build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[Р-106] Градско - Ресен *

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 03-Dec-2008 at 16:26
ApplauseНе се возам многу со автомобил накај Битола, ама конечно да се санира оваа делница. Се надевам на целосна санација на Плетвар и воопшто на патот Градско-Битола, бидејќи таа делница сеуште останува црна точка на која се случуваат огромен број на сообраќајки.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4475
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 03-Dec-2008 at 20:26

Трета лента имаше веќе подолго време на некои делови... Памтам уште пред 3-4 години имаше минирања за да се направи простор за лентата. Или ова значи дека на цел Плетвар има трета лента? Знам дека на најкритичните места веќе подолго време имаше.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12036
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 27-Mar-2009 at 02:53
Една снежна тура од минатата недела дур траеше невремето. На плетвар беше навистина ризично - обвиен во магла и со мраз на незгодни точки.

1


2


3


4


5


6


7


8

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 27-Mar-2009 at 20:14
Applause

Во убаво тесто си навлегол
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12036
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 01-Apr-2009 at 13:30
Лето 2007, помеѓу Дреново и Градско

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12036
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-Jun-2009 at 14:07
Плетвар

За жал снимено е од задно седиште па снимката не е баш нај, ама тоа е




Edited by Cloverstack - 05-Jun-2009 at 14:07
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-May-2011 at 18:55
Уште една најава за овај патен правец
http://kurir.mk/republika/opstini/28858-Ke-se-rekonstruira-patot-Gradsko-%E2%80%93-Prilep


Ќе се реконструира патот Градско – Прилеп
Понеделник, 09 Мај 2011 15:14
Сподели
11

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов, денеска информираше дека ќе се реконструира регионалниот пат Р 106 Градско –Прилеп.


- Ќе се почне со асфалтирање спрема Прилеп во должина од 20 километри, до третата лента каде што треба да се реновира, рече Лазов.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информира дека во првите четири месеци од годината се регистрирани 13 сообраќајни несреќи на овој патен правец, со една жртва, неколку повредени и материјална штета.

Минатата година, на оваа делница се случиле пет сообраќајни несреќи, каде две лица го загубиле животот и четири се здобиле со тешки повреди. Најчеста причина за несреќите, според полицијата, се неприлагодената брзина, недржење страна на движење и растојание, како и непрописно престигнување.

Edited by JOE - 09-May-2011 at 18:55
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 04-Oct-2012 at 11:03
Izleze dokument na sajtot od prilepskata opstina za ocena na zivotnata sredina za proekt za infrastruktura za prosiruvanje na patot Gradsko-Prilep. Dokumentot e prilicno obemen,no ona nas sto ne interesira e:

1.Ekspresen pat Gradsko-r.Raec, 26km,profil:kolovozna lenta 2x3.50,lenta za zastanuvanje 2x2.50
2.Dodavanje na treta lenta, kamenolom-s.belovodica 4,4km
3.Ekspresen pat r.Leniska-Prilep, 2,5km,istiot profil.

So ova mislam deka ke bide pokriena celata trasa Gradsko-Prilep kade so tri lenti no dobar del i so ekspresen pat.I sekako ke go oddolzi avtopatot kon Veles za nekoi poubavi vreminja.

eve i edna slika od google earth


Ako nekoj se interesira od samiot dokument
http://www.prilep.gov.mk/content/file/oglasna/03102012/SEA%20ekspresen%20pat.pdf

Edited by ovaj_stariov - 04-Oct-2012 at 11:04
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12036
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 04-Oct-2012 at 16:07
Добар фајнд

Особено ме интересира твоето и мислењето на други Прилепчани (па и Битолчани), како најдиректно засегнати од овој проект. Дали мислите дека е подобро да се оди на оваа варијанта и со тоа во догледно време патот Прилеп - Градско по целата своја должина да биде на релативно високо ниво, но со тоа изградбата на директен пат кон Велес и Скопје да се одложи којзнае за кога. Или подобро би било финансиите и енергијата да се насочи на патот преку Бабуна, кој во прво време не мора да биде ниту автопат, туку полу-автопат (што би значело некаква слична конфигурација како предложениов проет Прилеп-Градско, односно три ленти на угорниците, а експресен пат на рамните делови). Нормално, за патот преку Бабуна би требало да се почека малку повеќе отколку да се надгради патот преку Плетвар, но неспоредливо пократко отколку што ќе треба да се чека доколку вториов добие некаква форма на експресен пат, со што мислам дека трасата преку Бабуна долгорочно ќе исчезне дури и од лажните ветувања на политичарите...


