build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 21-Oct-2016 at 20:36
Izgleda treba pocesto da imame predvremeni izbori na primer na sekoi dve godini, za da zabrza izvrsuvanjeto na planiranite investicii...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 22-Oct-2016 at 21:08
Originally posted by Baze

Izgleda treba pocesto da imame predvremeni izbori na primer na sekoi dve godini, za da zabrza izvrsuvanjeto na planiranite investicii...
да, само проблемот е шо не се извршуваат... или во најдобра опција, ги гледаме за едно десет години
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Skopje 1982 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Skopje 1982 Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 13-Nov-2016 at 07:14
Клиничкиот е скоро готов. Во имагинарниот свет на Сител.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 01-Jul-2017 at 20:13
Дали е точна информацијата дека новиот "Министер" за Здравство го стопирал проектот за новиот Клинички? Рекол дека они ќе градат нов, на нова локација надвор од Скопје?

Edited by HugoGoulding - 01-Jul-2017 at 20:15
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2392
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 02-Jul-2017 at 00:41
http://novatv.mk/taravari-noviot-klinichki-tsentar-ke-se-gradi-nadvor-od-skopje/

Не знам колку е паметно да се оди на локација толку далеку, можеби Злокуќани или Момин Поток е подобро решение. Треба да се мисли и на оние кои немаат сопствено возило... со што ќе пристигнат доколку е некаде кај обиколница?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 02-Jul-2017 at 00:48

А можеби најдобро е локацијата да остане на истото место на која што беше планирана и за која беше проектирана и да не се прават многу паметни и да превенираат и стопираат се' бидејќи како тргнале овие ќе не вратата во 2000та и пред. После овие идиоти не верувам дека било која земја и инвеститор и градежна фирма од надвор ќе дојде во оваа држава.

Што сака да ја тупне во Тетово? Или негде у перифиерија поблиску до Косово за да биде Косовски Клинички Центар? Ќе да е второво. Идиоти! Срамота.

Edited by HugoGoulding - 02-Jul-2017 at 01:00
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 71
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 02-Jul-2017 at 02:23
Па добро, реално и не е лоша идејата да не се прави таму клиничкиот центар. Единствено нешто добро од новава власт.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3335
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 02-Jul-2017 at 09:30
Originally posted by HugoGoulding


А можеби најдобро е локацијата да остане на истото место на која што беше планирана и за која беше проектирана и да не се прават многу паметни и да превенираат и стопираат се' бидејќи како тргнале овие ќе не вратата во 2000та и пред. После овие идиоти не верувам дека било која земја и инвеститор и градежна фирма од надвор ќе дојде во оваа држава.

Што сака да ја тупне во Тетово? Или негде у перифиерија поблиску до Косово за да биде Косовски Клинички Центар? Ќе да е второво. Идиоти! Срамота.


Локацијата за изградба на Клинички центар надвор од градот е планирана уште пред неколку децении, а не од новиот министер. Прашање е зошто претходната влада се откажа од оваа идеја. Идејата беше да се гради во близина на индустриската зона Визбегово и оваа врска нема ништо со Косово. Локацијата е лесно пристапна преку обиколницата за возилата на итна медицинска помош, а во тогашниот план стои дека со градот ќе биде поврзана и со железничката пруга, односно со градската железница. Нормално, кога би се отворила ќе има автобуска врска со центарот.

Треба да разбереме дека постоечката локација на Клиничкиот центар е еден од „чировите“ во Скопје. Од сообраќаен аспект, од аспект на паркинг, од севкупен аспект на живеење на околните жители итн.

А зошто ВМРО толку жестоко реагира околу договорот за изградба, тоа допрва ќе видиме.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3769
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 02-Jul-2017 at 11:43
Па и до косово да беше што? Баш подобро за економијата. Голема болница треба, со ново инфраструктурно решение и место за дишење но и развој за да имаме место и за регионот ако воопшто сакаат. Така и повеќе пари ќе има, косово нема да донеси пациенти што ќе се лекуваат гратис!! Националисти и смотани луѓе има оваа држава.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 02-Jul-2017 at 12:48
И јас сум клинички да се стопира и да се прави на друго место. Тоа што Косово е блиску е гратис, секако треба опширна анализа пред да се реши.
Од неуреденоста на косовските институции моментално Скопје само добива и има огромен приход.
За членовите тука што скокаат на секоја изјава од новава влада да скокаа така кога се се даваа по 2-3 мил. за фасади, 18 мил. за тркала, за врби...можеби ќе стигневме некаде.
Сега истите тврдат дека министерот е албанец па сега намерно правел нешто, сетете се дека истите тие луѓе до сега брзо не плашеа со федерализација, кантонизација, со казни ако не знаеш албански, па со бегалски кампови па со смена на име...
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 02-Jul-2017 at 14:04
Koсовски Клинички центар во смисла да биде поблиску до Косово отколку до Скопје. Не беше националистичка мојот пост беше ироничен. Немаше врска со национализам. Ама кој да сфати.

Настрана што од министеров се залага Косово и Албанија да се лечат во Македонија по иста цена како и македонските граѓани, така да ништо не ми е чудно да слушнам од овие.

