build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рамномерен регионален развој

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1166
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Рамномерен регионален развој
    Posted: 20-Mar-2009 at 18:39
mnogu e glupavo sto samo vo skopje gradat.Thumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20Down
neka izgradat i vo bitola prilep tetovo vles i site drugi gradovi sto imaat golem broj na ziteli
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Mar-2009 at 19:08
Originally posted by Dragan

mnogu e glupavo sto samo vo skopje gradat.Thumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20DownThumbs%20Down
neka izgradat i vo bitola prilep tetovo vles i site drugi gradovi sto imaat golem broj na ziteli
Драган, констатацијава ти е благоречено глупа.Тоа прашање е регулирано со децецнтрализација и со закон за рамномерен регионален развој. Никаде не постои одредба со која на некој инвеститор може да му наложите каде ќе гради во кој град.  Условите ги создава локалната самоуправа, а инвеститорите бараат плодна плочва на нивниот бизнис и ќе се насадат кајшто најмногу им одговара. Ти уствари постави две прашања. Едното за брзината на изградба во Скопје и другото за спората изградба на другите градови.

Незнам која е целта на постот твој, но ако мислиш дека сега ај ќе ги качуваме Скопјаниве на криво магаре зашто "ја упропастија Македонија" тогаш е погрешно место за постот. Македонија ја упропасти пред се една лоша политика до пред некоја деценија. Една политика на индустријализација на градовите, а не селата. Јас често пати знам како црна шала да кажам "Брзата индустријализација на градовите опустоши повеќе македонски села одколку граѓанската војна што ги снајде македонските села пред шеесетина години". Ова не е многу далеку од вистината. Сега денеска си го жнееме плодот на таа сеидба. Факт е дека Македонија досега можеше сто пати да се оправи од тоа што било пред децении, но денеска им ем мала воља да се санираат тие проблеми, ем има мала воља за терање мали бизниси. Мање више денеска проблемите во еден дел се последица од појавата која што ја спомнав погоре но од друга страна уште поголем пробмел е и индиферентноста и апатијата што владеат наоколу. Овие работи доста споро се движат. Еве ќе ја земеме и Словенија како пирмер. Пред некој де имвме можност да видиме една мапа постирана за ѓелезничката мрежа низ Словенија што само кажува колку лесно може да се работи на планот на рамномерниот развој. Во Словенија не се ни чувствува дека била дел од некаква индустријализација. Еве и друг пример, Незнам дали сте приметиле, ама кога ќе пројдете граница према грција (стара еу членка) или па во некоја друга држава, можете да приметите дека целиот простор е жив, дека секаде во доглед имате некој објект, некој хангр, некој погон. Во Македонија на релација север-југ се гледа само едно кафанче и толку од објекти. Секоја чест за Гевгелија и регионот околу што знаат како да работат. Да се разбереме има и низ Македонија други региони кои суперуспешно работат. Гевгелија се однесува на регион на трасата север-југ.

Сега на ред е владата и руралните општини да обезбедат повластени услови за индустрија во запуштени средини. Дали тоа ќе бидат ефтин персонален данок, дали ќе биде изградба на локална патна мрежа, дали ќе биде целосно ослободување од некои давачки, све со тоа само предлог мерки.

Јас се извинувам ако звучам малку на висок тон, таква ми е интонацијата нема никаква лоша намера. Инаку еве ќе нафрлам уште еден аргумент. Одприлика седумдесет проценти од БДП на Македонија се креира во Скопје и околината на Скопје. Другиот дел учествува со триесет проценти.

Значи не сакам никој ова да го свати како во лош локалпатриотски муабет. Строго сум против локалпатриотизмот, но мора сите граѓани во оваа држава да сконтаат дека "на волкот му се остри забите оти сам си коле офца" и никако повеќе. Неможе вечно да се чека од државата све, па дури и фасадите на зградите да ни ги поправа, а скоро имаше идеја и за влезовите владата не мрдала со прст Crazy.


Edited by lslcrew - 20-Mar-2009 at 20:32
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Mar-2009 at 19:12
Еве да се надополнам околу содржината на нишкава. Неколку пати го имаме отворено ова прашање како споредно во многу нишки! Само најнапред ве молам да не заврши во во лош локалпатриотски филм! Битола нема аеродром, Скопје има земјотрес и слични пароли се забранети!
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1166
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Mar-2009 at 20:07
dobro de nisto ne sakav loso da kazam,sakav da kazam deka potrebno e i vo drugite gradovi
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Mar-2009 at 20:14
Originally posted by Dragan

dobro de nisto ne sakav loso da kazam,sakav da kazam deka potrebno e i vo drugite gradovi

LOL Добро бе драган ни јас не сакав ништо лошо да кажам. Добро е што го потегна прашањето и убаво е да го раглобиме напошироко. Еве и сам гледаш колку има заинтересираност од другите градови во врска со дискусија на темите на билд.мк Едвај имаме по неколку членови кои се за почит со нивната заинтересираност.

п.с. Ќе ја искористам приликава да апелирам до сите што не следат од другите градови, а суште не се регистрирани, нека завземат активно учество и ќе ни биде драго да ги сподели своите ставови и своите слики и матерјали за своите градови!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Mar-2009 at 19:44
Македонците многу чудно го разбираат тој рамноправен регионален развој.

Што значи тоа? Државата да гради фабрики во секој град? Да гради деловни згради? Навистина незнам што е тоа што Скопје го прави на сметка на другите. Дури ситуацијата е и обратна но да не навлегувам во тоа.

Државата рамноправниот регионален развој може да го гарантира до ниво за сите да понуди некои основни работи (струја, вода за пиење, достапно образование, добра инфраструктура и комуникации со остатокот од земјата и регионот). Сето друго останува на "локалците". Нивно е да бидат претприемчиви и да почнат свои бизниси и да ги наметнат низ целата земја или поширокиот регион. Нивно е да убедат странски инвеститори дека токму кај нив е најдобро да се инвестира. Нивно е да ја фокусираат подршката на неколку клучни гранки и да ја дигнат свеста на локалното население околу тие гранки (на пример Струмица-Земјоделие, Охрид-Туризам итн).

Не е возможно во секој македонски град или село да има место и за информатичари, и за правници, и за економисти, и за машинци, и за хемичари. Исто како што не е возможно во Скопје да има центар за развој на ракетна технологија или пак институт за работа на човечкиот геном. Значи секоја општина треба да има очекувања во рамките на своите можности а ширењето на можностите да биде пред се нејзина одговорност.

Точно е во Македнија во голема мера се запустени селата. Но што останува со градовите? Велес, Неготино, Куманово, Гевгелија, Демир Капија имаат предуслови за развој како Скопје. Ни Охрид, Струмица, Штип не заостануваат премногу, Битола и Прилеп се можеби малку хендикепирани комуникациски но сепак.

Дали е проблемот значи во рамномерниот развој или во менталитетот? Дали е реално сите да сакаат имаат канцелариска лежерна работа а да не се занимаваат со земјоделие и сточарство на пример? Ако таа утопија е нашето разбирање за рамномерен регионален развој тогаш истиот никогаш нема да се случи.


