build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[Р-106] Градско - Ресен *

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: [Р-106] Градско - Ресен *
    Posted: 02-Oct-2007 at 08:00
Патниот правец Р-106 се протега од Градско, преку Прилеп и Битола, до Макази (близу Ресен). Должината е 120km

Помеѓу Макази и Прилеп е алтернативен локален пат на М-5, а помеѓу Прилеп и Дреново се поклопува со М-7 (кој е зацртан во актуелниот просторен план на Република Македонија, но го нема во евиденцијата на агенцијата за патишта).

Макази-Битола не сум го возел по Р-106, но од она што може да се види возејќи по М-5,  овој сегмент е во прилично лоша состојба. Сегментот помеѓу Битола и Прилеп не сум приметил во каква состојба е, но се надевам дека е во подобра состојба од претходниот затоа што се работи за раздвижен земјоделски крај со доста населени места на кои сигурно им е од голема нужност. Сегментот Прилеп-Градско е единствен кој се користи како магистрален пат и добар дел од него е во солидна состојба после реконструкцијата и додавањето на трета лента на „Плетвар“, но на значаен дел треба уште многу подобрувања. Ако некој има повеќе инфо за делнициве нека сподели.

Инаку планинскиот превој Плетвар се наоѓа на надморска височина од 994m.




Edited by Cloverstack - 27-Mar-2009 at 02:41
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Nov-2007 at 14:03
Cheers


Ќе се гради третата сообраќајна лента на патот Градско- Прилеп

Камен-темелник за изградба на третата сообраќајна лента од регионалниот патен правец Градско – Прилеп утре ќе биде поставен во 10 часот, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Како што е најавено, ќе биде организирана свеченост, на која ќе се обратат Заменик-претседателот на Владата, Зоран Ставрески, Министерот за транспорт и врси, Миле Јанакиески и Директорот на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 03.11.2007 17:56:58

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Nov-2007 at 15:14
Да, добро е тоа. Ама не знам зашто стално мора да упрскаат новинариве. Активностите за трета лента таму траат веќе неколку години и таа е веќе постои на неколку сегменти од патот. Ова е само продолжување на активностите.

Работава се движи споро (можеби така било и испланирано), ама сепак добро е што сепак се движи.

Еве фотки од Плетвар и од Дреновската Клисура:

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17


18


19


20


21



Edited by Cloverstack - 27-Mar-2009 at 03:32
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Nov-2007 at 18:59

Постои 3та лента на дел од патот Росоман-Плетвар, додека делот од Плетвар до Прилеп што е доста пократок нема 3та лента и навистина знае да биде доста ризичен за возење поради високата концентрација на товарни возила на тој пат.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Nov-2007 at 19:07
Originally posted by UrbanFreak

Постои 3та лента на дел од патот Росоман-Плетвар, додека делот од Плетвар до Прилеп што е доста пократок нема 3та лента и навистина знае да биде доста ризичен за возење поради високата концентрација на товарни возила на тој пат.



Да, добро си приметил, меѓу Прилеп и Плетвар воопшто нема лента за искачување. Како што спомна, тој дел иако е краток е стрмен и непрегледен, па е доста проблематично ако пред себе имаш камион што се влечка...

Инаку меѓу Росоман и Плетвар трета лента има на солидна должина од патот, ама мислам дека треба да се направи барем на уште една делница.


Еве каде точно ќе се работи сега (беше постирано горе во тендерите):

Реконструкција и проширување со додатна сообраќајна лента за бавни возила на регионален пат Р–106, Градско–Прилеп, Делници: од км 25+050 до км 30+500 и од км 43+700 до км 47+900. Исто така изработка на завршен слој на делница: од км 30+410 до км 35+022.



Edited by Cloverstack - 04-Nov-2007 at 19:08
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Nov-2007 at 19:15
знали cca 10км нова трета лента. Да не фатил некој случајно рокови кога се ова треба да заврши?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Nov-2007 at 19:25
Еве мапа за дел од проектот:




Комплетниот PDF можете да го видите тука:

http://www.seerecon.org/infrastructure/sectors/transport/documents/REBIS/Rebis_FR_App_7-8_PFS_MA-H-11_Final.pdf



ПС: Џуро, треба побрзо да средиш да може сами да закачуваме вакви поголеми работи во секцијата за документи. Добро ќе биде сами да си архивираме, зашто никој не ни гарантира до кога ќе стојат некој важни работи расфрлани по нетов.