BTW да искористиме една фотка од студијата од моменталната состојба на патот во рамничарскиот дел:


Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 04-Oct-2012 at 17:13
Мслам дека патот преку Бабуна, и вака и онака ке чека други подобри времиња кои којзнај кога ке дојдат, и дали ке дојдат, така да мислам дека треба силите да се насочат на предложениов проект за Прилеп - Градско, и да се реши веќе оваа црна линија што побрзо.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 04-Oct-2012 at 17:51
И јас сум на истата линија како @JOE,автопатот преку Бабуна е доста скапа инвестиција и да бидиме реални со сегашното ниво на сообраќај (во догледна иднина нема којзнае колку да се смени) и не многу оправдана,вака ќе добиеме солиден пат,скоро наполовината ќе има две ленти во правец.

Друго што заборавив да пишам е катастрофалната состојба на местата каде што не многу одамна е додадена третата лента,на многу места патот е пропаднат,скоро по целата траса се вози како во шини,не знам кој беше изведувачот но многу брзо се видоа големи недостатоци.Ако можам деновиве ќе сликнам нешто.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 04-Oct-2012 at 19:14
пред многу години со еден авантуристички настроен тип решивме да скратиме за Велес(тогаш Титов) и забегавме по стариот пат Прилеп- Велес.Тоа што го доживеавме можи да се види само на емисиите на М.Н. во оф род шоута што ги прави.

иначе за помладите да посочам дека оваа делница е официјално започната да се гради пред многу години(1996),а се заврши со претање на два багери пред камери додека си заминат новинарите,нормално тоа беше на 2 дена пред избори.сега не ми се верува дека постојат и траги од дупките што ги направија багерите
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12036
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 06-Oct-2012 at 03:29
Автопатот преку Бабуна е доста скапа инвестиција, тоа е точно. Дури и варијантата со полу-автопат која ја посочив би била значителна инвестиција. Но станува збор за големо скратување на патот помеѓу Прилеп и Велес (што значи големи заштеди во време и гориво), а тој пат е многу важен за државава. Од друга страна сведоци сме како се форсира автопат од Миладиновци до Штип, кој минимално го скратува патот помеѓу Штип и Скопје во однос на постоечкиот пат. Мене не ми е јасно како може да има толкава разлика во подршката што ја добива вториот на сметка на првиот проект. Ако подлабоко се размисли и се земе во предвид разликата во кратењето на патот, многу пологично би било да се постапи обратно, односно постојниот пат од Штип до Велес да се надгради (по можност и да се изгради и врската до Отовица), а помеѓу Прилеп и Велес да се оди на пробивање на новата траса преку Бабуна, која не мора да биде ни автопат, туку засега полу-автопат (што во планинските делови ќе обезбеди трета лента, а на рамните делови ќе обезбеди пошироки „раменици“).

Е сега треба да се земе во предвид дека придобивка од автопатот Миладиновци - Штип ќе биде и поврзување Свети Николе, ама не треба да се занемари и фактот што патот преку Бабуна конечно ќе обезбеди нормална патна врска за регионот „Азот“ кој е географски центар на Македонија и несфатливо ми е како можеме да го оставаме толку отсечен. Регионот се наоѓа помеѓу Пелагонија и вардарската долина и сигурно не би бил толку сиромашен и опустошен, ако имаше барем некаква нормална патна врска и минимални инвцестиции во базична инфраструктура за тамошните села.

Како и да е, мислам дека не смееме да ги гледаме овие проекти како недостижни и толку лесно да се откажуваме од нив и тоа на долгорочен план. Ова се проекти кои и досега сме можеле и сме требале да ги реализираме. Овие проекти значат наша подобра иднина. За жал неспособните и неодговорните политичари во голема мерка не истренирале да немаме некакви особени (всушност ниту минимални и сосема реални) очекувања. А и парите очигледно не се пресуден проблем (барем за инвестиции од олкав ранг), колку што е проблем неразумното насочување на постоечките финансии.

