build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Драмски театар - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Драмски театар - Скопје
    Posted: 24-Mar-2009 at 19:13

Футуристички дизајн за новата зграда на Драмски


Коментари (0)   
24.03.2009 17:48
Објектот ќе биде висок 30 метри со има 6 ката и подземна гаража

 

Повеќенаменска стаклена зграда со футуристички дизајн - ова е идејниот проект за новата зграда на Драмскиот театар во Скопје.

Објектот ќе биде висок 30 метри, ќе има 6 ката, со подземна гаража. Жирито од 9-те пристигнати трудови избра еден како победник, а откупи уште два.

Претседателот на жирито вели објектот не треба да биде само театар.

„Може лесно да замислите дека овде ќе има и друг театар, авангарден театар, можеби галерии, дури и шопинг сали итн.“, изјави Мартин Пановски, претседател на жирито.

Бранко Ѓорчев, директор на Драмски театар

 

Доколку се тече според планираното, изградбата на театарот би требала да почне за 9 месеци, а парите за проектот треба да се обезбедат од независен инвеститор.

Министерството за култура ќе учествува со земјиштето на сегашниот театар.

„На надворешниот инвеститор обврската е да го изгради она што е драмскиот дел и делот за Драмскиот театар, и она што е останато, да го најде и сопствениот интерес“, рече Бранко Ѓорчев, директор на Драмски театар.

За време на изградбата на новата зграда, Драмскиот театар ќе функционира, глумците и вработените привремено ќе бидат сместени во друг објект.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106263


За ова барав нишка, но не ми излезе ништо, па затоа го објавив овде.



Edited by гитардемон - 24-Mar-2009 at 19:18
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Mar-2009 at 19:24
neli treba da se naoga tamu  nekade kaj makedonskata filharmonia???
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Mar-2009 at 20:42
Не ова е во Карпош 2 позади хотелот Карпош
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Mar-2009 at 20:45
Денеска бев на промоција, (среќа факултетот ми е непосредно до драмски) го видов проектот, малку ми ена прв поглед чуден, е сега рендерите се квалитетни ама постои опасност ова да стане упште едно кич стаклен аквариум. Барем според бојата на стаклата. Нормално рендерот увек знае да излаже кога се у прашање стакла, ама мене ипак формата ми се допаќа и дефинитивно нова свежина у облици на Скопски згради!

И упте нешто да напоменам. Победничкиот проект е оној погоре што го имате на сликата од вести. Пошто низ серијава слики се доста испомешани има и доста слики од разни проекти, има и од оние непобедничките. Инаку јас бев на почетокот на промоцијата, после имало и објаснување кратко и новинарски прашање, за жал на тој дел не присуствував. Може би деновиве сеупте да е изложен проектот па кој не го мрзи со некој подобар апарат може да провери.

А сега да не го тупам, изволте сликите....
01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


21.


22.


23.


24.


25.


26.


27.


28.


29.


30.


31.


32.


33.


34.


35.


36.



Edited by lslcrew - 24-Mar-2009 at 20:48
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Mar-2009 at 20:53
av.. kako ce izgledase ako bese tamu kade e sega lumiks ili zad makedonskata filharmonija
ama ete....karposOuch
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Mar-2009 at 20:56
Originally posted by my Macedonia

av.. kako ce izgledase ako bese tamu kade e sega lumiks ili zad makedonskata filharmonija
ama ete....karposOuch


Е што бара тано?! Па до сега зборевме дека не иде па до толку да го претрупаме со секакви стакленици и чуди тој толку мал простор! Башка што е финтата два театри на 20 метра размак?!


