build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А5] Охрид * - Делчево *

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 21-Jun-2009 at 05:07
Фотки помеѓу Велес и Штип, направени од пбанкс во 2007

1


2


3


4

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Jul-2009 at 01:17
Сегментот помеѓу Делчево и граничниот премин Звегор (со Бугарија)

1


2


3
На самата граница



Edited by Cloverstack - 30-Jul-2009 at 01:22
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Jan-2010 at 23:11
Текстов удира на политика, но сепак содржи доста корисни информации.


Патот Велес-Прилеп преку Бабуна нем сведок на СДСМ-овските ветувања

Барем засега никој не знае дали некогаш повторно ќе продолжат работите на патот Велес-Прилеп, што денеска е само нем споменик на една нереализирана инвестиција, а пред 16 години помпезно започна да го гради тогашната влада на СДСМ


Кон крајот на октомври 1994 година во пресрет на вторите парламентарни избори во самостојна Македонија, во близина на наплатната рампа на автопатот кај селото Отовица крај Велес, на свечен начин започна изградбата на магистралниот пат Велес-Прилеп преку Бабуна. Свеченост со многу луѓе, па и од највисокиот врв и со зборови за оправданоста за изградбата на оваа сообраќајница, која не само што требаше да го скуси патот за Прилеп преку Плетвар за повеќе од 35 километри туку требаше и да го врати и животот во триесетина населени места во регионот на Азот. И повеќе од ова. Патот требаше преку Прилеп, Битола, Меџитлија да ја поврзе нашата држава со современа сообраќајница и со соседна Грција. Иницијативата за изградба на магистралниот пат преку Бабуна ја поздравија жителите од Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и други населени места од западниот дел на Македонија.

Речено - сторено. Работите на магистралниот пат му беа доверени на скопски Гранит. По церемонијата вработените од ова градежно претпријатие започнаа со изградбата на магистралниот пат. И додека луѓето и машините кај крстосницата на автопатот кај Отовица, веднаш до брегот на Велешкото Езеро, започнаа да го трасираат патот, стручни екипи извршија експропријација на насадите со лозја и други земјоделски култури преку кои требаше да минува патот. Беа потрошени големи пари.

Изборите дојдоа и завршија. Кога сите веруваа дека работите на магистралниот пат за Прилеп преку Бабуна ќе продолжат, се случи ообратното. Поради немање пари, набргу по изборите, работите на сообраќајницата беа прекинати. Тогашната влада не можеше да обезбеди финансиски средства. Работниците од Гранит по неколкумесечно чекање си ги собраа машините и си заминаа. Од оваа сообраќајница, која според проектот требаше да биде долга 65 километри, со најдолг тунел кај селото Габровник под Бабуна во должина од 1.300 метри, со 38 мостови, од кои најдолгиот на реката Вардар кај Башино Село од 630 метри и за која во тоа време беа потребни 110 милиони долари, се изградени само десетина километри.

Од тој почеток на градбата на магистралниот пат Велес-Прилеп поминаа шеснаесет години. На местото каде што беше одржана свеченоста и каде што почнаа работите, денес нема ништо. Како нем сведок дека тука, од клучката на автопатот, па преку двата брега на Отовичка Река, требаше да минува магистралниот пат, стојат само неколкуте стотини метри асфалтен пат и столбовите на мостот што остана недоградени. Тогашната Влада ветуваше дека работите ќе продолжат, дека ќе бидат обезбедени странски кредити и дека патот ќе биде изграден. Меѓутоа, работите повеќе не продолжија. Работниците од Гранит никогаш повеќе не се вратија за да ги продолжат започнатите работи на оваа сообраќајница која не само што требаше економски да биде оправдана туку требаше да ги врати во живот заборавената Богомила и триесетината населени места од регионот на Азот .