Edited by HugoGoulding - 02-Jul-2017 at 14:14
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 02-Jul-2017 at 17:19
Originally posted by HugoGoulding

Koсовски Клинички центар во смисла да биде поблиску до Косово отколку до Скопје. Не беше националистичка мојот пост беше ироничен. Немаше врска со национализам. Ама кој да сфати.

Настрана што од министеров се залага Косово и Албанија да се лечат во Македонија по иста цена како и македонските граѓани, така да ништо не ми е чудно да слушнам од овие.


Моментално здравствениот фонд на Македонија едвај врзува крај со крај да ги опслужи македонските граѓани, а не пак други.
Пак ќе речам муабетов е на ниво федерализација, кантонизација, 3000 терористи на граница и сл
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11505
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 03-Jul-2017 at 17:38
Уште поголема реалност е Клиничкиот епицентар (не е грешка играта со зборови). Деновиве бев принуден да ги користам услугите на овој „здравствен“ комплекс и таму е толку хаотично, нечисто, дворовите и уличките се преполни со коли, наоколу скитаат болни и здрави луѓе, фраери турираат мотори во болнички дворови, обезбедувањето постои само онака, про форма што се вика, самите паркиралишта се толку полни со дупки и ѓубре што би требало да го сменат називот (може: кратеришта)... и до утре можам да набројувам колку е очајна состојбата таму, а ние тука ќе се замараме со фиктивни закани и опасности, наместо да засукаме ракави и да поработиме на реалните закани и опасности (ми се чини дека секоја болница од овој комплекс е потенцијална еколошко-бактериолошка бомба).

Не, навистина нешто не е во ред со нас како народ.

Поздрав
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 03-Jul-2017 at 19:36

Локацијата за нов клинички центар со сите нишани е утврдена уште пред неколку децении, а потврдена е и со последниот Генерален урбанистички план од 2012 година. Се работи за просторот јужно од Бардовци, кој треба да биде поврзан со брзи и ефикасни сообраќајни врски:

- Продолжување на булеварот Илинден кон север
- Продолжување на булеварот Словенија кон запад
- Изградба на клучка кај Лепенец
- Изградба на железничка станица на постојната пруга од скопскиот железнички прстен, со што ќе се овозможи и железнички јавен превоз до новиот клинички центар, било да е тоа во форма на класична железница, градска железница, ЛРТ или трам.


HugoGoulding, вообичаено тотално неинформиран, а исто така вообичаено максимално тенденциозен, не знае дека токму груевски и тодоров ја спомнуваа оваа локација уште во 2010, но приоритет беа панорамски тркала, триумфални капии и милионски барокни стиропорни фасади, па се одлучија на далеку поефтино парцијално решение на локацијата кај старата гинекологија.

Како и да е, годините си поминуваа, а ни таму ништо не изградија, со години стојат само тараби. Ама сепак на HugoGoulding ова не му пречи. Не му пречи ни тоа што тодоров за време на својот долгогодишен мандат не ја почна ветуваната изградба, но во својство на технички министер, на неколку дена пред да биде исшутиран од кабинетот, потпиша договор во висина од 72 милиони евра за клиничкиот центар (патем, парите се од кредит). На HugoGoulding не му пречи што единствениот сообраќаен влез за пациенти на сегашната локација на клиничкиот центар е преку Водњанска и дека редовно има сообраќајни проблеми, вклучувајќи и итни случаи во болнички и во приватни возила кои заглавуваат и губат драгоцени минути. Наместо тоа, HugoGoulding е загрижен дали другата локација е 3-4 километри поблиску до Косово. HugoGoulding зема мапа и лењир, почнува да мери и почнува да бара предавници.












Edited by Cloverstack - 03-Jul-2017 at 19:48
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11505
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 03-Jul-2017 at 22:02
Лошото детиште Хуго
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3769
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 25-Aug-2017 at 23:58
Видов во една емисија како ја оценува Таравари здраството во мк а алал нека му е, ја раскажа цела катастрофална состојба како да раскаже еден нормалем граѓанин. Без манипулации итн.
Според таравари, се гледа можноста кај објектот што го почна грујо да се направи еден мал објект со неколку соби за итни случаи а истовремено да се проектира нов центар. Што ќе кажат експертите од странство, тоа ќе се случи. ...(Ако имаме среќа некој од швајцарија, тие строго се кога се работи за здраството. )
Беше на албански затоа и така нема да разберете.
Мислам дека човекот има врска, и јас од здраство сум па затоа му ги анализирам принципите.
Back to Top
Skopje 1982 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Skopje 1982 Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 23-Oct-2017 at 16:19
Доволно е човек половина саат да влезе со возило во сегашниот Клинички блок за да разбере зошто градење на нов Клинички центар таму е најлошата можна идеја.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2344
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 31-Jan-2018 at 19:42
5,5 милиони евра пенали, доколку не се изгради Клиничкиот центар на пoстоечката локација, затоа што некој паметен потпишал таков договор.

http://www.mrt.com.mk/node/46516
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 31-Jan-2018 at 20:14

Подетално:

Заев: Банката бара милионска оштета ако Клинички е на друго место

За новиот Клинички центар постојат две локации-тоа е сегашната и локацијата во Бардовци која е во близина на индустриската зона во Визбегово заради подобар пристап од сите страни. Банката на Советот на Европа не се согласува со втората локација и доколку ја избереме,  Македонија треба да и плати 5, 5 милиони евра оштета на Банката, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање. Ова им било кажано на средбата со преставници на Банката на Советот на Европа.

