build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Topic ClosedПротест: Не го силувајте Скопје!!!

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
#21 Posted: 27-Mar-2009 at 16:08
Originally posted by Cloverstack


Дали конечно ќе ја имаме честа да те запознаеме? Big%20smile
претпоставувам да, колку што ве разбрав вие ќе се чекате во 11:45 пред лондон паб? Big%20smile
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
#22 Posted: 28-Mar-2009 at 00:04

Протест против црква на плоштадот

Под мотото „Не силувајте го Скопје“, денеска напладне на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи првото архитектонско востание против идејата за изградба на црква. Протестот го организира Здружението на студентите на Архитектонскиот факултет „Прва архибригада“, кои заедно со своите истомисленици ќе се соберат на локацијата предвидена за изградба на црквата.

Со жив ѕид од студенти ќе биде оформен периметарот на локацијата, а идејата е означениот простор да го пополнат сите поддржувачи на протестот. „Целта на востанието е да ја кренеме јавната свест за несоодветната, нелогична и произволна поставеност на градежната парцела предвидена за верски објект“, велат од „Прва архибригада“, потенцирајќи дека плоштадот во главниот град е јавен простор кој подеднакво му припаѓа на секој граѓанин. Тие нагласуваат дека ова е мирен протест, без никаква политичка заднина, и ги повикуваат сите учесници да не носат партиски обележја. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E7DFB283D37FF240A0A3A64735BE5BEE

Edited by La Linea - 28-Mar-2009 at 00:05
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
#23 Posted: 28-Mar-2009 at 00:29
го има ова на сите медиуми, и на плагијат дури Smile
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
#24 Posted: 28-Mar-2009 at 00:42
Previous

да, и утре ќе се јави СДСМ со прес во кој ќе ги подржат протестиве и отиде во бестрага суштината на проблемот!

сиот потенцијал за работава да се изведе на над-партиско, чисто професионално ниво се упропасти со овој најнесреќен термин на протестот! жално е, и ова е една однапред осудена на пропаст иницијатива која во суштина имаше мошне благородна идеја...Ohno
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
#25 Posted: 28-Mar-2009 at 00:59


КОНТРА ПРОТЕСТ!
На плоштаодт „Македонија“, во Скопје ќе се гради православен храм.
После низа отпори од страна на структури од комунистичкиот дел од општеството, конечно сите дозволи и одлуки беа добиени и големиот православен храм ќе се гради. Но, СДСМ, како милион пати во минатото повторно ги злоупотребува
И овој пат, со наводни невладини организации, им го забранува незабрнливото на граѓаните на Македонија.
Затоа, да застанеме против овој фашизам на опозициските наследници на комунистичката партија.
Да се спротиставиме во името на слободата и демократијата.
Да застанеме против овој срамен чин во името на човековите права и слободи и меѓусебното разбирање.
Затоа, утре во 11 часот (еден час пред протестот ПРОТИВ ЦРКВАТА) на плоштад ќе има контра протести.
Сите христијани, се гледаме таму!


http://gusar.blog.com.mk/node/219492#comment
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#26 Posted: 28-Mar-2009 at 05:19
Има слободен термин за штрајкуење од 10! Кој сака нека повели. Не е битно за што....кој што му смета за тоа нека си штрајкуе! 
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3852
#27 Posted: 28-Mar-2009 at 11:04

super do sega

 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#28 Posted: 28-Mar-2009 at 11:07
my macedonia ti da ne si se pomeshal neshto!

od 11:00 se onie shto sakaat crkva!
od 12:00 se onie shto nejkat objekt!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3852
#29 Posted: 28-Mar-2009 at 11:30
ahaaaa, jas mislev deka od 11 do 12 ce protestirat za crkvata
jas nejkam crkvaBig%20smile
fala islcrew
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
#30 Posted: 28-Mar-2009 at 14:55
Да направам кратко резиме на денешниот протест. Без никаква политичка коректност можам да кажам дека денеска имаше атентат врз демократијата преку еден излив на нашата толку зборувана "христијанска толеранција".