Edited by pbanks - 21-Mar-2009 at 19:59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Mar-2009 at 20:02
Директно да се обвини менталитетот мене ми делува како кревање раце, како ништо не зависи од нас такви сме, толку ни сече и крај! Ајде да се фрлиме сите мтв! Факт е дека менталитетот не креира политка. Народната маса е флотантно тело, пластелин кој треба да го обликуваат нговите лидери. Кај нас треба јасно да им се даде до знаење на луѓето дека неможе владтаа да ни кречи во влезовите. Незнам уствари.... може би сме премногу скромни како поединци, па не ни треба многу, некако садисти сме, апатизирани! А од друга страна па се ќути за било какви политичлки промени. Нити штрајк, нити ништо потполна индиферентност. Просто да си помислиш дека е ова скандинавска земја, а не земја со перманентна криза. А од друга страна па кога ќе видиш некој што се иселил од државава пред неколку години, сега уствари направил добра пара, па тогаш автоматски се наметнува како проблем дека тукашниве услови се пречката.

Ние уствари нашава Македонија си ја третираме како да ни е викендица, а не дом. Се понашаме како домот да ни е некаде надвор, а ова ни  место за одмарање па не работиме нешто многу, него само колку што е потребно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Mar-2009 at 20:12
Originally posted by lslcrew

Директно да се обвини менталитетот мене ми делува како кревање раце, како ништо не зависи од нас такви сме, толку ни сече и крај! Ајде да се фрлиме сите мтв! Факт е дека менталитетот не креира политка. Народната маса е флотантно тело, пластелин кој треба да го обликуваат нговите лидери. Кај нас треба јасно да им се даде до знаење на луѓето дека неможе владтаа да ни кречи во влезовите. Незнам уствари.... може би сме премногу скромни како поединци, па не ни треба многу, некако садисти сме, апатизирани! А од друга страна па се ќути за било какви политичлки промени. Нити штрајк, нити ништо потполна индиферентност. Просто да си помислиш дека е ова скандинавска земја, а не земја со перманентна криза. А од друга страна па кога ќе видиш некој што се иселил од државава пред неколку години, сега уствари направил добра пара, па тогаш автоматски се наметнува како проблем дека тукашниве услови се пречката.

Ние уствари нашава Македонија си ја третираме како да ни е викендица, а не дом. Се понашаме како домот да ни е некаде надвор, а ова ни  место за одмарање па не работиме нешто многу, него само колку што е потребно.


Не е тоа дигање раце туку директно посочување на проблемот. Значи место да се губи време барајќи го проблемот на друго место секој треба да фати да си го чисти својот двор вклучувајќи ги и Скопјани. Решението коа го нудам погоре мислам дека е кристално јасно. Секој дел од земјата треба да си ги согледа своите компаративни предности и да профитира врз основа на нив. А не зајадливо да глеаме кој што имал во другата општина или пак во главниот град.

Погоре го дефинираш народот како стадо овци на кое му треба пастир. Но всушност за жал не си далеку од реалноста и затоа толку тапкаме во место, бидејќи наместо секој да земе иницијатива во свои раце го чека пастирот. А Скопје иако на прв поглед изгледа поперспективно е всушност местото со најголема концентрација на овци.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Mar-2009 at 20:31
Originally posted by lslcrew

Директно да се обвини менталитетот мене ми делува како кревање раце, како ништо не зависи од нас такви сме, толку ни сече и крај! Ајде да се фрлиме сите мтв! Факт е дека менталитетот не креира политка. Народната маса е флотантно тело, пластелин кој треба да го обликуваат нговите лидери.

Менталитетот е подложен на промени! Тоа не е воопшто во спротивност со тоа што го кажуваш за лидерите (сосема точно е дека тие треба да одиграат значајна улога), но има и безброј други фактори. Мислам дека во моментов најслаба алка покрај политиката/лидерите ни е домашното воспитување и треба добро да се изанализира зошто толку катастрофично потфрла тоа.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4882
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Mar-2009 at 20:51
Јас и друг пат се жалев нешто за Скопје (не реков дека имате земјотрес, а ние немаме аеродром LOL), и баш ми предложи некој (не се сеќавам кој) да отворам нова нишка за таа тема, но од немукает ете заборавив. Како и да е, мислам дека Dragan многу екстремно настапи, но факт е дека во Скопје се инвестираат повеќе пари отколку во остатокот од цела држава заедно. Не е проблем што се инвестираат приватни пари таму, сепак најголем град е, логично е тоа, туку проблемот е во тоа што многу државни пари се слеваат таму, што доведува до тоа цела држава да се чувствува потценета, а скопјани да мислат дека останатото е провинција, а Скопје метропола (за провинцијата е до некаде вистина, но второто е тотална делузија). Во секоја држава не-баш-многу-развиена, освен Словенија и некои други среќници, има најголем град кој ги привлекува сите инвестори, додека останатите градови се помалку привлечни, и е логично. Тој аспект не мислам да го дискутираме бидејќи сето тоа е пазарна економија, бла бла, нормално нема да изградат џиновски рамстор во Демир Хисар, тоа е приватен капитал, секој си гледа финансиски интерес, и нема зошто да се жали некој... единствено за жалење е зошто градоначалникот е неспособен да привлече инвестиции, но и тоа не зависи од градоначалникот толку.

Мислам дека тоа што сакаше Dragan да го каже, е зошто со државни пари се форсира некој регион повеќе од другите? Ај да е локал патриотизам, но ни премиерот не е скопјанец, ни соодветните министри, а сепак државните пари се инвестираат во најголем дел во Скопје (стадионот, салата, обиколницата и ред други работи). Скопје е центар на СК-ГВ-ТЕ-ВЕ-КУ-итн... метро зоната - дом на 70% од населението на цела држава, но сепак мора да се фрла и по некоја коска настрана, а тоа се прави само во Охрид (музеи, реставрации, обиколница), 'бисер балкански', но и тоа е оправдано морам да признам. Но ете, патиштата во источна Македонија буквално се распаѓаат, стадионите во цела држава се распаѓаат, а во Скопје се градат скулптури начичкани на секој чекор, музеј на холокаустот, на ВМРО, филхармонија, театар итн... За споредба во нишката проекти видете колку државни проекти се во Скопје, а колку во остатокот на државата.

Иако го изнакажав сево ова, не знам што во суштина ми е поентата на постот. Навистина е така, но не може да се очекува ни никако поинаку. Државата има доволно пари да се изгради сè што треба, но тоа бара рискантни потези што ја загрозуваат стабилноста на економијата на државата и треба да се проучат темелно, но кој би се нафатил на такво нешто, ем е тешко, ем ако не успее ќе им нурне политичкиот рејтинг. Сепак, може да се подизгради нешто и друго место, освен во Скопје. Дали еден споменик спонзориран од државата во Демир Капија или Пехчево би штетел нешто? Ако ништо друго, ќе им порасне рејтингот, 10 нови гласачи, 10, и тоа е нешто.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Mar-2009 at 21:18
Види вака јас погоре спомнав иу се пак како аргумент ќе нафрлам. скопје креира 70% од БДП, но во никој случај 70% од парите не заврли во Скопје и скопскиот регион. Така да мислам дека Скоје како град и околина околу него е регион од Македонија што има одлив на паари, а не прилив од другите места. Не сакам да се создаваат заблуди дека салата, музеи и стадион е направено со пари на други градови од Македонија.

