build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нормативи за проектирање

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 27-Oct-2009 at 00:56

ај некој нека ми потврди дали промената на дупот го условува барателот веднаш да отпочне со барање за градежна дозвола, или ова е дискретно право на барателот кога да почне процедура за добивање градежна дозвола, откако ќе добие нова маркичка!?! ова се наметнува како дилема бидејќи во законот никаде не е наведено дали промената на дупот е условена и со рокови за отпочнување на градба!


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 27-Oct-2009 at 05:06
Па ако се сеќаваш во неколку случаеви кога државата продавала атрактивно земјиште кое што иде преку тендер се случувало да се обврзе купувачот да обезбеди градежна дозвола во наредните шест месеци. А ако е случај со некој плац за куќа во некоја населба твој избор е кога сакаш да градиш никој не те тера со сила.

А за ваков малку поделикатен случај обично маркиците нели идат по некоја урбаниситчка логика и нопрмални градежни линии и не цртаат според линиите на граници на имотите, па нели во неколку наврати сме сретнале случаеви каде што државата ги експропреира сите имоти кои лежат под маркицата па после тоа го продава земјиштето во целост.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 27-Oct-2009 at 05:39

да но останува дилемата дали преку самата промена на дупот барателот е обврзан веднаш да почне со процедура за градба или самата промена законски не може да го услови барателот со некаков градежен рок!?

протарашкав наоколу но никаде не најдов некој законски акт, а чув дека такво нешто може и да постои, но додека тоа и не го видам црно бело или пак не го чујам од официјален претставник на локалната власт, неможам и да го прифатам здраво за готово. 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 27-Oct-2009 at 15:41

промената на дуп односно промена на локална урбанистичка планска документација за одредена маркичка не обврзува никого законски со рок - во кое време треба да отпочне со вадење на градежна дозвола! само градежната дозвола носи временски услови!

~

исто уште една работа доразјаснивме околу катноста т.е. висината на предвидените маркички во дуповите www.build.com.mk/forum/get_last_post.asp?TID=154 односно законски инвеститорот нема никаква обврска да поднесе барање за дозвола со искористеност на максимално дозволениот габарит. дискреционо право е на општината да одлучи дали и колку ќе одобри некој проект и одредни параметри во истиот, во секој случај законски барателот е должен да обезбеди проектно пропишан број на паркинг места во однос со стандардите за паркинг простор за одреден наменски објект 



Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 28-Oct-2009 at 19:50
Originally posted by Max

 
Previous
Член 15-6
(1)
При изработка на урбанистичките планови со кои се уредува просторот за градби со намена домување во станбени куќи процентот на изграденост на градежната парцела треба да изнесува 70%, а висината на градбата изразена во метри до венец 10,2 метри. За
градби со намена домување во станбени згради процентот на изграденост треба да изнесува 70%, а висината на градбата изразена во метри до венец за градежни парцели со површина од 500 до 1.000 м2 треба да изнесува најмалку 25,2 метри, а за градежни парцели со површина поголема од 1.000 м2 треба да изнесува најмалку 30 метри. Површината на градежната парцела за градби со намена домување во станбени згради треба да изнесува најмалку 500 м2.
(2) Примената на параметрите од ставот (1) на овој член при изработката на урбанистичките планови е условена со нивната усогласеност со генаралните урбанистнчки планови, обезбедување на потребниот број на паркинг места во градежните парцели, како и другите
стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
" [1]


Од општината ни е кажано дека максималната дозволена висина на куќата што сакаме да ја градиме е 8,5 метри. Дали јас можам да барам од нив да се изврши промена и да се зголеми на 10,2 метри? Не сфаќам зошто висинското ограничување е 8,5 метри.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 29-Oct-2009 at 01:33

кога ви е кажано, измениве се од крајот на јули, претпоставувам претходно!? во тој случај сега пак можете да се обратите до нив за совет или пак во некое од урбанистичко-поектантските бироа каде и подетално ќе ви кажат какви услови нуди локацијата земено со новиве измени на законот, значи тоа 10 метри е максимумот што незначи дека по секоја цена тоа ти е на располагање бидејќи во предвид се земаат и други прописи околу планирањето, одалеченост од други парцели, подземни инсталации, регулациони линии итн. 

Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 29-Oct-2009 at 17:46
Originally posted by Max

кога ви е кажано, измениве се од крајот на јули, претпоставувам претходно!? во тој случај сега пак можете да се обратите до нив за совет или пак во некое од урбанистичко-поектантските бироа каде и подетално ќе ви кажат какви услови нуди локацијата земено со новиве измени на законот, значи тоа 10 метри е максимумот што незначи дека по секоја цена тоа ти е на располагање бидејќи во предвид се земаат и други прописи околу планирањето, одалеченост од други парцели, подземни инсталации, регулациони линии итн. 



Пред една недела бевме повикани за да не известат дека имало некакви промени. Ни беше кажано дека сега може градбата да е 30cm повисока. Дозвола за градба чекаме 2 години, го чекавме урбанистичкиот план да се подготви. Катастрофа...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 29-Oct-2009 at 19:16

ако немало донесен дуп неможело ни да добиете дозвола, ако се било чисто дозволата брзо би требало да ја добиете, најверојатно сте чекале две години на донесување на деталниот урбанистички план!?


Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 29-Oct-2009 at 19:34
Originally posted by Max

ако немало донесен дуп неможело ни да добиете дозвола, ако се било чисто дозволата брзо би требало да ја добиете, најверојатно сте чекале две години на донесување на деталниот урбанистички план!?




Да да, лошо се изразив. Се чекаше да се донесе деталниот урбанистички план, за да може воопшто да побараме дозвола за градба. Навистина сум лаик за овие работи, ама ако 2 години е нормален период за изготвување на ДУП, секоја чест.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-Oct-2009 at 20:15

па додека да се донесе новиот дуп секогаш можеш да градиш по стариот, е сега друго е ако сакаш да извлечеш подобра позиција па заради тоа и се решиш да причекаш на промените, инаку по легален пат дуп се менува или ревидира на секои пет години, единствено сега се отвори простор со измените во законот за у.п. да се бара зголемување на постоечките маркички со зголемување на процентот на изградливост наместо 60 на 70%

~

а за она минимум што погоре велам дека не постоел тоа не е точно знам дека некаде читав но неможев да се сетам каде, а бидејќи од мтв но и тука на форумов ме разубедивте дека такво нешто не постои прифатив дека е и навистина така, но не е! еве цитат каде се споменува минимумот за семејна куќа, додека тој за стамбено деловни објекти тука е изоставен, но сепак постои по правилниците сеуште мислам дека е 30% обврзувачки, така да за кулите на g-mall сеуште има надеж тргнувајќи од позиција дека ако имаше измена некаква тоа израелците ќе побараа да се внесе и во дупот, што не е случај, во спротивно нешто и ќе се разбереше

Коефициентот на искористување на земјиштето на одредени содржини во рамките на планот, изнесува: 
за станбени објекти или комплекси до 1,5
за станбено-деловни објекти или комплекси до 1,8
во зоните со деловни содржини индустрија и трговија до 2,5
во централните градски подрачја, утврдени со урбанистички план до 3,0

Процентот на изграденост на локацијата, исто така, според текстуалниот дел на одредбите, изнесува: 
за семејни куќи до 60%
за повеќесемејни-колективни станбени објекти до 70%
за трговско-деловни објекти до 80%

Минималниот процент на изграденост на парцелата за семејни куќи изнесува: 
30% за семејни куќи со парцели до 300 м2 , 20% за семејни куќи со парцели до 500м2 и
15% за семејни куќи со парцели над 1000 м2.

www.usud.gov.mk/domino/WEBSUD.nsf/ffc0feee91d7bd9ac1256d280038c474/3e74a915454f4247c125716b0047c8e3?OpenDocument

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 08-Mar-2010 at 13:51

ех интересни мерки, ова поприлично ќе им олесни на инвеститорите пред се, а со тоа ќе се избегнат многу зицери во планирањето и проектирањето! добри мерки, особено интересно е она со прирачникот каде доста луѓе кои не се упатени ќе имаат јасна претстава ко да ги искористат претходните олеснувања http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=588&PID=47590#47590 што и колку можат а воедно и каде и како тоа да го остварат!

Originally posted by lslcrew

...

-Измена и дополнување на Законот за  просторно и урбанистичко планирање во правец на продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење од една на две години.

-Усогласување на Законот за градежно земјиште и Законот за градење во поглед на роковите за градење (продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење за објекти од 1 и 2 категорија – 10 години, од 3 категорија – 6 години и од 4 и 5 категорија – 4 години).

-Измена и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање Сл.В. бр.91/2009 во членот 17а (да се додаде  дека законот важи и за иницијативи поднесени и за градби со комерцијална намена).