А понатамошната надградба на патот преку Плетвар е добар проект, само што се плашам дека комплетно ќе го закопа проектот за пат преку Бабуна, за многу долго време, а мислам дека тоа не смееме да си го дозволиме!


Originally posted by gjoko

иначе за помладите да посочам дека оваа делница е официјално започната да се гради пред многу години(1996),а се заврши со претање на два багери пред камери додека си заминат новинарите,нормално тоа беше на 2 дена пред избори.сега не ми се верува дека постојат и траги од дупките што ги направија багерите

Грешка си Ѓоко. Не дека нешто особено менува, сепак е ова минорен процент од целиот проект, но кај Отовица, односно кај езерото Младост, може да се забележи изведена клучка со автопатот Скопје - Велес, понатаму појужно има сегменти од пробиена траса, еден натпатник и столбови за еден поголем вијадукт. Западно од Велес се гледаат и неколку километри завршена и асфалтирана траса, вклучувајќи уште една клучка:
https://maps.google.com/?ll=41.707779,21.744604&spn=0.009724,0.019462&t=k&z=16




Edited by Cloverstack - 06-Oct-2012 at 03:41
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 06-Oct-2012 at 11:59
овој пат што го кажував кловер оди на сосема спротивната страна,влегува во Велес од западната страна,кај населбата `кај тунелот`.

но сепак е добро што нешто се направило,било каде,ако не е оштетено од забот на времето ќе послужи за следната инвестиција сигурно.

кога ќе помине времето,ќе се заборави и кој што правел,и што неправел,ќе остани само тоа што е направено,луѓето многу не се секираат кој го правел нештото.

ако се направи еден експеримент,на пример да се запрашаат сите што возат на некоја делница(третата лента на Плетвар на пример) кој ја направил,гарантирам дека над 90% од луѓето ќе згрешат

нека се гради и прави и ништо друго
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 08-Oct-2012 at 09:33
Едно прашање надвор од темата. Што е точно експресен пат и каде има таков во МК?
Инаку, како битолчанец: стварно е срамота што со ваков пат се поврзани Прилеп и Битола со главниот град. Тетово и Гостивар се помали градови па имаат солидна автопатска врска. Настрана тоа, реално мислам дека не е исплатливо со денешното ниво на сообраќај нова автопатска делница меѓу Велес и Прилеп. По прво мислам дека треба да се направи проширување на ниво на автопат помеѓу Битола и Прилеп. Постоечкиот пат да се искористи (реконструиран) за една насока е сосема солиден, а и теренот е одличен за градење. Мислам дека за автопат Битола-Прилеп се доволни ~50 милиони евра.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-Oct-2012 at 13:39
Originally posted by stratus

Едно прашање надвор од темата. Што е точно експресен пат и каде има таков во МК?
Инаку, како битолчанец: стварно е срамота што со ваков пат се поврзани Прилеп и Битола со главниот град. Тетово и Гостивар се помали градови па имаат солидна автопатска врска. Настрана тоа, реално мислам дека не е исплатливо со денешното ниво на сообраќај нова автопатска делница меѓу Велес и Прилеп. По прво мислам дека треба да се направи проширување на ниво на автопат помеѓу Битола и Прилеп. Постоечкиот пат да се искористи (реконструиран) за една насока е сосема солиден, а и теренот е одличен за градење. Мислам дека за автопат Битола-Прилеп се доволни ~50 милиони евра.