Од друга страна па, неможе никој да го обвини Скопје дека не одлеало пари за другите градови што всушност не му е должност ниту законска ниту морална.

Патиштата од источна Македонија кои ги кажа, тука си донекаде ово Право. Тие се објекти од национален односно директно-државен интерес и колку што знам се во фаза на изградба голем број, еве и денеска имаше некоја лопата у радовиш.

Мене идејата уште од првиот пост кога го пишав јасно кажав. Ќе ве молам да не навлагаме у вакви ситници и само итеративно се тегнеме за јазик еден со друг. Ќе ве молам да го глдаме проблемот макроскопски и не од локална перспектива. Малку од небо глејте ја Македонија и обидете да дадете предлози за корекции на тоа што не ви се свиѓа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Mar-2009 at 21:26
@гитар.

Нарочно погоре дефинирав што е рамномерен регионален развој. Тој не се мери во тоа колку државно финансирани скулптури се насадиле во кој град. Напротив тоа е едно бахато трошење на државни пари кое е грешно да се случува и во Скопје и било каде (во оваа мера). Рамномерен регионален развој се дефинира како создавање предуслови една општина да може да се развива.

Гледано од овој контекст јас не знам како Скопје е преферирано од државата пред некои од градовите кои ги набројав погоре. Пропорционално гледано со големината на население Скопје многу повеќе кубури со елементарна инфраструктура отколку некои од другиве градови. Срамота е што обиколницата се гради дури денеска, Загреб има иста таква изградено во 80те години.

Ако го ја иземеме моменталната владина еуфорија на градење на разни чудни работи по Скопје (кои навистина се собраа многу во краток период) навистина не гледам простор за завист кон Скопје.


Edited by pbanks - 21-Mar-2009 at 21:26
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Mar-2009 at 20:32
Еве видете Велешани како се амбицирале

Клипов на А1 е Crazy


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Apr-2009 at 20:52
Меѓуопштинската соработка што е битен предуслов за регионалната, па и за соработката на меѓународен план најочигледна е во работењето на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) основана во 1972 г., а реконструирана во 1996 г. чија основна цел е да ги подобри принципите врз кои е поставена локалната самоуправа, да ги обедини единиците, да биде нивен претставник и лобист во процесот на децентрализација, како и претставник во централната власт и во меѓународните институции.

...

Ако се анализира инвестиционата потрошувачка во нашата земја по општини, ќе се констатира дека поголемиот дел од инвестициите се реализирани на подрачјето на Скопје, како и во некои други поголеми градови, и тоа, во основа, за изградба на инфраструктурни и станбено-комунални објекти. Ваквото насочување на инвестициите е присутно во целиот транзиционен период. Само за илустрација, во 2001 година според структурата на инвестициите по општини,

  • во Скопје со своите пет општини, (според старата поделба на општините), се реализирани 67,1% од вкупните инвестиции во основни средства на сите правни субјекти во Република Македонија. При ова упатно е да се истакне дека населението од овој регион учествува со 27,99% од вкупното население, според пописот од 1994 година. Значи, учеството на инвестициите во овој регион е нешто поголемо од две третини, а учеството на населението е помало од една третина.
  • Во Пелагонискиот регион во кој се вклучени општините Битола, Прилеп и Демир Хисар, реализирани се 7,29% од вкупните инвестиции, а населението учествува со 10, 89% во вкупното население.
  • Учеството на Полошкиот регион, во кој се опфатени општините Тетово и Гостивар во инвестиционата потрошувачка изнесува 6,1%, а во населението 14,6%.
  • Во Штипско-струмичкиот регион во кој се вклучени општините Штип, Радовиш, Кочани и Струмица, инвестиционата потрошувачка изнесува 4,6% од вкупната инвестициона потрошувачка во земјата, а учеството на населението во вкупното население изнесува 11,3%. Значи во овие четири условно кажано региони реализирани се 85% од вкупните инвестиции во основни средства во последната година за која се располага со официјални статистички податоци.
  • Останатите 15% од инвестициите во основни средства се однесуваат и тоа: 2,95 за Охридско-преспанскиот регион (Охрид, Струга, Ресен); 
  • 3,1% за Велешко-кавадаречкиот регион (Велес, Кавадарци и Неготино);
  • 3% за Валандовско-гевгелискиот регион (Валандово и Гевгелија);
  • 2,9% за Кумановско-кривопаланечкиот регион (Куманово, Крива Паланка, Кратово и Пробиштип) и т.н.

Изнесените податоци за 2001 година битно не се разликуваат од податоците за пртходните години. Овие податоци недвосмислено укажуваат на неповолната регионална структура на инвестициите во основни средства во нашата земја. Ваквата структура на инвестициите не придонесува за посоодветен регионален развој. Оттаму се наметнува неопходноста од изработка и донесување стратегија (програма) за регионален развој, во која покрај другите прашања, ќе биде опфатено и прашањето за создавање основни претпоставки и услови за посоодветна регионална алокација на инвестициите, како основен фактор за подинамичен и порамномерен регионален развој во Република Македонија.

2003 - www.fes.org.mk/pdf/razvoj.pdf

да нема забуни ова горниов цитат е чисто информативен и се однесува за периодот пред стапувањето на сила на законот за регионален рамномерен развој, инаку ова со инвестиционата потрошувачка (инвестиции) исто не треба да внесува забуни околу тоа дека ова со процентите е резултат исклучиво на државен интервенционизам, донекаде да но исто тоа учевство е рамномерно распределено исклучиво според демографски аршин. во поголем дел за тој период оваа инвестициона потрошувачка е резултат  на ангажираност на приватниот сектор, односно инвестиции од дома и надвор во одреден регион!

јасно бројот на инвестициите во минатите години имаат пораст, но мислам дека процентуалниот сооднос по регион е горе доле ист. во секој случај како бројка инвестициите растат, иако следниов период од година до две мислам дека нема нешто да донесе особено зголемување на истите, јас би бил задоволен доколку се успее (во налетот на хистерија од светската економска криза) да се задржи бар пола од ланското ниво, но не се надевам доколку продолжиме со позитивни  политичко економски маневри за земјава уште од година повторно да кренеме глава...

во секој случај како директен интервенционизам од страна на државата мислам дека има бар на хартија добри услови за рамномерниот регионален развој, и законски и институционално! но како и секој почеток особено во вакво време повеќе од јасно е дека нема да видиме некој особен бум во сите региони, но постепено би требало се да си дојде на свое место во следната декада!

за поздрав е волјата на владата за инфраструктурни инвестиции во државата со што би се кренал во иднина и регионалниот развој индиректно, но и би се одржувало и понатаму во добра кондиција БДПто, директно преку инвестициона потрошувачка на буџетот и заемите од надвор за инфраструктурата. ова е добро но не и доволно, мора да се продолжи со агресивна кампања за приватни инвестиции во МКД, но најпрво со анимирање нашите сонародници од надвор кои верувам дека доколку најдат плодна почва во земјава дека истата ќе се нафатат да ја работат...

