build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[Р-106 стара нумерација] Градско - Ресен *

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 21-Oct-2012 at 17:51
НЕ су некој стручњак како вас но мислам дека го подржувам второто решение на Кловер, по ми е издржано со факти и се посебно на делот поврзување на Кавадарци и Прилеп па преку Неготино и Лакавица до Штип

Иако лакавицата е тежок пат за камиони со форсирањето на патот од Дреново до Неготино Прилеп и Битола полесно би се поврзале со Јужна Македонија Гевгелија и струмица, зошто да се избегнува кавадарци кој мислам е јак економски центар а патиштата за тоа сужат нели да се поврзат најбрзо и безбедно патниците и стоките

Мислам дека решението од владата е нула...со два правци од 3,5 и беспотребна лента од 2 мети за застанување која ке се користи за возење сигурен сум а за возење е премала...ке има многу смрт тука.
предлог и замисла ми е барем да има низ цела должина гРадскожПрилеп трета лента, со можност во рамничарските места со вистинки експресен пат, со две одвоени коловоза и по еден паркинг барем на 2км, ова јас го викам СРедна штета


Бидејки сум од Кавадарци еден ден би сакал да видам барем Експресен пат како шо наведе андреј како на сликата во Словенија, експресен Дреново Кавадарци Неготино со околу 22КМ, со поврзување на автопатот кон Р Грција и трета лента кон Лакавица, но мислам дека тешко тоа ке го доживеам

Ви ги пратам постовите и имате многу добри примери и замисли за патната мрежа во Македонија, па би ве замолил во кратки црти да ги кажете вашите замисли и идеи за патната мрежа во Македонија каде треба експресен пат каде автопат, да најдеме некоја средина да не чини многу а сепак да е сигурен и да овозможува промет на стоки и луѓе да поврзе големи еконосми центри , Ве молам вашето мислење приоритети и слично, може и железничка мрежа

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 21-Oct-2012 at 18:54
Дечки ќе отворам една тема наречена Автопати и експресни патишта, мислам дека е крајно време да ја отвориме и таму ќе ги истакнам своите гледишта! 
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 10-Dec-2012 at 21:54
Слика од вчера кај излезот од Прилеп ____

Колегата Sanos_a бил во автобусот на Авто Атом, учесник во сообраќајката вчера, за среќа без повредени...чекале 3 и пол сати за возило на Македонија Пат и чистење, посолување на патот.
Автобусот тргнал во 13:30 од Охрид кон Кочани, случкава била кај 18:30 над Прилеп (отприлика на пола пат) а во 19:00 по возен ред би требало да е во Кочани!

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 14-May-2013 at 11:39
Се надевам дека сум на вистинското место за да постирам видео во time lapse за патување меѓу Велес и Прилеп од мај годинава. Во случај да не сум, администраторите нека го префрлат видеото во вистинската нишка. Видеото не е мое, туку е преземено од youtube профилот на Горан Џамбазов.





Edited by Џоле - 14-May-2013 at 11:39
За сè има вторпат
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 14-May-2013 at 13:07
Originally posted by Џоле

Се надевам дека сум на вистинското место за да постирам видео во time lapse за патување меѓу Велес и Прилеп од мај годинава. Во случај да не сум, администраторите нека го префрлат видеото во вистинската нишка. Видеото не е мое, туку е преземено од youtube профилот на Горан Џамбазов.





Пошто не сме у кафана да му порачам песна, така да овде го поздравувам Тотобобо со клипов и унапред да му пренесам дека не му се љутам ако не ми одговори, пошто сигурно и Миле на прес да го прашаат нема да знае да одговори. А нели имаше тези дека се реконтруирале локални и регионални патишта?
Доволен доказ колку државава ни е централизирана е тоа што најголемиот регион во Македонија по број на жители, после Скопје наравно, е очајно поврзан со главниот град, а едно време Двојче леташе со паметот и зборуваше небулози дека ќе правел аеродром. Ние дворот не си го гледаме, а ќе кажеме дека соседите ни се заостанати.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 14-May-2013 at 18:14
Уште потрагично е во колку голем дел од патот воопшто не видовме возила.Да беше навечер ќе беше баш морничаво.
А на еден ситен дел од 5:59 новата сообраќајница на влезот на Прилеп
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 14-May-2013 at 19:30
ја го возам патов еднаш месечно и можам да кажам дека стварно е во лоша состојба
Back to Top
Aleksandar View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Aleksandar Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 14-May-2013 at 20:12
Да не знаете колку километри од патот Градско - Прилеп се со 3 ленти? За почеток можат да почнат со проширување на делот Градско - Росоман, да го направат тој дел со четири ленти (не мора автопат). Можеби е многу мал дел, ама таму има нејмногу сообраќај - тука се делат возилата за Кавадарци, а продолжуваат за Прилеп и Битола.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 18-Sep-2013 at 01:05

НАЈАВЕНА РЕKОНСТРУKЦИЈА НА ДЕЛНИЦАTA ГРАДСKО-ПРИЛЕП

Црната сообраќајна точка кај Фаришка Kлисура ќе стане минато

Магистралниот пат Градско - Прилеп, кој е една од црните точки во македонскиот сообраќај, каде што годишно се случуваат голем број несреќи со жртви и повредени, наскоро ќе се реконструира. Од Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија најавуваат решавање на долгогодишниот проблем на овој патен правец. Веќе една и пол година се работи на проектната документација, која треба да биде готова до крајот на годината. Според најавите, од клучката кај Стоби до Прилеп ќе се гради во најголем дел нова траса, а на места новата траса ќе се испреплетува со старата. Се работи за пат со широчина од 12 метри, со 4 ленти од по 3 метри.

