build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рамномерен регионален развој

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 23-Dec-2009 at 21:08

Управување и со парите за рурален равој

Македонија ги доби на самостојно управување средствата од петата компонента на претпристапните фондови на ЕУ, наменети за рурален развој. За средствата во висина од 24 милиони и 320 илјади евра, за проетки во периодот од 2007-2009 година, денеска ќе биде објавен оглас за аплицирање за нивно користење, а првите договори за користење ќе бидат склучени на пролет.

Добивањето на управување на петтата компонента од ИПА вчера од страна на вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, беше оценето како признание за капацитетот и зрелоста на нашите институции. Средствата од петтата компонента ќе бидат насочени на кон инвестициите во земјоделските стопанства, за преработка и пласман на земјоделски производи и диверсификација и развој на економијата. (Т.Г.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0B0C4C6275C1FD41813EF8C634B2D290
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 207
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Dec-2010 at 18:51
Ова со рамномерниот развој е голема лага јас мислам.Се ке продолжи како што си беше.Разликата поомегу Скопје и останатите градови е тоа што во скопје инвестира владата(80% од капиталните расходи),градот скопје,секоја општина поедниечно и 90% од приватниот капитал а другите градови само општината со по некоја улица и чат пат некој залутан инвеститор.Се дури не се направи вистинска децентрализација и даноците што си ги плакаме голем процент да си останат во нашите општини ке има нерамномерност и скопјанизација на опшеството во целост.Се дотогаш останатите градови ке се ситат со по некоја фрлена коска и на крај ке ни речат дека и тоа многу ни е.

Edited by JOE - 02-Dec-2010 at 18:53
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 10-Dec-2010 at 11:01
Мариово не знае кој пат да го фати

Лошото време и негрижата го однесоа неасфалтираниот пат за Мариово, па жителите стравуваат дека ќе останат отцепени од светот

Никаков пат е денешниот одговор на старата песна „Кој пат води за Мариово“. На местото како да му е судено вечно да биде запуштено подрачје. Такво беше пред 50 години, еве и сега е исто. Државата како да сака да стави крст на животот тука, па не најде средства да асфалтира 12 километри регионален пат, кои не' сврзуваат со цивилизацијата. Вака коментираат жителите на битолскиот дел на Мариово, кои ја повикаа екипата на „Дневник“ да регистрира во каква состојба е единствената сообраќајна врска со Битола.

Од градот до најоддалеченото село има 52 километра, од кои 37 до селото Рапеш одамна се асфалтирани. Останатите 15 километри се земјен и запуштен пат, кого обилните дождови и негрижата го распукаа, правејќи бразди долги по неколку метри, длабоки по половина метар. Од неодржување излезена е калдрмата од времето кога го граделе Французите во Првата светска војна. Опасен е и за минување, по страните е необезбеден, а полошиот неасфалтиран дел минува низ кањонот на Црна Река, каде што има големи бездни. Дванаесетте километри можат да се минат само со џип и за тоа е потребен еден час.

Жителите на петте села Груниште, Зовиќ, Будимирци, Градешница и Старавина се во паника дека ако не се асфалтира, ќе останат отцепени од цивилизацијата. Велат, како Итар Пејо ќе мора пеш да патуваат в град.

- Без главниот пат илузорно е да се мисли дека е можна ревитализација на овој крај. Временските услови влијаеја, но не беа одлучувачки, затаи и негрижата од државата. Ова е регионален пат, а не се интервенира, нема ни патари, ни обична лопата не поработила - се пожали Димитар Ристевски, пензионер од Груништа.

Селото има над стотина жители, а превозниците што им носат храна и со кои патуваат за Битола ги откажуваат доаѓањата.

- Не можам продавницата да ја снабдам со прехранбени производи. Ако ја откажам, што ќе правиме? Пет села ќе останат без шпирт, леб, ориз - се жали Перо Шинтевски - Компасот, жител на Старавина.

Тешко им е и на сточарите што тука одгледуваат стотици грла крави. Менде Јончевски од Старавина е најмладиот жител во овие пет мариовски села. Има 31 година и тука одгледува над 400 крави. По ваков пат не може да ги донесе на продажба в град, па за ниска цена му ги откупуваат трговците што доаѓаат во Старавина. Одвај може да ги посети децата и сопругата, кои живеат во градот.

- Борба за егзистенција. Не можеме ни храна да донесеме за стоката. Патот ни го кренаа водите. Фамозната хидроцентрала „Чебрен“ се закочи, од 60-тите години ја чекаме, историја стана, како што доаѓаат на власт партиите и градоначалниците, така не' лажат. Овој градоначалник ќе ни направи пат, оној ќе ни обезбедел услови и не' лажат - револтиран е Јончевски.

Поради тешката економска ситуација во градот, во Мариово последните десет години се вратиле неколку стечајни работници и почнале да одгледуваат стока. Таков е и животниот пат на Најдо Калешковски од Груниште. Тој 29 години бил шофер во „Транспок“ и го возел патот Битола - Мариово, а откако останал без работа, тука почнал да одгледува стока.