За проектот како и за изведените работи на патот беа потрошени многу пари. Денес, оние изградени и асфалтирани десетина километри од оваа сообраќајница единствено ги користат само сопствениците на лозјата во месноста Гроот, во близината на Велес и никој друг. Дали некогаш повторно ќе продолжат работите на патот Велес-Прилеп или пак, она што беше направено ќе остане само како споменик за една нереализирана инвестиција, барем засега, никој не знае.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A9F399F3A63CB041B77BDA71C9329946
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4414
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-Jan-2010 at 23:18
Е ај што плукаат по другите, ама сегашните пак што не се нафатат да го довршат? Вистина е добро да има пат до Азот, бидејќи таму само со хеликоптер се стига. Пример од Прилеп, мора да се оди до Кичево, па оттаму до Брод.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 17-Jan-2010 at 23:26
Прилично тешка траса за изведба со толкава бројка мостови и најдолг тунел. Замашни бројки. У секој случај конечно мора веќе да ги завршуваме работите во оваа држава. Што се почнало се почнало, мора да се доврши.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 17-Jan-2010 at 23:28
Е и јас тоа си го реков. Штом овие лошиве навистина се заплеткале, сегашниве добри што не го доправат? Иста е ситуацијата и со пругата Белјаковце-Деве Баир! Се разбира овие два проекта се од исклучително значење за државава. Почнуваат нови проекти, а полу-довршениве скапуваат! И наместо како заклучок на текстот да стои ДАЛИ НЕКОГАШ ЌЕ СЕ ДОВРШИ НИКОЈ НЕ ЗНАЕ, треба да си ги запрашаат денешниве надлежни. Леле мори мајко во каква обркана држава живееме.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-Jan-2010 at 11:10
Дај боже веќе еднапка да се изгради нешто ново во Македонија. идев накај Солун пред извесно време - и баш заприметив, дека нели викаат тешка била трасата за автопат Демир Капија - Смоквица и до сега не се замарав каков е теренот, ама едно ќе кажам - освен дуплиот тунел кој очигледно ќе мора да се копа до постоечките во Демир Капија, ништо не е комплицирано за да се направат паралелни ленти на веќе стариот Е-75. И Да, обавезно ќе им треба локален пат за жителите на селата Удово, Давидидово, Петрино, Милетково, и Смоквица


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 18-Jan-2010 at 14:29


За Демир Капија - Смоквица има проект за сосема нова траса од другата страна на Вардар, која траса е сосема вон долината на реката:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=11982#11982

Иако не сум наишол на вест дека е дефинитивно одлучено во полза на оваа траса, јас лично се надевам дека нема да се импровизира со дуплирање на постоечкиот пат, затоа што новата траса е значително пократка и нуди далеку подобри технички карактеристики за автопат. А „стариот“ пат ќе може да се прекатегоризира како Р-103 и да служи како алтернатива и за потребите на локалното население.


Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 18-Jan-2010 at 14:35
Да не се планира овде раздвојување на лентите па еден правец да е по новата, а другиот по старата траса, како што е Скопје - Велес?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 18-Jan-2010 at 14:39
Не
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 18-Jan-2010 at 14:40
Не туку тоа што сега се користи како делница од автопатот е всушност делница од регионалниот Р103. Автопат воопшто нема изградено! Треба да се гради дупла траса западно од овој, однсн според скицата од погоре. Истиот случај е и со велес катланово каде што ск-ве е всушнсот делница од р103, а треба да се догради уште една делница паралелно со ве-ск.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 24-Jan-2010 at 23:58

ИМА НАДЕЖ ЗА ПАТОТ ВЕЛЕС-ПРИЛЕП


Се подготвуваат студии за современа сообраќајница преку Бабуна

Од Агенцијата за државни патишта велат дека е склучен договор за изработка на инвестиционо-техничка документација во фаза на претпроект за автопатско решение на делницата од патната мрежа Велес-Прилеп


Има надеж да се реализира патот Велес-Прилеп преку Бабуна кој почна да се гради далечната 1994 година, но по асфалтирани 10 километри, тогашната Влада на СДСМ престана да го финансира овој проект бидејќи немале доволно финансиски средства. ВЕЧЕР деновиве пишуваше за оваа нереализирана инвестиција која требаше да го врати животот во триесетина населени места во регионот на Азот, а патот преку Прилеп, Битола и Меџитлија, треба да ја поврзе нашата држава со современа сообраќајница и со соседна Грција.

