build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А5] Охрид * - Делчево *

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: [А5] Охрид * - Делчево *
    Posted: 05-Aug-2008 at 08:00
Патниот правец М-5 се протега од Подмоље, преку Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, до граничниот премин Звегор (со Бугарија). Должинате на М-5 е 310km.
М-5 има и еден магистрален крак ( М-5к1 ), помеѓу Битола и граничниот премин Меџитлија (со Грција). Врската на овој крак со главниот коридор на М-5 е кај клучката Крклино. Должината на кракот е 20km.

М-5 е дел од е-мрежата на патишта помеѓу Подмоље и Меџитлија (Е65) и дел од гранката Де на пан-европскиот коридор 10 (Corridor Xd) помеѓу Велес и Меџитлија.

Ако се земе во предвид актуелниот просторен план на Република Македонија (кој предвидува автопат помеѓу Штип и Отовица близу Велес) и пан-европските коридори, логично би било да се работи на тоа М-5 во некоја разумна иднина од 10-15 години да се изгради како автопат помеѓу Битола и Штип, плус кракот до Меџитлија.
Ако и веруваме на мегаломанските и несериозно оптимистичките ветувања на владата, тогаш целиот М-5 ќе биде автопат и тоа многу скоро.

Моменталната ситуација пак е далеку и од пристоен магистрален пат по целата должина. Има сегменти кои се направени по високи стандарди и се сосема доволни за моменталниот сообраќај, но и на нив очајно им требаат интервенции како нов асфалт и средување на сигнализацијата. Има сегменти како на пример Охрид-Ресен кои не се ниту изградени по стандарди како за современ магистрален пат. А добар дел од М-5 и сосема недостасува, како на пример патот Велес-Прилеп преку Бабуна, обиколница Oхрид, обиколница Ресен.




Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 04:11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Aug-2008 at 14:46
Пошто често паѓавме на муабет за патот Битола - Ресен, еве ги постирам овие фотки што ги направив минатото лето. Вклучена е и северната обиколница на Битола (влезот кај ЛукОил - клучката со К1-М5 / Р106 / Р416 )

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17


18


19


20


21


22


23


24


25


26


27


28


29


30


31





Ова е веќе се фотки од северната обиколница на Битола, која се надоврзува на патот Ресен - Битола

32


33


34


35


36


37


38


39


40


41


42


43
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Aug-2008 at 15:45
Одлични слики Кловер. Од сликите се гледа дека се работи за солиден магистрален пат со 3 ленти на најголемиот дел од нерманините. Исто така се гледа дека не е премногу оптоварен со сообраќај. Мислам дека на овој патен правец му е потребна подобра хоризонтална и вертикална сигнализација, нов слој асфалт на некои места, одржување на хигиената и зеленилото покрај патот, и ништо повеќе.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Aug-2008 at 15:52


Сосема сум на иста линија со размислувањето
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Aug-2008 at 16:42
Кај обиколницата на Битлота не видов нешто многу влезови во градот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Aug-2008 at 17:50


Затоа што не ни има Big%20smile

Влезовите се токму на крајните точки на обиколницата
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Aug-2008 at 00:20
Не знам колку сте запознати но и патот Градско-Прилеп веќе во голем дел е со три ленти,а со проектот што е во тек треба целосно да биде завршен до крајот на 2009.

Така што,ќе имаме еден солиден пат Велес-Прилеп-Битола-Ресен.
Мислам дека треба да се размислува за модернизирање на трасата Ресен-Охрид.

Па можи ќе ги излажиме скопјаниве да направат промет и на нашиве бензиски Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Aug-2008 at 00:30
Originally posted by ovaj_stariov

Не знам колку сте запознати но и патот Градско-Прилеп веќе во голем дел е со три ленти,а со проектот што е во тек треба целосно да биде завршен до крајот на 2009.

Да за ова е веќе дискутирано неколку пати. Мислам има и слики.

Мислам дека треба да се размислува за модернизирање на трасата Ресен-Охрид.

Апсолутно си во право, тоа е слаба алка во нашата патна мрежа и според мене треба темелно да се пристапи кон надградување на овој пат до многу повисоки стандарди.