Edited by lslcrew - 24-Mar-2009 at 20:57
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Mar-2009 at 21:11
Не сум бил досега во ниеден театар во Македонија освен битолскиот, па не знам дали во другите театри има сала на два ката (со балкон, или како се викаше точно вториот кат, на македонски никако не можам да го запомнам), или ова ќе биде првата? Видов и на рендерите за велешкиот театар планираат исто така, а ете сега и овде, што е супер! Има некој информација дали има на друго место втор кат? И побога, кажете ми како се вика, сигурно не се вика балкон
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Mar-2009 at 21:24

@lslcrew mozno e se vo makedonija (zerkvi sekoja 10.metri ..nisto protiv, sakam da kazam deka vakvo nesto moze da se slucuva)

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Mar-2009 at 21:33
Originally posted by гитардемон

Не сум бил досега во ниеден театар во Македонија освен битолскиот, па не знам дали во другите театри има сала на два ката (со балкон, или како се викаше точно вториот кат, на македонски никако не можам да го запомнам), или ова ќе биде првата? Видов и на рендерите за велешкиот театар планираат исто така, а ете сега и овде, што е супер! Има некој информација дали има на друго место втор кат? И побога, кажете ми како се вика, сигурно не се вика балкон
не знам дали мислиш на ложите или на двете нивоа на седишта
ложи има во секој театар ама не се такви висечки, а во скопје барем колку што знам во главните театри (Драмски, МНТ и МОБ) нема две нивоа, сите се со еден дел
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Mar-2009 at 21:47
инаку не знам дали е офтопик, ама ме нервира што сите театри ни се некако забутани во просторот, знам дека драмски е на десет метра од партизанска, ама сепак е доста неприметлив за некој што не ги познава тие простори
зошто не го ставиле на некое отворено место како што е универзалната сала?
штета е (ми личи објектов ко да ќе е убав) да биде така задушен во просторот

п.с. Какви и да бидат стаклава, сите проекти се задоволително убави и имаат интересни форми, па сепак сум оптимистички настроен кон ова Cheers
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Mar-2009 at 22:02
на прв поглед, надворешноста на објектов ми се допаѓа доста...сега, пак се појавува прашањето: зошто малкуте асални проекти (како овој, филхармонијата и проектот за турскиот театар) ќе бидат забутани во изолирани локации, додека чудовиштата од типот на спомен куќата на Мајка Тереза или новиов музеј/суд ќе бидат најекспонирани на ударни места Question

Edited by anDarko - 24-Mar-2009 at 22:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Mar-2009 at 06:22
Фото вест

Модерно идејно решение за новата зграда на Драмскиот театар креирале четворица архитекти од фирмата „Платформа“, кои ќе добијат награда од 400.000 денари. Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска се авторите чиј проект вчера го промовираа дел од членовите на комисијата за избор на идејно архитектонско решение - Мартин Пановски и Мишко Ралев. Други два проекта се откупени, а Министерството за култура ги награди со по 100.000 денари. Во следната фаза, ќе се избере основен, па главен проект, според кој ќе се гради театарот. Избраниот проект предвидува 350 седишта и 150 во галерија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3B2E7CDC1B9E924C8180BC46A2F5533C

Почна процедурата за изградба на нов Драмски театар

Идејното решение за новата зграда нуди модерен, софистициран изглед

Вчера во просториите на Драмски театар беа изложени скиците од идејното решение за новата зграда на театарот, која треба да никне на истата локација каде што сега е сместено ова здание, поточно на улица „Шекспирова“ бр. 16. Проектот, кој ја доби првата награда на конкурсот што го спроведе Министерството за култура, е на група автори, а се откупени уште два проекта кои, како што ни изјави директорот на Драмски, Бранко Ѓорчев, исто така имаат добри решенија кои може да се употребат во конечниот проект.

Изградбата на Драмски театар се уште не се знае кога ќе почне. Се уште не се знае ниту каде ќе биде сместен театарот додека тој ја добие новата зграда која, како што вели Ѓорчев, ќе има модерен, софистициран изглед. За најавите дека Драмски ќе се сели во Младинскиот културен центар, Ѓорчев вели дека и тоа е рано да се дискутира, зашто, според него, Драмски не може да биде гостин во нечија зграда, туку треба да го владее просторот. Така, една од можностите е театарот во меѓувреме да се пресели во некое од скопските кина кои се денационализирани. Сепак, Драмски бара простор со акустични перформанси што му се неопходни на еден професионален театар.


Инаку, средства за изградбата на Драмски ќе одвои Владата кои допрва треба да се дефинираат, а дел од нив ќе бидат од спонзори.