ЗАКОН ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ - www.mls.gov.mk/MLS/FileStorage/File/Zakoni/Zakon%20za%20regionalen%20razvoj.pdf

Подзаконски Акти - www.mls.gov.mk/default.aspx?id=176&sm=176

ОДЛУКА ЗА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ СПОРЕД СТЕПЕНОТ НА РАЗВИЕНОСТА ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2008 ДО 2012 ГОДИНА

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Apr-2009 at 21:25

За регионалниот развој 40 милиони евра годишно

Во иднина нема да се фаворизира само Скопје туку ќе се мисли и на запоставените области

Државата ќе го форсира регионалниот развој со најмалку 40 милиони евра годишно, што претставува 1% од бруто-домашниот производ. Тоа се минимум пари за да се постигнат некакви ефекти во намалување на изразените регионални разлики меѓу градските и селските средини.

70 % од парите ќе бидат наменети за регионални општински проекти, 20 % за подрачјата со специфични потреби (национални паркови, културно-историски споменици...), а 10 % за развој на селата. Во иднина нема да се фаворизира само еден центар - Скопје туку ќе се мисли и на економскиот напредок на запоставените области. Ова се некои од новините во финалната верзија на законот за рамномерен регионален развој што ја помина владината, а сега е во собраниска процедура.

Предлогот предвидува зголемување на скромните кадровски капацитети на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за стопански недоволно развиени подрачја со уште 20 нововработени државни службеници. За нивните плати од Буџетот секоја година ќе се издвојуваат по 120.000 евра. На товар на централната и на локалните каси, во сооднос пола-пола, ќе бидат и платите на најмалку 40 вработени во осумте центри за развој на планските региони. Општините сами ќе го финансираат вработувањето на осуммина раководители во центрите за регионален развој, а за изборот ќе решаваат градоначалниците. Најголемите реакции на опозицијата кога се разгледуваше првата фаза од законот беа токму новите вработувања. Партиите од опозицискиот блок изразија сомневања дека власта има намера преку закон да темпира партиски вработувања.

„Имаме преземено обврска од Европската унија за јакнење на капацитетите во Министерството за локална самоуправа и ние тоа ќе го направиме. Не држат аргументите за партиски вработувања. Централната власт нема да се меша во изборот на градоначалниците за тоа кои лица ќе бидат вработени во центрите“, изјави министерот за локална самоуправа, Зоран Коњановски.

Во Министерството за локална самоуправа објаснуваат дека концептот на законот има за цел да создаде осум региони за економско планирање кои ќе ги следат границите на осумте статистички области во Македонија. Намерата е, вели министерот за локална самоуправа, да се научиме да работиме проектно и плански оти нема да се снајдеме. Најголема по територија е Пелагониската област со 4.900 квадратни километри, а по број на население Скопската со 578.000 жители. Осумте региони немаат никаква допирна точка со кантоните, како начин на внатрешно уредување во една држава. Напротив, ќе имаат исклучиво економска, а не политичка функција.

Науката смета дека само со рамномерно развивање може да се стопираат, а во догледно време и да се намалат огромните разлики меѓу регионите. „Статистичкиот мозаик ќе биде своевидна лична карта на сите региони во географска и во регионална смисла. И тука ќе бидат вистинските одговори како да се развива државата во иднина, а што е уште поважно каде и во што да се насочуваат парите“, вели професорката Гордана Силјановска-Давкова.

Предлогот на Владата е да се формира национален совет за рамномерен регионален развој и на осум плански совети, по еден за секој од регионите. Врховниот совет ќе го формира Владата, а со ова 17-члено тело ќе раководи вицепремиерот задолжен за економски прашања.

Утрински - Катица Чангова - 24.04.2007

ова со процентот на учество да не го буни некого тие минимум 40 милиони евра за финансирање на регионалниот развој како сооднос од 1% во однос на БДПто се ралативни, пример за 2008 би било 0,5 % од БДПто, значи нема да се двои фиксно 1% од БДПто за рам.рег.раз. туку минимум 40 мил. евра.

она што малку ми боде очи од горниов текст е малиот процент од тие одобрени средства кои би оделе за селата, но и за национални паркови и културни споменици! со ваков пристап никогаш нема да се развие ниту алтернативен туризам а камо ли пак елитен! овие области мораат особено да се форсираат како би добиле и реално средена понуда за културен но и алтернативен туризам!!! очигледно и јасно засега фокусот е повеќе свртен кон подршка на инфраструктурата во регионите, а дури покасно евентуално да се пренасочи фокусот на интерес, во секој случај има и други начини како да се форсираат поозбилно овие области и посеризно, директно преку самите одговорни министерства и институциите кои се задолжени за овие сектори. 

после донесувањето на законот во мај следен чекор беше формирање на совети на регионите за на крајот да се обединат истите во национално координативно тело...

Конституирани осум совети за рамноправен регионален развој



Направен првиот чекор во имплементација на Законот од кој се очекува да се создадат услови

Конституирани се осум совети за рамноправен регионален развој во Македонија кои ќе ги водат градоначалници. Претседател на Скопскиот регион е градоначалникот на Општина Гази Баба, Коце Трајановски, на Вардарскиот Аце Коцевски од Општина Велес, а со Полошкиот ќе раководи првиот човек на Тетово, Хазби Лика. Одговорни за Источниот и за Југоисточниот совет ќе бидат челниците на Кочани и на Струмица, Љубомир Јанев и Зоран Заев, додека Североисточниот и Југозападниот плански регион ќе биде во надлежност на претседателите Зоран Дамјановски и Александар Петрески, инаку градоначалници на општините Куманово и Охрид. Финализира и постапката за избор и на претседателот на осмиот, Пелагонискиот регион на чие чело застана градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Формирањето на советите е прв чекор во имплементацијата на Законот за рамномерен регионален развој за кој се очекува да создаде услови за поттик на рамноправниот развој на Македонија. Интенцијата е инвестициите да се слеваат не само во Скопје, како што се случуваше досега, туку и во провинцијата која на тој начин ќе добие шанса подеднакво да се развива.

Според законските обврски, претстои формирање и на највисокото тело - национален совет за рамноправен регионален развој што ќе го сочинуваат 18 лица, осумте градоначалници - претседатели на советите на планските региони, претседателот на асоцијацијата на општините - ЗЕЛС и девет министри кои ги водат ресорите поврзани со рамноправниот регионален развој. Следува и преструктурирање на сегашното Биро за стопански неразвиени подрачја во Биро за развој на рамноправниот регионален развој.

Имплементацијата на Законот за рамномерен регионален развој е предуслов за европско партнерство и прием во Европската унија. Во согласност со европските стандарди, Македонија влегува во групата на држави до три милиони жители, која подразбира национална стратегија за рамномерен регионален развој што би се водела на осум плански региони од 150.000 до 800.000 жители.

Според статистиките, Скопскиот регион со 17 општини и 579.000 жители е најголем, бидејќи се концентрирани 28,6 проценти од вкупното население, распространет е на 7,2 отсто од територијата и со најмала стапка на невработеност - околу 30,4 отсто и со најмногу регистрирани економски и стопански субјекти - 67.686. Наспроти ова, во Вардарскиот регион со седум општини и 133.000 жители има најмала концентрација на население - 6,6 проценти на 13,8 отсто од територијата на државата, со најголема невработеност - 48,6 отсто и најмалку регистрирани субјекти -9.844. На Пелагонискиот регион му се заканува опустошување, бидејќи стапката на наталитет има негативен предзнак - 0,23 отсто и најголем е индексот на стареење - 0,8 проценти со 49 жители на квадратен километар, што е трипати помалку од Полошкиот регион (80 жители на еден километар на државно ниво).