Edited by Cloverstack - 27-Mar-2009 at 01:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Oct-2008 at 02:59
Автопатот Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија да минува преку Дервен
Image
Претставниците на Регионалната стопанска комора во Прилеп заедно со локалната самоуправа сметаат дека патниот правец Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија, треба да минува преку Дервен. Од Комората истакнуваат дека Владата ја задолжила консултантската куќа “Балкан консалтинг”, која работи во рамките на ГП “Гранит”, да изработи проектна документација за оваа делница, и тоа не како регионален пат туку за автопат. Во игра се три варијанти: -Една варијанта е од Велес преку Бабуна да излегува на Десово, а понатаму преку Мажучиште да се поврзе со постојниот пат за Битола. Друга варијанта е постојниот пат преку Плетвар, а за нас како град најприфатлива е варијантата преку Извор и Дервен со изградба на клучка кај Ленишки мост и да продолжи за Битола, изјави Ристо Најдоски од Регионалната стопанска комора.

За Прилеп предложената варијанта е далеку поинтересна, како на стопански, така и на стратешки план, и оваа делница заедно со изградбата на хидроцентралите “Чебрен” и Галиште” и најавеното дефинитивно отстапување на касарната “Мирче Ацев” на локалната самоуправа за индустриска зона, се трите капитални инвестиции кои се очекува да го придвижат локалното стопанство. За овој патен правец Владата донесе одлука за давање под концесија, и по завршувањето на сите тендерски и проектни документации и постапки, се очекува работите да стартуваат во 2009-та година, а автопатот да биде изграден за три години. Со проектот покрај делницата Велес- Прилеп-Битола-Меџитлија, предвиден е и крак што со модерна сообраќајница ќе ги поврзува и Ресен и Охрид.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=580&Itemid=37


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Oct-2008 at 03:31
Едвај најдов кај е тоа Лениште (Ленишки мост)... Се работи за траса релатвно слична на оргинално планираната, но траса која директно ќе излегува на Прилеп, наместо кај Мажучиште. Ваљда на Прилепчани ќе им скрати некои некои 4-5km, па затоа ја преферираат. Но се разбира треба да се земат во предвид и многу други фактори... Вака на прв поглед ми се чини дека за сите други нема да биде поповолно - за другите правци нема некое кратење, попатно опфаќа многу помалце населени места, М-7 би бил лошо поврзан према Велес...
Но тоа е мој прв впечаток. Си има експерти па нека извагаат и нека решат. Нормално има и многу други фактори - цена, влијание врз средината итн. Битно да не се одлучува под притисоци и ради себични интереси, туку да се избере решението кое е најдобро за цела држава.

А трасата преку Плетвар е тотално неприфатлива уште на прв поглед... Не знам од каде излезе таа варијанта - прв пат слушам дека влегла во комбинација и за автопат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Oct-2008 at 03:59
За тоа преку плетвар може како дополнително ама сега е рано. Тоа може дури кога ќе се завршат автопатите па тогаш како плус да се убаци и росоман прилеп делница. Има премногу камионски транспорт што иде од грција и турција према албанија и косово. Па може оваа кратка делница да внесе некое скратување во патувањето. Незнам можеби грешам?! Може би ова би биле бадијала пари плус. Што знам уствари ми дојде само како идеја. Не ја земајте за релевантна! Оваа нема никакво значење за Македонија, единствено би можело по желба на странски транзитери да биде направена со европски пари, а ние да им излеземе во пресрет.


Edited by lslcrew - 13-Oct-2008 at 04:00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Oct-2008 at 04:28
Originally posted by lslcrew

За тоа преку плетвар може како дополнително ама сега е рано. Тоа може дури кога ќе се завршат автопатите па тогаш како плус да се убаци и росоман прилеп делница. Има премногу камионски транспорт што иде од грција и турција према албанија и косово. Па може оваа кратка делница да внесе некое скратување во патувањето. Незнам можеби грешам?! Може би ова би биле бадијала пари плус. Што знам уствари ми дојде само како идеја. Не ја земајте за релевантна! Оваа нема никакво значење за Македонија, единствено би можело по желба на странски транзитери да биде направена со европски пари, а ние да им излеземе во пресрет.


Абе аман со оваа автопатска мегаломанија Laugh
Него баш за меѓународен транзит таа делница ќе има отприлика нула значение. Од Турција и Грција према Албанија логична варијанта е преку грчкиот А2 (Егнеција Одос) или исклучиво од Турција у комбинација е и нашиот коридор 8, а према Косово преку Плетвар (vs Бабуна), нема никаква логика ама баш од нигде.

Тој патен правец можда ќе биде автопат во некоја многу далечна иднина, но пред се би бил за внатрешни македонски потреби (како дел од М-7 нема баш некое меѓународно значење). И како таков Росоман не влага у комбинација, туку од Дреново би идел накај Кавадарци и Неготино па понатака преку Вардар...
Само како што и сам викаш, дај да ги изградиме прво ургентниве проекти, па да размислуваме за вакви луксузи Wink




Edited by Cloverstack - 13-Oct-2008 at 04:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Mar-2009 at 00:17
Еве една тура фотки од М-5 помеѓу Ресен и Прилеп од минатата недела кога падна доста снег.

