build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Драмски театар - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 20-Nov-2009 at 18:02
Еве еден откупен труд

Автори:
Јован Ивановски
Владимир Десков
Горан Мицковски
Елена Пазарџиевска
Ивана Топаловска


Материјалите во полна резолуција можете да ги најдете на сајтот на SCArS (во делот „изложба“):

http://www.scars.mk/default_mk.html


1


2


3


4


5


6


7

Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Jan-2010 at 21:47
Објектов се гради или што?
ако може некој да постира слика каде ќе се наоѓа објектот
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 30-Jan-2010 at 22:23
Сеуште не се гради, ќе имаше информација ако се градеше

Прво треба да се сруши стариот драмски театар, па на негово место ќе се гради нов објект:

42° 0'8.07"N  21°24'28.48"E

координативе вршат работа?
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Feb-2010 at 23:57
вршат работа фала многу Thumbs%20UpThumbs%20Up
баш ме интересираше, оти не сум од Скопје а првпат слушам за него
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 30-May-2010 at 10:46
Почнаа градежните работи за уривање на објектов или нема абер?
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-Jul-2013 at 03:22
Избран консултант за изградба на новиот објект на Драмски театар

Министерството за култура потпиша договор со консултантската куќа „Грант Торнтон“ за изработка на физибилити студија за оправданоста од воспоставување на јавно – приватно партнерство и услуги за посредување во реализацијата на договорот со приватниот партнер за изградба на новиот објект на Драмски театар. Консултантската куќа доби рок од 160 дена за да ја изработи документацијата, по што ќе се знае дали надлежното министерство ќе распише оглас за избор на приватен инвеститор што ќе го гради идното здание во Карпош 2, на местото на постоечкиот објект. За подготовка на документација ќе бидат исплатени 10.266.000 денари или околу 165 илјади евра од државниот буџет. Во изминативе неколку години, за реализација на новиот Драмски театар беше изработено идејно решение од страна на архитектите Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска од студиото „Платформа“, но и основен проект од „Монтимпекс – Инженеринг“ од Скопје.

 

 

 

 

Идното седиште на Драмски театар треба да биде завршено до крајот на 2015 година. Замислата е постоечката зграда да се сруши и на нејзино место да се изгради објект со висина од 30 метри. Од предвидените шест ката, на театарот ќе му припаднат приземјето и првите два ката, додека останатите простории ќе ги добие приватниот партнер.

Министерството за култура за иста сума неодамна склучи договор со „Грант Торнтон“ за изработка на физибилити студија со која ќе се утврди оправданоста од воспоставувањето на јавно – приватно партнерство и за планираниот нов објект на театарот „Центар“.



#
Објавено на 22.07.2013 во категорија Вести.

Тагови: Архитектонско студио Платформа, Грант Торнтон, Драмски театар, ЗИМ, Културни, Монтимпекс Инженеринг, Скопје, Театри, Тендери и лицитации


http://www.build.mk/?p=27206
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 30-Jul-2013 at 12:36

Ќе се гради нов објект за Драмски

Министерството за култура денес го презентираше проектот за изградба на нов објект на местото на сегашниот драмски театар.

 dramski

Како што изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, покрај овој проект ќе биде изработен и проект за изградба на нов македонски народен театар.

-Согласно реализацијата на овие проекти по пат на јавно приватно партнерство, делот во кој ќе бидат сместени театрите ќе биде во сопственост на државата, додека останатиот дел од објектите ќе биде даден на користење или, пак, сопственост на приватниот партнер, кој ќе се вклучи во реализација на проектите, изјави Канческа-Милевска.

Согласно идејното решение и деталниот урбанистички план, Драмскиот театар ќе биде со висина од 35 метри, а вкупната нето-површина на објектот ќе изнесува 33.543 метри квадратни.

Како што информира министерката, проектот е веќе готов,а во тек е изработка на физибилити студија, којашто ќе биде завршена за околу 70 дена и којашто ќе ја даде оправданоста и начинот на реализација на проектот.

http://ekonomski.mk/?p=49365

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 30-Jul-2013 at 18:58
Previous
 
Како тоа ќе биде изработен проект за изградба на нов македонски народен театар ?
 
Па што е ова на нареднава слика, што пишува на источната фасада ?
 

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 31-Jul-2013 at 00:04
најверојатно мислела на МНТ центар...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
careca79 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 30-Apr-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote careca79 Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-Aug-2013 at 00:38
муабетот со МНТ збуни многу луѓе, да дообјаснам. Актуелниот МНТ се сели комплет во Старо/новиот театар кој сега ќе биде седиште на МНТ / театар центра. На местото на Театар Центар кој е спорти Европски универзитет ќе се гради нов театар, со неколку спрата делов простор, до максимална кота од 40 метри и ќе се бара приватен инвеститор а таму ќе биде сместен театарот Комедија. Проектот кој вчера беше презентиран е за Драмски во Карпош 2.

Еве го комплетното обраќање на министерката за култура http://cooltura.mk/?p=35140 на самиот настан имаше неколку заинтересирани градежни фирми кои после презентцијата поставуваа прашања. Просториите кои се над театарот же можат да служат за повеќе намени: хотел, канцеларии, шопинг мол и слично ...

