build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нормативи за проектирање

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нормативи за проектирање
    Posted: 17-Mar-2009 at 16:12
Се соочив со проблем за кој незнам дали реално се пропишани одредени стандарди и нормативи при проектирањето на објекти за домување.
Имено, ме интересира дали воопшто постои некој таков пропис во Македонија кој наложува да се предвиди и изведе оџак во станбена зграда? Дали 'мора' да го има или дали тоа е оставено само на воља на проектантите, односно изведувачите.
Знам дека постојат нормативи за проектирање, каде што се опфатени позиции како дневна соба, спална соба, ходници, паркинг и слично, но во истиот не се наведува ништо за оџаци.
Доколку пронајдете нешто би било супер да го постирате.
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Mar-2009 at 18:24
Искрено, не знам дали е тоа формално уредено во некој норматив, особено што  во нормативите, доста работи што треба не се уредени... но од факултетски предавања, за згради за колективно домување, згодно е да се предвиди оџак, кој би требало да оовозможи користење на ќумбе во случај на одредена (подолготрајна) хаварија во електричната или мрежата на топлификација. 

А во индивидуалните куќи, од она искуство што го имам до сега, сите сакаат да имаат оџак (читај камин), дали зошто не планираат да прикључат парно или бидејќи каминот го прави поубав просторот за живеење- не знам...

Ако дознаеш за оџациците, сподели, баш ме интересира
Back to Top
KamaZ View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Apr-2008
Location: Sk/Rotterdam
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KamaZ Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Mar-2009 at 20:51
Дечки а мене ме интересира какви се нормативи постојат и дали некој од вас ги има на располагање? Јас го имам читано правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и тоа е единствениот документ до кој што сум се дочепкал (не дека имам барано нешто многу). Некои работи за градење ми станаа појасни со правилникот ама пак некако сум збунет на моменти.

Ако некој има некое документче што ќе ме просветли би ме направил навистина среќен  Big%20smile доколку истото го сподели
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Mar-2009 at 00:51
Постои правилник за проектирање на објекти (каков-таков), го има објавено на страната на комората на овластени архитекти и инженери, заедно со другите закони и прописи од областа на градењето. Ова е страната: www.comoraoai.com.mk
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Mar-2009 at 08:42
Го читав тој правилник, но таму нема ништо за оџаци, па затоа се обратив тука.
Инаку луѓето со проблемот без оџак во стан сакаат да знаат дали може да се поведе некаков судски процес за ова, бидејќи инвеститорот не обезбедил централно греење, ниту оџак, па ги отпилил и им рекол грејте се на струја.
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Mar-2009 at 16:03
Зависи кое време е градена зградата. Зашто мислам дека имало период кога не морало да има оџак....ама тоа треба да се провери не сум сигурен, во тој правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти имаат дадено дека важат одредбите од некои постари правилници исто така. Веројатно можат да се најдат по Службени весници и слично
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Mar-2009 at 05:25

мислам дека некоја измена во правилниците не постои ретроактивно важат оние од социјализмот, но исто како во случајот со противпожарните скали се заобиколуваат одамна неажурираните правилници. пример секоја зграда на шест спрата мора да има и помошни противпожарни скали, но тоа не е случај. сепак транзицијата замижува пред се и сите особено после деведесетите, но можеби и навистина направиле отстапка која и не е баш јавна Smile сепак за онаму каде нема инсталации на топлификација треба обавезно оџак, но доколку инвеститорот не ги испочитувал нормите, а објектот добил употребна дозвола, во таков случај не би знаел кој треба да ја сноси одговорноста инвеститорот или општината!?

инаку лапсузите одат дотаму што дури и очигледни превиди се прават и за места каде повеќе од јасно е дека неопходно е да постои оџак...