Пример за класичен експресен пат е Тетово-Гостивар, кој по македонски "стандарди" е автопат, само за да си наплаќаат патарина.
23ka.wordpress.com
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 08-Oct-2012 at 15:55
Гостивар-Тетово е прво проектиран како експресен пат со 3(три) ленти,по една во двата правци и една заедничка за претицување(кој возел 80-тите за Лептокарија знае каков пат е тоа),мостовите се изградени према тој проект,па псле тоа се премислиле и во мостови широки за 3 траки,угурани се 4.затоа и средниот ѕин(на смрта) е толку близу до коловозот.едноставно нема место и никогаш нема да има.оние мостови кои се релитвно нови никој нема да има пари да ги руши и да изгради нови
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12036
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Oct-2012 at 00:40
Експресен пат е многу широк и лабав поим. Во Европа обично се тоа патишта со раздвоени коловози за двата правци (може и со повеќе од 2х2 ленти), но со пониски технички стандарди од автопат. Исто така сум наишол на патишта кои биле дефинирани како експресни, а биле со 2 ленти и само малку пошироки „раменици“, или без воопшто пошироки раменици, но целосно изведени со безконфликтни вкрстувања и приклучувања. Во Америка е спротивно, таму "expressway" може да значи и пат со 10 ленти, но со обични крстосници. Во поранешниот СССР имаат многу важни патишта со 4 ленти на кои се вози брзо, а немаат никаква централна бариера, ниту безконфликтни вкрстувања... и нив некои ги викаат експресни патишта, мада не се ништо поразлични од нашата Првомајска.


Edited by Cloverstack - 09-Oct-2012 at 00:41
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 17-Oct-2012 at 23:53
Со голем интерес ја следев дискусијата од пред неколку дена, но дури сега најдов време да реагирам. Веста секако после големата еуфорија (спек се работи за многу важен наш патен правец), следуваше многу големо разочарување. Оставам простор да сум згрешил (особено што никој друг или не ги примети работите што ни се продаваат тука, или едноставно не реагирал), но сум прилично сигурен дека овдека се работи за голем скандал и големо даунгрејдување на нашите планови за патната мрежа. Се плашам дека на овој начин ќе пробаат да ни пробутаат и други експресни патишта во државава, правејќи го тоа не да се подобри ситуацијата туку да отчитаат дејност.

Прво се согласувам со констатацијата на Кловер дека поимот експресен пат во македонскиот јазик е многу растеглив и за жал сеуште (законско-правно) недефиниран поим. Се разбира во светот според географската локација има многу вариации на експресните патишта, но ние бидејќи се наоѓаме во Европа сепак треба да ги користиме и применуваме европските стандарди. Тие европски стандарди (најчесто) гласат дека експресниот пат е пат кој има два физички одвоени коловоза (лента не е исто со коловоз), со најмалку по 2 ленти во насока, со габарит од најмалку 20 метри (т.н. Г20), како и бесконфликтни вкрстувања со други патишта на различни нива. Во нашата земја има една крпеница која сосема личи на експресен пат и таа е патот Тетово-Гостивар. Сепак експресните патишта имаат ленти по 3.5 метри, а за Те-Гв не сум сигурен дали се по толку или помалку. Исто така средишната бариера треба да биде најмалку 2 метри широка, која па со сигурност не е. Брзината на експресните патишта е за 20 км/час пониска од максимално дозволената на автопатите. Значи ако кај нас брзината на автопатите е 130, тогаш следува дека експресните патишта треба да се проектирани за 110 километри на час, каква што е во Хрватска и Словенија.

Во нашиот балкански регион, повеќето држави прашањето за експресните патишта го имаат законско регулирано. Ова е многу важна основа бидејќи ги поставува техничките параметри и стандарди, со што се спречува импровизација и манипулирање со поимот. Земји од регионот кои од поодамна имаат експресни патишта се Словенија и Хрватска, додека во Бугарија тој поим беше законски дефиниран пред една година. Таа дефиниција, како што набројав претходно ги вклучува следните технички карактеристики:

*2 физички одвоени коловоза со по најмалку 2 ленти во секоја насока
*паркинг на секои 1000м за итни потреби и застанувања
*проектирана брзина од 110-120 километри на час
*вкрстувања на различни нива
*вкупен габарит од најмалку 20 метри (само коловози и физичка бариера)
*поставување на заштитни огради високи најмалку 1.60 метри од висината на коловозот (за животни и др.)