Драмски театар е роден на 21 април во 1946 година, со првата куклена претстава „Силјан Штркот“. Во 1949 година театарот се именува како самостоен Куклен театар. На 10 јануари во 1958 година, со првата жива претстава „Принцот и просјакот“ од Марк Твен и Сергеј Михалков, се создава Младинско-детскиот театар. Во 1964 година, од Македонскиот народен театар се издвојува една група од проминентни актери и актерки, кои пристапуваат во театарот. Во 1967 година, на Стерииното позорје во Нови Сад, изведбата на претставата „Покојник“ од Бранислав Нушиќ ја добива главната награда за најдобра претстава. Со истата претстава театарот учествува и на белградскиот Интернационален театарски фестивал - БИТЕФ. Официјално, од оваа година, театарот го добива и името Драмски театар - Скопје.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=890B750F445C794EB113DE8F15AAA6CE

Избрано најдоброто идејно решение


Идејното решение предвидува зграда, висока 30 метри (шесткатница), од кои приземјето и првите два ката се наменети за Драмски театар


Вчера во просториите на Драмскиот театар во Скопје во стариот објект кој и по долги најави се уште е на ниво на привремен, беше промовирано идејното решение на новата зграда на Драмскиот театар која, конечно, ќе го реши прашањето за сместување на најпосетениот скопски театар.

Комисијата во состав архитектите: Мартин Пановски и Мишко Ралев, како и членовите Билјана Ќулавковска од Министерството за култура и Искра Казиева и Бранко Ѓорчев во својство на директор на Драмскиот театар се одлучија за идејното решение под шифра 006 на "Платформа ДОО", предложено од архитектите Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска.

Идејното решение предвидува зграда, висока 30 метри (шесткатница), од кои приземјето и првите два ката се наменети за Драмски или како што ни рече Ѓорчев, приближно 3000м2 над површината и уште 1000м2 под површината на зградата. Тоа во сооднос со сегашната зграда е речиси за сто отсто повеќе.
- Првонаградениот труд се издвојува заради рационалната организација на функционалните групи во рамките на комплексната програма и впечатливото надворешно обликување. Театарските содржини се функционално распоредени, со јасна комуникација на деловите за публика, со деловите за актери и персонал, се вели меѓу другото во образложението на Комисијата за избор на најдобро идејно решение. Првонаградените за своето решение ќе добијат награда од 400.000 денари во нето износ.

Од понудените девет колку што се пријавија на конкурсот уште две решенија добија по 100.000 денари и тоа на авторите Јован Ивановски, Владимир Десков, Горан Мицковски, Елена Пазарџиевска и Ивана Топаловска и на авторот Лилјана Кик.



http://vecer.com.mk/?ItemID=0539DBCF9A9DA14884322ADFCF10DDA3



Edited by lslcrew - 25-Mar-2009 at 06:31
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Mar-2009 at 12:36
Ова се гради во лош момент т.е во време на криза и додека другите држави стагнираат и гледат како да излезат од таа криза , нашата влада се расфрла со пари.Инаку проектот е добар т.е модерен со Европски Стил 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Mar-2009 at 13:08

Не сум чул дека во архитектурата постои таков „Европски Стил“



Инаку да, нашата влада неодговорно се расфрла со пари, ама баш во овој случај не е комплетно јасна ситуацијата затоа што имаме конфликтни информации

Доколку се тече според планираното, изградбата на театарот би требала да почне за 9 месеци, а парите за проектот треба да се обезбедат од независен инвеститор.

Министерството за култура ќе учествува со земјиштето на сегашниот театар.

„На надворешниот инвеститор обврската е да го изгради она што е драмскиот дел и делот за Драмскиот театар, и она што е останато, да го најде и сопствениот интерес“, рече Бранко Ѓорчев, директор на Драмски театар.