Училишната зграда во битолско Поешево без оџак

Четиринаесет ученици од ОУ „Коле Канаински“ во битолското село Поешево оваа учебна година учат во ново адаптирано и реновирано училиште, но сепак немаат елементарни услови за следење на наставата.
Двете училници се претесни, а во објектот нема вода, ниту санитарни јазли, има само подвижни клозети во училишниот двор. На неколку дена пред почетокот на грејната сезона се отвори уште еден проблем - како ќе се затоплуваат просториите, кога изведувачот на работите заборавил да изѕида оџак, а пак училиштето веќе набавило огревни дрва. На родителите им било предложено да донесат понекоја тула од дома за да се направи оџак на училишната зграда.
- Ова за мене е и тажно и смешно. На сите проблеми и трошоци што јас ги имам, сега да носам тука тули за да се изѕида оџакот. Зошто? Затоа што моето дете учи во ова училиште. Па не е ли срамно? Власта треба да си обезбеди услови како и на секое друго место. Јас немам намера да ѕидам оџаци - вели Оливер Крстевски од Поешево, чии две ќерки учат во основното училиште.
Жителите од Поешево се согласиле летово општината да им адаптира две простории од објектот што се наоѓа до старата училишна зграда, која веќе е руинирана. Но велат, наместо училници, сега децата им учат во ќумези. Едната просторија е од 5 квадратни метри и во неа учат четворица ученици, но нема каде да се постави училишна табла. Другата е нешто поголема, 15 квадратни метри, а таму се сместени 10 ученици од мешаните паралелки од прво до четврто одделение. Се затоплуваат со греалки, едната им ја испратила директорката на централното основно училиште „Коле Канински“ во Битола, а другата ја позајмиле родителите за децата да не им се тресат од студ за време на часовите.
- Ова е нешто невидено. Училниците се тесни, децата се задушуваат внатре, а нема услови за хигиена, ќе се изразболат сите. Нема клозети, нема ни каде раце да се измијат, а пак згора на се нема ни на што да се топлат. Како може оџак да заборават не ми е јасно - вели Блага Петковска.
За реновирање на ова училиште, општината Битола издвоила 250 илјади денари. Од таму признаваат дека изведувачот направил пропусти, но велат дека грешките ќе бидат поправени.

Н.Македонија - Емилија Мисирлиевска - 09.10.2008
 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Apr-2009 at 01:04

ме интересира дали може некоја општина на своја рака да донесе нови или дополнување на некои стари подзаконски акти од министерството, регулатива која издавањето на градежната дозвола ќе  го условува дополнително проектантот и изведувачот? конкретно дали е возможно одредена општина може да наметне построги стандарди на својата територија, независно од главните одредници во законите и правилниците на  државата, значи не да ги маргинализира постоечките туку исклучиво позитивно да ги надополни истите!

недоумицава ми е во контекст на www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=456&PID=36046#36046

мислам веќе имаше еден ваков обид со она унификацијата во боите на сите услужни привремени објекти на територијата на општина аеродром, но незнам каде запна работата!? иако ова би требало да се регулира на градско ниво, особено околу унификацијата на инфраструктурата, јавниот превоз, привремените објекти, рекламните паноа и слични урбани моменти. мислата ми е повеќе околу наметнување на построги правилници околу естетскиот претоп или вклопливост на новите проекти во околината во која се креваат! 

Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Apr-2009 at 11:44
За дополнителни стандарди од типот на боја, композиција и материјали со кои се обработени фасадите, стилски израз и сл, тоа може да се регулира со деталните урбанистички планови, тоа се пишува во текстуалниот дел на планот. Е сега, друга работа е што нашите урбанистички планови се прават механички, без никаква идеја за обликувањето на просторот, па затоа и урбанистите и не се замараат со такви работи (со оглед на тоа што тоа се дополнителни одредби кои може, ама и не мора да ги има во планот). 
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Apr-2009 at 14:31

добро не мислам само на естетскиот момент, туку и на техничкиот пример ова со оџаците погоре, или посебни стандарди за изолација итн. инаку незнаев дека ова законски со естетскиот момент може да се интервенира!

според ова што го велиш Едмунд, ова би значело дека од скоро најавениот хотел на плоштад за кој владата распиша тендер за продажба на маркицата,  естетските одредниците кои се наметнати во тендерот за проектот се впишани во самиот дуп за мал ринг!?

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-May-2009 at 03:46
[quote]Во исто време меѓу нас и соседот ќе го нема законското растојание од шест метри
до каде стигнавме да мора за пристап на суд да се оди!
 
инаку маркиранава реченицата не' укажува на растојанието на кое мора станбен објект да биде во однос на регулаторната линија на плацот, туку се однесува на формирањето на пешачка или сервисна улица т.е. пристап до плац.
 
мене колку што ми е познато, законски доколку некаде е предвидено улица или пак нема друг пристап до плацот, ваквата улица се проектира одземајќи паралелно по три метра од две соседни парцели, колку и таквото нешто да не му е по ќеиф на стопанот! 
 
но ова неможам да го најдам во ниеден правилник а имам чуено дека постои, ги свртев речиси сите постоечки нормативи и правилници кои ги покриваат проектирањето, урбаното планирање, стариот за планирање на простор итн. но нема абер од ваква обврска за двајца соседи кои мора да обезбедат простор од сопствените плацови како би се извела стамбена или сервисна улица... од една страна имам инфо дека метражата е по договор, а според друг дека стого мора да се запази 3м од секој плац како би се оформила по должина 6м широка пристапна улица!
 