Диспаритетите по региони се изразени и преку приходот по жител. Во Скопје приходот по жител изнесува 10.090 денари, а во другите региони од 4.052 до 4.580 денари. Има огромни разлики и во капиталните инвестиции кои во Скопскиот регион се позиционирани на 4.532 денари, а во другите региони изнесуваат 1.490 денари по жител.

Утрински - 28.07.2007

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Apr-2009 at 22:12

Originally posted by beTon

За регионалниот развој 40 милиони евра годишно

Во иднина нема да се фаворизира само Скопје туку ќе се мисли и на запоставените области

Државата ќе го форсира регионалниот развој со најмалку 40 милиони евра годишно, што претставува 1% од бруто-домашниот производ. Тоа се минимум пари за да се постигнат некакви ефекти во намалување на изразените регионални разлики меѓу градските и селските средини.

ова со процентот на учество да не го буни некого тие минимум 40 милиони евра за финансирање на регионалниот развој како сооднос од 1% во однос на БДПто се ралативни, пример за 2008 би било 0,5 % од БДПто, значи нема да се двои фиксно 1% од БДПто за рам.рег.раз. туку минимум 40 мил. евра.

колку лоша интерпретација околу директното (законски обврзувачки за државата) финансирање на регионалниот развој. малку и јас останав збунет од самата таа недореченост па пробав да појаснам дека тој процент денес е помал во однос на сразмерот 40 мил во однос на БДПто. она што фали во текстот од утрински весник е поентата дека минимумот инвестиции од државата ќе биде 1%, што значи дека за 2008 тој минимум бил 70 мил. евра со оглед дека и БДТПто на државава беше каде каде поголемо, но затоа пак годинава сигурно ќе си дојде повторно на свое во однос на БДПто од 2007 Smile се надевам не за долго, иако е прилично рано да се прогнозира колку ќе биде овој лимит надминат... еве поточно инфо околу ставката минимум 1% од БДП за РРР:

РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Целите на политиката на рамномерен регионален развој коишто ги постави Владата, а се преточени во односниот закон, се следниве:

  • рамномерен и одржлив развој на целата територија на Република Македонија, заснован врз моделот на полицентричен развој;
  • намалување на диспаритетите помеѓу и во рамките на планските региони и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани;
  • зголемување на конкурентноста на планските региони преку јакнење на нивниот иновациски капацитет, оптимално користење и валоризирање на природното богатство, човечкиот капитал и економските особености на планските региони;
  • зачувување и развивање на посебниот идентитет на планските региони, како и нивна афирмација и развој;
  • ревитализација на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби;
  • поддршка на меѓуградската и прекуграничната соработка на единиците на локалната самоуправа во функција на поттикнување на рамномерен регионален развој.

Со овој закон се воспоставува систем на планирање на развојот на државата преку планирање на развојот на одделни плански единици (плански региони), со директна вклученост на единиците на локалната самоуправа во донесувањето на одлуките. Политиката на регионалниот развој обезбедува транспарентност во постапката на распределба на средствата, но што е исто така многу важно е тоа што со имплементацијата на овој закон општините заедно со централната власт ќе го планираат развојот на подолг временски период, но и ќе подготвуваат квалитетни проекти кои би биле конкуретни и пред ЕУ.

Планските региони во Република Македонија, како функционално територијални единици за потребите на планирањето на развојот и реализација на мерките и инструментите за поттикнување на развојот се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3 (Службен весник бр. 158/2007), со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на регионите. Република Македонија има 8 плански региони. Во прилог се планските региони и општините кои припаѓаат во одредени плански региони како и основни податоци за нив.

За поттикнување на регионалниот развој, Владата одлучи од буџетот на Република Македонија годишно да се издвојуваат средства во висина од најмалку 1% од БДП или околу 50 милиони евра годишно и оваа своја одлука ја преточи во закон (член 27, став 2 од Законот за рамномерен регионален развој). Финансиските средства се непходни за да се поттикне развојот на планските региони и да се обезбеди намалување на диспаритетите помеѓу планските региони. Распределбата на средствата за поттикнување на рамномерениот регионален развој ќе се одвива по следнава формула (според членот 29 од Законот за рамномерен регионален развој):

  • 70% за финансирање проекти за развој на планските региони,
  • 20% за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби,
  • 10% за финансирање проекти за развој на селата.

Со оваа политика ќе се воспостават атрактивни плански региони коишто ќе привлечат странски инвестиции кои ќе значат нови работни места, а со тоа и намалување на стапката на невработеност во државата.

www.kocetrajanovski.com.mk/index.php/razvoj/56-razvoj

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Apr-2009 at 22:32

Регионалниот развој - процес на збиднувања кои влијаат врз структурните промени во општеството

Новата политичка констелација, техничкиот развој и глобалната поврзаност се битни фактори кои имаат значително влијание врз организацијата и создавањето на нови контури не само во Западна Европа, туку и во другите делови.

Рапидниот развој на глобалната економија ќе определи нова мрежа на врски и ќе етаблира нови соодноси помеѓу корпорации, граѓани, градови и региони низ целиот свет. Тековниот процес на европската интеграција поставува пред развојната политика задачи на супранационално ниво. Растечкиот комплекс на социо-економските и физичките промени бара истражување на перспективи со помош на планирањето и менаџментот. Во тој контекст изработка на планови или програми на регионалниот развој претставува една еминентна социополитичка интеракција и општествено структурирање, бидејќи таа ги открива структурите кои стојат во неговата основа, идентификува насока на акции/активности и ги скицира нивните рамки. Исто така, ова е активност (планирање) со која се доведуваат во врска научнотехничкото знаење (вклучувајќи го и научнотехничкиот прогрес како една од основите на растот и развојот) и акции во јавната сфера, со намера да се предизвика процес на збиднувања кои влијаат врз структурните промени во општеството.

Меѓу сите други управувачки механизми, оваа активност (планирањето) има најважна улога во одржувањето на стабилноста на системите: политички, економски и еколошки. Порастот на значењето на амбиенталниот комплекс, односно нарушувањето на старите социополитички рамнотежи и воспоставувањето на нови во врска со тоа, најмногу ќе влијае врз дефинирањето на новата улога на планирањето и новите пристапи. Во таа смисла плановите може да помогнат парадигмата на одржливиот развој да го оствари своето рационално јадро и продуктивниот потенцијал.

Процесот на актуализирање на регионалниот економски развој во Република Македонија е во тек. Целта на ваквите заложиби е поврзана со неколку причини, меѓу кои високо место заземаат стандардите на ЕУ како и трендот кај сите европски земји кон регионални структури кои се фокусираат на урамнотежен развој на регионите и земјите во целата Унија. Задачата на стратегијата за регионален развој е да се создаде конзистентен систем на цели, институции и инструменти за урамнотежување на социјалниот и економскиот развој на целата територија на земјата преку интегрирање на општите (национални интереси), регионалните и локалните (посебни интереси) во спроведувањето на ефикасен, урамнотежен и одржлив економски развој.

Развојот, усовршувањето и унапредувањето на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој се дел од приоритетите на Владата, при што првичните чекори се креирање на соодветна правна и институционална рамка заради обезбедување урамнотежен регионален развој на земјата и создавање услови за локален развој.