Чешка:



Хрватска



Словенија



Бугарија





По крајно внимателното читање на посочениот извештај, односно на делот кој се однесува на оваа тематика, доаѓам до следниов поразителен, разочарувачки и крајно скандален заклучок: Владата воопшто не планира изградба на експресен пат, туку го користи овој термин за залажување и манипулација со јавноста. Во документот стои дека на делниците Градско-Раец во должина од 26 километри ќе се гради пат со следните карактеристики:

*неодвоен коловоз со по една лента во секоја насока за возење и по една потесна за застанување.
*непостење на физичка разделна ограда, ниту пак на странична заштитна ограда за животни
*изградба на неколку (полу)бесконфликтни клучки (се споменуваат 3)
*вкупен габарит на патот е мизерните 12,4 метри
*проектирана брзина од 80 до 100 километри на час

И бидејќи една слика вреди илјада зборови, еве направив една споредба

1) Предлогот на Владата за патот Градско-Раек:



2) Вистински експресен пат по европски и меѓународни стандарди:



Според сето ова, најблиско нешто на кое ќе личи нашиот феномен наречен експресен пат, ќе биде терминот измислен од страна на Милошевич во Србија за време на санкциите, со цел манипулација на населението. Тоа е терминот полу-автопат, кој подразбира изградба на автопат но со само еден коловоз, додека вториот паралелен коловоз требаше да ја чека светлата иднина. Но сепак се мислело за иднината, бидејќи сите клучки и натпатници беа изградени во профил на автопат, така што за в иднина остана само изградбата на вториот коловоз. Тоа сега србите го направија на делницата од Белград до Суботица. А еве како изгледа полу-автопатот наречен Белградската обиколница, односно точно што ни се предлага нас под поимот експресен пат, со таа разлика што кај нас не се ни мисли за иднината, бидејќи не се предвидува никакво проширување:




Што добиваме со изградбата на експресниот пат замислена и предложена од Владата?
Според мене едно големо ништо, една огромна манипулација и симулирање на работа и посветеност во инфраструктурата! Зошто да се фрлаат големи пари за изградба на пат кој во Европа се нарекуваат патишта на смртта. Па самиот факт што се предвивува изградба на пат од ѓомити висок ранг без разделителна ограда е скандалозен! Сите се жалиме како на ништо не изгледа дел од патот помеѓу Евзони и Солун, а ова ќе биде доста поскромно, односно со уште понамален габарит и ширина на лентите. Понатаму, многу важен фактор за еден пат се и радиусите на кривите, како и неговите наклони. Иако не е јасно сосема што се планира, фактот дека експресниот пат го следи стариот пат (и притоа без алтернативна замена), не ветува многу, иако наклоните се максимум 7% како и кај автопатите (ова единсвено го погодиле, што и не е тешко ако се земе в предвид рамничарскиот карактер на патот).

Значи, со оглед на тоа што ни се предлага обичен поширок магистрален пат, со многу мали технички подобрувања, мислам дека станува збор за чиста манипулација! И тоа многу скапа манипулација, која нема од корен да го реши проблемот, а патувањето нема да стане многу побрзо или побезбедно. И тоа станува збор за најлесните рамничарски делници, каде би требало да се размислува за изградба на класичен автопат или најмалку експресен пат (од меѓународен стандард)! Најтрагичното е што ова сценарио би можело да ни се протне и за други патни правци во Македонија, па целата земја да биде пресечена со патишта од азијски карактер, со стандард сличен на оние во Киргистан!
И што ова значи погледнато во перспектива? Знаејќи како изгледаат кај нас привремените решенија (кои траат до 50 години, односно 2 генерации), мислам дека со оваа лудост целосно се зацементирува можноста да се изградби автопат или експресен пат на даденава делница, по неколку години, кога верувам и силно се надевам дека ќе ни дојде памет и ќе имаме многу поодговорни покомпетентни луѓе на позициите. Оти ако се изгради ваков патен правец, каде реконструкција на маалски улици се сметаат за капитални проекти, сметајте дека децении ќе пројдат додека се направи нормален автопат или експресен пат. И тоа во време кога сите наши соседи масовно и приоритетно вложуваат во инфраструктурата, ние не смееме да дозволиме да правиме вакви грешки, со катастрофално малкуто проекти кои ги најавуваме!