Од Агенцијата за државни патишта велат дека е склучен договор за изработка на инвестиционо-техничка документација во фаза на претпроект за автопатско решение на делницата од патната мрежа Велес-Прилеп.
-Договор е склучен и за изработка на физибилити студија, но и на студија за оцена на влијанието врз животната средина. Изработката на идејниот проект за патот е во тек, а потоа ќе следува отпочнување на постапка за изработка на основен и изведбен проект - вели Катерина Панова-Илиевска, помошник-директор во Агенцијата за државни патишта.

Реализацијата на овој пат треба да го скуси патувањето од Велес до Прилеп за повеќе од 35 километри. Според тогашниот проект, патот требаше да биде долг 65 километри, со најдолг тунел кај селото Габровник под Бабуна во должина од 1.300 метри, со 38 мостови, од кои најдолгиот на реката Вардар кај Башино Село од 630 метри. За негова реализација во тоа време беа потребни 110 милиони долари, а се изградени само десетина километри.

Од тој почеток на градбата на магистралниот пат Велес-Прилеп поминаа шеснаесет години. На местото каде што беше одржана свеченоста и каде што почнаа работите, денес нема ништо. Како нем сведок дека тука, од клучката на автопатот, па преку двата брега на Отовичка Река, требаше да минува магистралниот пат, стојат само неколкуте стотини метри асфалтен пат и столбовите на мостот што остана недоградени. Тогашната влада ветуваше дека работите ќе продолжат, дека ќе бидат обезбедени странски кредити и дека патот ќе биде изграден. Работниците од Гранит никогаш повеќе не се вратија за да ги продолжат започнатите работи на оваа сообраќајница која не само што требаше економски да биде оправдана туку требаше да ги врати во живот заборавената Богомила и триесетината населени места од регионот на Азот .

Денес, оние изградени и асфалтирани десетина километри од оваа сообраќајница единствено ги користат само сопствениците на лозјата во месноста Гроот, во близината на Велес и никој друг.                                                                                                                                                http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CD61C6EAEFFF2744A5359637BD442FBA

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 20-Feb-2010 at 17:14

Распука магистралниот пат Битола - Охрид, кај Ресен (Фото/Видео)

Ресен, 20 февруари (ИНПРЕС)

Како последица на недоволно припремената подлога и влијанието на високите подземни води, на седум километри од Ресен, на магистралниот патен правец Ресен - Битола денеска дојде до попуштање на подлогата со асфалт во должина од 40-тина метри.

Во моментов две од три сообраќајни ленти се слободни за движење, затоа што подлогата е спуштена од 60 до 70 сантиметри со тенденција за уште подрастично спуштање.

Раководителот на Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување со екипа од ОВР Ресен  и Македонија пат веднаш беа на лице место, при што е извршено обележување на опасната делница.

Во текот на денот интензивно ќе се работи на расчистување и оспособување на сообраќај на стариот магистрален пат од Ресен кон Битола. Потребните активности за оспособување на на овој патен правец се очекуваат идните денови, а се дотогаш се препорачува внимателно возење.

Видео на www.nehru.blip.tv

Фото: http://www.prespalive.com.mk

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=E7508957A1A0B844A3835A2B1458CB9E
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 20-Feb-2010 at 17:21
2012 работава. Секој ден лавини, поплави, чуда... еве и ова
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 20-Feb-2010 at 19:59
Ај па си викам со ова одрониве, ако на некое место лупне одрон, па друг пат потешко ќе има одрон на исто место, ама ова со поткапиниве патишта не ми изгледа на арно. Од друга страна, замисли да ги имавме искористено сите потенцијали на рекиве со изградба на акумулации. Нити ќе ги имаше поплавиве, а и за струја ќе придонесеше.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 22-Feb-2010 at 05:44

уф добро парче заминало! ова би требало да е кај ресенскиот дел на превојот ѓавато... туку сега колите ќе тераат по паралелниот стар пат "дервен" (ѓаватски дервен)... а тој пак колку ќе крепи товарни возила... и така на места е калдрма, па сега таман и да го подископаат, може ќе се користи само дел колку да се заобиколи овој потег а сетне ќе го приклучат на р-106, немам баш ориентација каде е точно свлечиштево, според фотката и снимките изгледа ко ресенската страна на ѓато, но да почекаме и подетално инфо... 