Инаку, средства за изградбата на Драмски ќе одвои Владата кои допрва треба да се дефинираат, а дел од нив ќе бидат од спонзори.
Не знам дали се работи за навистина матна ситуација околу финансирањето (што би ме направило скептик за реализација во било каква догледна иднина), или едноставно имаме уште еден пример на лошо новинарство.
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Mar-2009 at 13:33
Пред се мислам дека концептот театар и останат простор чија намена ќе ја определи Инвеститор е тотално губитна комбинација.
Дали некој воопшто помислил на ова или пак единствена варијанта да се изгради нешто кај нас е со туѓи средства што автоматски значи туѓ газда?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Mar-2009 at 13:53
Originally posted by medo

Пред се мислам дека концептот театар и останат простор чија намена ќе ја определи Инвеститор е тотално губитна комбинација.
Дали некој воопшто помислил на ова или пак единствена варијанта да се изгради нешто кај нас е со туѓи средства што автоматски значи туѓ газда?


не сакам да шпекулирам, но од досегашните искуства може да се работи за проверена шема како со катните гаражи. Со други зборови ова најавено јавно приватно партнерство може да искочи и еден голем трговски центар и едно сопче за театар.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Mar-2009 at 14:02
Ако е така како што е во текстот, тогаш влогот само земјиште е премал за да се добие во замена една третина од објектот. Кого би му било од интерес буквално да спонзорира изградба на театар?! Финансирањево останува матна зона.
Back to Top
belo View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote belo Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Apr-2009 at 12:48
Aman bre luge...vazno e deka nesto se slucuva...se gradi. Imate tenderi, konkursi-nestata se dzivat...pa koj ke bil gazda...cudoto golemo-ke bide toj sto ke dade pari. ILi mozebi poarno e da skapuvame vo starono teatarce sto prokisnuva od site strani..pa bil li nekoj od Vas vnatre, da proseta zad scena, po gremiorni i drugi prostorii da vidite na sto lici toa???...BTW-dali nekoj znae cii bea proektite sto bea otkupeni na tenderov?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Apr-2009 at 14:50
Originally posted by belo

Aman bre luge...vazno e deka nesto se slucuva...se gradi. Imate tenderi, konkursi-nestata se dzivat...pa koj ke bil gazda...cudoto golemo-ke bide toj sto ke dade pari. ILi mozebi poarno e da skapuvame vo starono teatarce sto prokisnuva od site strani..pa bil li nekoj od Vas vnatre, da proseta zad scena, po gremiorni i drugi prostorii da vidite na sto lici toa???...BTW-dali nekoj znae cii bea proektite sto bea otkupeni na tenderov?


Во ред е сето тоа што го викаш но неможе да ги игнорираме и "опасностите" во едно такво јавно-приватно партнерство особено поучени од други претходни искуства од сличен тип.

Инаку не верувам дека некој е против изградбата на овој објект, напротив одлично е театрите конечно да добијат достоинствен простор.

За твоето прашање

Како што е веќе објавено, првата награда за Драмски театар ја добија архитектите Емил Јегени, Елена Икномов, Јасна Милојковиќ, Билјана Стојменовска и соработниците Веле Богоевски и Никола Томевски. Наградата изнесува 400.000 денари.
Трудот, според комисијата, е одбран зашто театарските содржини се функционално распоредени со јасна комуникација со деловите за публика и оти во густо изградениот простор, главно со објекти за колективно домување, објектот со неговата скуптуралност и современ израз ќе го задржи карактерот на маркирна точка која во моментов ја има.
Според решението на јавната набавка за доделување 5 откупи од по
40.000 денари, комисијата решила од вкупниот фонд од 200.000 денари за откупи, да се доделат 2 откупа со еднаков износ од по 100.000 денари. Автори на едниот од проекти се Јован Ивановски, Владимир Десков, Горан Мицковски, Елена Пазарџиевска, Ивана Топаловска и консултант Рубенс Муратовски. Забелешката за овој проект е дека е дискутабилна поставеноста на театарската кафеана на бочната страна на објектот, со што постојното плато пред театарот ја губи моменталната функција на собиралиште на актерите
Вториот проект е на Лилјана Кик со проектните соработници Бојан Тасев, Иво Кик, Лазар Сојаноски и Наташа Петреска. Главна забелешка на проектот е што не одговарал на програмските барања, но и тоа дека гардеробите за актери се на првиот кат, со што нивната комуникацијата до сцената е отежната.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=495653ADF1CCD2418E674902E7F22EF6
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Apr-2009 at 18:52
1

2

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.