“Доколку се одлучиме да градиме на нова локација, ако ја почнеме сега процедурата  камен темелник ќе ставиме за пет години и вредноста ќе се движи од 450 до 500 милиони евра. За тоа време ќе треба да се урне се што е на местото на сегашниот Клинички центар, да се изградат згради и нови објекти за да има внес на пари. Сегашната цена, со овој постоечки договор кој е склучен во време на екс министерот Тодоров изнесува 85 милиони евра“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев објасни дека анализата покажала дека се работи за тендер со законски исправно решение и избор на изведувач кој има банкарска гаранција и бонитет и дека се расчистени сите правни и формални дилеми.

„ Дилемите се расчистени што се однесува до правно-формалните аспекти иако секогаш може да се направи дополнителна истрага. На тендерот нема дилема за постапката за избор на изведувачот. Она што е проблематично е слабата организација на сообраќајот на оваа локација. Генерално дилемата е дали во цела гужва таму треба да се гради Клинички центар. Проблемот е сообраќајното решение кое сега има 330 паркинг места, а потребни се 3700“, изјави премиерот Заев.

Премиерот најави дека со новата организација се предвидени две катни гаражи, едната на Водњанска, под  училиштето Кочо Рацин и втората кај МВР. Втората катна гаража која е предвидено да има 2200 паркинг места, може да се гради веднаш,  независно од Клиничкиот центар, најави премиерот Заев.Тој нагласи дека се уште нема избрано надзорен орган кој ќе ја надгледува и следи изградбата, а за новата локација(доколку с е избере) нема градежна дозвола. Заев рече дека се уште немале средба со изведувачот италијанската фирма бидејќи се уште не се  знае дали тие ќе го градат Клиничкиот центар. Она што се знае е дека со нив изградбата ќе чини 85 милиони евра, пари кои ќе треба да ги враќаат граѓаните на оваа држава, рече Заев.Новиот Клинички ќе се гради во пакет со штипската клиничка болница и уште неколку други клиники и целиот проект ќе чини 140 до 150 милиони евра. Дел од  овие средства се за опрема и обука на кадар.Премиерот нагласи дека конечната одлука каде ќе се гради новиот Клинички ценатр ќе биде донесена деновиве.


http://novatv.mk/zaev-bankata-bara-milionska-oshteta-ako-klinichki-e-na-drugo-mesto/
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 01-Feb-2018 at 12:51
Previous
 
Јас сум за изградба на нов клинички центар во Бардовци, но една работа ме зачуди околу текстот - каков е тој подобар пристап од сите страни ?
 
Ако мора да се поминува покрај или низ Визбегово, тогаш таму не бега сообраќаен метеж, дури и бетер е од Водњанска - не се извинувам поради "печатната грешка", никогаш не сум го поддржал таквото преименување на познати улици низ Скопјево, и најверојатно никогаш нема ни да го поддржам.
 
Единствено соодветно сообраќајно решение е изградба на нов клинички центар помеѓу обиколницата и Јадранска Магистрала, но повторно пациентите од другата страна на Вардарот ќе мораат да поминуваат низ Качанички пат за да пристигнат до новиот клинички центар.
 
И зошто да се урива стариот клинички центар, не може да се задржат барем некои од постоечките објекти и да се дадат под кирија на приватни клиники ?
 
Секако дека во таков случај ќе остане сообраќајниот метеж, но не верувам дека ќе го снема ако се срушат постоечките објекти и се набутаат станбени згради и/или хотели, што веќе е секојдневие на Водно изминативе 5 и повеќе години. А ако ми кажете дека на локацијата на постоечкиот клинички центар ќе се направи парк откако ќе се срушат постоечките објекти, во тоа ќе поверувам дури кога ќе го видам таквиот парк на лице место со свои очи.
 
Јас лично мислам дека треба да се изгради новиот клинички центар на планираната локација кај сегашниот комплекс клиники, и со тој објект да се заокружи комплексот како целина и да се стави забрана за изградба на нови објекти на таа локација, а сите идни објекти од клиничкиот центар да се градат на друга локација - на мене лично попривлечно ми делува Илинден бидејќи е на излезот од градот и помалку гужви ќе има кога ќе доаѓаат возила на Брза помош од другите градови низ Македонија, а истовремено веќе има железничка врска со остатокот од градот за евентуална приградска железница, како и со остатокот од државата, и се разбира, поблиску е до аеродромот, со што ќе има можност за уште побрз транспорт на итните случаи со хеликоптер - научна фантастика е тоа за нашите македонски услови, но сепак би имало таква можност.


Edited by Dexter26 - 01-Feb-2018 at 14:23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.