Edited by careca79 - 01-Aug-2013 at 00:40
Од толку многу луѓе кои делат памет, не остана никој кој ќе сработи нешто!
Back to Top
LEPI View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Feb-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LEPI Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Sep-2013 at 12:49
Se aktuelizira gradbata na dramski teatar pa bi bilo navistina dobro povtorno da gi postavite slikite bidejki sega se otstraneti ili izbrisani.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 16-Dec-2014 at 16:01
Приватен инвеститор ќе го гради новиот Драмски театар



По една и пол година поминати во советување, конечно е позната судбината на новиот објект на Драмски театар. Планираното здание на местото на постоечкиот театар во скопската населба Карпош 2 ќе го гради приватен инвеститор. Министерството за култура денеска го објави повикот за пронаоѓање на компанија со која ќе воспостави договор за јавно – приватно партнерство за изградба на планираниот објект, при што проценетата вредност на градителскиот зафат изнесува 369.600.000 денари или 6 милиони евра, без вклучен ДДВ. Времетраењето на договорот за изградба на зданието со предвидена висина од 30 метри е определено на 42 месеци.

Новата зграда ќе се простира на шест ката, при што во еден нејзин дел ќе се смести театарската установа. Инвеститорот што ќе достави најповолна понуда е предвидено да ја добие можноста да го гради објектот со сопствени средства, при што тој ќе го добие и поголемиот дел од површината во идниот објект на сопствено користење. Надлежното министерство предвидело серија на критериуми што треба да ги задоволи економскиот оператор, меѓу кои е и условот за веќе реализирани два проекти во вредност не помала од 15 милиони евра по инвестиција во текот на изминатата деценија. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 29 јануари 2015 година.

За успешно спроведување на целокупниот проект е изработена физибилити студија од страна на консултантската куќа „Грант Торнтон“. Конкурсот за избор на идејно решение за новиот објект на Драмски театар беше комплетиран во март 2009 година. За најуспешен архитектонски труд беше прогласено делото на авторите Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска од студиото „Платформа“, додека основниот проект го подготви „Монтимпекс – Инженеринг“ од Скопје.

http://www.build.mk/?p=41726
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 23-Feb-2016 at 08:56
ДРЖАВАТА САМА ЌЕ ГО ГРАДИ ДРАМСКИ ТЕАТАР

Државата сама ќе го гради новиот објект на Драмски театар и се откажа од првичната идеја да го гради со јавно-приватно партнерство. Министерството за култура распиша оглас за изградба на објектот, кој треба да никне на местото на постојниот во Карпош 2. Проценето е дека за новиот театар ќе се потрошат малку повеќе од 10 милиони евра без вклучен ДДВ. Според огласот објавен на Бирото за јавни набавки, времетраењето на договорот за изградба на новиот објект на Драмски театар ќе изнесува три години. Ако се' тече по планот, изведувачот би требало да се избере напролет.

Во постојниот урбанистички план маркичката за објектот предвидува тој да достигне максимална висина до 35 метри, а градежната парцела е со површина од 4.153 квадратни метри. Извесно е дека при изградбата ќе се уништи паркот и сегашниот угостителски дел од предната страна на објектот. Од спротивната страна, пак, има простор да се оформи надземен паркинг.

Инаку, седум години поминаа од најавите за изградба на нов Драмски театар. Во 2009 година беше промовирано избраното идејно решение по кое би се градел новиот објект. Изградбата требаше да се реализира со помош на партнер-инвеститор. Во меѓувреме се сменија плановите, од кои причини, надлежните не кажаа. Пред две години се обидоа да најдат заинтересиран инвеститор, но без успех.

Идејното решение на новиот Драмски театар е на група автори, поточно негови потписници се Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска од студиото „Платформа“. Проектот доби прва награда на јавниот оглас, на кој беа откупени уште два проекта, кои беше кажано дека можат да послужат при изградбата на новиот објект. Основниот проект за театарското здание го изготви фирмата „Монтимпекс – инженеринг“, која кон крајот на минатата година направи измени во проектната документација.

Драмски театар е изграден во 1946 година, а куклената претстава „Силјан Штркот“ била прва одржана претстава.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=329A7A5CC369EA48B41CBECC8671B718
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 29-Feb-2016 at 16:15
So ogled deka ne nasle investitor objektot ke bide mnogu po mal pa taka ima kompletna izmena na proektot.
Mene ovoj koj sto e ponuden mi lici kako da e napraven na krajot od minatiot vek. Osobeno predniot del so onie crveni elementi i stakleni povrsini so eden kup mali prozorcinja mesto pogolemi ednodelni stakleni povrsini.

Na linkot ima VIDEO.

http://skopjeinfo.mk/poznat-izgledot-na-novata-zgrada-na-dramski-teatar-video
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 29-Feb-2016 at 19:04
Ептен е како од 1990-те години. Се чини дека некои архитекти не мрднале од тоа време.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 29-Feb-2016 at 20:59
личи на погон/магацин некаде во Пинтија... стварно не знам што е толку тешко да си малку покреативен во фасадата на еден објект

ако ништо друго, барем салата изгледа квалитетно и ветувачки, вака на око
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 29-Feb-2016 at 21:05
Ужас. Ако не го градат она горе, поарно да си остане googieто од 1963.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 29-Feb-2016 at 22:21
Originally posted by zabegan

личи на погон/магацин некаде во Пинтија... стварно не знам што е толку тешко да си малку покреативен во фасадата на еден објект

ако ништо друго, барем салата изгледа квалитетно и ветувачки, вака на око


Zabegan denes e 29 februari navistina den koj go Imame Ednas vo cetiri godini. Otprilika tolku cesto se soglasuvam so tvoi komentari. Ova e eden od tie.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 813
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 01-Mar-2016 at 00:46
Предната фасада навистина заслужува лице, ова е неверојатно безлично.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 02-Mar-2016 at 21:44
Дури и во Пинтија има објекти кои изгледаат поубаво, како продажниот салон на Технокооп мебел
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.