- Најкритичниот дел кај Фаришката Kлисура ќе биде со комплетно нова траса. За наредната година ни е предвидена експропријацијата и првата фаза на градбата, која ќе го опфати делот кај Фаришката и Дреновската Kлисура во должина од околу 13 километри со нови тунели - ни изјави директорот Љупчо Георгиевски.

Засега од буџетот се издвоени околу 240 милиони денари за проектот. Предвидено е градбата на најкритичниот дел околу двете клисури да чини околу 30 милиони евра.

Од СВР Велес потврдуваат дека навистина станува збор за критична сообраќајница и оти е една од црните точки во сообраќајот на македонските патишта. Опасен е делот по селото Возарци, реагираат возачи што секојдневно транзитираат по овој многу фреквентен пат, но и граѓани што во близина на патот имаат куќи, викендички или други имоти.

- На потегот од село Дебриште до бензинската кај село Дреново има и проблем со таканаречени колотрази на патот, кои неретко се причина за сообраќајни незгоди. Kолотрази се своевидни бразди на патот, кои се создаваат од оптоварување и искористување на делницата. Исто така недостасуваат и сообраќајни знаци од вертикална сигнализација, по целата делница, кои редовно се поставуваат, но се крадат од несовесни граѓани -велат тие.

Според информацијата од Секторот за внатрешни работи - Велес, на магистралниот пат А-1 Градско - Прилеп, во должина од 26 километри, кој го покрива овој сектор заклучно со август годинава, се евидентирани вкупно 41 несреќи. Едно лице починало во една од сообраќајките, а 15 лица добиле тешките телесни повреди при 7 сообраќајни незгоди. Во овој период 34 лица добиле повреди при 13 сообраќајни несреќи. Околу 1.143.300 денари изнесува вкупната материјална штета регистрирана при 20 сообраќајки.

Во 2011 година имало вкупно 47 сообраќајни несреќи. Во три од сообраќајките имало 3 починати лица, а 13 биле тешко повредени.

- Ист број сообраќајки имало и во следната 2012 година - 47. Во две од нив починале три лица. Во 5 сообраќајни незгоди 12 лица добиле со тешки телесни повреди, а 30 лица поминале со лесни повреди во 14 сообраќајни несреќи. Вкупната материјална штета од 269.900 денари била направена во 26 сообраќајки - вели портпаролката Анита Стојковска.

Најчеста причина за сообраќајните несреќи е неприспособливата брзина според условите на патот и непочитувањето на сообраќајните правила како непрописно престигнување или недржење страна на движење и слично.


http://dnevnik.mk/?ItemID=3197B654DAAE96488CBF29E23AA4F3E5



Edited by Danielbtmk - 18-Sep-2013 at 01:06
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 24-Aug-2016 at 18:28

откако ќе ја завршат и втората етапа од Битола до Ресена

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=214382#214382

останува уште Прилеп-Битола од Р-106 да го преслечат, но за него ќе да рачунаат и да го прошират кога ќе ги спојуваат Велес и Прилепа, па затоа и со реконструкцијата да почекаат та да измолзат тро и европските фондои, бар ова е логиката иако немам абер што се случува
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 21-Sep-2017 at 21:46
https://www.youtube.com/watch?v=lBJnArKJnYA Dodeka se izraboti fizibiliti studijata i proekt za nov avtopat Prilep-Bitol-Medzitlija ,vo naj skovo vreme ke se rekonstruira i vekje postoeckiot
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 22-Sep-2017 at 07:40
Добра вест. Само не ја разбирам паушалноста на министерот кога вика "не е важно во каква форма ќе патот, битно е да се отпочне со реконструкција". Сеедно е дали ќе биде истата обична магистрала како досега или ако биде проширен во експресен или автопат?
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 22-Sep-2017 at 17:59
Najaveno e deka treba da se izraboti fizibiliti studija za ''avtopatot'' Prilep-Bitola-Medzitlija , sto znaci po najavite na novata vlada treba da se izaboti kompletno nov avtopat , a mozno e i postoeckiot da se napravi na nivo na avtopat .. Ne mi e jasno i mene so takva izjava ministerot ne potencirase nisto tocno za sto stanuva zbor , dali samo za obicna rekonstrukcija ili na nesto pogolemo ...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 10-Jun-2020 at 21:20

Originally posted by Тера Телевизија


Се подготвува проектната документација за експресниот пат Битола – Меџитлија
10/06/2020



Покрај рехабилитацијата на регионалниот пат од Битола до Меџитлија, ќе се проектира и нова обиколница, експресен пат до самиот граничен премин, истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов. Се очекува проектната документација за изградба на експресниот пат Битола-Меџитлија да заврши до крајот на летото. Додека пак за рехабилитацијата на постојниот пат се очекува на крајот на јуни или почетокот на јули да биде објавен тендер.

-Рехабилитација на Битола-Меџитлија до граничен премин, 13 километри, два милиона евра, средства финансии од ЕБОР. Јули, август треба да заврши проектирањето, проектот тогаш треба да ми се достави за обиколница нова на Битола во ширина на експресен пат и експресен пат до Меџитлија. Јас веќе неколку пати имав консултации со консултации и со вашите луѓе од урбанизмот, знам дека тоа се финализира. Тој горчлив проблем да се реши. Не само што ќе се рехабилитира патот од Битола до Меџитлија, ќе се направи и експресен пат, изјави Китанов.

Се работи и на проектирање на автопатот Прилеп – Битола.

-Веќе проектната задача се работи на Градежен факултет, потенцираше тој.

Како што најавија заедно со министерот Сугарески, годинава е предвидено да се започне со рехабилитација на преку 170 километри патна мрежа во Пелагонискиот регион.





https://tera.mk/se-podgotvuva-proektnata-dokumentaczija-za-ekspresniot-pat-bitola-medhitlija/
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.