјавите при ставањето на камен-темелникот тоа не е битно.

Да ги срушиме ако тоа те прави среќен, мене ќе ме направи среќен кога за 3-4 години Министерот Тодоров ќе го пушти во работа новиот клинички.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 05-Jan-2016 at 21:35
Ти си луд само толку ќе ти кажам. Поради овие тараби и нечиј инает е блокиран директно пристапот на две клиники веќе 3.5 години(онкологија и гинекологија). Ако планирале да градат, требало да заградат и да започнат. Ова е изживување врз пациентите, посебно на онкологија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.