Edited by Cloverstack - 30-Jul-2009 at 00:14
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Nov-2007 at 23:28


рокот за изведба е една година Cheers

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=656BE2009684664C828BBCD2A0B56075

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Nov-2007 at 00:00
Од текстот:


За значењето што му го придава македонската Влада на овој зафат, зборува и присуството на безмалку сите министри во државата - претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, епископот Климент, директорот за Фондот за патишта Волкановска и голем број пратеници.


Ohno

Не би рекол дека зборува толку многу за значењето, туку за тоа колкави чаламџии се и колку нивната работа се темели на „спин“...

Bash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Nov-2007 at 00:02
А ваквиот стил на пишување т.е. фарбање е причината зашто не читам Вечер
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Nov-2007 at 00:24

Да Cloverstack уште некои 10тина километри од патот после тунелот накај Плетвар не се со 3 ленти и милсма дека цел тој пат треба во целост да се реши. Кога сме веќе кај овој патен правец, дали има нешто ново околу патот што барем 3 пати пред избори го ветиле: Велес-Богомила-Прилеп? Има ли некој некакво инфо??? Колку што се сеќавам тоа би требало патот до Скопје-Прилеп да го скрати за едно 20тина км, ако не се лажам.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Nov-2007 at 00:51


Тој пат не поминува низ Богомила, изгледа си ја помешал со Бабуна (планината) Big%20smile
Низ Богомила поминува пругата...

Нема ништо од тоа во догледна иднина... Само такви неозбилни предизборни најави. Додуша пред едни избори во 90-тите се почна да се работи (во режија на Б.Ц.), ама од сето тоа останаа неколку полуизградени километри. Оди на GoogleEarth, северно од Велес ќе видиш каде е пробиена трасата. Колку што памтам има и траги од 3 почнати клучки и столбови од вијадукти...

Инаку не знам дали знаеш дека тој патен правец влезе во пан-европската мрежа како гранка на коридорот 10. Официјално е дел од Corridor Xd. Така да има добри шанси да капне нешто од ЕУ за него ама изгледа не наскоро... Во секој случај, далекусежно е планирано да биде класичен автопат. Тоа уште со просторниот план на Македонија од 2002-та ми се чини (така да ние сме го планирале за автопат уште пред европејциве Big%20smile)


Edited by Cloverstack - 05-Nov-2007 at 00:53
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Nov-2007 at 01:09
Хмм.. Да патот е преку Бабуна, но јас све мислев дека поминува преку Богомила. Никогаш не сум бил во тој крај па е можен лапсус. Баш сега палам GoogleEarth, да проверам и повротам географија. Мислам дека треба и ние во Македонија повеќе да размислуваме на такви патни правци. Сепак се работи на поврзување на двата најголеми града и региони во државата. Да не зборуваме и од значенњето за таква магистрала за регионот кој што е еден од најпасивните во Македонија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Nov-2007 at 01:53
Originally posted by UrbanFreak

Хмм.. Да патот е преку Бабуна, но јас све мислев дека поминува преку Богомила. Никогаш не сум бил во тој крај па е можен лапсус. Баш сега палам GoogleEarth, да проверам и повротам географија. Мислам дека треба и ние во Македонија повеќе да размислуваме на такви патни правци. Сепак се работи на поврзување на двата најголеми града и региони во државата. Да не зборуваме и од значенњето за таква магистрала за регионот кој што е еден од најпасивните во Македонија.


Патот нема да поминува низ Богомила, за тоа сум 100% сигурен. Трасата од Велес оди прилично блиску со пругата се до близина на селото Оморани, а после се двои. Пругата продолжува накај Богомила, а трасата за патот оди уште малку накај запад, па после нагло скршнува на југ и се така воглавно право до Прилеп (на овој прав дел треба да ја пробие Бабуна, препоставувам со тунел). А пругите имаат поголемо ограничување во однос на градиентот, така да низ планини тие секогаш одат по подолг пат или низ големи тунели.