1-5 Ресен-Битола
6-11 северна обиколница на Битола
12,13 Битола-Прилеп


1
Планинскиот превој Ѓавато (1167m) сосема завеан. Иако службите за одржување си ја вршеа работата, само неколку минути после поминување со плуг веќе се беше покриено.


2


3
Подолу накај Битола невремето беше значително послабо, па и патот можеше подобро да се одржува.


4


5


6
Ова е веќе северната обиколница на Битола


7


8


9


10


11


12
А ова е веќе долу во Пелагонија, накај Прилеп.


13



Edited by Cloverstack - 27-Mar-2009 at 00:30
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Mar-2009 at 00:29
Овие делници што ги имам опфатено со фотки, сигурно повеќето од вас знаат дека се патишта со одлични карактеристики.
Патиштата се релативно нови, широки, со денивелирани вкрстувања. Ресен-Битола како планински пат има лента за спори возила на угорница. Битола-Прилеп е рамничарски, нема поголеми кривини и ограничувањето е 100km/h.

Веќе подолго време, слаба точка на Ресен-Битола е површинскиот слој на асфалтот кој треба под итно да биде сменет на најголем дел од делницата. Битола-Прилеп пак до пред околу година имаше практично беспрекорен коловоз, но многу се изненадив кога поминав овој пат, асфалтот во близина на Прилеп ми се виде прилично оштетен.

Друга слаба точка (на двете делници)  е хоризонталната сигнализација за која постирав овде:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=338&PID=34401#34401


Edited by Cloverstack - 27-Mar-2009 at 03:38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 27-Mar-2009 at 01:05
Кловер ја последен пат дел од оваа магистрала возев лани. И тоа делот од Велес до селото Извор, тоа на пола пат меѓу Велес и Прилеп. Прво негативна работа е што околу Велес нема обиколница па така мора да се влезе во Велес за да се излезе према Прилеп. Е после доаѓа најлошиот дел. Од излез на Велес па натака неколку километри патот е во катастрофална ситуација. Некаде до кај порцеланка. После натака единствена замерка имам само пре-рапавиот асфалт па така малку непријатен звук е цело патување. Нема некоја мека вожња, се гледа дека е дотраен но е рамен. Баш оваа делница мислам дека предходната намена и била некој техничко-воен пат па не бил нешто многу експлоатиран, но потоа се вклопил во патната мрежа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Mar-2009 at 01:12

Помеѓу Велес и Прилеп М-5 целосно недостасува, а моменталниот директен пат помеѓу овие два града (преку с.Извор) се води како Р-526.
М-5 барем според сегашниот план треба да ја пробива Бабуна кај Габровник.
Инаку штета што не си сликал тогаш, тие фотки би биле вистински ексклузивитет во секој поглед Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Mar-2009 at 01:16
Инаку што викаш за обиколница кај Велес, сигурно знаеш дека е планирана обиколница која од Отовица (од каде што автопат треба да се разграни и накај Штип) директно трга накај Прилеп.
За нејзе веќе има и изведени некои градежни работи (од деведесетите, кога предизборно беше „почнат“ да се гради Велес-Прилеп преку Бабуна). Мислам имаме правено муабет за ова - дури и на google earth може да се видат од тогаш недовршените клучки, столбови за вијадукти и делумно пробиена траса.
Wallbash


едит: еве најдов каде сме збореле на оваа тема:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=14714#14714


Edited by Cloverstack - 27-Mar-2009 at 01:23
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Apr-2009 at 00:35
Битола накај Прилеп, август 2007
Асфалтот изгледа одлично и оваа делница заедно со претежно автопатски делници е (беше) помеѓу оние во најдоба состојба на ниво на државата. Велам беше затоа што на последното поминување (март 2009, фотки погоре) ми се чини дека состојбата беше значително полоша на повеќе места.

Уживајте во Пелагонија:

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10



Edited by Cloverstack - 30-Jul-2009 at 01:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Apr-2009 at 03:00

11


12


13


14


15


16


17


18


19


20



Edited by Cloverstack - 30-Jul-2009 at 01:13
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Apr-2009 at 03:10

21


22


23


24


25


26


27


Edited by Cloverstack - 30-Jul-2009 at 01:14
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.