За крај извадоци од трите делници на т.н. експресен пат и нивната максимална брзина. Пазете, таа варира од 80 до 100 километри на час. додека на еден дел е дури и 60 километри! Киргистан не ни е равен!

ЛОТ 1: Градско - Раец (26км):



ЛОТ 2: Плетвар - Беловодица (4,4 км) и тоа со планирана ширина на лентите од само 3,25 метри за двете ленти за возила и мизерните 3 метри за лентата за тешките возила (дефакто пат со помал габарит од трилентовиот пат за Стража!):



ЛОТ 3: Прилеп-р. Ленишка (2,5 км):




НЕКА НИ СЕ НА ЗДРАВЈЕ ВАКВИТЕ "ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА"!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12036
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 21-Oct-2012 at 01:28


Андреј, многу важни информации имаш изнесено и многу валидни поенти имаш опфатено. Но ме зачуди твоето мислење дека од Прилеп до Градско ни е потребен автопат, или барем асален експресен пат на највисоко ниво. Ме зачуди затоа што овој сообраќаен коридор е неадекватен за денешните потреби и можности. Него практично целосно треба да го заменат два нови сообраќајни коридори кои републичката патна мрежа ќе ја направат далеку подобра и поефикасна и ќе скратат навистина многу километри на бројни релации:

1) Новиот пат преку Бабуна, што ќе значи многу подобро поврзување на Прилеп со Велес (а со тоа и многу подобро поврзување на редица други исклучително важни релации, како на пример Битола, Прилеп и други со Скопје, со најголем дел од источна Македонија, со Табановце, со Деве Баир... и уште редица други комбинации). Овој коридор за прв пат ќе обезбеди и нормално патно поврзување на засега отсечениот регион „Азот“ кој се наоѓа во географскиот центар на државава и секако ќе обезбеди импулс за негов развој. И не само што оваа траса овозможува значително скратување, туку патот ќе има неспоредливо подобри карактеристики од патот преку Плетвар, без разлика колку ќе го надоградуваат вториов.

2) Подобро поврзување на Прилеп и добар дел од Македонија, со Кавадарци и Неготино, а одтаму кон Гевгелија и Грција на југ (преку М-1) и со Радовиш и Струмица кон исток (преку Р-107 и М-6).


Затоа и пишав порано, се плашам дека форсирањето на правецот Прилеп - Градско комплетно ќе го закопа проектот за пат преку Бабуна, за многу долго време, а мислам дека тоа никако не смееме да си го дозволиме. Патот Прилеп - Градско не е опција со која треба да одиме во иднината. Патем важно е да се спомне дека патот преку Бабуна е всушност и дел од пан-европскиот коридор 10-Д што не е случајно, а како резултат на тоа веројатно можеме да се надеваме и на подобри услови за финансирање, ако навистина сериозно се зафатиме да биде реализиран.

Комплетирање на третата лента на Плетвар, односно на делот од Каменолом - Беловодица е дефинитивно добредојдено, но само толку. Оној квази-експресен пат во рамничарскиот дел, со по една лента во правец и ленти за застанување е глупост. Не гледам кои се битните придобивки од таквото решение. И не само што е смешно на пат од таков ранг речиси пола коловоз да се намени за застанување, туку проблемот е поголем затоа што реално нема да служи за застанување, ами ќе служи за бесно возење и опасно претекнување од поединци... убаво беше ословено дека тоа ќе биде пат на смртта. Особени придобивки од лентите за застанување на пат од ваков ранг не гледам, а посакуваниот ефект 99% може да се постигне и со почести паркинг стојалишта и таа варијанта финансиски ќе чини далеку помалку, ќе уништиме помалку земјиште, а и патот така всушност ќе биде побезбеден.

Друг проблем со „експресниот“ пат е што делот од Беловодица до Дреново има перспектива и во иднина затоа што на него се надоврзува Р-107 кон Кавадарци и Неготино, а со тоа сите комбинации што ги спомнав погоре, но делот од Дреново до Градско ќе ја изгуби речиси целата своја сегашна важност (и треба да ја изгуби) и ќе има локално значење за општините Росоман и Градско (вкупно 6000 жители). Не гледам никаква потреба тој дел да биде квази-експресен пат каков што предлагаат, а уште помалку да биде вистински експресен пат или недај боже автопат.