па доколку има некој абер каде и како е ова законски покриено нека фрли абер или линк до правилник! како што напоменав и во новиот и во стариот правилник за урбано проектирање и планирање нема ништо инфо okoлу ваквата облигација 1. www.comoraoai.com.mk/pdf/prostorno/word1.doc   2. http://62.162.36.2/new_site/images/storija_doc/1353/Pravilnik%20za%20standardi%20i%20normativi%20za%20urb.planiranje%5B1%5D.pdf 
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Aug-2009 at 01:23
odzak narodno kazano ili dimni kanali strucno se proektiraa porano koga toplifikacija go nemaa pokrieno pogolemiot del od gradov so moznost da imas parno doma...kako odmina vemeto vo sekoja zgrada se integrirase parno so toa se izostavija opciite za greenje na drvo...deeneska dimni kanali si dozvoluvaat lugjeto sto pravat kuki ili sto veke gi imaat zatoa sto lesno mozat da dogradat dimen kanal dokolku go nemaat...vo stanveni edinici predviduvaat greenje so parno a vo psolednive 3,4,5 godini se poveke se zastapuva sistem na centralno greenje i klimatiziranje...prakticno stanot ti se gree preku zidovi koi imaat koomori sto ja nosat toplinata vo sekoj stan iams kao eden ured slicen na klima malce pogolem i toa e toa...toa ke stane praksa nabrzo i kaj nas...sekade u svet  e najnormalna rabota centralno greenje i ventiliranje...ete kako primer znam vo onoj blokot sto go napravija kaj masinski fakultet pratkicno megju nego i MIDA imaat staveno takov tip na greenje
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Aug-2009 at 01:26
@beton
opstina ne nosi zakoni ona gi sporveduva a moze da dade predlog-zakon pa da go razgleduvaat ovie vo parlament pa da go usvojat ili ne...sto e i logicno...zamisli sekoja osptinia da moze da si nosi svoi zakoni sto ke se desi so gradov za pomalce od edna godina
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Sep-2009 at 01:47
па општините можат да носат интерни регулативи кои ќе важат на нивна територија, само што советниците се зафатени претежно со сметководствени теми наместо урбанизам и домување... вакви подзаконски акти се пример унификација на бои на наменски киосци на својата територија или потреба од одреден начин на уредување на дворните површини, пр. не смее високи огради да има на плацот или воопшто не смее да постои ограда кај истите, случајот со предградијата во америка, исто наводнување на приватни површини пр.  http://www.ci.woodbury.mn.us/govt/workshop/062007/3.htm  http://www.tampagov.net/dept_water/information_resources/restrictions/ итн. итн.

...
Според член 56 од Законот за локалната самоуправа ("Службен весник на Република Македонија" бр.52/95, 60/95 - исправка), во вршењето на работите од својата надлежност советот на единицата на локалнат самоуправа донесува општи акти како што се статут, програми, планови, одлуки и други општи акти предвидени со статутот во согласност со закон, а според член 50 од истиот закон, управните органи на единиците на локалната самоуправа, освен таксативно наброените работи во точките 1), 2), 3) и 4), согласно точката 5) од истиот член вршат и други работи што ќе им ги довери советот, односно градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.

Од наведените законски одредби произлегува дека општината, односно советот на општината има право да донесува општ акт, односно одлука за условите и начинот на изградба во населено место во општината, кое нема урбанистичка документација, по претходна согласност на министерството надлежно за работите на урбанизмот. Од овие одредби, исто така, произлегува дека секоја општина има свое подрачје кое ги опфаќа населените места кои влегуваат во нејзиниот остав, утврдени со закон, дека граници на општините претставуваат границите на населените места кои се во состав на општините и истовремено претставуваат и граници на катастарските општини, чии што граници пак ги утврдува органот надлежен за работите на премерот и катастарот со опис и скица на тие граници...

http://www.usud.gov.mk/domino/WEBSUD.nsf/0/e742058f4f9b3178c125716b00480c71?OpenDocument&Click=