Самиот факт дека имаше еден инструментализиран контра протест со единствена цел да се демонстрира сила е лош сам по себе. Секако тие луѓе имаат право да мислат што мислат но тука не беа да покажат што мислат туку исклучиво да демонстрираат сила.

Но и тоа не беше доволно. Под црковни знамиња, религиозни симболи, крстови и што уште не таа неколку илјадна толпа како на некоја битка од Braveheart се залета врз студентите кои мирно стоеја со транспарентите "Не го силувајте Скопје". Крвнички се тепаа и девојчиња, и лица со камера (незнам дали биле новинари), се плукаше и што уште не. Се работеше за вистинска крстоносна војна.

Јас нешто пошокантно немам видено во мојот живот. На протест против узурпацијата на одредена урбана маркичка да се спротистави некој буквално со нуклеарно оружје. Христијански талибан.

Јас не сум тука да судам на никого кој се осеќа како христијанин, но доколку навистина се инсистира на почит за религиското убедување, истата почит треба да биде оправдана. Бидејќи никој не тепаше во име на атеистите, петоколонашите, комуњарите, хомосексуалците и што уште не (според епитетите кои организатиорите на протестната група ги заработија деновиве) но денеска се тепаше во име на христијанството.


Edited by pbanks - 28-Mar-2009 at 15:08
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
#31 Posted: 28-Mar-2009 at 15:31

 крстоносци LOL да а на страната на екипата востаници, полетот на чегевара и комунизмот... не може во главно Христијанска заедница да наметнете некаква пародија од естетски побуди, а да не очекувате да нема реакција, особено не откако се обзнани дека истата таа пародија се организира од соросоиди! да не ме разберете погрешно, сигурно во толпата арх. востаници има луѓе со мотиви кои се таму стрикно од естетски побуди, но со самото тоа што истите тие востаници добија подршка исклучиво од левите блогери, веќе стана јасно дека и оваа работа се инструментализира по кратка постапка како некој и би профитирал индиректно од ваквиот неоправдан бунт! сега јасно ќе се вклучи и матицата и цел сандак сосе неа...

како прво пристапот ви е крајно нихилистички, за време на Велигденскиот Пост најдовте да ги искушувате Верниците и јасно да ги провоцирате со самиот начин на "мирен протест". што има помирно од тоа пример да отидете во Чаир и да протестирате  против албанското знаме!? иако тоа е далеку неспоредливо во односно оваа провокација!

од старт пристапот кој е избран, а јасно е од кој и зошто е истиот избран, освен ваква реакција неможе да постигне ништо повеќе, па сетне со јасната комбинација на жалопојќи и припотресување на фабрикуваните НВОа да се сее страв како тоа во МКД немало елементарни човекови права. има начини како да се избори човек за некоја намисла, а тоа никого да не го испровоцира ниту пак навреди, но очигледно пролетеријатот знаејќи дека немаат сили за рамноправна борба се организираат исклучиво на компромитирање преку провокација. бев дел од тој НВО систем и многу добро знам како се пеглаат победи на улица и кој начини се најидеални за да се протурка некоја нелогичност, во случајов наметнување естетски фиксови!

вака да се организиравте за зградата на уставниот суд ќе разберев, но за Црква, и тоа среде пост, а и среде изборна кампања, навистина човек треба да биде луд за да поверува дека зад ова востание стојат партиски необоени востаници.

инаку морам да дадам и на форумов забелешка, како прво уште сношти од старт бев цензуриран јас, кој воопшто немав намера да ви се инаетам, туку само да пренесам јасно видување на настаните, каде повторно како и обично се вмеша политиката, особено што во случајов тоа е направено на мала врата.  текстот кој го цитирав имаше за цел бар малку од малку да ја долови сценографијата на арх. востаниците, но очигледно некој се најде засегнат од истиот па веднаш се фрли на сатарот.