За потребите на планирањето на регионалниот развој и реализацијата на мерките и инструментите за рамномерен регионален развој, со Законот се воспоставуваат плански региони.

Планските региони се единиците на НУТС 3 ниво утврдени со акт на Владата на Република Македонија за утврдување на номенклатура на територијални единици за статистика - НУТС.

Планските региони не се административно- политички, туку функционално-територијални единици за потребите на планирањето и реализацијата на регионалниот развој. При утврдувањето на регионите се почитува дефиниран систем на критериуми. Согласно со постојната номенклатура во Република Македонија постојат осум статистички региони кои со Законот се утврдуваат како плански региони.

Во рамките на планските региони ќе бидат идентификувани подрачја со специфични развојни потреби, согласно со утврдените критериуми и индикатори.

Планирањето на регионалниот развој се предлага да се врши со два плански документа, и тоа: Стратегија за регионален развој и Програма за развој на планскиот регион.

Во Законот како носители на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој се утврдени: Владата на Република Македонија, Советот за рамномерен регионален развој, Министерството за локална самоуправа и Советите за развој на планските региони.

Во контекст на зголеменото комуникациско значење во процесот на изработка на планови или програми за развој, отворени се нови можности да се добие улога на механизмот за постигнување на политичка интеграција на дадената планска заедница, каде во тој случај би било неопходно да се изгради соодветна (планска) симболичка/семантичка структура околу која заедницата може да биде мобилизирана и да постигне консензус.

Глобалните проблеми на денешниот свет наметнуваат долгорочно согледување на последиците на нашите активности во просторот. Во условите на голема нестабилност, планирањето мора да биде посебно приспособливо така што ќе вклучи проверка, модификација и ревизија. Задача на планот не е детално дефинирање на природата, големината и условите на појавата која треба да се случи, туку да воспостави процедура, односно рамка која ќе овозможи насочување на појавите во саканата насока. Заради тоа основната цел на планот или програмата за развој е да определи насока на социо-економските, политичките и физичките промени. Со тоа се остварува можноста за следење на реализација на програмата како и метод за избор помеѓу можните опции на развој. Меѓутоа, социо - економските услови и актери на промените се варијабилни, така што и целите и задачите врз кои е базирана програмата, исто така, мора да се менуваат. Задоволителна форма на програмата би требало да обезбеди континуитет на процесот, постојана повратна спрега од следење на програмата до модификација на целите и формулирање на алтернативните стратегии.

Доколку програмата за регионален развој се дефинира како рационален избор, се тргнува од претпоставката дека е можно да се воспостави јасна врска помеѓу причините и последиците, односно дека е можно да се дефинира вредносно неутрален, објективен и рационален процес кој опфаќа собирање на сите потребни информации и рационално определување на програма/политика која ќе овозможи реализација на поставените цели. Програмската варијанта избрана врз база на проценка на трошоците и придобивките се реализира, а процесот на повратната информација преку следење на реализацијата овозможува корекции и подобрувања.

Основата на регионалните програми ја сочинува јавниот интерес за кој се претпоставува дека најдобро може да се процени преку техники на вреднување кои ги преземаат изработувачи на програма. Програмата се третира како механизам за координација на влијанието на јавната и на приватната употреба на сите ресурси и набљудување на идните последици.

Програмата за развој претставува повеќесекторски приод. Ангажирањето на локалните фактори во процесот на изработка на програмата и имплементација, претставува витален елемент во националните системи на планирање. Програмата се повикува на методите што јавниот сектор во голема мера ги користи за да влијае врз идната организација и унапредување на активностите во регионот.

ЦЕЛИ НА ПОЛИТИКАТА НА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Политиката на регионален развој не е образец или рецепт, бидејќи за одржлив развој не постојат рецепти. Таа претставува рамка за управување со регионалниот развој кој се карактеризира со етаблирање на единствен систем и дефинирање на јасни стратешки насочувања:
  • поттикнување на развој на локално ниво при почитување на принципот на партнерството;
  • елиминирање на причини на развојните потешкотии во оние подрачја кои заостануваат во развојот;
  • прекугранична и меѓурегионална соработка, како еден од важните развојни приоритети. Регионалната политика се смета како интегрален дел на севкупната политика на одржливиот развој и компетитивноста. Дополнителен фактор кој влијае врз порастот на значењето на политиката на регионален развој е и пристапот во ЕУ. Според Законот за рамномерен регионален развој (чл. 3), цели на политиката за поттикнување на рамномерен регионален развој се:
  • рамномерен и одржлив развој на целата територија на Република Македонија, заснован врз моделот на полицентричен развој;
  • намалување на диспаритетите помеѓу и во рамките на планските региони и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани;
  • зголемување на конкурентноста на планските региони преку јакнење на нивниот иновациски капацитет, оптимално користење и валоризирање на природното богатство, човечкиот капитал и економските особености на различните региони;
  • зачувување и развивање на посебниот идентитет на планските региони, како и нивна афирмација и развој;
  • ревитализација на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби;
  • поддршка на меѓуопштинската и прекуграничната соработка на единиците на локалната самоуправа во функција на поттикнување рамномерен регионален развој.

Порта3 - д-р Бранко Василевиќ, дипл.ек, експерт просторен планер - бр 90
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Apr-2009 at 17:00

текстов можеби е повеќе за во нишката Туризам во МК , но заради потенцирање на значењето од законот за рамномерен регионален развој како мотор преку кој треба да се иницираат и придвижат сите стопански гранки, го постирам тука. со законов дефинитивно се отвора процес за заедничко делување на сите културни и економски региони, само треба некој постојано да форсира, еве германциве како фондација тоа и го започнале, само мислам дека главен диригент треба да биде самата власт...   

www.gtzredem.com.mk

Засакајте ја Македонија - Интервју  со Јенс Адлер, ГТЗ РЕД

Проектот Туристички промотивни денови на ГТЗ РЕД во фокусот ја има туристичката промоција на регионите во Македонија. За повеќе детали околу овој проект разговаравме со Јенс Адлер, тим-лидер за регионален економски развој во ГТЗ

Форум: Што претставуваат Туристичките промотивни денови на регионите?
Адлер: Дозволете ми да го започнам одговорот со следниве прашања: Дали знаете дека во с. Беловиште во Општина Јегуновце постојат едни од највисоките и најимпресивни водопади во Македонија? Или, пак, дали знаете дека во околината на Пехчево постојат Чабуковските водопади кои се пристапни за посетителите? Знаете ли можеби за Спомен-куќата на Михајло Пупин во Вевчани? Можеби сте слушнале за Големото венчавање под Колешинските водопади во Општина Ново Село? Не! Такво е и нашето искуство и искуството на нашите партнери. Многу луѓе во и надвор од Македонија не знаат за постоењето на овие преубави локалитети и традиции во Македонија. Ние сакаме ова да го промениме со регионалните промотивни денови! Слоганот на настанот е: Дојдете во Мала станица и за време на Вашата посета ќе имате можност да ги доживеете срдечноста и ентузијазмот на луѓето кои ја комбинираат спектакуларната природа, исклучителната традиција и историјата, како и вкусовите на 4-те региони во интересна туристичка понуда. Ова е слоганот на вторите по ред регионални промотивни денови што се одржуваат на 12 и 13 декември во Мала станица, Скопје.