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Sep-2009 at 02:53

Не може да се градат куќи повисоки од 10 метри

Ако сакате да градите нова куќа максималната висина мора да изнесува до 10, 2 метри. За станбените згради со површина до 1000 метри квадратни дозволената висина е најмалку 25 метри, за тие со квадратура поголема од 1000 метри минималната висина за градба е 30 метри. Ова се дел од новите предлог измени во Законот за градба и планирање. Со закон ќе биде регулиран и паркинг просторот. Повисоките згради мора да обезбедат подземно паркирање или пошироко паркиралиште. Не може да биде нито повеќе ниту помалку. Имаше често случаи кога на граѓаните им се предвидуваше маркичка со простор за градење од еден кат, на пример и искористеност на површина од 30%. Граѓаните немаа можност да си го остварат своето право , изјави Миле Јанакиевски министер за транспорт и врски. Според Јанакиевски со законот ќе се овозможи и урбанизирање на просторот и по иницијатива на граѓаните. Доколку јас имам земјиште, поднесувам барање до општината и викам ве молам да ми се урбанизира моето градежно земјиште. Ова важи само за индивидуалните куќи, бидејќи тука сакам да градам куќа. Општината е должна да одговори и тоа во рок од три месеци да започне постапка за измени и промени на детален план, изјави Миле Јанакиевски министер за транспорт и врски. Со измените дел од просторот на касарните што сега се означени како сиви зони освен за потребите на Министерството за одбрана ќе се користат и за друга намена но исклучиво со измена на деталните урбанистички планови.
Кнал 5 - 11.06.2009, 17:32


Интересно, ова бајаѓи ќе се изгради Скопје, дали!?!
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Sep-2009 at 09:53
mislam deka e super zakonov za izgradba na kuki ne povisoki od 10m 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Sep-2009 at 15:16
неможам да ги најдам измените на законот, ни на сајтот на министерството не се качени, ни комората ги има истакнато, а не успеав ни во службен весник да ги најдам, па ако се има некаде да се најде кажувајте!

ме интересира информацијата од министерот истакната во написот погоре! досега неретко општините знаеја да ја ограничат искористеноста на површината од плацот на не повеќе од 30% сигурно имало некој урбанистички правилник околу визурите, па затоа, но сега како што вели и министерот а и како што начув искористеноста секој ќе може по избор да ја тера до 70%, јасно со барање до општината за измени во дуп...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Sep-2009 at 18:51
ајде ова ќе помогне бидејќи од претходниот напис и баш неможе да се извлече со сигурност заклучок дека тоа и поминало, патем и веќе несум отворен кон толкувањата на новинарите, па штом не се цитирани изјави, речиси редовно си ги земам за резерва ваквите написи!

еве нешто и поофицијално...
Прес конференција за предложените измени на Законот за просторно планирање - 11.6.2009

Дел од просторот на касарните во Македонија, освен за потребите на Министерството за одбрана, во иднина ќе може да се користи и за друга намена. Тоа ќе се овозможи со предложените измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, врз основа на кои без промена на генералните урбанистички планови, и само со детален урбанистички план, земјиштето на касарните ќе се планира и за други намени.

- Голем дел од касарните сега во генералниот план се ставени како сиви зони. Сега директно со детален урбанистички план  просторот од касарните кои нема да ги користи Министерството за одбрана може да се користат за различни намени, рече денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, претставувајќи ги законските измени и дополнувања.

На новинарско прашање дали просторот на сегашната касарна Илинден во Скопје ќе се намени за изградба на резиденцијален објект Јанакиески потврди дека ќе има пренамена на дел од просторот но не прецизира каква.

- Во соработка со другите министри и со општините деновиве треба да одлучиме што ќе се планира на дел од просторот на касарната Илинден,  додека другиот дел ќе остане во функција на Министерството за одбрана, рече Јанкиески.

Според него, законските измени ќе овозможат дополнителна децентрализација на општините во планирање на просторот и можности за граѓаните да ги урбанизраат  своите простори за пократко време, без да бидат изложени на какви било манипулации и административни бариери.

Предложените законски измени, меѓу другото, пропишуваат и максимално дозволени вредности на урбанистичките параметри за градби на куќи и на станбени згради.

- При изработка на урбанистички планови за куќи процентот  на изграденост на градежната парцела мора да биде 70 проценти. Висината на градбата пак е фиксна и мора да биде максимум 10,2 метри, информира Јанакиески истакнувајќи оти со тие параметри ќе се овозможи поголема искористеност на просторот за градба.

Со минимум 70 процентна изграденост мора да биде и земјиштето со нaмeна за станбени згради. Висината на градбата за градежна површина од 500 до 1.000 метри квадратни треба да изнесува најмалку 25 метри, а за површина од над 1000 метри квадратни најмалку 30 метри.