Распука патот Битола - Ресен

Магистралниот пат Битола - Ресен како да е погоден од земјотрес. Поради влага пропадна големо парче асфалт веднаш над планинскиот превој Ѓавато.

Отцепениот дел е долг околу 60 метри, а патот е пропаднат во длабочина за повеќе од половина метар.

За среќа, за време на лизгањето на земјиштето не дошло до сообраќајна незгода, иако патот е еден од најоптоварените со возила во Битолскиот регион.

Заради безбедност на патниците пропаднатото парче асфалт е заградено со ленти, а на патот се поставени сообраќајни знаци за намалување на брзината на возење. Сообраќајот на овој патен правец се одвива само по една коловозна лента.

- Ова е класична појава на свлечиште што се случува по интензивни врнежи, топење на снег и заситување на подлогата со прекумерна влага. Ако не се преземат мерки, можно е да зафати и друг дел од патот - изјави Милорад Јовановски, професор од Градежниот факултет во Скопје и консултант на Агенцијата за патишта.

Јовановски тврди дека врз лизгањето на земјиштето немале влијание староста на патот и големата оптовареност. Патот беше изграден пред дваесетина години, а досега немало пообемни реконструкции, туку интервенции на проблематични места поради дупки и друго. Наменет е и за лесни патнички и за тешки товарни возила.

Формиран е оперативен штаб, кој ги утврди понатамошните чекори за санација на патот. Местото вчера го посети и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Тој најави времена санација, која ќе трае две недели, а на лето темелна реконструкција на овој дел од патот.

- Мора да се преземат мерки за да престане лизгањето на земјиштето во оваа фаза. Агенцијата за патишта ќе изработи проект со поголеми зафати за трајна санација на ова свлечиште. Тогаш ќе се направи трајна пренамена на асфалтот и на другите слоеви. Реконструкцијата ќе почне меѓу јуни и септември и ќе трае 2-3 месеци - изјави Јанакиевски.

За да нема застој во сообраќајот договорено е веднаш да се почне со реконструкција на стариот пат меѓу Битола и Ресен, како алтернативен коловоз, пред се', за тешките товарни возила.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BBAF45D07161CE4B8F6F16B1653BD754

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 22-Feb-2010 at 13:57


Max, баш стариот пат е Р-106. „Новиов“ е М-5. Го префрлив и постов
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 25-Feb-2010 at 17:56

Почна поправка на коловозот кај Ресен

Пет дена по пропаѓањето на дел од асфалтот од магистралниот пат Битола - Ресен, почна поправката на распуканиот коловоз. Свлечиштето вчера се санираше со помош на градежна механизација. Се предвидува зафатот да трае две недели, а потемелна реконструкција на патот ќе следува в лето. (Ж.З.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BFD7730199B7064EA7D5DE5AF81133B7
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 25-Feb-2010 at 18:37
Originally posted by Cloverstack


Max, баш стариот пат е Р-106. „Новиов“ е М-5. Го префрлив и постов

да во право си но оти во нишката р-106 возиш со фотките по новиот пат т.е. м-5 па по дефалт затоа и таму го пуштив написот, инаку тој дел од стариот пат кај Ѓавато го викаат Дервен т.е. на турски тоа мислам значи премин, па така имаме доста место кај нас кои ги викаат дервен!

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Feb-2010 at 18:47
   а ова свлечиштево ќе го работат побајаѓи, може набрзина сега да го скрпат асфалтот но на место му беше изјавата на јанакиевски дека ќе трае неколку месеци цел зафат со стабилизирање на свлечиштето! сега прво додека да земат мерка и геолошки и градежно, па сетне да стокмат проект а сетне и да го изведат... колку што се гледа од фотките тука нема канал за одвод на атмосферски води, па затоа ваква ујдурма, ова требало бар пластична цевка да има таму за одвод, но и постојните канали некој требало да ги чисти! колку ова таму е одржувано тоа незнам но и малку да се запушени бидејќи пелистер има бајаѓи вода, посекако веднаш се јавува куршлус, во случајов од водите на врвот Вртешка па и од врвот Мала Чука кои по Ѓаватската Пресека тераат кон пл.Бигла и кон ез.Стрежево...  

Edited by Max - 25-Feb-2010 at 18:48
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.