- Но, сегашните услови ги одвраќаат другите да ги преземат моите чекори. Кај нас не го бидува ни за живот, селото прво нема струја. Со акумулатори ја произведуваме и тоа е многу скапо. Ова ми е трета „лада нива“ што ја кршам по овие патишта. Ако не се направи асфалт, ќе ги продадам и кравите и не доаѓам повеќе. Едно одење до Битола ме чини 1.000 денари - вели Калешковски.

Има неколку илјади иселени Мариовци што ги одржуваат врските со родниот крај. Тука направиле викендички, засадиле расадници, одгледуваат пчели.

- Изразив желба кога се пензионирав да ја обновам куќата и да се занимавам со пчели. Но, проблем е патот, не можеме да ги донесеме материјалите. Ми се случи камионот до Рапеш да дојде, заврши асфалтот и возачот вели дека не оди повеќе, па материјалот го чувам во Битола - вели Цветко Кардшовски од Груниште.

Жителите се чудат како државата не е заинтересирана за големите приодни ресурси што ќе останат неискористени ако не се направи патот. Битолско Мариово е најголемото лежиште со рудите перлит и халоизид во земјава, има голем хидропотенцијал, шумски ресурси од 14.800 хектари, а од нив над 2,3 милиона кубни метри чиста дрвна маса.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8AA7E1E5AC456C4AB6B54EA2AA16FF48
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Feb-2011 at 20:07


Пелагонискиот плански регион од неодамна стана членка на Собранието на Европски регион. Ова е голема можност за Пелагонискиот регион со тоа што Градоначалникот Талески ќе присуствува на состаноците на Комисиите и пленарните седници на Собранието на Европски региони и ќе ги пренесува искуствата од другите региони. Со ова се овозможува дирекна комуникација и размена на искуства со европските региони.





http://bitola.gordsys.net/?PPRClenkaNaEvropskiPlanskiRegioni
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 13-Apr-2013 at 01:45


Датум: 12.04.2013, 18:25
НЕЕДНАKОВ РАЗВОЈ

Скопјани 3,5 пати побогати од кумановци и од кратовци



Во скопскиот регион се остварува најголем дел, дури 43,7 отсто, од вкупниот домашен бруто-производ (БДП) на државава, а сите преостанати плански региони, освен Пелагонискиот, учествуваат со помалку од 10 отсто

На североисток сиромашно, на југ малку побогато, а најмногу шанси за добра заработка има во административниот центар Скопје. Повеќедецениската лоша развојна политика во земјава придонесе Македонија да има исклучително нерамномерен економски развој меѓу главниот град и другите населени места. Во скопскиот регион се остварува најголем дел, дури 43,7 отсто, од вкупниот домашен бруто-производ (БДП) на државава, а сите преостанати плански региони, освен Пелагонискиот, учествуваат со помалку од 10 отсто. Статистиката покажува дека просечен скопјанец е за 3,5 пати побогат од жител на Kуманово, Kратово или Kрива Паланка, градови во Североисточниот плански регион, кој имаат најмало учество во креирањето на БДП на Македонија.

Триесет и двегодишниот Марко Илиоски oд Македонски Брод е дипломиран економист, магистер по маркетинг. Kако невработен со две малолетни деца ја плаќа цената на реалноста и на (не)развиеноста на градот каде што се родил и каде што живее со своето семејство. Едноставно, за него таму нема работа. Ако има среќа, од јуни ќе работи во Битола за каде што веќе има изгледи, но во Македонски Брод не. Градот пустее.

- Навистина ми е жал што во мојот град нема иднина за мене. А каде? Зошто да одам и да работам некаде на друго место каде што може да бидам обвинет дека им го земам работно место на некои жители од таму. Иако не е така и сите конкурираме со своите знаења и со квалитетите што ги имаме, сепак не е во ред што јас, всушност, сум принуден да бегам. Да бегам од пустелијата. За жал, каков тежок збор за моето гратче - вели Марко.

Децениската масовната преселба на населението во градовите, а особено во метрополата, придонесе да се опустошат македонските села и цели региони, а Скопје да добие статус на држава во држава. Во Скопје се сместени државната администрацијата, претставништва на најголемите фирми и банки, најголем дел од даноците се плаќаат во метрополата, но соодветно тука се троши и најголем дел од нив за што често има забелешки од жителите во внатрешноста.

Економска зона во секој град

За да се намалат разликите меѓу осумте плански региони: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот, Североисточниот и Скопскиот, Владата подготви Стратегија за регионален развој во периодот од 2009 до 2019 година. Со неа е предвидена постојана финансиска поддршка за регионален развој од страна на државата во износ од 1 отсто од БДП, но и тоа засега се покажува како недоволно.