-Изработка на прирачник во кој ќе бидат детално опишани чекорите од процедурата за усвојување на ДУП и процедурата за издавање на дозволи за градба заедно со потребната документација, како и воспоставување на комуникацијата меѓу институциите кои треба да издадат соодветно одобрение/мислење.

-Скратување на постапката за изработка на ГУП, при што ќе се исклучи употребата на ажурирани геодетски подлоги при изработката на ГУП-овите.

...

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=551&PID=60624#60624

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 08-Mar-2010 at 18:13
Цела мака е што нема ништо антикризно во овие мерки. Овие мерки можеле да се донесат било кога во минатото или во иднината, и немаат никаква врска со директното соочување со кризата. Тоа што треба за кризата е да се обезбеди ликвидност со некои привремени мерки, не со законодавни. Од ова ништо нема да им помогне на фирмите. За да има ова успех, треба ликвидност прво да се има.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Toshko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Mar-2012
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Toshko Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 22-Mar-2012 at 11:36
Дали некој може да ми каже колкава треба да биде висината, за изградба на канцеларија за административна работа (сметководство, маркетинг и анализа, консалтинг канцеларија). Доколку некој знае, би замолил во најкраток можен рок да ме изестите.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 22-Mar-2012 at 16:41

минимум 2,40м висина, според прирачникот на ернст нојфорд за архитектонско проектирање кој се наведува како насока во член 2 од нашиот правилник за проектирање 2400mm - 3000mm (8'-10'), иако што повисоко тоа поопуштена атмосфера http://www.sciencedaily.com/releases/2007/04/070424155539.htm [1]

но ете се има, но висината официјално ја нема во правилникот
Член 11

При проектирање на деловно - административни објекти се применуваат следните стандарди и нормативи: - минимум површина на работен простор 6м2/работно место;. - скали - до 100 вработени минималната широчина на скалите е 1,30м., до 200 вработени 1,30 + 0,60 м., а над 300 вработени потребно е да се проектираат уште едни скали;
    - максималното растојание од вратата на канцеларијата до скалите во деловно административните објекти изнесува 25 м;.
    - за површина на објектот до 3000 м2 и височина минимум од приземје и едно ниво, потребен е минимум 1 лифт.
http://www.komoraoai.mk/gallery/pdf/prostorno/pdf5.pdf




Edited by Max - 22-Mar-2012 at 16:41
Back to Top
Toshko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Mar-2012
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Toshko Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 23-Mar-2012 at 11:14
Благодарам за одговорот.
Значи некои закони треба да се дополнат


Back to Top
Sale_vas View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jul-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Sale_vas Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 28-Apr-2014 at 12:18
Здраво..
Имам извод од план и со него не ми дадоа посебни услови за градба...
Дали знаете каде можам да ги најдам правилниците премма кои се правени ДУП-овите..конкретно овој е од 2009
Значи ми треба да видам .. која е котата на слемето..
ако некој знае.. локацијата е во општина Карпош
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 27-Jul-2020 at 12:16

ПСНУП 2015 ~ https://www.e-urbanizam.mk/content/ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ.pdf

https://www.e-urbanizam.mk/najava.nspx


минатине впрегнале државен урбанистички-портал без gov придавка во адреса, ова може сакаат да се амнестираат од евентуални тужби натака, изгледа и сегашните чим ништо не превземаа, како поинаку да го сконтам ваквиот недоносен пристап уште во старт, да не говорам што порталот им е партал од категоризација, нели лес-ис-мор во однос на се’ ет муабетот кај властите од секогаш, кој повеќе кој помалку ист удбалитичарски маштап иста матрица иако различна иконографија!

битно им тргнало наново , во секој случај поарно него поранешниот е-uslugi сајт каде се’ беше на купче од Институции, но бар да ги земеа оттаму Прашањата и Одговорите во однос Урбанизам, каде оние работи што му се нејасни на Народ беа фино одговорени, најчесто со Обратете Се До Соодветното Министерство за подетален одговор, иако се наоѓаше и по некоја прецизна генерална информација колку Чоек да стекне основен абер што е што посреди урбанизмот ...

... Чунки натака ќе спремат во соработка со ГУЦ Видео Туроријали кои освен што би биле подобни за еНастава би им биле едукативна спона и на неупатени Граѓани за да полесно се Поучат кои се’ Нормативи како се применуваат во оваа Област, нека пробаат и со Инфографици освен Анимирани Муабети, нормал за кои ќе помогнат семинарски Ученици а не да фрлаат милиони по рекламни дилои, особено за оваа област каде муабетот катадневно се менува, заради што паметно би било да се претплатени на некоја онлајн аниматорска апликација [1]

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.