Каков е концептот на овој настан?
Оваа година фокусот е на презентација на туристичките потенцијали на регионите со цел да се промовираат регионите и особено нивните туристички активности, ракотворби и специјална храна (деликатеси) и притоа да се зголеми свесноста кај донесувачите на одлуки за капацитетите на регионално ниво за регионален развој. Станува збор за настан организиран заеднички од страна на новоформираните совети и центри за развој на четирите од вкупно осум планско-развојни региони (Источен, Југоисточен, Полошки и Југозападен). Околу 100 изложувачи од регионите доаѓаат во Скопје да ја презентираат својата понуда на приближно 800 квадратни метри изложбен простор.
Германското друштво за техничка соработка (Deutsche Gesselschaft für Technische Zussamenarbeit (GTZ) GmbH) во име на германската Влада го поддржува овој настан во рамките на својата нова програма за Регионален економски развој во Македонија (ГТЗ РЕД). Акценти на Програмата на настанот, покрај свеченото отворање на кое се поканети министерот за локална самоуправа и германскиот амбасадор во Република Македонија, се: форумот, каде што политичари и високорангирани експерти ќе дискутираат за предизвиците на рамномерниот регионален развој во РМ; потоа регионалните презентации во петок и сабота, каде секој од четирите региони ќе подготви посебна презентација на туристичката понуда како и дегустација на специјалитети од регионите предвидена за в сабота. Исто така, би сакал да го истакнам дополнително изборот и наградата за најдобар изложбен штанд на крајот на саботното попладне. Посетителите ќе треба да се изјаснат со своја оцена кој од штандовите најмногу им се допаднал. Врз основа на гласањето на посетителите ќе бидат избрани и наградени четири штанда (по еден од секој регион).

Што сметате дека најмногу ќе ги привлече посетителите?
Посетителите дефинитивно ќе имаат корист од Регионалните промотивни денови притоа искусувајќи ја понудата претставена таму. Но, истовремено ќе има и мала лотарија, при што од добиените ливчиња за гласање од посетителите, ќе бидат извлечени неколкумина кои ќе добијат награди. Какви награди? - Дојдете во Мала станица и ќе бидете изненадени! Притоа, се надеваме дека многу луѓе ќе дојдат барем накратко и ќе ја погледнат понудата на регионите и на тој начин ќе научат повеќе за својата убава земја. На овој начин, преку зголемувањето на атрактивноста за домашните туристи, веруваме дека ќе се придонесе за привлекување и на повеќе туристи од соседните земји и пошироко од Европа.

Споменавте дека настанот е поддржан од страна на ГТЗ во рамките на Вашата нова програма. Дали може да ни кажете нешто повеќе за програмата ГТЗ РЕД?
ГТЗ РЕД е кратенка за Регионален економски развој во Македонија и ова е насловот на новата програма што ГТЗ ја спроведува по налог на германското Федерално министерство за економска соработка и развој (БМЗ), од почетокот на 2008 г. Програмата е развиена врз база на барањето на македонската Влада за да се поддржат нејзините напори поврзани со регионалниот економски развој, истовремено како важен елемент во тековниот процес на приближување на земјата кон ЕУ, но исто така и основен предуслов за постигнување на својата долгорочна цел за рамномерен и одржлив регионален развој внатре во земјата. Затоа, главната цел на Програмата е да ги поттикне одговорните институции да си ги исполнат своите задачи ефикасно, со цел поддршка на рамномерниот регионален економскиот развој во согласност со политиките на ЕУ. Програмата ГТЗ РЕД ги спроведува своите активности во четири од осумте новоформирани планско-развојни региони, Источен, Југозападен, Југоисточен и Полошки, и при тоа опфаќа 43 општини, покривајќи речиси половина од територијата на земјата, со вкупно население од околу 880.000 жители.

Кои партнери соработуваат со Вашата програма?
Главни партнери на Програмата се: Министерството за локална самоуправа, Националниот совет за регионален развој и ЗЕЛС на национално ниво и регионалните совети, регионалните центри, како и општините, невладините организации и организации на приватниот сектор на регионално и локално ниво. Но, исто така, ние соработуваме и ги координираме нашите активности со другите меѓународни организации.
Програмските активности се базираат на три компоненти: советување во однос на политиките и јакнење на капацитетите за регионален развој на национално ниво; јакнење на капацитетите на регионалните совети и центрите за регионален развој; како и подобрување на деловната клима и ефикасна употреба на алатките за локален и регионален економски развој. Тоа вклучува повеќе услуги, како на пример поддршка за подготовка на стратешки документи, советодавни услуги, семинари, обуки, конференции, саеми и настани - како овој што наскоро треба да се случи, студиски патувања и институционален развој, како и финансиска поддршка за приоритетни проекти на регионално ниво.

Какво е влијанието на програмата ГТЗ РЕД? Дали веќе има видливи резултати?
Да, се разбира. Веќе постојат видливи резултати, и покрај фактот дека се наоѓаме на почетокот од спроведување на Програмата - времетраењето на првата фаза на Програмата е до 2010 г., а предвидена е и втора фаза до 2012 г., притоа имајќи предвид дека регионалниот развој во основа има првенствено видливо влијание на среден и долг рок. Еден од видливите резултати е дека четирите плански региони со поддршка на ГТЗ РЕД во 2008 г. ги изработија своите регионални развојни стратегии, т.н. Програми за развој на планските региони. Тие ја одредуваат визијата и целите на развојот на регионите, но исто така и потребните чекори за спроведување за да се постигнат зацртаните цели во предвидениот плански период. Притоа, треба да се има предвид дека регионите веќе започнаа со нивно спроведување. Друг видлив резултат е подобрената меѓуопштинска соработка и заемна доверба што веќе може да се почувствува само после една година делување. Ова резултираше со претходно споменатата заедничка изработка на планските документи, но уште повеќе преку заедничко спроведување на околу 25 развојни проекти во регионите со вкупна вредност од 15 милиони денари, што исто така беа финансиски поддржани од страна на ГТЗ РЕД. Дополнително, би сакал да го истакнам воспоставувањето на советите и центрите за регионален развој кое е при крај во сите четири планско-развојни региони, што е всушност голем успех бидејќи ова претставува институционална основа за идниот рамномерен регионален развој во Македонија во согласност со легислативата и процесот на приближување кон ЕУ.

Дозволете ми да дополнам дека ГТЗ има стекнато големо искуство во областа на локалниот и регионалниот економски развој во Македонија, бидејќи работиме на оваа тема веќе неколку години. Оние кои што би сакале да дознаат повеќе за резултатите и влијанието на нашите активности, но и за здобиените искуства од тој процес, би можеле да ја искористат нашата последна публикација Соработка за подобра иднина, трилогија од брошури на македонски, албански и англиски јазик која е достапна во нашата канцеларија.

Последно прашање, што друго поддржува ГТЗ во Македонија?
Сите програми и проекти на ГТЗ ја следат стратегијата на германската Влада за поддршка на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во нивните напори за интегрирање во ЕУ. Поради тоа, тие се фокусираат на следниве главни теми: одржлив економски развој, демократија, граѓанско општество и добро управување, како и заштита на животната средина.