патем pbanks велиш не би судел, а веќе и тоа генерализирано сите ги осуди како неподобни Христијани, крајно атеистички пристап, но ајде да не ја развлекувам. значи повеќе од очекувано е дека сега ќе се правдате врз база на изнудените провокации!!!

Edited by beTon - 28-Mar-2009 at 17:32

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
#32 Posted: 28-Mar-2009 at 15:51
бетон... можеш да идеш наоколу со страници но ова е една работа што никој неможе да ми ја толкува и прераскажува бидејќи ја видов со свои очи.

1. Пролетеријат имаше преку сила 200 а крстоносци имаше сигурно 2000. Толку за инструментализираноста
2. Пролетеријатот не тепаше туку стоеше со транспаренти. Тепаа христијаните.
3. Што сака нека пишува на транспарентите и кога сака нека е протестот и од кого сака нека е. Не сум слушнал дека е христијански 2-3 говеда да тепаат крвнички девојче со боксови у лице и клоци по телото зошто држела транспарент.

Значи работата се сведува на 3 едноставни точки и за жал просторот за дискусија и толкување е скоро непостоечки.

Ќе ти одговорам на некои други работи од твојот пост.

Originally posted by beTon

вака да се организиравте за зградата на уставниот суд ќе разберев, но за Црква, и тоа среде пост, а и среде изборна кампања, навистина човек треба да биде луд за да поверува дека зад ова востание стојат партиски необоени востаници.


Точно. Протестот требаше да биде за цел Мал ринг реално кажано од Магос, до Црквата па се до зголемување на катноста на одредени објекти. Забелешка на место. Сепак тоа што протестот беше за едната парцела за црквата не ги оправдува ни точка 1 ни 2 ни 3 од погоре наброените.

инаку морам да дадам и на форумов забелешка, како прво уште сношти од старт бев цензуриран јас, кој воопшто немав намера да ви се инаетам, туку само да пренесам јасно видување на настаните, каде повторно како и обично се вмеша политиката, особено што во случајов тоа е направено на мала врата.  текстот кој го цитирав имаше за цел бар малку од малку да ја долови сценографијата на арх. востаниците, но очигледно некој се најде засегнат од истиот па веднаш се фрли на сатарот.

На форумов сме 4 модератори и иако има универзална политика секој си има некој твој аршин. Јас го прочитав твојот пост вчера и сметав дека е во ред особено што на некој начин очекував денеска да има глупости (иако не волку големи) па ќе дојдеше како увертира. Еден од другите модови го сметал постот за проблематичен и го избришал иако сепак тоа е направено после уште една преписка која сте ја имале колку што сум информиран. Како и да е да имаше цензура ќе ти ја избришев забелешкава, јас забелешката ја прифаќам и ја оставам тука сите да ја прочитаат.


патем pbanks велиш не би судел, а веќе и тоа генерализирано сите ги осуди како неподобни Христијани, крајно атеистички пристап, но ајде да не ја развлекувам. значи повеќе од очекувано е дека сега ќе се правдате врз база на изнудените провокации,

Не е тоа генерален суд. Туку е повик кон вистинските христијани, што и да значи тоа, да демантираат со дела а не само декларативно дека не се дел од истата огрона толпа луѓе кои денеска крвнички тепаа во нивно име и во име на христијанството. 

Токму тие вистински христијани треба да се дигнат гласот против овие битанги кои денеска на плоштадот под превезот на христијанството направија невидени работи.