- Овој процент треба да се издвојува за секој од осумте плански региони во државата. Сепак, освен што не се исплатуваат овие пари од државниот буџет, постојано има тренд на намалување на финансиите за рамномерен регионален развој - вели Невзат Бејта, поранешен министер за локална самоуправа и новоизбран градоначалник на општина Гостивар.

Еден од плановите на Владата за да го забрза рамномерниот регионален развој е да се отворат индустриски зони во повеќе градови во внатрешноста. За таа цел, освен изградените технолошко-развојни зони кај Скопје, Тетово и во Битола, се отвораат и во Kичево, Прилеп, Гевгелија, Ранковце, Струга, Радовиш, Струмица и во други градови. Владата се обидува да го стимулира локалниот развој и со инвестиции во патната инфраструктура и во образованието.



- Ме радува дека и втората димензија на нашата стратегија за привлекување странски инвестиции се остварува, а тоа е влезот на фабриките на целата територија на државата. Ако порано с` беше концентрирано во Скопје, денес веќе и центрите како Битола, Kавадарци, Демир Хисар, Штип се на мапата на странските инвеститори. Ние многу се трудиме тоа да се реализира затоа што за нас е важно во секој дел од земјата да се создадат можности за вработувања согласно со стратешкиот концепт на еднаков регионален развој - изјави неодамна премиерот Никола Груевски.

Драстични разлики

Економистите што ги консултиравме велат дека ова е еден од пристапите за евентуално намалување на длабокиот економски јаз.

- Во суштина постојат два начина да се придонесе за поголем економски раст во регионите. Едниот е овој, односно насочена диригирана активност на Владата. За тоа мора претходна оценка за тоа во колкав обем и со што треба да се инвестира, треба да се испитаат природните и човечките ресурси за да се донесат правилни одлуки, на пример, за нови инвестиции. Другиот пристап е да се постигне ефект преку фискално израмнување. И за ова треба дополнителна анализа за остварениот економски резултат по општини, по кои може да се донесе одлука некои од градовите и од општините дополнително да се финансираат од државниот буџет - вели Томе Неновски, универзитетски професор.



Анализата на податоците за регионот покажуваат значајни разлики во условите што го одредуваат нивниот развој. Додека жителите на североисточниот регион се жалат дека државата во изминативе децении немала покрупни инвестиции таму поради што населението масовно се иселувало во потрага по подобар живот, во струмичкиот и во гевгелискиот регион ги уживаат плодовите од плодната почва и од климата, но и од близината на Грција. Според последните податоци за стапката на невработеност, во јужните делови од Македонија се намалува бројот на луѓе без работа, што не е случај со градовите во североисточниот дел на земјата. Бројките се толку различни, што се дури сурови. Лани стапката на невработеност во југоисточниот регион е само 9,3 отсто, а во градовите од североисток безмалку 60 отсто.

Скопскиот регион е најблиску до просечната статистика на државата, во главниот град стапката на невработеност е 30,7 отсто.

Полошка сиромаштија

Според податоците од 2010 година, Скопскиот плански регион со БДП на жител од 5.110 евра според стандардот на куповната моќ е далеку над просекот на земјата од 3.400 евра. Заедно со Пелагонискиот плански регион (3.600 евра), тоа се единствените региони со повисок БДП на жител од просекот на земјата. Потоа следува југоисточниот регион, односно секој жител на Струмичко во просек секоја година создава со 3.500 евра. Вардарскиот плански регион има БДП на жител од 3.300 евра, а во источниот регион годишно се содава нова вредност од 2.800 евра. Преостанатите четири региони имаат БДП на жител помал од 70 отсто од просекот на земјата. Најмал БДП на жител има во полошкиот регион (1.600 евра), но овој дел од земјата е најгусто населен.

Од Заводот за статистика посочуваат дека при користењето на податоците треба да се има предвид дека податоците за домашниот бруто-производ на жител во одделни региони во голема мера се под влијание на дневната миграција на работната сила. Таа придонесува во даден регион да се создаде БДП што не е резултат на резидентното население.

Големи разлики и во ЕУ

Во земјите од ЕУ се сретнуваат и поголеми регионални разлики, при што рекордот го држи Велика Британија каде што најбогатиот регион е 9,7 пати побогат од најсиромашниот регион. Но, забележливо е дека големите регионални разлики во БДП на жител се карактеристични за поголемите земји, како Велика Британија, Германија и Франција. Регионалните разлики во нивото на БДП на жител се далеку пониски во земјите од ЕУ со слична големина како Македонија. На пример, во Словенија тој сооднос изнесува 2,1, во Летонија и во Естонија 2,2, а во Литванија 2,5. Оттука се наметнува констатацијата дека Македонија се карактеризира со исклучително нерамномерен економски развој меѓу главниот град и другите населени места во земјата, несвојствен за мала земја по територија и по население.

Александра Томиќ, Марјан Блажевски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9FA179A997E6774BA530856175F0D720

Edited by гитардемон - 13-Apr-2013 at 01:49
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.594 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.