Проектите што се спроведуваат се поврзани со: воведување на европските директиви во македонското земјоделство, јавно-приватно партнерство (ЈПП) и подобрување на услугите на комуналните претпријатија, реформа на даночниот систем и негово приближување кон ЕУ, поддршка за привлекување на инвестиции и извозот, транспозиција на техничките директиви на ЕУ, грижа и третман на лицата со посебни потреби и рамномерен регионален развој. Истовремено, би сакал да го промовирам и најновиот инструмент што ГТЗ го спроведува во речиси сите земји од ЈИЕ, отворениот регионален фонд (ОРФ). Главна цел на четирите постојни фондови е да ја зајакнат соработката помеѓу земјите од ЈИЕ преку заедничка соработка на теми од заемен интерес, како на пример реформа на правосудството, поддршка на трговијата и извозот, обновливи извори на енергија и реформа на јавната администрација.

Форум - Петре Димитров - 12.12.2008

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-Jul-2009 at 11:15

Штип како Манчестер, Гевгелија како Лас Вегас

Македонија не смее да ја повтори грешката на поранешна СФРЈ, кога одредени региони се развиваа турбо на сметка на други, кои намерно се држеа закржлавени

%20
Казина во Гевгелија, стоматолошки ординации во Струмица, текстил во Штип, лотарии во Охрид и во Струга, сокарници во Ресен...

Приближно вака би изгледала новата индустриска карта на Македонија доколку се реализира предлогот на бизнис-заедницата секој град и регион да развива своја наменска индустрија, според специфичностите, потребите и расположивиот потенцијал. Ако Штип со години важи за македонски Манчестер, поради големата застапеност на текстилната индустрија, логично и економски оправдано е да се продолжи во таа насока и да се стимулира оваа гранка, сметаат експертите. Од Сојузот на стопански комори на Македонија веќе повеле иницијатива за изградба на индустриски зони и фабрики во десетина општини, меѓу кои Прилеп, Битола,Тетово, Гевгелија, Струмица...

- На времето уште Ѓорче Петров пишувал за регионалната економија. Потребно е точно да се знае кој дел што ќе покрива. Каде ќе се произведува текстил, каде млеко, каде лесна индустрија, каде земјоделство и слично. Ако во пограничните региони е забележана честа појава на доаѓање Грци заради стоматолошки услуги, кои се поевтини кај нас, може таму да изградиме цели населби со стоматолошки ординации - вели Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во овој дел може да се направат и повеќе казина, додава Калеников. Регионализација на индустријата не е непознаница во економијата.

Во рамките на поранешна СФРЈ во функција беше државна стратегија со која секоја република мораше да развива специфични индустриски гранки. Токму заради ваквата политика Словенија и Хрватска отидоа многу понапред од другите и изградија моќни индустрии со современа технологија. На Македонија тогаш се гледаше како на дежурен снабдувач со домати и пиперки. Развојот на регионалната економија е меѓу основните постулати и на Европската Унија, каде што точно се знае која земја кон што е ориентирана.

- На сличен начин секоја држава внатре треба да си ја организира својата економија. Дисперзирањето на индустриите низ целата држава ќе придонесе за заживување на некои зафрлени краеви и општини, кои се соочуваат со проблемот на иселување - велат од Сојузот на стопански комори.

Овој проблем е најевидентен во западна Македонија, каде што заради бесперспективноста се иселуваат и Македонци и Албанци. Во Кичево на речиси секоја трета куќа стои натписот „се продава“. Кога луѓето би имале сигурна работа и приходи не би бегале од помалите места, велат економистите.

Потенцијалот на помалите места треба да се гледа во развој на селскиот или бањскиот туризам, кој кај нас е застапен со 0,01 процент, сметаат туристичките работници. Бугарија и другите земји направија вистински бум на тој план. Во тој поглед доста се интересни Берово, Битола, Кратово, Дебар, но и други помали места.

Според Ирена Кикеркова, професорка на Економскиот факултет, во државата, и покрај тоа што се носат редица мерки, резултатите се минимални, бидејќи немаме солидно производство. Таа предлага подготвување национална стратегија за развој за наредните 50 години, во која ќе се дефинира улогата на сите институции. Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека одамна се залагаат за донесување закон за слободни туристички и трговски зони, што треба да придонесе токму во ширењето на регионалната економија.

- За слободна трговска зона бараме да биде прогласен Дебар, за конечно овој град да излезе од 30- годишната агонија. Охрид и Струга се интересни за инвестирање во игри на среќа - велат од Комората.

Земјоделците исто така се жалат дека нивното производство или стихијно се извезува или пропаѓа, бидејќи нема гарантиран откуп во државата. Македонското јагне цело (жива мера) се изнесува од земјата, бидејќи немаме кланица што конфекционира односно преработува јагнешко месо, тврдат сточарите. Во реоните каде што се одгледува добиток може да се изградат токму вакви преработувачки капацитети, додаваат тие.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7691027264&id=10&setIzdanie=21730
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Nov-2009 at 18:22

Владата крати за развој на општините





 

Од законски предвидените 1 отсто од БДП, кои изнесуваат околу 60 милиони евра, општините за минатата година добиле само 3,5 милиони евра, а во 2009 се предвидени исто толку средства

 
 
%20  
Владата на Република Македонија им ги скратува буџетските средства на општините, наменети за рамномерен регионален и економски развој. Од законски предвидените 1 отсто од БДП, кои изнесуваат околу 60 милиони евра општините за минатата година добиле само 3,5 милиони евра, а во 2009 се предвидени исто толку средства! Како причина за намалениот буџет во Министерството за локална самоуправа го посочуваат институционалното и кадровско поставување на регионалните центри што ќе треба да бидат носители на локалниот економски развој на општините.

Од Институтот за социјална демократија ПРОГРЕС, кој работеше на издавањето на политичката анализа за извршената децентрализација на Македонија велат дека економската криза не е оправдување за огромната разлика меѓу предвидените и одобрените средства за рамномерен развој. Оценката на овој институт е дека Владата мора да ги издвојува предвидените средства од најмалку две причини: почитување на законот и инвестирањето во иднината на македонските граѓани.

- Децентрализацијата денеска има поголема развојна и економска компонента. Образложението за неисплатените средства е дека општините немаат административен капацитет да подготвуваат проекти. Владата смета дека нема проекти и нема што да се финансира. Во овој период не успеа зајакнувањето на ИПА-единиците во министерствата, а општините имаат слаб капацитет во планирањето на развојот - вели Александар Љ.Спасов, кој учествуваше во изработката на публикацијата за Децентрализацијата во Македонија.

Во Министерството за локална самоуправа потврдуваат дека не се исполнува обврската за извојување на 1 отсто од БДП за рамномерен развој. Лани за оваа намена биле искористени 188 милиони денари, а годинава се зголемени за 50 милиони денари.

- Овие средства се помали од предвидената стапка, но треба да се има предвид дека во овој период се работеше на институционално поставување на осумте центри за регионален развој. Во исто време се донесуваше подзаконската регулатива. Со јакнењето на капацитетите ќе се зголеми и искористеноста на средствата за регионален развој. Колку ќе успеат да повлечат зависи од програмите што ќе бидат доставени - велат од Министерството за локална самоуправа.
 
   
Автор: М.Р.Ј.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112591051359&id=10&setIzdanie=21846
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.