Според мене треба да се направи следново:

I) Под итно да се почне да се работи на подготовки за реализација на патот преку Бабуна. Ова е исклучително важна сообраќајна врска која сега недостасува и доколку се изгради ќе донесе многу поволни економски ефекти. Придобивките веќе ги објаснив, мислам дека се неспорни. Исто така мислам дека оваа врска треба да има апсолутен приоритет над автопатот Миладиновци - Штип. Воедно за патот преку Бабуна како дел од пан-европските коридори можеби можеме да дојдеме и до поповолни странски финансии, ако се најде по некој писмен и способен да поработи на случајот.

Дилемата околу патот преку Бабуна ми е дали веднаш треба да се запне и да се оди на варијанта автопат, или да се пристапи поскромно, да се изгради полуавтопат и да се чека момент во иднина кога ќе се јави потреба за надградба во автопат. Но во секој случај мислам дека полуавтопат во моментов е апсолутно прифатлива опција. Ова е втората работа во која ми се разидува мислењето од она на Андреј. Јас не гледам проблем со концептот на полуавтопат (освен во ситуации каде такво решение се применува со цел за замачкување очи). Исто така мислам дека „полуавтопат“е термин и стандард кој нема врска со Милошевиќ и е постар од него, но тоа воопшто не е битно. Она што е битно е дека со концептот најпрвин се пристапува кон изградба на едниот автопатски коловоз (по сите автопатски стандарди) и дека во меѓувреме додека дојде вистински момент да се догради вториот коловоз и да се формира класичен автопат, ќе може да се користи како нормален магистрален пат со одлични карактеристики. На планинските делови ширината на коловозот може да се искористи за трета лента, а на рамничарските делови според мене треба на пример една од овие две опции:
а) да се избегне емулирање на некаков експресен пат со широки рамења и привремениот „вишок“ ширина некако да се исфрли од употреба додека не се реализира автопатот (широки рамења или некои мини ленти за застанување во пракса се покана за небезбедно возење)
б) да се воведат три ленти (наизменично менување на правецот на третата лента на неколку километри, или нејзина контрола преку дигитални сообраќајни знаци во зависност од тоа во кој правец е поинтензивен сообраќајот во даден момент)

II) Да се догради трета лента на Плетвар на делот кој недостасува (Каменолом - Беловодица), а на остатокот од патот помеѓу Прилеп и Дреново да му се подигнат сите стандарди вклучувајќи и мало проширување каде што треба, но не и да се проширува до ниво на предложениот квази-експресен пат (12,4 метри). Источно од Дреново треба не треба да се работи на патот кон Градско, туку на Р-107 односно на патот кон Кавадарци и Неготино и понатаму до врската со М-6. Значи на Р-107 исто така треба да се работи на подигнување на сите стандарди и воведување на денивелирани сообраќајни вкрстувања каде што има потреба, но и овој пат би било најлогично да остане со по една лента во правец и ширина до 8 метри. Значи Р-107 да прерасне во современ магистрален пат според сегашни стандарди. Мислам дека ова е најоптимално решение кое и долгорочно ќе ги задоволи сите потреби со најмала можна инвестиција.

Еве имаме нишка за Р-107:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=981

Има доста за вложување во негова надградба, на некои сегменти веројатно ќе требаат и одредени корекции на трасата, но таквите поголеми вложувања може да се реализираат во тек на еден подолг временски период, особено на делот источно од Неготино, кој во моментов има многу слаб сообраќај и не е баш некој приоритет.


Еве склопив една мапа за посликовито да се види што ќе значи изградба на патот преку Бабуна и подобрување на врската Прилеп - Неготино - Лакавица, наспроти форсирањето на патот Прилеп - Градско:

ЗЕЛЕНО - нов пат преку Бабуна (дел од М-5)
ЦРВЕНО - проширување со трета лента за искачување (дел од Р-106)
ТЕМНО СИНО - ургентно осовременување и подобрување на стандардите на патот (делови од Р-106 и Р-107)
СВЕТЛО СИНО - помалку ургентно осовременување и подобрување на стандардите на патот (дел од Р-107)



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.