Edited by pbanks - 28-Mar-2009 at 15:57
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#33 Posted: 28-Mar-2009 at 16:10
Факт е дека денеска грубо беше злоупотребен протесот што го оргазиозираше група млади архитекти! Како мршојадци дојдоа да тријат раце независно кој која теза ја застапуваше! Настаните кои денеска се појавија се симптоми на фингирање демократија веќе дваесет години! И ќе ве молам да не ја расплинувате дискусијата во контекст христијани антихристијани, пошто и јас сум верник а и во првои редови што ба луќето од архибригата знам луќе што се верници! Џуро те молам ако може на христијани барем наводници да ставаш пошто има и ХРИСТИЈАНИ и "ХРИСТИЈАНИ". А тебе бетон те молам да не мешаш урбанизам и религија зашто овдека нема ниедно верско прашање, патем локацијата за изградбата на црквите е цивилно граќанско прашање а не каконско. Канонско е само позиционираноста према исток и ентериерот! Следствено на тоа општеството може да си тера дебата за изградба на објектот.


Уште еднаш ОСУДА ЗА КОЛЕЖОВ што се деси денеска и ОСУДА ЗА МРШОЈАДЦИТЕ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ! Господ гледа, ама не што ќе кажат на вести, него од горе (не од идивиди)!
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
#34 Posted: 28-Mar-2009 at 16:13
ВМРО-вците се многу среќни што им „покажале убаво“ на СДСМовците/предавниците/АнтиХристијаните

Дефинитивно срамота.
Сега повторно ќе се јадат буреци како се ова го направила СДС и слични трачарења...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#35 Posted: 28-Mar-2009 at 16:19
http://dijalektika.blog.com.mk/node/219624 Интересен извадок од книга, поговрко што ли е.....


http://ekstimno.blog.com.mk/node/219637


Edited by lslcrew - 28-Mar-2009 at 16:20
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
#36 Posted: 28-Mar-2009 at 16:26
Originally posted by lslcrew

Факт е дека денеска грубо беше злоупотребен протесот што го оргазиозираше група млади архитекти! Како мршојадци дојдоа да тријат раце независно кој која теза ја застапуваше! Настаните кои денеска се појавија се симптоми на фингирање демократија веќе дваесет години! И ќе ве молам да не ја расплинувате дискусијата во контекст христијани антихристијани, пошто и јас сум верник а и во првои редови што ба луќето од архибригата знам луќе што се верници! Џуро те молам ако може на христијани барем наводници да ставаш пошто има и ХРИСТИЈАНИ и "ХРИСТИЈАНИ". А тебе бетон те молам да не мешаш урбанизам и религија зашто овдека нема ниедно верско прашање, патем локацијата за изградбата на црквите е цивилно граќанско прашање а не каконско. Канонско е само позиционираноста према исток и ентериерот! Следствено на тоа општеството може да си тера дебата за изградба на објектот.


Уште еднаш ОСУДА ЗА КОЛЕЖОВ што се деси денеска и ОСУДА ЗА МРШОЈАДЦИТЕ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ! Господ гледа, ама не што ќе кажат на вести, него од горе (не од идивиди)!


лсл христијаните јасно ги имам оделено во моите пишувања. Секој може да се искаже во која група спаѓа (повторно ќе кажам со дела не сo муабети).

Може да шпекулираме кои биле мршојадците од двете страни денеска. Но една работа знаеме а тоа е кој тепаше. Мое мислење е дека во овој контекст нема простор за неутрални постови.

Впрочем... еве и снимка од А1 која иако не ги доловува сите најкрави детали убаво ги има фатено офанзивците како и избликот на општа култура од поголемата група.