Според Јанакиески, со законот се овозможува урбанизирање на просторот по волја на граѓаните, односно сите граѓаните ќе може да покренат иницијативи за урбанизирање на просторот. На иницијатива на граѓаните, доколку е прифатена, општината е должна  во рок од три месеци да ја почне постапката за изменување и дополнување на урбанистичкиот простор.  Во спротивно одговорното лице од општината ќе биде казнува со глоба од 3.000 до 5.000 евра.

Со предложениот закон се предвидува и мислењето на нацрт-плановите кое сега го издава Министерството за транспорт и врски, да го дава комисија формирана од градночалниците на општините и градоначалникот на Градот Скопје. Измената, укажа Јанакиески, е во насока на продлжување на процесот на децентрализација со која ќе се овозможи поголема самостојност на општините во урбанистичкото планирање.

Дел од  Предлог законот е и воведување државна и локална урбанистичка планска документација, како нови инструменти во планирањето. (Извор: МИА)

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=1970

~

фактички ова ќе овозможи и поголема искористеност на градежното земјиште но и поголема креативност на архитектите... со ова ќе се овозможи општините експресно да му излегуваат на секој инвеститор во пресрет и заради атрактивност лесно и брзо да вршат пренамена на ДУПовите! всушност овие новини се толку флексибилни во однос на инвеститорите, што зборот урбана мафија сигурно ќе остане мисловна именка и единствено како појава истата може да стрене утре околу регулативите за стандардизација на материјали и изведба, за што на голем удар т.е. искушение ќе бидат инспекциските служби, за кои мислам дека не е лошо да бидат со далеку поголема контрола врз нивното работење!

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 26-Sep-2009 at 20:00
 
Previous
Член 15-6
(1)
При изработка на урбанистичките планови со кои се уредува просторот за градби со намена домување во станбени куќи процентот на изграденост на градежната парцела треба да изнесува 70%, а висината на градбата изразена во метри до венец 10,2 метри. За
градби со намена домување во станбени згради процентот на изграденост треба да изнесува 70%, а висината на градбата изразена во метри до венец за градежни парцели со површина од 500 до 1.000 м2 треба да изнесува најмалку 25,2 метри, а за градежни парцели со површина поголема од 1.000 м2 треба да изнесува најмалку 30 метри. Површината на градежната парцела за градби со намена домување во станбени згради треба да изнесува најмалку 500 м2.
(2) Примената на параметрите од ставот (1) на овој член при изработката на урбанистичките планови е условена со нивната усогласеност со генаралните урбанистнчки планови, обезбедување на потребниот број на паркинг места во градежните парцели, како и другите
стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
" [1]

- ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - Сл. весник бр.51 - 30.06.2005 

- ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ (Пречистен текст) - Сл. весник бр.24 - 19.02.2008

 _______________________________________________________________________
  1. Правилник за стандарди и нормативи за проектирање на објекти - 19.10.1999
  2. Правилник за изменување и дополнување на правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти - 27.11.2007
  3. Правилник за изменување и дополнување на правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти - 20.12.2001
  4. Правилник за изменување на правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти - 30.01.2004
  5. Правилник за поблиската содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови - 08.06.2006
  6. Правилник за изменување на правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти - 20.06.2008
  7. Правилник за стандарди и нормативи за проектирање на објект- - Сл.весник бр.2 - 2002
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Sep-2009 at 02:09
според постојниот правилник незнам дали плац од 500 квадрати може да обезбеди простор за висина од 25 метри, особено не доколку од сите страни се граничи со други плацови, имајќи го во предвид правилото да за една третина од висината на објектот, истиот да биде одалечен од соседните парцели (архитекти така !?!) т.е. во случајов 8,3 метри, што во случајов на плац од 500+1 квадрати зградата треба да има ~40 квадрата основа, што малку не е логично за  П+7, дури и за 1000 квадрати парцела со исти услови за одалеченост од соседните парцели не ми е логично да се насади објект П+7... дури и плацот од 500+1m2 да граничи само со две парцели од кои ќе мора да има задолжително растојание и во тој случај пак основата на зградата е мала за оваа висина т.е. ~ 200 m2 освен ако целта не е садење ситни облакодери таман помислив дека се  отовра простор за турбо градење, кога оп-стоп, според стариот правилник разликите околу искористеноста на градежната парцела само козметички се изместуваат во позитивен контекст, освен ако не се носи и нова регулатива за и околу растојанието на објектите од соседството... сепак за сите кои имаат плац блиску до 1000 m2 можат да се офајдат од измениве, добро и оние со 500ка ќе куртулат доколку станува збор за повеќе ламели од една зацртана зграда а во која се пресекуваат повеќе парцели кои всушност оформуваат една маркичка... 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.