Инаку во потполност се сложувам со тебе за важноста на овој пат. Исто така добро го потенцираше ефектот што овој пат ќе го има врз тој пасивен регион во срцето на државава.


Edited by Cloverstack - 14-Nov-2007 at 02:37
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Jan-2008 at 23:14
Cheers

ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ПОТРОШИ НАД СТО МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА


Приоритет за дозавршување на скопската обиколница


Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра


Во земјава годишно во просек се градат 10 километри автопат и шест километри магистрални и регионални патишта, за кои се трошат околу 80 до 100 милиони евра. Ова е состојбата во последниве 15 години, а според Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта што ја усвои Владата, со исто темпо ќе се продолжи и оваа година. Според оваа Програма, Владата има намера за реализирање на капитални проекти во патната инфраструктура да потроши 6,25 милијарди денари или 102 милиони евра.

Приоритет и годинава е ставен на дозавршувањето на обиколниот автопат на Скопје за што се наменети 4,6 милиони евра. Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра.
Според портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски со Програмата се предвидени 16,3 милиони евра за нови инвестиции на делници од регионални патишта. Така, за изградба на патниот правец Радовиш - Струмица ќе бидат одвоени 4,8 милиони евра, за третата лента на патниот првец Градско - Прилеп се планирани 1,8 милиони, а за ски-центарот "Кожуф" е предвидено 4,2 милиони евра. За изградба на пат до населбата "Сончев град" се проектирани 700.000 евра.

Изградбата на патот Жировнички мост - Бошков мост ќе се поддржи со околу два милиони евра, патот Делчево - Црна Скала со 325.000 евра, по 650.000 евра се планирани за заобиколницата Охрид - улица "Железничка" и за рехабилитација на патниот правец Тетово - Јажинце, додека за приклучоци на клучката "Прдејци" се предвидени над 160.000 евра. Над 1,06 милиони евра се предвидени за реконструкција и рехабилитација на регионални патни правци и наплатни станици.


Светлана БЛАЖЕВСКА


Извор: Вечер


Edited by Cloverstack - 27-Mar-2009 at 00:45
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Jun-2008 at 02:41
Денеска бев до Прилеп, на Плетвар се работи, ама на делниците каде што се работи патот е во катастрофална состојба. Не знам дали штетата е предизвикана директно од самата механизација или индиректно ради активностите во близина, ама за пат од таква важност, мислам дека ова е недозволиво. Доколку не можеле да се превземат мерки да се заштити патот во некоја разумна мерка, мислам дека требаше барем да се сработи се експресно, во минимален можен рок, како оваа ситуација би траела што пократко. Наместо тоа ние третата лента на Плетвар ја градиме со години и години...

Unhappy
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Aug-2008 at 03:41
Дури го чекаме автопатот преку Велес,еве неколку слики од Плетвар кон Прилеп,патот е во завршна фаза.

Плетвар


Кон Прилеп


веќе на 2-3км од Прилеп завршува


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Dec-2008 at 09:55
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Dec-2008 at 11:27
Повторно нема ивичњаци на пат, или само на некој делници се поставени ?
Ако е така брзо зимава ќе видиме дупки по ивиците.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Dec-2008 at 02:07
Мислам дека овој ремонт кој траеше неверојатен број  на години е изведен фушерски. Незнам дали на мене ми се причинува но ва сликата бр. 2 асфалтот како да е пропаднат. Да каже некој што говозел патов како е направена нивелацијата на теренот. Потоа како што кажа владимир нема ивици, ниту систем за одвод на атмосферски води-нешто што е ЗАДОЛЖИТЕЛНО. Потоа на сликиве гледам не ги смениле знаците со нови (а ГРАДСКО-ПРИЛЕП-БИТОЛА има најстари знаци во државата).  Сакам уште да прашам имаме ли стандард за страничните столпчиња со мачкини окца што сетојат покрај патот. Некаде се во форма на цилинар а некаде (нпр. Групчин-Тетово и Скопје Ринг) се плоснати кои повеќе ми се допаѓаат. Да не збориме што и тие не ги смениле, барем не ми изгледаат за гланц нови.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.