Edited by pbanks - 28-Mar-2009 at 16:27
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
#37 Posted: 28-Mar-2009 at 16:38

@ pbanks види за провокација доволно се и двајца, незнам сеуште што се случувало, но не ме чуди и доколку тие тепачи како што напоменуваш да се и намерно иснтрументализирани од самите соросоиди, ова можам да ти го потврдам и од сопствено искуство бидејќи како што спомнав имав искуство со соросоидите во минатото, односно бев дел од едно НВО кое на сличен начин (претседателството) правеше сопки и манипулираше со трети луѓе во корист на својата цел, па неретко не само што убацуваа провокатори во испровоцираната страна, тукуииститесеповторуваа, абе каква иронија, но ајде, се надевам дека не отишла до таму работата, и дека навистина некој откачил и нападнал девојче, но ќе видиме натака што поточно било. едно е јасно дека провокацијата сама по себе како што напоменав, во време на избори ќе потикне нервоза, а баш бидејќи е нештово сред пост мое мислење е дека повеќето Православни Христијани не излегоа на контра протест, баш за да не се конфронтираат па макар и вербално! во спротивно верувам дека излезноста ќе беше далеку поголема. значи од насилство повеќе од јасно е дека треба секој да се дистанцира, а не па Христијаните, но не секој е совршен во Верата, ниту пак секој има исти мотиви како Верник, затоа и неможеш да генерализираш дека заради неколку насилници сите треба да се срамиме што вакво нешто се случило. инаку ова би требало да е вина и на организаторите на арх. востаниците, кои доколку бар малку знаеја колку е саат и како се организира протест, и како сето тоа може да излезе, истиот тој протест ќе го пријавеа и во градот следствено и во полиција, па ќе имаше сигурно и обезбедување, иако секој организатор на протест  законски мора да има ангажирано и сопствено обезбедување.               

што е за цензурата, мислам дека преписката си беше на место, на онаков начин на кој ја почна човекот, јас не му вратив во иста мера напротив во една реченица му ја посочив веројатноста од спремност за цензура! што јасно и следеше, впрочем затоа и беше пуштен неговиот пост како би си нашол оправдување по мојата реакција за бришење и на цитатот сосе  преписката!

@ lsl мислам дека гледаш се еднонасочно пробај малку размисли, кој е поодговорен оној што провоцира, знаејќи дека ќеима ваква реакција или оној што реагира, јасно дека насилна реакција не е за оправдување, но вината во случајов паѓа на провокаторите, и на оние кои на тие провокации си го истуриле бесот. да не навлегува дали и кому како ќе му се суди, но посекако тријат раце оние кои се ќе глумат дека се жртви, сега ќе се покрене цела соросидна машинерија и јасно сите леви сили сосе бригади и батаљони на млатење празна слама. греота се како што веќе спомнав оние востаници кои не ја прозреле оваа монтировка, но ајде цел живот е школо, особено кај нас секој мора индивидуално да го учи...

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
#38 Posted: 28-Mar-2009 at 16:47


Што да кажам бетон... навистина знаеш да оставиш човек без зборови.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
#39 Posted: 28-Mar-2009 at 16:51

Previous 

па добро не носат сите иста диоптрија, мислам дека деколку беше така лесно ќе се најдеше решение за легалистичкиот и естетскиот момент кој го спорат востаниците, додуша сега она упадот во дупот веќе не држе па остана само една сламка на која се фаќаат, можеби оправдано, но во таков случај пример јас сметам дека пола ск треба да сруши и наново изгради...  



Edited by beTon - 28-Mar-2009 at 16:51
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
#40 Posted: 28-Mar-2009 at 16:54
Originally posted by beTon

Previous 

па добро не носат сите иста диоптрија, мислам дека деколку беше така лесно ќе се најдеше решение за легалистичкиот и естетскиот момент кој го спорат востаниците, додуша сега она упадот во дупот веќе не држе па остана само една сламка на која се фаќаат, можеби оправдано, но во таков случај пример јас сметам дека пола ск треба да сруши и наново игради...  



точно така не носиме иста диоптрија но јас ти дозволувам да си го кажеш ставот колку и да е спрема мене истиот неразумен и колку и да размислувам дијаметрално спротивно а згора на тоа те сослушувам и дискутирам со тебе. Според логиката на оние кои од петна жила ги оправдуваш до сега требаше да ти улетам дома и да те искршам со шипка.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.